КАФЕ ПАУЗА

Tag: селење

  • Избегав од Македонија… четири пати: Што може човек да научи кога често се сели?

    Избегав од Македонија… четири пати: Што може човек да научи кога често се сели?

    Не сум ни прва ни последна што се иселила од својата родна земја, но сечија приказна е уникатна, па еве ја накусо мојата: Се преселив првпат пред 3 и пол години, не за да го барам спасот надвор од земјата, туку затоа што ни се пружи прилика со сопругот да видиме како ќе биде да се живее на друго место. Селењето не е само начин да се избега од актуелната власт, разочараниот народ и ниските плати. Тоа е воедно и можност да се искуси нова култура, да се научат многу нови работи и да се излезе од зоната на комфорот, што пак нѐ тера да си ги поместуваме сопствените граници секој ден.rnrnИзбегав од Македонија… четири пати: Што може човек да научи кога често се сели?rnrnНи повеќе ни помалку, нашата прва дестинација беше Виетнам, поконкретно градот Хошимин, кој порано го имаме слушано како Сајгон. Не се секирајте, војната таму е одамна завршена. Живеев во безбедна средина со тропска клима, необично сочно овошје кое како да постои со цел да овозможи разладување и освежување во секогаш топлите денови, и мирен и насмеан народ кој во секој момент е спремен да помогне, дури и кога има навидум несовладлива јазична бариера. Жешките денови почнуваа и полесно се поднесуваа со виетнамско кафе, заради кое нашето „турско“ воопшто не ми недостасуваше. Секогаш свежо подготвено, достапно во бутици, на тезги и во мали продавничиња кои личат на трафики, со мирис кој привлекува од далеку, засладено со густо млеко и многу коцки мраз.rnrnУбаво беше додека траеше, но заради сплет на околности после 14 месеци решивме да смениме локација, повторно менувајќи ја не само земјата туку и континентот. Слетавме во Калифорнија, во срцето на Силициумската долина, и тоа сега во комплет со нашиот мачор Тајланѓанец, но роден и израснат во Виетнам. Не можам да кажам дали Америка е навистина земјата на соништата, но Калифорнија сигурно личи така. Таму можете да живеете добро само ако добро заработувате, бидејќи животот е скап и се плаќа дури и за нешта за кои не би можеле да претпоставите. На пример, треба да одвоите минимум 50 долари месечно за кирија за вашиот миленик, кој живее со вас, во стан со една спална соба за кој веќе секако плаќате околу 3.000 долари. Се чини само воздухот е бесплатен во срцето на технолошките збиднувања. Но, секое вдишување под калифорниското сонце е бесценето – клима за секој љубител на топли денови, кои пак секогаш завршуваат со свежи ноќи за поубав сон.rnrnПа, можете да замислите каква промена е да се напушти вечното лето за берлинските густи облаци и честите долготрајни дождови. Третата дестинација беше европска, па нормално и искуството беше попознато, некако послично на нашето, но со народ со поинаков менталитет и каде што нештата се организирани и прецизно дефинирани со правила кои сите ги почитуваат.rnrnДа бидам искрена, ако климата не ви е проблем, не би имале причина да си заминете од Германија, посебно од прекрасниот мулти-култи Берлин. Ама нас не ни се учеше германски. 🙂 Шега на страна, околностите повторно се свртеа, приликите нѐ одведоа во Лондон, кој можеби го знаеме како врнежлив од филмовите, ама нас нѐ пречека со „пекол“ лето.rnrnИ така, сега повторно сум „надвор“, но се почесто се чувствувам како дома. Не беше отсекогаш така…rnrnИзбегав од Македонија… четири пати: Што може човек да научи кога често се сели?rnrnЕве што научив низ ова искуство…rnrnЛуѓето се селат од различни причини и не го доживуваат селењето на ист начин. Не се сите луѓе исти. Некои веднаш се навикнуваат и ја прифаќаат новата средина, на други им е потребно време. Некои никогаш не се навикнуваат, па одлучуваат да се вратат назад. Јас сум од оние на кои им треба малку време за да сфатат каде се наоѓаат, што да прават и како да се чувствуваат. Кога ќе се преселиш во четири различни земји во период од нешто повеќе од три години, резултатот е дека со секое следно селење станува полесно. Ако првиот пат ми требаа околу осум-девет месеци за да се почувствувам како дома, последниов пат доволни ми беа месец-два. Но, обратното се однесува на возбудата, првиот пат бев возбудена за селењето со месеци, последниов пат возбудата траеше… па, кратко.rnrnПовеќе пари не е еднакво на повеќе среќа. Парите навистина се неопходни за да се живее пристоен живот, ама тие не можат да надоместат за сѐ друго што не чини. Ако секој ден се чувствувате како да не знаете каде се наоѓате и зошто сте таму, џабе се тие повеќе пари што ги заработувате во туѓина. Домот е таму каде што е срцето, а по некое време талкајќи низ светот, може и да не знаете каде ви е срцето. За да бидете навистина среќни со повеќе пари, потребно е да можете да се пронајдете себеси во средината во којашто сте и дури потоа да откриете како да ги трошите заработените пари. Ако ви треба време за да дојдете до таа фаза, сосема е во ред.rnrnЖивотот во странство не е нужно подобар, но е различен. Различни се луѓето околу вас, не го зборуваат истиот јазик, немаат иста боја на кожата, иста култура на однесување, исти правила и закони. Па, наместо да се опседнувате со дневно-политичката ситуација во Македонија, пробувате да фатите чекор со нештата кои секојдневно се случуваат околу вас. Мора да дознаете од каде да купувате леб и млеко, како да плаќате сметки, да отворите сметка во банка, да користите јавен транспорт и слично. Мора да учите и да градите нови врски со луѓето, кои најчесто не го делат вашиот менталитет и вредности. Сите овие нови нешта ви го исполнуваат животот со нови ситуации со кои мора да научите да се справувате. Понекогаш и таму ќе се изнервирате, административниот работник и таму може да ви го уништи денот и газдата на работа да ви се „испонаша“ кога всушност не е во право. Во странство не носите фластер кој ве штити од повреди од луѓето околу вас. И таму, како и секаде, понекогаш е убаво, понекогаш не.rnrnУдобната зона е преценета, поудобно е надвор од неа. Како некој кој сака стабилност, сигурност и познати нешта, се гордеам со себе како се износев со овие чести промени. Обожавам да седам во удобната фотелја од која секоја глетка ми е позната и секој проблем решлив. Но, фотелјата не се селеше заедно со мене. Па, со тек на време сфатив дека всушност поудобно ми е кога постојано чувствувам некоја доза на неудобност. Таа мала неудобност ме тера да се обидувам да живеам најдобро што можам. Овде не ми е ништо сервирано, за сѐ морам да го направам првиот чекор.rnrnЖивотот на ново место додава содржина во животот и ја гради личноста. Знаете како погледот неконтролирано ви се вперува секогаш кога кај нас ќе видите човек од жолта или црна раса? Исто е и во земјите од каде што тие луѓе доаѓаат. Живеејќи меѓу жолти, ние белите луѓе стануваме центар на внимание на кои не им се радуваат само малите деца. Ние „дречиме“ со својата необичност, па нападните погледи, срамежливите насмевки и допирите од непознати луѓе стануваат вообичаени. Иако постои она што се вика културен шок и секому му треба различно време да ја апсорбира и потоа прифати различноста на културата околу себе, ова има и многу позитивни влијанија. Без разлика дали ќе се измешате меѓу луѓе со различна боја на кожата или различна култура, религија, менталитет… вие примате нешто од нив и учите да живеете со различното. А, тоа ве прави побогати како личности и поподготвени да се снајдете каде било потоа.rnrnНосталгија може да се чувствува дури и ако не сакате да се вратите назад. Без разлика дали ќе отидете да живеете некаде надвор од земјата на неколку години или ќе донесете одлука да се преселите и никогаш да не се вратите, едно е сигурно – луѓето кои го сочинувале вашиот живот дотогаш, не можете да ги земете со вас. Ќе ви недостигаат оние кои ви се блиски и ги сакате, па дури и оние кои само ги познавате. Ќе ви недостига чувството што сте го имале кога сте ги среќавале, кога сте го пиеле заедно редовното викенд кафе, кога биле тука за вас за да ви помогнат во неволја и кога сте биле вие таму за нив. Никој не може да ги замени луѓето кои ги имате во животот со нови. Вашите родители и блиски роднини, вашите другари и другарки кои ги знаете од основно, вашите колеги и колешки од факултет или оние од првата работа… Ќе запознаете многу нови луѓе, ќе се чувствувате многу побогато и поцврсто, но вашето срце ќе остане ранливо за единствената константа која сте ја имале во текот на животот – луѓето кои сте ги оставиле зад себе. Побогати сте за едно, посиромашни за друго. Животот изгледа секогаш наоѓа начин да остане во баланс. Инаку зошто би продолжиле да се трудиме да го живееме најдобро што можеме!?rn

    Пишува: Ирина Мицов

  • Како да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?

    Како да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?

    Кога се селиме во друг град или пак, во друга држава, често постои стравот дека таму ќе бидеме осамени и нема да имаме со кого да се дружиме и комуницираме. Ако тоа се случува поради студии, тогаш самиот образовен процес отвора нови шанси за комуникација и зближување со другите, но кога сме возрасни, тоа може да биде доста потешко.nnКако да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?nnДоколку новата локација е географски блиска до родната, секојдневното патување или враќањето за викенд е можно, но доколку се работи за подалечна дестинација, изолацијата и осаменоста може често да бидат дел од вашиот ден. На ова дополнитела тежина додава и фактот што, кога сме возрасни, веќе имаме воспоставено врски со одредени луѓе, па прифаќањето нови луѓе во животот може да биде комплициран процес, но не и невозможен. Обидете се да ги следите следниве совети доколку сте во ваква ситуација:n

    1. Не заборавајте на старите другари

    Пред да се впуштите во создавање нови пријателства, не заборавајте ниту на оние кои останаа во местото каде претходно живеевте. Слушајте се преку Скајп или Вибер, пишувајте си на Фејсбук, раскажете им го вашиот ден и не заборавајте да ги потсетите дека ви недостигаат. Никогаш не смеете да заборавите на оние кои биле со вас пред да свртите нова страница.n

    2. Излезете од комфорот на домот

    Вклучете се во активности во вашата населба или во општината, станете дел од некоја група, запишете се на часови за танцување и учествувајте во работилници. На овој начин ги зголемувате шансите да воспоставите нови пријателства, што нема да се случи ако останете дома.nnКако да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?n

    3. Користете ги социјалните мрежи

    Можете да го користите Фејсбук за да се зачленувате во групи, особено такви од локален карактер, каде ќе најдете истомисленици и потенцијални нови пријатели за вас. Можеби нема да прерасне овој контакт во вистинско пријателство, но никогаш не се знае за што може да ви бидат корисни овие луѓе.n

    4. Имајте стратегија

    Имајте на ум дека повеќето од луѓето кои ги среќавате веќе имаат пријатели (како што имате и вие дома), па затоа треба да внимавате да не бидете нападни во обидите за контакт. На почетокот, избегнувајте да ги каните дома, затоа што не знаете со каков тип на луѓе имате работа. Започнете со најобични средби во кафулиња или ресторани, пред да заклучите дали има основа за пријателство.n

    5. Не се плашете да побарате помош

    Процесот на адаптација во новото место може да биде доста тежок ако сте сами, без никој кого познавате. Осаменоста може да ви создаде анксиозност и депресивност, но вие никогаш не смеете нештата да останат такви. Побарајте помош од стручно лице или од група за поддршка. Можеби ќе најдете некој во слична ситуација како вашата и полесно ќе склопите пријателство.nnКако да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?n

    6. Почитувајте го правилото на три средби

    Создавањето врска со некого е долг процес и поради тоа треба да бидете сигурни дека се работи за нешто вистинско и издржано. Почитувајте го правилото на три последователни средби, после кои точно ќе знаете дали вреди да вложувате во некој однос. Тоа е доволно време за и вие и другата личност да заклучите дали сакате да воспоставите пријателство или друг вид однос меѓу вас, без да се плашите од отфрлање по некое време.n

    7. Бидете активни во новата околина

    Бидете добар сосед, учествувајте во хуманитарни акции, дознавајте за акциите за општествена работа и земете учество и таму. Ова можете да го правите уште од првиот ден во новото место. Одете во кафулиња и ресторани, шетајте во парковите и пазарувајте во локалните продавници. На овој начин вие успевате да бидете видливи за луѓето, кои во вас не само што ќе препознаат нов член на заедницата, туку и потенцијален пријател.nnПрочитајте и што ќе се смени во вашиот живот кога ќе се преселите во странство.

  • 5 причини зошто е добро да се преселите во непознат град

    5 причини зошто е добро да се преселите во непознат град

    Преселбите се тешки, особено доколку се одлучите да живеете во град каде што не познавате никого. Но, доколку си дозволите одреден период на адаптација и се препуштите на новите нешта што ги носи новото место, таквиот чекор може да биде најдобрата одлука што сте ја донеле во вашиот живот. Колку што се луѓето повозрасни, толку постресно го доживуваат преселувањето, иако годините никогаш не треба да бидат пречка за започнување нов живот и искористување на сите можности кои се отвораат пред вас.rnrnНо, доколку сте во вашите 20-ти и се двоумите дали да заминете во нов град, каде што можете да најдете нова работа, каде што ве чекаат нови предизвици и каде што темпото на живот целосно ќе ви се смени, сторете го тоа. Времето си минува, можете да останете уште долго во вашата удобна зона или да направите еден поголем чекор. Еве кои се петте причини поради кои е добро да се преселите во град каде што никого не познавате.rnrn(1) 5 причини зошто е добро да се преселите во непознат градrn

    1. Моќ да паузирате

    rnПреселбата во сосема нов град, каде што сте опкружени единствено со непознати луѓе, ви отвора можност да направите пауза во животот и да размислите до каде сте стигнале на приватен и на професионален план. Луѓето кои одлучуваат да започнат нов живот, во нов непознат град имаат време да се посветат на себеси, да се запрашаат што направиле, а што не направиле дотогаш во животот и кои им се новите цели кои сакаат да ги постигнат. Едноставно, за време на паузата имаат можност да размислат кои се нивните приоритети, да сменат одредени навики и размислувања и да започнат еден поинаков живот, кој можеби ќе ги направи и посреќни луѓе.rn

    2. Предизвик за вашата удобна зона

    rnСекој човек има некоја своја удобна зона од која што многу тешко може да излезе доколку нема доволно храброст и мотивација. Таму се чувствува безбедно и на секоја нова промена и нова одлука, којашто би му го сменила правецот на движење или одреден зацртан план, гледа како на одредена опасност. Со преселувањето во нов град, луѓето или работите на кои можете да се потпрете повеќе не се физички присутни. Вашето омилено место за излегување, чашата вино испиена со вашиот најдобар пријател во тешките моменти, вашето семејство, тоа се нештата кои многу ќе ви недостигаат. Но, дајте си време. Со преселувањето вие всушност ја проширувате вашата удобна зона и по некое време ќе бидете пријатно изненадени колку убави нешта и прекрасни искуства ќе ви понуди новиот град.rn

    3. Побрзо созревање

    rnСозревањето е процес којшто не е секогаш пријатен, но да бидеме искрени, тогаш човекот, преку своите грешки учи најмногу за себе и за светот. Преселувањето во нов град е пресвртница во која секако на крајот ќе бидете победник. Новото место и сосема непознатите луѓе ќе ве натераат да се запрашате кои сте и да откриете нови аспекти од вашата личност. Преселбата ќе ве направи посилни и посамоуверени, но секако ќе има и тешки моменти. Едноставно, прегрнете го новиот град и вашето ново искуство, а тоа ќе ви отвори нови патишта кон постигнување на зацртаните цели.rn

    4. Се проширува кругот на пријатели

    rnПреселбите со себе носат тешки моменти и носталгија. Но, придобивките од нив можат да бидат многу поголеми. Замислете колку нови познанства ќе стекнете во новиот град. Ќе се прошири листата на колеги, на пријатели, а ќе искусите и нова култура и обичаи за кои порано никогаш не сте слушнале. Новиот град ќе ви донесе нови пријателства кои ќе откријат нови аспекти од вашата личност, а ќе се прошират и границите на вашиот свет и начинот на кој ги гледате нештата. Секако, новите пријателства не можат да ги заменат вашите другари од детството и луѓето кои имаат посебно место во вашите срца, но можат да внесат поголемо искуство и нови знаења во вашиот живот.rn

    5. Независност и слобода

    rnКога се преселувате во сосема непознат град ќе бидете оставени сами на себе. Така ќе научите подобро да ги користите своите способности и самите да се снаоѓате во најразлични ситуации. Ќе се изненадите колку многу нешта можете да направите без ничија помош, за што претходно не сте биле свесни. Новиот град ќе ве научи повеќе да верувате во себе. Преселувањето ќе ви даде една нова слобода, којашто доколку ја искористите на правилен начин ќе ви овозможи незаборавно патување кон вашите нови успеси.

  • Туѓинци: 6 знаци дека веќе не припаѓате во вашиот роден град

    Туѓинци: 6 знаци дека веќе не припаѓате во вашиот роден град

    Без разлика дали некое време живеете и учите/работите во друг град или само размислувате за оваа идеја, постојат неколку знаци кои можат да ви укажат дека повеќе не припаѓате во градот во кој сте израснале. Вие се чувствувате затворено, не знаете што да правите, сметате дека вашиот живот тргнал во спротивна насока од оној на вашите врсници кои пак, ве убедуваат дека вие сте оние кои се смениле многу. Па, доколку се сомневате дека е време да се преселите и да ја барате вашата среќа на друго место, погледнете ги следниве знаци кои ќе ви помогнат да сфатите како навистина се чувствувате.rnrnТуѓинци: 6 знаци дека веќе не припаѓате во вашиот роден градrn

    1. Чувствувате како да немате што да правите

    rnАктивностите кои еднаш сте ги сметале за интересни, го изгубиле својот жар или пак, ви делуваат како да сте ги надраснале. Вие не сфаќате како сите околу вас пораснале, но сè уште јадат во истите ресторани или пак, излегуваат на истите места. Зарем на никој друг освен вас не му здодеало да ги прави истите работи 20-тина години по ред? Можеби вашата екстремна досада ќе ве натера да станете креативни. Вие никогаш не сте читале многу, но книгите имаат потенцијал да ви го привлечат вниманието. Којзнае, можеби дури и ќе почнете да плетете. Но, и покрај сè, нема да можете да го игнорирате недостатокот на забава во вашиот град.rn

    2. Повеќе не си одговарате со вашите пријатели од средно училиште

    rnСте забележале како сите сè уште зборуваат за истата стара драма? Искрено, вие воопшто не се грижите кој од вашата генерација стапил во брак или раскинал по долга врска, но сепак вашите пријатели не зборуваат за ништо друго. Вие постојано ги гледате истите статуси и твитови кои се шират меѓу вашите пријатели, но овие информации воопшто не допираат до вас. Без разлика дали навистина Даниела го изневерила Роберт, вие ни најмалку не сте заинтересирани да ги продолжите озборувањата. Доколку не е ваш живот, не е ни ваш проблем.rn

    3. Изгледа дека ви се случуваат многу повеќе нешта отколку на луѓето околу вас

    rnКога ќе се видите со пријателите и ќе почнете да им објаснувате што ви се случило во последно време, понекогаш се чувствувате како да се фалите пред нив. Ова исто така може да придонесе за претходната точка и уште повеќе да се разделите од вашите најблиски. Од друга страна почнувате да чувствувате и вина, па затоа и не знаете како да се однесувате покрај нив. Многу нешта се смениле за вас и вие едноставно сте продолжиле понатаму. За разлика од другите, кои ви делува како да стојат во место. Токму затоа и тие можеби ќе ве нарекуваат зборлести, што само дополнително ќе ве оддалечи од нив.rn

    4. Не сте заинтересирани да ги посетувате вашите стари места исполнети со многу спомени

    rnПотсетувањето на минатото ви изгледа бесцелно бидејќи не гледате на својата младост како на „најубавите денови од вашиот живот“. Вие сте фокусирани на тоа што го правите сега и воопшто немате време ни да погледнете кон назад. Зошто да одите во стариот парк кога можете да посетите некое ново место? Целата носталгија која вашите пријатели ја доживуваат во однос на средното училиште за вас е несфатлива. Зарем ништо друго не им се случило во нивниот живот што би можело да ги надмине овие чудни тинејџерски години? Или пак, тие едноставно не се подготвени да продолжат натаму со својот живот?rn

    5. Вашиот град ви делува како да е исполнет со луѓе кои се или помлади или постари од вас

    rnКога се шетате низ вашиот роден град, вие забележувате дека сите околу вас се премногу млади или премногу стари. Тоа ве тера да се запрашате каде исчезнале другите личности од вашата генерација, бидејќи вие едноставно не можете да ги најдете. Токму затоа и почнувате да имате чудни мисли, додека ги гледате младите како трчаат наоколу и се запрашувате дали и вие сте биле толку здодевни кога сте биле помлади. Потоа го насочувате своето внимание кон оние кои живееле во вашиот град повеќе од 50-тина години и се прашувате дали и вие ќе станете како нив. Изгледа никој не е на истото место каде што сте вие и тоа ве тера на сериозно размислување.rn

    6. Луѓето ви велат дека им делувате различно

    rnМожеби еден од најголемите симптоми дека повеќе не припаѓате во вашиот роден град е доколку тоа директно ви го кажуваат вашите најблиски. Тие забележуваат колку сте се промениле и како сте продолжиле со вашиот живот, а вие се согласувате со нив. Можеби на почетокот ова ви делувало навредливо, но многу брзо сте сфатиле дека тие се во право. Нема ништо лошо при селењето и наоѓањето место надвор од градот каде што сте пораснале. На крајот од краиштата, постои причина зошто ви доаѓа желба да го напуштите ова место…

  • 18 причини за веднаш да се преселите во Барселона

    18 причини за веднаш да се преселите во Барселона

    Мислите дека животот во Барселона не би ви бил убав? Прочитајте ги овие причини предложени од локалните жители на овој град и размислете уште еднаш.rnrn18 причини за веднаш да се преселите во Барселонаrn

    1. Има медитеранска клима

    rnМедитеранската клима која владее во Барселона носи постојано сино небо, благи и кратки зими и жешки лета. Кога локалните жители велат дека времето е студено во јануари или февруари тоа значи дека температурите се пониски од летните, но и понатаму има сонце.rn

    2. Улиците се задоволство за пешаците

    rnТротоарите се широки, насекаде има клупи за одмор и дрвја кои прават сенка. Познатата улица Ла Рамбла е рај за пешаците и еден од симболите на градот.rn

    3. Градот е рај и за велосипедистите

    rnОдличната клима, само малкуте нерамнини и внимателноста на архитектите го прават овој град погоден за велосипедистите. Велосипедските патеки секогаш биле во мислите на оние кои го граделе градот.rn

    4. Има одличен јавен сообраќаен систем

    rnАко не ви се пешачи ниту ви се вози велосипед, во Барселона пак не ви е неопходен автомобил. Градот има неверојатно развиен и евтин јавен сообраќаен систем.rn

    5. Фиеста

    rnТаму секоја вечер е добро време за фиеста, но она вистинското се случува при крајот на летото кога маалата во Барселона се претвораат во место за 24-часовни улични забави. Цело маало е убаво украсено во традиционален стил, а луѓето излегуваат на улица каде што се дружат, пијат и танцуваат.rnrn18 причини за веднаш да се преселите во Барселонаrn

    6. Има плажи во центарот на градот

    rnОние кои работат во центарот на градот имаат доволно време да направат пикник на некоја од плажите кои се наоѓаат во близина пред одморени да се вратат на работа.rn

    7. Во близина има уште поубави плажи

    rnНедалеку од градот има одлични песочни плажи, многу барови на плажите и многу забава.rn

    8. Евтино пиво

    rnЕдно евро е доволно за да купите пиво од уличен продавач. Нив ги има буквално секаде, од парковите, преку плажите, па сè до тротоарите.rn

    9. Некои делови од градот имаат мирен селски шмек

    rnСелата кои ја опкружуваат оваа метропола веќе се спојуваат со градот, но и понатаму се трудат да си го задржат стариот дух. Во некои од нив локалците сè уште говорат за „одење во Барселона“ кога треба да излезат од нивниот кварт.rn

    10. Имаат празник на слатките

    rnЕдно од тие села кои веќе се дел од градот е Грасија. Она што тие си го имаат зачувано од традицијата е празникот на слатките кој се одржува на 3 март секоја година. На тој ден луѓето парадираат на отворени автобуси или коњи и фрлаат слатки на толпата која ги следи отстрана. Луѓето си носат чадори со нив, но наместо за одбрана тие ги користат за собирање слатки така што ги обрнуваат наопаку.rnrn18 причини за веднаш да се преселите во Барселонаrn

    11. Пинг-понгот е право на сите

    rnГрадот е полн со маси за играње пинг-понг. Сè што ви треба е палка и противник.rn

    12. Архитектурата на Гауди

    rnНе се политичарите тие кои решаваат што ќе се гради во Барселона, а што не, туку архитектите и уметниците. Антонио Гауди е човекот кој има оставено најсилен печат врз преубавиот магичен изглед на овој град.rn

    13. Има многу плоштади

    rnАко тие се вашето омилено место за собирање и забава, Барселона е полна со мали и големи плоштади. Тие се исполнети со кафулиња и ресторани со големи тераси.rn

    14. Тибидабо

    rnОд која било точка на градот можете да ја видите црквата на планината Тибидабо, а навечер е величествено осветлена. Веднаш до неа има и голем забавен парк.rnrn18 причини за веднаш да се преселите во Барселонаrn

    15. Бројни културни настани

    rnВо Барселона има толку многу различни културни настани што никогаш нема да успеете да посетите од сите по малку. Меѓу другото се одржуваат и бројни каталонски традиции како градење човечки кули, артисти кои вртат огнови над нивните глави и луѓе маскирани како огромни кукли кои шетаат низ градот.rn

    16. Имаат алтернатива на Свети Валентин

    rnКаталонците на 23 април го слават денот на Сант Жорди, празник на кој момчињата на девојките им подаруваат роза, а девојките ним им возвраќаат со книга. И овој празник денес веќе е многу комерцијализиран.rn

    17. Фудбалскиот клуб

    rnЗа локалците е „повеќе од клуб“ затоа што е симбол на нивната борба за независност и секој натпревар на клубот е посебен настан во градот.rn

    18. Одлична кујна

    rnВо Барселона ќе најдете сè што е убаво од шпанската и каталонската кујна. Има многу голем број ресторани, а дел од нив важат и за некои од најдобрите во цел свет. Дури и поевтините ресторани нудат многу вкусна храна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земји

    16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земји

    Доколку размислувате за промена на местото на живеење, сигурно ќе ве интересираат овие 16 причини тоа да биде некоја од нордиските земји. Данска, Норвешка, Шведска, Финска и Исланд располагаат со нешта со кои малку земји можат да се пофалат.rnrn16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земјиrn

    1. Прекрасна природа

    rnСеверот на Европа располага со неверојатна природа. Секој пејзаж е толку живописен што изгледа како да не е на оваа планета. Некои научно-фантастични филмови чии дејства се случуваат на други планети се снимаат на Исланд, а покрај тоа тука се и норвешките фјордови, финските езера, поларната светлина…rn

    2. Најсреќните луѓе на светот

    rnПостојат некои мерења за тоа колку се среќни луѓето од разни делови на светот, а нордијците доминираат овде. Сите пет се во најдобрите десет. Причините кои носат толку среќа како последица се стандардот на живеење, должината на животот, правото да се направи слободен избор во многу сфери на животот и државната поддршка за населението.rn

    3. Луѓето јадат често и обилно

    rnЛуѓето во овие земји јадат доста обилно. Храната која ја консумираат е здрава и квалитетна, а и можат да си ја дозволат поради високиот животен стандард. И покрај тоа воопшто не се дебели поради тоа што многу се физички активни. Многу ги користат велосипедите, а покрај тоа кај нив популарни се некои исцрпувачки спортови како хокеј на мраз или скијање. Друг фактор е тоа што поради студената клима им е потребна повеќе храна.rn

    4. Парламентот е полн со жени

    rnНордиските земји ја имаат можеби најеманципираната женска популација на светот. Тие немаат квоти за пополнување на Парламентот со жени, туку тие сами се изборуваат за своите мандати. Тоа се должи на нивната активна вклученост на пазарот на трудот, одвоеноста на државата од црквата и развојот на системот на социјална благосостојба. Инаку околу 40% од пратениците припаѓаат на понежниот пол.rnrn16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земјиrn

    5. Речиси и нема корупција

    rnСпоред индексот на Transparency International за корупција, Данска е најмалку корумпирана земја во светот, а и Финска, Норвешка и Шведска се исто така меѓу првите пет. Колку за споредба, Македонија е на 64-то место.rn

    6. И татковците земаат долго породилно отсуство

    rnТамошните власти и работодавци знаат дека на детето и на мајката потребно им е и таткото да биде во нивна близина непосредно по породувањето. Норвешка е првата земја во светот која го вовела ваквото правило во 1977 година. Денеска, обата родители заедно имаат право на 47 недели породилно отсуство, од кои 14 се загарантирани за таткото. Во Финска таткото има право на најмалку 54 денови отсуство, а во Шведска тој број е 60. Овие денови можат да се искористат додека детето не наполни осум години.rn

    7. Бејби боксот во Финска

    rnФинците имаат една прекрасна традиција поврзана со идните мајки која веќе е озаконета. Секоја бремена жена од државата добива кутија полна со работи кои му се неопходни на малото бебе за да преживее, како облека, кремови и слични работи. Иако според стандардот тоа таму секој може да си го дозволи, државата ја продолжува оваа традиција на покажување внимание за мајките.rn

    8. Извонреден образовен систем

    rnНордиските земји ги имаат најдобрите образовни системи во светот. Тие не ги тераат децата да повторуваат по наставникот, туку им даваат време да се пронајдат себеси во системот, да истражуваат, иновираат и фантазираат. Овие земји секогаш се првите во светот кои ги имплементираат најновите научни откритија од областа на образованието и тоа добро им се исплати. Повеќе за образовниот систем во Финска прочитајте на овој линк.rnrn16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земјиrn

    9. Новинарите се слободни

    rnСите пет нордиски земји се на врвот на листата по новинарски слободи на „Репортери без граници“. Според оваа организација, овие земји имаат добри закони кои успеале да се претворат и во култура на однесување. Пак за споредба, Македонија е на 123-то место.rn

    10. Либерално општество

    rnКако што веќе споменавме, нордиските земји важат за доста либерални, пред сè поради еманципацијата на жените и одбивањето на влијанието на црквата. Тоа се огледа и преку фактот што тие се меѓу првите во светот кои ги легализирале партнерствата на хомосексуалните двојки. Првата воопшто во светот била Данска со 1989 година. Нордиските земји се меѓу првите кои ја легализирале и проституцијата.rn

    11. Казнувањето

    rnОвие земји, особено Норвешка и Шведска, секогаш се првите во светот кои воведуваат револуционерни методи на казнување. Тие се доста полабави со санкционирањето на погрешното однесување и не се фокусирани кон одмазда на сторителот, туку кон негова рехабилитација. Кога некој оди во затвор во некоја од овие земји, тој ја губи само својата слобода, а не и својата безбедност и можност да биде здрав и да одржува лична хигиена. Затоа тие имаат помали казни и сè помала стапка на криминал и прекршоци.rn

    12. Рециклирањето е религија

    rnНордиските земји си го рециклираат сето ѓубре кое го создаваат и го претвораат во енергија или во нови производи. Како прво, тие не ги фрлаат отпадоците насекаде туку ги селектираат, а втор важен фактор е тоа што таму тоа е доходовен бизнис. Шведска, на пример, не само што успева да го рециклира сиот свој отпад, туку и увезува по 800.000 тони отпад годишно од други европски земји со цел да го преработи во нешто друго.rnrn16 причини за веднаш да се преселите во некоја од нордиските земјиrn

    13. Музика

    rnНа нивната музичка сцена има од сè по нешто. Имаат доста развиена рок и метал сцена, вклучувајќи бендови како ХИМ и Најтвиш, необични пејачки како Бјорк, па сè до славни мејнстрим диџеи како Авичи. Меѓу другото, заразени се со Евровизија.rn

    14. Филмови

    rnЖителите на овие земји се привилегирани и можат во нивните кина да гледаат некои од нивните за нас непознати, но прекрасни филмови. Нивната филмска продукција располага со емоционални драми и крими трилери кои се поразлични од холивудските и имаат некој специфичен шмек кој ги прави посебни.rn

    15. Кампувањето е слободно и бесплатно

    rnЗа разлика од повеќето земји во светот, во нордиските земји можете да поставите шатор каде што ќе посакате и полицијата нема да ви прави проблем заради тоа. Дозволено е да правите што сакате во шумите сè додека тоа го правите одговорно.rn

    16. Дедо Мраз живее во нивниот крај

    rnНеговото село се наоѓа на крајниот север, во Лапонија. Кој не верува може да го посети и да се увери.

  • Како да опстане врската на далечина?

    Како да опстане врската на далечина?

    Вашиот партнер добил супер понуда за работа во друг град или држава. Многу го/ја сакате и сте решени да пробате со врска на далечина. Сите кои пробале, знаат колку може да биде тешка. Многупати ќе се прашувате каде е, што прави, дали му/ѝ недостигате и дали мисли на вас. Ако навистина го/ја сакате, немојте да дозволите далечината да ви ја уништи врската. Погледнете ги советите од оние кои успешно ја „преживеале“ врската на далечина.rnrnkako-da-opstane-vrskata-na-dalechina-kafepauza.mkrn

    1. Создадете основни правила

    rnРазговарајте за сè отворено и искрено. Однапред создадете неколку основни правила како: дали може да се гледате со други личности, колку често и кога ќе се слушате, во кои ситуации задолжително ќе се гледате.rn

    2. Комуницирајте

    rnВрската без меѓусебна комуникација не може да успее. Затоа, секојдневно разговарајте и кажувајте му/ѝ сè што ви се случило. Докажете му дека мислите на него/неа и дека ви недостига.rn

    3. Фотографирајте се

    rnБидејќи не можете физички да го минувате времето заедно, фотографирајте се додека сте на кафе со пријателите или во некоја друга ситуација, па потоа пратете му/ѝ ги фотографиите. Ова ќе го/ја расположи.rn

    4. Планирајте средби

    rnКолку и да е добра вашата комуникација, некогаш ќе биде потребно да го видите. Испланирајте кој кого ќе посети и држете се до ветувањето.rn

    5. Договорете се во исто време да гледате серија или филм

    rnОва е едноставен начин да се поврзете додека сте со километри разделени. Пуштете серија или филм кој ви се допаѓа, а потоа кога ќе заврши споделете си ги импресиите како кога би биле заедно.rn

    6. Прифатете ја несигурноста

    rnКога ќе бидете еден до друг, сè може да ви биде напнато и чудно како на почетокот на врската. Можеби ќе се запрашате дали сè уште го/ја сакате и дали оваа врска е вредна за вашиот труд. Овие мисли се нормални, но по неколку часа ќе се сетите на сите убави моменти кои сте ги поминале заедно.rn

    7. Изненадете го/ја

    rnЗамислите го изразот не неговото/нејзиното лице кога ќе чека повик од вас, но наместо тоа вие ќе се појавите на неговата врата! Изненадете го/ја, сигурно ќе биде пресреќен/на.

  • Олеснете ја преселбата: 4 совети кои е добро да ги запомните

    Олеснете ја преселбата: 4 совети кои е добро да ги запомните

    Автор: Софија СионоваrnrnПреселбите се напорни, здодевни, исцрпувачки и се троши многу време на нив. Ако се селите првпат може да бидете многу неорганизирани. Еве неколку совети за преселбата да биде песна.rnrn200270148-001rn

    1. Однапред испланирајте

    rnОва е најважно и најочигледно правило при преселување. Сепак, ова не важи само за големи преселби, кога ги молиме сите кои ги познавате да ви помогнат. Вистинскиот план се состои од листи и распореди како и испланирани оброци. Напишани,  а не да лебдат во вашата глава. Вака ќе останете организирани, нема да заборавите на ниеден детаљ и ќе успеете мирно да се преселите, што е права реткост.rn

    Овие неколку работи исто треба да ги земете предвид:

    rn1. Кој и кога може да ви помогне околу преселбата? Распрашајте се по пријателите (ветете им пица и пиво) и ставете ги на смени. Затоа што колку и убаво да звучи, многу се мали шансите некој навистина да остане цел викенд вам да ви помогне.rnrn2. Испланирајте ги првите неколку дена (недели) откако ќе се пресилите. Реално, секој момент кога не работите ќе се обидувате да го вклопите животот во новото место на живеење и ќе потрошите многу време на организација во просторот. Важно е да се наполните со енергија и однапред да испланирате што ќе јадете.rnrn3. Кои предмети ви се веднаш потребни? Помислете на полнач за телефон, четка за заби, шишето вино… Ќе сакате овие работи да ги земете веднаш со вас за да не ги изгубите во текот на преселбата.rn

    2. Направете листа кој треба да биде известен

    rnКолку и да мислите дека најважни се само поштата и мајка ви, постојат многу луѓе/институции кои мора да бидат известени за вашата преселба. Направете листа на луѓе на кои би им била потребна вашата адреса. Тука се вашите најдобри пријател/ки  и банката, но тие не се единствените кои треба да го знаат вашето ново месото на живеење. Веднаш променете ја вашата адреса на сите места каде што била старата. Кога веќе ќе се сместите во новиот дом, веднаш јавете се на луѓето од списокот или пак пишете им имејл во кој ги известувате за вашето ново место на живеење. Потоа уживајте во топлината на новиот дом.rn

    3. „Пролетно“ чистење

    rnПреселбата во ново место е веројатно и најдобриот изговор кога станува збор за ослободување од непотребните работи. Тука спаѓаат книгите, чинии и сѐ останато што секојдневно не го користите. Одредете време и направете распоред за секоја соба. Кога ќе соберете сѐ што не ви е потребно, тогаш можете:rn

      rn011

    • Да направите забава за разменување со другар(к)ите.
    • rn011

    • Да заработите некој денар од продажба на тие предмети меѓу познаници или огласувајќи ги онлајн.
    • rn011

    • Да ги подарите ги во хуманитарни организации.
    • rn

    rnИскористете ја ваквата можност за да направите попис на сето она што го поседувате. Колку го користите на месечна, неделна или дневна база. Ако акумулиравте многу работи со текот на годините и ви треба повеќе време да смислите што да им направите, тогаш подарете ги некому. Вашето „ѓубре“ може да биде нечие богатство.rnrn2-olesnete-ja-preselbata-kaepuazarn

    4. Истражете го вашето ново маало

    rnПред да се вселите, истражете го вашето маало. Запишете ги најблиските продавници, ресторани кои би сакале да ги пробате, паркови за рекреација. Доколку имате можност истражете го маалото уште пред да се вселите. Направете листа на местата кои често би ги посетувале и запиштете интересни места кои би сакале да ги истражите. Така, сигурно добро ќе се вклопите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеалниот град според хороскопскиот знак

    Идеалниот град според хороскопскиот знак

    Без разлика дали сте во потрага по добра дестинација за одмор или размислувате за преселба во друга држава, прочитајте на кои урбани места, астрологијата вели дека со сигурност максимално ќе уживате. Некои тропски места е жалосно да не ги посетите барем еднаш во текот на животот, други се прекрасни за живеење, а трети нудат неверојатни прилики за забавување и веселба. Погледнете кое место ви одговара најмногу на вашиот карактер.rnrnИдеалниот град според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnСекогаш ќе има нешто ново и возбудливо за истражување во Сиднеј, Австралија за вас. Овој град располага со екстремни, авантуристички спортови како парасејлинг, сурфање на ветер со едрилица и лудо возење со скутер на вода, кои дефинитивно ќе го раздвижат адреналинот низ вашите вени. Ако сте желни за малку нуркање под вода, можете да го посетите и Големиот корален гребен, кој не е многу далеку од Сиднеј и да уживате во чувството на возбуда и страст.rn

    Бик

    rnЗа правилно да го негувате вашиот вкус за сензуално уживање, упатете се накај Франција, најдоброто место за храна во светот. И покрај тоа што посетата на Париз, ви е дефинитивно „играње на сигурна карта“, можеби ќе уживате и во Лион, третиот најголем град во Франција. Како надополнување на извонредните ресторанчиња во кои има прекрасна храна, ќе имате можност и да пазарите во повеќе од 40 маркети и да ги пробате најсвежите продукти во регионот.rn

    Близнаци

    rnЗа да ја задоволите вашата незаситна потреба од добар хумор и забава, посетете го Чикаго. Веќе половина век, градот успева да ги насмее до солзи посетителите на комичните шоуа и неверојатните стенд-ап изведби на најдобрите американски комичари.rn

    Рак

    rnАмстердам е најсовршеното дискретно и мирно место, за вас и вашето семејство. Со неговите кривулести канали, улици прилагодени за велосипедисти и раскошни зелени предели, вие ќе се чувствувате како дома. Релаксирачка тура по каналите, ќе ја расположи целата семејна екипа, особено навечер, кога рефлексијата од градот во водата, создава „хипнотизирачки“ ефект.rn

    Лав

    rnДоколку сакате максимално да си ја наполните душата, посетете го Токио, каде можете да се изнапеете од срце, во некој од најпознатите караоке-барови. Замолете некој од вашите пријатели да ги сними најлудите моменти со видеокамера, за кога ќе се вратите дома, да составите една ваша лична дигитална приказна, со која ќе се пофалите на семејството и блиските.rn

    Девица

    rnПодобрете го вашето здравје во прекрасниот град Будимпешта, Унгарија. Таму можете да изберете некој од дузината спа-центри и да уживате во бањите кои се полнат со вода од подземни топли минерални извори. Некои од нив нудат фитнес-програми, во комбинација со фантастични третмани за лекување на болки во кој било дел од вашето тело. Градот е исто така познат по доброто вино, кое доколку го консумирате во умерени количини, е исто така многу здраво.rn

    Вага

    rnНаполнете си ги батериите со егзотичната уметност во Бали, во средината на месец јуни, кога целиот остров го празнува Фестивалот на уметноста на Бали. Лоциран во малиот град Денпасар, едномесечниот спектакл на традиционална музика и игра, е проследен со непрестаен перформанс и публика од целиот свет.rn

    Скорпија

    rnСамо една локација ќе ги исполните вашите соништа – Рио де Женеиро, најсексапилниот град на светот. Доколку појдете за време на карневалот во февруари, ќе можете да се приклучите на една од веселите самба-паради. Ако тоа не е за вас, опуштете се на некоја од песочните плажи, во кој било период од годината и набљудувајте ги прекрасните тела кои „парадираат“ околу вас.rn

    Стрелец

    rnКоцкарот во вас најверојатно размислува за Лас Вегас, но тоа е толку клише, нели?! Макао, Кина го зема приматот на најголем центар за коцкање во светот. Патувањето ќе вреди за секој денар што ќе го потрошите, а во спомен ќе ви останат бизарните сценски настапи и будалштините кои ќе ги видите таму.rn

    Јарец

    rnБидејќи вие сте вредна личност, која работи напорно за да заработи пари, посетете го Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, кој е еден од најбогатите градови во светот. Таму, просечниот граѓанин вреди повеќе од 15 милиони американски долари. Запознајте се со некој од нив и појдете на луд шопинг во Дубаи, кој се наоѓа во близина.rn

    Водолија

    rnГрадот кој вие сакате да го посетите, треба да е либерален и политички коректен, па токму затоа Портланд, Орегон е идеалното место за вас. Овој среден по големина град, е одлично место за живеење и дружење и воедно е водечки во САД во рециклирање, користење алтернативни горива, велосипедски патеки, урбани зелени предели и што ли уште не.rn

    Риби

    rnВие имате две опции. Првата опција ви е Хонолулу, Хаваи, местото кое преку целата година ви нуди незаборавно пливање, нуркање, сурфање на ветер со едрилица и тотално уживање. Доколку пак, само сакате да си ги „наполните батериите“, појдете во Седона, Аризона, кој ја претставува „Мека на новото време“, а таму ќе им се воодушевувате на фантастичните пејзажи и неверојатните црвени карпи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.