КАФЕ ПАУЗА

Tag: жешко

  • Совет за возачите: Како да го изладите автомобилот што стоел на сонце за само 10 секунди

    Совет за возачите: Како да го изладите автомобилот што стоел на сонце за само 10 секунди

    Секој возач кој некогаш влегол во автомобил што стоел на сонце цел ден, знае колку е непријатно тоа, но тоа исто така може да биде и опасно за здравјето. Без разлика дали имате клима-уред во вашиот автомобил или не, овој трик ќе ви овозможи да го изладите автомобил што стоел на сонце за само десет секунди.rnrnСовет за возачите: Како да го изладите автомобилот што стоел на сонце за само 10 секундиrnrnОние што го испробале овој метод велат дека ја намалува температурата во возилото за околу 10 степени. Сè што треба да направите е:rn

      rn 011

    • да го отворите прозорецот на страната од совозачот и да ја затворите вратата
    • rn 011

    • да ја отворате и да ја затворате вратата од страната на возачот
    • rn

    rnНа седиштата, особено ако се од кожа, ставете нешто памучен материјал – така полесно ќе седите на нив бидејќи нема да бидат толку жешки.rnrnВоланот е најдобро да биде свртен настрана при паркирање, па кога ќе се вратите и го ставите во почетна позиција, делот каде што ќе ви бидат дланките ќе биде ладен.rnrnПокрај тоа, пред да излезете од автомобилот, ставете некаква обвивка на менувачот на брзини, така што нема да биде толку жежок кога повторно ќе застанете зад воланот.rnrnОна што може да помогне за да не се загрева многу автомобилот е да ставите алуминиумска заштита на внатрешноста на ветробранското стакло. Тоа ги одбива сончевите зраци, па контролната табла и воланот нема да бидат толку жешки.rnrnПрочитајте ги овие трикови за автомобилот што ќе го направат секое возење попријатно.

  • Топлата напивка е идеалното разладување за жешките денови!

    Топлата напивка е идеалното разладување за жешките денови!

    Последното нешто што ви паѓа на памет кога се потите во жешките денови е да си направите шолја топол чај, но науката открива дека тоа е најдобриот начин да се разладите! Звучи парадоксално, но објаснувањето има логика. Сѐ е поврзано со потта.rnrnТоплата напивка е идеалното разладување за жешките денови!rnrnПиењето топла напивка ја зголемува топлината на телото и тоа реагира со потење. Излачената пот е поголема од внатрешната топлина, а кога потта испарува од нашата кожа, ние почнуваме да се ладиме.rnrnПотта ја зголемува загубата на топлината и ги намалува телесните залихи на топлина. Овие информации се познати благодарение на Оли Џеј, истражувач од Универзитетот во Отава.rnrnНашите тела се потат кога пиеме нешто топло поради нервните рецептори на јазикот. Кога нашиот јазик ќе ја прими информацијата дека консумираме топла напивка, ги праќа информациите до мозокот кој почнува да го разладува телото преку потење.rnrnНо, треба да знаете дека доколку пиете топла напивка во средина каде што потта нема да испари, на пример на место каде што е многу жешко и влажно, врелиот пијалак најверојатно нема да ви помогне. Во тој случај, држете се до ладните течности.rnrnТоплата напивка сепак му дава малку топлина на телото, така што ако потта не испарува, одлучете се за ладен пијалак.rnrnВо продолжение прочитајте зошто е добро да се пие топла вода со лимон.

  • 9 предмети кои не смеете да ги чувате во автомобилот

    9 предмети кои не смеете да ги чувате во автомобилот

    Дали по навика чувате очила за сонце и шише вода во автомобилот? Постојат многу важни причини зошто тоа би требало да го промените. Во тој контекст откријте кои 9 предмети не смеете да ги оставате во автомобилот, особено кога надвор е топло…rnrn9 предмети кои не смеете да ги чувате во автомобилотrn

    1. Лекови

    rnВо принцип лековите треба да се чуваат на собна температура, а кога надвор е топло, температурата во автомобилот и тоа како ја надминува собната. Топлината нема да ги направи лековите штетни, но ќе ја намали нивната ефикасност.rn

    2. Електроника

    rnОсвен тоа што се вредни, електронските уреди како што се лаптопот, мобилниот и УСБ стикот содржат информации кои многу лесно можат да се украдат. Ако се најдете во ситуација кога морате да го оставите лаптопот или мобилниот без надзор, внимавајте информациите да ви бидат кодирани. На тој начин, крадецот нема да може да ги види информациите без да го внесе кодот. Кодирањето на уредите е добра заштита која тешко може да се пробие и е многу посигурна од лозинката.rn

    3. Крема за сончање

    rnМожеби ќе ви звучи контрадикторно, но високите температури ги уништуваат активните состојки во кремата. Ако ја оставите кремата со заштитен фактор во автомобилот на голема жештина, тоа може да ја намали нејзината ефикасност. Освен тоа, поради топлината кремата може дури и да експлодира и да ви го извалка автомобилот.rn

    4. Шише вода

    rnАко оставите пластично шише вода во жежок автомобил, тоа може да предизвика развој на микроорганизми во водата кои се штетни за здравјето. Затоа секогаш имајте шише со свежа вода.rn

    5. Рачна чанта

    rnОставањето на рачната чанта или паричникот на седиштето, односно на кое било видливо место, е отворена покана за крадците да ви го обијат автомобилот и да ви ја украдат чантата. Не е воопшто важно дали од чантата сте ги извадиле сите вредни работи, крадците не знаат дека во неа нема ништо и веројатно ќе ризикуваат.rn

    6. Очила

    rnПоради топлината во автомобилот, пластичните рамки на очилата можат да се деформираат, а металните рамки толку да се загреат што очилата ќе станат жешки и нема да можете да ги носите. Доколку ги оставате очилата (и оние со диоптер и оние за сонце) на возачката табла, може да предизвикате уште поголема штета бидејќи стаклото на шофершајбната ги привлекува сончевите зраци.rnrn9 предмети кои не смеете да ги чувате во автомобилотrn

    7. Важни документи

    rnДоколку со себе носите важни лични документи кои морате да ги испратите по пошта, таа обврска нека ви биде приоритет. Односно, одбегнувајте да ги возите документите наоколу со автомобилот. Што побрзо ги извадите од автомобилот, толку посигурни ќе бидете дека никој нема да ви ги украде.rn

    8. Пасош

    rnНикогаш не го оставајте пасошот во автомобил кога патувате. Да се украде нечиј идентитет е многу полесно преку пасош отколку преку возачка дозвола. Сите документи кои ги содржат вашите податоци за идентификација мора да ги сметате за многу вредни, исто како што го правите тоа со вашиот мобилен телефон.rn

    9. Вино

    rnАко треба да купите вино, направете го тоа после работа или откако ќе ги завршите сите дневни обврски. Доколку шишето се загрее премногу, тоа може да го расипе вкусот на виното, а и течноста може да го прошири волуменот и да почне да истекува од тапата или да ја поттурне, така што ќе го контаминира виното во шишето.

  • Разладете го автомобилот кој се загреал на сонце за само 10 секунди

    Разладете го автомобилот кој се загреал на сонце за само 10 секунди

    Без разлика дали имате клима во колата или не, на жешко време многу е тешко да се издржат и оние први неколку минути откога ќе влезете, додека не се разлади. За среќа, постои кул трик кој го решава овој проблем.rnrnrazladete-go-avtomobilot-koj-se-zagreal-na-sonce-za-samo-10-sekundi-kafepauza.mkrnrnОвој едноставен метод драстично ја спушта температурата во колата, без да се вклучи клима-уредот. За 10 секунди, тоа можете да го постигнете со овој кинески трик кој 100% функционира.rn

    Еве што треба да направите:

    rn

      rn011

    1. Спуштете го прозорот на возачката страна и затворете ја вратата.
    2. rn011

    3. Отворете ја вратата кај совозачот и правете провев силно отворајќи ја и затворајќи ја неколку пати.
    4. rn011

    5. Температурата во автомобилот гарантирано се спушта за 10 степени Целзиусови.
    6. rn

    rn

  • Жешки момци со кучиња – Инстаграм ги спојува вашите две омилени нешта во една фотографија

    Жешки момци со кучиња – Инстаграм ги спојува вашите две омилени нешта во една фотографија

    Доколку сте љубители на згодни момци и слатки кучиња, тогаш сигурно ќе ви се допадне идејата за фотографии каде што тие се едни до други. Профилот на Инстаграм кој е наречен „Жешки момци со кучиња“ бил отворен пред само неколку денови, а веќе има над 10 илјади следачи. Погледнете дел од фотографиите на овој профил кој едноставно ќе ве стопат…rnrn(1) Жешки момци со кучиња - Инстаграм ги спојува вашите две омилени нешта во една фотографијаrnrn

    rn

  • Книга: „Испреплетена со тебе“ – Сивлија Деј

    Книга: „Испреплетена со тебе“ – Сивлија Деј

    Жешко е и врие… во третиот дел од серијалот Кросфајр.

    rn

    1-kniga-isprepletena-so-tebe-silvija-dej-kafepauza.mkНаша оцена: 7/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnМало потсетување: и ова е рецензија за возрасни. 🙂 После „Соголена пред тебе“ и „Огледана во тебе“, следува „Испреплетена со тебе“. И овој, трет дел од серијалот Кросфајр ќе ви го даде токму она што се очекува од еден жежок, еротски роман. Обично не сакам да ги оставам работите незавршени, па после прочитот и рецензирањето на првите два дела, не можев да седам мирна додека во раце не ми падна и третиот дел.rnrnДа се разбереме, не сум литературен сноб, па како што и претходно сум рекла, еротиката во литературата е добредојдена, сè додека е квалитетно доловена. Иако често споредувана со „50 нијанси на сиво“, Силвија Деј успеала да ги купи читателите со оваа жешка идеја, така што третиот дел од книгата се продал во над 30 милиони примероци само во англиското говорно подрачје. Па, кажете што сакате, ама јас ѝ симнувам капа.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnЗа оние кои не се запознаени со страсната, опсесивна и жешка љубовна врска меѓу Ева и Гидион, ајде накратко да кажеме збор-два. Животите на Ева и Гидион навидум се совршени. Таа е прекрасна 24-годиша девојка со богата мајка и очув, која живее во луксузен стан на Менхетен, заедно со својот пријател, бисексуалецот Кери. Има добра работа, прекрасно тело и дечко тајкун пред кого на сите им се тресат колената. Тој е подготвен да направи сè за неа – дури и да убие, како што тоа го докажа во вториот дел.rnrnГидион е бог на сексот (како што Ева милува да го опише), висок, згоден, од него „вришти“ секс, поседува голем дел од Њујорк иако уште не е во своите 30-ти. Но, и двајцата имаат болно минато, демони од минатото кои ги следат и од кои е тешко да се ослободат. И двајцата се борат да успеат и покрај сè. Но, нивното проблематично детство, опсесивната љубомора и желбата да се поседува другиот, се ставени во втор план. Местото под осветлениот рефлектор го имаат жешките секс сцени.rnrn2-kniga-isprepletena-so-tebe-silvija-dej-kafepauza.mkrnrnЗошто реков дека ѝ симнувам капа на Деј? Затоа што, како прво, знае што „работи“ кај публиката и токму тоа го направи, второ, за да се напише нешто вакво (а да се разбереме, не планира тука да запре, најверојатно ќе има и 4-ти дел), треба огромна храброст. Деј без влакна на јазикот ја опишува жената како сексуално суштество, исто како и мажот, иако женската сексуалност е табу тема дури и во 21-от век. И трето, да бидеме искрени, ни малку не е лесно да се опише сето тоа со зборови без да звучи евтино и глупаво. И секако, да не заборавам, читајќи го третиот дел мислам дека најмногу размислував за преведувачката на книгава, која исто така имала огромна храброст и мора да му се даде значење на добриот превод. Знаеме колку може да биде тешко да се најдат изрази на македонски бидејќи јазикот не ни е толку слободен и не се расфрламе баш со секс изрази при пишувањето. Реално, овие двајца имаат секс каде ќе стигнат, кога сакаат и како што сакаат, се расфрлаат со оргазми, а писателката воопшто не нè поштедува од детали.rnrnШто се однесува до самата книга, сфатив дека всушност овие двајца не зборуваат, сè што знаат е добар секс. Комуникацијата во оваа врска е сведена на оскудно ниво, што мене лично ми пречи. Плус, многу е нереална. Наречете ме скептик ама не, не мислам дека овој њујоршки тајкун (кога реално би постоел, иако голем прашалник е како се стекнал со толкаво богатство пред да наполни 30), би се врзал само за една единствена жена. Па така, драги мои дами, иако можеби немате дечковци кои се маратонци во секс, ќе уживате во овој еротски роман. Сепак, доаѓа зима, ладно е, ноќите се сè подолги а може да бидат и здодевни, па затоа (не топло, туку жешко) ќе ви го препорачам и третиот дел од сагата за Ева и Гидион.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 17 декември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Кујнски трик: како кафето подолго време да остане жешко?

    Кујнски трик: како кафето подолго време да остане жешко?

    Доколку сакате да го пиете вашето кафе додека е жешко, но понекогаш попатните активности не ви го дозволуваат тоа, еве едно едноставно решение.rnrnКујнски трик: како кафето подолго време да остане жешко?rnrnПред да го направите кафето, шолјата наполнете ја со врела вода. Потоа, истурете ја водата и сипете го кафето. Благодарение на овој трик, нема да ја загубите топлината на кафето, загревајќи ја студената шолја, поради што тоа подолго време ќе остане топло.rnrnТокму поради оваа причина, во кафулињата шолјите за кафе стојат на машината за еспресо – за постојано да се греат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да имате секс кога е многу жешко?

    Како да имате секс кога е многу жешко?

    Кога е многу жешко и константно се лепиме од пот, обично не сакаме ни да се помрднеме, а не пак да се нафатиме на возбудлива физичка активност припиени до друго, подеднакво лепливо тело. Со клима овие проблеми се надминуваат, но ако се најдете во средина во која нема ладење, еве неколку идеи кои ќе ви ја вратат желбата за разгорување на страста.rnrn(1) Како да имате секс кога е многу жешко?rn

    Користете мраз. Да, сериозно

    rnНајдобро би било да го испразните фрижидерот и да се пикнете двајцата во него за да имате секс. Но, бидејќи ова не е можно, следната најдобра работа е да земете мраз и да си играте со него за време на предиграта.rnrnЛизгајте коцка мраз по стомакот, бутините, грбот и брадавиците на вашиот партнер или партнерка. Тоа делува ефикасно за изладување на целото тело. Плус, капките од растопениот мраз по вашето тело дополнително ќе го возбудат партнерот кој ќе се инспирира да ги лиже. Зар има нешто позабавно од лижење на нешто што се топи? Ова е малку леплива забава меѓу чаршафите, но е многу покул од температурата надвор.rnrnКако да имате секс кога е многу жешко?rnrnБонус: Доколку со вашиот партнер или партнерка употребувате секс-играчки, добро е да знаете дека пред употреба можете да го изладите вибраторот во замрзнувач.rn

    Секс под туш

    rnЛепливите лета се најдобар изговор за секс под туш. Оваа опција е одлична бидејќи истовремено ве лади на жешкото време и ве одржува чисти по сексуалниот чин. Две муви со еден удар.rnrnКако да имате секс кога е многу жешко?rn

    Мудро изберете поза

    rnИзбегнувајте пози во кои торзата се допираат. Сигурно сами ќе се сетите како да изведете некоја, но чисто за инспирација можете да ја пробате оваа.rnrnКако да имате секс кога е многу жешко?rn

    Не плашете се да се потите

    rnРеки пот од телото на вашиот партнер или партнерка се слеваат на вашето лице и тело… Не звучи баш возбудливо. Но, нема причина да го избегнувате ваквиот ефект. Потта испушта природни феромони кои делуваат како природен парфем кој го возбудува вашиот партнер. Тие имаат силен афродизијачки ефект, така што дишете и апсорбирајте од природниот афродизијак на вашиот партнер.rn

    Секс во базен

    rnОва е добра опција само доколку не користите кондоми, што пак е ОК само доколку сте во долга моногамна врска.rnrnТоплата вода и хемикалиите влијаат на издржливоста на кондомот, а дополнително во вода полесно е да се излизга. Затоа не сметајте на овој тип заштита.rnrnПа, ако ги исполнувате погорните критериуми, ви останува само да најдете базен каде што ќе можете да го искусите ова влажно, но сензационално искуство. Во водата ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате полесно заради што ќе бидете многу пофлексибилни. За инспирација во базен, погледнете ја сликата подолу.rnrn Како да имате секс кога е многу жешко? rn

    Секс на отворено

    rnОва не е баш легална опција, но правилата се за да се прекршуваат. Па, сè додека сте дискретни и нема луѓе околу вас, пробајте го и ова искуство. Совет: полесно е доколку носите лесна облека, како пантолони без ремен за машките и фустани за женските. Бидете практични и завршете работа набрзина, а потоа, задолжително расчистете си зад себе.rnrnАко пак сте на одмор, ви ја препорачуваме „полуотворената“ варијанта – секс во шатор.rnrnКако да имате секс кога е многу жешко?

  • Толку многу љубов во шолја кафе

    Толку многу љубов во шолја кафе

    Кафето е одличен начин да се искаже љубовта, особено во ладните и дождливи денови. Само треба да бидете креативни и шолјата топло кафе приготвено за љубениот/та, да ја декорирате со многу љубов.rnrnТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеrnrn rn

    „Кафето и љубовта се најдобри кога се жешки.“

    rnТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеrnrn rn

    „Црно како ѓаволот, жешко како пеколот, чисто како ангел и слатко како љубов.“

    rnТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеrnrn rn

    „Љубовта е прекрасен дует испеан од две срца склопени во едно.“

    rnТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеТолку многу љубов во шолја кафеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Некои го сакаат тоа жешко

    Некои го сакаат тоа жешко

    Од каде излезе темата за слатки vs. жешки, стварно немам појма, ама според муабетот што го направив со некои момци, испаѓа дека машкиот мозок по автоматизам ги класифицира девојките на овој начин. Некои преферираат жешки девојки, некои слатки… некои ама баш секакви. Каква треба да биде девојката за да биде класифицирана во групата на слатки, а каква за да го заслужи епитетот „жешка“?Некои го сакаат тоа жешкоАко ние можеме да направиме груба поделба на момците на добри и лоши момци, во ред, им дозволуваме и тие да нè поделат на слатки и жешки. Станува збор за слатка, како карактеристика на една личност. Тоа се оние мирни девојки, внимателни и нежни. А од другата страна се оние кои шират, слободно да се изразам, сексуална енергија и едноставно се женствени. И нема врска дебелината, висината, убавината. Сè е до карактер. Ќе помислите дека ова е можеби најизлитената фраза, но вистина е. Карактерот, движењата, начинот на зборување, го формираат шармот кој го ширите околу вас, енергијата која ја пренесувате. Како ќе ве гледаат другите зависи од вас самите. Ви се случило да ви се допаѓа момче кое со својот физички изглед не е според вашите критериуми? Да, ама ќе речете дека го има она нешто… тоа НЕШТО е неговиот шарм.rnrnНо, дали во секоја од нас спие една скриена страна која не веднаш излегува на виделина? Еднаш слушнав дека човекот и самиот не е свесен на што сè е способен. Што сè може да направи со себе, и дека со одредени наши постапки можеме и самите себе да се изненадиме. Дали во онаа навидум слатка девојка се крие нешто жешко? Со сигурност ќе речам да. Само што постојат девојки кои остануваат во групата „слатко“ и други кои се форсираат да останат во она „жешко“. Но трети пак, знаат да бидат слатки или жешки во вистинско време и на вистинско место.rnrnНекои од момците рекоа дека помеѓу слатка и жешка секогаш би избрале слатка, други пак, многу нормално дека ќе тргнат по онаа жешката. Има такви кои сакаат жешка за забава, а слатка, доколку бараат девојка за сериозна врска.rnrnВсушност можеме да бидеме ама баш сè што ќе посакаме. Жешко или слатко, добра девојка или ладна кучка, ама сè си доаѓа по заслуга.rnrnОна што со сигурност јас го сакам жешко е моето утринско кафе.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.