Празничното украсување на домот ќе биде уште позабавно и поубаво ако ги украсите и прозорците. Украсите со бор, ламбички или борови гранчиња се само некои од идеите со кои прозорецот ќе оживее во празнично руво.rnrn
rnrnСе разбира, можете да украсите само еден прозорец или повеќе, сето тоа зависи од вашите желби. Украсувањето на прозорецот ќе му даде на домот малку повеќе празнична магија, а ако украсите се видливи од улица, минувачите ќе уживаат во глетката на еден убаво украсен прозорец.rnrnПрозорецот можете да го украсите со лампиони што ќе ги залепите на стаклото, со божиќна ѕвезда или со други соодветни украси. Ако имате праг на прозорецот, ставете статуетки, свеќи, зимзелени гранчиња, шишарки итн.rnrnПогледнете ги фотографиите во продолжение за да добиете инспирација за украсување на прозорците.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
Tag: прозорци
-

20 идеи за празнично украсување на прозорците
-

За потопол дом: Како вашите ПВЦ прозорци и врати да ги наместите на зимски режим?
За да ви биде потопло во зима треба да го нагодите механизмот на вашите ПВЦ прозорци и врати во зимски режим.rnrn
rnrnПВЦ столаријата, особено прозорците и вратите се сè почест избор во нашите домови затоа што лесно се подесуваат и подолго ја задржуваат температурата во домот. Она што е особено корисно е тоа што ваквата столарија има опции за подесување кои во зимскиот период се особено значајни.rnПрозорците треба да се подмачкуваат
rnМеталните делови како шарките, бравите, системите за заклучување и кваките се одржуваат така што повремено се бришат и се подмачкуваат. Најмалку еднаш годишно е потребно да ги подмачкате сите подвижни делови од прозорецот.rnrnПодмачкувањето се прави со посебно масло за подмачкување, но ако немате, тоа може да го направите и со обично сончогледово масло. Вашите прозорци ќе ви се оддолжат преку долгогодишното лесно ракување со нив и нивното беспрекорно функционирање.rn
Вашите прозорци треба да ги подесувате според годишното време
rnНа есен прозорците и балконската врата треба да ги подесите на „зимски“ режим на овој начин:rnrnОтворете го прозорецот и пронајдете го механизмот за затворање. Шрафот на страната каде што се наоѓа рачката, близу металниот дел наречен шарка, треба да го завртите навнатре со „инбус-клуч“. При вртењето со клучот шрафот се врти околу својата оска и на тој начин се регулира потисната сила на рамот на прозорецот и притисокот.rnrnПри местењето на овој тип прозорци најчесто режимот кој се остава за користење е стандарден. За да откриете во кој режим се наместени вашите прозорци вметнете лист хартија меѓу прозорецот и рамот и повлечете. Ако листот излезе без проблем тогаш вашите прозорци се наместени во „летен режим“, а ако при вадењето на листот хартијата се скине, тогаш се во „зимски режим“.rn
Зошто не е препорачливо да ги оставите прозорците само во „зимски режим“ во текот на целата година?
rnВие може и така да ги оставите, но набрзо ќе мора да ги промените деловите на прозорецот. Кај „зимскиот режим“ притисокот на гумите за заштита на прозорците е значително поголем. Ако постојано го отворате и затворате прозорецот, како што правиме летно време, гумата целосно ќе се потроши, а за да ја замените ќе треба да повикате мајстор.rnrnСе спремате за ладната зима? Направете ја и оваа декоративна зимска свеќа што ќе го стопли вашиот дом.
-

Светот набљудуван низ отворени врати и прозорци
Сенди Мејџор е фотограф од Вашингтон што обожава да патува. Таа неодамна започнала проект наречен „Отворен поглед“, инспириран од нејзината желба да ги фотографира градовите и културите низ отворени прозорци и врати. Погледнете само колку магично изгледаат нејзините дела и уживајте во пејзажите на дел од најубавите градови ширум светот…rn
Рим, Италија
rn
rnКапри, Италија
rn
rnПорто, Португалија
rn
rnПозитано, Италија
rn
rnПариз, Франција
rn
rnНеапол, Италија
rn
rnКузаја, Либан
rn
rnКуда Хура, Малдиви
rn
rnМонтебеничи, Италија
rn
rnИслас дел Розарио, Колумбија
rn
rnrnДоколку и вие се водите по мотото „домот е онаму каде ќе го поставите шаторот“, ова се места кои ако ги немате посетено, задолжително треба да се најдат на вашата патувачка карта. -

Како да го спречите замаглувањето на прозорците од вашиот автомобил?
Голем број возачи се сретнале со проблемот кога нивните прозорци се замаглувале, особено во постудените месеци од годината. Слабата видливост од вашето седиште може да ви го отежни возењето, како и да го направи целиот процес многу опасен – како за вас, така и за оние околу вас. Но, не грижете се. Ние пронајдовме начин да ви помогнеме да се погрижите вашите прозорци никогаш повеќе да не се замаглат.rnrn
rnПотребни материјали и начин на изработка:
rn
- rn011
- Памучен чорап
- Песок за мачки
- Картонски круг од средината на кој било селотејп
rn011
rn011
rn
rn
Наместете го отворот на чорапот околу картонскиот круг
rn
rnСипете го песокот за мачки во него
rn
rnОтстранете го кругот и заврзете го крајот на чорапот во цврст јазол
rn
rnСместете го чорапот во кој било отворен простор на вашиот автомобил
rn
rnrnОвој трик успева бидејќи песокот за мачки ќе ја апсорбира влажноста во воздухот, притоа спречувајќи ги прозорците да се замаглуваат. Како резултат, тие ќе останат чисти и целосно транспарентни. -

Уметнички дела на прозорци изработени со снежен спреј
Погледнете ги неверојатните уметнички дела кои еден австралиски уметник ги создава на прозорци, користејќи само снежен спреј за декорација и сува четка за изработка на сцените. Резултатите се едноставно чудесни! Овие снежни пејзажи се одличен начин за декорација на прозорците во вашиот дом, канцеларија или продавница.rnrnrnrn
-

Уметноста на прозорците
Уметноста може да се пронајде на секое место, а фотографoт Андре Гонсалвес, кој потекнува од Португалија, ја пронашол во убавината на прозорците, детаљ на кој неговите колеги не обрнуваат многу внимание.rnrn
rnrnТој патувал низ светот и фотографирал прекрасни и впечатливи прозорци од куќи и згради, кои потоа ги поврзал во соодветно групирани колажи. Преку нив тој ни открива огромна разновидност од бои, форми и стилови, зашеметувачка колоритност, како и ред, организираност и симетрија, давајќи ни можност да ги видиме прозорците како никогаш досега.rnrn -

Кога животните гледаат низ прозорецот…
Најчесто фотографиите со животни ги покажуваат самите животни во нивниот природен елемент, но добрата идеја и малата доза на креативност може да ни исцрта една сосема нова страна од животот на нашите мали пријатели. Без разлика дали станува збор за домашно животно кое тивко го чека враќањето на својот сопственик или пак, за диво животно кое истражува напуштен дом, прозорците се прекрасни рамки на еден мистериозен свет…rnrn
rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци
Сместена во планините на Западна Вирџинија, САД, оваа интересна колиба е изградена од страна на фотографот Ник Олсон и дизајнерката Лајла Хорвиц, од стари, употребени прозорци. Издигнатата куќа, далеку од нивниот дом во Милвоки, Висконсин, има креативна фасада со прозорци во различни големини, која му дава артистички стил, кој е истовремено модерен и рурален. Куќата пред сè ја презентира трудољубивоста и штедливоста на овој пар.rnrn
rnrnСобирајќи ги повеќето од потребните материјали од околната напуштена плевна, креативното дуо успеало да ја конструира оваа неверојатна стаклена колиба, за само 500 американски долари и неколкумесечна напорна работа.rnrn
rnrnОлсон и Хорвиц не престојуваат постојано во колибата, бидејќи примарно живеат во нивниот дом во Милвоки, но уживаат одвреме-навреме да побегнат во фантастичната природа. И покрај тоа што во колибата нема струја и водоводна инсталација, сепак таа нуди освежувачка уникатност, која совршено се вклопува со природното окружување.rnrn
rnrnХорвиц вели дека кога заоѓа сонцето, во колибата се создава спектакуларно лајтшоу низ прозорците. „Тогаш изгледа како да гори оган низ целата куќа“ – вели таа.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Раскошна куќа со приватно езеро
Распослана на површина од 24.281 метри² сосе градината во живописната природа на Глазгов, Шкотска, оваа куќа нуди душевен мир, задоволство и доволно простор, кој ќе направи да се чувствувате како секој ден да го живеете мрзливото неделно попладне, читајќи весник.
Модерната вила има свое приватно езеро, два ката, во кои совршено добро е искомбиниран модерниот мебел, со надворешниот природен свет, благодарение на големите прозорци расположени од под до таван. И покрај тоа што овој ентериер дефинитивно му припаѓа на 21-от век, сепак кога ќе погледнете надвор во езерцето, добивате чувство како да се наоѓате во некоја традиционална колиба. 
Всушност куќата е така дизајнирана, што каде и да се движите низ неа, постојано ќе бидете потсетувани, на природата која ви се смешка однадвор. Дури и да не сте насочени кон прозорците, ќе забележите дека мебелот има таква површина, на која се рефлектира надворешноста, во секој дел од вашиот дом. Кога ќе пристигнете во вашиот дом со автомобилот, ќе ви се отворат електричните врати, после кои ќе возите по симпатична патека, која води директно до хациендата. 
Располага со 4 спални соби, 2 тоалети, џакузи, сауна и туш кабина, како и дневна просторија/кујна/трпезарија во едно и две тераси. Изградена е од страна на компанијата „.Savills“ и моментално е на продажба, па ако имате доволно пари да ја купите – бујрум. 🙂



rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Куќа од соништата во форма на полумесечина
Куќата од соништата „Mahina“ (на јазикот Мајори значи месечина) е дизајнирана од „Weber Consulting“ и како што кажува самото име, има форма на месечина. Како локација на куќата е избран островот Кавау, кој се наоѓа на 60 километри северно од Оукленд, Нов Зеланд. Но, поради противењето на тамошните жители локацијата засега останува непозната.
Доминантна боја во куќата е белата, која заедно со големите прозорци кои се простираат од подот до таванот ја прават да изгледа извонредно и луксузно. Гледано од птичја перспектива, ова архитектонско дело навистина изгледа како полумесечина, а формата, белата боја и нејзината локација покрај сината водена површина го оправдуваат епитетот „куќа од соништата“.rn








rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук









































