КАФЕ ПАУЗА

Tag: ‘рчење

  • Вежби против ‘рчење: Зајакнете ги мускулите во грлото и ослободете ги дишните патишта

    Вежби против ‘рчење: Зајакнете ги мускулите во грлото и ослободете ги дишните патишта

    Имате проблеми со ‘рчењето? Тоа може да го наруши квалитетот на вашиот сон, бидејќи доаѓа до стеснување на дишните патишта поради несоодветна позиција за време на спиењето. Покрај вашиот сон, рчењето влијае и на сонот на најблиските и сигурно веќе знаете дека воопшто не е пријатно кога тие ви велат дека повторно не спиеле поради вас. Но не грижете се – постои решение!rnrnrnrnПробајте да ги правите овие специфични движења со јазикот со цел да ги зајакнете мускулите на дишните патишта и да овозможите подобар проток на воздух. И секако, не заборавајте да избегнувате спиење на грб бидејќи во таа позиција мекото ткиво се повлекува и смета при дишењето.rnrnОтворете ја устата, па поместете ја долната вилица кон десно и кратко задржете ја во таа позиција. Повторете пак, само на другата страна.rnrnИзговарајте ги гласно сите самогласки, по ред – А, Е, И, О, У околу три минути. Повторувајте го ова неколкупати во текот на денот.rnrnПоставете го врвот на јазикот зад горните предни заби и повлечете го наназад. Останете во таа положба 30 секунди, па вратете назад. И оваа вежба повторувајте ја околу три минути, неколкупати дневно.rnrnЖените откриваат: Која машка навика во спалната соба ги нервира повеќе од ’рчењето?

  • Лек против ‘рчење: Пијалакот кој ќе ви ги реши ноќните маки

    Лек против ‘рчење: Пијалакот кој ќе ви ги реши ноќните маки

    ‘Рчењето е проблем со кој се соочуваат луѓе од скоро сите возрасти. Причинителите можат да бидат различни, а еден од најчестите е болест на слузницата на носот. Ако сакате да се ослободите од ‘рчењето на вкусен и здрав начин, додадете го овој супер брз пијалак кој е готов за миг.rnrn0-lek-protiv-rchenje-pijalokot-koj-kje-vi-gi-reshi-nokjnite-maki-kafepauza.mkrnrn’Рчењето е нарушување на дишењето кое го предизвикуваат разни фактори. Освен девијација на носниот канал, тоа може да го предизвикаат и вишокот килограми, лошата перница и душек, затнатата или сува слузница во носот.rnrnНа ова нарушување влијае и исхраната, хроничните воспаленија на синусите и сувиот воздух – ова се најчестите причинители на ‘рчењето. Ако и вие патите од затнат или сув нос или густ слуз кој е невозможно да го издувате, време е да го пробате овој едноставен и природен пијалак против ‘рчење.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 моркови
    • rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 1 парче ѓумбир (колку нокот од палецот)
    • rn011

    • 1 лажица лимонов сок
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМорковите и јаболката добро измијте ги, а ѓумбирот излупете го. Ставете ги сите состојки во соковник. Првиот ден сокот пијте го наутро, пред ручек како и пред вечера. После тоа доволно е една чаша дневно. Сокот ќе ги ослободи дишните канали и ќе ја нормализира слузницата – со тоа ќе го спречи ова ужасно нарушување.

  • 3 едноставни домашни рецепти против ‘рчење

    3 едноставни домашни рецепти против ‘рчење

    ‘Рчењето е непријатна појава која може да влијае врз сонот, да предизвикува болки во грлото и да ги полуди сите останати луѓе во близина. Тоа е предизвикано од страна на вибрации од мекото непце и ткивата во грлото, носот и усната шуплина. Па, доколку сакате на природен начин да се справите со него, погледнете ги овие 3 едноставни и евтини домашни рецепти…rnrn3 едноставни домашни рецепти против рчењеrn

    1. Нане

    rnОваа билка ги отвора каналите во носот и грлото и со тоа го олеснува дишењето, што е многу важно доколку сакате да го ублажите ‘рчењето. Во 230 милилитри млака вода додајте три капки етерично масло од нане и пред спиење направете гаргара. Повторувајте ја оваа постапка секојдневно, сè додека не забележите подобрување.rn

    2. Маслиново масло и мед

    rnМаслиновото масло го опушта ткивото и го намалува отокот на слузницата. Исто така, тоа го намалувањето триењето кое е предизвикано со вибрациите на ткивата поради кои ‘рчиме. Пред спиење, во половина супена лажица мед додадете половина маслиново масло и испијте ги пред спиење. Повторувајте ја постапката секоја вечер.rn

    3. Кардамом

    rnСемките од оваа билка отсекогаш се користеле во индиската кујна, но покрај пријатната арома во храната, тие имаат и огромни здравствени придобивки. Кардамомот ја разредува слузта и го олеснува дишењето. Во 230 милилитри млака вода додајте половина лажичка кардамом во прав и добро измешајте. Испијте ја оваа напивка половина час пред спиење.

  • Како ’рчи секој хороскопски знак?

    Како ’рчи секој хороскопски знак?

    Штом ќе влезат во спалната, ќе го изгаснат светлото и ќе се пикнат во постелата, хороскопските знаци ’рчат секој на свој начин.rnrnКако ’рчи секој хороскопски знак?rnrnОвните ’рчат многу гласно и нападно. Интензитетот е таков што нема шанси да заспиете.rnrnБикот го „краси“ мирно и упорно ’рчење. Не се ни обидувајте да ги разбудите.rnrnБлизнаците ќе ’рчат додека не ги растресете за да престанат. Тие тогаш ќе престанат, но ќе продолжат веднаш штом се опуштите и го свртите грбот.rnrnРаковите не можат да спијат мирно без своето ’рчење. Заземаат одбранбен став ако се обидете да ги натерате да се справат со тој проблем.rnrnЛавовите не ’рчат, тие ’ржат. Вие можете да ги снимите за да им покажете колку се гласни и дека не ви е лесно покрај нив, но тие ќе бидат горди на своите звуци.rnrnПокажете им на Девиците снимка на која се слуша како ’рчат и тие веднаш ќе најдат неколку причини за загриженост поради овој проблем.rnrnВагата ’рчи гласно, но уметнички. Звукот што тие го испуштаат е еден вид свирка на планетите.rnrnСкорпиите се неверојатно здодевни кога ’рчат. Ќе се прашувате дали некогаш тоа ќе заврши за да можете да склопите очи.rnrnСтрелците ’рчат гласно, па уште погласно, а кога ќе им кажете дека биле гласни тие ќе ве прашат како сте се забавувале.rnrnМоже да се рече дека ’рчењето на Јарците звучи цврсто и стабилно. Ништо не може да го сруши.rnrn’Рчењето на Водолијата, „носачот на вода“ во зодијакот, звучи како течење на вода од чешма. Дури и додека спие е оригинална.rnrnРибите ’рчат и сонуваат гласно, а ако ги разбудите во првиот момент ќе се прашуваат кој е тој убав и мистериозен свет во кој се разбудиле.

  • Природен напиток против ‘рчење од ѓумбир и моркови

    Природен напиток против ‘рчење од ѓумбир и моркови

    Освежете се со цеден сок од овошје и зеленчук пред спиење и ќе имате мирен сон и вие, и оние со кои го делите креветот

    rn1-priroden-napitok-protiv-rchenje-od-gjumbir-i-morkovi-kafepauza.mkrnrnЛуѓето кои редовно конзумираат свежи сокови, повеќе користат овошје одошто зеленчук во своите напитоци. Меѓутоа оние кои имаат проблем со холестеролот, дијабетес или висок крвен притисок, би требало да водат сметка за балансот. Тоа значи дека не треба да користат повеќе овошје, туку повеќе зеленчук за својот освежителен напиток.rnrnДоколку имате проблем со ‘рчење, навечер избегнувајте тешка и пржена храна, алкохол, преработена храна и млечни производи. За поефикасен мирен сон, напијте се освежителен напиток. Се препорачува да користите органски плодови.rnrn2-priroden-napitok-protiv-rchenje-od-gjumbir-i-morkovi-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 парче ѓумбир
    • rn011

    • ¼ лимон
    • rn011

    • 2 органски моркови
    • rn011

    • 2 органски јаболка
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешјате ги сите состојки, исцедете ги и направете сок. Откако ќе го испиете овој освежувачки напиток, не ви преостанува ништо друго освен долго и мирно да се изнаспиете.rnrn3-priroden-napitok-protiv-rchenje-od-gjumbir-i-morkovi-kafepauza.mk

  • Како рчи патка?

    Како рчи патка?

    Познато е дека рчењето не е својствено само за луѓето. Многу животни исто така рчат, но ќе се изненадите дека тоа го прават и патките, и тоа на ултрасмешен начин. Неодамна се појави видео на Јутјуб, кое веднаш стана интернет хит, бидејќи прикажува патка која „плива“ во царството на соништата, проследено со спектакуларно рчење, кое дефинитивно нема да ве остави рамнодушни. :)rnrn

  • Како никогаш повеќе да не ве заболи глава?

    Како никогаш повеќе да не ве заболи глава?

    Апчињата против главоболка се добри за да помогнат во повремените случаи кога ќе се појави главоболка, но доколку тоа e секоја недела или секој ден, тогаш ви е потребно поздраво и поквалитетно решение. Прочитајте ги овие научно докажани стратегии кои можат да ја олеснат, а дури и да ја елиминираат вашата хронична главоболка.rnrnКако никогаш повеќе да не ве заболи глава?rn

    Отворете го прозорецот

    rnКога сите прозорци во вашиот дом се затворени, внатрешните нивоа на мувла, парфеми, чад и други надразнувачи почнуваат вртоглаво да се зголемуваат и го зголемуваат интензитетот на главоболката кај 1 од 4 лица кои страдаат, вели истражувањето на Универзитетот Џонс Хопкинс. Наједноставно решение на овој проблем е ширум да отворите неколку прозорци, за да излезат надвор тие загадувачи на воздухот. Нека бидат отворени доволно време за да влезе свеж воздух во домот. Доколку времето е ладно, затворете ги и за кусо време повторно отворете ги, за да циркулира свежиот воздух во вашиот дом, објаснува авторот на студијата.rn

    Консумирајте малку ѓумбир

    rnДодадете ½ кафено лажиче ѓумбир во прав во вашата дневна исхрана и можете да ги сотрете дури и хроничните главоболки за само една седмица, велат истражувачите од Меморијалната болница Манчестер, во Конектикат. Причината за тоа велат дека лежи во состојката гингерол. Данските истражувачи го посочуваат ѓумбирот како моќен антивопспалителен корен, кој хемиски слично реагира на блокирањето на главоболката како дејството на леукотриени во мозокот, состојка која е присутна во аспиринот.rnrnСовет: консумирајте го ѓумбирот, додавајќи го како зачин во помфрит, ориз, супа, сосови или едноставно сварете го како чај.rnrnКако никогаш повеќе да не ве заболи глава?rn

    Носете очила за сонце

    rnЕдна од три главоболки е предизвикана или зголемена од нагло изложување на сончеви зраци, велат истражувачите од Универзитетот во Калифорнија. Причината за тоа лежи во тоа што кога светлосните зраци ќе удрат во деликатната ретина во вашите очи, тоа ги активира мозочните нерви за болка. За да не ве заболи глава, ставете очила за сонце пред да излезете надвор во сончевите денови, дури и доколку мислите дека не ви се потребни во моментот.rn

    Мирисајте етерично масло од мандарина

    rnПотрошете по една минута, три пати дневно, релаксирајќи се со вдишување на слаткиот мирис на мандариновото масло и со тоа можете да го намалите ризикот од тензична главоболка за само една седмица, велат истражувачите од Универзитетот Стенфорд. Ароматичните својства на мандарината го успокојуваат централниот нервен систем, ги опуштаат затегнатите вратни жили и мускулите околу скалпот, а воедно и ја поттикнуваат продукцијата на гама-аминобутерна киселина, која ја намалува болката, вели авторот на книгата „Осум недели до вибрантно здравје“. Одличен лек против главоболка е и чајот од лопен, кој ги стеснува крвните садови и го спречува мускулното воспаление.rnrnКако никогаш повеќе да не ве заболи глава?rn

    Загрејте ги мускулите пред спортување

    rnСпоред истражувачите од Колумбискиот Универзитет, една од четири главоболки на кои се склони жените, се случува како резултат на влетувањето во енергични вежби на телото, без претходно загревање на мускулите. Причината за тоа лежи во рапидната промена во протокот на крв, која може да предизвика болно отекување на крвните садови во мозокот. За да го спречите овој проблем, поминувајте ги првите 10 минути од вашите вежби со полежерно темпо и постепено зголемувајте го интензитетот, велат истражувачите од Колумбија.rn

    Почесто јадете вегетаријански оброци

    rnКога жените во своите оброци консумираат големи количества овошје, зеленчук, зрнеста храна и житарки, појавата на главоболка се намалува за 70%, а доколку сепак се јават болки, тие се за 66% пократки и полесни, велат докторите од Универзитетот Лома Линда во Калифорнија. Оваа здрава храна, содржи стотици природно антивоспалителни состојки, кои брзо ја спречуваат главоболката.rnrnКако никогаш повеќе да не ве заболи глава?rn

    Станете кога првпат ќе заѕвони алармот

    rnНаспијте се убаво, но не се оптегнувајте долго во креветот. Според истражувачите од Универзитетот во Тексас, 79% од оние кои боледуваат од главоболка се посклони на болка, доколку премногу долго се излежуваат во креветот, дури и ако спијат речиси ист број часови секоја вечер. Исто така, менувањето на часот на будење, има огромно влијание врз функциите на мозокот и грчењето на крвните садови.rnrnСовет: наместете го будилникот да ѕвони приближно во исто време секој ден, дури и за време на викендите.rn

    Погрижете се за вашето ‘рчење

    rnРечиси 30 милиони Американци се борат со апнеата – кратки паузи во дишењето во текот на спиењето, коешто предизвикува гласно ‘рчење, чувствување замор во текот на денот и непријатни утрински главоболки. Тие прекини во дишењето му овозможуваат на јаглеродниот диоксид да се задржи низ крвотокот, а самото тоа е моќен предизвикувач на главоболка, објаснуваат истражувачите од клиниката „Columbia-PresbyterianEastside“. Доколку ви имаат кажано дека гласно ‘рчите или прекинувате неколку секунди да дишете додека спиете, пријавете го тоа кај вашиот доктор. Ако се погрижите за ‘рчењето, утринските главоболки ќе исчезнат за 2 дена, тврдат колумбиските истражувања.rnrnКако никогаш повеќе да не ве заболи глава?rn

    Консумирајте мелатонин

    rnДури и доколку немате проблеми со ‘рчењето, можеби е паметно да консумирате природен помошник на добриот сон. Во едно бразилско истражување е откриено дека кога пациентите кои се склони на мигрена пиеле по 3 мг мелатонин, 30 минути пред да си легнат, зачестеноста на нивните главоболки и нивото на болката се преполовило. Кај едно од четири лица, овој едноставен третман ги избришал мигрените од нивниот живот, за само три месеци. По сѐ изгледа овој хормон кој го потпомага спиењето, го спречува и еден од најголемите предизвикувачи на мигрената, а тоа е количеството на сон кое луѓето го имаат секоја вечер.rn

    Потрошете 30 минути дневно на себе

    rnПронајдете 30 минути секој ден за да се релаксирате и опуштите, и ударите во вашата глава може да се намалат за половина за само 2 седмици, велат истражувачите од универзитетот Јута. Наполнете си ја кадата со миризлива купка, длабоко дишете, вежбајте јога, дремнувајте и вметнете ја секоја активност која ве релаксира во вашиот секојдневен распоред.rnrnКако никогаш повеќе да не ве заболи главаrn

    Кога е време да се посети доктор?

    rnДоколку ниедно од овие решенија не го решава и вашиот проблем, вие веројатно имате мигрена и треба да посетите доктор, кој ќе ја земе под своја контрола. Обратете се на доктор доколку:rn

      rn011

    • Вашата главоболка трае 4-72 часа.
    • rn011

    • Болката би ја опишале како пулсирање или чукање во главата.
    • rn011

    • Вашата главоболка се влошува кога правите ненадејно движење (како на пример кога се наведнувате да земете нешто од подот).
    • rn011

    • Чувствителни сте на светлина и/или звук, или чувствувате мачнина додека имате главоболки.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за устата

    Интересни факти за устата

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnЛуѓето со потесно непце се посклони кон ‘рчење. Додека спијат, потешко им поминува кислородот преку носот, па затоа доаѓа до оваа непријатна појава.rnrnВо текот на спиењето, еден од осум луѓе ‘рчи, а еден од десетмина чкрипи со забите.rnrnИнтересни факти за устатаrnrnНа храната ѝ се потребни само 7 секунди од устата преку хранопроводот да стигне во желудникот.rnrnПостојат околу 9.000 рецептори во устата. 3.000 од нив се наоѓаат на површината на јазикот. Рецепторите за вкус содржат хеморецептори. Тие реагираат на хемикалии од храна и други супстанци кои се разградуваат во плунката и можат да го задржат вкусот во устата дури до 10 дена.rnrnЖенските имаат повеќе рецептори од машките.rnrnИнтересни факти за устатаrnrn50% од бактериите во устата живеат на површината на јазикот. Кога се бакнувате, може да добиете 265 видови бактерии од вашиот партнер.rnrnИнтересни факти за устатаrnrn85% од луѓето можат да го свиткаат својот јазик во облик на цевка.rnrnСекој човек има единствен отпечаток на јазикот, исто како и отпечатоците на прстите.rnrnАко вашиот јазик е многу сув, вие нема да можете да разликувате вкусови. Затоа пијте доволно вода.rnrnИнтересни факти за устатаrnrnЗа да почнете да зборувате потребно е да активирате 72 мускули.rnrnНајсилниот мускул во човечкото тело е јазикот (во однос на мускулите со слична големина). Тој е единствениот мускул кој е прикачен за телото само со едниот крај.rnrnИнтересни факти за устатаrnrnЛуѓето кои ја користат десната рака, несвесно и храната ја џвакаат на десната страна во устата, а леваците, на левата.rnrnВо устата на еден човек, во текот на животот се лачат околу 37.854 литри плунка или 1,5 литри на ден. Таа е неопходна за да можеме да го почувствуваме вкусот на храната. Додека храната не се разгради во нашата уста, ние не можеме во целост да го почувствуваме нејзиниот вкус и да уживаме во него.rnrnИнтересни факти за устатаСетилото за вкус е најслабото од петте сетила кај човекот.rnrnЛековите, пушењето, недостатокот на витамини, повредите на главата, тумор на мозокот, како и изложеноста на хемиски материјали и радијација може да го оштетат сетилото за вкус.rnrnИнтересни факти за устата
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да престанете со ‘рчењето?

    Како да престанете со ‘рчењето?

    Доколку страдате од ‘рчење, секоја вечер пропуштате квалитетен дел од вашиот сон и го нарушувате одморот на партнерот и на вашето семејство. Проблемот со кој се соочуваат сите кои ‘рчат, не е причината зошто го прават тоа, туку како да престанат да го прават истото засекогаш. Покрај операција, има и неколку природни и безопасни методи кои можете да ги примените за да го решите вашиот проблем.rnrnКако да престанете со ‘рчењетоrn

    Зошто ‘рчиме?

    rnДа поедноставиме, луѓето ‘рчат поради блокирање на дишните патишта. Блокирањето може да се создаде поради преголемо опуштање на мускулите на грлото и јазикот. Ова полесно може да се случи доколку пред заспивањето сте консумирале одредена доза алкохол или пак некои апчиња.rnrnИсто така, оние чие меко ткиво на задниот дел од устата е поголемо, можат да имаат проблеми бидејќи тоа им ги блокира дишните патишта. Индивидуално, лицата со поголема тежина и подебели вратови се склони кон оваа непријатна навика, повеќе од останатите.rnrnСпиењето на грб исто така помага при ‘рчењето. Ова се случува бидејќи додека спиете на грб, гравитацијата го повлекува јазикот и вилицата надоле, при што се блокираат патиштата.rnrnКако да престанете со ‘рчењетоrn

    Начини за спречување на ‘рчењето

    rnДа започнеме од најочигледните и наједноставните. Поставете неколку перници зад главата за да ја подигнете и за да го попречувате блокирањето. Практикувајте да користите потврди перници доколку се справувате со овој проблем  и избегнувајте да спиете на грб. Секогаш погрижете се ноздрите да ви бидат убаво прочистени.rnrnОслабете некој килограм. Намалувањето на телесната тежина навистина многу може да ви помогне при решавањето на овој проблем.rnrnИзбегнувајте млечни производи пред легнување. Млечните производи предизвикуваат поголемо создавање на слуз што може да му овозможи на процесот да се забрза. Пробајте да избегнувате големи и тешки оброци непосредно пред заспивањето. Исто така, обавезно избегнувајте алкохол во вечерните часови.rnrnКако да престанете со ‘рчењетоКупете си овлажнувач на воздух за во просторија. Пареата го намалува застојот во грлото и го прочистува.rnrnКористете етерични масла. Има одредени мириси кои можат да ги отворат вашите дишни патишта. Доколку сте биле настинати или доколку сте имале лоша назална конгестија, со сигурност сте користеле лек кој содржи ментол во него. Постои и етерично масло од ментол кое може да се употребува секојдневно. Направете мешавина 50/50 од етерично масло од ментол и вода и попрскајте го делот од креветот каде што ја движите главата и перницата. Исто така, можете да користите и масло од нане или еукалиптус.rnrnОткажете ги цигарите. Пушењето од која било гледна точка е лошо за вашето здравје. Пушењето може да го потпомогне ‘рчењето бидејќи ja влошува состојбата на ткивото на грлото, предизвикувајќи негова поголема вибрација.rnrnКако да престанете со ‘рчењетоrn

    Операција за спречување на рчењето

    rnСпоред истражувањата, четвртина од населението на земјата ‘рчи. Иако најчесто проблем претставува позиционирањето на вратот и телото или пак лошата перница, сепак има индивидуи кои веќе се изморени да ги пробуваат овие природни начини. Операција се изведува така што се отстранува дел од задното ткиво што го предизвикува ‘рчењето. Откако ткивото ќе се отстрани преку едноставната процедура, патиштата многу полесно ќе се отвораат. Ова ќе го елиминира вашиот проблем засекогаш, а и партнерот конечно ќе може убаво да се наспие.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn