КАФЕ ПАУЗА

Tag: приоритет

  • Што му е приоритет на секој хороскопски знак?

    Што му е приоритет на секој хороскопски знак?

    Дали се ставате себеси на прво место или имате некој друг приоритет? Луѓето имаат различни приоритети, а астрологијата ќе ви открие што ви е приоритет според вашиот хороскопски знак.rnrnШто му е приоритет на секој хороскопски знак?rn

    Овен

    rnВие ги ставате вашите соништа во прв план. Се трудите да ги остварите, дури и ако тоа значи губење на пријателите и врските.rn

    Бик

    rnВие ја ставате духовноста на прво место. Не размислувате за вашата среќа кога носите одлуки. Размислувате за вашиот морал.rn

    Близнаци

    rnВие ја ставате забавата на прво место. Не сакате да се сфаќате себеси премногу сериозно или да размислувате за последиците. Вие само сакате да си поминете убаво.rn

    Рак

    rnВие му давате приоритет на вашето семејство. Премногу сте заштитнички настроени кон нив и би сториле сè за нив.rn

    Лав

    rnВие ги ставате социјалните мрежи на прво место. Не ви е гајле да бидете среќни во реалниот живот. Вие само се грижите да изгледате среќно за остатокот од светот.rn

    Девица

    rnВие ја ставате вашата кариерата пред сè. Сакате да бидете најдобри во она што го правите и не сакате ништо да ве спречи на патот кон вашиот успех.rn

    Вага

    rnВие го ставате вашиот партнер на прво место. Вложувате најголем дел од својата енергија во одржувањето на вашата врска.rn

    Скорпија

    rnВам приоритет ви е вежбањето. Никогаш не седите мирни, секогаш се движите.rn

    Стрелец

    rnВие всушност се ставате себеси на прво место. Знаете колку е важно да се разгалите и не дозволувате ништо да застане на патот на вашата грижа за себе.rn

    Јарец

    rnВам парите ви се прво место и сте претпазливи кога ги трошите. Секогаш се трудите да имате доволно пари за да се издржувате.rn

    Водолија

    rnВие го ставате шефот на прво место. Повеќе се грижите да го направите него среќен отколку вие да бидете среќни. Ќе направите сè за тој да биде задоволен.rn

    Риби

    rnВие ги ставате вашите пријатели на прво место. Секогаш сте тука за да ги сослушате и да им помогнете да излезат од неволја.rnrnПрочитајте што треба да направи секој хороскопски знак за да стане подобар пријател.

  • Зошто заслужувате да се ставите на прво место?

    Зошто заслужувате да се ставите на прво место?

    Општеството ја гледа дарежливоста како добрина, а себичноста како некое зло. Но, понекогаш забораваме дека фокусирањето на нашето ментално и физичко здравје е должност, а не себичност. Љубовта кон себе доаѓа однатре. Тоа не е масовна социјална стигма одредена од емоциите на другите, туку начин на размислување. rnrnЗошто заслужувате да се ставите на прво место?rnrnМорате да ѝ дозволите на добрината да ја култивира вашата душа. Престанете да задоволувате потреби. Престанете да се грижите без да го побараат тоа од вас. Престанете да им помагате на сите скршени.rnrnЗапрашајте се: Кој е овде за мене кога ми треба лекување? Кој е овде за мене кога ми е потребен некој?rnrnКога другите луѓе ви се приоритет, вие сте фрлени во најтемниот агол. Луѓето забораваат на вас кога вие заборавате на себе.rnrnПотребна е храброст да го промените фокусот од луѓето кои ве опкружуваат кон личноста која ве гледа од огледалото. Потребна е сила да го следите патот на независноста и самооткривањето. Потребна е посветеност да се ослободите од токсичните одлики и лошите навики.rnrnВо човечката природа е да верувате дека грижата за туѓите потреби и емоции пред вашите ве прави добра личност. Исто во вашата природа е да верувате дека запоставувањето на туѓите потреби и емоции ве прави лоша личност.rnrnЗнаете што? И вие сте важни. И вие заслужувате да се ставите на прво место.rnrnПа, најдете ја вашата страст. Бидете слободни. Најдете ја вашата среќа и не ја пуштајте.rnrnПронајдете се себеси. Изградете се. Посадете семе. Грижете се за него и гледајте го како расте. Гледајте како водата продира во почвата. Гледајте како сонцето го осветлува вашиот род. Престанете да ја делите водата сред суша. Престанете да се криете во сенка.rnrnРастете, развивајте се, учете. Ценете ги стабилните и силни корени. Деликатните ливчиња и убавите цветови. Вие сте единствени. Вие сте ремек-дело. Вие заслужувате да се ставите на прво место.rnrnПогледнете ги и 5-те причини поради кои треба да се ставите на прво место.

  • 5 хороскопски знаци на кои парите им се секогаш поважни од љубовта

    5 хороскопски знаци на кои парите им се секогаш поважни од љубовта

    Љубовта е нешто на коешто се заснова односот помеѓу двајца луѓе. Од друга страна пак, парите навистина се извор на задоволство и вистинска помош во тешките периоди. Сепак, за многу луѓе парите се најважното нешто и за нив не постои никаква алтернатива. Дознајте кои хороскопски знаци можат да се стават во оваа група.rnrn5 хороскопски знаци на кои парите секогаш им се поважни од љубовтаrn

    1. Бик

    rnНа сите ни е јасно дека љубовта бара многу работа и одрекување. Исто е и со парите. Иако им се важни и двете нешта, припадниците на овој знак секогаш би ги избрале парите доколку се најдат во таква ситуација. Нив ги привлекува стабилноста, а љубовта може да биде сè освен стабилна и сигурна.rn

    2. Близнаци

    rnЛуѓето кои сакаат да се забавуваат секогаш наоѓаат нешта или односи што ќе ги возбудат. Со нив никогаш не е досадно, но го бараат истото и од луѓето околу нив. Па партнерите на Близнаците може да се чувствуваат како кловнови кои постојано треба да го забавуваат партнерот. Близнаците се немирни, но и неодлучни и понекогаш не знаат како да се справат со туѓите потреби. Во моментот кога врската ќе стане премногу сериозна, Близнаците повеќе сакаат да се свртат кон заработувањето пари и нивната кариера.rn

    3. Лав

    rnЛавовите се лидери, па навистина е тешко да се поврзат со други луѓе. Тие сметаат дека луѓето доаѓаат и си одат, но предметите остануваат вечно. Иако можат да уживаат и во врска, по некое време можеби ќе сфатат дека повеќе ја сакаат нивната финансиска независност отколку партнерот.rn

    4. Стрелец

    rnЗа Стрелците врските се преголема обврска која им ја одзема слободата за авантура. Патувањата, луксузот и воглавно хедонизмот се нивни водичи и сакаат да трошат пари на нив. Па не е чудно што на луѓето им е тешко да се справат со оваа особина на Стрелците. Тие често мислат дека парите можат да ги забавуваат на начин на којшто партнерот не е способен.rn

    5. Јарец

    rnСигурната иднина и стабилната кариера се животните цели на Јарците. Единствената ситуација во која би ѝ дале предност на љубовта е кога се целоно сигурни дека сакаат да го поминат животот со партнерот.rnrnЗнаете ли кои хороскопски знаци се вистински магнети за пари?

  • Причината поради која треба да го ставите бракот пред вашите деца

    Причината поради која треба да го ставите бракот пред вашите деца

    Најголемата иронија на модерните бракови е тоа што работењето за заедничките цели често станува она нешто што ве разделува. Плаќањето за куќата од соништата бара работење до доцна во ноќта. Одгледувањето на слатките деца бара многу време и енергија. Вниманието што некогаш сте му го обрнувале на партнерот веќе скоро и да не постои.rnrnПричината поради која треба да го ставите бракот пред вашите децаrnrnСе сеќавате ли на почетокот на врската кога имавте очи само еден за друг? Сигурно сте го ставале партнерот на пиедестал и сте го организирале целиот живот околу него. Можеби сте им биле здодевни на другите, но ова време за вас имало голема цел – поврзување. Дел од времето поминато заедно вклучувало и замислување идеален живот и иднина со саканата личност. Па, сте стапиле во брак и сте почнале да се движите кон животот од соништата. Но, тогаш ве удрила реалноста – брак, работа, деца.rnrnТажната реалност за многу парови е дека децата менуваат сè, вклучувајќи го и задоволството што сте го чувствувале во бракот. А ако се чувствувате вака, не сте сами.rnrnЕдно истражување покажало дека 88% од Американците сметаат дека стапувањето во брак од љубов е многу важно, додека имањето деца и финансиската стабилност не биле толку популарни одговори. Сепак, барањата кои ги поставуваат децата и кариерата ви го одвлекуваат вниманието од партнерот, без разлика што љубовта ви е навистина важна.rnrnПа, што може да направи еден вљубен пар? Што треба да ви биде приоритет помеѓу бескрајните одговорности и обврски во животот? Психологот доктор Стен Таткин има изненадувачки, но брилијантен одговор.rnrnТој го поставува прашањето кој ви е најважен во вашиот брак? Дали тоа е сопругот, децата, кучето, родителите…? Според него, ако најважното нешто не ви е врската, ќе се соочите со проблеми. Врската со вашиот партнер треба да биде приоритет во бракот. Ако не се грижите добро еден за друг, сè околу вас ќе страда како последица од тоа.rnrnЗатоа, обидете се уште денес да ја вратите страста што сте ја имале на почетокот на врската. Сè друго можете да решите подоцна.rnrnЗнаете ли кои се непишаните правила за среќен и успешен брак?

  • 30 едноставни начини да се ставите на прво место

    30 едноставни начини да се ставите на прво место

    Навистина е лесно да се зафатите со лудилото од секојдневниот живот и да ги занемарите вашите потреби. Кога го правите ова не само што страдате, туку и не сте најдобрата личност за вашите сакани. За да бидете подобра личност, потребно е вие да се ставите на прво место, а овие совети ќе ви помогнат во тоа.rnrn30 едноставни начини да се ставите на прво местоrnrn1. Одвојте време да погледнете во себе. Можеби си кажувате дека немате време да медитирате, да водите дневник или да правите што било што ќе ви помогне да ги рефлектирате вашите мисли. Престанете да барате изговори и одвојте време за вашето ментално здравје.rnrn2. Слушајте го вашето тело. Веројатно не го правите тоа. Само кога навистина ќе забележите како се чувствувате ќе можете да се грижите за себе.rnrn3. Не правете работи што не сакате да ги правите. Иако звучи екстремно, токму тоа е целта. Штом ќе си дозволите да ги одбиете нештата што не ви се допаѓаат, ќе ја научите разликата помеѓу она што е неудобно и она што не е за вас.rnrn4. Престанете да им велите да на сите. Ова ќе го промени вашиот живот. Кога ќе преземете контрола над вашите одлуки и ќе престанете да им дозволувате на другите да ве водат, ќе ја вратите вашата моќ и ќе бидете посреќни.rnrn5. Дишете. Само дишете. Кога сте под стрес или кога сте исплашени, застанете и свесно забавете го дишењето. Ова ќе го намали чукањето на вашето срце и ќе го смири вашиот мозок. Потребни ви се само неколку минути.rnrn6. Грижете се за вашето тело. Речиси сите ние не обрнуваме внимание на нештата што ги внесуваме, без разлика дали тоа е храна, вода, дрога или алкохол. Постои директна поврзаност помеѓу вашето расположение и нештата што ги консумирате.rnrn7. Грижете се за вашиот ум. Забележете ги вашите мисли и во која насока ве носат. Дали тоа е позитивно или негативно? Ако е негативно, можете ли да промените нешто? Ова ќе направи голема промена во вашето расположение.rnrn8. Верувајте му на вашиот инстинкт, тој постои со причина. Ако имате чувство дека нешто не е за вас, послушајте го. Ако ги игнорирате вашите инстинкти, вие не сте си приоритет.rnrn9. Ако ви е потребен одмор, одморете. Навистина е тешко да одолеете на искушението да се форсирате. Сите сакаме да бидеме суперхерои, а општеството ни кажува дека така и треба да се однесуваме. За жал, вистината е далеку од ова. Понекогаш е потребно да си дозволите време за одмор.rnrn10. Ако ви е потребна физичка активност, одвојте време за тоа. Немојте да наоѓате изговори. Никој не мисли дека физичкото здравје е најважно. Ако се чувствувате виновно, потсетете се дека не сте во најдобра форма и не можете да го дадете најдоброто од себе.rnrn11. Не ставајте ги туѓите потреби пред вашите. Не е лошо понекогаш да бидете себични. Можеби звучи лошо, но немојте да се плашите да ги задоволите вашите потреби. Вашата среќа е поважна од сè.rnrn12. Имајте на ум дека сте доволно добри. Наместо да се обидете да станете и да постигнете повеќе, бидете задоволни со она што сте. Ценете ја вашата индивидуалност.rnrn13. Вклучете се, без разлика што тоа значи за вас. Направете го она што ве прави среќни. Не мора да станува збор за нешто големо или скапо, но важно е да ве прави среќни.rnrn14. Во ред е да побарате помош. Одвреме-навреме на секого му е потребна помош. Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку луѓе ќе сакаат да ви помогнат. Исто така обидете се да им помогнете на оние на кои им е потребно тоа.rnrn15. Размислете пред да дадете одговор. Со ова можете да избегнете многу проблеми и конфликти. Пред да се согласите за нешто или да понудите помош, размислете дали сте подготвени за тоа.rnrn16. Размислете за она што го правите. Размислете пред да донесете одлука и да направите нешто. На овој начин ќе научите повеќе за себе и за вашите потреби. Не можете да си бидете приоритет ако не се разбирате.rnrn17. Отворете се и бидете добри. Со тоа што им се отворате на другите и ширите добрина, вие се ставате на прво место. Правите избор да го споделите вашиот неверојатен карактер со другите, а тоа е навистина здраво.rnrn18. Не им дозволувајте на другите да „влегуваат“ во вашата глава. Ако не се залагате за себе, им дозволувате на другите да прават да се чувствувате лошо за себе и за вашите избори. Вашето ментално здравје е важно и никој не смее да го наруши.rnrn19. Не се сите туѓи реакции за вас. Морате да сфатите дека не можете да ги контролирате туѓите реакции. Кога ќе се ослободите од оваа одговорност, ќе бидете личноста којашто сте, без страв и анксиозност.rnrn20. Трошете ги вашите пари како што сакате. Не им дозволувајте на другите да ви кажуваат што да правите со вашата заработка. Ако сакате да штедите, правете го тоа. Ако сакате да ги истрошите, направете го тоа.rnrn21. Бидете искрени за вашите ограничувања. Во ред е да имате граници. Всушност, тие се здрави. Не претерувајте со работа обидувајќи се да ги усреќите другите.rnrn22. Побарајте го она што ви е потребно. Ќе се изненадите кога ќе сфатите што можете да постигнете ако сте искрени, директни и отворени.rnrn23. Верувајте во себе. Ова е многу полесно да се каже отколку да се направи. Почнете да се движите кон местото на коешто сакате да стигнете. Секој чекор, дури и најмалиот во вистинската насока ви е од помош.rnrn24. Ослободете се од негативните луѓе. Може да биде тешко да прекинете контакт со некој, но тоа е за ваше добро. Не ви е потребна лошата енергија на другите.rnrn25. Зборувајте позитивно за себе. Променете ја шемата и кажувајте само добри работи за себе.rnrn26. Танцувајте како никој да не ве гледа. Дајте си дозвола да бидете она што сте и престанете да се грижите за мислењето на другите. Бидете слободни и живи.rnrn27. Направете сè што сте сакале. Наместо да си кажувате дека не можете да направите нешто или да ги слушате другите кои ви го кажуваат тоа, само обидете се. Не размислувајте, направете го тоа. Способни сте за многу повеќе отколку што мислите.rnrn28. Бидете сами. Излезете од удобната зона ако постојано правите работи со други луѓе. Кога одите на соло авантури имате слобода да правите што сакате.rnrn29. Не им дозволувајте на другите да ви ги наметнуваат нивните проблеми. Останете позитивни и фокусирајте се на она што ви е важно.rnrn30. Ширете љубов насекаде. Можеби ви звучи смешно, но кога последен пат сте „подариле“ љубов само затоа што сте сакале? Кога вие сте си приоритет ќе заблескате, па раширете ја таа радост.rnrnПогледнете и како да ја развиете љубовта кон самите себе.

  • 5 причини зошто секогаш треба да си бидете приоритет

    5 причини зошто секогаш треба да си бидете приоритет

    Ставањето на сопствените потреби на првото место некои би го опишале како себичност, но тоа всушност е најдобрата работа која на долг рок можете да ја направите за себе.rnrn1-5-prichini-zoshto-sekogash-treba-da-si-bidete-prioritet-sami-na-sebe-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вашето здравје зависи од тоа

    rnСтресот и недостатокот на сон го заболуваат нашиот организам, па стануваме подложни на разни здравствени проблеми и болести. Честопати толку многу се оптоваруваме со секојдневни обврски што не успеваме да пронајдеме ниту половина час за одмор, а да не зборуваме за некое хоби што нè радува и релаксира. Заради тоа, постојано пати нашето физичко, но и психичко здравје.rn

    2. Работата може и мора да почека

    rnРаботата никогаш не треба да ви биде приоритет или да биде средишна точка околу која се врти целиот ваш живот. Работните обврски мораат да причекаат кога се во прашање поважни работи. Немојте да ги одложувате вашите здравствени прегледи заради работата и да се уверувате дека ништо нема да се случи ако малку причекате со некое важно здравствено испитување кое сте требале одамна да го направите. Можеби ви изгледа дека проектот на кој работите бара 100% повеќе внимание, па на него го трошите целото ваше слободно време, но токму тоа е погрешниот чекор кој многумина го прават. Работата е работа, а слободното време користете го за да се одморите од неа.rn

    3. Ќе имате поквалитетна љубовна врска

    rnНема ништо лошо во тоа да водите сметка за потребите на вашиот партнер, но ако притоа ги запоставувате сопствените потреби, на долг рок вашата врска ќе го загуби квалитетот. Ако не научите јасно и гласно да ги изразите вашите сомневања, чувства и желби, после некое време ќе се чувствувате занемарено и запоставено.rnrn2-5-prichini-zoshto-sekogash-treba-da-si-bidete-prioritet-sami-na-sebe-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ќе бидете подобра пријателка и мајка

    rnМислите дека вашето семејство или пријателите не забележуваат дека сте нервозни, уморни и раздразливи? Се лажете, бидејќи тие и тоа како знаат да препознаат кога се чувствувате лошо. Не можеме постојано да бидеме добро расположени и моментите на нервоза се сосема вообичаена работа. Меѓутоа, кога сме во состојба на хроничен стрес тогаш сме склони да претераме со емотивните реакции и не ги гледаме работите во вистинското светло. Тоа може да доведе до бројни недоразбирања, непотребни караници, па дури и жестоки расправии. Затоа внимавајте на себе, секојдневно овозможете си барем 15 минути одмор во кои ќе се повлечете во својот свет, ќе ги опуштите мислите, ќе дишете со полни гради и ќе ги наполните батериите за остатокот од денот. Не заборавајте, кога сте среќни, тогаш сте најкорисни за своите најсакани.rn

    5. Ќе постигнете внатрешен мир

    rnНемојте да чувствувате вина поради тоа што ги ставате своите потреби пред другите. Имате целосно право да бидете приоритет на себе и да се исполните во секој поглед. Така ќе станете подобра личност, ќе ги освестите вашите потреби и интереси и ќе остварите внатрешен мир по кој сите ние тежнееме.rnrnИсто така, ви предлагаме да го направите овој интересен тест кој ви открива кои се најголемите приоритети во вашиот живот.

  • Никогаш не прифаќајте да бидете нечиј втор избор во љубовта

    Никогаш не прифаќајте да бидете нечиј втор избор во љубовта

    Тешко е да се поверува дека некои луѓе си чуваат „резерви“ за во случај да не испаднат работите како што треба со нивниот прв избор за љубовен партнер. Уште потешко е сознанието дека токму вие сте биле „резервата“, а не приоритетот. Но, тоа е многу честа појава и секому може да му се случи.rnrnНикогаш не прифаќајте да бидете нечиј втор избор во љубовтаrnrnПоголемиот дел од луѓето можат да почувстваат кога не се нечиј прв избор, бидејќи партнерот се однесува со нив како да се опција, а не приоритет. Кога се наоѓате на второ место, сигурно вашиот сакан или сакана ви се јавуваат ненадејно и сакаат да ве видат само тогаш кога немаат попаметна работа. Тие очекуваат од вас да ги бркате. Кога малку ќе ви пуштат водичка, ќе ви се причини како да сте освоиле награда, но истовремено ќе се почувствувате како да ве земаат здраво за готово.rnrnНикогаш не треба да се помирувате со фактот дека сте нечија „резерва“, ниту пак вие треба да бидете тие кои постојано ќе освојуваат. Ако треба некого постојано да освојувате, тоа значи дека таа личност не ве цени. Но, тоа исто така значи и дека не се цените самите себеси. Тоа значи дека имате толку ниско мислење за себеси, што според вас сосема во ред е да почекате тој или таа да завршат со нивниот прв избор за љубовен партнер, па потоа вие да дојдете на ред. Тоа значи дека целиот ваш живот ќе застане само поради некоја неблагодарна личност што не знае да ве цени. Дали навистина сакате да бидете во оваа ситуација?rnrnТоа исто така значи дека вие ќе прифатите нечии остатоци. Кога сте нечија „резерва“, никогаш не можете да победите, бидејќи партнерот кој ќе го добиете не е никаква награда. Во најдобар можен случај ќе добиете врска што виси на конец. Во најлош можен случај, ќе бидете завлекувани со години и ќе го трошите целото ваше време, енергија и внимание на некој кој воопшто не се грижи за вас. Тие и онака целото нивно време и љубов ги трошат на првиот избор. Никогаш нема да се однесуваат толку добро со вас како со нивниот приоритет, без оглед на тоа колку се трудите.rnrnЛуѓето кои ве ставаат на второ место во љубовта никогаш нема да можат да ви се посветат. Тие ја бараат нивната сродна душа и веќе нашле човек кој повеќе им одговара од вас. Ако сепак одлучите да продолжите да се обидувате, само може да бидете искористени. Зошто би им го пружиле тоа задоволство?rnrnЗар не ве вознемирува тоа што тие мислат дека би требало да го прифатите фактот што вие во нивниот живот сте само една обична безбедносна мрежа? Нормално е да се чувствувате лути и повредени и дајте им го тоа до знаење. Не им прогледувајте низ прсти.rnrnЕдинствениот начин на кој ќе ја добиете нивната почит е ако ги оставите и никогаш не погледнете назад. Никогаш не прифаќајте да бидете нечиј втор избор во љубовта, бидејќи заслужувате да бидете нечиј најголем приоритет.

  • 10 навистина важни мудрости на Махатма Ганди кои ќе ви го променат животот

    10 навистина важни мудрости на Махатма Ганди кои ќе ви го променат животот

    Мохандас Махатма Ганди е човек кој на свој начин го промени човештвото преку неговите силни пораки. Она што го разликува од другите е тоа што тој бил дијаметрално спротивен од она што денес се подразбира под „успешен политичар“ – тој му служел на својот народ, а не го користел за свои цели. Она што го зборувал и го практикувал. Неговите мудрости ги знаат голем број луѓе, но вистинската вредност се крие во нивната примена. Затоа погледнете ги овие 10 мудри цитати.rnrn10-navistina-vazhni-mudrosti-na-mahatma-gandi-koi-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kafepauza.mkrn

    „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот.“

    rn

    „Oна за што размислуваш, тоа и стануваш.“

    rn

    „Каде што има љубов има и живот.“

    rn

    „Живеј како да ќе умреш утре, учи како да ќе живееш вечно.“

    rn

    „Твоето здравје е твоето вистинско богатство.“

    rn

    „Имај смисла за хумор.“

    rn

    „Акцијата ги изразува приоритетите.“

    rn

    „Нашата големина е во можноста да се преобразиме.“

    rn

    „Пронајдете се себеси така што ќе им служите на другите.“

    rn

    „Пазете на своите мисли затоа што тие стануваат зборови.rnrnПазете на своите зборови затоа што тие стануваат дела.rnrnПазете на своите дела затоа што тие стануваат навики.rnrnПазете на своите навики затоа што тие стануваат дел од карактерот.rnrnПазете на карактерот затоа што тој станува ваша судбина.“

  • Какво е чувството кога секогаш сте опција, а никогаш приоритет?

    Какво е чувството кога секогаш сте опција, а никогаш приоритет?

    Ништо нема моќ да ви даде енергија или психички да ве измачува како што тоа може да го прави љубовта. Кога работите одат одлично, се чувствувате полни со живот, енергични, подготвени сте да го освоите светот, но кога нештата не се одвиваат добро, сè ви се руши пред вашите очи. Се чувствувате како да треба да вложите огромен труд за да постигнете нешто.rnrn1.kakvo-e-chuvstvoto-koga-sekogash-ste-opcija-a-nikogash-prioritet-kafepauza.mkrnrnКога се работи за љубовта, ако не е возвратена, или е, но нееднакво, тоа е вашиот личен пекол. Личноста која е вашиот приоритет гледа на вас само како опција или како план Б.rn

    1. Тоа боли повеќе од сè

    rnЉубовта е и најдобриот пријател и најлошиот непријател на егото. Може да ви ја зајакне вербата во нештата или сосема да ве уништи.rnrnКога сте заљубени во некого, се отворате емотивно кон него или кон неа. Станувате ранливи и покажувате страна која само неколку луѓе добиваат шанса да ја видат. Всушност вие се нудите како жртва со надеж дека тој или таа подеднакво ќе се љуби во вас и ќе одлучи да ве одржува „живи“.rnrnКога ќе сфатите дека таа личност не ве сака како што вие ја сакате, дека вашиот приоритет ве гледа како опција, дека личноста која за вас значи сè не е заљубена во вас, добивате чувство како да лежите на маса додека тој или таа го прободува вашето срце со нож. Не, личноста нема направено ништо, а сепак боли толку многу.rn

    2. Тоа е најсрамното чувство на светот

    rnЕгото може да ни биде повредено на повеќе начини, и тоа истовремено.rnrnКако да не е доволно што вашето срце е скршено, па може дури и да се почувствувате многу засрамено. Луѓето се плашат да покажат како се чувствуваат еден за друг од многу причини, но оваа можеби е добар изговор за тоа.rnrnЉубовта можеби е вечна и преубава, но не изгледа така во очите на личноста која не ја добива љубовта што ја пружа.rnrnРизикот е непредвидлив посебно кога се работи за љубовта, а вие токму тоа го правите кога изјавувате љубов. Се отворате емотивно, станувате ранливи, покажувате ретки чувства само за ви кажат дека сте смешни и дека само замислувате љубов која не постои. Можеби не ви се смеат во лице, но сигурно така се чувствувате. Ризикувавте и изгубивте.rn

    3. Прави да ја доведувате во прашање вашата вредност

    rn3.kakvo-e-chuvstvoto-koga-sekogash-ste-opcija-a-nikogash-prioritet-kafepauza.mkrnrnВие можеби верувате дека сте одлична индивидуа, и можеби сте во право, но кога ќе откриете дека вашата љубов е одбиена или уште полошо, дека вие сте само опција, тоа ве доведува во ситуација да почнете да се прашувате дали навистина сте одлични како што мислите.rnrnСекако, сите имаме работи на кои сме горди и други работи на кои не сме толку горди, но кога ќе ви кажат дека не сте доволно добри тоа ќе ве поттикне постојано да се преиспитувате себеси. Она што често го забораваме во ваква ситуација е дека проблемот можеби е во другата личност. Сепак, во тој момент се чувствувате ужасно и постојано се прашувате: Што не е во ред со мене?rn

    4. Вашиот живот и вашата иднина се сосема извадени од колосек, и тоа делува страшно

    rnСо месеци или со години сте се обидувале да станете вистинската личност за личноста која ја сакате, а всушност таа била погрешна личност за вас. Страшно е, зарем не?rnrnМногу луѓе можеби не се нашле во идентична ситуација, но без разлика колку сте ја следеле таа личност, колку сте биле посветени на неа, без разлика колку сте го промениле вашиот живот, низ какви проблеми сте поминале за да ја задржите, без разлика на фактот дека во вашата глава веќе сте креирале заедничка иднина – сега сето тоа го нема. Уништено е. И сега треба да почнувате сосема од почеток, тргнувајќи се по пат кој сè уште не знаете ни дали е вистинскиот.rn

    5. Прави да се прашувате за вашата перцепција кон светот, кон животот и кон вашата лична реалност

    rn2.kakvo-e-chuvstvoto-koga-sekogash-ste-opcija-a-nikogash-prioritet-kafepauza.mkrnrnЉубовта има начин сè да нијансира со розова боја. Кога правиме работи во името на љубовта, сè има смисла, значење, цел, причина. Кога ја губиме таа смисла, остатокот од светот изгледа бесмислено. Светот не е базиран на љубовта кон него или неа, иако така не изгледа во вашите очи кога сте заљубени до уши.rnrnМожеби сте имале вакво искуство и знаете колку е лошо, но после тоа вие сте попаметни и поискусни, знаете подобро да го процените ризикот и сфаќате дека целиот ваш свет не може да се врти околу возвраќањето на љубовта од личност која едноставно не се чувствува така. Тогаш можеби сте успеале да се спасите, но сепак, кога се случува прв пат, знае да биде многу болно и да се чувствувате како светот да исчезнал.rnrnЕдинствената добра работа од оваа ситуација е лекцијата која ве учи дека љубовта не зависи само од вас, туку од двајцата. Па затоа бидете подготвени на сè!rn

    6. Ве нервира и на некој начин ве мотивира

    rn4.kakvo-e-chuvstvoto-koga-sekogash-ste-opcija-a-nikogash-prioritet-kafepauza.mkrnrnБи требало ли да е вака? Можеби, а можеби и не.rnrnМожеби би требало да оставите сè – да ја оставите таа личност. Можеби би требало да ги потиснете вашите емоции и да бидете разумни кога станува збор за него или неа.rnrnИмате доволно причини да бидете нервозни и лути, а нема никаква причина за да не си го дозволите тоа.rnrnЛутината може да биде неверојатен мотиватор, но не смеете да ја насочите кон себе или кон личноста која ве одбила. Вие веќе имате доволно грижи и проблеми и затоа повеќе не вреди да се вознемирувате околу личноста која ве повредила. Главата горе и фокусирајте се на себе и на тоа вашиот живот да биде подобар и поубав.rn

    7. Сфаќате дека треба да го забавите темпото, да ги анализирате чекорите, да се реорганизирате и да го пренасочите својот живот

    rnОткако ќе откриете дека личноста која ја сакате, не ве сака, најлошата работа што може да ви се случи е да се изгубите себеси. Тоа не смеете да си го дозволите.rnrnАко ви требаат неколку денови да ја испразните лутината, да ги разбистрите мислите или да тагувате, во ред, направете го тоа, но после тоа мора да се обидете да се смирите и да се соочите со ситуацијата.rnrnЗабавете малку и лоцирајте ги лекциите кои треба да се научат од ова искуство. Одвојте си време за да го разгледате светот околу вас, физичкиот свет кој постои надвор од вашата глава и продолжете напред.rnrnНема да биде лесно, но животот не е лесен. Никогаш нема да биде. Сè што можете да направите е да се трудите да го направите подобар, да создадете подобра реалност, подобар свет, и секако да уживате во секој чекор кој го правите одејќи напред во животот.rnrnНикогаш не дозволувајте да бидете нечија опција – посебно не на личноста која ја сакате.rnrnИмајте почит кон себе и најдете некој кој ќе ја разбира вашата вистинска вредност и кој ќе знае колку многу заслужувате да бидете сакани. Можете да потрошите години обидувајќи се да ја разберете мистеријата и да го лечите скршеното срце, но средете се и фокусирајте се на работите кои ви значат вам. Сè додека продолжите да станувате подобра личност, пред сè заради себе, некогаш ќе најдете личност која нема да сака ништо повеќе од тоа да ве љуби.

  • 5 причини поради кои треба да ставите себеси на прво место

    5 причини поради кои треба да ставите себеси на прво место

    Ваше тело, ваше здравје, ваш живот, па ако вие не се ставите себеси на прво место, никој друг нема да го направи тоа за вас. Кога ќе решите дека ништо не е поважно од тоа да се сакате себеси, а тоа единствено го можете кога ќе се прифатите такви какви што сте, само тогаш конечно ќе го чувствувате она слатко задоволство и потполна исполнетост поради што сѐ останато ќе почне да има смисла. Следниве работи се причината зошто е крајно време да почнете да мислите на себе.rnrn(1)-5-prichini-poradi-koi-treba-da-se-stavite-sebesi-na-prvo-mesto-kafepauza.mkrn

    1. Работата може да чека

    rnКога сте постојано зафатени и не си давате време да здивнете ни 5 минути, вашите тело и мозок се заморуваат многу повеќе отколку кога свежи ги извршувате работните обврски. Со други зборови, и вие и вашата работа патите и ги трпите последиците на вашето неумеење да одвоите време за себе. Факт е дека кога сте добро одморени, не само што ќе бидете позитивни и креативни, туку и ќе бидете способни многу побрзо и поефикасно да ги завршите вашите работни задачи. Ценете ги вашето време и здравје, ставете ги телефонот и компјутерот на страна и добро одморете се.rn

    2. Здравјето ви зависи од тоа

    rnСигурно сте забележале дека скоро секоја бурна недела, во која (што би се рекло) не сте имале време да се погледнете во огледало, резултира во викенд кога лежите болни во кревет. Работејќи напорно и прекувремено, потоа завршувајќи ги сите оние работи кои не можат да чекаат и поминувајќи го по кафулиња она малку слободно време кое ви останува не е добро за вас. За да бидете здрави на вашето тело му се потребни одмор, нега и здрава исхрана, а најмноогу мир и што поретки стресни ситуации. Не си го одземајте тоа свесно.rn

    3. Вашата врска ќе биде подобра од кога било

    rnКога сте вие задоволни со себе, тоа задоволство зрачи насекаде. Вашиот партнер го чувствува тоа бидејќи кога вие се чувствувате убаво, тогаш сте позитивни и насмеани и сѐ си е некако на свое место. Тоа се одразува само позитивно на врската, а ќе се случи кога ќе си бидете самите себе приоритет. Кога ќе си дадете време за себе, му давате и на партнерот време за него, а кога сте одморени и расположени сигурно сте многу позабавни отколку кога се нервирате и лутите за сѐ и сешто.rn

    4. Ќе им ги скратите секирациите на семејството и пријателите

    rnЗаморот и недоволната грижа за себе ви се одразуваат на секоја црта на вашето лице и во секое движење кое го правите. А кога луѓето кои ви мислат само најдобро ве гледаат такви, тогаш не постои збор на светот кој ќе ги смири и расположи. Но кога за промена ќе бидете свежи и одморени, а со тоа и среќни, тогаш вашите блиски нема да се секираат толку за вас. А ако претходно пријателите ве избегнуваа поради секогаш намќорестото лице и уморните погледи и коментари, сега ќе бидете сигурно поубаво и повесело друштво.rn

    5. Ќе созреете и процветате

    rnЌе се смеете повеќе, ќе си дадете шанса да уживате повеќе и конечно ќе сфатите што навистина вреди во животот. Ќе бидете здрави и подготвени за што и да ви се испречи на патот, тоа ќе влијае на вашата ефикасност и продуктивност, како и на надминувањето на сите стравови чекор по чекор. А најубавото во врска со тоа е што целосно имате право да се чувствувате така: среќни и исполнети.