rn
6. Тесла шатл
rn
rnrnШтом Тесла ќе го докаже својот концепт со минибусот, може да очекуваме оваа технологија да се примени и за поголем број патници. Маск сака да се движи кон иднината без штетна емисија од јавниот превоз.rn
7. Тесла кросовер
rn
rnrnОригиналниот план на Тесла ги содржел моделите S, E (кој стана 3), X и Y. Од Тесла сакаат да направа модел Y кој се очекува да биде кросовер верзија од Mодел 3.rn
8. Тесла камион за отпад
rn
rnrnЕден од оригиналните основачи на Тесла, Иан Рајт, започнал компанија наречена Wrightspeed која произведувала електрични возила за работа, како комбиња, автобуси и камиони за отпад. Како што урбаните средини стануваат понаселени, ќе има потреба од потивки и чисти камиони за отпад. Иако Маск нема спомнато нешто вакво, изгледа дека тоа е само природен напредок кој произлегува од чистите автобуси и автомобили.rn
9. Беспилотно компактно такси
rn
rnrnНа некои места малите автомобили се почести, па дури и поисплатливи поради високите цени на горивото. Па, ако може да се намали големината со отстранување на воланот, овој концепт би станал хит. И во овој случај би се намалило загадувањето, а покрај тоа цената на батериите е многу ниска.rn
10. Модел S од следната генерација
rn
rnrnОд Тесла размислуваат многу за нивниот Модел Ѕ. На секои неколку месеци тие објавуваат нешто ново, некое подобрување, па дури станува тешко да се следи. Од Тесла можеби ќе ја достигнат совршеноста кога станува збор за овој автомобил.
