Овој едноставен тест може да ви помогне да го најдете вистинскиот пат доколку сте во потрага по успех и богатство. Доволно е да изберете една од овие жаби.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 1″ active=”false”]Вашиот успех е тесно поврзан со публицитетот и рекламирањето. Важно е да се грижите за вашиот изглед и добриот вкус, а вашите идеи треба да бидат креативни и оригинални. Вашата идеална работа е во областа на новинарството, маркетингот, како и продажбата на брендирани предмети. Не се исклучени и професиите на пејач или актер.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 2″ active=”false”]Вие самите сте извор на богатство, а тоа се манифестира преку вашите идеи, размислувања и логика. Вашата природа се карактеризира со рационален ум, па затоа најуспешни би биле во полето на правото, науката. Не плашете се да ги споделите своите мислења и ставови со останатите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 3″ active=”false”]Вашиот извор на богатство се состои во вашата вера која е искрена, длабока и силна. Не само од религиски аспект, туку верба во вашите соништа, во она што го работите, но и во луѓето околу вас. Треба да ја споделувате оваа енергија колку што можете повеќе со другите. За вас би било идеално да работите како учител, лекар или свештеник.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 4″ active=”false”]Вашиот извор на богатство се состои во тимската работа и кругот на истомисленици. За вас идеално е да работите во канцеларија или да бидете менаџер на сопствениот бизнис. Но, во секој случај важно е да имате блиски луѓе до себе кои секогаш ќе ве поддржуваат и ќе ви помогнат кога ви е најтешко.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 5″ active=”false”]Вашиот извор на богатство е сè што е поврзано со удобноста на домот. Вашето хоби е готвење, поправка на кујнски апарати или градинарство. Можете да поседувате продавница, кафуле, или текстилна фабрика.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 6″ active=”false”]Вашиот извор на богатство се состои во активноста и движењето напред. Вашето постојано мото е: „Движењето е живот!“, па според тоа, вашата професија мора да биде поврзана со патување. Спортот исто така ви е една од омилените активности и затоа не го занемарувајте. Останете секогаш млади во духот и продолжете да се движите напред![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 7″ active=”false”]Празниците и фестивалите се потенцијален извор на вашето богатство. Можете да организирате детски забави, да работите како фотограф на прослави или да се занимавате со музика. Запомнете дека ви треба активен, динамичен живот бидејќи сивото, монотоно секојдневие може негативно да ви влијае врз расположението.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 8″ active=”false”]Вашиот извор на богатство се состои во вашите чувства, во способноста да ги разбирате другите и да сочувствувате со нив. Можете да станете добар психолог, но треба да внимавате да не ви наштети прекумерната емотивност. Најдобро би било да се стремите кон хармонија и да најдете креативна работа која ќе ви овозможи да ги изразите своите чувства.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 9″ active=”false”]Вашиот извор на богатство се состои во вашата строга љубезност. Постојано се обидувате да правите добрини во животот и сте пребирливи кога станува збор за изборот на луѓе, но зад вашата сериозност се крие топлината на вашата душа. За вас идеална работа би била во полиција или војска.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 10″ active=”false”]Изворот на вашето богатство е поврзано со градежништвото. Чувствувате потреба постојано да создавате нешто ново, нешто што ќе им служи на луѓето повеќе од една година. Од друга страна, вие сте сериозна и одговорна личност, знаете да бидете самокритични и да извлечете поука од сопствените грешки.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 11″ active=”false”]Вашиот потенцијален извор на богатство е сè што е поврзано со брзината. Тоа може да биде автомобилската или авионската индустрија. Вие сте модерна личност, па затоа ви е важна брзината, но и сигурноста и квалитетот. Понекогаш се чини дека сте целосно исцрпени и дека немате време за себе. Во таквите моменти дефинитивно ви треба пауза.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 12″ active=”false”]Вашиот извор на богатство се состои во радоста и топлината. Сепак, не фокусирајте се на малите нешта и оставете другите да го прават тоа. Вашата задача е да поттикнете идеи и да создадете основа за нивно реализирање. Иако можеби на почетокот вашите идеи нема да бидат уверливи за другите, сепак ќе успеете да им го докажете спротивното.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 13″ active=”false”]Изворот на вашето богатство е смислата за хумор. Вашето позитивно расположение и оптимистичка енергија не само што ќе ви помогне да најдете вистински пријатели, туку и ќе биде двигател на вашата кариера. Главен услов е да не претерате со шегите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 14″ active=”false”]Изворот на богатство за вас е секоја професија поврзана со чистотата и здравјето па затоа идеална работа за вас би била кариерата на лекар или научник. За вас е важно мислите да ви бидат чисти и да бидете морална личност. Строго ги осудувате оние кои лажат или прават лоши дела.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жаба бр. 15″ active=”false”]Изворот на вашето богатство се наоѓа преку морето, во некоја далечна земја. Морето отсекогаш играло голема улога во вашиот живот. Затоа, најдобро е вашата работа или хоби да бидат поврзани со вода. Можете да одите на часови за нуркање или да се занимавате со риболов.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест и да откриете која е вашата порака за 2022 година.rnrnИзвор: atma.hr
Tag: жаба
-

Тест: Изберете жаба и откријте каде лежи вашето богатство!
-

Вежба со 6 неверојатни ефекти: Забрзајте го метаболизмот и исфрлете ги тоскините
Положбата „жаба“ е ориентална вежба која се практикува уште од античко време и се користи за многу физички и психо-емоционални проблеми. Оваа вежба особено се препорачува кај луѓе кои страдаат од дијабетес, проширени вени, заболувања на зглобовите и рамни стапала. Целта на оваа вежба е да ја намали можноста за повреда и да има позитивен ефект врз сите луѓе, без оглед на возраста, полот и кондицијата. Исто така, оваа вежба е добра и за луѓето што постојано седат на работното место.rnrn
rnВежбата „жаба“ ги има следните ефекти:
rn
- rn 011
- ги истегнува и ги развива зглобовите на глуждот
- ги зајакнува зглобовите на колената
- помага при рамни стапала
- го подобрува метаболизмот и ги отстранува токсините
- ги опушта и ги зајакнува сите мускули
- помага во правилното држење на телото
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Контраиндикации:
rn
- rn 011
- хернија во препоните или стомакот
- пад на притисок
- сериозни повреди
- болка во ‘рбетот
- нарушена циркулација
- акутни заболувања или влошување на хроничните процеси
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnВо продолжение прочитајте како се изведува вежбата „жаба“.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
1. Класична жаба
rnЛегнете на стомакот и испружете ги рацете до телото. Свиткајте ги колената и обидете се да го допрете задникот со петиците. Ставете ги рацете на нозе. Полека кренете ги главата и градите нагоре. Малку притиснете ги нозете, повлечете ги кон задникот, а потоа обидете се да ги допрете колковите со стапалата.rn
2. Едноставна жаба
rnЛегнете на стомакот. Правете ја вежбата со едната нога, а другата нога е на подот и дланката потпрете ја на подот. Истегнете го телото нагоре, поткревајќи го карличниот дел од подот. Рацете и петиците се свртени надолу.rn
3. Жаба за почетници
rnЛегнете како во претходната вежба. Оставете ја слободната рака да лежи до вашето тело. Свиткајте се, потпрете се на подлактицата и подигнете го горниот дел од телото нагоре.rn
4. Обратна жаба
rnКлекнете на колена, а тие да бидат споени, раширете ги стапалата колку што ви е широка карлицата, а прстите да ви бидат наназад. Седнете помеѓу нозете со рацете на колената. Полека навалете го телото додека главата не го допре подот. Подигнете ги колковите и стапалата. Обидете се да ги допрете колковите.rn
Дополнителни совети:
rn
- rn 011
- Вежбајте во удобна облека без чевли;
- Изведете ги движењата полека и нежно за да избегнете истегнување на мускулите;
- Фокусирајте се на движењата и дишете полека.
rn 011
rn 011
rn
rnПогледнете како да вежбате според возраста и што да тренирате на триесет, а што на педесет години.
-

Магичниот минијатурен свет на жабите
Фотографот кој стои позади овие прекрасни и магични фотографии е талентираната Вил Мејер од Холандија. Овие слатки тропски жаби имаат посебно место во нејзиното срце. И покрај тоа што голем број луѓе ги сметаат за штетници, таа успева да ни ги покаже во едно сосема поинакво светло. За својата таа работа вели:rnrn
„Јас сум многу мала и во мојата работа исто така сѐ е мало. Го обожавам макрофотографирањето и се обидувам од секоја фотографија да направам еден мал сон.“
rn
rnrnЗа жал овој вид жаби моментално спаѓа во загрозените видови, особено во Западниот свет поради сите промени во климата и загадувањето на водата. Токму затоа Мејер се надева дека со својата работа ќе успее барем малку да им помогне на овие водоземни животни. Којзнае, можеби токму таму се наоѓа принцот кој го чека вашиот бакнеж! :)rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Загатка: Жаба во бунар
Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.rnrnПрвиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Помош:” active=”false”]Првичната мисла можеби не е точна.[/toggle_item]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Потребни ѝ се 28 дена. На 28-от ден ќе скокне три метри и ќе излезе, така што вечерта нема пак да се излизга надолу.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn -

Г. Совршен vs. Г. Реален
Сите имаме некаква замисла за тој некој совршен или пак, таа совршената. На листата на девојките најчесто оди: висок, развиен, богат… немам ништо против ако има кралско потекло. Пред некое време слушнав многу јака теорија (претпоставувам дека е „генијален изум“ на некој од писателите на книги за самопомош или солење памет од типот на „The Secret“): пробај на лист хартија да го нацрташ твојот совршен и ќе видиш дека ќе го запознаеш за брзо. Јас па мислев да нацртам некоја златна песочна плажа во Мексико и да ве поздравам, одам да се сончам!rnrn
rnrnИзраснавме во светот на Снежана и Пепелашка чекајќи го принцот со штиклата што совршено ни прилега и бранејќи се од женската конкуренција, што воедно отвара друга тема, но ви ветувам дека ќе ја зачнам некој нареден пат. Продолживме во светот на тинејџерството и филмовите адаптирани според новели на Николас Спаркс, за на крај како капак на сè да ни дојде „романтичниот“ серијал „Самрак“ со вампирот што светка на сончева светлина. Па во листата на многу девојки, совршениот ги доби токму карактеристиките на Едвард, (на кои патем, би им препорачала да ја прочитаат „Дракула“ на Брам Стокер, па да го запознаат „вистинскиот вампир“, а не американизираната верзија).rnrnИ така растеме и го чекаме совршениот дури не ни пукне филмот и не свикаме „Каде си бре непрокопсан еден, цел живот те чекам тебе!“ Едно интересно истражување покажало дека дури и жените кои се во брак не се откажуваат од идејата за совршениот, не престануваат да се надеваат дека ќе наиде некој подобар. Таа сонувала за лошо и бестрашно момче, за набилдан батка кој руши сè пред себе и откако видела колку е тежок за „скротување“ се одлучила за оној кој ѝ нуди смирен, семеен живот. Оној кој ќе биде добар татко но никогаш нема да ја возбуди толку, ниту пак ќе ја натера да копнее по него толку колку идеализираната илузија во нејзината глава. Мора ли така да биде? Какви се нашите очекувања? Кои ни се идеалите за совршен партнер? Дали некогаш просто бараме премногу?rnrnШто се случува кога сонуваме за некој од типот на Хју Џекмен и го добиваме но сепак не сме задоволни? Зошто? Можеби тој едноставно не бил оној кој вистински ни бил потребен.rnrnВрските се комплицирани и бараат работа, бараат компромиси и прифаќање на многу несовршености. Дали љубовните врски ги гледаме како обврска? Дали сонот и копнежот по совршениот или совршената е само изговор?rnrnМожеби некогаш вреди да се запрашаме дали ние ги исполнуваме сите критериуми кои би се нашле на нечија листа?rnrnНо ако ме прашувате мене, јас сакам луда љубов, слатко несовршена, сакам љубов исткаена во стихови, сокриена меѓу тревите под летната роса, толку жешка што ги топи сите снегови во душата. Сакам некој кој ќе му ја „изџвака“ душата на оној кој би пробал да ме повреди, кој ќе ме засркнува од смеење секој ден и ќе направи да се чувствувам безбедно и да спијам како бебе кога ќе падне ноќ. И нејќам да плачам на плитки романтични филмови, туку на раат да си се исплачам кога ја читам последната песна на Алан По за својата Анабела Ли. И не сакам мојот идеален да биде жаба, ни вампир, ни потомок на Елизабета II.rnrnМожеби вистинската грешка ни е што не знаеме да ја потцртаме таа линија, да ја видиме разликата меѓу совршениот кој го креираме како илузија во нашите глави, и реалниот, оној кој е тука, кој би сторил сè за нас, кој вистински постои и не е производ на нашата имагинација.rnrnЕлиrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Неверојатен боди арт инспириран од природата
Одличниот боди арт уметник Јоханес Стотер, умешно ги претопува неговите модели во опкружувањето, талентирано нанесувајќи боја на нивните тела. Тој го користи човечкото тело како платно за сликање, со цел да ги камуфлира во нивната околина и да направи тие да изгледаат како уникатни облици пронајдени во природата. Субјектите во неговата растечка колекција од креации, се претвораат во овошја, зеленчуци, дрвја, камења, жаби…
Секое дело коешто артистот го создава, претставува унија помеѓу човекот и природата. За неговото последно маестрално дело биле потребни 5 луѓе, внимателно искомпонирани во една рамка, за да формираат облик на жаба. Секој човек е позициониран толку совршено, што навистина е тешко на прв поглед да се увидат контурите на нивните поединечни тела.
Ѕирнете го и видеото најдолу, за да погледнете како 5-те луѓе се „расклопуваат“ од жабата. :)rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Модерните пријателчиња од зоолошката градина
Волкот е облечен како вистински џентлмен, прасето е спремно за „жежок“ состанок, носорогот е опасен тип во кожна јакна, коалата е спремна за на одмор, а жабата ве шармира со поглед. Погледнете ги овие слатки животни од зоолошка, кои навистина ја следат модата и сакаат да изгледаат добро.
Овие интересни фотоманипулации на различни животни се дело на графичкиот уметник од Барселона, Yago Partal. Печатени верзии од овие дотерани животни од зоолошката градина може да нарачате преку неговиот сајт ZOO Portraits.

















rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Животни кои го предвидуваат времето
Се верува дека постојат животни кои можат да го предвидат времето. Нивната моќ на предвидување има точност до 39%. Следете го однесувањето на следниве животни и дознајте каков ќе биде утрешниот ден.rnrn
Жаби
rnЖабите се едни од најгласните водоземци. Но, кога се најавуваат лоши временски услови, тогаш нивното крекање е погласно и подолготрајно од вообичаеното. Штом ќе слушнете дека звуците што ги испуштаат жабите се сè погласни, знаете дека се подготвува бура.
rnПтици
rnВо зависност од тоа како летаат птиците, лесно може да процениме колку лошо ќе биде времето. Се верува дека ако птиците летаат високо, временските услови ќе бидат поволни, но ако летаат блиску до земјата, времето ќе биде лошо, а воздушниот притисок ќе биде повисок од нормалното.
rnКрави
rnДури и земјоделците тврдат дека нивните животни можат да го предвидат времето. Според кажувањата, кога кравите ќе претчувствуваат лоши временски услови, тие стануваат немирни, нервозни, ги бркаат мувите со опашките или лежат на пасиштето за да си го зачуваат местото суво.
rnПчели и пеперутки
rnШтом забележите дека пчелите и пеперутките ги напуштиле цветните леи, може да очекувате лоши временски услови. Ако тие не се на своите вообичаени места, тоа е знак дека бурата веќе се подготвува.
rnОвци
rnКога овците ќе се соберат во стадо, набрзо ќе има поројни дождови. Кога овците претчувствуваат невреме, самите се собираат во стадо за да се заштитат едни со други.
rnБубамари
rnБубамарите го предвидуваат времето на многу едноставен начин. Ако забележите рој бубамари на едно место, тоа значи дека времето ќе биде топло. Од друга страна, ако забележите дека црните и црвените бубамари бараат засолниште, тоа значи дека нè очекува студено време.
rnМравки
rnКога се подготвува бура, црвените и црните мравки се тие кои први почнуваат да ги градат своите насипи за дополнителна заштита, па дури и ги затвораат дупките на своите засолништа. Затоа, ако забележите затворени насипи кои се повисоки од вообичаеното, подобро и вие да ги затворите прозорците од вашиот дом.
rnМрмоти
rnМрмотите се најпопуларните животни во Америка кои може да ги предвидат временските услови. Според американската легенда, најпознат мрмот е Фил од Пенсилванија. Ако Фил може да си ја види сопствената сенка, тоа значи дека зимата ќе трае уште шест недели, во спротивно се очекува да дојде пролетта.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Симпатични животни си играат со мобилни уреди
Автор: Петар ТодоровскиrnrnЛуѓето не се единствените кои сакаат да си играат на современите гаџети, бидејќи понекогаш и домашните миленичиња уживаат во играњето. Кога тие ќе се најдат во контакт со современ мобилен уред, не знаејќи дека она што го гледаат не е дел од нивниот свет, се однесуваат многу симпатично.
Папагалот создава музика за пијано на Ајпад, а притоа е збунет од она што го слуша.rnrnМајмун, кој сфатил како функционира екранот на допир, па решил да се испроба во играта „Angry Birds“…rn
rnОвој мајмун упорно се обидува да испрати СМС-порака преку Ајфонот на својот сопственик, во манир на многу луѓе кои несмасно ги користат мобилните уреди.rn
rnОваа мачка со ноктите бесно ги напаѓа плодовите кои треба да се соберат во играта „Fruit Ninja“.rn
rnЖаба се обидува својот оброк да го улови на Ајфон.rn
rnМало мајмунче срамежливо си игра со детски апликации на Ајпад.rn
rnМачката Иги трпеливо го лови глушецот на Ајпадот на нејзиниот сопственик.rn
rnКуче игра „Аir Hockey“ на Ајпад.rn
rn
rn
Овие не се единствените миленичиња кои знаат како да се забавуваат со модерната технологија. Овој гуштер лови виртуелни бубачки од мобилен телефон, надевајќи се дека конечно ќе го вкуси пленот.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Сте знаеле ли дека…
Светот на животните е многу интересен и разновиден. Секое животно си има свои специфики и карактеристики, а дел од нив ќе ги дознаете токму преку овие факти и занимливости.rn
1. Мечката има 42 заба.rn2. Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.rn3. Крвта на ракот е безбојна, но кога ќе биде изложена на кислород таа постанува сина.rn4. Најдолгиот регистриран лет на кокошка траел 13 секунди.rn5. Мачките имаат по 32 мускули во секое уво.rn6. Златната рипка ги гледа инфрацрвените и ултравиолетовите зраци.rn7. Коалите поминуваат 18 часа од денот во спиење.rn8. Жирафите можат сами да си ги чистат ушите, со својот долг јазик (над 50 сантиметри).rn9. Млекото од камила не се потквасува.rn10. Слонот спие само 4-5 саати во период од 24 часа.rn11. Жабите не можат да голтаат со отворени очи.rn12. Срцето на колибри чука повеќе од 1.000 пати во минута.rn13. Крокодилот не може да го мрда јазикот.rn14. Физички е невозможно свињите да погледнат нагоре.rn15. Белите мачки со сини очи се најчесто глуви.rn16. Мачките можат да скокнат 7 пати повисоко, отколку што им е долга опашката.rn17. Само женските комарци касаат.rn18. Во Индија живеат повеќе од 200 милиони крави.rn19. Фламингосите можат да ги свиткаат колената обратно.rn20. Скорпиите светат на ултравиолетова светлина.rn21. Животниот век на една верверица е 9 години.rn22. Жирафата може подолго да издржи без вода од камилата.rn23. Во светот има повеќе кокошки отколку луѓе.rn24. Игуаната може да издржи 28 минути под вода.rn25. Во просек кокошките несат по 228 јајца годишно.rn26. Животниот век на една мува е помеѓу 10 и 25 дена.rn27. Делфините можат да достигнат брзина и од 60 километри на час.rn28. Змиите се имуни на сите познати болести.rn29. Африканскиот слон има само 4 заба.rn30. Гепардот може да достигне брзина од 114 километри на час.rn31. Мачката ги користи своите мустаќи за да процени дали некаде може да ја собере.rn32. Полжавот може да спие 3 години.rn33. Јазикот на камелеонот е два пати поголем од должината на неговото тело.rn34. Китовите можат да пливаат наназад.rn35. Биковите можат да трчаат побрзо по угорница отколку по удолница.rn36. Забите на ајкулата се буквално цврсти како челик.rn37. Штурците имаат бела крв.rn38. Коските на гулабот тежат помалку од неговите пердуви.rn39. Пингвините се единствените птици кои не можат да летаат, но можат да пливаат.rn40. Фламингосите можат да живеат повеќе од 80 години.rn41. Полот на коњите може да се определи по нивните заби. Машките имаат 40, а женските 36.rn42. Пандите поминуваат 12 часа дневно јадејќи бамбуси.rn43. Потребни се 4 часа за да се свари јајце од ној.rn44. Повеќето птици дневно јадат, двојно повеќе отколку што тежат.rn45. Змиите не можат да трепкаат.rn46. Елените не јадат сено.rn47. Кожата на нилскиот коњ е дебела 3,8 сантиметри.rn48. Мравките можат да подигнат тежина 50 пати потешка од нив.rn49. Лавовите јадат еднаш во 3-4 дена.rn50. Пчелите имаат 4 крилја.rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

















