КАФЕ ПАУЗА

Tag: производи

  • 9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

    9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

    Можеби не звучи многу привлечно, но има производи што може да ги искористите дури и по истекот на рокот на траење. Од нега на кожата до готвење, овие алтернативни употреби можеби се токму она што ви треба сега. Можеби сметавме дека расипаната храна и производите за шминкање со поминат рок на траење треба да ги фрлите во ѓубре, но во продолжение ќе откриете нови употреби за нив.rn

    1. Авокадо

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnАко не сте имале можност да го искористите вашето совршено зрело авокадо и сега е веќе расипано, не фрлајте го бидејќи можете да го користите за вашата коса. Расипаното авокадо може да биде одличен навлажнувач ако го нанесете на сува коса. Оставете го да отстои најмалку 6 часа и измијте го со шампонот и со регенераторот што обично ги користите. Вашата коса на почетокот може да биде сува, но откако ќе ја измиете 2 пати, таа ќе биде сјајна и мека.rn

    2. Хартиена маска за лице

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnХартиените маски не се добри за нанесување на лицето откако ќе им помине рокот на траење, но, сепак, можете да ги користите на суви и испукани нозе, на градите, на вратот или на рацете.rn

    3. Хидратантен крем и млеко за чистење на лицето

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnАко имате хидратантен крем или млеко за чистење со поминат рок на траење, можете да ги искористите за чистење и полирање чанти и паричници. Ставете малку од производот на памук и започнете со полирање.rn

    4. Млеко

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnРасипаното млеко сè уште може да се користи за многу различни намени. Можете да направите домашно сирење, да го користите за печење, па дури и за правење палачинки. Освен за готвење, можете да го користите и како маска за лице. Нанесете го на целото лице, оставете го да отстои и исплакнете го. Мирисот можеби не е толку пријатен, но млечната киселина ќе направи чуда за вашата кожа.rn

    5. Крем за бричење

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnКремот за бричење може да се користи на различни начини откако ќе му помине рокот на траење. Одличен е за чистење нечистотија и мрснотии затоа што буквално ги привлекува. Но, може да ја отстрани и нечистотијата под ноктите. Само нанесете малку крем и исчистете ги ноктите со чепкалка за заби.rn

    6. Паста за заби

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnБидејќи пастата за заби содржи детергент, може да помогне во отстранувањето на дамките од тепихот, па дури и да ги исчисти цртежите од ѕидовите. Покрај тоа, можете да ги избелите и да ги исчистите патиките, а може да помогне за отстранување нат киселиот мирис од шишињата за бебиња.rn

    7. Грчки јогурт

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnГрчкиот јогурт може да има големи придобивки, дури и по рокот на траење. На почетокот, може да изгледа чудно, но може да стане одлична пилинг маска за лице. Сè што треба да направите е да го измешате јогуртот со мед и со измешана краставица во блендер, да го нанесете на лицето и да го оставите да отстои 15 минути. Потоа, едноставно измијте го со топла вода.rn

    8. Моливче за очи и усни

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnНе е безбедно да нанесувате шминка со поминат рок на траење на вашите очи или усни. Сепак, не фрлајте ги производите затоа што можете да ги користите за да подвлечете зборови и реченици во книги или како моливи во боја.rn

    9. Путер од кикиритки

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnПутерот од кикиритки може да ви заштеди многу време кога ќе останете без крем за бричење. Тој е одлична алтернатива бидејќи е богат со масла, така што ќе ја направи кожата мазна и нема да ја исуши по бричењето.rnrnПрочитајте кои 11 намирници немаат рок на траење.

  • 7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa замена

    7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa замена

    Понекогаш, кога купувате некои производи, се прашувате дали нивното пакување може да се рециклира, дали производот може да се користи повторно и што е најважно, дали има замена изработена од природни материјали. Ова е важно затоа што многу работи што сте навикнати да ги користите во секојдневниот живот може да се заменат со производи што имаат слични својства, а понекогаш се и покорисни.rn

    1. Чепкалки за уши за повеќекратна употреба наместо за еднократна употреба

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnОвие чепкалки за чистење на ушите изгледаат исто како оние за еднократна употреба на кои сте навикнати, но една чепкалка може да се користи околу илјада пати. Врвовите на чепкалките за повеќекратна употреба се изработени од медицински силикон. По употребата, сè што треба да направите е да ги измиете со вода и сапун, а потоа може да ги користите повторно. Силиконските чепкалки не може да ја отстранат водата од увото како памучните чепкалки, но вршат одлична работа кога станува збор за чистењето на ушите.rn

    2. Метални сламки за пијалаци наместо сламки за еднократна употреба

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnЛуѓето се навикнати да користат сламки за пијалаци насекаде – и во кафулињата и дома бидејќи се практични и евтини. Но, тие се штетни за животната средина. Сламките од не’рѓосувачки челик може да бидат алтернатива. Тие ќе траат со години и придонесуваат да се намали отпадот од пластика.rn

    3. Забен конец од бамбус наместо конец од вештачки влакна

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnЗа разлика од забниот конец од најлон или тефлон, конецот од бамбус почнува да се разградува по 60 до 90 дена. Доволно е само да направите мала дупка во земјата и да го ставите искористениот конец таму. Исто така, бамбусот расте многу брзо и не се потребни многу вода и енергија за да се одгледува и да се направи забен конец од него, отколку што е потребно за производство на истиот конец што е направен од пластика.rn

    4. Кристален дезодоранс наместо обичен дезодоранс

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnОва е одлична опција за оние кои бараат еколошка замена за обичниот антиперспирант. Кристалните дезодоранси не ја покриваат кожата со тенок слој и не ги затнуваат потните жлезди бидејќи не треба целосно да го елиминираат производството на пот затоа што тоа е природен процес. Овие производи имаат антимикробно својство и ги убиваат бактериите што предизвикуваат непријатен мирис. Тоа значи дека ќе се потите, но нема да се грижите за мирисот.rn

    5. Метални стапчиња за јадење наместо дрвени

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnАзиската кујна навлегува во нашиот живот и многу луѓе имаат дрвени стапчиња за јадење. Но, секоја година, само во Кина се сечат 3,8 милиони дрвја за да се направат стапчиња за јадење. А, металните стапчиња ќе ви служат многу години без да бараат замена.rn

    6. Природен сапун и шампон во хартиена амбалажа

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnЗа да не купувате производи за убавина во пластично пакување, можете да преминете на употреба на цврст сапун и шампон. Разновидноста на опциите драматично се зголеми во последниве години и сега лесно можете да најдете цврст шампон што ќе ви одговара и со неговите состојки и со неговата цена.rn

    7. Ореви за сапуница наместо прашок за перење

    rn7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa заменаrnrnОревите за сапуница се плодови од дрвото Sapindus mukorossi и содржат сапонини (супстанции што формираат пена). Тоа е сосема природна и еколошка замена за прашокот за перење. Тие се хипоалергени (во суштина, тие не се ореви и се погодни дури и за луѓе со алергија на ореви). Една орев може да се користи до 6 пати. Тие немаат мирис и функционираат на која било температура, и во топла и во ладна вода.rnrnПрочитајте колкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството.

  • Колку долго треба да чекате за ефектот на козметичките препарати?

    Колку долго треба да чекате за ефектот на козметичките препарати?

    Салицилната киселина ќе ги смири акните за две седмици, но за да почне со отстранување на брчките, на ретинолот ќе му требаат дури 12 седмици. Колку време е потребно за да почне дејството на козметичките средства?rnrnКолку долго треба да чекате за ефектот на козметичките препарати?rnrnНавистина е фрустрирачки кога давате пари за козметика, а таа никако да почне да функционира. Сите популарни козметички производи бараат одреден временски период пред да започнат да функционираат. Вие треба да ги нанесувате редовно, во согласност со упатствата и да бидете трпеливи. Дерматолозите откриваат колку точно треба да чекате и кога ќе се појават првите резултати.rn

    „Како прво, секоја од состојките бара своја рутина, има свој начин на дејствување и придобивките од нив се различни“, вели дерматологот Џанел Вега.

    rnКако што напоменува Вега, важно е да се знае што навистина може да направи козметиката, но и да се разликуваат првите подобрувања од максималниот ефект на козметичкиот производ. За повеќето козметички производи, потребни се 12 седмици за да се покаже максималниот ефект. Сепак, првите промени може да се забележат по неколку седмици. Во продолжение прочитајте колку точно треба да чекате за дејството на козметичките препарати.rn

    Витамин Ц – 4 седмици

    rnВитаминот Ц е антиоксидант и ја осветлува кожата. Сепак, овие две дејства не се појавуваат секогаш истовремено, ниту се подеднакво изразени.rnrnАнтиоксидантите, чија улога е да ја штитат кожата, дејствуваат веднаш по нанесувањето.rnrnШто се однесува до осветлувањето, витаминот Ц прво спречува формирање нови дамки на кожата, a потоа почнува да ги осветлува постоечките дамки. Поради тоа, одредено време ќе ви се чини дека витаминот Ц не дејствува, иако веќе го чувствувате ефектот. Само по четири седмици од користењето на препаратот со витамин Ц, ќе можете да ги видите првите резултати, а максималниот ефект ќе го постигнете по цели 12 седмици редовна употреба.rn

    Салицилна киселина – 12 седмици

    rnСалицилната киселина ги отстранува црнките и акните. Сепак, за да функционира, мора да почекате неколку седмици, а колку точно зависи од состојбата на вашата кожа. Дерматолозите се согласуваат за една работа: околу дванаесеттата недела од употребата, ефектот на салицилната киселина веќе ќе биде видлив.rn

    Бензоил пероксид – 2 седмици

    rnОва соединение ги убива бактериите што предизвикуваат акни и дејствува прилично брзо. За две седмици, воспалените акни ќе се смират, а кожата ќе изгледа поздраво. Сепак, потребно е повеќе време за да исчезнат мозолчињата, обично околу шест седмици.rn

    Хијалуронска киселина – веднаш

    rnДејството на хијалуронската киселина започнува веднаш штом ќе се нанесе на кожата. Таа ја задржува водата во вашата кожа. Нејзиниот ефект започнува неколку минути по нанесувањето и трае неколку часа.rn

    Ретинол – до 12 седмици

    rnЕдна од најпопуларните супстанции против стареење – ретинол, го стимулира обновувањето на кожата затоа што ја стимулира да произведува колаген. Бидејќи ретинолот мора прво да го активира нашиот внатрешен механизам и да го натера телото да ги произведува потребните супстанции, потребни се 4 до 12 седмици за да дејствува. Покрај неговото дејство против стареење, ретинолот ги чисти порите и ја чисти кожата. Овој ефект може да се забележи во текот на првите шест седмици.rn

    Овошни киселини (AHA)

    rnАлфа хидроксилните киселините, попознати како овошни киселини, покажуваат подобрување за една или две седмици. Нивната задача е да го отстранат слојот мртви клетки и да обезбедат сјај на кожата на лицето. Ако сакате овошните киселини да ја средат вашата депигментација, тогаш ќе мора да почекате околу 12 седмици.rn

    Кофеин – веднаш

    rnКофеинот ги смирува подочниците со подобрување на циркулацијата на крвта. Дејствува многу брзо, но ефектот е ограничен на максимум 24 часа.rnrnПогледнете кои се 10-те најчести проблеми со кожата и како да ги решите.

  • Зошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист?

    Зошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист?

    Зборот „органски“ дефинитивно звучи попривлечно од нешто што е вештачки произведено, но сето тоа е илузија. Луѓето преминуваат на органска храна, но досега не е докажано дека храната што содржи ГМО (генетски модифицирани организми) нема негативно влијание врз луѓето. Истото се случува и со „природните“ производи за нега на кожата.rn

    „Без хемикалии“ е лажно рекламирање

    rnЗошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист?rnrnАко на етикетата го видите зборот „природно“, тоа не значи дека е без хемикалии, а зборот „хемикалија“ звучи непотребно заканувачки. Исто така, и водата е хемикалија. Покрај тоа, дерматолозите објаснуваат дека „природните“ производи не се толку добро истражени како соодветно регулираните. Во краен случај, започнете да го читате списокот со состојки на задната страна, наместо да верувате на она што го пишува на предната етикета.rn

    Целосно природните производи имаат многу краток рок на траење

    rnЗошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист?rnrnИако ова можеби нема да ве натера да го смените мислењето, сепак треба да внимавате кога истекува рокот на траење на вашиот природен производ, особено ако сте го направиле сами. Во просек, органските состојки траат 3 месеци, така што обновувањето на залихите ќе биде ваш приоритет. Не користете природни производи откако ќе им помине рокот на траење бидејќи може да имаат мувла, особено ако содржат вода.rn

    Необработените природни состојки можат да бидат исклучително штетни

    rnЗошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист?rnrnКога состојките се формулираат во лабораторија, без оглед на тоа дали се синтетички или природни, тие се преработуваат на начин што ги задржува само најдобрите својства и ги филтрира останатите. Алое верата е многу популарна смирувачка состојка и ја има во многу кремови кои имаат ефикасно дејство. Сепак, сировиот сок од алое вера содржи канцерогени материи што можат да предизвикаат рак. Ова објаснува зошто не мора да значи дека преработените состојки се секогаш штетни.rn

    Природниот пилинг е поштетен од хемискиот

    rnЗошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист?rnrnПилингот е многу корисен третман за нега на кожата бидејќи ги отстранува мртвите клетки, овозможува нивно обновување и му дава свеж изглед на лицето. Но, природниот пилинг може да биде многу погруб за вашата кожа. Шеќерот, кој е една од најпопуларните состојки во органските пилинзи, има големи молекули што ја гребат кожата и прават ситни гребнатини. Од друга страна, хемиските пилинзи се многу понежни и поефикасни.rn

    Ризикот од алергија е поголем

    rnЗошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист?rnrnМногу често луѓето кои користат природна козметика за нега на кожата страдаат од чувствителност на кожата и претпоставуваат дека појавата на црнки е реакција на хемиските состојки. Сепак, многу производи што ги сметате за природни можат да предизвикаат алергии, како, на пример, еукалиптус, рузмарин, масло од чајно дрво и што било на база на цитрус. Во исто време, некои производи што се создадени во лабораторијата се направени специјално за чувствителна кожа.rn

    Не се сите парабени страшни

    rnЗошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист?rnrn„Парабени“ е последниот збор што некој сака да го прочита во составот на производите за нега на кожата. Сепак, парабените и конзервансите се тие што ѝ помагаат на вашата кожа да го апсорбира производот што го нанесувате. Парабените не се штетни сè додека сочинуваат помалку од 0,1% од состојките. Покрај тоа, парабените може природно да се наоѓаат кај овошјето, како боровинки, јагоди и маслинки.rnrnПогледнете како ролерот за лице може да ја трансформира вашата кожа.

  • 5 производи за нега на кожа кои не треба да се користат за време на студените денови

    5 производи за нега на кожа кои не треба да се користат за време на студените денови

    Кога ќе се разбудите утрото и ќе видите дека летната влага е заменета со свежиот и ладен мирис на есента, тоа покажува дека сезоните официјално се менуваат. Важно е да знаете дека ова не е знак дека треба само да ја смените облеката од плакарот, но исто така и дека е време да ја подобрите вашата нега на кожата.rnrn5 производи за нега на кожа кои не треба да се користат за време на студените деновиrnrnПромените во воздухот што се случуваат во овој период ја дехидрираат кожата, така што треба да ја хидрирате што е можно повеќе бидејќи може да се случи да се наруши нејзината pH вредност. Кога тоа ќе се случи, клетките на кожата, кои нормално стојат цврсто една до друга, ќе почнат да се одделуваат. Ова предизвикува влагата да излезе од вашата кожа побрзо и да стане „влез“ за патогени микроорганизми како што се бактериите.rnrnСо ваквите промени во времето, кожата станува почувствителна и подложна на реакции на одредени состојки. Ова е причината зошто е важно да ги избегнувате тие состојки, бидејќи тие можат значително да ги влошат работите. Прочитајте подолу од кои производи треба да се откажете.rn

    1. Тоници со алкохол

    rnИако некои тоници се направени од навлажнувачки состојки и може да се користат во зима, оставете ги сите на база на алкохол на полицата да чекаат подобри времиња. Тониците обично имаат изопропил или етил алкохол и ќе ја исчистат кожата, но таа ќе стане почувствителна, особено во зимските денови. Тоникот со хијалуронска киселина или ниацинамид ќе и помогнат на вашата кожа во овој период.rn

    2. Глинени маски

    rnМногу луѓе користат маски од глина за детоксикација на кожата, но тие дополнително ќе ја исушат и иритираат кожата во овој период од годината, па затоа треба да се откажете од нивното користење. Наместо тоа, можете да ја замените вашата маска од глина со навлажнувачки состојки, како што е маската од краставица.rn

    3. Ретиноиди

    rnСе препорачува умерена употреба на ретиноиди. Прво измијте го лицето, а потоа почекајте 30 минути пред да нанесете за да бидете сигурни дека кожата е целосно сува. Користете ги многу малку, односно еднаш или двапати неделно. Не заборавајте да нанесете еден слој навлажнувачки крем пред и по ретиноидите, бидејќи тоа и дава на кожата дополнителна заштита.rn

    4. Мириси и есенцијални масла

    rnИако вашата кожа можеби нема проблеми со миризливи производи за време на потоплите месеци, тие одеднаш можат да предизвикаат иритација и чувствителност, дури и кај луѓе кои всушност можат да ги толерираат поголемиот дел од годината. Проверете ја етикетата за мириси, есенцијални масла, парфеми и слично. Доколку имате ваков производ, препорачливо е да го користите што е можно помалку.rn

    5. Состојки за акни

    rnБидете внимателни со работи како салицилна киселина или бензоил пероксид. Ако имате дамки или сте склони кон акни, можеби ќе треба да ги замените состојките што ги користите. Во овој случај, ниацинамидот може да помогне во намалување на воспалението и темните дамки.rnrnПрочитајте и кои 7 грешки во негата на кожата може да ви создадат акни.

  • Производи за бебиња кои дефинитивно нема да ви бидат потребни

    Производи за бебиња кои дефинитивно нема да ви бидат потребни

    Кога родителите очекуваат бебе за прв пат, тие обично прават список на неопходни работи што ќе им бидат потребни на нивното новороденче.Од облека, пелени, кревети, колички.rnrnСепак, има толку многу работи што никогаш нема да ви требаат. На пример, родителите купуваат огради за кревети за бебиња, така што малите деца не удираат со главата на летвите на креветчето. Сепак, ова може да биде вистински кошмар за децата. Експертите предупредуваат дека оградите претставуваат опасност и го зголемуваат ризикот од синдром на ненадејна смрт кај новороденчињата.rnrnСе предлага сите предмети што можат да го покријат лицето на детето да се чуваат подалеку од креветот.rnrnПроизводи за бебиња кои дефинитивно нема да ви бидат потребниrnrnНосач за бебиња со тесна основа го одржува бебето во најнездрава положба. Носењето бебе на овој начин создава голема напнатост на ‘рбетот и го зголемува ризикот од дислокација на колкот. Ризикот е особено висок кај бебиња под 6 месеци.rnrnНосењето бебе има голем број придобивки и за родителите и за децата, само имајте на ум дека носачот на бебиња треба да има широка основа.rnrnКога бебињата почнуваат да се движат низ куќата, родителите се предаваат на искушенијата и купуваат проодувалки. Сепак, тие се нелегални во некои земји, како што е Канада. Тие исто така претставуваат голем ризик од траума, затоа што децата можат да се превртат или да паднат.rnrnСекој трет случај на давење кај деца под 2-годишна возраст е предизвикан од седишта за бања. Некои родители сметаат дека овие седишта се безбедносна претпазливост, сепак децата можат да се лизнат и да се удават.rnrnБебешки перници се исто така непотребни за деца под две години.rnrnПогледнете го овој трик како да го заспиете бебето побрзо.

  • Зошто вашите козметички производи немаат дејство како првиот ден?

    Зошто вашите козметички производи немаат дејство како првиот ден?

    Рутината на негата на кожата е многу важна, особено онаа за заштитата од сонцето и од УВ-зраците. Дури и ако редовно ја чистење и ја негувате кожата за да ја одржите здрава и сјајна, има неколку непредвидливи фактори што може да го намалат ефектот на козметичките производи.rnrnЗошто вашите козметички производи немаат дејство како првиот ден?rn

    1. Поминат рок на траење

    rnКако храната, така и производите за нега на кожата имаат рок на траење и откако ќе им истече рокот, тие нема да бидат многу ефикасни. Поради оваа причина, важно е да го проверите датумот на декларацијата пред да го купите козметичкиот производ за да не трошите пари на производи што може да ви направат повеќе штета отколку добро.rn

    2. Ја чувате козметиката на погрешно место

    rnИако многу луѓе ги игнорираат упатствата што советуваат каде треба да ја чувате козметиката, сепак треба да бидете повнимателни. Директната сончева светлина или влажната околина може да влијаат на некои производи и да ги разградат активните состојки. Серумите со витамин Ц се особено чувствителни на топлина и на светлина.rn

    3. Вашето тело се навикнало на производот

    rnПонекогаш, менувањето на рутината, на производот или на редоследот на нанесување може да го продолжи времето во кое производот има позитивни ефекти врз кожата.rn

    4. Промени во годишните времиња

    rnВашата кожа може различно да реагира на производите во зависност од годишното време. Животната средина може да влијае на ефективноста на производите за нега на кожата, така што треба да ги приспособите на промените за кожата да изгледа најдобро. Зимата може да предизвика црвенило, сува и иритирана кожа, додека топлите и влажни летни месеци може да доведат до мрсна кожа.rn

    5. Имате хормонални промени

    rnХормоналните промени може да влијаат на кожата. Ова може да биде поврзано со бременост, менопауза или каква било хормонална нерамнотежа. Следете ги промените на кожата и соодветно менувајте ја козметиката.rn

    6. Лекови

    rnЛековите може да предизвикаат акни и други реакции што се манифестираат на кожата. Во овој случај, најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог.rn

    7. Нанесувате козметика во погрешно време

    rnПериодот од денот кога нанесувате козметика може да биде причината зошто резултатите не се добри.rn

    8. Не се придржувате до рутината

    rnОд клучно значење е да ја одржувате рутината и да ѝ дадете на кожата време да се навикне на тоа.rn

    9. Не правите пилинг

    rnАко не правите пилинг одвреме-навреме, тоа може да биде причината зошто козметиката не функционира како што треба. Слојот мртви клетки на кожата може да ги спречи состојките на производот ефикасно да навлезат во кожата. Треба да правите пилинг на кожата неколку пати неделно.rn

    10. Производот не е доволно силен

    rnОдредени козметички состојки потешко минуваат низ кожата, па количината што ја нанесувате не е доволна. Понекогаш треба да ја зголемите дозата.rn

    11. Состојбата на кожата се менува

    rnКожата минува низ различни фази, па затоа е добро да ја менувате и козметиката.rnrnПрочитајте што да направите со шампонот и со кремот што не ви одговараат.

  • Одлични трикови за убавина: Што да правиме со шампонот и кремот кои не ни одговараат?

    Одлични трикови за убавина: Што да правиме со шампонот и кремот кои не ни одговараат?

    На сите ни е познато чувството кога ќе купиме козметички производ што потоа излегува дека не ни одговара. Шампон што уште повеќе ја масти косата, крем кој е премногу тежок за нашата кожа, мелем за усни што практично ги суши усните.rnrnОдлични трикови за убавина: Што да правиме со шампонот и кремот кои не ни одговараат?rnrnНо, што да правиме со производите кои штотуку сме ги купиле и за кои сме потрошиле пари? Ако подарувањето некому не е опција – не очајувајте!rnrnВо следниов текст ви предлагаме корисни начини на кои можете да ги искористите производите за убавина што не ви одговараат и да ги пренамените за други цели!rn

    1. Крем за лице

    rnАко вашата купена крема е премногу масна и тешка, користете ја како крем за пети, раце или лакти… Ова се регии за кои е потребна помасна текстура на крем. Покрај тоа, можете да користите крем за одржување на кожата на чевлите, ракавиците или чантите.rn

    2. Мелем за усни

    rnНесоодветниот мелем за усни, користете го за премачкување на кутикулите на рацете и нозете.rn

    3. Шампон за коса

    rnАх, дали купивте шампон за коса и откривте дека ви предизвикува првут или е премногу тежок за вашата коса? Едноставно користете го за да ги исперете осетливите алишта како долниот веш или градникот. Плус, можете да ги измиете и четките за шминка и сунѓерчињата. Можете да користите шампон и за да ги исперете детските играчки.rn

    4. Регенератор и маска за коса

    rnНа сите нас ни се случува да дадовме пари за регенератор или маска што не ни помага. Користете го регенераторот наместо пена за бричење на нозете: ќе видите дека бричот феноменално ќе лизга низ кожата, без исекотини, а кожата ќе ви биде совршено мазна!rn

    5. Пилинг за лице

    rnКупивте пилинг за лице и по првата употреба сфативте дека ќе ви го оштети лицето затоа што е премногу груб? Користете го како дел од вашата домашен маникир за пилинг на рацете или нозете. Ако е многу груб, ќе послужи и како пилинг на тело.rn

    6. Млеко за тело

    rnМожете да користите несоодветното млеко или лосион за тело на многу начини: ако вашата коса е наелектирзирана или замрсена, само втријте мала количина млеко за телото на рацете и поминете низ вашата коса за да ги скротите антените. Ова важи и за „наелектризираното“ крзно од домашното милениче. Исто така, со млеко за тело, отстранете ги трагите од лепило откако ќе ја извадите налепницата, негувајте ја кожната фотелја за која може да користите и пена за бричење!rn

    7. Масло за нега на тело

    rnДали купивте ново масло за нега на тело, па откривте дека страшно ви смета мирисот или е премногу масно? Не фрлајте го, туку искористете го на следниов начин: натопете ги нозете во маслото и потоа облечете кеси за замрзнувач, па памучни чорапи одозгора! Кожата на нозете ќе биде супер мека. Додајте 2 лажици масло во бањата за да ја омекнете кожата додека лежите во кадата. Користете го ваквото масло и за одржување на резињата на вратите, или синџирите на велосипедот.rn

    8. Дезодоранс

    rnДигнете рака ако не ви сте се случило да купите дезодоранс што не е ефикасен или има задушувачки мирис! Овој вид на дезодоранс користете го против непријатните мириси на нозете: нанесете го навечер пред спиење, за да бидете безбедни следниот ден. Користете дезодоранс како освежувач на плакарот: оставете го отворен во плакарот за убав, опоен мирис! Ако бутовите ви се тријат еден со друг, решете го проблемот со малку дезодоранс во стик.rn

    9. Серум за лице

    rnНесоодветниот серум за лице што не ви одговара користете го како серум за вратот и деколтето. Може да го користите и за нега на рацете, пред да нанесете крем за раце. Запомнете дека на вашата кожа ѝ треба хидратација!rnrnМожеби сакате да прочитате и зa 6-те бебешки производи кои ќе ја променат вашата рутина за нега и убавина.

  • 7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

    7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

    Свежите, сочни производи може да делуваат како одлична опција за зимските денови, сепак, треба да имаме предвид дека во текот на овие постудени месеци, повеќето од нив пристигнуваат од потоплите региони. За време на испораката, нивните хранливи материи може да исчезнат, па тие да бидат со многу мала или без нутритивна вредност. Некои производи, дури и оние кои се произведуваат локално, можe да бидат прилично штетни кога се консумираат во зима.rnrnЗа да останете здрави во текот на зимата, погледнете ја оваа листа на производи кои треба да ги избегнувате овој период.rn

    1. Аспарагус

    rn7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зимаrnrnНајдобро време кога аспарагусот треба да биде дел од нашето мени е пролетта. Во зима, аспарагусот се испорачува од далечни дестинации како Перу или Кина. Додека тој дојде до нас, исчезнуваат не само вкусот и текстурата, туку и витамините. За време на транспортот се губат корисните состојки и тој станува помалку хранлив за нас.rn

    2. Пакувани зелени зеленчуци

    rn7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зимаrnrnПакуваниот зеленчук е претходно измиен и сечкан за да може лесно и брзо да се консумира. Сепак, ваквото миење може да ги оштети растителните влакна и да доведе до губење на витамините во нив. На крај, добиваме помалку здрав производ кој има добар изглед. Најдобро почекајте да дојде пролетта, а потоа купете си свежо одгледан и непакуван зеленчук.rn

    3. Јагоди и боровинки

    rn7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зимаrnrnЛетото е најдоброто време за одгледување на бобинки. Јагодите се богати со витамин Ц, а боровинките може да помогнат во спречувањето на појава на карцином на кожата. Тие, исто така ја зголемуваат активноста на мозокот. Најдобро е да се консумираат домашни бобинки. Оние што се увезуваат од далеку, не се вкусни и немаат доволно хранливи материи. Ако сакате да уживате во нивниот вкус во зима, најдобро е да се одлучете за замрзнати.rn

    4. Пченка во кочани

    rn7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зимаrnrnПченката расте само во лето и во ниту една друга сезона. Значи, кочаните пченка што може да ги најдете во супермаркетите не е толку свежа како што изгледа. Таа може да била претходно замрзната или преостаната од претходното лето.rn

    5. Млечни производи

    rn7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зимаrnrnНекои млечни производи како урдата и млекото треба внимателно да се консумираат во зима. Урдата може да го зголеми излачувањето слуз од жлездите и може да влијае на целокупната телесна состојба. На луѓето кои имаат кашлица или настинка, или кои страдаат од астма, може да им се влоши состојбата со консумацијата на ваквите производи.rn

    6. Шеќер

    rn7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зимаrnrnШеќерот може да е причина за да се чувствувате депресивно, особено во зима. Внесувањето на шеќер го активира процесот на појава на воспаление во вашето тело и го намалува ослободувањето на допамин, хормон кој прави да чувствуваме задоволство. Зимата се смета за „мрачна“ сезона за многумина, па дополнителното внесување на шеќери може да ја направи уште потешка.rn

    7. Црвено месо

    rn7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зимаrnrnЦрвеното месо е одличен извор на протеини кои се неопходни за зајакнување на мускулите и метаболизмот. Сепак, честото консумирање може да предизвика насобирање на слуз во грлото. Во тек на оваа сезона подобро одберете пилешко месо или риба.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои ќе бидат најголемите трендови за храна во 2020 година?

  • Ако имате над 30 години, исфрлете ги овие козметички производи од вашиот несесер

    Ако имате над 30 години, исфрлете ги овие козметички производи од вашиот несесер

    Ако имате над 30 години, вашата кожа произведува помалку масти и тоа доведува до појава на сува и груба кожа. Не е тајна дека сувото лице бара дополнителна хидратација и предизвикува појава на ситни брчки и линии кои бараат поразлични козметички средства. Дерматолозите препорачуваат овие козметички производи да не ги употребувате во тој период.rnrnАко имате над 30 години, исфрлете ги овие козметички производи од вашиот несесерrn

    1. Средства за чистење што прават многу пена

    rnМиењето на лицето со производи што прават многу пена ги отстранува основните хранливи материи на кожата, што придонесува за сувост на кожата, а тоа со текот на времето резултира со намалена еластичност. Овие производи се богати со сурфактанти – молекули што ги отстрануваат нечистотиите на лицето, но истовремено ги отстрануваат маслата на кожата што се одговорни за нејзиниот мазен изглед. Пената заменете ја со млеко, со балсам или со некој друг кремаст производ за чистење на лицето.rn

    2. Груб пилинг

    rnКожата што старее е многу чувствителна, што значи дека не може да поднесе груб пилинг. Во дваесеттите години, обновувањето на клетките на кожата се случува на секои дваесет и осум дена. Но, во доцните триесетти и четириесетти години, овој процес трае повеќе од четириесет дена.rnrnЗа вашата кожа да изгледа посвежо, изберете маски, средства за миење на лицето или серуми што содржат нежни хемиски ексфолијанти, како што се овошните ензими.rn

    3. Тоник за лице на база на алкохол

    rnПовеќето тоници за лице содржат алкохол и се користат за мрсна кожа што е склона на акни. Сепак, тие ја лишуваат кожата од природните масла предизвикувајќи нормалната кожа да стане сува. Како што стареете, така кожата полесно ја губи хидратацијата. Поради тоа, по миењето и по чистење на кожата, треба да користите гел за нега на лице што содржи хијалуронска киселина.rnrnКористете тоник што не содржи алкохол, а вашата кожа ќе ви биде благодарна.rn

    4. Тешки коректори

    rnКожата околу очите станува поделикатна и потенка, па ако коректорот е премногу тежок, тогаш тоа ќе има спротивен ефект. Кремастиот или течниот коректор е одлична опција затоа што кожата нема да изгледа сува по нанесувањето на коректорот.rn

    5. Блескаво руменило

    rnБлескавото руменило може да се задржи во малите брчки, а вие сигурно не го сакате тоа. Наместо да ги криете, вие ќе ги нагласите брчките. Многу е подобро да користите полу-мат руменило и најдобро е да го нанесете на највисоката точка на образите, а тоа ќе создаде младешки изглед бидејќи го подигнува лицето.rn

    6. Мат пудра во прав

    rnОвој производ се задржува во сите пори, нерамнини и ситни брчки на кожата. Пудрата во прав ќе направи кожата да изгледа посуво, а како алтернатива можете да користите потранспарентна пудра што нема да се насобира на местата што сакате да ги прикриете.rnrnПрочитајте зошто производите за нега на кожата немаат дејство.