10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега

Сподели

rn

Реклама

6. Користење офлајн мапи

rnКористењето мобилен Интернет со роаминг е многу скапо. Но, што ако се изгубите и сакате да користите електронска мапа? Најдоброто решение е да симнете онлајн мапи на вашиот телефон и да го исклучите мобилниот Интернет, но да го оставите вклучен сервисот за GPS. Вашата локација сѐ уште ќе се покажува на офлајн мапите благодарение на сателитските податоци, без да ве чини ништо.rn

7. Плаќање со телефон наместо со кредитна картичка

rnБлагодарение на NFC модулите што се вградени во повеќето модели на телефони, можете да ја поврзете вашата кредитна картичка со профил на еден од системите како што се Android Pay или Apple Pay. Toa ќе ви овозможи да плаќате со телефон во продавниците што прифаќаат безконтактно плаќање.rn

8. Скенер што секогаш ќе ви биде при рака

rnДали сте знаеле дека можете да скенирате документи и фотографии со камерата на вашиот смартфон? За да можете целосно да ја искористите оваа опција, ќе треба да симнете една од посебните апликации кои не само што ги препознаваат документите, туку и ги зачувуваат и испраќаат нивна копија на посакуваниот примател.rn

9. Неограничено пребарување

rnСо апликацијата Google Goggles ќе можете да најдете сѐ што сакате. Оваа апликација се разликува по тоа што наместо да го пишувате она што сакате да го побарате, треба да ја употребите вашата камера. Тоа може да биде многу корисно кога барате нешто поврзано со храна, домаќински производи, слики и баркодови.rn

10. Поврзување на два смартфони

rnБлагодарение на функцијата One-Touch-Go (OTG), секој современ смартфон може да се поврзе со периферен уред, вклучувајќи и друг смартфон. Сѐ што треба да направите е да го поврзете едниот телефон со USB женски адаптер, а другиот со микро USB кабел. Откако телефоните ќе го препознаат кабелот и адаптерот, ќе можете многу лесно да ги поврзете еден со друг.

Погледнете ги и овие 7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено.

Популарно

Може ќе ве интересира