Некои мажи мислат дека сѐ им е дозволено во љубовните врски. Тие се толку големи професионалци што многу тешко ќе можете да ги препознаете. Овие момци се познати и под името „женкари“. Па, каква е нивната тактика? Тие ќе ви ги симнат ѕвездите, ќе ве натераат да „паднете“ на нивниот шарм, ќе ве убедат дека тие се вашите принцови на бел коњ и потоа ќе ве напуштат како никогаш ништо да не постоело помеѓу вас. Најверојатно се прашувате како би можеле да препознаете ваков човек. Не грижете се! Следниве неколку знаци ги издаваат „фините“ момци кои сакаат само да ви го скршат срцето…rnrn
rn
Не објавува лични работи на социјалните мрежи
rnТој никогаш не сака да објави фотографија од вас двајца на социјалните мрежи. Ви вели дека сака да си ја задржи приватноста, но немојте да му верувате на овој изговор. Тој само игра на сигурно. Не сака неговите други симпатии да дознаат дека се гледа со некого.rn
Секогаш е зафатен
rnСите имаме обврски, но ако навистина сакаме да бидеме со некого, дефинитивно ќе најдеме време за саканите. „Зафатеноста“ не е изговор. Тој се гледа со вас само тогаш кога сака, но не и тогаш кога вие сакате.rn
Многу е шармантен и секогаш е среден
rnТој е вистинската верзија на принцот од бајките. Многу внимава на својот изглед и секогаш се грижи за себе. Нему му треба тоа за да ги привлекува жените, а вашето вљубување не му значи апсолутно ништо.rn
Знае добро да се изразува
rnТој е одличен говорник. Можете да го слушате со часови. Ова е вештина што му треба за да може да манипулира со девојките и да ги убеди дека вреди да се вљубат во него и да му веруваат.rn
Никогаш не наоѓа време за да ви се јави
rnТелефонските повици се знак дека партнерите навистина сакаат да бидат заедно. Кога зборувате со некого на телефон, можете да му го чуете гласот и да ја почувствувате емоцијата. Праќањето пораки е многу безгрижен начин на неформална комуникација. Ако не ви се јавува, време е да размислите дали вашата врска може да опстане.rn
Не ве запознал со неговите пријатели
rnНикогаш не ве претставил на неговото семејство и пријатели. Дури и тогаш кога самите ќе изразите желба да ги видите, тој ја менува темата. Тоа е знак дека нема сериозни намери и не сака неговите најблиски да знаат за вас.rnrn
rn
Не е подготвен за ништо повеќе од пријателство
rnСака да останете добри пријатели, но ништо повеќе од тоа. Што и да ви каже, најдобро би било да не му верувате, бидејќи постои голема веројатност дека тој ќе се обиде да ве искористи. Фактот што не е подготвен за врска значи дека не сака да се врзува и посакува да живее без обврски.rn
Постојано зборува за секс
rnМожеби ви се допаѓаат ваквите разговори, бидејќи ве привлекува и сакате да бидете интимни со него, но ова е голем знак на предупредување. Ако вашиот дечко постојано зборува за секс, тоа значи дека тој сака само секс и ништо друго.rn
Секогаш вели дека е сингл
rnТој ви вели дека не сака да го открива неговиот приватен живот, но ако на сите им кажува дека е сингл, тоа значи дека сака да си има и други опции. На тој начин, тој им дава простор на другите жени да му се додворуваат и да флертуваат со него.rn
Има многу пријателки
rnЖивееме во современо општество и не е грев да се има пријатели од спротивниот пол. Но, ако тој има премногу пријателки и секогаш разговара со нив на социјалните мрежи, тогаш треба да бидете внимателни. Преголемиот број на пријателки и постојаното стекнување нови е знак дека тој сака да ги истражува неговите можности за да си ги исполни потребите.rn
Го бие глас на женкар
rnПонекогаш гласините се вистинити. Ако тој е познат како женкар, треба да бидете внимателно. Доколку луѓето кажуваат многу лоши работи за него, тогаш сигурно нешто не е во ред со него.rnrnНемојте да „паѓате“ на неговиот шарм! Размислувајте со главата!rnrnВо продолжение прочитајте кои се седумте карактери на мажи од кои треба да бегате.


rnrn


Режија
Плус, тој не бил сингл две декади и не знае ни како да се однесува со други жени. Поминувајќи ја секоја вечер во локалниот бар, осамен, очаен и намуртен, го запознава неодоливиот триесет и нешто годишен Џејкоб, секси маж, кој ќе го учи како да брка женски и да ја врати мажественоста во себе. Со цел да му помогне на Кал да ја преболи жена му, Џејкоб му ги отвора очите кон многу можности: како да заведува згодни девојки, да пие „машки“ алкохолни пијалаци и да оформи сопствен имиџ. 
Кал и неговата жена Емили не се единствените кои ја бараат љубовта на погрешно место. Нивниот тринаесетгодишен син Роби е лудо заљубен во неговата седумнаесетгодишна бебиситерка Џесика, која пак е вљубена во татко му, Кал.
Веднаш зад него е Стив Карел кому одлично му прилега улогата на маж во години, кој е „изгубен во вселената“ откако жена му го остава за друг. Останатите актери во филмот, како Џулиен Мур, Ема Стоун, Анали Типтон и четиринаесетгодишниот Џона Бобо, одлично си ја донесуваат нивната улога, исто така.

