Имате планови за викендов? Ако не знаете што да правите, ви препорачуваме да побарате некој од овие хороскопски знаци (или сите) и викендот ќе ви се претвори во авантура што нема никогаш да ја заборавите!rnrn
rn
1. Близнаци: Тие секогаш знаат како да ги зачинат нештата
rnСигурно не сте изненадени што првиот знак на оваа листа се ѓаволестите, но истовремено и будалести Близнаци. Без разлика на тоа колку луѓето сакаат да се плашат од нивните палави постапки, тие секогаш уживаат во начинот на кој Близнаците ја претвораат забавата во незаборавно искуство. Ова се случува само затоа што Близнаците знаат точно што сакаат и како да го добијат истото и никогаш не си судат себеси. И токму овој став го пренесуваат на оние околу нив.rn
2. Лав: Тие го живеат животот како да е една голема журка
rnАко имате Лав во животот, тогаш сигурно знаете дека тие можат да ја претворат дури и најздодевната ситуација во нешто многу забавно. Дури и ако сте заглавени во сообраќај 3 часа, Лавот ќе пушти музика и ќе го претвори возењето во танцова битка. И покрај сè, Лавот е најекспресивниот и најтеатралниот знак во целиот Зодијак! И секако, на секоја забава ѝ треба малку драма, па ако има Лав во близина – знаете што да очекувате!rn
3. Стрелец: Тие ќе се погрижат вашата журка да е незаборавна
rnАко немате планови и не знаете каде ќе одите вечерта, веднаш обратете се кон Стрелец! Овој хороскопски знак се карактеризира со спонтаност и авантуризам, па затоа и кога е во близина, треба да знаете како да го очекувате неочекуваното. Ако тој е на вашата забава, не само што сите ќе се смеат додека не ги заболи стомакот, туку големи се шансите и целосно да ја промени темата на журката. Што мислите, како сите завршија во базенот со своите алишта?rn
4. Водолија: Тие се пријатели со сите
rnАко не знаете кого да поканите на вашата журка, сè што треба да направите е да се јавите на Водолија и да побарате од неа да ги покани своите пријатели. Водолиите имаат милиони пријатели од сите области на животот, па затоа и знаат точно кој да изберат за да направат незаборавна журка. Да не заборавиме и на фактот дека нивната провокативна природа го извлекува „животното за журка“ од секој човек, па тие можат да ги претворат дури и најздодевните настани во забава на векот.rnrnПрочитајте и како се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак.

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn


rnrn


rn
Сигурно ви се случило да се спремате за некоја добра журка или средба со пријателите, а да сте толку исцрпени што не знаете како ќе издржите цела ноќ. Иако напорните денови ни ја одземаат скоро цела енергија не смееме да дозволиме забавата да помине без нас. Токму затоа ви го препорачуваме овој одличен коктел кој не само што е вкусен туку и ќе ви ги разбуди сите сетила и ќе ве подготви за нови незаборавни моменти.rnrn
rnrnТој е измислен во 2006 година и има розова боја кога го гледате на природна светлина, но блеска во розово-сина боја, кога се гледа под дејство на црна светлина. Прво бил правен со 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn
Ентериерот во клубот е инспириран од човечкото уво, асоцирајќи на извонредните аудио ефекти во клубот. Буквално сите елементи имаат заоблена форма, кои покрај убавиот изглед овозможуваат перфектна акустика. Покрај нив, еден од најинтересните елементи за посетителите е огромниот ЛЕД екран кој реагира на музичките ритми, така што е совршено синхронизиран со музиката која се пушта во моментот. Овој дизајн е идеја на 



rnrn
rn
rn
rn
За првпат, журката е организирана во Амстердам, Холандија, на почетокот на 2000-тата година. Почнувајќи од 2005-та година па до денес, журката се одржува во 21 држава, меѓу кои во Полска, Србија, Шпанија, Германија, Чешка, Летонија, Украина и Бразил. Од оваа година, за првпат „Sensation“ се одржува и во САД.
„Sensation“ не претставува само обична журка, туку вистински хепенинг каде фановите на транс и хаус музиката може да уживаат во одличната изведба на популарните диџеи, како и во спектакуларното шоу приредено од организаторите. Присуството на најпопуларните диџеи како Тиесто, Дејвид Гета, Ерик Е, Пол Ван Дајк, Јохан Гилен, Сандер Клајненберг, Стив Анџело, ја прават журката да биде една од најпосетуваните во светот.
Журките обично се одржуваат во најголемите сали во државата, познати како „О2 арени“. Централно во салата е поставена кабината од каде настапуваат диџеите, и зависно од темата на журката, декорирана е со џиновски транспаренти во впечатливи флуоресцентни бои. Магијата на шоуто ја надополнуваат разни осветлувања, ласери и пиротехники кои се задолжителен дел на журката. Интересно за овој хепенинг е тоа што постои стриктен код за облекување. Сите кои сакаат да бидат дел од журката мора да бидат облечени во бело. Поради тоа, претходното журката се нарекувала „Sensation White“, додека денес е позната само како „Sensation“. Мотото на журката е „Биди дел од забавата – облечи се во бело“.

Заради различните насоки во музиката, журката е поделена на „Sensation White“ и „Sensation Black“ (денес позната само како „BLACK“). Журката „BLACK“ се фокусира повеќе на хардкор стиловите во музиката, додека кај „Sensation“ најмногу е застапена хаус музиката.
На
Ова е официјалното видео за „Sensation“ 2012.rn