КАФЕ ПАУЗА

Tag: Å koda

  • Порше Македонија претстави два нови модели на ŠKODA, новите KODIAQ и Octavia

    Порше Македонија претстави два нови модели на ŠKODA, новите KODIAQ и Octavia

    Порше Македонија, за љубителите на квалитетни автомобили со пристапни цени, претстави уште два нови прекрасни модели, со што и официјално започна продажбата на новиот Skoda Kodiaq и новата Skoda Octavia во Р. Македонија. Најновите модели на Škoda ги пренесуваат сите предности на брендот: модерен дизајн, карактер, извонреден внатрешен простор, практичност и иновативна технологија, која единствено може да се најде кај повисоките класи на возила.rnrn1-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mkrn

    „Глобалниот пазар наметнува едно силно темпо кое ние постојано го следиме во чекор, и кое е причина што новитетите кај нас никогаш не изостануваат. Напредната технологија и новите модели ги добиваме паралелно со нивните европски премиери и ви ги испорачуваме во истиот миг. За вас секогаш го испорачуваме најдоброто, последната технологија, најновиот дизајн, за вас критериумите ги поставуваме секојпат повисоко и одиме чекор подалеку, планираме повеќе отколку што замислувате, а достигнуваме и повеќе отколку што очекувате“ – изјави Генералниот Менаџер на Порше Македонија г-динот Златко Муцунски посакувајќи им добредојде на присутните.

    rn

    Притоа додаде: „Раскошни, безбедни и практични, совршено дизајнирани и прецизно изработени, нашите возила не се само превозни средства туку се ваш верен сопатник и сигурен партнер на сите патувања. Денес ќе ви пружиме не едно туку две нови задоволства. Таа (ŠKODA Octavia) – елегантна, атрактивна и освежена ќе ги измами вашите воздишки на прв поглед. Тој (ŠKODA Kodiaq) – моќен, впечатлив и самоуверен ќе ве освои и поведе во нови авантури.“

    rn2-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mkrn

    „ŠKODA со првиот голем SUV влегува во сосема нов сегмент и освојува нова група на клиенти. Новиот ŠKODA модел е навистина силен и го прави брендот уште попривлечен благодарение на новиот концепт, фасцинантниот дизајн, лесното поврзување, поголемата удобност, безбедност и информации во реално време. Технологијата која се вградува во KODIAQ е својствена за повисоката класа на возила, затоа новиот SUV на ŠKODA е на врвот во својот сегмент. ŠKODA KODIAQ нуди повеќе од 30 ‘Simply Clever’ решенија, од кои седум се сосема нови“ – истакна г-дин Миле Станчев бренд менаџер за ŠKODA и додаде: „Особена чест ми е да ви ја претставам и новата ŠKODA Octavia која ја започнува третата декада од својата успешна приказна со докажани предности и нови квалитети. Сеопфатното освежување на чешкиот бестселер се истакнува преку впечатливиот дизајн, рафинираниот амбиент и големината на внатрешниот простор.“

    rn6-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mkrnrnŠKODA KODIAQ ги нуди сите предности на брендот: добро обмислена функционалност, супериорен внатрешен простор и одлична вредност за парите. Најголем багажник во однос на конкуренцијата и опционален трет ред на седишта го прават новиот SUV идеален придружник кој ги задоволува секојдневните барања. ŠKODA KODIAQ е супериорен и кога станува збор за системите за помош на возачот, информативно забавниот систем и поврзувањето, моделот докажува дека Škoda има многу иновативни решенија, нудејќи технологија својствена за повисоката класа на возила, затоа KODIAQ е на врвот во својот сегмент. ŠKODA KODIAQ, го пренесува новиот дизајнерски јазик во SUV сегментот, а со тоа ја засилува емотивната моќ на брендот. Теренецот е погоден за бизнис патувања, но и за семејни дружења во слободното време, тој со леснотија вози надвор од патот. LED светлата доаѓаат како стандард во задниот дел и ја имаат карактеристичната C – форма типична за ŠKODA.rnrn3-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mkrnrnМоделот е достапен во 14 бои – четири стандардни и десет металик бои. Опремата варира во зависност од трите нивоа на опременост – Active, Ambition и Style. ŠKODA KODIAQ е долг 4.697 mm, широк 1.882 mm и 1.676 мм висок, меѓуоскиното растојание изнесува 2.791 mm. KODIAQ се базира на MQB платформата, а лесната конструкција игра важна улога. Јасниот надворешен дизајн е пренесен и во внатрешноста: двојните линии, со нивниот тридимензионален изглед ја истакнуваат инструмент таблата.rnrnБројни новитети овозможуваат дополнителна удобност, на пример кај предните седишта предвидено е загревање, вентилирање и електронско прилагодување, опција која вклучува и мемориска функција. Задните седишта на ŠKODA KODIAQ, исто така, нудат разновидни опции на преклопување и овозможуваат транспорт на предмети долги до 2,80 m. Уште две седишта во третиот ред се на располагање како опција – со што ŠKODA KODIAQ е првиот модел од поновата историја на брендот со 7 седишта. Кога станува збор за пространоста тука ŠKODA поставува стандарди, багажниот простор кај ŠKODA KODIAQ изнесува 720 l, а може да се зголеми до 2,065 l. KODIAQ го нуди најголемиот багажник во својата класа.rnrn5-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mkrnrnНовите „Simply Clever“ решенија кои се достапни со ŠKODA KODIAQ се уште еден доказ дека ŠKODA секогаш нуди автомобил кој вреди малку повеќе во однос на неговата цена – со системи за практичен и удобен секојдневен живот, типично за брендот. Ново „Simply Clever“ решение е заштитата од рабовите на вратите, кое се активира автоматски при отворање на вратата на автомобилот и спречува контакт со ѕидот на гаражата или соседните автомобили. Кога вратата се затвора, пластичните амортизери сами се повлекуваат. Со ова „Simply Clever“ решение ќе ги спречите ударите и гребнатинките на вашиот автомобил, како и оние на останатите паркирани возила.rnrn7-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mkrnrnИновациите продолжуваат и кај системите за помош на возачот тука се системот за влечење приколка, камери со приказ на просторот околу возилото, ретровизори со широк агол, Front Assist систем кој внимава на возилата и пешаците пред возилото, со систем за итно сопирање во градски услови, адаптивен темпомат, систем за движење во лента, систем за откривање на возилата во мртвиот агол, ŠKODA Connect Google Earth™ топографскиот преглед како и Google Street View™.rnrnСо лансирањето на новиот ŠKODA KODIAQ се вградуваат пет мотори, два дизел TDI и три бензински TSI мотори, со капацитет од 1,4 до 2,0 l излезна моќност која се движи од 92 kW (125 КС) до 140 kW (190 КС). Моторите со турбо директно вбризгување ги исполнуваат EU6 стандардите. Сите мотори имаат Stop-Start систем, со функција за обновување на енергијата при сопирање и моќен термо управувачки систем, кој придонесува за ниска потрошувачка и покрај големата моќност на моторите. ŠKODA KODIAQ зависност од моторот е достапен со повеќе различни менувачи. 6-степен мануелен менувач или DSG менувач со шест или седум брзини. Новиот 7-степен автоматски менувач со двојна спојка за прв пат се вградува со моќните мотори на ŠKODA со вртежен момент до 600 Nm.rnrn8-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mkrnrnŠKODA Octavia ги комбинира типичните предности на брендот и придонесе значително за растот на чешкиот производител со повеќе од 5 милиони продадени автомобили до денес. По сеопфатното освежување, третата генерација на моделот, кој беше воведен во 1996 година, уште еднаш ја нагласи врвната форма, како визуелно така и во поглед на технологијата. Во прилог на поголемата внатрешност и исклучителна вредност за вложеното, ŠKODA Octavia сега нуди повеќе системи за безбедност и поголем комфор, со што ја засилува својата одлична позиција во сегментот.rnrn9-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mkrnrnИзмени на дизајнот направени како дел од сеопфатната надградба на моделот овозможи ŠKODA Octavia да има дополнителни единици за осветлување во рамките на предните светла, со кристален изглед, динамичен и емотивен севкупен впечаток. Отсега новите LED светла се достапни со Ambition нивото на опрема. Покрај видливиот дел кај новата ŠKODA Octavia вградени се нови високо – квалитетни материјали, широк спектар на мотори: четири TSI бензински и четири TDI дизел мотори, DSG менувачи како опција достапни за речиси сите мотори, пет нови системи за помош на возачот со кои се зголемува удобноста и безбедноста, нов забавно – информативен систем, ŠKODA Connect – интернет услуги, забава, удобност и помош, како и неизбежните „Simply Clever“ решенија за секојдневна практичност.rnrn10-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

  • ŠKODA втора година по ред прогласена за најсигурен автомобилски бренд во Велика Британија

    ŠKODA втора година по ред прогласена за најсигурен автомобилски бренд во Велика Британија

    Врвните перформанси на автомобилите на ŠKODA ги потврди компанијата за истражување на пазарот „Ј.Д. Пауер“ во својата студија за 2016 година, за која беа анкетирани 13.000 сопственици на нови возила од Велика Британија.rnrnŠKODA втора година по ред прогласена за најсигурен автомобилски бренд во Велика БританијаrnrnŠKODA повторно е прогласена за најсигурен автомобилски бренд во Велика Британија. Овој врвен резултат втора година по ред го потврди компанијата за истражување на пазарот „Ј.Д. Пауер“ во својата студија за 2016 година. Дополнително, познатите модели на ŠKODA, Fabia и Yeti, добија највисоки признанија во своите класи.rnrnСтудијата на Ј.Д. Пауер за сигурноста на возилата (J.D. Power UK Vehicle Dependability Study – VDS) се спроведува веќе втора година. Таа се фокусираше на автомобили регистрирани меѓу 2013 и 2015 година, што значи на возила стари од 12 до 36 месеци. Ј.Д. Пауер собра одговори од над 13.000 први сопственици на автомобили низ Велика Британија, барајќи да ги образложат проблемите со кои се соочиле во изминатите 12 месеци. Студијата нотираше 177 проблеми поделени во осум категории, вклучувајќи ги: моторот и пренос, надворешност на возилото, возачко искуство, дисплеј и контролна табла, инфозабавен систем, седишта, климатизација и внатрешност на возилото.rnrnРангирањето на возилата во студијата е направено според бројот на востановени проблеми на 100 возила, при што помал број бодови значи поголем квалитет. Со само 66 поени, ŠKODA се пласираше на највисоката позиција, а второпласираниот автомобилски бренд заостана зад неа со 13 поени повеќе. Со овој резултат, чешкиот производител на автомобили го подобри својот минатогодишен резултат за 11 поени.rnrnДополнително, одличниот квалитет на возилата на ŠKODA го потврдија и сопствениците на поединечни типови автомобили од овој бренд. ŠKODA Fabia ја доби највисоката награда во класата на мал автомобил, додека ŠKODA Yeti доминираше во категоријата компактен SUV.rnrnВелика Британија е втор најголем автомобилски пазар во Западна Европа и четврт најголем во светот, поради што има клучно значење за автомобилскиот производител ŠKODA.

  • ŠKODA официјално возило на Мавровскиот велосипедски маратон

    ŠKODA официјално возило на Мавровскиот велосипедски маратон

    Во организација на велосипедскиот Клуб Енерџи – Скопје, националниот Парк Маврово и Општина Маврово – Ростуше, а поддржано од автомобилскиот бренд ŠKODA, на 12 јуни 2016 година по осми пат се одржа реномираниот „Мавровски велосипедски маратон“.rnrnskoda-oficijalno-vozilo-na-mavrovskiot-velosipedski-maraton-kafepauza.mkrnrnЗа љубителите на природата и на велосипедизмот возењето низ пределите на Маврово е вистински празник и задоволство, особено во овој период од годината.rnrnŠKODA е поддржувач на велосипедизмот во Македонија и интернационално, како дел од новата „GreenFuture“ стратегија, која има за цел производство на енергетски ефикасни возила и уште поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата, што индиректно придонесува и кон зачувување на животната средина. Осум години од спонзорството на Мавровскиот велосипедски маратон, повеќе од 10 години спонзорство на Тур де Франс, како и бројни други заложби ширум светот на велосипедизмот се одраз на специјалниот однос што ŠKODA го има со мобилноста на две тркала.rnrnДолгата историја на компанијата почна во декември 1895 година, токму со производство на велосипеди. Со пионерска иницијатива за производство на велосипеди, Лаурин и Клемент несомнено ги поставија темелите за успехот на брендот Škoda.rnrnНовиот ŠKODA Superb кој неодамна пристигна во Македонија и ја освои наградата „Автомобил на годината за 2016 година“ го придружуваше големиот маратон кој се вози на релација Маврово-Леуново-Сандакташ-Чавкарник-Лазарополе-Тресонче-Селце-Маврово, или вкупно 91 км. Победник беше Јован Рајковиќ кај мажите со време 04:25:44, додека кај жените првото место го освои Анита Величковска со време 05:49:50.rnrnВо прекрасниот амбиент на реканскиот крај, енергетски ефикасната ŠKODA Octavia, автомобил кој ја освои наградата „Автомобил на годината за 2014“, ги придружуваше натпреварувачите на малиот маратон. ŠKODA Fabia, пак, беше придружба на рекреативниот дел кој се возеше околу Мавровското Езеро.rnrnИ понатаму велосипедизмот останува многу важен столб во спонзорската стратегија на ŠKODA со која и интернационално се поддржуваат најзначајните велосипедски манифестации.

  • ŠKODA ќе промовира нов дизајнерски усовршен теренец на саемот во Женева

    ŠKODA ќе промовира нов дизајнерски усовршен теренец на саемот во Женева

    Дизајнот на ŠKODA VisionS е моќен и експресивен, а возилото е екстремно пространо со три седишта и должина од 4,70 метри.rnrn2-skoda-kje-promovira-nov-dizajnerski-usovrshen-terenec-na-saemot-vo-zheneva-kafepauza.mkrnrnŠKODA промовира возила кои се направени според новиот, модерен дизајнерски јазик на компанијата. Сосема новиот автомобил ŠKODA VisionS ќе биде изложен оваа година на меѓународниот автомобилски саем во Женева, со што се навестува како би можел да изгледа идниот SUV од Škoda. Дизајнот претставува одличен баланс на естетика, моќ и функционалност. Во последниве години, Škoda целосно ја обнови и прошири својата гама. Следната фаза подразбира и проширување на гамата во SUV сегментот.rnrn1-skoda-kje-promovira-nov-dizajnerski-usovrshen-terenec-na-saemot-vo-zheneva-kafepauza.mkrnrnŠkoda го претстави новиот дизајнерски јазик во 2014 година, со дизајн студијата VisionC. Брендот влегува во нова фаза претставувајќи нов концепт за идните автомобили во SUV сегментот. VisionS (“S” се однесува на SUV) покажува како ќе изгледа новиот SUV на брендот, кој ќе биде поголем од успешниот Škoda Yeti, со должина од 4.70 метри, ширина од 1,91 метри додека пак со висина од 1,68 метри новиот концепт доминира на патот. Во внатрешноста, Škoda повторно го нуди најпространото возило, една од карактеристиките на брендот кои го прават популарен: VisionS од Škoda има три реда седишта и нуди простор за шест патници.rnrnНадворешниот дизајн на ŠKODA VisionS ја отсликува новата емоционална привлечност на брендот: сите агли и линии се јасни, прецизни и остри; кристалните надворешни елементи го истакнуваат дизајнот. Взаемното дејство на светлината и сенките создава моќен ефект врз впечатливите површини.

  • ŠKODA Superb – Новата ера на ŠKODA

    ŠKODA Superb – Новата ера на ŠKODA

    Светска премиера на новиот знаменосец на ŠKODA во Прага

    rn3-skoda-superb-новата-ера-на-skoda-kafepauza.mkrn

      rn011

    • Свечено претставување пред 800 гости од целиот свет во „Форум Карлин“ во Прага
    • rn011

    • Полн со емоции: ŠKODA Superb го има новиот револуционерен ŠKODA дизајн
    • rn011

    • Целосно надграден: голема пространост и најдобро искористен внатрешен простор во класата
    • rn011

    • MQB технологија: оптимална безбедност, врвна грижа за околината и целосна поврзаност
    • rn011

    • Лансирањето на пазарот на третата генерација Superb е закажано за јуни 2015 година
    • rn

    rn1-skoda-superb-новата-ера-на-skoda-kafepauza.mkrnrnСпектакуларна светска премиера на најдобрата лимузина од ŠKODA во „Форум Карлин“ во Прага, ŠKODA Superb се појави под рефлекторите за прв пат и целосно го привлече вниманието на присутните. Новиот Škoda Superb го има новиот револуционерен ŠKODA дизајн. Галантни димензии, иновативни системи за помош и безбедносни системи, намалена емисија на штетни гасови и поголема удобност, нови моќни мотори со EU6 стандард. ŠKODA Superb ги поседува типичните „Едноставно паметни“ карактеристики кои го поместуваат знаменосецот на брендот во повисока автомобилска класа. Накратко: новиот ŠKODA Superb е најдобриот Superb кој досега бил произведен.rnrn2-skoda-superb-новата-ера-на-skoda-kafepauza.mkrnrn rn

    Извршниот директор на ŠKODA д-р Винфрид Валанд за време на претставувањето на новиот модел изјави: „Овој автомобил го означува почетокот на една нова ера за ŠKODA. Во последниве години, ние целосно ја обновивме и ја проширивме нашата гама. Новиот Škoda Superb ги покажува нашите аспирации за високата автомобилска класа. Во однос на креативноста и технологијата, достигнавме ново ниво, и воспоставивме нова позиција на Škoda, која го покажува патот по кој брендот ќе се движи во иднина. Овој фантастичен автомобил ќе привлече многу нови клиенти кон брендот ŠKODA“.

    rn4-skoda-superb-новата-ера-на-skoda-kafepauza.mkrnrnСветската премиера на ŠKODA Superb се одржа во „Форум Карлин“ во Прага, пред 800 високи гости од политиката, бизнисот и популарни лица од целиот свет. Новиот Škoda Superb беше ѕвездата на вечерта. Неговиот прв настап беше проследен со светската премиера на симфонијата „Superb“ која ја изведе чешката филхармонија. Потоа настапи легендата на сол музиката Chaka Khan и пејачка Аура Диона.rnrnŠKODA ја продолжува успешната приказна со третата генерација на Superb. До денес, од првата и втората генерација Superb беа испорачани вкупно 700.000 автомобили кон клиентите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пристигна SKODA Rapid Spaceback – новиот градски заводник

    Пристигна SKODA Rapid Spaceback – новиот градски заводник

    За комфорно и безбедно возење во кое ќе уживате

    rnОваа зима и македонските возачи ќе можат со своите семејства да уживаат во патувањето и зимскиот одмор со новиот автомобилски убавец ŠKODA Rapid Spaceback, благодарение на генералниот импортер за ŠKODA – „Porsche Macedonia“. Атрактивен и економичен, првиот хечбек модел во компактната класа на ŠKODA гарантира пријатно, едноставно и практично патување на радост на целото семејство.rnrnПристигна ŠKODA Rapid Spaceback – новиот градски заводник rnrnŠkoda Rapid Spaceback нуди комфорно место за пет лица и простран багажник со волумен од 415 литри, како и импресивен простор за нозете и главата, кои гарантираат пријатно возење. Овој компактен автомобил вклучува многу решенија како што е двоен под во багажникот на возилото кој го дели подот со две хоризонтални прегради кога е потребно, гребалка за мраз поставена во внатрешноста на поклопецот на резервоарот, многу држачи за различен товар, мрежи и прегради во багажниот простор, што на патниците им овозможува едно поинакво и поудобно зимско возење и големо олеснување во поглед на тоа дека можат да си ги понесат сите лични нешта неопходни за патување или пак уживање во зимскиот одмор. Со својата просторност, функционалност, како и со својот дизајн, несомнено поставува нови стандарди во својот сегмент и е идеален автомобил за младите луѓе и за семејствата.rnrnПристигна ŠKODA Rapid Spaceback – новиот градски заводник rnrnRapid Spaceback освојува уште од прв поглед со својот уникатен дизајн – комбинација од спортска свежина и динамична елеганција. Динамичната силуета на Rapid Spaceback ја одбележуваат јасни линии, динамични контури, како и посебни шик моменти кои го прават атрактивен и привлечен. Уште еден специјален детаљ кај овој автомобил е тоа што по желба може да се нарача и со панорамски стаклен покрив кој се протега од ветробранското стакло до прозорецот на петтата врата, со што е најголемиот стаклен покрив кој некогаш е понуден кај моделите на Škoda! Ова им нуди на патниците непречен поглед кон небото, доволно светлина во кабината и чувство за простор, како и слобода при возењето за кое само небото е граница!rnrnПристигна ŠKODA Rapid Spaceback – новиот градски заводник rnВнатрешноста е комфорна и елегантна, прегледна и надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни” решенија , корисни уреди кои патувањето го прават уште поубаво и позабавно.rnrnМоторите кои се вградуваат се четири бензински и две дизел верзии. Новиот Rapid Spaceback е опремен со безбедносната опрема која стандардно се нуди во моделите на ŠKODA, со бројни активни и пасивни безбедносни системи.rnrnŠKODA Rapid Spaceback е идеален автомобил за семејствата кои се во потрага по простран прв автомобил, кој ги комбинира достапната цена и познатиот квалитет на ŠKODA.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.