КАФЕ ПАУЗА

Tag: жири

  • Музичка изведба на австралијанското шоу „The Voice“ која ќе ви ги подигне сите влакненца на телото

    Музичка изведба на австралијанското шоу „The Voice“ која ќе ви ги подигне сите влакненца на телото

    Студентката по музика Сејла Пејви ја пее песната „Scarborough Fair Canticle“ од Сајмон и Гарфангел. Погледнете ги само реакциите на жирито. Нејзиниот глас уште на првиот стих почнува да ги освојува членовите на жирито, а нејзината шармантна трема на моменти, само го прави овој музички настап уште посимпатичен. Уживајте!rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Македонците ги воодушевија судиите на X фактор!

    Македонците ги воодушевија судиите на X фактор!

    Вчеравечер втората фаза во „Куќите на судиите“ помина доста возбудливо. Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач имаа тешка задача како ментори, да одберат по три најдобри кандидати од својата група, кои повторно ќе ги гледаме на настапите во живо, во јануари, 2014 година. На Жељко помош околу изборот му даде пејачот Тони Цетински, а Кристина ја поддржуваше пејачката Леонтина Вукомановиќ.rnrnМакедонците ги воодушевија судиите на X факторrnrnПосле макотрпното размислување, судиите ги одбраа своите фаворити. Во групата на Жељко „Постари од 27“, во наредната рунда се пласираа Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ и нашата гордост Даниел Кајмакоски.rnrnОд друга страна, во групата на Кристина „Бендови“, во понатамошно натпреварување се пласира женскиот бенд 4U, машкиот бенд Doktori и нашата Фифи во дуетот со Маринела, под назив H20.rnrnДаниел уште еднаш докажа зошто е еден од фаворитите за победник во Х фактор Адриа. Суперталентираниот Македонец, откако го отпеа хитот на Бруно Марс „When I Was Your Man“, ги воодушеви Жељко и Тони, кои му рекоа дека е фантастичен. Откако си замина Жељко му наведе на Тони дека Даниел поседува светски Х фактор!rnrnrnrnУбав настап кај Кристина и Леонтина имаа и Фифи и Маринела Џогани, кои во дует ја изведоа нумерата „I Was Here“ од Бијонсе. „Нивната енергија супер се согласува“ – јасно кажа Кристина.rnrnrn

    Младен Лукиќ

    rnrn

    Маја Новаковиќ

    rnrn

    4U (Лана Шојиќ, Теодора Спаравало, Катарина Манојловиќ и Вања Мишиќ)

    rnrn

    Доктори (Армин Маликиќ, Предраг Антиќ, Марко Балабановиќ, Урош Туркулов)

    rnrnrnУрош Туркулов, кој е во составот на групата, е роден Штип, а живее во Нови Сад.rnrnЗа жал, македонските браќа Иван и Кико не успеаја да продолжат понатаму. Според Кристина нив им недостасува искуство и не е сигурна дека тие поседуваат X фактор. Сепак, сè уште не е сè изгубено, бидејќи до 7 јануари кога ќе започнат настапите во живо, публиката има можност во шоуто да врати еден од испаднатите кандидати, па да се надеваме дека ќе се одлучи за браќата Раденови. Погледнете го и нивниот настап.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои кандидати влегоа во финалето на „X Factor Adria“?

    Кои кандидати влегоа во финалето на „X Factor Adria“?

    Вчеравечер се одржа нова фаза од шоуто „X-Factor Adria“, наречено „Куќите на судиите“ во кои се претставија дванаесет учесници од кои поминаа само шест.rnrnКои кандидати влегоа во финалето на „X-Factor Adria“? Кои кандидати влегоа во финалето на „X-Factor Adria“?rnrnВо оваа епизода момците беа во домот на Емина Јаховиќ, а девојките кај Кики Лесендриќ. Покрај тоа што мораа да им бидат ментори и домаќини, судиите имаа тешка задача, да одберат по тројца кандидати кои влегуваат во финале. Следната епизода ќе бидат одбрани уште шест кандидати. Погледнете кои кандидати успеаја да поминат понатаму.rn

    Александра Брковиќ

    rnrn

    Тамара Милановиќ

    rnrn

    Илма Карахмет

    rnrn

    Лукијан Ивановиќ

    rnrn

    Алекса Перовиќ

    rnrn

    Харис Чато

    rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • “The Voice” – едно поинакво талент шоу

    “The Voice” – едно поинакво талент шоу

    Оригиналното шоу потекнува од Холандија под името „The voice of Holland” и започнува во 2010 година, а откако франшизата ја преземаат Велика Британија, САД и Австралија, станува еден од најпопуларните натпревари по пеење во светот.The voice - едно поинакво талент шоуКонцептот на шоуто е прилично различен од сè она на кое сме навикнати, особено поради уникатно смислените фази на селекција. Првата фаза е „слепа аудиција“ во која натпреварувачите пеат на сцената додека жирито составено од четири члена е свртено со грб. Секој од членовите има пред себе копче коешто го притиска кога посакува да го земе натпреварувачот во својот тим и откако го притиска, автоматски се врти кон него и за првпат визуелно го запознава новиот член на тимот. rnrnДоколку копчето го притиснат повеќе членови на жирито, на крајот самиот натпреварувач избира со кого ќе соработува. Земајќи предвид дека некои од „тренерите“ се артисти од рангот на Том Џонс, Џеси Џеј, Вил Ај Ем, Дени О’Донахју, Кристина Агилера, Адам Левин, Шакира и многу други, натпреварувачите имаат прилично тешка одлука доколку мора да изберат.rn

    rn

    rn

    rn

    rnСекој од жирито има право на 10 натпреварувачи во својот тим, што ја прави сè потешка одлуката да го притиснат копчето како што се пополнуваат местата. Реакциите се навистина интересни, а и меѓу натпреварувачите има феноменални таленти.rn

    rn

    rnЖирито се обврзува да го тренира својот тим на најдобар можен начин, затоа што првичната селекција е само дел од долгиот процес. Во понатамошните фази, двајца или повеќе натпреварувачи од различни тимови се борат во „битки“, а жирито повторно го бира најдобриот. Тешко беше да се изберат неколку видеа од толку многу аудиции и настапи, но се надеваме дека ќе ви се допаднат. Уживајте!rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите настапи на Britain’s got Talent

    Најдобрите настапи на Britain’s got Talent

    Ова шоу навистина успеа да го извади најдоброто од граѓаните на Островот. Иако шоуто досега имаше свои 28 интернационални верзии, меѓу кои и „Јас имам талент“ кое се одржа на нашите простори, сепак Велика Британија е местото каде ова шоу доживува многу големи успеси во четири годишното прикажување.rnrnНајдобрите настапи на Britain’s got TalentrnrnАудициите преку кои се избираат 100-те најдобри изведби, се одржуваат во поголемите градови низ кралството, а на нив пријавените изведувачи можат да покажат што знаат. Замислата за изведбата е комплетно оставена на изведувачот, кој може да игра, пее, да изведува трикови, гимнастички точки, екстремни илузии и се што тој мисли дека навистина ќе ја воодушеви публиката.rnrnНајдобрите настапи на Britain’s got TalentrnrnЗа да поминете понатаму, сѐ што треба е да добиете барем два гласа од тричленото жири, составено од Аманда Холден, Пирс Морган и најтешката пречка за сите натпреварувачи, Сајмон Каул. Интересно е тоа што Аманда Холден, всушност е замена на Шерил Кол, која сега е во жирито на Британскиот X-Factor. Наградата за победникот изнесува 100 000 фунти и настап пред кралицата и нејзиното семејство.rnrnУживајте во најдобрите настапи на Britain’s got Talent од последните 4 години:rnrnПол Потс – победник во 2007 годинаrnrnrnrnЏорџ Сампсон – победник во 2008 годинаrnrnrnrnSignature – финалисти во 2008 годинаrnrnrnrnDiversity – победници во 2009 годинаrnrnrnrnСузан Бојл – второ место во 2009 годинаrnrnrnrnЏулијан Смит – финалист во 2009 годинаrnrnrnrnFlawless – финалисти во 2009 годинаrnrnrnrnSpelbound – победници во 2010 годинаrnrn