КАФЕ ПАУЗА

10 морничави предмети што се навистина скапи

10 морничави предмети што се навистина скапи

rn

6. Комбето на доктор Кеворкијан

rn10 морничави предмети што се навистина скапиrnrnОва старо Фолксваген комбе од 1968-ма година му припаѓало на доктор Џек Кеворкијан. Било нарекувано „Автобус на смртта“ и во него докторот извел околу 130 помогнати самоубиства.rnrnИ овој предмет е во сопственост на Зак Баганс и го купил по цена од 28.000 eвра.rn

7. Сликата „Момчето што плаче“

rn10 морничави предмети што се навистина скапиrnrnНасликана од италијански артист, „Момчето што плаче“ е масовно произведено уметничко дело со своја клетва која брзо се прославила. Сликата била поврзувана со повреди, звуци од детски гласови во куќи без деца и многу пожари. Во сите пожари единственото недопрено нешто била сликата.rnrnИако овие приказни се дочекани со многу скептицизам, се открило дека сликата има некоја супстанца што до некој степен ја штити од оган. Оригиналната слика (не принтовите) денес може да чини и над 4.300 евра.rn

8. Столот на Мајкл Џексон

rn10 морничави предмети што се навистина скапиrnrnКако што кажува името, овој стол навистина му припаѓал на Мајкл Џексон. Покрај тоа столот е од собата во којашто умрел и бил користен од лекарот кој го набљудувал Џексон додека бил под дејство на пропофол. Лекот што беше причина за смртта на Џексон се прима како анестетик.rnrnИ столот е дел од колекцијата на Зак Баганс кој тврди дека на него има остатоци од шминката на Мајкл. Иако е нејасно дали столот направил нешто натприродно, неговата приказна го прави морничав. Зак го купил столот по цена од околу 13.000 евра.rn

9. Вазната Басано

rn10 морничави предмети што се навистина скапиrnrnНа прв поглед, вазната Басано изгледа како стара италијанска вазна. Но ова не значи дека не може да биде застрашувачка. Вазната е направена од сребро и се смета дека била подарок за италијанска невеста од 15-тиот век. Подарокот се претворил во нешто многу пострашно. Ноќта пред свадбата, невестата била пронајдена мртва со вазната во нејзините раце.rnrnОттогаш вазната е поврзана со многу смртни случаи и имала многу сопственици. Денес се верува дека е проколната. Во доцните 1980-ти вазната била продадена за 4 милиони лири, околу 2.000 евра. Денес би вредела многу повеќе.rn

10. „Дланките му се спротивставуваат“

rn10 морничави предмети што се навистина скапиrnrnОваа навистина морничава слика е направена од Бил Стоунхем во 1974-та година. Иако е најевтиниот предмет на листава со цена од 890 евра, нејзината приказна не е помалку застрашувачка.rnrnПриказната за сликата започнала кога едно мало девојче постојано му велело на татко си дека децата во сликата се расправаат. Таткото поставил камери кои се активираат со движење за да ѝ покаже на ќерка си дека сè е во ред. Но наместо тоа, таткото забележал дека момчето излегува од сликата.rnrnСликата била поврзана со неколку случаи на неудобност, болест и натприродни појави вклучувајќи жежок воздух што излегувал од сликата, па дури и 3 смртни случаи. Некои луѓе изјавиле дека само што ја погледнале оригиналната објава за продажба на eBay почувствувале натприродни нешта во нивните домови.rnrnПрочитајте ги и овие вистински морничави приказни што ќе ве држат будни навечер.