КАФЕ ПАУЗА

Tag: протест

  • Статуи во Париз носат заштитни маски во знак на протест против загадениот воздух

    Статуи во Париз носат заштитни маски во знак на протест против загадениот воздух

    На неколку статуи во Париз, лицата им биле покриени со заштитни маски во знак на протест против сериозните нивоа на загадување на воздухот на различни места низ светот. Притоа, истите маски зад кои стои шведскиот бренд „Аиринум“ се појавиле дури и на пистите на Модната недела во Париз.rnrnКако поддршка на неодамна одржаниот самит на ООН за климатски промени во Њујорк, модната линија на дизајнерката Марин Сере вклучила „модни додатоци“ од компанијата за здравствена технологија „Аиринум“. Со тоа е означен зачетокот на визуелниот протест што го зафатил сиот град.rnrnrn

    „Ги вклучивме маските за заштита од загадувањето во модната индустрија со надеж дека ќе поттикнеме некаква дебата во врска со тоа како климатските промени ќе променат сѐ, па дури и начинот на којшто се облекуваме. Учествувајќи на Модната недела, знаевме дека сите очи ќе бидат вперени во Париз, но сакавме да направиме разлика во уште пошироки размери со подигнување на свеста за проблемот и надвор од модната писта“, изјави Фредерик Кемп, еден од основачите на „Аиринум“.

    rnЗагадувањето на воздухот убива седум милиони луѓе секоја година, а новите истражувања покажуваат дека луѓето коишто живеат во краишта со многу загаден воздух имаат и ризик од појава на психички растројства.rn

    „Самиот факт дека чинот на дишење убива седум милион луѓе годишно, а им штети на милијарди, е едноставно неприфатлив. Тоа и нѐ натера да ја започнеме оваа компанија. Маската може да спаси живот, но истовремено и да биде симбол за кризата со климатските промени“, дополнува Кемп.

    rnrnrnИ покрај тоа што климатските промени се во фокус на глобално ниво, и милиони млади луѓе учествуваат во климатските протести ширум светот, загадувањето на воздухот, сепак, е тема на којашто многумина воопшто не ни помислуваат. За среќа, постои нова генерација активисти коишто сликата за загаденоста се обидуваат да ја прикажат на нови начини, опоменувајќи нѐ секојдневно на страшните последици.rnrnПрочитајте подетално зошто климатските промени се лоши за вашето психичко здравје.

  • Знаете ли зошто илјадници жени во Исланд ги напуштаат работните места во 14:38 часот?

    Знаете ли зошто илјадници жени во Исланд ги напуштаат работните места во 14:38 часот?

    За илјадници жени од Исланд, борењето за еднакви права значи излегување од работа порано. Имено, жените од целата земја ги оставиле нивните паметни телефони, ги исклучиле лаптопите и компјутерите и ги откажале состаноците во 14:38 часот со цел да протестираат во врска со разликите во платата кои постојат помеѓу мажите и жените.rnrnЗнаете ли зошто илјадници жени во Исланд ги напуштаат работните места во 14:38 часот?rn

    Зошто 14:38? Протестантите не го одбрале ова време по случаен избор

    rnСпоред најновите податоци на Европската Унија, жените во Исланд заработуваат 18% помалку од нивните мажи колеги, што е добро во споредба со многу други држави, но сепак, не е оправдано, освен доколку нивното работно време не би било за 18% пократко, што значи дека тие треба да излезат од работа во 14:38 часот.rn

    Ова не е прв пат жените во Исланд да штрајкуваат

    rnВо 1975 година, синдикатите и организациите за правата на жените во оваа земја го организирале првиот слободен ден. Според извештајот на BBC, учествувале 90% од жените во оваа земја, вклучувајќи ги и домашните вработени, како и невработените мајки. Штрајкот ја окупирал земјата, поради што многу мажи биле принудени да ги одведат нивните деца во канцеларијата.rnrnЗнаете ли зошто илјадници жени во Исланд ги напуштаат работните места во 14:38 часот?rn

    „Најверојатно многу луѓе го потценуваа влијанието на овој ден во тоа време – подоцна и мажите и жените почнаа да сфаќаат дека тоа беше пресвртница“, вели еден поранешен уредник на весник.

    rnПрвата жена претседател на Исланд (и во Европа), Вигдис Финбогадотир, која му се приклучила на првиот протест пред 40 години, смета дека ова ѝ помогнало да ѝ се отвори нејзиниот пат за избор пет години подоцна.rnrnЗнаете ли зошто илјадници жени во Исланд ги напуштаат работните места во 14:38 часот?rnrnОвој протест во 2016 година е четврти пат како жените во Исланд излегуваат на штрајк и времето на напуштање на работното место се зголемува со секое зголемување на нивните плати. Имено, во 2005 година тие излегле на протести во 14:08 часот, додека пак во 2008 тие го напуштиле работното место во 14:25 часот. Ако нештата продолжат вака, за да исчезне разликата во платите помеѓу мажите и жените во Исланд, ќе бидат потребни повеќе од 50 години. Извештајот на Светскиот економски форум проценува дека глобалната разлика може да потрае и до 118 години. Но, доколку првиот протест го смени начинот на кој државата го вреднува трудот на жените, тогаш можеби под притисок на помасовни настани, работите би можеле да се забрзаат.rnrnЗнаете ли зошто илјадници жени во Исланд ги напуштаат работните места во 14:38 часот?rnrnМожеби наредниот ден во иднина кога жените ќе треба да протестираат, тие ќе може да излезат од работа заедно со нивните машки колеги, кога нивните плати ќе бидат изедначени.

  • Жени ширум светот протестираат против срамењето од користење шминка

    Жени ширум светот протестираат против срамењето од користење шминка

    Постојат многу причини поради кои луѓето се засрамуваат на социјалните медиуми. Покрај нападите за прекумерната тежина, премалку тежина, како и различните начини и стилови на облекување, можеме слободно да заклучиме дека Интернетот е преполн со луѓе чија единствена цел е да наоѓаат нови начини да предизвикуваат луѓето да се чувствуваат лошо за себе. И изгледа во последно време шминката е најновата причина поради која луѓето ги напаѓаат жените, па токму тоа беше инспирацијата за видеото „Моќта на шминката“ кое покрена вистинска револуција.rnrn(1) Жени ширум светот протестираат против срамењето од користење шминкаrnrnИ покрај тоа што сите сме за ширење позитивна слика за себе, во сопствената кожа, сепак не сите жени се родени со беспрекорни црти како дел од познатите ѕвезди. На секоја жена ѝ се случува да посака во еден момент да изгледа секси и жешко, наместо како природна убавица, па зошто мора да се срами да се нашминка малку посилно? Токму тоа се обидуваат да го покажат голем број жени ширум светот. Тие со своите фотографии на социјалните мрежи им даваат до знаење на луѓето дека е сосема во ред доколку има денови кога сакате да изгледате беспрекорно. И токму тоа е целта на шминката…rnrn

  • Оваа слика од две девојки кои се прегрнуваат стана вирална, но не поради очигледната причина

    Оваа слика од две девојки кои се прегрнуваат стана вирална, но не поради очигледната причина

    Оваа фотографија била споделена на Фејсбук од страна на еден Бразилец кој се вика Нелсон Филипе.rnrnОваа слика од две девојки кои се прегрнуваат стана вирална, но не поради очигледната причинаrnrnСо неа тој се буни за работи кои се случуваат во метрото во неговиот град. На неа се гледаат луѓе кои одат, луѓе кои стојат и чекаат, како и две девојки кои се прегрнуваат. Под сликата напишал:rn

    „Немам предрасуди. Мислам дека луѓето треба да прават што сакаат со нивните животи. Но мислам дека нема смисла да морам да гледам сцени како оваа. Тоа што луѓето прават насамо е нивна работа, но она што го прават јавно ме засега и мене. Не сакам да видам глетка како оваа и да ја сметам за нормална. Таа се коси со моралот, а тоа може да биде опасно. Што ако настане некоја трагедија, или уште полошо, ако загине некој, тогаш кој ќе биде крив? Што би се случило ако некое дете ја гледа оваа глетка секој ден? Децата ќе мислат дека е нормално да го чекаш метрото газејќи ја жолтата линија. Немојте да правите како дечкото онаму. Следете го примерот на девојките.“

    rnНе би можеле, а да не се сложиме со протестот на овој човек против ваквото нарушување на моралот во јавност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Велосипедисти на оригинален начин протестираат за поголема употреба на велосипеди

    Велосипедисти на оригинален начин протестираат за поголема употреба на велосипеди

    Група летонски велосипедисти од здружението Let’s Bike го одбележале Светскиот ден без автомобили протестирајќи на многу паметен и оригинален начин. Тие околу своите омилени возила ставиле рамки на автомобил и со тоа обрнуваат внимание на фактот колку многу простор зафаќаат автомобилите, особено ако се спореди со просторот кој го зафаќаат велосипедите.rnrnВелосипедисти на оригинален начин протестираат за поголема употреба на велосипеди Велосипедисти на оригинален начин протестираат за поголема употреба на велосипеди Велосипедисти на оригинален начин протестираат за поголема употреба на велосипеди Велосипедисти на оригинален начин протестираат за поголема употреба на велосипеди Велосипедисти на оригинален начин протестираат за поголема употреба на велосипедиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животните

    Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животните

    Активистите за заштита на правата на животните „Animal Equality“, организирале спектакуларен протест пред црквата Санта Еулалија во Барселона, кој најверојатно набрзо нема да го заборави ниеден човек кој се нашол во близина.Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеДемонстрантите ги симулирале пакувањата со сирово месо коишто се продаваат во супермаркетите, но во еден многу поголем облик, а во нив пикнале фотомоделки обоени со крв црвена боја и ги покриле со пластични фолии. Целта била да се подигне свеста за убивањето на животните и да се предизвикаат сѐ повеќе луѓе да престанат да јадат месо. Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеПротест во Барселона кој достојно ги брани правата на животните„Animal Equality“ е интернационална непрофитна организација за заштита на правата на животните, која настојува да го покрене вниманието и почитта кон животните и да се прекине ропството под кое се тие. Организацијата е позната по организирањето улични демонстрации за промоција на важноста на животните.Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеПротест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеПротест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеВоедно „Animal Equality“ спроведува и директни акции и мерки против убивањето на животните, како на пример спасување на свињите од касапниците и пробивање во засолниште во кое се чувале 40.000 заробени животни. Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеПротест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеОвој необичен протест се случил на 20 март, 2013 година, во текот на интернационалниот ден без месо.Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеrnrnДоколку ви беше интересна оваа содржина, веројатно ќе ви се допаднат и протестите со бакнежи во Чиле.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Протести со бакнување за поевтино образование

    Протести со бакнување за поевтино образование

    Чилеанските студенти пронашле нов и оригинален начин за протестирање против скапиот и неправеден образовен систем. Наместо да скандираат, да ги маваат факултетите со патлиџани или да прават бељи, тие решиле да спроведат мирни протести со бакнување, кои започнаа на 6 јули и сè уште траат. Со демонстрирање љубов, студентите сметаат дека ќе успеат да го разнежат срцето на чилеанскиот претседател Себастијан Пинера.Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеПовеќе од 100 студенти и ученици се вклучиле во овој несекојдневно интересен протест во Сантјаго, Чиле за да се побунат против стандардите во образовниот систем и големите трошоци поврзани со него. Тие ги споија усните пред Митрополитската катедрала и на 1 септември, а минувачите морале да подзастанат за да видат што се случува. Страсната сцена ги штрекнала децата и постарите луѓе, а дел од луѓето биле пријатно изненадени и го поздравиле потегот со аплауз.rnrnНевиниот, мирен „љубовен“ протест на чилеански студенти, на моменти бил насилен и морал да биде регулиран од страна на полицијата.Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтудентите под водство на 23-годишната харизматична Камила Валејо, бараат реформи во чилеанскиот образовен систем кој создал неколку елитни факултети за богати. Поради тоа тие ја бојкотираат наставата, барајќи еднакво право на образование за сите.Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеСтуденти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образованиеrnrn

    Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образование
    На знакот кој го држат девојките пишува: „Продавам бакнежи за да платам за мојата школарина.“
    rnrn
    Студенти во Чиле протестираат со бакнување за поевтино образование
    На знакот кој го држи овој пар пишува: „Љубовта е бесплатна, образованието не е.“
    rnrnСтудентите изјавиле дека протестот со бакнување т.н. „Kiss Party“ е само еден дел од нивните напори за трајна промена на образовниот систем во земјата.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.