КАФЕ ПАУЗА

Tag: професионално

  • 5 причини зошто е добро да носите рачен часовник

    5 причини зошто е добро да носите рачен часовник

    Можеби рачните часовници малку изгубија од својата популарност со појавата на смартфоните, но тие, покрај другото, се и прекрасен моден додаток што истовремено може да зборува многу за вашата личност. Доколку и вие сте од оние коишто го исфрлија од употреба рачниот часовник, погледнете ги овие 5 причини што можеби ќе ве премислат и веднаш ќе отидете до најблиската продавница и ќе го изберете вашиот нов омилен.rnrn5 причини зошто е добро да носите рачен часовникrn

    1. Тој е одлика на успешен бизнисмен

    rnРечиси секаде, и во реалниот живот и во филмовите, секој успешен бизнисмен носи рачен часовник, при што се чини дека ова е нивна одлика. Во бизнисот, на луѓето кои носат рачни часовници се гледа како на сигурни, организирани и професионални личности. Иако го носат и жени, се чини дека рачниот часовник е симбол на машкоста. Поголемиот дел од рекламите за рачни часовници вклучуваат повеќе мажи отколку жени. Сепак, без оглед на вашиот пол, не треба да го исфрлите од употреба овој додаток.rn

    2. Ве чува безбедни

    rnВо брзиот свет во којшто живееме, неретко се среќаваат измамници што ќе ве прашаат колку е часот, а откако ќе го извадите својот телефон, тие ќе ви го украдат и ќе избегаат. Ако носите рачен часовник ќе бидете во можност да одговорите колку е часот без притоа да ја загрозите својата лична безбедност.rn

    3. Прави да изгледате покласично

    rnКолку пати ви се има случено кога ќе седнете во кафуле или ресторан да забележите како луѓето ги вадат своите телефони од џеб или чанта уште пред да седнат? Осмелете се да бидете различни така што не ќе морате постојано да го чепкате својот телефон за да проверите колку е часот. Бидете личност која е независна од својот телефон, а во секое време знае и точно колку е часот.rn

    4. Им покажува на луѓето дека сте организирани

    rnКога ќе отидете на интервју за работа и ќе носите рачен часовник, оној што го води интервјуто ќе ве забележи повеќе во однос на останатите кандидати. Носењето рачен часовник покажува дека сте одговорна и организирана личност која е способна да се прилагоди на новите ситуации. Кога сите други носат телефони со себе, вие со носењето рачен часовник ќе се одвоите од нив, оставајќи им впечаток на другите дека знаете да ги цените вашите време и пари.rn

    5. Ви овозможува да ја изразите својата личност

    rnЖените може да носат голем број модни додатоци, но мажите немаат многу избор, особено на работно место каде што има кодекс на облекување. Рачниот часовник не е нешто што некогаш ќе треба да го сокриете или отстраните. Можете да изберете разни видови часовници: Спортски, шарени, гумени, за секој ден и за секоја ситуација, а со ова ќе се прикажете себе како личност.

  • 7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

    7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

    Речиси секој од нас е зависен од својот смартфон. Покрај многуте други опции, смартфонот најчесто го користиме и за фотографирање. Без разлика дали сте на патување надвор од земјата или пак на кратка прошетка во природа, ќе сакате да сочувате некои моменти и пејзажи. За таа намена постојат различни апликации што може да ви помогнат при уредувањето на фотографиите, при што откако ќе ги користите, ќе бидете изненадени од резултатите. Денес ви прикажуваме седум такви апликации. Проверете ги и споделете ги вашите искуства!rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    1. Priime

    rnPriime е бесплатна апликација што нуди 100 професионални стилови, инспирирани од едни од најдобрите светски фотографи, а исто така овде се вклучени и модерни алатки. Достапна е за корисниците на iOS.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    2. VSCO

    rnVSCO е уште една бесплатна апликација за уредување фотографии што има напредна контрола на камерата. Исто така овде имате можност да креирате и профил каде што ќе ги објавувате своите фотографии и другите ќе имаат можност да ги видат. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    3. Afterlight

    rnAfterlight е апликација што чини 1 долар, но со неа ќе добиете 74 целосно прилагодливи филтри, 78 природни текстури, 15 прилагодливи алатки и 128 рамки. Плус тоа, оваа апликација совршено се вклопува со Инстаграм. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид. rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    4. Adobe Photoshop Lightroom

    rnЗа понапредна обработка на фотографиите, Adobe Photoshop Lightroom ви овозможува да бидете вешти во уредувањето и да ги споделите професионалните и квалитетни фотографии директно од вашиот смартфон или таблет. Станува збор за бесплатна апликација што има доста едноставен процес на користење. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    5. Polarr

    rnPolarr е одлична, прецизна и бесплатна апликација што се прилагодува на вашите желби. Таа ви нуди различни филтри, 3Д поддршка на допир, корекции и слично. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    6. Enlight

    rnАко сакате да додадете малку уметност на фотографиите што биле направени на отворено, тогаш треба да ја пробате Enlight. Дел од најкреативните функции на оваа апликација вклучуваат различни филтри, сликарски ефекти и трансформација на улична уметност. Вреди да се проба. Чини 4 долари и е достапна за корисниците на iOS.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    7. Snapseed

    rnАпликацијата на Гугл за уредување фотографии, Snapseed, е совршена за мали, специфични коригирања. Имате можност за ротација, сечење, контраст и многу други работи. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

  • Погледот од туѓа перспектива како еден од најдобрите водичи кон успех

    Погледот од туѓа перспектива како еден од најдобрите водичи кон успех

    Успехот е нешто што не се гради лесно. Патот кон него е исполнет со предизвици, подеми и падови кои носат со себе лекции и нè дефинираат понатаму на професионално ниво. Една од тие лекции е и таа дека способноста да ги видиме работите од перспективата на останатите луѓе е добар водич кон успех. Чување отворен ум значи прифаќање дека може да постои и друг начин освен оној за кој знаеме, а тоа самото веќе ни отвора повеќе шанси за успех отколку на останатите кои мислат дека нивната перспектива е единствена и со најдобар поглед.rnrn(4)-pogledot-od-tugja-perspektiva-kako-eden-od-najdobrite-vodichi-kon-uspeh-kafepauza.mkrnrnКако и сè друго, па така и способноста да се видат работите од туѓа перспектива е нешто што се вежба и учи со тек на време. А следниве неколку совети ќе ви дадат добра идеја од каде да почнете.rn

    Обрнување внимание на останатите

    rnВо природата на луѓето е да се прашуваат што останатите мислат додека се во нивно присуство. Обидувајќи се да ги прочитаат, тие веќе во глава создаваат слика според која инстинктивно одлучуваат дали таа личност им се допаѓа за и понатаму да останат во контакт со неа. На тој начин, луѓето почнуваат да размислуваат посвесно и се способни подобро да ја проценат ситуацијата. Ова укажува на тоа дека оние кои обрнуваат поголемо внимание на луѓето околу нив ќе имаат предност во идни интеракции бидејќи ќе можат внимателно и ефективно да пристапат кон истите.rn

    Менаџирање на сопствените чувства и емпатија

    rnЕдна од 5-те карактеристики кои најуспешните луѓе во светот ги делат е успешно менаџирање со своите чувства. Иако е неверојатно важно за секој успешен човек да може да препознае и соодветно да прочита емоции кај другите луѓе, контролата и успешното управување со сопствените чувства и емоции е многу поважна. Причината е многу едноставна: За да може човек успешно да функционира на приватно и професионално поле и да формира успешни врски со други луѓе, тој мора прво добро да се познава себеси, да знае што и како влијае на него и во кој правец да го контролира тоа. Потоа, емпатијата си го прави своето на тој начин што ни дозволува да разбереме како другите би се однесувале во дадена ситуација. Што би направиле и што би рекле. А човекот кој ги има овие две карактеристики е човек со голем потенцијал за успех.rnrn(3)-pogledot-od-tugja-perspektiva-kako-eden-od-najdobrite-vodichi-kon-uspeh-kafepauza.mkrn

    Правилно читање на другите луѓе

    rnСекој потег, секое движење на телото и секој искажан збор кажуваат многу за човекот кој ги прави. А правилното читање на истите претставува неверојатна можност за тој што ги чита да се постави добро во комуникацијата и да го извлече максимумот од истата. Сите работи кои човек успешно ќе ги прочита кај останатите оставаат белег кој потоа се претвора во сеќавање кое влијае на неговата интуиција. А кога ќе дојде момент, истата таа интуиција ќе биде силна страна на тој човек, бидејќи успешно ќе го извести за насоката во која треба да се движи неговото однесување, т.е., кога, како и што да каже и ќе му даде идеја за можните резултати од таа комуникација.rn

    Интерпретирање на зборовите

    rnВо секојдневниот говор, познато како читање меѓу редови, правилното интерпретирање на тоа што луѓето го кажуваат во ваше присуство знае да биде круцијално за успешна комуникација и резултатот кој го посакувате. Факт е дека не секогаш луѓето го кажуваат тоа што го мислат, па сосема е очекувано дека за разговорот да се движи во насока која е најефективна за некого, тој некој ќе мора успешно да може да чита меѓу редови. Знаејќи што точно сака да каже личноста спроти него, тој ќе има моќ соодветно да ја насочи ситуацијата во поволниот правец кој носи успешен исход за него.rnrn(2)-pogledot-od-tugja-perspektiva-kako-eden-od-najdobrite-vodichi-kon-uspeh-kafepauza.mkrn

    Почитување на различните мислења и ставови

    rnСите луѓе се различни и имаат различни мислења и ставови за една иста работа. Ова значи дека кога повеќе луѓе ќе се најдат во една иста просторија, веројатноста е дека истите нема да се согласуваат на секоја тема на разговор. Исто е и кога станува збор за деловен состанок, разговор со потенцијален работодавец, колега или купувач. Но, добро научена лекција е таа кога човек знае дека не секогаш е потребно да се согласува со некого за исходот да биде успешен. Многу поважен знае да биде односот кој тој го има кон различниот став на човекот со кој зборува, бидејќи колку и да делува ситуацијата неповолна, почитувањето на туѓиот став може да ја сврти работата за 180 степени. Кога постои почит за меѓусебните разлики, учесниците во разговорот можат успешно да предвидат што да кажат, а што не, оставајќи ја отворена шансата за учење нешто ново и станување поуспешна личност.rn

    Запознавање на луѓето и на приватно ниво

    rnКој е некој, од каде е и какви му се културните и религиозни традиции и ставови е многу важно. Во минатото, мешањето на овој дел од приватниот живот со бизнисот било невообичаено и не се практикувало. Но, денес за успешен резултат е витално да се знае нешто повеќе за луѓето со кои се влегува во деловен однос или, пак, со кои се формира некаква конекција. На тој начин, комуникацијата е многу поефикасна и полесна за насочување. А учесниците се многу посвесни за себе и атмосферата, негативните и позитивните делови од истата и тоа дека научиле нешто повеќе.

  • 5 работи кои никогаш не треба да ги кажувате пред вашиот шеф

    5 работи кои никогаш не треба да ги кажувате пред вашиот шеф

    Успехот во кариерата е нешто што им е важно на сите луѓе. Сакаме да сме способни и подготвени, да успееме во своите замисли и да ги постигнеме своите цели, а кога нешто навистина сакаме, тогаш веројатно ќе работиме за тоа со целото срце и душа. Но една од многуте работи кои може да ни се испречат на патот, а која има неверојатно важна улога, е непрофесионалноста. Поради неа луѓето нема да нѐ сфатат сериозно, па имајќи лошо мислење ќе размислат два пати пред да се вклучат во некаков работен однос со нас или уште повеќе, дали да го задржат постоечкиот.rnrnСо цел успешно да ги избегнете ваквите ситуации, внимавајте на следниве 5 работи кои се препорачува да не ги кажувате и правите пред вашиот шеф.rnrn(1)-5-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-kazhuvate-pred-vashiot-shef-kafepauza.mkrn

    1. „Ова не е моја работа“

    rnДоколку сакате да напредувате во својата работа, тогаш кажувањето нешта како Ова не е моја работа и не се баш така добра идеја. Без разлика дали станува збор за работно место во државна институција или приватна компанија, како вработено лице ќе добивате и задачи кои не секогаш ќе спаѓаат во описот на вашето работно место.rnrnИако не треба да дозволите да ве искористуваат и вие да ги извршувате и туѓите задачи, веројатно некогаш ќе треба да го направите тоа. Но позитивното тука е што на тој начин ќе му покажете на својот шеф дека имате желба за работење, дека сте тимски играч и дека не ви пречат плус работни задачи само поради тоа што не се ваша работа, а тоа е позитивен додаток кон успешна кариера.rn

    2. „______ е идиот“

    rnНа сите нас ни се случуваат моменти кога сме премногу гневни на некој колега или дури и на шефот. Навистина, не постои вработен човек кој не поминал низ такво искуство. Во тие моменти ни доаѓа да се откажеме и притоа, знаеме да кажеме работи кои се целосно несоодветни.rnrnВо налети на лутина, често се наоѓаме во ситуација кога зборувајќи со друг колега за проблемот, ја навредуваме личноста која нѐ налутила. Не размислувајќи колку непрофесионално звучиме во тие моменти, се доведуваме себеси во позиција луѓето да го сменат мислењето за нас на полошо. Постои веројатност и шефот многу брзо да слушне за тоа што сте го рекле само бидејќи во краток момент на нервоза не сте успеале да се воздржите. Иако имате проблеми со некого, постојат повеќе начини како да ги решите. Именувајќи ја таа личност со секакви имиња пред другите колеги или пред самиот шеф не е меѓу нив.rn

    3. Правите гримаси

    rnДетски е и целосно непрофесионално од ваша страна да правите гримаси. Сакате да успеете во професионалниот свет и да ве почитуваат, но правењето гримаси ќе ве претстави во сосема поинакво светло. Наместо сериозни, ќе делувате како дете на кое не му купиле сладолед; наместо посветени и смели, ќе претставите слика на личност која не ја цени својата работа.rnrnНикој не вели дека треба да се согласувате со сите и со сето она што тие го прават и се случува, но правењето гримаси нема да ви помогне дури и кога мислите дека никој не ве гледа. Бидете професионални и исфрлете ја оваа навика од вашето секојдневие.rn

    4. „Ќе се задржам повеќе на работа, повторно!“

    rnЕ па, животот не е совршен. Некогаш ќе имате помалку работа, а некогаш ќе имате повеќе. Не е лесно и сигурно не е убаво чувството кога повторно треба да останете на работа и после завршување на работно време, но што можете да направите? Работата мора да се заврши.rnrnМожеби состанокот се одложил за подоцна или имате итна и важна задача која мора да се изработи што побрзо. И колку и да сте нервозни и/или лути во тие моменти, коментирањето работи од типот на повторно треба да останам до подоцна на работа нема да ви помогнат. Наместо да се жалите на ваков индиректен начин, може да се обидете да разговарате со шефот ако работата ви е пренапорна. Но никако кога сте нервозни. Завршете ја работата и покажете му на вашиот шеф дека сте способни да дадете и повеќе од себе кога тоа се бара од вас, а следниот ден, откако убаво ќе размислите со ладна глава, решете го проблемот на професионално ниво.rn

    5. „Се обидов еднаш така, но не функционира“

    rnА дали навистина е тешко да се обидете уште еднаш? Или барем да се воздржите од коментирање на вакви работи? Верувајте дека вашиот шеф нема да го цени фактот што се правите паметни, бидејќи токму така ќе делувате. Уште повеќе, ќе делува како да не сте способни да се справите со ситуацијата и соодветно да си ја завршите работата. А секогаш може да се обидете со поинаков пристап кој ќе оди во ваша корист.rnrnТака, наместо веднаш да одите кај шефот и да му кажете дека не функционира, обидете се да најдете можно решение, па пристапете му со подготвен предлог. Дури и веќе да сте се обиделе со некои од работите кои тој ќе ги предложи, вака ќе имате прилика да му покажете дека иако тие не функционирале, вие неуморно размислувате за тоа како да го решите проблемот.

  • Доколку ги користите овие 5 фрази на работа, никој нема да ве гледа како силна и самоуверена личност

    Доколку ги користите овие 5 фрази на работа, никој нема да ве гледа како силна и самоуверена личност

    Што кажуваме, каде го кажуваме и пред кого се работи кои директно влијаат на туѓото мислење за нас. А кога станува збор за мислењето на професионален план, тогаш мора да бидеме претпазливи со секој збор кој излегува од нашата уста. На пр., сакајќи да бидеме фини и обѕирни, често знаеме да излеземе како слаби и несигурни во себе, а причината е што во зборувањето вметнуваме фрази кои кај останатите оставаат впечаток дека не сме цврсти личности. Следниве 5 фрази се најупотребуваните меѓу нив и треба веднаш да ги исфрлите од вашиот речник.rnrn(2)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mkrn

    1. „Значи“

    rnДефинитивно еден од зборовите кои не само што ќе направат да изгледате несигурно, туку и чија честота на користење неминовно ќе ги изнервира вашите соговорници. Сакате да ве сфатат сериозно? Тогаш веднаш најдете начин да се ослободите од стегите при изговарањето на овој збор. Вежбајте пред огледало, правете кратки паузи секој пат кога ќе ви дојде да кажете значи.rn

    2. „Извини“

    rnНе баш сѐ она за кое се извинувате го бара тоа од вас, нели? Претераното извинување се одразува лошо на вашата самодоверба и остава впечаток дека таа е на многу ниско ниво. Со оглед на тоа дека во поголемиот дел од случаите не сте ни погрешиле толку многу колку што мислите, покажете малку поголема самоувереност и самопочит и извинувајте се само тогаш кога навистина ќе имате за што.rnrn(1)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mkrn

    3. „Не знам дали ќе можете, но…“

    rnДоколку сакате некој да направи нешто, тогаш ова е дефинитивно начинот на кој НЕ треба да го побарате тоа. Дури и кога станува збор за личност која се наоѓа на повисока работна позиција, секогаш постојат други начини кои поефективно ќе ја завршат работата. Бидете сигурни во себе и одлучни, па наместо не знам дали…, обидете се со би сакале ли…rn

    4. „Жал ми е што ви пречам, но…“

    rnКога станува збор за нечие време, тогаш имајте почит за истото и не го трошете залудно со фрази како оваа. Сакате да ве забележат? Сакате помош со нешто? Вака сигурно нема да ја добиете. Имате право да прашате што и да ве интересира и секој, доколку сака, може да одвои неколку минути од своето драгоцено време за да ви одговори. Затоа, следниот пат обидете се со Кога ќе имате време, би го сакал/а вашето мислење за… или фрази слични на оваа.rnrn(3)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mkrn

    5. „Се надевам дека е во ред“

    rnДали се сомневате во себе? И зошто тогаш вашиот работодавец или колеги би требале да ве сфатат сериозно? Не очекувајте другите да веруваат во вашите способности кога вие самите делувате несигурни за тоа колку добро сте ја завршиле работата. Кога навистина одлично сте ја изработиле задачата и го знаете тоа, нема потреба од вакви коментари. Покажете поголема самодоверба и цврсто стојте позади сработеното бидејќи само така ќе ја добиете почитта која ја заслужувате.

  • 18-те најдобри фотографии во светот за 2015-та според натпреварот на „Сони“

    18-те најдобри фотографии во светот за 2015-та според натпреварот на „Сони“

    Светската фотографска организација ја објави својата листа на „Сони светските награди за фотографија“ за 2015. Рекорден број од 173.444 фотографии се пријавени од професионални и аматерски фотографи од 171 држава за изминатава година. Победниците ќе бидат објавени на 23.04.2015, а дотогаш проследете ја скратената листа од трите категории – професионална, отворена и младинска категорија.rn

    1. „Во Тундрите“ – Симон Морис – Луѓе, отворена категорија

    rn1-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrn

    2. „Пот и крв“ – Марчин Клоце – Спорт, професионална категорија

    rn2-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrnrnФотографијата е направена на тренинг на сумо борачи каде посебен акцент се става на нивната флексибилност, што ги изненадува оние кои судат според изгледот.rn

    3. „Изобилство“ – Кристина Капушински Џонсон – Насмевка, отворена категорија

    rn3-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrn

    4. „Приказната за жабите“ – Харфиан Херди – Природа и животински свет, отворена категорија

    rn4-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrn

    5. „Стариот Пастир“ – Саид Барикани – Луѓе, отворена категорија

    rn5-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrn

    6. „Молитва“ – Мухамед Беркати – Уметност и култура, отворена категорија

    rn6-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrn

    7. „Подводна грациозност“ – Џонатан Јип Чин Тонг, професионална категорија

    rn7-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrnrnОбид на фотографот да ја долови грациозноста и редењето при синхронизираното пливање на тренинг во Сингапур.rn

    8. „Сини полиња“ – Симон Батерворд – Пејзаж, професионална категорија

    rn8-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrnrnФотографијата била направена од мал авион на височина од 1.500 метри. Височината била пресудна за птичјата перспектива која е доловена, користејќи долго фокално растојание. Периодот и временските услови кога е направена се исто така важни, а апстрактноста е зголемена со целосниот недостаток на сенки.rn

    9. „Прв поглед“ – Брент Стиртон – Современи проблеми, професионална категорија

    rn9-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrnrnЗападен Бенгал, Индија, 21 октомври 2013 година: Слепите девојчиња Соња (12) и Анита Синг (5) се родени со вродена катаракта и слепило во сиромашна фамилија. Тие секаде биле придружувани од нивните родители. Операцијата да се излечи нивното слепило е едноставна и трае 15 минути, но нивното семејство финансиски не можело да ја поткрепи. Донаторите собрале пари за нивната операција, па така оваа фотографија е есеј кој раскажува приказна за животот пред, за време на операцијата и по неа. Ова е моментот кога се радуваат на светлината.rn

    10. „Обезглавена“ – Адриан Јажзак – Уметност и култура, отворена категорија

    rn10-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrnrnТурнир по гимнастика во Полска, категорија од 8-12 години.rn

    11. „Рамил Гилванов“ – Рима Гилванова – Животен стил, професионална категорија

    rn11-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrn

    12. „Хранење на пеликаните“ – Мелиса Литл – Природа и животински свет, отворена категорија

    rn12-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrn

    13. „Еврленд Кореја“ – Џулија Фулертон Батер – Животен стил, професионална категорија

    rn13-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrnrnЕверленд е најголемиот забавен парк во Кореја, а ова е јавниот туш на Карипскиот залив.rn

    14. „Берлин на мраз“ – Александар Клебе – Панорама, отворена категорија

    rn14-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrn

    15. „Дисциплина“ – Тарек Тума – Дел од секундата, отворена категорија

    rn15-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrn

    16. „Украина, Киев, Еуромаидан“ – Владислав Мисиенко – Актуелни случувања, професионална категорија

    rn16-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrnrnУкраински протестант свири на пијано пред полициската блокада, Киев, 2 октомври 2014.rn

    17. „Ганг, смртта на реката“ – Џулијо ди Стурко – Пејзаж, професионална категорија

    rn17-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrnrnХинду верниците застанати по должина на реката Ганг се подготвени да се натопат во водата на светата река, Индија, 2008 год.rn

    18. „Театарот“ – Кришан Бансал- Животна средина, младинска категорија

    rn18-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за шик и професионален изглед

    Совети за шик и професионален изглед

    Сите барем еднаш сме имале колега или колешка кои биле целосно несоодветно облечени за на работното место. Без разлика дали станува збор за фармерки, патики, кусо здолниште или отворени чевли, несоодветната облека на работа дава целосно погрешна слика за вас.rnrn1-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk_rn

    1. Гледајте од колегите/шефот

    rnНе морате да се облекувате исто како нив, но црпете инспирација. Забележете како се облекуваат најуспешните луѓе во вашата канцеларија и пробајте да замислите какви комбинации можат да се вклопат во прототипот на институцијата во која работите. Ако пак таква комбинација не можете да замислите, големи се шансите да треба да одите на шопинг. Но не се оптоварувајте се со тоа. Сетете се на она што го видовте во канцеларија, размислете што имате во плакарот и земете 2-3 списанија или ѕирнете во светот на модните блогери.rnrn2-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk_rn

    2. Хулахопки

    rnКолку и да звучи старомодно, хулахопките сѐ уште мора да се носат во некои работни околини. Оние кои работат во покреативни околини (контакт центри, списанија или галерии) и не мораат толку да се придржуваат кон ова правило, особено во летните месеци.rnrn3-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mkrn

    3. Фармерки

    rnАко вашата работа ги опфаќа финансиите, правото или кој било друг формален тип на средина, целосно заборавете на фармерките. Помалку традиционалните средини вообичаено имаат кежуал ден или можат да се облекуваат така повеќето денови.rnrnМногу е важен и изборот на фармерки. Белите фармерки се секогаш дозволени, а оние со исечоци, во силни бои се дефинитивно забранети. Целете кон чисти кроеви и темни, едноставни бои. Избегнувајте тесни (цигара) фармерки или со низок струк. Никој не сака да види што носите под нив.rnrn4-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mkrn

    4. Шорцеви

    rnОсвен ако не работите со мода или во некоја релаксирана околина, тогаш шорцевите се лош избор за на работа. Дури иако се осудите да ги носите за во канцеларија, треба да внимавате на должината. Бермудите се добар избор кој може да го комбинирате со балетанки или кој било друг затворен тип чевли. Со сако и кошула изгледа андрогено и авангардно, секако ако вашата работа дозволува ваков стил.rnrn5-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mkrn

    5. Тенки рамки

    rnНикако. Ова е целосно забрането без разлика што ќе ги покриете со сако, јакна или џемперче. Сигурно во некој момент ќе мора да го слечете и ќе изгледате несоодветно и невкусно. Секогаш бидете подготвени да тргнете слој-два од вас, иако надвор можеби е -10.rn

    6. Отворени обувки или сандали

    rnНа формалните работни места, салонките се прифатливи, но отворените чевли веројатно не се. Но во случај да бидат, тие мора да се конзервативни и софистицирани и да не шлапкаат кога одите. Во послободните околини, отворените обувки се во ред, но важно е да не бидат премногу секси (забрането е светки, платформи или провидни штикли). Трудете се нозете да ви бидат што попокриени.rnrn6-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mkrn

    7. Бабите се во право

    rnАко не сте сигурни за нешто, дали е во ред или не, едноставно прашајте ја вашата баба или некоја постара личност. Размислувајте за секое парче одделно, а не за целокупната комбинација. Прашајте се: „Што би помислила баба ми?“ Ако баба ви би ве испратила да се преслечете дома, тогаш парчето не е во ред.rnrn7-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk_.jpgrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Охридска приказна за професионалност

    Охридска приказна за професионалност

    Автор: Петар Лазаровrnrn(Посветено на Славчо – пример за професионалност)rnrnВо Охрид дефинитивно треба да се поработи на нивото на услугата и квалитетот на понудата со цел да се подобри односот и да се промени мислењето на туристите. Тоа е факт (најголем дел од негативните примери и комични коментари за услугата се реалност) и мора да се земе со најголема сериозност, ако сакаме да градиме сериозни туристички капацитети во едно од најубавите места во Македонија.rnrnНо, овој пат сакам да истакнам една моја позитивна ситуација и искуство кое ми се случи викендов во Охрид и кое многу пријатно ме изненади. Со ова, се надевам ќе дадам поддршка на Охрид и ќе влијаам позитивно и стимулативно на другите професионално да си ги извршуваат работите.rnrn1-ohridska-prikazna-za-profesionalnost-kafepauza.mkrnrnБевме на детски роденден кај едни пријатели, каде што беше ангажирано едно младо момче кое требаше да помогне околу сервирањето на пијалаците, храната и водење сметка за гостите да бидат секогаш задоволни и среќни. Уште од самиот почеток се виде неговата голема сериозност и посветеност во работата. Најинтересно е тоа што момчето немаше некое формално образование, туку беше самоук, работејќи по охридските ресторани и кафулиња. Еве неколку аспекти и детали кои јас ги забележав, а од кои може да се сфати што претставува професионалност во работата:rn

      rn011

    • Изглед, став и држење – Со себе носеше чиста и нова облека за да се пресоблече. Стоеше настрана, исправено и со целосна контрола над работите. Беше ненападен, молчелив а сеприсутен.
    • rn011

    • Следење на ситуацијата – Не ми требаа повеќе од 3-4 секунди, или едно подигнување на раката, за да ми го фати погледот и веднаш да реагира со „Повелете, што ви треба?“ (Се случувало и бранови со рацете да правам во некои кафеани за да ме забележи келнерот.)
    • rn011

    • Секогаш чекор пред нас  Во една ситуација на нашата маса ни фалеше сол. Додека ние ја баравме на масата, момчето веќе дојде со соларникот (иако стоеше на неколку метри од нас). За воодушевување е кога некој скока чекори и ги решава експедитивно работите.
    • rn011

    • Снаодливост и брзина – Роденденот беше на 3 локации во дворот. Тој стигаше да ги покрие сите локации и сите гости да бидат задоволни. И на крајот тој постојано беше насмеан и позитивен.
    • rn011

    • Издржливост и професионалност – Интересно е дека дечкото беше пушач, но јас тоа го забележав на крајот (после 5 часа работа), кога запали цигара на одење накај дома. Браво!
    • rn011

    • Знаење – Кога ќе требаше да му наполни пијалак на некој од гостите, секогаш држеше растојание, се местеше од страната каде нема гужва и телото му беше во позиција да не смета никому. Ова или некој треба да те научи или многу добро ги следел другите професионални келнери.
    • rn

    rnСигурно имало уште многу примери за неговото професионално однесување кои јас не сум ги фатил, но и овие што јас ги забележав ме воодушевија.rnrnНемојте да мислите дека тоа е „келнер“ и не значи дека ако ги извршувал така прецизно и педантно работите во тој сегмент, ако го ставиме на друго место нема да се снајде или да го сработи тоа со истата посветеност и професионалност. Јас на работа знам да им кажам на колегите од тимот дека само со миење на садовите и средување на работите околу кујната, може да се запознаат и согледаат сите нивни позитивни и негативни квалитети во работата, и да се предвиди како тие би изреагирале во други, многу посериозни ситуации.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • Што значи да се биде професионален?

    Што значи да се биде професионален?

    Автор: Калин БабушкуrnrnСите убаво знаеме дека за да бидеме успешни во која било работа и на кое било поле, треба да бидеме професионални. Но дали е тоа така? Дали сме професионални? Дали се придржувате до она што сте го ветиле или договориле?rnrnshto-znachi-da-se-bide-profesionalen-kafepauza.mkrn

    Постојат 5 работи коишто се својствени за еден професионалец, а тоа се:

    rn

      rn011

    • карактер
    • rn011

    • став
    • rn011

    • стручност
    • rn011

    • компетентност
    • rn011

    • однесување
    • rn

    rnЗнаејќи го нашиот менталитет и скромност, сигурен сум дека поголемиот број ќе кажат дека ги поседуваат сите 5 карактеристики или најмалку 3 од нив.rnrnЈас за секој случај ќе споделам со вас неколку совети што можат да ја зајакнат вашата професионалност и се надевам дека тие ќе влијаат на вас. Се надевам дека советите ќе побудат размислување и ќе ве натераат да промените нешто кај вас и ќе бидете попрофесионални.rnrnЗапишете што сè треба да направите – така ќе ја намалите веројатноста дека нешто или некого ќе заборавите.rnrnНе чекајте до утре – ако може веднаш да го завршите, завршете го. Ако не можете, дефинирајте кога можете или делегирајте.rnrnСтоjте на тоа што сте го договориле – немојте да ги менувате ставовите и работите што сте ги кажале за краток период. Ако ништо друго, дајте им време да дознаете дали тоа зад кое сте стоеле е правилно или не.rnrnДефинирајте ги работите – Инвестирајте време во планирање и во дефинирање на задачите, со тоа ќе имате помала веројатност да испаднете непрофесионален.rnrnБидете стручни во тоа што го работите – Инвестирајте време во дообразување или консултирајте се со луѓе коишто имаат познавање. Немојте да дозволите да бидете назад со времето.rnrnЛичност од доверба – Да може луѓето да ви се доверат, да имаат сигурност во вас.rnrnБидете чесни – Кажувајте ја вистината и она што навистина го мислите. Немојте да зборувате зад грб.rnrnИмајте интегритет – Бидете препознатливи во своите принципи и ставови.rnrnПочитувајте ги другите – Третман кон сите луѓе со подеднаква важност.rnrnБидете позитивни – Никој не сака песимисти. Да се има оптимистички став кон работите и да пробувате да наоѓате решенија на проблемите, прави голема разлика.rnrnСлушајте внимателно – Луѓето сакаат да бидат слушнати, па дајте им можност соодветно да ја презентираат својата идеја.rnrnБидете фокусирани – Немојте да дозволувате лесно да се дефокусирате. Немојте да дозволите приватните проблеми да ви влијаат на работата и обратно.rnrnПоддржувајте ги другите – Помогнете им кога е потребно. Најдете време да им покажете на вашите колеги или пријатели како правилно да ги завршат работите (ако знаете како).rnrnОдржувајте добри релации – Со сите околу вас (пријатели, колеги, соработници, клиенти, итн.).rnrnИмајќи ги предвид поголемиот дел од работите што ги наведов, а и оние што ги немам наведено, многу лесно може да се дојде до заклучок дека е лесно да се биде професионален, само треба да се има желба. Желба да се промените! Желба да бидете навистина професионални!rnrnСо успех во промените!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Професионална шминка за 5 минути

    Професионална шминка за 5 минути

    Овој едноставен туторијал може да ви помогне да изгледате најдобро што можете кога ви е најпотребно, а за тоа да не потрошите ниту многу време, а ниту пари. Моделот во видеото е Ерин Хитертон, еден од ангелите на „Victoria’s Secret“.rnrnПрофесионална шминка за 5 минутиrnrn1. Нанесете малку хидратантна крема и коректор каде што е потребно. Потоа нанесете малку бронзер (вишокот отстранете го од четката со тоа што ќе ја протриете четката на рака).rnrn2. Најдобар начин прецизно да нанесете руменило е да се насмеете додека го правите тоа.rnrn3. Повлечете црна линија со моливче по должина на капакот, размачкајте ја, а потоа нанесете сенка.rnrn4. На крај нанесете масакра и сјај за усни.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.