10 чудни начини на кои нашиот мозок си поигрува со нас

Сподели

rn

Реклама

6. Лишување од сетилата

rnСигурно не се случува често да се најдете во ситуација каде што привремено сте лишени од некое сетило. Но, ако тоа се случи, вие ќе почнете да гледате работи кои немаат смисла и да слушате чудни звуци. Немојте да се плашите – ова е уште еден трик на вашиот мозок. Научниците направиле истражување во кое сакале да откријат дали луѓето халуцинираат кога се лишени од своите сетила. Испитаниците кажале дека гледале форми, лица, а други имале целосни халуцинации. Уште почудно, некои од нив мислеле дека со нив во собата имало нешто злобно и дека нешто важно се случило додека биле внатре. Објаснувањето според научниците е тоа што нашиот мозок се збунува кога губи некое од сетилата, па се обидува да ја пополни празнината.rn

7. Сочувствителна болка

rnОва се случува кога, на пример, ќе видите некој што си ја удира ногата, па помислувате дека и вас ве заболува. Научниците кои го истражувале овој феномен користеле магнетна резонанса за да видат како реагира мозокот кога луѓето гледаат одделни изрази на лицето. Веројатно, ние луѓето сме програмирани да мислиме дека ги чувствуваме истите работи како и другите луѓе.rn

8. Лажни сеќавања

rnМногу од нас се сигурни за нашите сеќавања, а и зошто да не би биле? Тие се единственото нешто кое цврсто нè држи до реалноста. Но, научниците направиле експерименти за меморијата и откриле дека е неверојатно лесно да „вградите“ лажни сеќавања. Според нив, причината за ова е тоа што нашиот ум се обидува да прими сè што нè опкружува, но не успева, па ова води до „дупки“ во сеќавањата. За да се справи со овие дупки, мозокот си создава лажни сеќавања. Но експериментот станал уште поинтересен. Научниците успеале да убедат една жена дека како мала се загубила во некој трговски центар. Таа не само што поверувала, туку почнала да измислува и детали за целиот случај.rn

9. Поспана пијаност

rnПовеќето од вас сигурно знаат дека ако не спиете долго време, резултатите се многу слични со пијанството. Но, она што можеби не го знаете е дека и предолгото спиење има ист ефект како и пијанството. Кога подолго време нема да се наспиете, вашиот мозок се збунува и ве остава помеѓу будна и заспана состојба. Важно е да знаете дека во оваа состојба претставувате опасност доколку управувате со автомобил, бидејќи не сте свесни дека вашето внимание е значително намалено.rn

10. Хипнагогија

rnМногумина од нас мислат дека само луѓето кои се под дејство на дрога можат да халуцинираат. Хипнагогијата е халуцинирање кое се случува во моментот кога се успивате, но не сте целосно заспани. Но овие халуцинации може да се случат и кога се будите. И во двата случаи, халуцинациите можат да бидат аудитивни и визуелни. Тие се различни од сонувањето – истражувањата покажале дека овие халуцинации се случуваат додека сè уште сме делумно свесни.

Погледнете и дали навистина употребуваме само 10% од нашиот мозок.

Популарно

Може ќе ве интересира