КАФЕ ПАУЗА

Tag: принцеза

  • Загатка по која нема да можете да заспиете цела ноќ: Само оние кои се над просекот ќе ја решат за секунда

    Загатка по која нема да можете да заспиете цела ноќ: Само оние кои се над просекот ќе ја решат за секунда

    Нашите мозоци мора да останат во форма. А, оптичките илузии и загатките се најдобри за разбивање на секојдневната монотонија.rnrnЗагатка по која нема да можете да заспиете цела ноќ: Само оние кои се над просекот ќе ја решат за секундаrnrnОваа бајковита загатка не бара многу од вас.rnrnТаа гласи: Принцезата останала заклучена во кулата. За да побегне од лошата вештерка мора да помине низ четвртата врата, но постојат само три излеза. Каде е вистинскиот?rnrnКонфузијата во оваа загатка е во тоа што нема четврта врата. Добро погледнете ја илустрацијата уште еднаш, па обидете се да го пронајдете решението.rnrnЗагатка по која нема да можете да заспиете цела ноќ: Само оние кои се над просекот ќе ја решат за секундаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”точен одговор” active=”false”]За оние со бујна фантазија, трикот е во симболите. Секој симбол се состои од две споени бројки. Па така, вратата од левата страна е со две четворки, во средината со две единици, а вратата од десната страна со две двојки. Вратата што ја бара принцезата е од левата страна затоа што на неа се споени две четворки, односно тоа е четвртата врата.rnrnЗагатка по која нема да можете да заспиете цела ноќ: Само оние кои се над просекот ќе ја решат за секунда[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnМожеби сакате да погодите и кој од овие два часовника е вистински, а кој е играчка?rn

  • Бунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство

    Бунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство

    Пиела, пушела и била пријателка со славните. Иако во јавноста била секогаш насмеана и оставала впечаток на забавна и среќна жена, историчарите велат дека нејзиниот живот не бил лесен.rnrnБунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејствоrnrnПринцезата Маргарет Роуз Виндзор (1930-2002), грофицата на Сноудон и помладата сестра на кралицата Елизабета Втора, сигурно била една од најпопуларните личности со сина крв во модерната историја. Позната по својата бунтовна природа и одлучност, таа ги полнела таблоидите со вести поврзани со нејзиниот карактеристичен животен стил и со гласините дека е девојка за забава.rnrnЖивотниот стил на оваа принцеза, како и на другите членови на кралското семејство може да се погледне и во новите епизоди од серијата „The Crown“(„Круната“) на Нетфликс.rnrnДолго пред да се појави на сцената бунтовниот принц Хари, кого јавноста толку многу го сака, принцезата Маргарет се етаблирала како „бунтовното дете од кралското семејство“. Позната по нејзината живост, таа била сè што една принцеза не треба да биде. Пиела, пушела и била пријателка со познати личности, актери и музичари, од кои била наречена „Принцеза за забава“ или „Рокенрол принцеза”.rnrnТокму заради тоа ликот на оваа принцеза е омилен во серијата „Круната“ каде принцезата Маргарет во првите сезони е актерката Венеса Кирби, а во новата, трета сезона нејзината улога ја глуми британската актерка Хелена Бонам Картер, од која сите гледачи имаат големи очекувања.rnrnПринцезата Маргарет е родена на 21 август 1930 година во замокот Гламис во Шкотска, каде што било седиштето на семејството на нејзината мајка. Во моментот на раѓањето, таа била на четвртото место за престолот по нејзиниот татко Берти, подоцна кралот Џорџ VI. Иако нејзините родители се надевале дека ќе ја наречат Ен, кралот Џорџ V ставил вето на името, па решиле да ја наречат Маргарет Роуз – тоа е причината поради која подоцна во нејзиниот живот, блиските луѓе ја нарекле Маргот. Официјалната регистрација на нејзиното раѓање доцнела неколку дена за таа да не биде запишана под број 13 во локалниот регистар на раѓања во парохијата.rnrnОваа принцеза е прва во кралското семејство по многу нешта. Нејзината свадба со фотографот Ентони Армстронг Џонс во 1960 година била првата британска кралска свадба што се емитувала на националната телевизија, додека нејзиниот развод, 18 години подоцна (1978), бил првиот во потесниот круг од кралското семејство.rnrnЧитајте понатаму на следната страница…rn

  • Прекрасни совети од принцезата Дијана кои се полни со мудрости за животот

    Прекрасни совети од принцезата Дијана кои се полни со мудрости за животот

    Сите имаме слушнато за принцезата Дијана и за нејзината трагична смрт. Принцезата од Велс била родена на 1 јули 1961 година во Сандрингам, Англија. Ако нејзиниот живот не завршеше прерано таа ќе го славеше својот 58-ми роденден. Некои зборови од принцезата и денес се цитираат и на многумина им се драги што не е чудно бидејќи Дијана покрај нејзината положба и слава била многу драга и скромна личност која несебично им давала помош на оние на кои им била најпотребна – на гладните, напуштените и болните.rnrnrnrnИ покрај нејзината прерана смрт, очигледно е дека зад неа оставила големо позитивно влијание. Прочитајте дел од нејзините најпознати мисли коишто без сомнение ќе ве инспирираат.rn

    „Најголем проблем денес во светот е нетолеранцијата. Секој е нетолерантен кон секого.“

    rn

    „Правете го она што ви го вели срцето.“

    rn

    „Ништо не ми носи повеќе среќа од обидите да им помогнам на најранливите луѓе во општеството. Таа цел е најважен дел од мојот живот, на некој начин моја судбина. Кој и да е во неволја, може да ме повика. Ќе дојдам трчајќи, каде и да се наоѓа.“

    rn

    „Правете добри дела без да очекувате награда и бидете сигурни дека еден ден некој ќе го направи истото за вас.“

    rn

    „Кога си среќен можеш многу да простуваш.“

    rn

    „Сакам да влезам во собата, без оглед дали е тоа во болница за умирање или болница за болни деца. Сакам да правам, не само да постојам.“

    rn

    „Најголемата болест овие денови и во ова време се луѓето што не се чувствуваат сакано.“

    rn

    „Прегратката може да направи многу добрина, особено за децата.“

    rn

    „Правилата не ми се важни, ме води срцето, а не главата.“

    rn

    „Многу луѓе ме поддржаа во мојот јавен живот, а јас никогаш нема да ги заборавам.“

    rn

    „Каде и да видам страдање, сакам да бидам таму за да помогнам колку што можам.“

    rn

    „Секој треба да биде почитуван.“

    rn

    „Семејството е најважната работа на светот.“

    rn

    „Јас допирам до луѓето. Мислам дека тоа е секому потребно.“

    rn

    „Би сакала да бидам кралица на човечките срца.“

    rnПрочитајте ги и овие 15 моќни цитати за животот, љубовта и мирот од Џон Ленон.

  • Принцезата со бркови за која мажите се убивале

    Принцезата со бркови за која мажите се убивале

    Насир ел Дин Шах Каџар бил персиски шах кој владеел во средината на 19-тиот век. Како и повеќето тамошни владетели од тој период, и тој имал многу жени. Само во неговиот харем се наоѓале 84. На овој број додајте и десетина сопруги, па ќе ви стане јасно колку жени имал на располагање во секој момент.rnrnПринцезата со мустаќи за која мажите се убивалеrnrnБидејќи приоритет на секој владетел бил да остави потомство, Насир ел Дин имал дури 21 дете – 11 принцови и 10 принцези. Најинтересно од сите негови деца била принцезата Фатема Канум Есмет ал Довлех.rn

    Убавица со бркови

    rnПринцезата со мустаќи за која мажите се убивалеrnrnОваа девојка била миленичка на шахот и важела за најубавото од сите деца. Денес се смета за најфотографирана жена во неговиот дворец. Голем дел од фотографиите ги направил татко ѝ кој бил страстен фотограф.rnrnНасир долго време се обидувал да пронајде достоен маж за Есмет. Постои легенда дека 13 момчиња се убиле бидејќи принцезата ги одбила, но веројатно ова не е вистина. Како и повеќето жени од овој период, најраниот дел од младоста го поминала во харем опкружена само со жени. Ова значи дека баш и немала можност да разговара и да одбие 13 мажи.rnrnПринцезата со мустаќи за која мажите се убивалеrnrnСпоред фотографиите што можеме да ги видиме денес, Есмет била далеку од занесна убавица каква што замислуваме кога ќе го спомнеме зборот харем. Есмет била ниска и со вишок килограми. Главата и вратот ѝ биле покриени со богато украсени марами. Главниот адут на нејзиното лице биле споените веѓи и темните, многу изразени бркови. На прв поглед дури изгледа и како машко.rnrnНо, во тој период критериумите за убавина биле такви, особено во високите класи. Колку жената била подебела, толку била поубава. Ова особено се однесувале за жените од владетелските семејства. Тие ја јаделе најдобрата храна и не им дозволувале да се движат премногу.rnrnМажествениот изглед, што значело жената да е силна и влакнеста, станал симбол за убавина во Иран во 19-тиот век. Поради ова Есмет била вистинска убавица.rn

    Европејките биле згрозени

    rnПринцезата со мустаќи за која мажите се убивалеrnrnВо дворецот на шахот често имало пратеници, фотографи и уметници од странство. Ако со нив биле и нивните сопруги, тие добивале прилика да се запознаат со членовите на семејството на шахот.rnrnСопругата на еден белгиски пратеник ја запознала Есмет во 1877-ма година и во нејзиниот дневник запишала дека била згрозена.rn

    „Над нејзините горни усни имаше јасно видливи црни бркови кои ѝ даваа мажествен изглед.“

    rnВажно е да се спомене дека Есмет била многу повеќе од убаво лице. Спротивно на традицијата, научила да свири клавир и се верува дека е првата жена од Иран која го направила ова. Покрај тоа станала и фотограф. Веројатно нејзиниот татко имал голема доверба во неа штом ѝ дозволувал постојано да се дружи со европските дами кои биле во посета. Ова укажува дека Есмет најверојатно зборувала и уште еден јазик.rn

    Среќниот избраник

    rnПринцезата со мустаќи за која мажите се убивалеrnrnНа крај шахот ја омажил Есмет за Дуст Мухамед Кан, син на угледно кралско семејство. По венчавката се знае малку за неа, иако е познато дека останала во дворецот и редовно разговарала со посетителите од Запад.rnrnКако и татко ѝ, и таа се вљубила во фотографирањето па направила мало студио во својот дом. Најчесто ги фотографирала своите пет деца и сопругот. Есмет умрела на 31-годишна возраст во 1905-та година и била погребана до нејзиниот сакан татко.rnrnПогледнете ги и овие шокантни теории кои ја покажуваат другата страна на историјата.

  • Принцезата Амира од Саудиска Арабија е новата светска модна икона

    Принцезата Амира од Саудиска Арабија е новата светска модна икона

    Ја пронајдовме девојката што со својот изглед и убавина може да ја засени дури и Кејт Мидлтон! Станува збор за принцезата Амира бин Ајдан бин Најеф Ал Тавел која има само 33 години, а во светот е позната како Амира од Саудиска Арабија. Вниманието на светската јавност го привлече не само заради егзотичната убавина по која се познати жените од Азија, туку и заради несекојдневната животна приказна, хуманитарната работа, како и беспрекорниот стил.rnrn1-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnНејзината убавина е нереална, бајковита, па често ја споредуваат со Дизни принцезата Јасмин. Препознатлива е по долгата црна коса, беспрекорната шминка, а сака да ги истакне и своите полни усни и крупни очи. Кога станува збор за нејзиното облекување, принцезата преферира долги тоалети со кои комбинира впечатлив и скапоцен накит.rnrn3-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnИсто како војвотката од Кембриџ, така и таа често носи шешири, а многумина тврдат дека со својот шарм, елеганција и беспрекорна линија може да застане рамо до рамо со Кејт. Постојат и оние кои тврдат и дека таа е најубавата принцеза и дека нема жена на кој било светски двор која може да се мери со нејзината убавина.rnrn4-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnПознато е дека жените во нејзината родена земја се обесправени и носат затворена облека, но Амира се одлучила да го отфрли традиционалниот начин на облекување кој важи во Саудиска Арабија и да се облекува како холивудска дива. Исто така, таа работи на тоа да го подобри и унапреди изгледот на саудиските жени во светот. Заради тие свои ставови, таа не е омилена помеѓу мажите.rnrn2-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnВистина е дека другите принцези од нејзината земја се спротивставуваат на нејзиниот стил и, како што самите велат, на непримерното облекување, но нам нејзиниот стил ни се допаѓа. Во Саудиска Арабија владее строг шеријатски закон. Судејќи според фотографиите на Интернет, изгледа дека законот да важи само за одредени слоеви од населението, но не и за кралското семејство.rnrn5-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_rnrnСаудиската принцеза навистина изгледа префинето и доста модерно и не постои ниту еден моден експерт кој може да ѝ пронајде грешка на нејзините модни комбинации. Сигурни сме дека жените ширум светот наскоро ќе започнат да ги „крадат“ нејзините идеи кога станува збор за облекувањето и изгледот.rnrn6-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_7-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_8-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_

  • Јапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовта

    Јапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовта

    Војводата и војвотката од Кембриџ неодамна објавија голема вест и открија дека го очекуваат третото дете, но и јапонската кралска фамилија исто така имаше големо соопштение.rnrnЈапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовтаrnrnВо мај, кралското семејство потврди дека принцезата Мако, најстарата внука на царот Акихито, планира да се омажи со нејзиното тогашно момче Кеи Комуро. Меѓутоа, со оглед на тоа што Комуро е обичен човек, стапувањето во брак би значело дека принцезата ќе ја изгуби нејзината кралска титула.rnrnЈапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовтаrnrnВо неделата, принцезата потврди дека навистина ќе се откаже од кралската титула за да се омажи со правникот и нејзиниот поранешен колега од факултет. Обајцата имаат 25 години и заедно се веќе 5 години.rn

    „Најпрво ме привлече блескавата насмевка на Комуро“, изјавила принцезата Мако на нејзината прес конференција.

    rnЈапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовтаrnrnТаа подоцна им го претставила Комуро на нејзините родители, принцот Акишино и принцезата Кико, како човекот со кого сака да ја сподели нејзината иднина.rnrnЈапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовтаrnrnПринцезата Мако сега ќе биде 8-мата личност од јапонската кралска фамилија која се откажала од титулата уште од Втората светска војна. Не постои сомнеж дека ќе се одржи венчавката, но со тоа што сегашниот цар во декември ќе ја предаде улогата на принцот Нарухито (на жените не им е дозволено да го наследат престолот во Јапонија), таткото на принцезата и нејзиниот 10-годишен брат ќе станат први и втори во редот.rnrnВо продолжение погледнете како живеат вистинските модерни принцези.

  • Спијте како вистинска принцеза на овој кревет инспириран од „Малечката сирена“

    Спијте како вистинска принцеза на овој кревет инспириран од „Малечката сирена“

    Зарем постои девојка што длабоко во себе не посакува да биде принцеза? Особено ако во детството омилениот цртан филм ви бил „Малечката сирена“, тогаш имаме одлично изненадување за вашата внатрешна Ариел!rnrnrnrnЗарем некому би му здодеало да живее живот на сирена? И покрај тоа што можеби вие нема да се преселите под вода, сепак можете да спиете во креветот на Ариел и конечно да ги претворите вашите опсесии со сирени во реалност. Зарем има нешто послатко од тоа?rnrnrnrnДа бидеме реални, овој кревет е всушност наменет за нашите деца, но и ние се сметаме за деца во срцето, така што сосема е во ред да спиеме на него! Креветот во форма на отворена школка може да биде купен преку португалската компанија „Circu“ што создава магичен мебел. Заедно со него доаѓа и внатрешна ноќна светлина и сè тоа по цена од 16.000 долари.rnrnrnrnВо ред, ова можеби е малку скапо, и најверојатно ќе биде уште едно од оние нешта што ни се слизнале низ раце, но со оглед на тоа што станува збор за креветот на ќерката на Кралот Тритон, смееме да сонуваме, се согласувате?

  • Дали забележувате нешто чудно кај фотографиите на Чарлс и Дијана?

    Дали забележувате нешто чудно кај фотографиите на Чарлс и Дијана?

    Јавноста почна да забележува нешто многу чудно кај старите протрети на принцот Чарлс и принцезата Дијана. Пред да почнете да барате духови во позадина и необични блесоци, знајте дека она што треба да го забележите е повеќе од очигледно.rnrnДали забележувате нешто чудно кај фотографиите на Чарлс и Дијана?rnrnПогледнете ги следниве неколку фотографии и обидете се откриете за што станува збор.rnrnДали забележувате нешто чудно кај фотографиите на Чарлс и Дијана?rnrnДали забележувате нешто чудно кај фотографиите на Чарлс и Дијана?rn

    Дали забележавте? Во сите портрети на Чарлс и Дијана, Чарлс е повисок од Дијана

    rnДали забележувате нешто чудно кај фотографиите на Чарлс и Дијана?rn

    Некаде станува збор за суптилна разлика

    rnДали забележувате нешто чудно кај фотографиите на Чарлс и Дијана?rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Неодолива реакција: Девојче мисли дека невеста е вистинска принцеза од книгата што ја држи

    Неодолива реакција: Девојче мисли дека невеста е вистинска принцеза од книгата што ја држи

    Повеќето девојчиња имаат можност да запознаат принцези само во Дизниленд, но ова мало девојче ја имаше таа среќа да види една од нив на улиците во Сиетл. Замислете си да држите сликовница од вашата омилена бајка и одеднаш пред вас да се појави принцезата од корицата! Девојчето го доживеало токму тоа! Можете да претпоставите каква била нејзината реакција?rnrnНеодолива реакција: Девојче мисли дека невестата е вистинска принцеза од книгата што ја држиrn

    „Се венчавме со сопругата минатиот февруари и за време на фотосесијата поминуваа едно мало девојче со мајка му. Малото девојче мислеше дека мојата прекрасна сопруга е принцезата од нејзината омилена книга што ја држеше во раце токму во тој момент“, изјавил Скот Робертсон.

    rnНеодолива реакција: Девојче мисли дека невестата е вистинска принцеза од книгата што ја држиrnrnНеодолива реакција: Девојче мисли дека невестата е вистинска принцеза од книгата што ја држиrnrnСо оглед на тоа што сето ова се случило за време на фотографирањето, фотографката Стефани Кристали успеала да направи неколку добри фотографии. Малото девојче дури и добило цветче од букетот на невестата по име Шандес Лерма.rnrnНеодолива реакција: Девојче мисли дека невестата е вистинска принцеза од книгата што ја држиrnrnНеодолива реакција: Девојче мисли дека невестата е вистинска принцеза од книгата што ја држиrn

    „Вашата сопруга засекогаш ќе биде принцезата од Балард за неа“, му кажала мајката на Скот.

    rnНеодолива реакција: Девојче мисли дека невестата е вистинска принцеза од книгата што ја држиrnrnОд фотографиите може да се забележи дека девојчето не може да ја тргне насмевката од лицето. Погледнете само со каков восхит ја гледа невестата која за неа не е ништо друго освен принцеза! Сигурни сме дека оваа средба засекогаш ќе ѝ остане во сеќавање како еден од најубавите моменти во детството.rnrnНеодолива реакција: Девојче мисли дека невестата е вистинска принцеза од книгата што ја држиrnrnАко оваа приказна ви го стопи срцето, погледнете како детенце со аутизам се вљубува на прв поглед во Снежана.

  • Интересни факти за принцезата Дијана кои можеби не сте ги чуле досега

    Интересни факти за принцезата Дијана кои можеби не сте ги чуле досега

    Во 1981 година принцезата Дијана се омажила за принцот Чарлс и оттогаш нејзиниот живот бил следен од будното око на јавноста. Речиси сите податоци за неа се многу добро познати, но сепак можеби постојат некои факти кои не сте ги знаеле досега. Прочитајте за што станува збор…rnrnИнтересни факти за принцезата Дијана кои можеби не сте ги чуле досегаrn

    Принцот Чарлс најпрво бил во врска со постарата сестра на Дијана

    rnКога за прв пат ја запознал 16-годишната Дијана, принцот Чарлс имал 28 години и бил во врска со нејзината постара сестра која се вика Сара. Тие раскинале за кратко време и Сара им признала на медиумите дека никогаш не била вљубена во принцот Чарлс. Но, на Дијана ѝ се допаѓала помислата да биде дел од кралското семејство, дури имала и фотографија од Чарлс над креветот во интернатот каде што живеела. Две години по првата средба започнале да се состануваат, а Сара гордо изјавила дека таа ги запознала поради што се нарекувала себеси Купидон.rn

    Венчаницата на Дијана влегла во кралската историја

    rnВенчаницата на принцезата Дијана била украсена со повеќе од 10.000 мали бисерни светки и бисери. Фустанот бил речиси 8 метри долг, поради што влегол во кралската историја како најдолга венчаница. Тогаш чинела околу 115 илјади долари, а била изработена од страна на британските дизајнери Дејвид и Елизабет Емануел кои знаеле дека фустанот треба да биде драматичен за да влезе во историјата, но и да ѝ се допадне на Дијана.rnrnИнтересни факти за принцезата Дијана кои можеби не сте ги чуле досегаrn

    Таа ја прекршила традицијата кога го запишала принцот Вилијам во градинка

    rnЗа образованието и воспитанието на најмладите членови на кралската фамилија обично се грижат приватни учители и гувернанти, но тоа се променило кога Дијана инсистирала да го запишат принцот Вилијам во градинка. Така тој станал првиот член од кралското семејство чие предучилишно воспитување не се одвивало во ѕидовите на палатата.rnrnИако на принцезата Дијана ѝ било многу важно нејзините синови да имаат што е можно понормално детство, таа направила неколку интересни отстапки. На пример, Дијана ја поканила Синди Крафорд на вечера во Бакингемската палата бидејќи многу му се допаѓала на тогаш 13-годишниот Вилијам.rn

    Многу опуштено се однесувала во кујната

    rnПринцезата Дијана многу често сакала да јаде сама, па затоа понекогаш го правела тоа седејќи на некој кујнски елемент, што е и тоа како опуштено однесување за еден член на кралското семејство. Имено, кога кралицата Елизабета влегувала во кујна, од слугите се очекувало да прекинат со работата, да ги стават тавите и лонците покрај шпоретот, да се поттргнат назад 3 чекори и да се поклонат. Освен тоа, на принцезата Дијана не ѝ одело баш готвењето, па затоа од понеделник до петок имала приватен готвач на располагање кој подготвувал оброци и за викенд, за да може да ги подгрее во микробранова печка.rn

    Свршеничкиот прстен го одбрала од каталог

    rnНаместо свршеничкиот прстен да биде изработен специјално за принцезата Дијана, таа го прелистала продажниот каталог од златарата Гарард, па така го одбрала славниот сафир кој ѝ се допаднал најмногу од сите останати модели. Наводно, прстенот ја потсетил на свршеничкиот прстен на нејзината мајка.rnrnНема сомнеж дека принцезата Дијана била навистина инспиративна личност, а доказ за тоа се и нејзините топли мисли за животот и љубовта.