КАФЕ ПАУЗА

10 кратки хорор приказни за оние со челично срце

Дали уживате во страшните приказни? Колку и да мислите дека сте храбри, некои од овие кратки приказни навистина ќе ве исплашат. Уживајте!rnrn10-kratki-horor-prikazni-koi-navistina-kje-ve-isplashat-kafepauza.mkrn

1. Мама е дома

rnЕден татко само што се разбудил го зел радиото за да го слуша бебето во неговата соба. Додека одел кон неговото биро, ја слушнал жена му како му пее на детето и го успива. По некое време се отворила влезната врата и влегла жена му која била до продавницата.rn

2. Преправањето дека спиеш не функционира

rnЕдна обична вечер, едно мало момче си спиело во својот кревет. Го разбудиле чекори веднаш пред неговата врата, па се обидел да ѕирне за да види што се случува. Вратата тивко се отворила и открила убиец кој ги држел телата на неговите родители. Откако внимателно ги оставил на еден стол, убиецот напишал нешто на ѕидот со крвта од мртвите тела. Потоа се сокрил под креветот на детето. Детето многу се исплашило. Не можело да го прочита напишаното на ѕидот и знаело дека мажот е под неговиот кревет. Како и секое дете, се преправало дека спие и дека воопшто не се разбудило. Лежело мирно додека го слушало тивкото дишење под неговиот кревет. Поминал цел час и неговите очи се привикнале на темнината. Тогаш обидело да го прочита напишаното и кога конечно успеало се исплашило уште повеќе. На ѕидот пишувало „Знам дека си буден.“ Тогаш момчето почувствувало како нешто се мрда под неговиот кревет.rn

3. Што има во подрумот?

rnМајка ми ми рече никогаш да не одам во подрумот, но сакав да откријам што прави врева. Звучеше како мало кученце, па сакав да го видам. Ја отворив вратата од подрумот и на прсти се симнав до доле. Не видов никакво кученце. Тогаш мајка ми ме забележа, ме извлече од подрумот и почна да ми вика. Мама никогаш не ме карала, па ова ме растажи и почнав да плачам. Потоа ми рече никогаш да не одам во подрумот и ми дади колаче. Ова направи да се чувствувам подобро, па не ја прашав зошто момчето во подрумот правеше врева како кученце, ниту пак зошто немаше дланки и стапала.rn

4. Десет

rnЕден човек секое утро ја напуштал својата куќа за да оди на работа. Секој пат поминувал покрај една ментална болница која била опкружена со дрвена ограда. Секое утро пациентите биле во дворот а тој можел да ги слушне како во хор викаат:rn

„10, 10, 10, 10.“

rnЕден ден љубопитноста го натерала да погледнете низ едно дупче во оградата. Како што ѕирнал, нешто го боцнало во окото. Тој веднаш се тргнал и ги слушнал пациентите како рецитираат:rn

„11, 11, 11, 11.“

rn

6. Дааа?

rnКога бев мал моето семејство се пресели во голема куќа на два ката со големи празни соби и под кој крцкаше. Моите родители работеа, па многу често бев сам дома кога се враќав од училиште. Една вечер кога се вратив дома, во куќата сè уште беше темно. Викнав:rn

„Мамо?“

rnГо слушнав нејзиниот певлив глас од горниот кат:rn

„Дааа?“

rnПовторно викнав додека се качував по скалите за да видам во која соба е, и повторно го добив истиот одговор. Во тој период декориравме и сè уште не ми беше познат лавиринтот од соби, но таа сигурно се наоѓаше во некоја од просториите на крајот од ходникот. Се почувствував чудно, но помислив дека тоа е природно, па побрзав кон мајка ми бидејќи знаев дека ќе ме смири. Само што ја фатив бравата на вратата, слушнав како се отвора влезната врата и го слушнав гласот на мајка ми:rn

„Злато, дали си дома“?

rnВеднаш истрчав надоле по скалите и кога се завртев кон собата забележав дека вратата малку се отвори. За кратко видов нешто чудно во собата, не знам што беше, но гледаше во мене.rn

7. Сè што видов беше црвено

rnСе пријавив во еден мал хотел на неколку километри од Киев. Беше доцна, а јас бев уморен. Ѝ кажав на жената на рецепцијата дека ми треба соба. Таа ми го кажа бројот на собата и ми даде клуч. Притоа ми рече:rn

„Има една соба без број која постојано е заклучена. Немој дури ни да ѕиркаш во неа.“

rnГо зедов клучот и отидов во собата да спијам. Како што падна ноќта слушнав капење од чешма. Доаѓаше од собата спроти мојата. Не можев да заспијам, па излегов да видам што се случува. Звукот доаѓаше од собата без број. Тропнав на вратата, но немаше одговор. Погледнав низ клучалката, но видов само црвена боја. Капењето сè уште се слушаше. Се симнав до рецепцијата за да се пожалам. И тогаш прашав кој се наоѓа во таа соба. Рецепционерката ми кажа дека во собата имало жена. Жена која била убиена од нејзиниот сопруг. Целата била бела освен нејзините очи кои имале црвена боја.rn

8. Кампување

rnЕдна жена која била преживувач и обучен водич за во природа сакала самата да оди на кампување. После една ваква авантура од 2 недели, таа се вратила дома. Додека траело кампувањето, таа не сретнала ниту еден човек. Кога конечно ги извадила фотографиите од својот апарат, таа видела многу фотографии од неа како спие навечер. Сите фотографии биле направени во различна ноќ. Оттогаш не отишла на ниту едно кампување.rn

9. Внимавај на автомобилски несреќи

rnНекој човек возел низ планински пат кога налетал на сообраќајка. Автомобилот не бил оштетен и се наоѓал речиси на средината на патот. Човекот полека возел покрај него и забележал двајца луѓе кои лежеле на патот. Застанал пред „сообраќајката“ и сфатил дека луѓето станале, а околу 20 пара очи кои се рефлектирале од светлата на автомобилот, од грмушките гледале накај него. Веднаш избегал од таму. Овие работи навистина се случуваат со „планински племиња“ кои се или канибали или се луди.rn

10. Ова не е приказна

rnОва сум јас. Јас сум овде. Ги менувам зборовите што ги читаш, ги правам различни од она што го напишал авторот. Овде сум веќе некое време. Барем откако знаеш за себе. Понекогаш ти го кажувам името кога заспиваш, или шепотам во твоето уво. Дали паметиш кога викнав, кога направив да паничиш и кога срцето почна да ти чука брзо? Тоа беше забавно. Се прашуваш кој сум. Тоа е природно. Се разбира, веќе знаеш. Јас сум ти. Ја сум вистинскиот ти. Јас сум умот што постоеше овде пред да го украдеш моето тело, пред да заборавиш дека си паразит. Јас сум детето кое гледаше погрешно, ги поставуваше погрешните прашања, но повеќе не сум мал. Можеби ме заборави, но јас уште сум тука. Отсекогаш сум бил тука. Ќе излезам на површина.rnrnАко ова ви беше малку, прочитајте и некои од најстрашните јапонски урбани легенди.