10. OnePlus 2, цена: 321 евро
rnАко барате добро изработен телефон со премиум карактеристики, а не сакате многу да трошите, тогаш OnePlus 2 е вистинскиот избор за вас. Уредот е изработен со кинеско стартно мени и единствениот начин на кој можете да го набавите е преку директна нарачка од компанијата. Количините се ограничени.rn
9. Moto X Pure Edition, цена: 367 евра
rnОва е еден од најизненадувачките телефони кој пристигна на пазарот изминатава година. Работи на скоро чиста верзија од Андроид, иако има некои карактеристики, како некои апликации, кои се типични за Motorola.rn
8. Samsung Galaxy Note, цена: 542 евра
rnОва е еден од најдобрите телефони со големи екрани. Како и неговите претходни верзии, така и Samsung Galaxy Note нуди вибрантен дисплеј и стилус за фаќање белешки.rn
7. LG G5
rnНовиот смартфон за LG кој е закажан за крајот на месецов има прекрасен метален дизајн. Доаѓа со долен дел кој може да се извади, за да ја замените батеријата со нова или со нови „модули“ кои нудат нови функции како копче за подобра контрола. Исто така, има камера со двојни леќи, што дава одлична можност за неспоредлив квалитет на фотографиите.rn
6. Samsung Galaxy S7
rnSamsung повторно ги најави попопуларните карактеристики, односно водоотпорноста и микроSD картичката за дополнителна меморија, за новиот Galaxy S7 кои ги отстрани од минатогодишниот модел, Galaxy S6. Доаѓа и со опција за дисплеј „always on“ што овозможува да го погледнете времето или некоја друга активност без да го отклучувате телефонот.

