КАФЕ ПАУЗА

3Д печатени рожници можеби ќе бидат лек за слепилото

3Д печатени рожници можеби ќе бидат лек за слепилото

Written by

in

Научниците од Универзитетот Њукасл во Велика Британија ја направиле првата 3Д печатена човечка рожница. Ова се неверојатни вести бидејќи денес постои недостаток од рожници достапни за трансплантација. Во иднината оваа техника на печатење можеби ќе биде извор на неограничена залиха на рожници.rnrn3Д печатени рожници можеби ќе бидат лек за слепилотоrnrnРожницата е најгорниот дел од човечкото око и има важна улога во фокусирањето. Според статистиката, моментално има 10 милиони луѓе на кои им е потребна операција за да се спречи слепилото на рожницата како последица од некои болести и инфекции на окото. Покрај тоа, постојат 5 милиони луѓе кои страдаат од целосно слепило поради оштетување на рожницата.rnrnВо извештајот е објаснето како матичните клетки од донатор со здрава рожница биле измешани со колаген и алгинати со цел да се добие „био-мастило“ за печатење. Ова мастило било успешно искористено за печатење концентрични кругови во форма на човечка рожница, користејќи евтин 3Д био-печатач. Целиот процес на печатење трае само околу 5 минути. Тогаш се покажало дека матичните клетки почнале да се размножуваат и да растат.rn

„Многу тимови ширум светот го бараат идеалното био-мастило за да го направат овој процес изводлив. Нашиот уникатен гел, комбинацијата од колаген и алгинати, ги одржува матичните клетки во живот додека произведува материјал кој е доволно тврд за да ја задржи својата форма, но доволно мек за да се користи во 3Д печатач. Ова е надградување на нашата претходна работа во која ги одржуваме клетките живи на собна температура со сличен гел. Сега имаме готово био-мастило со матични клетки што им овозможува на корисниците да почнат да печатат ткиво без да се грижат за одделното одгледување на клетките“, изјавил Че Конон кој го водел експериментот.rnrn„Нашите 3Д печатени рожници ќе бидат подложени на дополнително тестирање и ќе поминат неколку години пред да можеме да ги користиме за трансплантација. Сепак, она што го покажавме е дека е изводливо да се печатат рожници користејќи координати земени од окото на пациентот и овој пристап има потенцијал да се справи со недостатокот ширум светот.“

rnСо експериментот покажале дека можат да изградат рожница што ќе се совпаѓа со уникатните барања и потреби на пациентот. Сè што треба да направат е да го скенираат неговото око, а потоа да ги искористат податоците за да испечатат рожница со правилната големина и форма.rnrnОва е само уште едно неверојатно научно откритие со кое може да се подобри нашиот живот. Овие вештачки рожници имаат потенцијал да го вратат видот на милиони слепи луѓе штом ќе се усоврши технологијата.rn

„Среќни сме за успехот на истражувачите од Универзитетот Њукасл во развивањето на 3Д печатени рожници со човечко ткиво. Ова истражување го нагласува важниот напредок што е направен во оваа област и ова истражување нè носи чекор поблиску до намалување на потребата од донатори на рожници. Сепак, важно е да се спомене дека ќе поминат уште неколку години пред да бидат достапни за пациентите и сè уште е важно луѓето да продолжат да донираат ткиво од рожница за трансплантација поради недостатокот“, изјавил доктор Нил Ебенезер, директор на истражувањето.

rnНа видеото во продолжение можете да погледнете како изгледа процесот на печатење.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=47&v=7xoRe2OFNnIrnrnПогледнете и некои од футуристичките медицински иновации што ќе ги променат нашите животи.