Доколку сте љубопитни колку време и колкава плата би ви била потребна за да соберете доволно пари да се вселите во некој од големите светски градови, како Њујорк или Сиднеј, погледнете ги следниве податоци. Имајте на ум дека станува збор за хипотетички претпоставки. Исто така, поради целите на оваа мала студија, претпоставете дека треба да се тргне настрана целата заработка за да се задоволат следниве резултати. Па, колку време треба да работите и со колкава плата, за да можете да си дозволите стан од 50 квадрати во вашиот омилен град на планетава?rnrnЊујорк: 12 години. Просечна месечна плата: 3.547 долари. Просечна вредност на стан: 522.350 долари.rnrn
Дали надевањето за брак кој ќе трае засекогаш е премногу добро за да биде вистинито? Од друга страна пак, постојано слушаме приказни за љубов која ја изгубила својата страст и завршила со развод. Всушност, ова толку често се случува што веќе може да се каже дека е повообичаено отколку оние врски кои навистина засекогаш траат. Погледнете колку често се случуваат разводите и во просек колку долго трае еден брак во некои од најголемите градови ширум светот.rnrnrn
1. Рим, Италија: 15 до 18 години
rnРазделбите и разводите во Рим се зголемени за 30,7% од 2010 година. Од тогаш, на секои 1.000 бракови има 307 разделби и 182 разводи. Во секој случај, Рим сè уште има најмногу парови кои остануваат заедно, во просек од 15 до 18 години, но и најголем број години во живеење разделено сè додека конечно не заврши врската со развод.rn
2. Отава, Канада: 13,8 години
rnПросечната должина на брак во Отава е 13,8 години. Но, со оглед на тоа што бројките на развод постојано растат, достигнувајќи и 48% на национално ниво, овој просек може брзо да се промени.rn
3. Париз, Франција: 13 години
rnЗа жал, дури ни градот на љубовта не е имун на пропаднатите бракови, каде што стапката на разведување е 55%. Во Париз еден просечен брак трае 13 години.rn
4. Њујорк сити, Њујорк: 12,2 години
rnБраковите во Њујорк, со просек од 12,2 години, траат подолго од националниот просек. Но, ако ја гледаме пошироката слика, другите држави во Америка се движат помеѓу 10 и 14 години.rn
5. Мексико сити, Мексико: 12 години
rnПросечниот брак во Мексико трае околу 12 години. Само 15% од врските завршуваат со развод, но неодамнешни студии покажуваат дека голем број парови раскинуваат по само 2 години брак. Токму затоа и во 2011 година, владата во Мексико почнала да издава моментални дозволи за брак со цел да го направи разводот полесен за новите парови.rn
6. Токио, Јапонија: 11 години
rnСпоред националниот цензус, просечниот брак во Јапонија не трае повеќе од 11 години, каде што 36% од браковите завршуваат со развод. Тие имаат и церемонии за развод, каде што се спроведува ритуал со цел да можат паровите да продолжат сами по својот пат.rn
Кејптаун, Афика: 11 години
rnСпоред еден извештај од 2012 година, разводот во Кејптаун варира според полот и годините. Мажите најчесто се разведуваат помеѓу 40 и 44 години, додека пак жените помеѓу 30 и 35 години. Просечниот брак трае 11 години, а стапката на разводи е 31,2%.rn
8. Сиднеј, Австралија: 8,7 години
rnАвстралискиот институт за семејни студии открил дека паровите се разделуваат многу побрзо од 2011 година, со просек од 8,7 години. Но, оваа студија исто така открила и дека голем број парови имаат тенденција да останат заедно само поради своите деца. Националната стапка на разводи е 43%, каде што паровите најчесто се разведуваат по 20 или повеќе години или пак, кога нивните деца се целосно пораснати.rn
9. Лондон, Англија: 4 до 8 години
rnПросечниот брак во Лондон најчесто завршува со развод по 4 или 8 години. Во овој град од сите бракови 42% завршуваат со развод. За разлика од Лондон, националниот просек на браковите е 11 години и повеќе.rn
10. Доха, Катар: 5,5 години
rnСтапката на разводи во Доха е 38%, каде што браковите во просек траат само 5,5 години. Еден извештај од 2011 година ни покажува дека 60% од паровите се разделуваат во првите 5 години, а некои дури и пред да го консумираат својот брак (немале секс ниту еднаш).
Во љубовните врски влегуваме полни со очекувања и верба во блескава заедничка иднина, но реалноста е далеку од „розовата“ верзија која ни ја сервираат во романтичните филмови. Прочитајте ја оваа откачена брачна статистика, објавена од страна на порталот „Shine“ и видете дали би си впуштиле во лудата авантура, таканаречена брак. :)rnrnrn
rn011
Работата, децата, телевизијата, интернетот, хобито и куќните семејни обврски ќе ви го „изедат“ секој слободен момент од денот, така што со партнерот ќе поминувате насамо, само по околу 4 минути дневно.
rn011
Доколку се венчате со некој со којшто претходно сте имале афера, веројатноста дека ќе се разведете е околу 75%.
rn011
60% од луѓето кои се во брак, барем еднаш го изневеруваат својот партнер.
rn011
Доколку се венчате млади, статистиката е уште полоша. Браковите склопени пред 25-тата година од животот, најчесто завршуваат со развод. Покрај ова, тешко се останува и во брак во кој жената е значително постара од мажот.
rn011
Паровите кои имаат деца поретко се разведуваат, но понекогаш се случува самото раѓање на децата, да предизвика оддалечување помеѓу партнерите.
rn011
Добрата вест е дека можете да воздивнете после 7-мата годишнина од бракот. Повеќе од 50% од разводите се случуваат во текот на првите 6 години од бракот.
rn011
Просечен брачен пар им се препушта на страстите 58 пати годишно. Тоа е отприлика еднаш неделно, плус, веројатно и „сексот за специјални прилики“, како што се родендените и годишнините. Зачестеноста на сексот опаѓа после првите 2 години од бракот, а веќе 20% од паровите после тој изминат период, љубов водат максимум 10 пати годишно.
Ова се неколку забавни статистички факти, од кои ќе научите нешто повеќе за сексот.rnrnrnrnСекој четврти маж повеќе сака секс во мрак.rnrnЗа триесет минути секс се трошат околу 200 калории.rnrnПосле спалната соба, второ најчесто место за секс е автомобилот.rnrnВо просек еден маж доживува ерекција 11 пати дневно.rnrnСекојдневно во светот 200 милиони луѓе имаат секс.rnrnПросечен човек во животот поминува 20.160 минути во секс. Тоа се 336 часа или две недели.rnrn17 пати повеќе уживаме во сексот на полноќ отколку во десет часот наутро.rnrnЗа време на сексот, машката брада расте побрзо.rnrnОколу 94 проценти од машката популација додава по неколку сантиметри, кога се зборува за должината на пенисот.rnrnДоколку им се верува на производителите, само 6% од мажите користат XL презервативи.rnrnПри класичен секс со пенетрација (без орална или мануелна стимулација), оргазам доживуваат 75% од мажите и само 29% од жените.rnrnСпоред некои истражувања оргазмот не се разликува од уживање во поголема количина на чоколадо.rnrnКако старееме, оргазмите стануваат сè пократки.rnrnЖените кои читаат сексуални романи, два пати повеќе уживаат во сексот.rnrnСексот е најприродното и најбезбедното средство за смирување.rnrn rnrn
Според резултатите од последното истражување, луѓето кои имаат виолетови спални соби имаат најмногу секс. Во просек тие неделно имаат 3,49 пати секс, што е значително повеќе за разлика од оние луѓе чии ѕидови на спалната соба и мебелот им се во друга боја.rnrnrnrnВеднаш зад нив се наоѓаат оние чија спална соба е црвена, а на трето место се оние во чија соба доминира небесно сината боја. Истражувањето опфатило 2.000 луѓе, а со него се докажало и дека луѓето кои имаат свилена постела имаат 4,25 пати секс во просек неделно.rn
Група на научници ја пресметале просечната тежина на еден жител на планетата земја, па така ја составиле и листата со најдебелите и листата со најслабите луѓе во светот.rnrnrnrnНивата процена тие ја направиле користејќи податоци за тежината и висината на жители од одредена земја, па така ја добиле просечната тежина на еден човек на планетата. На светско ниво, просечната телесна маса не еден возрасен човек изнесува 62 килограми.rn
Во еден ден навистина се случуваат многу работи. За некои можеби сте свесни, но верувајте, бројките кои следат во продолжение навистина ќе ве изненадат. Со сигурност не сте знаеле дека бројот на родени деца во еден ден во светот е помал од бројот на продадени ајфони во истиот период.rnrnrn
rn011
Просечно се насмевнуваме 15 пати во еден ден.
rn011
Во просек луѓето се бакнуваат 3 пати во еден ден и притоа си пренесуваат 3 милиони бактерии.
rn011
Во еден ден срцето ни отчукува околу 100.000 пати.
rn011
Во еден ден 200 милиони луѓе имаат секс.
rn011
Во еден ден човекот вдишува 20.000 пати.
rn011
Во просек човекот прави 8.000 чекори во еден ден.
rn011
Косата на човекот му расте 0.043561 сантиметри во еден ден.
rn011
Во еден ден човекот изговара отприлика 48.000 зборови во просек.
rn011
Дневно се сечат 40.000 дрвја за да се направат хартиени кеси и уште 27.000 дрвја за производство на тоалетна хартија.
rn011
Просечниот човек дневно се тушира околу 12 минути.
rn011
Повеќето луѓе дневно трошат 20 минути во тоалетот.
Фејсбук ја достигна бројката од 800 милиони корисници. Засега компанијата не излегува со официјални статистики за бројот на дневно објавени статуси, но едно истражување направено врз 2.000 Британци открива дека во просек секој корисник на Фејсбук објавува по еден статус дневно, со просечна должина од 2 реда.Според ова истражување, на социјалната мрежа се објавуваат 292 милијарди статуси годишно, кои доколку би ги испечатиле на хартија, би направиле значителна штета на шумските предели на планетата.rnrnПа така, според претпоставката дека еден лист хартија, А4 формат има 51 ред доколку на него се пишува со големина на фонт 11, потребни ќе бидат 11,5 милијарди листови за да се испечатат сите статуси кои годишно се пишуваат на Фејсбук. Таа бројка на листови е еднаква на 500 милиони испечатени речници на англиски јазик, објавени од Оксфорд.rnrnУчесниците во ова истражување во просек поминувале по 32 минути на Фејсбук, читајќи што објавиле нивните пријатели. Па така, доколку би се претпоставило дека во просек една страна А4 формат се чита за 3 минути, за да ги прочитате сите статуси кои се објавени на Фејсбук за една година, ќе ви бидат потребни 573 милиони часови. За исто време еден авион може да ја заобиколи земјата 8,5 милиони пати.Секако, оваа проценка може да е неточна. Можеби станува збор за уште повеќе статуси, но Фејсбук барем засега не излегува со официјални бројки за просекот на објави.rnrnОвие бројки се направени врз база на користењето на Фејсбук во Велика Британија, па така не може точно да се тврди како се однесуваат корисниците во другите земји. Официјалните бројки објавени од страна на најпопуларната мрежа на светот, велат дека дневно се прикачуваат околу 250 милиони фотографии и дека секојдневно се најавуваат барем 50% од корисниците.rnrn