10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Сподели

rn

Реклама

6. Вилис Чанг бил бркан од бизон од еден тон

rnВилис правел фотографии во националниот парк Јелоустон, кога огромен бизон одеднаш се упатил кон него. Вилис продолжил да фотографира додека бизонот трчал. Кога фотографот сфатил дека животното му се доближило премногу, тој почнал да бега и ги оставил фотоапаратот и триподот зад него. Бизонот само шетал околу фотоапаратот и го гледал љубопитно. Во меѓувреме Вилис го фотографирал со друг фотоапарат.rn

7. Кристоф Корто бил речиси удрен од горила

rnФотографот Кристоф речиси добил удар од горила додека фотографирал во национален парк во Руанда. Тој и уште неколку фотографи фотографирале група горили, кога нивниот водич од 250 килограми без предупредување го нападнал Кристоф.

Кристоф продолжил да фотографира, дури и во моментот кога горилата застанала пред него. На фотографијата се гледа како горилата прави тупаница за да го удри. Животното го турнало Кристоф на страна и се упатило кон друга машка горила што стоела зад фотографите.

Кристоф не бил сериозно повреден и завршил само со мала гребаница на неговата глава.rn

8. Носорог се шегувал со Џонатан Плеџер

rnЏонатан го фотографирал дивиот свет во националниот парк Кругер во Јужна Африка, кога кон него почнал да трча еден бел носорог. За разлика од другите фотографи на листава, Џонатан не знаел дека животното е во близина. Сфатил дека е во опасност дури кога го слушнал шушкањето на грмушките. Носорогот излегол од една грмушка и се упатил право кон фотографот.

Џонатан не избегал, туку продолжил да фотографира. Животното или се исплашило или само се премислило, па свртело лево и се вратило во грмушките.rn

9. Мухамед Шафи бил речиси убиен од гневни Сомалијци

rnМухамед не бил фотограф, туку камерман кога бил речиси убиен за време на Граѓанската војна во Сомалија. Но четворица од неговиот тим биле убиени.

Едно утро во јули 1993-та година, армијата на САД го нападнала центарот за управување на сомалискиот воен лидер Мухамед Фарах Аидид. Петнаесет минути по нападот се појавиле возила на Аидид пред хотелот во кој отседнувале Шафи и неговиот тим.

Новинарите снимале и фотографирале кога биле нападнати од група луѓе што се собрале пред хотелот. Новинарите се разбегале, а луѓето тргнале по нив. Шафи бил тепан и удиран со камења додека бегал, а некој дури го застрелал во раката.

Шаи избегал кога се качил во возило со Сомалијци. Го ослободиле дури кога сфатиле дека е муслиман од Кенија. На почетокот мислеле дека е христијанин од Пакистан.rn

10. Рон Хавив добил закана по живот за фотографии од воени злосторства

rnФотографот Рон Хавив речиси го загубил неговиот живот поради неговите фотографии кои ги вмешале српските Тигри во воени злосторства за време на Босанската војна во 1992-ра година. Најпозната е фотографијата од борец кој го удира телото на жена којашто само е убиена од неговите колеги.

Хавив тајно правел фотографии од настаните на улиците. Додека фотографирал како борецот ги удира мртвите тела на едно семејство, другите го слушнале неговиот фотоапарат и се свртеле кон него. Нивниот командант, Жељко Ражнатовиќ (Аркан) му го зел филмот на Хавив и му ветил дека ќе му ги врати фотографиите. Аркан не сфатил дека Хавив ги сменил филмовите и ги сокрил доказите од воените злосторства. Откако ги објавил фотографиите, Аркан се заколнал дека ќе го убие.

Погледнете ги и овие морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија.

Популарно

Може ќе ве интересира