Бета рибите се неверојатни, може да ги најдете во најразлични бои, опашките им се како фустани и сите имаат различен модел на перки, а се чини и дека секоја од нив има и различно расположение и карактер. Бета рибите се силни, лесни за одржување и хранење. Овие украсни риби не се скапи, а со нив освен слатки миленичиња ќе внесете и убав украс во вашиот дом.rnrnДоколку сакате да погледнете уште фотографии од овие прекрасни риби посетете го Инстаграм профилот на фотографот Анди Халил.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжете да ги гледате овие прекрасни фотографии на следната страница…rnrn
Треј Ретклиф е фотограф од Нов Зеланд кој одлучил да ги улови сите убавини на светот – неверојатните изгрејсонца, пејзажи и разни улици кои кријат тајни – и едноставно да ја пренесе магијата на живеењето во слики. Неговите колоритни и богати фотографии ќе ви го разубават секојдневието и можеби ќе ве поттикнат да ги пропатувате овие мистични места и сами да се уверите во убавините кои ги нуди планетата Земја.rnrnНов Зеландrn
„Фотографиите на Треј се восхитувачки креации кои на прв поглед изгледаат како да се направени во Фотошоп. Но не, неговите фотографии, преку разни техники кои отворено ги споделува, се реални и инспиративни. Токму поради тоа се уште поневеројатни“ – Џеј Џеј Абрамс, режисер и сценарист на: „Стар Трек“, „Изгубени“, „Војна на ѕвездите: Будење на Силата“
rnНајактивниот вулкан на планината Еребусrn
„Некој еднаш одамна ми кажа дека фотографот е уметник кој слика со светлината. Никогаш не разбрав што сакаше да ми каже сѐ додека не ги видов делата на Треј“ – Патрик Ротфис, писател на: „Името на ветрот“, „Стравот на мудрецот“, „Вратите од каменот“.
rnrnДрвјата цутат, птиците пеат, сонцето топло грее… се ближи пролетта! На фотографиите кои ќе ги погледнете во продолжение, фотографката Сју Су совршено ја доловува таа пролетна атмосфера, живописност и убаво расположение.rnrnrnrnСју вели дека за неа фотографијата е само хоби и огромна страст. Доколку ви се допаднат фотографиите, проследете ја и официјалната страна на СјуСу за да погледнете повеќе од она што таа го работи.rnrn
Навистина е убаво кога ќе тргнете кон некоја живописна дестинација која едвај чекате да ја видите, но уште поубаво е ако можете и попатно да уживате во убави пејзажи. Ако некогаш тргнете по овие патишта, тоа нема да ви недостига.rn
Големиот автопат покрај океанот, Австралија
rnИмето на автопатот кажува дека спектакуларната глетка на океанот го следи возачот за време на целото патување. Удирањето на брановите во стрмните крајбрежни карпи само го надополнува впечатокот.rnrnrn
Комб Лавал, Франција
rnИзграден во деветнаесеттиот век како пат за превезување дрва, денес е рај за велоспиедистите кои уживаат во пејзажите на Француските Алпи додека возат по 13 километри долгиот пат.rnrnrn
Гросглокнер, Австрија
rnГросглокнер е рајот за моторџиите на Австриските Алпи. За патарина од 18 евра за мотор и 28 евра за автомобил може да се ужива во спектакуларните планински пејзажи, а особено во глетката на околните глечери.rnrnrn
Ајсфилдс Парквеј, Канада
rnВо оние 230 километри на патот покрај Ајсфилдс Парквеј може да се почувствува Канада со сета своја дивост и чистота. Поминувајќи низ Националниот парк Банф, глетката на снежни планински врвови, смарагдни езера и недопрени долини прави возачот да посака никогаш да не стигне до својата дестинација.rnrnrn
Автопатот покрај Пацификот, САД
rnБескрајниот Пацифик постојано го зазема примарното место на видикот за време на патувањето долго преку 1.000 километри, додека од другата страна стрмните карпи се наведнуваат над океанот. Дел од неповторливото искуство е и минувањето низ Биг Сур, регионот кој ги привлекувал хипиците во минатото.rnrnrn
Прстенестиот пат, Исланд
rnГејзери, водопади, карпи, фјордови и мирни мали села се само дел од недопрената убавина со која располага Исланд. Пејзажите кои даваат чувство дека се наоѓате во бајка го прават патувањето по Прстенестиот пат искуство кое секој би го посакал во својата биографија.rnrnrn
Стелвио, Италија
rnСпоред автомагазинот Top Gear овој пат го нуди најубавото возачко искуство во светот. Како за пат кој се наоѓа на Алпите, на него има доста гужва. Тоа не важи само кога велосипедистите на Џиро д‘Италија имаат привилегија самите да владејат со него.rnrnrn
Тролстиген, Норвешка
rnДолг е само шест километри и покрај тоа се смета за инженерско чудо. Од возачите се бара екстремна внимателност додека се движат по него, но тоа не е лесно кога се опкружени со живописните норвешки пејзажи.rnrnrn
Трансфагарашан, Романија
rnРоманија има „вампирска“ репутација поради грофот Дракула, но ако некогаш патувате по Трансфагарашан, на земјата ќе се сеќавате по убавината на Карпатите и прекрасното езеро Видрару.rnrnrn
Патот Бел Раб, САД
rnПатот кој има назив Бел Раб ќе ве однесе низ црвенкастите национални паркови на Јута. Иако само 165 километри долг, може да бидат потребни и два дена за да се помине целиот пат. Тоа е можно само со моќно теренско возило и големи резерви на вода за пиење.rnrnrn
Јунгас, Боливија
rnОд сите патишта на светот, овој важи за најопасен. Го нарекуваат „Патот на смртта“, но оние кои возат внимателно лесно ќе го преживеат, а потоа ќе се сеќаваат на живописните пејзажи на боливиската џунгла.rnrnrnrn rnrn
Во последниве неколку години Леонид Афремов стана многу познат со својот уникатен стил на цртање и неговите прекрасни уметнички дела нè инспирираа повторно да објавиме дел од неговата најнова работа.rnrnrnrnЗа својата уметност тој вели:rnrn
„Јас сум професионален артист и цртам со мастило и палетно ноже на платно. Уметноста е мојот живот и цртам секој ден. Ме прави среќен кога гледам како луѓето уживаат во моите дела. Бог ми дал дарба и поради тоа му изразувам благодарност така што секој ден цртам.“
rnrnrn rn
„Пробав многу видови на техники за време на мојата кариера, но посебно се заљубив во цртањето со мастило и палетно ноже. Секое дело е резултат на долг процес на цртање, секое платно настанува преку креативна потрага, секоја слика изобилува со мојот внатрешен свет. Секоја од моите слики носи различно расположение, бои и емоции.“
rnrnrn rn
„Обожавам да ја изразувам убавината, хармонијата и духот на овој свет во моите слики. Моето срце е целосно отворено кон уметноста. Поради тоа, од дното на мојата душа уживам да создавам инспирирачки и прекрасни уметнички дела. Секое мое дело ги рефлектра моите чувства, сензитивност, страсти и музиката од мојата душа.“
rnrnrn rn
„Вистинската уметност е жива и инспирирана од хуманоста. Верувам дека уметноста може да ни помогне да се ослободиме од агресивноста и депресијата.“
Сигурно сте забележале дека кога ќе дојде крајот на летото и почетокот на есента боите кои го облеваат небото додека сонцето заоѓа се поубави од кога било. Тоа одеднаш станува повеќе портокалово, црвено и розово, и се рефлектира на околината под него креирајќи фантастичен амбиент. Причината за тоа лежи во кратката бранова должина на сината боја, која е доминантна на небото, и во есенскиот воздух. Бројните честички во воздухот лесно го растураат синото светло и го спречуваат да стигне до окото. За разлика од него, живите бои на изгрејсонцето и зајдисонцето имаат поголема бранова должина, немаат толкави тешкотии да се пробијат низ есенскиот воздух и затоа се понагласени на небото.rnrnБлагодарение на оваа појава можеме да уживаме во оваа живописна галерија од есенски зајдисонца.rnrnrnrn rnrn
Веб-сајтот „Foxnews“ составил една куса листа на најживописните села. Ова се мал дел од светски, не толку познатите места, на кои можете да се одморите и да си ја наполните душата од убавини.rn
Бибери, Англија
rnКамените куќички покрај патот „Arlington“ во селото Бибери во Англија, датираат од 14-от век и се најфотографираните во овој дел од земјата. Познатиот писател Вилијам Морис ова село го опишал како најубаво во цела Англија. Селцето е сместено крај реката Колн во централно-западниот ридест дел на Англија.rnrnrn
Савока, Италија
rnСицилијанското село Савока е сместено на брдо помеѓу градовите Месина и Таормина на источниот брег од островот. Доколку сте во потрага по идилично место за одмор, ова мало селце навистина може да ви биде избор број еден. Во ова селце, се снимени и дел од сцените за култниот филм „Кум“.rnrnrn
Венген, Швајцарија
rnБлагодарение на неговата локација, високо во Алпите и неговите традиционални дрвени куќички, швајцарското село Венген делува како да е од соништата. Кога ќе се додаде и фактот дека во селото е забрането да се возат автомобили, целокупната слика за местото е совршена.rnrnrn
Чешки Крумов, Чешка
rnСелцето се наоѓа на реката Влтава, а е изградено околу дворци кои датираат од 13-от век. Дворците содржат готски, ренесансни и барокни елементи. Ова место е извонреден пример на средновековно селце чија градба останала недопрена. Токму од оваа причина од 1992 година, заштитено е од страна на УНЕСКО.rnrnrnrn rnrn
Мајк Матас, заедно со својата девојка, во ноември 2011 година поминал една недела во прекрасната Јапонија. Тие патувале со воз од Кјото до Нара, потоа од таму до Хаконе, а на крајот отпатувале за Токио. За време на нивното патување тие направиле безброј фотографии, па Мајк решил од нив да направи видео. Одбрал 4.000 фотографии кои ги сметал за најинтересни и го создал ова интересно видео низ кое е прикажана живописноста, културата и убавините на Јапонија. Уживајте во оваа 3-минутна прошетка.rn