КАФЕ ПАУЗА

Како изгледал Интернетот во минатото?

Written by

in

rn

6. Разговорите почнувале со „ASL“

rn(6)kako-izgledal-internetot-vo-minatoto-kafepauza.mkrnrnАко сте од постарата генерација сигурно се сеќавате на познатото „ASL“. Ова е кратенка од англиските зборови Age/Sex/Location (возраст/пол/локација). Оваа кратенка се користела како „здраво“ и наводно нејзината цел е да видите дали личноста со која се допишувате е „доволно добра“ за вашето внимание.rn

7. Поминувале часови во онлајн соби за разговарање

rn(7)kako-izgledal-internetot-vo-minatoto-kafepauza.mkrnrnНемало подобар начин да го поминете слободното време од тоа да разговарате со апсолутни странци во онлајн соба. Често овие соби за разговор биле поделени по категории (книги, филмови, музика) па лесно било да најдете луѓе со слични интереси. Овие соби за разговор постојат и денес, но најчесто ги користат постарите луѓе и оние кои сакаат да се шегуваат.rn

8. Им верувале на сите веб-сајтови

rn(8)kako-izgledal-internetot-vo-minatoto-kafepauza.mkrnrnВеб-сајтовите во минатото изгледале навистина чудно, но на корисниците не им било грижа. Без разлика каков е сајтот, тие верувале во сè што ќе прочитаат на него. Веројатно сметале дека штом нешто се нашло на Интернет, тогаш треба да му се верува. Гугл не бил ни приближно толку добар пребарувач како денес, па луѓето немале како да ја проверуваат веродостојноста на веб-сајтовите кои ги посетувале.rn

9. „Netscape Navigator“ бил најпознатиот Интернет пребарувач

rn(9)kako-izgledal-internetot-vo-minatoto-kafepauza.mkrnrnАко сте користеле Интернет пред ерата на безжичната поврзаност, голема е веројатноста да сте го користеле и овој пребарувач. Кога се појавил на пазарот, тој бил единствениот продукт кој нудел лесно Интернет „сурфање“. Па со текот на времето станал дел од животот на секој корисник на Интернет. Се разбира, во тој период Мајкрософт ја добивал својата популарност и направил огромни промени.rn

10. Пред Википедија и Фејсбук постоело „GeoCities“

rn(10)kako-izgledal-internetot-vo-minatoto-kafepauza.mkrnrnПред Википедија да стане извор на сите информации, постоел веб-сајтот наречен „GeoCities“. Тој бил многу повеќе од склад за информации. На некој начин овој сајт бил социјална мрежа, „организација“ од корисници со исти мислења кои создавале сајтови на разни теми. Тоа било начин да се поврзете, но и да го споделите вашето знаење. Со тек на времето тој бил купен од Јаху и околу 10 години подоцна, во 2009 година, биле затворени најмалку 38 милиони веб-сајтови кои припаѓале на оваа платформа.rn

11. Верувале во проблемот со 2000 година

rn(11)kako-izgledal-internetot-vo-minatoto-kafepauza.mkrnrnМногу одамна временските ознаки на компјутерите биле кодирани со 2 цифри наместо со 4. Ова предизвикало многу загриженост за тоа што би се случило со компјутерите кога ќе дојде 2000-та година. Во таа година, временската ознака на компјутерот би ја препознал 2000 како 1900 година и наводно би предизвикала хаос кај компјутерите. Овој проблем е познат како „Проблемот со годината 2000“ односно „Y2K“. Постоеле секакви теории и хорор приказни со наближувањето на новиот милениум. Дали нуклеарните бомби сами би се лансирале? Дали би пропаднал банкарскиот систем? Дали сите форми на масовна комуникација ќе престанат да работат? Ова се само некои од страшните сценарија за „крајот на светот“. Стравот бил толку голем што проблемот се појавил и на насловната на списанијата и тоа со наслов „Крајот на светот!?!“