КАФЕ ПАУЗА

Tag: жонглирање

  • Направете вашиот мозок да работи 200 на час

    Направете вашиот мозок да работи 200 на час

    Автор: Ана ПетровиќrnrnПрогресивното губење на интелектуалните способности во медицината е познато како деменција. Најмоќниот процесор на светот, мозокот користи само 20% кислород, а произведува доволно енергија да го контролира целиот организам. За неговата моќ зборува и фактот што може да напои светилка од 20 вати.rnrnТоа е во најмала рака, најневеројатниот дел од човековото тело, а за да би функционирал беспрекорно мора да се посветите на менталната нега преку храната и вежбите.rnrnnapravete-vashiot-mozok-da-raboti-200-na-chas-kafepauza.mkrn

    Топло чоколадо – одлично за мозокот

    rnИстражувачи од Харвард утврдиле дека чоколадото е одлична храна за мозокот и дека две шолји вкусна чоколадна напивка можат да ја подобрат неговата работа.rnrnИспитувањето е извршено на 60 лица, на старост од 73 години, кои секојдневно биле послужувани со две шолји топло чоколадо. По 30 дена резултатите биле зачудувачки позитивни.rn

    Користете рибино масло во исхраната

    rnМногу од нас го избегнуваат рибиното масло, што е голема грешка. Воопшто не е мит дека рибата е добра за организмот, како здрава намирница која треба почесто да се конзумира. Рибата посебно се препорачува на дијабетичари, кои треба да конзумираат најмалку две порции масна риба неделно.rn

    Научете да жонглирате

    rnОсвен храната, која е главна превентива за појава на деменција, постојат и ментални вежби кои можете да ги практикувате во борба против губењето на менталните способности.rnrnЕдно од позабавните хобија кое може да ви помогнете да се концентрирате подобро и да обрнувате повеќе внимание на деталите е жонглирањето. Оваа вежба бара извонредна координација на рацете и очите, при што мозокот работи забрзано. По три месеци ќе видите напредок.rn

    Спијте повеќе!

    rnМозокот обожува одмор, бидејќи на тој начин црпи енергија за нови информации. Од витално значење се 6 до 8 саати сон. За време на спиењето, мозокот не се исклучува целосно, само се наоѓа во фаза на мирување која целосно му годи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Решава три рубикови коцки истовремено додека жонглира со нив

    Решава три рубикови коцки истовремено додека жонглира со нив

    Следното видео дефинитивно ќе ве остави со подзинати усти. Погледнете како овој неверојатен талент решава три рубикови коцки истовремено, додека жонглира со нив. Замислете, има концентрација дури и да одговори на прашањата од љубопитните минувачи…Решава три рубикови коцки истовремено додека жонглира со нивrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Насмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл Дејвис

    Насмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл Дејвис

    Ако жонглирањето го зачините со квалитетна доза хумор, го добивате Мајкл Дејвис – најзабавниот жонглер досега. Со својата досетливост и неспорните вештини, тој ја забавува публиката повеќе од 25 години. Познато е дека меѓу фановите на Дејвис се и американските претседатели. Неколку пати гостувал во Белата куќа, на покана на Џорџ Буш, Бил Клинтон и на Роналд Реган. За своите настапи вели:rn
    rn

    „Не ми треба голем аплауз за секој мал трик што го правам. Јас не сум извршна власт.“

    rnНасмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл ДејвисЕдна од неговите најпознати точки е кога истовремено жонглира со топка за куглање, јајце и јаболко, кое успева дури и да го вкуси додека го изведува перформансот. Задолжително погледнете ја, ќе ве насмее до солзи. :-)rn

    rnЖонглира и со неговата уста, а многу често придружен елемент на сцената му е гитарата. Најголемо влијание врз хуморот на Дејвис имаат Џек Бени, Фред Ален и Чарли Чаплин. Неговите шеги се прилагодени за сечиј вкус, можат да насмеат како 7-годишно дете, така и 77-годишен дедо.rn
    rn

    „Ми се допаѓа кога деца, баби и дедовци се смеат на истата шега. Тоа е вид хумор кој не познава години“, вели Дејвис.

    rnНасмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл ДејвисЗа жал, на интернет има само малку видеа со перформансите на овој фантастичен американски жонглер и комичар. Погледнете уште две од неговите најчесто изведувани точки и уживајте во неговиот безвременски хумор.rn

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мести Рубикова коцка со една рака, додека жонглира со други две во другата

    Мести Рубикова коцка со една рака, додека жонглира со други две во другата

    Рубиковата коцка е измислена во 1974 година од унгарскиот скулптор и професор по архитектура Ерно Рубик. Првично била наречена „Магичната коцка“, а до јануари 2009 година биле продадени повеќе од 350 милиони примероци од оваа 3Д механичка сложувалка. Шесте страни се составени од по 9 индивидуални коцки со различни бои (црвена, бела, зелена, сина, жолта  и портокалова). Рекордот за решавање на коцката го држи Феликс Земдегс, кој тоа го сторил за само 5,66 секунди.Мести рубикова коцка со една рака, додека жонглира со други две во другатаНа ова видео ќе го видите Дејвид Калво кој прави еден импресивен трик. Имено тој со левата рака ја решава Рубиковата коцка, додека со десната жонглира со други две. Интересно е да се види како тој успева да го направи тоа за само педесетина секунди. Уживајте.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.