Семјуел Ор е екологист кој се занимава со правење документарни филмови за природата и има голем интерес за тајмлапс фотографирање. Неговиот прв обид да покаже како растенијата се менуваат во текот на една година довело до создавање на ова одлично видео кое многу брзо го привлекло вниманието на илјадници луѓе.„A Forest Year“ е направено од 40.000 фотографии во периодот од 15 месеци, составени во едно видео. Уживајте!rn
Тајмлапс видеата се еден од најпопуларните трендови периодов, а градот Њујорк отсекогаш бил најжешкото место за снимање поради неговата убавина. Семјуел Ор сакајќи да направи нешто многу покреативно го пренесе целиот концепт на сосема ново ниво со негово видео „New York Day“.rnrnrnrnФотографот се надева дека ќе создаде серија од тајмлапс видеа кои ќе го покажат вистинското светло на животот и луѓето во овој сјаен град. Секое видео е кратка приказна – луѓето „оживуваат“ наутро на својот пат, живеејќи го својот ден и потоа полека сè се стивнува во текот на вечерта – сè ова со цел да се покаже како изгледа еден просечен ден во Њујорк. Ор вели дека со вклучувањето на вистинските звуци од градот се овозможува „моментално искуство“, исто како вие токму сега да се наоѓате таму.rnrn
„Знае да биде малку тешко да се снима тајмлапс на место како Њујорк. Луѓето се предизвик, но генерално се добри, заинтересирани и од голема помош. Или бар не ве малтретираат – освен оној човекот кој беше загрижен затоа што сум правел многу фотографии од Empire State Building.“
rnПатот на Ор кон тајмлапс фотографијата бил неочекуван. Тој започнал како екологист, правејќи документарни филмови за природата. За тоа време, тој сфатил дека тајмлапсот е одличен начин да се демонстрира како пејзажите и растенијата се менуваат со тек на време.rnrnНо снимајќи во Њујорк, неговата перспектива за природата наспроти убавината на градот целосно се сменила.rnrn
„Гледајќи ја оваа снимка, сфатив дека пејзажите во градот се менуваат исто толку неверојатно како и оние природните.“
rnrnrnrnПланот на Ор е да направи повеќе тајмлапс видеа, фокусирајќи се на различни сезони во градот и потоа да го претвори видеото кое претставува еден ден во Њујорк, во видео кое ќе ни ги покаже сите промени на градот во текот на една година.rnrn
Mayeul Akpovi е фантастичен фотограф кој се занимава со time-lapse фотографија и креирање кратки филмчиња. Тој е роден во Република Бенин, Западна Африка, но моментално живее во Безансон, Франција. Восхитен од убавините кои ги нуди овој романтичен град, тој решил да сними прекрасни видеа, кои ја доловуваат убавината на раздвижениот Париз.rnrn rnrnВо неговото најново видео, употребил 3.500 фотографии од Париз кои сам ги фотографирал и потоа ги споил за да креира фантастично ремек-дело. Уверете се и сами во тоа:rnrn
Кога архитектонскатa компанија од Чикаго „Hartshorne Plunkard“ добила задача да претвори објект кој се наоѓа во реонот за месопреработувачка, во објект за производство на велосипеди, прво нешто што нејзиниот тим требал да стори, е да го одмрзне целиот простор. Откако бил користен како складиште за замрзнато месо во текот на цели 9 декади и поради лошо одржување, целиот ентериер на објектот бил целосно покриен со „вонземски“ мразулци.rnrnrnrnПред тимот да започне да ги одмрзнува дебелите слоеви мраз со пропански грејачи, фотографот Гери Џенсен ја искористил несекојдневната прилика да направи неколку одлични фотографии од надреалниот ентериер. Откако ќе поуживате во интересните фотографии, погледнете го и „time lapse“ видеото, за да видите како постепено се топел масивниот ладилник.rnrnrn
Колин Мика и Брендон Ведер од компанијата „All Cut Up Films“ се креаторите на ова уникатно видео, изработено во техниката „time-lapse“, кое го прикажува Лос Анџелес во текот на новогодишниот период.Ова е несекојдневно видео бидејќи сцените се прикажани погледнати низ сијалица полна со вода. Да, добро прочитавте, ова не е кристална топка, туку сијалица. Ѕвездичките, елките и срцињата кои ги гледате зад сијалицата, се всушност исечоци од хартија, а нивната намена е да постигнат „замаглен“ ефект. За видеото е користен апарат Canon 5D MII.Викендот и официјално започна, па крајно време е да се опуштите и да се порадувате што се ближи Нова година. Пуштете го видеово на цел екран и уживајте три минути во празничната магија во Градот на Ангелите.rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Со многу планинарење, користење технологии и разни трикови, норвешкиот фотограф Terje Sorgjerd успеал да ја прикаже убавината на светот, од сосема нова, модерна перспектива, која е сè уште непозната за многу очи. Тој се искачил 3.657 метри близу врвот на третата најголема вулканска планина Теиде во Шпанија, за да биде што е можно поблиску до божествената галаксија Млечен пат и нејзиниот раскош. Со професионален Канон фотоапарат, time lapse техника, минимална компјутерска манипулација и изобилство инспирација, Sorgjerd продуцирал краток филм во којшто ни ја прикажува фантастичната ѕвездена прекривка и движењето на светот внатре во неа. Брановидните облаци, блескавите ѕвезди и инспиративната природа која ја носи во себе пролетта, создаваат едно навистина неверојатно уметничко дело изработено во time lapse техника, кое на гледачите им создава подлабоко чувство за светот во кој секојдневно газат, преку неговите комплицирани, но совршени рајски облици.rnrnГледајте го видеово на цел екран и препуштете се на убавините на природата, кои овој фотограф ни ги преточил во 3 минути.rn
„Невиденото море“ (The Unseen Sea) е дело на фотографот и аниматор Сајмон Кристен кое претставува спој од повеќе фотографии, поврзани во едно фантастично time lapse видео (го прикажува одминувањето на времето), добро за око и за уво.
rn
rn
Сликите се направени во заливскиот предел на Сан Франциско во период од една година. Како музичка подлога за видеото е искористена песната Mary’s Songод Ник Кејв, од саундтракот на филмот „Убиството на Џеси Џејмс од страна на кукавицата Роберт Форд“ (The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford).
rn
rn
Гледајте го видеото со HD квалитет, попуштете го звукот и на цел екран уживајте во овие 3 минути.
rnrnrnУште две вакви ремек дела ќе најдете на официјалниот веб-сајт на авторот: simonchristen.com, додека љубителите на добрата фотографија можеби ќе сакаат да го ѕирнат и неговиот профил на Фликр.