КАФЕ ПАУЗА

Tag: пријателка

  • Прекрасни керамички подароци за вашата најдобра пријателка

    Прекрасни керамички подароци за вашата најдобра пријателка

    Сигурно и вие сте се нашле во ситуација кога не знаете што да и подарите на вашата најдобра пријателка. За среќа, има многу интересни идеи кои сме сигурно дека ќе ги воодушеват сите. Керамичките подароци се едни од оние кои му даваат сјај на секој ентериер нагласувајќи едноставност, но и уникатност.rnrnВо продолжение погледнете ги дизајните на Сандра Апероло кои навистина изгледаат прекрасно. Керамички вазни кои се украсени со точки, цветови и слични детали, а освен вазните, можете да подарите и разни чинии и чаши кои можат да се користат како украс, но и како симпатична кутија за накит.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Sandra Apperloo (@thepotteryparade) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Sandra Apperloo (@thepotteryparade) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Sandra Apperloo (@thepotteryparade) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Sandra Apperloo (@thepotteryparade) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Sandra Apperloo (@thepotteryparade) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Sandra Apperloo (@thepotteryparade) on

    rnrn

    rnrnrnПрочитајте кои се 7-те најдобри подароци кои некои личности ги добиле од своите блиски.

  • 25 причини зошто пријателките од средношколските денови секогаш ќе ви бидат најдобри пријателки

    25 причини зошто пријателките од средношколските денови секогаш ќе ви бидат најдобри пријателки

    Пријателката која ве поддржуваше првиот пат кога ви беше скршено срцето има посебна вредност. Таа сигурно ги знае сите ваши други тајни, а во нејзино друштво се чувствувате најопуштено. Станува збор за пријателката од вашите средношколски денови што е многу драгоцена за вас. Првите работи секогаш се паметат, а повеќето од нив сигурно сте ги направиле заедно со вашата пријателка од средношколските денови.rnrn25 причини зошто пријателките од средношколските денови секогаш ќе ви бидат најдобри пријателкиrnrnЗаедничкото откривање на светот и тинејџерската перцепцијата според која дури и најмалите работи се од витално значење го направија своето – пријателствата од клупите се сметаат за посебни и вечни. Погледнете го овој список со причини зошто таа има посебно место во вашето срце.rnrn1. Таа знае за сите срамни работи што ви се случиле во животот.rnrn2. Сè уште имате парчиња облека што сте ги позајмиле една од друга пред многу години.rnrn3. Се заколнавте дека ќе присуствувате на вашите венчавки.rnrn4. Блиски сте со нејзиното семејство, а и таа со вашето.rnrn5. Пријателката од средно училиште знае сè за вашите симпатии и момчиња, како и вие за нејзините.rnrn6. Бевте поддршка една на друга кога првпат ви го скршија срцето.rnrn7. Заедно преживеавте многу турбулентни и бурни периоди од животот.rnrn8. Сте направиле безброј аргументирани дебати и сте целосно отворени една кон друга.rnrn9. Може да се сетите на вашите несмасни инциденти и да се смеете за тоа многу години подоцна.rnrn10. Можете да се сетите и да ги озборувате сите од вашата генерација.rnrn11. Никогаш не можете да криете од неа како навистина се чувствувате.rnrn12. Се чувствувате најудобно и најопуштено во нејзиното друштво отколку во друштво на која било друга пријателка.rnrn13. Останавте блиски дури и додека студиравте, па дури и ако сега живеете во различни градови.rnrn14. Една за друга знаете и некои од најстарите тајни.rnrn15. Таа разбира низ што сè требало да поминете за да бидете личност што сте денес.rnrn16. Може да се однесувате сосема чудно и невообичаено, но тоа нема да ја исплаши или да ја оттргне од вас.rnrn17. Кога повторно ќе се сретнете, тоа се најдобрите и најзабавните собири.rnrn18. Вие сте кралици на најдобрите и тотално совршени инсајдерски шеги.rnrn19. Пријателката од средно училиште знае сè за работите што не ви се допаѓаат.rnrn20. Во текот на тие четири години, веројатно никогаш не сте поминале толку многу време дружејќи се со некоја друга пријателка.rnrn21. Спомените при слушањето на старите песни не се толку живи со никој друг.rnrn22. Никогаш нема да се чувствувате непријатно во нејзиното друштво и нема ништо што може да ве извади од такт.rnrn23. Секогаш сте возбудени кога ѝ кажувате за вашите достигнувања.rnrn24. Знаете дека нејзината пријателска љубов е безусловна.rnrn25. Само вие знаете за прекарите кои можеле би сакале и да ги заборавите.rnrnПрочитајте ги 20-те најдобри љубовни совети кои би ги добиле од најдобрите пријателки.

  • 7 ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнерот

    7 ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнерот

    Кога започнувате врска, нормално е дека таа личност ви станува најважна, а може и да се случи некои пријатели (ненамерно) да ги занемарите. Дури и гледањето со најдобрата пријателка станува поретко, но во следните седум ситуации секогаш пријателката треба да ви биде поважна од партнерот.rnrnСедум ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнеротrn

    1. Кога ќе раскине со партнерот

    rnСигурно ќе ѝ бидете потребни кога ќе прекине љубовна врска, посебно ако била оставена. Без разлика дали е неочекувано или се гледало крајот, треба да бидете тука за вашата пријателка за да ја сослушате и утешите.rn

    2. Кога таа ќе го остави партнерот

    rnДури и доколку дечкото на вашата пријателка никогаш не ви се допаѓал и потајно се радувате зошто го оставила, треба да бидете со неа во овие моменти. Немојте да ѝ кажувате дека тоа е супер, туку дајте ѝ поддршка на начин што ѝ е потребен. Без разлика дали таа го направила тој потег, сигурно не ѝ е лесно.rn

    3. Кога поминало шест недели од вашата последна средба

    rnНикогаш не ја заборавајте исполнетоста која ви ја носи дружењето со пријателките. Ако последен пат сте се виделе со пријателката на кафе или вечера пред повеќе од месец и половина, тогаш е време тоа да го повторите.rn

    4. Кога сте се скарале

    rnМногу е веројатно дека ќе барате утеха во својот партнер откако ќе се скарате со пријателката. Нема ништо лошо во тоа ако ве смирува, но потоа јавете ѝ се на пријателката и пробајте да се смирите. Не дозволувајте проблемот да остане нерешен.rn

    5. Кога ѝ треба друштво за венчавка

    rnАко вашата пријателка е „сингл“ и е поканета на венчавка, одете со неа. Ќе биде одлична можност да се забавувате и да играте, баш како што сте правеле кога и двете сте биле сингл. Вашиот партнер тоа време може да го искористи да излезе со своите пријатели.rn

    6. Кога се запрашува дали е тој вистинскиот

    rnАко се двоуми во својата љубовна врска, се прашува дали е тој вистинскиот, бидете тука за неа доколку ѝ е потребен совет. Бидете личноста која објективно ќе ги гледа работите и ќе ја упати со совет.rn

    7. Кога ќе ѝ почине некој близок

    rnНема што да се додава – кога на вашата најдобра пријателка ќе ѝ почине некој близок, таа секогаш треба да ви биде на прво место.rnrnДоколку барате уште една причина за дружење со пријателката, прочитајте како дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените.

  • Нешта што треба да ги знаете доколку се гледате со бившиот на вашата пријателка

    Нешта што треба да ги знаете доколку се гледате со бившиот на вашата пријателка

    Иако на планетата има осум милијарди луѓе, понекогаш е тешко да ги контролирате вашите чувства и можете да се вљубите во најнеочекуваната личност – бившиот на вашата пријателка. Без разлика колку време се разделени, оваа врска има потенцијал да ве стави во незгодна ситуација. Можеби вашето пријателство ви значи премногу, но кога не можете да се ослободите од чувствата за нејзиниот бивш, можеби е време за разговор.rnrnНешта што треба да ги знаете доколку се гледате со бившиот на вашата пријателкаrnrnИако веројатно сте го слушнале правилото дека бившите на пријателките не се достапни за вас, ова не важи за сите. Најдобриот начин да дознаете како се чувствува вашата пријателка е отворено да разговарате со неа. Исто така добро е да бидете свесни за следните 4 нешта, со цел да ја направите ситуацијата што е можно поудобна.rn

    1. Постои можност да ја изгубите пријателката

    rnВо совршениот свет, би можеле да се гледате со бившиот на пријателката, но и да продолжите да се дружите со неа. Но во реалноста, на вашата пријателка може да ѝ биде претешко да биде во вашиот живот, кога дел од него е и нејзиниот поранешен партнер. Најпрвото нешто што треба да го земете предвид е дали би вредело да ја изгубите пријателката за оваа личност.rn

    2. Причината зошто пријателката раскинала со бившиот е важна

    rnДоколку вашата пријателка и нејзиниот поранешен партнер раскинале на мирен начин, тоа не значи дека таа ќе биде во ред со вашата нова врска. Доколку пак врската завршила лошо, особено ако имало прељуба, бидете внимателни. Вашата пријателка веќе страдала од таа личност, па треба добро да размислите дали повторно сакате да минува низ тоа.rn

    3. Дефинитивно, треба најпрво да разговарате со пријателката

    rnКомуникацијата е важна во секоја врска, и платонска и романтична. Доколку навистина ви се допаѓа бившиот на пријателката, разговарајте со неа за ова. Може да ви изгледа како навистина тежок разговор, но ќе направи чуда за вашето пријателство. Едноставно прашајте ја како би се чувствувала доколку сте со нејзиниот поранешен партнер. Доколку станува збор за партнерот од неодамна, веројатно нема да се согласи. Но доколку станува збор за партнер од пред неколку години, можеби ќе биде отворена за вашата врска.rnrnВо кој било случај, важно е да ѝ дадете до знаење дека вашето пријателство ви е поважно од врската со бившиот. Ова ќе ѝ покаже дека се грижите доволно за неа и нема да направите нешто зад нејзиниот грб. Токму ова можеби ќе ја натера да се согласи и да не прави проблем за вашата врска.rnrnДоколку пријателката не се согласува со ова, следниот чекор е ваша одлука. Најчесто, ниту една врска не вреди да изгубите добра пријателка. Но истовремено не е добро да правите нешто без нејзино знаење.rn

    4. Можно е да се соочите со истите проблеми во врската како и таа

    rnСекој пар си има свои проблеми, но експертите сметаат дека не треба да се изненадите доколку проблемите од врската со пријателката се појават и кај вас. Иако можеби оваа личност не била совршена за вашата пријателка, луѓето обично ги повторуваат нивните однесувања. Доколку бившиот не се однесувал добро со неа, доколку немале добра комуникација и слично, очекувајте го истото и во вашата врска.rnrnИдејата да промените некој е добра, но не е најреалистична. Промената е возможна, но им се случува на малкумина. Потребно е многу за личноста навистина да се промени. Па пред да започнете нешто со бившиот на пријателката, размислете дали тој може да се промени.rnrnПогледнете и кога е во ред, а кога не да излегувате со бившиот на вашата пријателка.

  • Работи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинување

    Работи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинување

    Вашата најдобра пријателка само што раскинала со момчето и вие се чувствувате беспомошно. Не знаете што да ѝ кажете, како да ја развеселите и како да ѝ помогнете да се чувствува добро во врска со себе. Иако нема да можете да ѝ ги решите проблемите, постојат неколку работи што можете да ги направите за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинување. Во продолжение прочитајте за што станува збор…rnrnРаботи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинувањеrn

    Возете се наоколу и слушајте ги вашите омилени песни

    rnВлезете во автомобилот и почнете да возите бесцелно низ градот. Пуштете ги вашите омилени песни и пејте на цел глас. Не заборавајте да ги вклучите моќните хитови од Бијонсе, Кели Кларксон и Тејлор Свифт кои со сигурност ќе ја развеселат вашата пријателка и ќе ѝ помогнат да се чувствува подобро.rn

    Организирајте спонтана забава

    rnПуштете гласна музика и танцувајте како никој да не ве гледа. Никој нема да ве осудува, така што слободно забавувајте се и ослободете се од сите ограничувања.rn

    Избегајте од градот за викенд

    rnИспланирајте викенд патување на нова дестинација. Избегајте од градот и истражете некое ново место. Без разлика дали станува збор за одмор покрај езеро или во интересно гратче со слатки продавнички, погрижете се да нема никакви траги од бившиот на вашата пријателка и помогнете ѝ целосно да заборави на него.rn

    Гответе заедно

    rnПовикајте ја вашата пријателка на гости и почнете да готвите слатки работи. Играјте си со рецептите и смислувајте нови десерти. Никој нема да знае колку сте изеле!rn

    Организирајте филмска вечер

    rnНајдете ги сите омилени филмови на вашата најдобра пријателка и поканете ја на филмски маратон. Вашата филмска листа нека содржи комедии и акциони филмови. Соберете ги сите ќебиња што можете да ги најдете, изградете ја најудобната тврдина за седење и уживајте во сите вкусни грицки кои совршено одат со гледањето филмови.rnrnРаботи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинувањеrn

    Одете на шопинг

    rnОднесете ја другарка ви на шопинг во сите нејзини омилени бутици и продавници. Прошетајте ги сите трговски центри и забавувајте се додека пробувате чудни модни комбинации.rn

    Организирајте вечер на друштвени игри

    rnПоканете неколку луѓе и играјте друштвени игри. Може да играте пантомима, монопол или асоцијации. Вашата пријателка толку многу ќе биде фокусирана на тоа да победи што сосема ќе заборави на бившиот, барем за момент.rn

    Спортувајте во природа

    rnВежбањето го поттикнува лачењето на ендорфините кои можат да ве направат среќни. Развеселете ја вашата пријателка со тоа што ќе ја однесете во блискиот парк. Можете да џогирате заедно или да поканите неколку пријатели за да играте фудбал или одбојка заедно.rn

    Одете во спа центар

    rnВашата пријателка заслужува да се почести, па затоа поминете цел ден во спа центар. Доколку сте шворц и не можете да си го дозволите тој луксуз, дајте си приватен третман дома. Направете си маникир една на друга и пијте коктели.rn

    Поканете ја на преспивање

    rnВратете се во детството и организирајте класично преспивање како во средношколските денови. Можете да искомбинирате разни активности, но имајте само една цел на ум: Да се однесувате повторно како деца. Гледајте женски филмови како „Без поим“ (Clueless) или „Злобни девојки“ (Mean Girls), јадете пица и гледајте си на карти. Слободно правете го сето она што ве потсетува на детството.rnrnИако нема да можете целосно да ја утешите вашата пријателка, барем ќе успеете да ѝ го подигнете расположението и да ја натерате да заборави на идиотот што ѝ го скршил срцето.rnrnПрочитајте ги и следниве 12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка.

  • 4 причини зошто жените како Миранда од ТВ серијата „Сексот и градот“ се одлични пријателки

    4 причини зошто жените како Миранда од ТВ серијата „Сексот и градот“ се одлични пријателки

    Иако повеќето фанови на оваа серија не се големи љубители на ликот и делото на Миранда, таа е всушност многу инспиративна. Синтија Никсон одлично ја претставува жената која секогаш цврсто стои на земјата и го кажува она што го мисли. Секогаш саркастична, цинична, со остар ум и без влакна на јазикот, Миранда Хобс е еден од најдобрите ликови во целата серија. Прочитајте зошто секоја жена би требало да има пријателка како Миранда…rnrn4 причини зошто жените како Миранда од ТВ серијата „Сексот и градот“ се одлични пријателкиrn

    1. Миранда секогаш ја кажува вистината

    rnТаа никогаш не ги задржува мислите за себе и секогаш отворено кажува какви последици ќе произлезат од непромислените одлуки на нејзините пријателки. Многумина ѝ замеруваат поради тоа, но зар не е полошо кога некој ни го кажува она што сакаме да го чуеме, а ја говори вистината веднаш штом го завртиме грбот? Миранда е како гласот на разумот што секогаш им помага на нејзините пријателки да го пронајдат вистинскиот пат.rn

    2. Не им дозволува на туѓите мислења да ја поколебаат

    rnСе сеќавате на сцената кога нејзината куќна помошничка Магда стави икона од Дева Марија во нејзината соба? Миранда веднаш ја тргна иконата, се соочи со Магда и отворено кажа дека ужива во кафето, купечките пити и вибраторите и воопшто не се срами тоа да го признае!rnrn4 причини зошто жените како Миранда од ТВ серијата „Сексот и градот“ се одлични пријателкиrn

    3. Миранда е најреалниот лик во серијата

    rnТаа постојано се анализира себеси, своите мисли и постапки. Таа се обидува да сфати како светот околу неа функционира. Иако уживаме кога ликовите од серијата нѐ носат во свет поразличен од оној во кој живееме, Миранда успева да нѐ задржи цврсто на земјата. Освен тоа, таа ни нуди одличен поглед кон работите кој можеби и самите би требало да го применувам одвреме-навреме.rn

    4. Таа секогаш застанува на страната на нејзините пријателки и ги заштитува

    rnДури и тогаш кога тие ќе ја повредат, разочараат со нивните зборови или ѝ се налутат поради нејзините остри коментари, Миранда никогаш не им го врти грбот на нејзините пријателки. Сите ние посакуваме да имаме и да бидеме такви пријатели!rnrnДоколку ја обожавате оваа ТВ серија, прочитајте ги и овие лекции кои ги научивме од „Сексот и градот“.

  • 20 работи за кои можете да сметате само на вашата најдобра пријателка додека сте во 20-тите

    20 работи за кои можете да сметате само на вашата најдобра пријателка додека сте во 20-тите

    Вашата најдобра пријателка ве надополнува на милион различни начини и не би можеле да се справите со стресното секојдневие без неа. Вашата врска е нераскинлива и заедно можете да го освоите светот! Ова се 20-те работи за кои можете да сметате само на вашата најдобра пријателка додека сте во 20-тите години од животот…rnrn20 работи за кои можете да сметате само на вашата најдобра пријателка додека сте во 20-титеrnrn1. Таа е вашиот најголем моден критичар кога треба да одберете облека за првиот љубовен состанок. Секогаш можете да сметате на нејзиното брутално искрено мислење.rnrn2. Таа е тука за вас со полна кеса чоколади, вино и брза храна кога поминувате низ болно раскинување.rnrn3. Таа секогаш ви кажува ако имате кармин на забите или ако треба да си го освежите здивот со мастика.rnrn4. Таа е единствената што знае како да ви го подобри расположението. И таа е единствената чии совети навистина ги применувате.rnrn5. Таа ги чува вашите најдлабоки и најмрачни тајни како да се нејзини. Не би ни помислила да ја сруши вашата доверба.rnrn6. Не ѝ пречи да гледате филмови и да јадете пица во сабота вечер кога не ви се излегува.rnrn7. Секогаш ве поддржува кога ќе решите да „забушавате“ со одењето во теретана и се согласува дека пиењето коктели е подобра варијанта.rnrn8. Во дискотека се забавува како да нема утре кога ви е роденден.rnrn9. Ви кажува отворено кога мисли дека грешите во врска со нешто.rnrn10. Таа секогаш ве брани кога некој зборува лошо за вас.rnrn20 работи за кои можете да сметате само на вашата најдобра пријателка додека сте во 20-титеrnrn11. Таа е најдобриот слушател кога сакате да си ги кажете маките и да споделите колку многу ве изнервирал шефот на работа.rnrn12. Не ѝ е проблем директно да ви каже дека дечкото со кого се гледате е вистинска катастрофа.rnrn13. Кога фризурата ви е ужасна, таа секогаш отворено ви го кажува тоа.rnrn14. Секогаш може да смисли начин за да ве извлече од обврските што не сакате да ги завршите.rnrn15. Многу добро го познава вашиот поглед што го давате кога барате спас од некој здодевен дечко во барот.rnrn16. Таа секогаш знае како да ви го „намести“ дечкото кој ви се допаѓа.rnrn17. Таа знае како да ви ја зголеми самодовербата кога се чувствувате несигурни во себе.rnrn18. Таа е подготвена да го уништи секој маж кој ќе ви го скрши срцето.rnrn19. Доаѓа на семејните собири со вас. Дури и ќе ве натера да одите на оние ручеци кои очајно сакате да ги одбегнете.rnrn20. Секогаш разбира што сакате да кажете, дури и да не можете да најдете зборови за да ги пренесете мислите.rnrnДоколку сакате да проверите дали вашето пријателство е искрено, ова се 12-те знаци дека имате вистинска најдобра пријателка.

  • 12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка

    12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка

    Во денешно време, многу е тешко да се најде вистинско пријателство. Можеби имате голем круг познајници, но колкумина од нив можете да ги наречете пријатели? Колкумина од нив останале покрај вас во тешките периоди од вашиот живот и ви понудиле помош? Колкумина од нив ги сочувале сите ваши тајни и ви ги довериле нивните? Сигурно само еден или двајца. Доколку можете да ги препознаете следниве 12 знаци во односот со вашата најдобра пријателка, обидете се да ја сочувате таа врска засекогаш, бидејќи станува збор за вистинско пријателство кое ќе ви го разубави животот на посебен начин…rnrn12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателкаrnrn1. Секогаш ве поддржува, но доколку не сте во право, ќе ви ја каже вистината. Искреноста е многу важен сегмент од вашиот однос и таа не ви угодува само затоа што сте пријателки.rnrn2. Без никаков проблем разговарате за гадни работи. Можеби за некого „олеснувањето“ во тоалет е чувствителна тема на разговор, но не и за вас две. Веднаш можете да се впуштите во дискусија и детална анализа на сите ваши случувања во дигестивниот систем. Истото важи и за сите останати гадни теми.rnrn3. Луѓето ве прашуваат дали сте сестри. Вистина е дека луѓето кои поминуваат многу време заедно почнуваат да личат едни на други. Можеби воопшто не си личите, но сепак луѓето претпоставуваат дека сте сестри, бидејќи веднаш им станува јасно колку сте блиски.rnrn4. Им се „заканува“ на момците со кои се гледате. Вистинската пријателка ќе ја преземе улогата на родител и ќе се погрижи дека момчето со кое излегувате нема да ве повреди. Таа мислејќи го тоа сериозно, но низ шега ќе му каже дека ако ве повреди ќе си има работа со неа.rnrn5. Не се осудувате меѓусебно. Таа нема да ве осудува доколку гледате некое глупаво реално шоу, туку внимателно ќе ве слуша додека ги раскажувате сите непотребни детали од животот на славните.rnrn6. Ве видела во вашето најлошо издание. Пред неа не морате да ги криете солзите. Имате толку голема доверба во беа, што не ви е срам да заплачете како бебе и да си ја олесните душата.rnrn12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателкаrnrn7. Го познавате нејзиниот вкус и стил. Секогаш кога сами одите во шопинг, здогледувате нешто што знаете дека би ѝ се допаднало и веднаш се јавувате за да ја прашате дали сака да го купите тоа за неа.rnrn8. Понекогаш повеќе сакате да останете дома заедно во сабота вечер, отколку да излезете. Вашата заедничка забава не подразбира само излегување по ноќни клубови и флертување со момци. Убаво си поминувате дури и кога ќе останете дома да гледате филмови и да јадете пуканки.rnrn9. Си ги кажувате тајните на вашите партнери. Си ги кажувате дури и најинтимните работи како што се проблемите во креветот. Вистинската пријателка нема да ве исмева поради тоа, туку ќе ве увери дека нештата ќе се подобрат и ќе ви даде совет.rnrn10. Иако сте биле подолго време разделени, кога ќе се видите продолжувате од таму каде што сте застанале, како да сте се виделе вчера. Не сте се виделе подолго време, но кога повторно ќе се сретнете сѐ е по старо, како воопшто да не поминало толку време. Далечината не може да ги олади вашите односи.rnrn11. Ги обожавате истите серии. Веќе долго време сте пријателки, па така сте развиле сличен, но не и ист вкус. Понекогаш разговарате за Кери Бредшо и Саманта Џонс од „Сексот и градот“ како да се дел од вашето друштво. Дури и си доделувате улоги според вашите омилени ликови.rnrn12. Истовремено кажувате иста работа. Луѓето кои поминуваат многу време заедно, почнуваат да зборуваат на сличен начин и да користат слични изрази. Понекогаш ви се чини дека можете да си ги читате мислите, бидејќи истовремено изговарате исти работи.

  • Кога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?

    Кога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?

    Многу паметни и независни девојки кои бараат љубов се соочуваат со следнава дилема: Од една страна имаат силна желба да му се допаднат некому и конечно да го најдат вистинскиот партнер, но од друга страна не сакаат да толерираат секакво однесување само колку да не бидат сами. Поради тоа, многу често тие не знаат како да реагираат кога мажот со кој се гледаат ќе направи нешто што ќе ги извади од кожа. Не знаат дали нивните очекувања се реалистични и што треба да прогледаат низ прсти. Девојките се подготвени да преминат преку секакви лудости и видови непочитување за да се допаднат некому, но истовремено премногу брзо донесуваат заклучоци и бегаат веднаш штом се појави некој знак на предупредување.rnrnКога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?rnrnЗамислете си ја следнава ситуација: Сте почнале да се гледате со некого и тој ви се јавува само после 10 часот навечер. Вие сметате дека тоа е некултурно, бидејќи треба да станете рано наутро и го нарушува квалитетот на вашиот сон. Меѓутоа, не знаете како да постапите бидејќи не сакате веднаш да го избркате. Во ваков случај, поставете си го следново прашање: Како би постапиле кога вашата пријателка би ви се јавувала во незгодно време? Сигурно веднаш би разговарале со неа и би ѝ дале до знаење дека тоа ви пречи.rnrnСитуацијата е многу јасна кога се работи за пријателка, нели? Па, зошто не би реагирале на ист начин кога станува збор за мажот со кого се гледате? Не би требало да се плашите дека ќе звучите неразумно, бидејќи вашето барање е сосема на место. Неговото однесување влијае негативно на вашиот начин на живот. Нормално дека би требало да кажете нешто.rnrnКога почнуваме да излегуваме со нова личност имаме навика да се фокусираме на нејзините потреби и желби, наместо на нашите. Дали сме оставиле добар впечаток? Дали го кажавме она што треба? Каква ќе биде неговата реакција?rnrnВо животот секогаш треба да поставувате граници. Треба да очекувате од другите луѓе да ги почитуваат тие граници без оглед на вашиот однос. Не постои причина зошто би требало да направите исклучок само затоа што тој е машко и се плашите дека ќе го избркате.rnrnКога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?rnrnПа, како би требало да постапите? Ако го послушате оној внатрешен глас кој ви вели дека треба да си најдете партнер, веројатно ќе го прифатите таквото однесување. Но, ако го послушате другиот внатрешен глас кој ви вели да не се однесувате очајно, веројатноста е дека ќе го откачите потенцијалниот партнер.rnrnСепак, постои и трета опција. Треба да најдете златна средина и да го направите она што би го направиле кога би се работело за ваша пријателка: Да му кажете дека неговото однесување ви пречи. Можете да го формулирате тоа на следниов начин: „Навистина би сакала подобро да се запознаеме, но секој ден морам да станувам многу рано, така што не можам да разговарам на телефон после 21 часот. Ако сакаш да разговараме, те молам побарај ме порано. Се надевам дека ме разбираш и дека ова ќе ти одговара и на тебе“. Звучи директно, но учтиво и разумно, нели?rnrnБез разлика дали признаваме или не, сите сакаме да се допаднеме некому. Но, мора да ви биде јасно дека треба да сакате да им се допаднете на вистинските момци за вас, а не на кого било. Однесувајте се со потенцијалните партнери на ист начин како што би се однесувале со вашите пријателки. Тој не би требало да помине полесно само затоа што е згоден и навистина сакате да започнете врска со него. Тоа не значи дека треба да критикувате или да поставувате премногу барања. Едноставно кажете го вашиот проблем и дозволете му да одлучи како ќе постапи.

  • 4 знаци дека пријателката на вашиот партнер ви претставува закана

    4 знаци дека пријателката на вашиот партнер ви претставува закана

    Во денешно време мислењето околу тоа дали е возможно да постои машко-женско пријателство е многу поделено. Вие иако имате неколку машки пријатели и немате проблем со тоа вашиот партнер да има пријателки, сепак една од тие пријателки ви создава неверојатна нервоза и загриженост. Вашиот сакан има одличен однос со неговата пријателка и природно е да бидете загрижени дека тој однос би можел да прерасне во нешто повеќе. Доколку ве мачат овие мисли, погледнете ги следниве неколку знаци кои ќе ви покажат дали тој ја гледа таа девојка само како пријателка или како потенцијална партнерка…rnrn4 знаци дека пријателката на вашиот партнер ви претставува заканаrn

    1. Не сака да зборува за тоа како го поминува времето со неа

    rnГи крие деталите околу тоа каде одат заедно, но признава дека многу често се дружат и помеѓу 4 ѕида, а не само на јавни места. Воопшто не ги поддржува вашите заеднички дружби. Оваа мистериозност е јасен показател дека тој нешто крие од вас.rn

    2. Секогаш е на нејзина страна

    rnНе ги одобрувате постапките на неговата пријателка, но тој упорно ја брани дури и кога знае дека таа не е во право. Ако по секоја цена застанува на нејзина страна, тоа значи дека има силни чувства кон неа кои никако не смеете да ги игнорирате.rnrn4 знаци дека пријателката на вашиот партнер ви претставува заканаrn

    3. Не ви се доверува вам, туку нејзе

    rnДоколку партнерот ви признае дека за многу работи полесно му е да зборува со неговата пријателка отколку со вас, тогаш дефинитивно треба да ја преиспитате природата на нивниот однос. Основата на секоја љубовна врска е искреноста и довербата. Би требало за сѐ да разговарате отворено, а фактот што нејзе повеќе ѝ се доверува отколку вам, би требало да ве загрижи бидејќи тоа значи дека нему му е попријатно со неа.rn

    4. Ве споредува со неа

    rnРечениците како „Таа не би постапила така…“ или „Зошто не го направиш ова како неа?“ би можеле да предизвикаат немир во вашата врска. Тој никогаш не би требало да ве споредува со други жени, особено не со оние кои му се блиски.rnrnДоколку сметате дека пријателството на вашиот партнер ја загрозува врската, отворено кажете му го тоа. Неговата реакција ќе ви покаже дали тоа пријателство навистина претставува проблем. Ако тој заземе одбранбен став и покаже нервоза, тоа може да е знак дека нивното пријателство веќе прераснало во нешто повеќе. Партнерот би требало да покаже разбирање за вашиот сомнеж и желба да го решите проблемот, а не лутина.