КАФЕ ПАУЗА

Tag: професија

  • Дали има вистина? Пилотите се родени во март, професорите во септември, а астролозите во декември

    Дали има вистина? Пилотите се родени во март, професорите во септември, а астролозите во декември

    Ако веруваме во податоците од истражувањето спроведено од научници од Универзитетот Оксфорд, месецот во кој сме родени одредува со што ќе се занимаваме во животот. Расел Фостер, раководител на истражувањето, ги претставува занимливостите за корелацијата меѓу месецот во кој се раѓаме и професијата што ни одговара.rnrnДали има вистина? Пилотите се родени во март, професорите во септември, а астролозите во декемвриrn

    Јануари

    rnАко сте родени во првиот месец, голема е веројатноста дека ќе работите во банка или даночна канцеларија. Во основа – финансирањето е нешто што „не ви бега“.rn

    Февруари

    rnРодените во овој месец се претежно уметници, но податоците покажуваат дека и многу сообраќајни полиции се родени во февруари.rn

    Март

    rnЛуѓето родени овој месец се претежно популарни музичари и успешни пилоти. Адреналинот е во нивната крв.rn

    Април

    rnВо пролет се родиле многу светски диктатори, како Адолф Хитлер и Садам Хусеин, што ја потврдува тезата дека април носи силни и манипулативни политичари.rn

    Мај

    rnИстражувањето покажало дека многу успешни спортисти како Новак Ѓoкоковиќ и политичарите како Јосип Броз Тито и Џон Кенеди се родени во мај.rn

    Јуни

    rnОвој месец е резервиран за шефовите, како и за добитниците на Нобелова награда. Дури петмина од нобеловците се родени во јуни.rn

    Јули

    rnЗа време на најжешкиот летен месец се родени голем број градежни работници, возачи и уметници.rn

    Август

    rnОсмиот месец роденден најмногу слават познатите ѕвезди, како што е Мадона, но има и претседатели, како што се Барак Обама и Бил Клинтон.rn

    Септември

    rnНаставниците и спортистите се раѓаат во месецот кога започнува учебната година.rn

    Октомври

    rnЛуѓето родени во октомври имаат најдолг животен век и се надарени за уметност и шоу-бизнис.rn

    Ноември

    rnПретпоследниот месец е резервиран повторно за политичарите или луѓето кои се лидери во својата работа.rn

    Декември

    rnВо текот на последниот месец од годината, се родени голем број стоматолози, астролози и психолози, како и најголем број на сериски убијци и шизофреничари.rnrnМожеби сакате да прочитате и со каков маж би требало да бидете според вашиот месец на раѓање?

  • Адвокати, новинари, фризери: Која професија има највозбудлив сексуален живот, а која ја нема таа среќа?

    Адвокати, новинари, фризери: Која професија има највозбудлив сексуален живот, а која ја нема таа среќа?

    Истражувачите се позанимавале со откривањето на врската помеѓу сексуалниот живот и изборот на кариерата, а резултатите покажале кои професии имаат најбогат и најсиромашен сексуален живот. Во истражувањето учествувале 2.000 мажи и жени, а резултатите покажале дека најмногу секс имаат земјоделците! Дури 33% од нив изјавиле дека имаат секс најмалку еднаш дневно.rnrnrnrnНа второто место се нашле архитектите, од кои 21% имаат секс еднаш дневно. Трети се фризерите со 17%, а после нив се нашле маркетинг агентите, адвокатите и учителите. Новинарите на оваа листа се нашле со податокот дека имаат секс само еднаш месечно. Од друга страна пак, адвокатите се многу тешки за задоволување, па 27% од нив признале дека глумат оргазам за време на секој однос.rn

    „Во секоја професија постои одредена сличност, но важно е да се земе предвид постоењето на индивидуалните разлики кои влијаат на сексуалноста. Ние очекувавме дека ќе постојат некои трендови, како што е количината на физичка активност кај фармерите за разлика од некој кој се бави со канцелариска работа, што влијаат на количината на енергија и сила. Влијанието на нашите активности се чувствува и на начинот на живот и навиките, но и на сексуалниот живот“, изјавила Кет Мојл, една од истражувачите.

    rnПрочитајте и за оваа интересна студија: Родените во 1930-тите имаат најмногу секс, а оние во 1990-тите најмалку…

  • Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

    Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

    Сусан Делингер, доктор по науки, смислила забавен тест кој „открива“ дали ја работите работата за која сте родени, односно дали сте ја избрале вистинската струка која одговара на вашиот карактер. Методот на форми, на кој се базира овој тест, е одличен за препознавање на сопствените квалитети, но и маани кои не ни дозволуваат да напредуваме професионално.rnrnВнимателно разгледајте ги понудените форми и одберете една која најмногу ве привлекува, а потоа прочитајте го нејзиното значење во продолжение.rnrnОдберете една форма и дознајте која е вистинската професија за васrn

    Круг

    rnНа вас најважни ви се меѓучовечките односи. Сакате луѓето околу вас да се среќни и задоволни, па често сте омилениот двигател во социјалните кругови. Многу сте емпатични, со луѓето ја делите среќата и тагата, сочувствувате и имате разбирање.rnrnОд друга страна, мааните како склоноста за озборување, неодлучност, мрзливост и самокритичност не ви дозволуваат да го пронајдете својот мир ниту пак признанието за успех.rnrnИдеални професии: домаќинка, писател, учител, глума, маркетинг, историчар, работник за човечки ресурси, угостител.rnrnОдберете една форма и дознајте која е вистинската професија за васrn

    Квадрат

    rnРаботите напорно и многу, претпазливи сте и никогаш не оставате недовршена работа. Вашите доблести се стрпливост и методичност. Сепак, со оглед на тоа што ги анализирате сите детали во работата, тоа ја забавува вашата одлучност, па тешко напредувате.rnrnКај вас доминантна е левата страна од мозокот, па често логички размислувате од што ја слушате интуицијата. Вие поминувате часови во планирање на секој детаљ за тоа како да дојдете до некое решение.rnrnИдеални професии: сметководител, банкарски службеник, програмер, градежен работник, доктор, инженер, секретар, трговец, возач.rnrnОдберете една форма и дознајте која е вистинската професија за васrn

    Триаголник

    rnВие сте роден менаџер. Реагирате брзо, анализирате, учите и впивате информации како сунѓер. Полни сте со самодоверба и настојувате секогаш да бидете во право, па често имате тешкотии да признаете грешка.rnrnСекогаш настојувате работите да ги држите под контрола, критични сте, иновативни, конкурентни и одлучни. Вашата маана ви е нетрпеливоста.rnrnИдеални професии: архитект, претприемач, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар, лидер на синдикатот.rnrnОдберете една форма и дознајте која е вистинската професија за васrn

    Правоаголник

    rnПостојано се обидувате да седите на две столици. Не ги препознавате сопствените квалитети и постојано барате излез од моменталната ситуација. Останатите ве гледаат како збунета личност со недостаток на самодоверба.rnrnОд друга страна, вие сте љубопитни и храбри. Немате страв да го направите она што досега не било направено или да го прашате она што другите го избегнуваат.rnrnИдеални професии: претприемач, аниматор, изведувач.rnrnОдберете една форма и дознајте која е вистинската професија за васrn

    Цик-цак

    rnКако што и самата форма сугерира, вие сте креативна личност. Имагинацијата ви е силна страна, балансирани сте и способни сте да ја препознаете внатрешната убавина. Истовремено, многу сте немирни и не можете долго време да останете на едно место.rnrnПолни сте со идеи, но тешко ги остварувате бидејќи повеќе ве интересираат можностите отколку реалноста.rnrnИдеални професии: уметник, дизајнер на ентериер, научник, музичар, професор, промотор, истражувач, столар.rnrnОдберете една форма и дознајте која е вистинската професија за васrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Расположени сте за уште еден тест? Кликнете на првото нешто што ќе го забележите и дознајте што ве измачува во моментов.rnrn[/message_box]

  • Зошто да се обидете да го направите патувањето професија во вашите 20-ти?

    Зошто да се обидете да го направите патувањето професија во вашите 20-ти?

    Патувањето како кариера е вистинска фантазија. Многумина им се восхитуваат на авантуристите кои го истражуваат светот, а се платени да го прават тоа. Ако сериозно сте размислувале на оваа тема, погледнете зошто би требало да го направите тоа.rn

    1. Ќе ги посетите местата што сакате да ги видите

    rnЗошто да се обидете да го направите патувањето професија во вашите 20-ти?rnrnОва е очигледно. Секој има листа со места што сака да ги посети, а оваа професија ќе ви помогне да ги посетите вашите.rn

    2. Ќе одите во држави што не сте ни помислиле да ги посетите

    rnЗошто да се обидете да го направите патувањето професија во вашите 20-ти?rnrnЌе видите места за кои не сте ни знаеле дека постојат. Често ќе добивате понуди да одите на место што не сте сакале да го посетите, а подоцна ќе ви биде мило што ве испратиле таму.rn

    3. Ова е одличен начин за запознавање луѓе

    rnЗошто да се обидете да го направите патувањето професија во вашите 20-ти?rnrnЌе запознаете безброј луѓе во текот на вашите патувања. Бидејќи постојано ќе бидете во движење, ќе изградите вистинска глобална мрежа и ќе имате пријатели од целиот свет. Ќе запознаете луѓе кои инаку не би ги сретнале и ќе се надевате дека ќе ги видите повторно.rn

    4. Можете да работите од секаде

    rnЗошто да се обидете да го направите патувањето професија во вашите 20-ти?rnrnТреба да одговорите на мејл од брод сред океан? Нема проблем. Предност на патувањето како професија е тоа што можете да работите од каде било, само доколку имате стабилна Интернет врска, но и дисциплина. Иако може да ви биде тешко да се мотивирате да работите кога се обидувате да се релаксирате на плажа, штом ќе најдете рамнотежа помеѓу обврските и слободното време ќе ви биде одлично.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 6 достигнувања во кариерата што треба да ги имате во 30-тите, 40-тите и 50-тите години

    6 достигнувања во кариерата што треба да ги имате во 30-тите, 40-тите и 50-тите години

    Многу компании, особено поголеми корпорации, практикуваат да поставуваат цели за вработените за три, шест или дванаесет месеци. На тој начин, вработениот се учи да ги приоритетизира работните задачи, но и да се труди да ги исполни, а за тоа и да добие соодветна награда. Некогаш, исто така, е добро самите да си ги поставуваме тие цели и на крајот на дадениот рок да направиме евалвација на успешно сработените задачи, но и разгледување на причините за евентуалните неуспешни потези.rnrn6 достигнувања во кариерата што треба да ги имате во 30-тите, 40-тите и 50-титеrnrnЦелите треба да бидат чекори кои работникот може да ги постигне постепено, додека да стигне до крајниот резултат предвиден со планот за работа. На овој начин, вработениот не само што постапува поодговорно со сопствените задачи, туку има и јасен и отворен поглед каде сето тоа треба да води. Затоа, разгледајте ги овие неколку идеи за како да напредувате во кариерата во вашите 30-ти, 40-ти и 50-ти години.rn

    Во вашите 30-ти

    rnВо средните 20-ти и раните 30-ти вие сте личност која штотуку го избрала патот на својата кариера и се искачувате по една скала, преку која ги согледувате сопствените квалитети и таленти, со надеж дека во следните 10-тина години ќе изградите доволна репутација како работник.rnrn6 достигнувања во кариерата што треба да ги имате во 30-тите, 40-тите и 50-титеrnrnБидете присутни и онлајн и офлајнrnrnВие сте генерација која следи статистики и создава стратегии за успешна работа. Тоа прави да бидете „програмирани“ дигитално, а во денешно време вашата професионална Интернет репутација е важна исто колку и реалната. Вашите 30-ти години треба да ги поминете во градење одлична кратка биографија, да присуствувате на настани поврзани со вашата професија и да добивате јасна визија каде сакате да бидете во следните 10 години. Пополнувајте го вашето резиме или ЛинкдИн профил со сите достигнувања во кариерата редовно, но не заборавајте и на вашето дејствување во офлајн-светот. Ширете познанства во областа на вашата работа, волонтирајте, организирајте настани и градете ја вашата репутација помеѓу колегите од сличните професии.rnrnЗададете си предизвик за успех во иднинатаrnrnКако што поминуваат годините, така парите стануваат сè поважни. Имајте план за штедење, за здравствено осигурување и заштита, за пензиски фондови, за подмирување на сите долгови, накратко, за целокупната финансиска состојба. Користете ги парите кои ги имате на располагање и не навлегувајте во непотребни задолжувања. Но, ако веќе мора, бидете редовни со отплаќањето на ратите од кредитот.rn

    Во вашите 40-ти

    rnЗа многумина професионалци, во 40-тите доаѓа моментот кога треба да балансирате меѓу семејството и кариерата и ниту еден од овие параметри не смее да биде запоставен. Но, бидејќи веќе имате доволно искуство, ќе знаете како со овие предизвици да се носите достојно и ментално и физички. Не губете го натпреварувачкиот дух, дури и кога се „мерите“ со младите луѓе кои сега започнуваат со градење на кариерата.rnrn6 достигнувања во кариерата што треба да ги имате во 30-тите, 40-тите и 50-титеrnrnЗбогатете го искуството со курсеви и обукиrnrnВо 40-тите, согледајте ги сите промени кои настанале во вашата професија во текот на годините. Научете некои од нив и со тоа зацврстете ја својата позиција на професионалец кој не се плаши од нови предизвици.rnrnПосетувајте трибини за лидериrnrnДа се биде лидер не мора да значи и дека ќе имате менаџерска позиција. Вистинскиот лидер ќе дојде до израз дури и ако е на најниското ниво на систематизација на работните места. Дури и да мислите дека не сте родени за лидери, обидете се со посета на некоја трибина или лидерски самит на кои сигурно ќе научите нешто ново, што некогаш ќе можете и да го примените во вашата работа.rn

    Во вашите 50-ти

    rnДоаѓате во период во животот кога веќе вашето семејство е посамостојно, а патот кон ефективно поентирање во кариерата е сè појасен. Највозбудливите промени на професионално поле веќе поминале, а вие сте доволно искусни за да можете да се носите со секоја новонастаната ситуација. Сепак, имате и уште доволно време да се докажете и да останете запаметени по вашиот придонес за компанијата.rnrn6 достигнувања во кариерата што треба да ги имате во 30-тите, 40-тите и 50-титеrnrnСтратегија за пензионирањеrnrnПензионирањето е неизбежен момент, а наближувањето до тој ден не значи дека треба да доаѓате на работа само колку да помине времето. Треба да имате план и за своите пензионерски денови, бидејќи вашиот живот наеднаш ќе се промени. Сепак, кога ќе погледнете зад себе, ќе сфатите колку имате придонесено и за себе и за семејството и, секако, за фирмата во која работевте. А, лесно е да се сеќавате на успешната кариера од аспект на личност која уште е доволно витална да ужива во патувања и релаксирање, знаејќи дека го дала својот максимален придонес во општествениот живот во тек на работниот век.rnrnБидете некому менторrnrnВашето искуство може да ве направи одличен учител на некој кој е почетник, исто како што бевте вие пред 20-тина години. Тоа може да биде член на вашето семејство или помлад колега, на кој ќе му пренесете дел од своето знаење. Всушност, нема подобра награда и признание за вашиот успешен професионален придонес, од тоа да бидете избрани на некого да му бидете ментор.rnrnПрочитајте уште и што им е заеднично на сите успешни жени.

  • 10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

    10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

    Според едно социолошко истражување, човек поминува повеќе од една третина од животот на работа 40 часа неделно. Секако дека тоа што го правиме толку долг период влијае на нас и на нашите психолошки карактеристики. Покрај позитивните страни на нашата работа, постојат и негативни, познати како професионална лична деформација. На пример, бизнисмените најчесто ги проверуваат нивните имејлови и кога се на одмор, а војниците продолжуваат да наредуваат и дома. Прочитајте кои се 10-те професии што имаат лошо влијание на човечкиот карактер и како може тоа да се одбегне, за да не станете затвореници на вашата работа…rn

    1. Војници

    rn10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактерrnrnРаботата го менува карактерот на војниците, а може да влијае и на нивното семејство. Целото семејство живее во строга дисциплина. Лесно е да се препознае дали некое дете било воспитано во војничко семејство. Чест, достоинство и добра физичка форма се предностите на оваа работа. Но, како што минува времето, војниците стануваат сѐ поцврсти, сѐ поцинични и нивната способност за емпатија избледува. Војниците мислат дека секогаш треба да бидат непристрасни и да ги анализираат ситуациите на логичен начин, ставајќи ги љубовта и сочувството настрана. Токму затоа, тешко им е да останат добри и урамнотежени кога е во прашање нивното семејство.rn

    2. Наставници

    rn10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактерrnrnНаставниците се способни да се справат со голема група деца и затоа се јавува одредена строгост во нивниот семеен живот. Најчестите особини на наставниците се авторитарност, конзервативност, склоност кон одржување монолози и почитување на формалности. Луѓето кои по цел ден работат со деца, почнуваат да се однесуваат на истиот начин и со нивните роднини на различна возраст кога им даваат совети, имаат потреба секогаш сѐ да им биде спремно и чувствуваат потреба да ги објаснуваат истите работи по 10 пати.rn

    3. Доктори

    rnОваа професија ги принудува докторите да изградат цврст одбранбен ѕид, така што стануваат рамнодушни, ладни и цинични, бидејќи секојдневно се соочуваат со страдање, болка и смрт. Чудниот хумор на доктор е психолошки одбранбен механизам од постојаниот стрес и страв. Нивната навика да ги кријат емоциите и да се однесуваат смирено предизвикува емоционална отсутност и неволност за споделување на проблемите. Докторите се навикнати секогаш да бидат физички и емоционално подготвени за да помогнат.rn

    4. Претприемачи

    rnВодењето бизнис не е работа, туку начин на размислување и начин на живот. Оваа професија не дозволува да правите компромиси и да бидете мрзливи. За да станете успешни, работата мора да ви биде главната цел во животот. Токму затоа, претприемачите поминуваат 24 часа мислејќи на нивниот бизнис. Бизнисот е циклус кој постојано се развива без конечна цел. Ваквите професионалци постојано мислат на личниот развој и очекуваат од нивното семејство да се однесува на истиот начин. Освен тоа, тие се во состојба на постојана потрага и затоа понекогаш претприемачите не знаат што навистина сакаат.rn

    5. Адвокати

    rn10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактерrnrnОваа професија им одговара само на морално силните луѓе, бидејќи адвокатите обично се под голем притисок. Тишината е еден од главните елементи што треба да се земат предвид за оваа работа. За нив не е вообичаено да зборуваат за нивните проблеми, па затоа адвокатите ретко бараат помош и поддршка. Овие навики можат да предизвикаат депресија и анксиозност. Успешната кариера бара изострена способност да се предвидат сите негативни сценарија што можат да му се случат на клиентот. По правило, адвокатите се натрупани со обврски и ги кријат здравствените проблеми за да не им ја попречат кариерата.rn

    6. Сметководители

    rn10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактерrnrnМногу им е тешко на сметководителите да се префрлат од нивната работа на нивниот приватен живот. Тие се навикнати на сконцентрирана работа со бројки. Тие обрнуваат многу големо внимание на деталите, а оваа особина влијае и на нивниот приватен живот. Годините поминати во монотона и тешка работа прераснуваат во здодевност и претензија. На сметководителите сѐ им е средено и ја завршуваат секоја задача според строгиот распоред што го имаат. Тие внимателно го планираат семејниот буџет и постојано го одржуваат домот чист.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знак

    Најдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знак

    Можеби чувствувате стагнација во вашата тековна работна или пак се прашувате дали таа е вистинскиот избор за вас? Како би можеле да го знаете тоа? Покрај познавањето на вашите желби, страсти и способности, во ова може да ви помогне и хороскопскиот знак. Погледнете кои се вашите најдобри страни според тоа во кој хороскопски знак сте родени, па и која е професијата што најмногу ви одговара.rn

    Овен

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: Вие сте креативни и имате големи идеи. Можеби уште поважно е тоа што не се плашите да ги направите потребните чекори за реализирање на тие идеи, а честопати ги инспирирате и другите да ве следат.rnrnНајдобри работни места: Високи позиции кои вклучуваат преземање ризик и адреналин. Можете да започнете со вложување капитал или да бидете личен тренер во нешто што ќе ви носи возбуда.rn

    Бик

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: Вие сте смирени и внимавате на тоа и другите околу вас да се чувствуваат исто. Прашањето е како да пронајдете стабилност без притоа да бидете професионално заглавени?rnrnНајдобри работни места: Вие можете да се обидете како сопственици на ресторан, дизајнери на ентериер, сомелиери или производители на мебел. Нешто што ќе ви даде рамнотежа помеѓу новитетите и стабилноста.rn

    Близнаци

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: Вие сте комуникативни со уникатна способност да ги зближите луѓето од сите сфери на животот.rnrnНајдобри работни места: Вие ќе се покажете добри во професии кои вклучуваат многу личности и бараат соработка. Размислете за шминкери, стилисти, преведувачи или новинари.rn

    Рак

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: Вие имате креативна визија. Верувајте во тоа, наместо да се срамите, без разлика колку лудо може да ви изгледа. Овие идеи доаѓаат формирани врз основа на искуствата од минатото и не се толку луди колку што може да ви изгледаат.rnrnНајдобри работни места: Работни позиции каде што се сечат минатото и сегашноста. Размислете за продавачи на антиквитети или нешто слично, а можеби пак е време да го земете пенкалото во рака и лист хартија, па да се обидете да пишувате фантастичен роман.rn

    Лав

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: За вас работата и играта ретко се одвоени. Искрено, ова и не е толку лошо. Како и да е, вие сте исклучително страсни и целосно се внесувате во сѐ што правите, а со тоа ги поттикнувате и другите да го сторат тоа.rnrnНајдобри работни места: Професии кои ве охрабруваат да бидете она што навистина сте. Размислете да бидете наставници, инспиративни говорници или нешто што има врска со јавноста, каде што можете да ја насочите вашата енергија.rn

    Девица

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: За вас, сѐ е во деталите. Малите нешта кои повеќето не ги забележуваат, вие сте во можност да ги претворите во нешто поголемо и поубаво.rnrnНајдобри работни места: Хемичари, креатори на парфеми, подготвување коктели, професии поврзани со природата и слично. Што имаат овие професии заедничко? Обрнувањето внимание на деталите!rn

    Вага

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: Користете ја вашата уникатна моќ за да пронајдете рамнотежа помеѓу работата и вашите работни односи. Вие сте во можност да ја согледате секојдневната ефикасност како и поголемата слика.rnrnНајдобри работни места: Вашата идеална работна средина е онаа која постојано се стреми да се подобри. На пример, можете да бидете куратори во музеј, културни критичари, графички дизајнери или адвокати.rn

    Скорпија

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: Не се плашите да навлезете длабоко во работите и да се соочите со тешките професионални ситуации. Имате силна интуиција која ве води во донесувањето на вашите одлуки.rnrnНајдобри работни места: Барајте професии кои ќе ве натераат да се нурнете под површината и да ја откриете внатрешноста на работата, како што се на пример хирурзи, психолози, социјални работници, детективи или археолози.rn

    Стрелец

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: Што се однесува до работата, вашето мото е „Помалку планирање, повеќе работење“. Стрелците имаат тенденција да напредуваат во поголеми и поавантуристички средини.rnrnНајдобри работни места: Одлучете се за професии кои излегуваат од границите и постојано бараат учење, како што се на пример туристички водичи, пилоти, наставници и слично.rn

    Јарец

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: Вие се борите против правилата, кој, како што сите знаат, не е лесен пат за да се одбере. Верувајте во себе и во својата издржливост и ќе успеете да ги срушите ѕидовите кога другите тоа го сметаат за невозможно.rnrnНајдобри работни места: Изберете лидерски улоги на секое ниво, на пример во работата, во вашата заедница и слично. Имате работна етика и можете да успеете да ги завршите предвидените работи, па и многу повеќе од тоа.rn

    Водолија

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: За вас не постои статус кво. Вие ги кршите правилата и сте визионер кој наоѓа инспирација во новите и ексцентрични работи, кога другите може да бегаат од нив.rnrnНајдобри работни места: Некој треба да ги прави и овие професии: Астронаути, пронаоѓачи или технолошки иноватори. Освен ова вие можете да бидете инструктори за летање со падобран, радикални активисти и слично. Ако овие нешта не се на вашиот пат, тогаш вие имате вештини за да го пронајдете она што ви одговара.rn

    Риби

    rnНајдобрите професии за вас според вашиот хороскопски знакrnrnНајдобри особини: Во вашиот свет, нема место за судење. Вие им дозволувате на другите да бидат токму онакви какви што се и ја поттикнувате уметноста во која било форма.rnrnНајдобри работни места: Изберете професии кои навлегуваат длабоко во емоциите, како што се на пример исцелители, духовни водачи, музичари, поети и фотографи.

  • Професии што им одговараат на интуитивните Ваги

    Професии што им одговараат на интуитивните Ваги

    Тешко е да се најде животната цел и професијата која целосно ќе ве исполнува, особено ако сте Вага во хороскоп. Вагите својата среќа ја црпат од хуманитарните работи. Иако тие можат да постигнат успех во која било професија, за да бидат навистина среќни им треба работа во која ќе можат да го искористат нивниот талент за читање емоционални пораки, тимска работа и рачни изработки. Во продолжение прочитајте кои професии се идеални за женските припадници на овој хороскопски знак…rnrnПрофесии кои им одговараат на интуитивните Вагиrn

    Графички дизајнер

    rnВагите имаат одлично око за дизајн и се многу интересни соговорници. Тие лесно ќе можат да прават интервјуа со нивните клиенти и да откријат како нивните потреби и желби би можеле да бидат визуелно пренесени. Графичкиот дизајн ќе им дозволи на Вагите да ја изразат нивната внатрешна креативност и ќе им помогне да остварат профит со помош на нивните уметнички способности. Многу Ваги сакаат да работат хонорарно бидејќи сакаат да си ја задржат слободата и да имаат флексибилен распоред.rn

    Шминкерка или фризерка

    rnЗа креативните Ваги кои сакаат да се изразат на поконкретен начин, професија во областа на шминкањето и правењето фризури би била одличен избор за нив. Денес постојат многу курсеви за шминкери и фризерки, така што овој сон би можеле лесно да го претворите во реалност.rn

    Човечки ресурси

    rnВагите лесно ја придобиваат туѓата доверба и токму затоа би можеле да изградат успешна кариера во областа на човечки ресурси. Во нивно присуство луѓето се чувствуваат удобно и сигурно, дури и во најнапнатите и најнепријатните ситуации. Тие исто така многу добро знаат да го читаат говорот на телото и добро ги разбираат емоционалните пораки, така што без никаков проблем можат да препознаат дали некој лаже или ја кажува вистината.rn

    Личен стилист или моден дизајнер

    rnПовторно во игра влегува креативноста на Вагата благодарение на нејзината способност желбите на луѓето да ги преточи во реалност. Вагите многу лесно можат да направат анализа на видот на телото, тенот на кожата и телесните недостатоци и успешно да ги комбинираат со вистинските парчиња облека. Тие исто така немаат никаков проблем да го земат предвид личниот вкус и да ги убедат клиентите да преземат ризик и да пробаат некој нов стил кој никогаш не би се осмелиле да го испробаат. Освен тоа, тие уживаат да им помагаат на луѓето и да го извлечат максимумот од нивниот надворешен изглед.rnrn(2) Професии кои им одговараат на интуитивните Вагиrn

    Адвокат

    rnСамиот збор „Вага“ асоцира на правда. Тие го разликуваат доброто од лошото и никогаш не се пристрасни. Исто така, тие знаат на суптилен начин да ги убедат луѓето да ја согледаат нивната перспектива на работите, што им помага да станат успешни адвокати. Вагите знаат да донесат брзи одлуки кога тоа е потребно и одлично се снаоѓаат во кризни ситуации. Нивниот талент за читање на луѓето им помага да откријат насилно или нелегално однесување и лесно можат да се стават себеси на местото на другите, како и да го разберат нивниот мотив за она што го сториле. Поради тоа, Вагите можат да бидат одлични полицајци или детективи.rn

    Организатори на настани

    rnВагите имаат одлично око за детали, извонредна емоционална интелигенција и осет за естетика. Поради тоа Вагите можат да станат успешни организатори на настани. Тие знаат каква атмосфера е потребна за луѓето да се чувствуваат удобно, многу се одговорни и секогаш се грижат да биде сѐ под конец. Токму затоа оваа професија би била идеална за нив.rnrnВагите се креативни, интуитивни, грижливи и страсни. Нивната професија би требало да им даде можност да ги изразат овие одлики за да бидат исполнети. Доколку сте Вага во хороскоп, а сѐ уште не сте се пронашле во ниту една професија, земете ги предвид овие неколку и несомнено ќе доживеете професионален развој и задоволство.

  • Дознајте кои професии се најголемите уништувачи на бракот

    Дознајте кои професии се најголемите уништувачи на бракот

    Во денешно време многу често се вели дека единствена причина за разводот е бракот. Статистички гледано можеби навистина е зголемен бројот на разводи за разлика од нивниот број во минатото, но тоа не значи дека треба да се изгуби вербата во вечна љубов. Сепак, постојат одредени професии кои се повеќе изложени на ризикот од распад на бракот за разлика од останатите.rnrnДознајте кои професии се најголемите уништувачи на бракотrnrnСпоред едно британско истражување, докторите се разведуваат далеку почесто од инженерите. Во најризична категорија, во поглед на тоа дека работата им го уништува семејното гнездо, се танчарите, кореографите, шанкерите и физиотерапевтите. Имено кај нив постои веројатност од 40% дека ќе се разведат од животниот сопатник.rnrnБолничарите, медицинските техничари, уметниците и спортистите се веднаш зад нив со 30% шанси да им се распадне бракот. Најмалку загрозени се браковите на инженерите со само 2% ризик од развод.rn

    „Не е чудно што инженерите најмалку се разведуваат бидејќи се работи за рационални луѓе кои пред сѐ бараат стабилност, како на професионално така и на љубовно поле“, објаснува еден од авторите на истражувањето.

    rnВо истражувањето се наведува дека бројот на работни часови, прекувремената работа и работата за време на викендот немаат големо влијание на бракот.rnrnАвторите на истражувањето ги анализирале разведените или разделените парови со 449 различни професии. Директорот на агенцијата „Relation and Performance“, Хамид Агини, сепак укажува дека не се застапени сите професии во ова истражување, и тоа баш оние кои се најголемите причинители на разводот, како што се политичарите, директорите или новинарите.rnrnТој додава дека професиите во кои состаноците и запознавањето нови луѓе се почести, се најголеми виновници за распадот на браковите.

  • Хороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?

    Хороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?

    Познато е дека Биковите се одговорни организатори кои сакаат тимска работа. Нивните амбиции најчесто ги остваруваат благодарение на посветеноста и прецизноста во работата. Припадниците на овој знак се добри работници и имаат големи шанси да станат раководители на големи компании и бизниси. Секогаш навремено ги извршуваат нивните обврски, сакаат да соработуваат и да бидат дел од тимот. Вообичаено постигнуваат успех затоа што се амбициозни и упорни.rnrnХороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?rnrnНа Биковите најтешко им е да почнат, но откако ќе ги направат првите чекори, земаат замав и не застануваат додека не ја завршат задачата. Упорноста и силната волја истовремено им се и доблести и маани, бидејќи не се откажуваат дури ни кога ќе сфатат дека залудно се трудат.rnrnКога се на повисока позиција сакаат да бидат почитувани од страна на подредените, но не го злоупотребуваат нивниот труд и најчесто се подготвени да послушаат нечиј совет под услов тој да биде изложен дипломатски и ненаметливо. Која улога и да ја имаат во работата, понекогаш знаат да експлодираат од гнев, но оваа состојба не им трае долго.rn

    Заработката им е поважна од славата

    rnПри одбирањето на професијата, важно им е да имаат долгорочен и стабилен приход на пари, додека, пак, на јавното признание му даваат споредно значење. Со оглед на тоа дека Биковите се многу практични, најмногу им лежат професии кои бараат трпение, одлучност и пресметливост. Рутините не им пречат, напротив ги обожаваат.rnrnХороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?rnrnНајмногу им одговараат професии од областа на трговијата, економијата и банкарството, но Бикот одлично би се снашол и во улогата на сметководител, архитект, ботаничар, дизајнер, стилист, готвач, пејач, сликар и книжевник.rnrnЖивотната цел на Бикот е да собере што е можно повеќе материјални добра и да живее сигурен и удобен живот. Најсреќен е оној Бик кој може рано да отиде во пензија и да биде финансиски обезбеден благодарение на големата заштеда или недвижности. Најдобро се чувствува кога безделничари и кога единствените „обврски“ му се добро да се најаде, убаво да се облече и долго да отспие.