КАФЕ ПАУЗА

10 непријатни знаци кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат

Зоната на удобност е убаво место, но доколку останете таму никогаш не би можеле да напредувате. Кога сте задоволни со животот, вие престанувате да растете како поединци бидејќи се наоѓате во период кога мирувате. Овие период се сосема нормални, и здрави по долгиот пат до остварувањето на вашата цел, но не треба да останете засекогаш заглавени во нив. Како инаку би продолжиле да напредувате? Токму затоа и кога доживувате непријатни емоции, тоа е всушност знак дека поминувате низ доба на промени која ве води до следната цел. Следуваат најчестите 10 од овие непријатни емоции кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат во вашиот живот и дека растете како личност.rnrn10 непријатни знаци кои покажуваат дека сте на вистинскиот патrn

1. Бесцелност

rnМожеби ви делува парадоксално, но чувството на бесцелност е еден од најголемите знаци дека сте на вистинскиот пат. Дури ни кога не знаете во која насока треба да тргнете, но сепак знаете што сте изгубиле досега, вие всушност почнувате да се пронаоѓате себеси.rn

2. Тежина

rnКога чувствувате тежина која доаѓа од одговорноста за вашиот сопствен живот, вие станувате свесни дека сте единствената личност која има контрола врз сите оние нешта кои ви се случуваат. Оваа одговорност е знак дека вие сте зрели и знаете што сакате од животот.rn

3. Страв од неуспех

rnОткако ќе ја освестите вашата одговорност, големи се шансите дека ќе почне да ви се појавува чувство на сомнеж, па дури и страв дека ќе доживеете неуспех при обидот да ги остварите вашите соништа. Овој страв расте само кога мора да направите промена со цел да успеете.rn

4. Страв од промени

rnКако што спомнавме погоре, понекогаш е повеќе од неопходно да направите промена со цел да можете да продолжите понатаму. Но, тоа значи и дека ќе мора да излезете од вашата удобна зона, па затоа и сте толку исплашени од правењето на следниот чекор.rn

5. Чувство дека времето пребрзо поминува

rnДури и ако знаете како можете да ги претворите вашите планови во дела, вие едноставно не можете да се оттргнете од чувството дека времето не е на ваша страна. Неделите, месеците, па дури и годините како да летаат крај вас, оставајќи ви многу малку време за вашите цели.rn

6. Истоштеност

rnНе е воопшто чудно што многумина се чувствуваат истоштено живеејќи го овој нов, модерен и брз начин на живеење. Токму затоа и секој ги брои деновите до следниот викенд и празник, со цел да може да паузира од бескрајниот циклус работни обврски.rn

7. Безначајност

rnДоволно е само да погледнете нагоре, кон ѕвезденото небо, и да се почувствувате како мало и неважно парче од сложувалката, без кое воопшто нема ни да се забележи разлика во големата слика. Но, не заборавајте дека дури и парчињата кои се невидливи, имаат своја улога!rn

8. Тага

rnБез разлика колку сте постигнале, вие понекогаш не можете да се спречите да чувствувате необјаснива тага. Најчесто станува збор за умор, кое вашето тело го преточува во тага со цел да ви даде до знаење дека треба да забавите, за да можете наредниот ден да стартувате со полна сила.rn

9. Посакувате време за себе

rnСега, повеќе од кога било порано, уживате да поминувате моменти на мир, со цел да се ослободите од грижите и потешкотиите кои доаѓаат со секојдневниот живот и да ја почувствувате слободата кога сте сами со вашите мисли.rn

10. Посакувате да се чуе вашиот глас

rnИмате толку многу нешта што сакате да ги кажете, но не сте сигурни како да го сторите тоа. Вие сакате да ве чујат сите, јасно и гласно, но сте неодлучни бидејќи не сте сигурни како другите ќе ве доживеат. Заборавете на тоа и погрижете се вашиот глас да биде слушнат!