КАФЕ ПАУЗА

Tag: придобивки

  • Полчасовната дремка во текот на денот нуди бројни придобивки!

    Полчасовната дремка во текот на денот нуди бројни придобивки!

    Брзиот живот остава многу малку време за попладневен одмор. Сепак, одвојувањето половина час време за дремка не само што е пожелно, туку е и многу корисно според експертите.rnrnПолчасовната дремка во текот на денот нуди бројни придобивки!rnrnНово истражување покажало дека 30 минутната дремка може да ги подобри расположението, меморијата и концентрацијата до четири часа откако ќе се разбудите. Со други зборови, можете само да си натетите доколку намерно ги пропуштате можностите за дремнување со оглед на тоа дека нуди бројни придобивки.rnrnСпоред студијата спроведена од страна на Националниот универзитет во Сингапур, дури и кратките дремки можат да ја намалат поспаноста и да го подобрат расположението.rnrnНо, само половина час има моќ да ја подобри меморијата, а со тоа и процесот на примање нови информации и нивна обработка.rnИстражувањето било спроведено врз 32 лица кои морале да дремнуваат секој втор ден по 10, 30 и 60 минути.rnrnРасположението, субјективната поспаност и когнитивното влијание биле мерени во интервали од 5, 30, 60 и 240 минути по будењето за да се споредат долгорочните придобивки од различното времетраење на дремката.rnrnСпоред д-р Рут Лонг, научен соработник на Медицинскиот факултет Јонг Лу Лин, иако многумина ги знаат придобивките од дремнувањето, сепак секојдневниот стрес и притисокот за навремено да се завршат работните обврски значи откажување од дремката во текот на работниот ден. Сепак, дремката од 30 минути покажала најдобар резултат во однос на брзото обновување на енергијата.rnrnОткако прочитавте за придобивките од полчасовната дремка во текот на денот, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин попладневната дремка го елиминира стресот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Зошто ни се корисни моментите на тишина и осаменост?

    Зошто ни се корисни моментите на тишина и осаменост?

    Постојаната интеракција со другите може да биде навистина исцрпувачка бидејќи треба да инвестираме многу енергија да ги израдуваме другите, да им угодиме, да ги насмееме, да исполниме сè што се очекува од нас! Иако тоа се секојдневни интеракции со нашите родители, пријателите, партнерот или соседите, тие често нè исцрпуваат.rnrnЗошто ни се корисни моментите на тишина и осаменост?rnrnОд друга страна, моментите на тишина и осаменост можат да ни ги наполнат батериите и да го подобрат нашето ментално здравје!rn

    1. Осаменоста го поттикнува процесот на самонабљудување и самоанализирање

    rnПоради постојаниот наплив на туѓи емоции, кои свесно или несвесно ги преземаме, можеме да ја изгубиме врската со сопствените емоции, желби и потреби. Според научниците, кога ќе престанеме да се фокусираме на луѓето и работите околу нас, подготвени сме повеќе да им се посветиме на нашиот ум и на нашите мисли.rn

    2. Осаменоста може да ја поттикне креативноста

    rnВо моментот кога ќе почнеме да уживаме во нашето друштво, имаме нова перспектива на нашите емоции, а резултатот е подлабоко разбирање на самите себе, како и она што нè прави среќни или тажни и полесно управување со сопствените емоции.rn

    3. Не мора да правите компромис

    rnКолку пати сте направиле компромис да уживате во друштвото на другите? На пример, сакавте да одите во кино, но гледавте филм кој не сакавте да го гледате бидејќи на крајот, мнозинството го имаше одлучувачкиот збор. Често го оставаме настрана она во кое најмногу уживаме заради другите, но кога сме сами, можеме да уживаме во она што нè исполнува и нè прави среќни.rnrnОткако прочитавте зошто е корисно понекогаш да се препуштите на осаменоста, можеби ќе сакате да прочитате и што е потребно за среќен и долг живот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Овој вид млеко може значително да го намали ризикот од покачен холестерол!

    Овој вид млеко може значително да го намали ризикот од покачен холестерол!

    Верувале или не, медицинската употреба на магарешкото млеко е забележана уште од античко време во некои делови на Индија и Африка, а се користело и во Стара Грција. По својата структура најмногу наликува на човечкото, односно мајчиното млеко, па затоа се користело во првите денови од животот на доенчињата, но и во подоцнежниот период како замена за мајчиното млеко.rnrnОвој вид млеко може значително да го намали ризикот од холестерол!rnrnИнаку, ова млеко може да се користи свежо и важно е да се знае дека не треба да се обработува термички, односно да се готви на температури повисоки од 40 степени.rnrnНаправени се и многу истражувања кои тврдат за благотворното дејство на магарешкото млеко врз кожата.rnrnОва млеко е погодно и се препорачува за сите групи на потрошувачи бидејќи содржи многу мал дел од млечни масти (0,3-0,8 проценти). Заситените масни киселини се присутни со околу 67,5 проценти, а незаситените со 32,5 проценти. Овој распоред на масни киселини има одличен ефект врз нашиот имунолошки, кардиоваскуларен и нервен систем.rnrnМагарешкото млеко содржи повеќе железо од мајчиното млеко, како и фосфор и калциум. Помага при бронхитис и го штити дигестивниот тракт од инфекции како и ги штити цревата од воспалителни болести. Освен тоа, поради ниската содржина на маснотии, магарешкото млеко дава добри резултати во превенцијата и контролата на зголемувањето на холестеролот и лекувањето на артериосклероза.rnrnИстражувањата потврдиле дека децата кои се алергични на протеини од кравјо млеко можат да консумираат магарешко млеко. Се разбира, никогаш не експериментирајте без стручни совети и претходна проверка. Освен тоа, истражувањата покажале дека консумирањето на магарешко млеко благотворно делува не само на децата туку и на сите преостанати, од тинејџери до стари лица.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од магарешкото млеко, можеби ќе сакате да прочитате и за мрачната тајна за бадемовото млеко – добро размислете пред да го пиете.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Зошто е здраво да пешачите 5 минути на секој половина час седење?

    Зошто е здраво да пешачите 5 минути на секој половина час седење?

    Според најновата студија од Универзитетот Колумбија во Њујорк, само 5 минути пешачење на секој половина час може да ублажи дел од штетните ефекти од долгото седење.rnrnЗошто е здраво да пешачите 5 минути на секој половина час седење?rnrnИмено, постојат многу истражувања според кои неколку часовното седење како она во канцелариски услови, претставува опасност по здравјето, дури и за оние кои редовно вежбаат.rnrnИстражувачите откриле дека 5 минути пешачење на секои 30 минути може значително да ги намали и шеќерот и крвниот притисок. Освен тоа, ова не само што може да го намали заморот туку може и да го подобри расположението.rnrnСпоред оваа студија, дури и малите подобрувања во физичката активност може да имаат влијание врз шеќерот во крвта и крвниот притисок. Станува збор за 40 минути физичка активност во текот на осумчасовниот работен ден, сосема доволно за да започнете со поздрав начин на живот.rnrnОпштопознато е дека стоењето и одењето го зголемуваат протокот на крв, особено во нозете. Исто така, помагаат во метаболизмот на шеќерот и мастите.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и дали пешачењето може да го замени вежбањето.rnrnИзвор: healthline.com

  • Кои се најчестите примени на маслото од чајно дрво?

    Кои се најчестите примени на маслото од чајно дрво?

    Станува збор за есенцијално масло кое се добива од Манука, вид грмушка која расте во Австралија и Нов Зеланд. Имено, билката се нарекува „чајно дрво“ бидејќи Капетан Кук варел чај од нејзините листови. Покрај тоа што се користи во многу производи за нега на косата и кожата, маслото од чајно дрво има и други примени. Во продолжение прочитајте за дел од нив.rnrnКои се најчестите примени на маслото од чајно дрво?rn

    1. Лек против акни

    rnПознато по своите антибактериски својства, маслото од чајно дрво ги отстранува маснотиите од лицето и ги суши акните. За многумина, маслото претставува природна алтернатива на бензоил пероксид, антимикробен агенс и една и од најефикасните состојки за третман на акни.rn

    2. Лек за кршливи и слаби нокти

    rnЕдна од помалку познатите придобивки на ова есенцијално масло е тоа што помага да се спречи оштетувањето и кршењето на ноктите, а резултатот ќе биде долги и цврсти нокти. Доволно е ноктите да бидат околу 5 минути во вода во која претходно сте додале неколку капки од маслото.rn

    3. Третман на габи на ноктите

    rnПостојат повеќе причини за појава на габи на ноктите како нарушен имунолошки систем, неудобни чевли, па дури и како последица на некои болести како на пример дијабетес. Иако третманот може да потрае долго време, сепак не очајувајте бидејќи редовното нанесување на етерично масло од чајно дрво успешно ја лекува инфекцијата.rn

    4. Средство за чистење

    rnБлагодарение на неговите антибактериски својства, есенцијалното масло од чајно дрво е одличен избор кога на пример сакате темелно да ја исчистите вашата четка за заби. Доволно е еднаш неделно да додадете една капка масло на вашата четка за да се ослободите од бактериите. Сепак, не заборавајте добро да ја исплакнете четката бидејќи маслото е токсично ако се голтне.rn

    5. Природен третман за скалпот

    rnДодајте неколку капки масло во вашиот шампон за ефективен третман на скалпот. Маслото не само што ќе ви помогне да се ослободите од маснотиите кои се таложат околу скалпот, туку е и успешен природен лек во борбата против првутот.rn

    6. Средство против мувла

    rnНе можете да се ослободите од мувлата во вашата бања? Доволно е да направите раствор од две чаши вода со две лажички масло и да го нанесете на површината. Резултатите ќе бидат видливи уште при првата примена! Освен тоа, можете да го користите и како средство за чистење на плочките и прозорците.rnrnОткако прочитавте за многубројните намени на маслото од чајно дрво, можеби ќе сакате да прочитате и за здравствените придобивки од етеричното масло од лаванда.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?

    Што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?

    Можеби мислите дека вежбањето пред спиење го уништува вашиот сон, но науката докажува дека тие вежби се подеднакво здрави и ефикасни како и утринските. Обидете се да вежбате пред спиење и ќе забележите дека нема да се вртите додека спиете. Многу луѓе немаат време да вежбаат наутро, па прочитајте кои се придобивките од вежбањето навечер.rn

    Можете да правите потешки вежби

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?rnrnАко некогаш сте почувствувале ненадеен излив на енергија доцна попладне, има причина за тоа. Температурата на вашето тело се зголемува помеѓу 14 и 18 часот и поради тоа можете да вложите повеќе напор во тренинзите.rnrnДополнително, ако трчате, размислете да излезете да трчате навечер. Едно истражување покажа дека трчањето во темница ве тера да трчате побрзо затоа што ништо не ви го одвлекува вниманието.rn

    Ќе спиете подобро

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?rnrnСпротивно на популарното верување, вежбањето пред спиење всушност го подобрува квалитетот на вашиот сон бидејќи е полесно е да влезете во длабок сон. Покрај тоа, нема докази дека вежбањето негативно влијае на квалитетот на спиењето. Сепак, подобро е да не правите HIIT тренинзи, бидејќи тие може да влијаат на вашето спиење.rn

    Вашите мускули може да се формираат побрзо

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?rnrnОдносот на тестостерон и кортизол навечер има најдобро влијание на растот на мускулите. Иако е повисок наутро, ефектот на градење мускули функционира во целост кога заоѓа сонцето. Подобро е да се фокусирате на трчање на долги патеки или на подолги, но полесни вежби за да го искористите максимумот.rn

    Може да се ослободите од акумулираниот стрес

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?rnrnПонекогаш е тешко да заспиете поради сите емоции и мисли што ги имате. Во овој случај, истегнувањето пред спиење или јогата се најдобри опции. Вежбањето јога пред спиење ги намалува стресот и вознемиреноста, го забавува умот и ви помага да дишете подлабоко. Така внесувате повеќе кислород во вашето тело, а тоа прави да се чувствувате порелаксирано.rnrnПогледнете ги овие вежби со стол што треба да ги пробате ако сте почетници.

  • 5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот

    5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот

    Кафето и чајот се двата најмногу консумирани пијалаци ширум светот. Сепак, наутро луѓето обично избираат шолја кафе. Иако ова може да означува одредени преференции, изборот на кафе како пијалак за почеток на денот не е толку случаен колку што мислите. Во продолжение ќе откриете зошто кафето може да биде подобра алтернатива наутро и кои се неговите придобивки.rn

    1. Кафето ќе ви помогне да вежбате подобро

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnАко сакате да вежбате наутро, кафето може да биде вистинскиот избор за вас. Имајќи го предвид фактот дека кафето содржи поголема количина кофеин од чајот, кафето може да ги подобри вашите физички перформанси и да го намали заморот од вежбање.rn

    2. Кафето ќе ви помогне во концентрацијата

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnДали треба да се концентрирате додека учите или учествувате во активност што бара фокус? Во овие случај, кафето е најдобар избор. Бидејќи кафето има поголема количина кофеин, тоа ќе ви помогне да останете будни и да изведувате активности во текот на ноќните часови.rn

    3. Кафето ќе ви даде моментален поттик

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnЧајот е пијалак што содржи кофеин и Л-теанин. Теанинот ќе ви помогне да се опуштите, бидејќи кофеинот влијае на рецепторите на аденозин во мозокот и го намалува тоа чувство на замор. Имајќи предвид дека повисоката концентрација на кофеин во крвта може да се појави по само 15 минути откако ќе го испиете, станува јасно зошто кафето е единствениот пијалак што дава моментална енергија.rn

    4. Кафето може да ви помогне при слабеење

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnПостојат истражувања кои сугерираат дека потрошувачката на кафе е поврзана со ниското ниво на мрснотии, особено кај мажите. Истражувањата извршени врз животни го покажаа истиот резултат. Друго интересно истражување покажа дека хлорогената киселина е супстанција што придонесува за намалување на телесната тежина, со што се потврдува дека кафето е подобар избор за оние што сакаат да ослабат.rn

    5. Кафето може да ја намали можноста за развој на дијабетес

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnИстражувањето покажа дека кофеинот ја намалува можноста за добивање дијабетес. Само 3 шолји кафе на ден доведуваат до намалување на ризикот од заболување за 42%. Во друго истражување, кафето со кофеин покажа влијание врз намалените шанси за развој на дијабетес тип 2.rn

    Дали сте збунети?

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnАко сте љубител на чај, можеби размислувате да додадете кафе во вашата дневна рутина. Ако сте загрижени, нема потреба да бидете. И чајот има многубројни придобивки!rnrnСепак, секогаш е добро да побарате мислење од експерт, а во овој случај, нутриционист или лекар може да ви дадат корисни совети во врска со овие пијалаци.rnrnПрочитајте зошто е важно попладневното кафе.

  • Чајот од ова растение го регулира нивото на шеќер во крвта, го зајакнува имунитетот и содржи многу витамини и минерали

    Чајот од ова растение го регулира нивото на шеќер во крвта, го зајакнува имунитетот и содржи многу витамини и минерали

    Копривата е богата со витамини, минерали и лековити супстанции. Ова растение е богато со калциум, фосфор, железо и силиконска киселина. Исто така, содржи витамини К и Б2 и се смета за природен мултивитамин кој влијае на целото тело и го зајакнува имунитетот.rnrnЧајот од ова растение го регулира нивото на шеќер во крвта, го зајакнува имунитетот и содржи многу витамини и минералиrnrnЛистот од коприва може да ги ублажи ревматските проблеми и значително да ја намали болката при движење.rnrnСе користи како диуретик бидејќи може да го зголеми отстранувањето на натриум и мочна киселина.rnrnИсто така, лабораториските тестови спроведени во Германија во 1999 година покажаа дека лисјата од коприва имаат силно антиинфламаторно дејство. Копривата помага при дијареја и хемороиди. Чајот се користи за плакнење на уринарниот тракт, но и превентивно против формирање камења во бубрезите.rnrnОсвен тоа, откриено е дека чајот од коприва може да го намали нивото на шеќер во крвта, па затоа често им се препорачува на дијабетичарите. Исто така, го снабдува организмот со железо, така што има корисен ефект врз луѓето кои страдаат од анемија.rnrnПри надворешна употреба, копривата се користи за лекување акни, егзема, мрсна кожа и првут.rn

    Берење коприви

    rnЗа јадење се користат варени лисја и врвови на младите растенија, кои се собираат од крајот на февруари до мај, а понекогаш може да се најдат повторно во есенските месеци. Нежните врвови на растението со четири до шест лисја треба да се скинат со ракавици, каде што стеблото е сè уште меко. Коренот се бере наесен и напролет, а потоа се користи свеж или сушен.rnrnЗа да подготвите чај од коприва, потребни ви се следниве состојки:rn

      rn 011

    • 2 лажички лисја од коприва
    • rn 011

    • 250 мл вода
    • rn

    rnПрелијте ги сувите или свежите лисја од коприва со топла вода, покријте го чајот, оставете го да стои десет минути и потоа исцедете го.rnrnПијте по една чаша секој ден за ревматски болки, замор, анемија и губење на апетитот.rnrnПрочитајте кои се несаканите ефекти од чајот од камилица.

  • 7 употреби на млекото надвор од кујната

    7 употреби на млекото надвор од кујната

    Алтернативната употреба на млекото може да биде токму она што ви треба за вашето тело или за вашата коса, па дури и да ви помогне во секојдневните обврски. Во продолжение прочитајте за што може да го употребите млекото.rn

    1. Користете млеко ако ве печат очите

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnЧистењето и плакнењето на очите со млеко може да ви изгледа невозможно, но може да го смири иритираното око. Очите може да почнат да ви лутат од чили пиперки и тие предизвикаат чувство на печење, но обидот да ги измиете очите со вода може уште повеќе да ја влоши ситуацијата.rnrnНаместо тоа, користете млеко. Прво, измијте го лицето со млеко, со затворени очи. Следно, можете да ги исплакнете очите со млеко.rn

    2. Користете млеко како ѓубриво

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnМлекото се користело како ѓубриво затоа што помага при раст на растенијата, го спречува недостатокот на калциум и се бори против мувлата. Исто така, може да го спречи растението да се разболи.rnrnИстурете млеко околу растението за да можат корените полека да го апсорбираат или ставете шише со млеко наопаку во почвата. Сепак, запомнете дека не треба да го мешате млекото со други ѓубрива. Ако хемикалиите се мешаат со млекото, тие всушност може да се спротивстават на придобивките од млекото.rn

    3. Можете да ја исправите косата со млеко

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnНанесувањето млеко на вашата коса не само што ќе ѝ помогне да расте и ќе ја направи сјајна и поцврста, туку ќе помогне и во исправувањето. Потребни ви се чешел, шише со прскалка и 80 милилитри млеко.rnrnОткако ќе го наполните шишето, започнете со прскање, триење и чешлање на косата. Оставете го млекото да се впие во косата, а потоа исплакнете го за да нема лош мирис подоцна. Ова може да помогне кај брановидна коса, но нема да ви помогне да ја исправите кадравата коса.rn

    4. Можете да направите боја со млеко

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnМлекото е главната состојка во правењето боја затоа што функционира како врзивно средство за пигменти. Всушност, млечната боја се користела во антички Египет. Другите состојки што ви се потребни за да направите ваков вид боја се лимон, сито, газа и акрилна боја или сув пигмент.rnrnНо, треба да ја нанесете бојата брзо за да не се расипе. Киселиот мирис на ѕидовите ќе исчезне откако ќе се исуши.rn

    5. Користете млеко за да ја отстраните шминката

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnМлекото не е добро само за вашата коса, туку и за вашата кожа. Наместо да користите хемиски производи за отстранување шминка, користете млеко. Нанесете малку млеко на лицето и потоа избришете го со памукче. Дополнителната придобивка е тоа што протеините и мастите во млекото можат да ѝ помогнат на вашата кожа да остане хидрирана помагајќи ѝ да ја задржи влажноста.rn

    6. Можете да користите млеко за да го намалите воспалението од убод од инсекти

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnПротеинот во млекото ќе ѝ помогне на кожата да се смири по убодот од комарец. Но, не користете само млеко. Измешајте го со вода, натопете марамче и нанесете го на воспалената кожа. Истата мешавина може да се користи и за изгореници од сонце.rn

    7. Користете млеко за чистење

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnБез разлика дали треба да ја исчистите вашата кожена чанта, кожениот кауч или кожените чевли, млекото може да ви помогне при отстранувањето дамки и гребнатинки. Освен што е евтин раствор, млекото не ги отстранува природните масла од материјалот. Меѓутоа, откако ќе го избришете извалканато место, исчистите ја таа област со друга крпа за да го отстраните вишокот млеко и да го избегнете мирисот на расипано млеко.rnrnПрочитајте сè што можеби не сте знаеле за млекото од авокадо.

  • Зошто е важно попладневното кафе?

    Зошто е важно попладневното кафе?

    Кафето е пијалак околу кој луѓето имаат изградено цели ритуали. Тоа ви помага да се разбудите, да соберете енергија, но и да ги одржувате пријателствата.rnrnЗошто е важно попладневното кафе?rnrnУтринското кафе се пие набрзо по будењето бидејќи ви помага да се расоните и да ги расчистите мислите. Истото важи и за попладневното кафе – потребно ви е за да го надминете заморот и да добиете малку дополнителна енергија. Но, што е тоа што го прави кафето омилен пијалак ширум светот? Уживањето и дружењето.rnrnОд многуте различни хемиски соединенија што се наоѓаат во кафето, едно од најпознатите и најважните е кофеинот. Серија истражувања во Америка покажаа дека кофеинот од кафето обезбедува многубројни здравствени придобивки. Кофеинот ви дава енергија и ја отстранува поспаноста. Молекулите на кофеинот го зголемуваат срцевиот ритам и го стимулираат протокот на кислород и хранливи материи до мозокот. Познато е дека кофеинот ја подобрува концентрацијата и затоа чаша црн пијалок е она што ви е потребно кога имате проблем со фокусирањето. Сите овие ефекти ви даваат енергија и ви помагаат полесно да го поминете остатокот од денот.rnrnСепак, она што луѓето најмногу го сакаат кај добрата шолја кафе е уживањето во мирисот, вкусот, како и дружењето со луѓето. Ниту едно дружење нема да биде комплетно, освен ако не го зачините со шолја вкусно кафе. А, нема подобар начин да се собере енергија, отколку пријатно попладне поминато со позитивни луѓе.rn

    Зошто попладневното кафе е одлична идеја?

    rnПо ручекот, во попладневните часови, нивото на енергија природно опаѓа. Тогаш нивото на кортизол е ниско, па се чувствувате уморни. Потребно ви е нешто што ќе ве придвижи и ќе ви даде дополнителна енергија за сите оние приватни активности што ве очекуваат во текот на секое попладне.rnrnКофеинот останува во крвта околу пет часа, но бидејќи секој организам е различен, тоа време може да биде малку подолго или пократко. Но, кај некои луѓе, кафето во доцните вечерни часови може да го отежни заспивањето и да го наруши сонот, па времето по ручекот е многу подобра опција. Навечер, изберете да уживате во шолја домашно кафе без кофеин.rnrnУживањето во омилениот пијалак, неговата специфична арома и неговиот вкус се дневен ритуал без кој многумина не можат да го замислат денот. Кафето е идеално ако ви треба момент на осаменост и релаксација, но уште подобро е ако го пиете опкружени со оние што ве сакаат. Самиот мирис на свежо сварено кафе се поврзува со мир и сигурност, во моменти кога можете да се опуштите и едноставно да уживате, без никаков товар.rnrnПокрај подобрувањето на расположението, кафето ви помага да го поминете остатокот од денот со повеќе енергија, одморени и свежи.rnrnПрочитајте што се случува во организмот по 10, 20, 30 и 360 минути откако ќе се напиете кафе.