КАФЕ ПАУЗА

Tag: презентација

  • 5 начини како да го надминете стравот од јавен настап

    5 начини како да го надминете стравот од јавен настап

    Наближува моментот кога ќе треба да го одржите вашиот говор или да го презентирате вашиот проект. Дланките ви се потат, главата ви е на сите можни страни, чувствувате толкава несигурност што стравувате дека ќе го заборавите она што треба да го кажете. Ви звучи познато?rnrn5 начини како да го надминете стравот од јавен настапrnrnКако прво, не грижете се, не сте единствени. Речиси секој се соочува со помал или поголем страв пред некаков настап. Дури и светски познатите политичари може да почувствуваат трема пред некој говор, а на вашите идоли од музичкиот свет, неретко ќе им се затресат колената пред настап. Позитивната страна на ваквиот страв е тоа што нè тера да се подготвиме многу добро и да вложиме повеќе труд. Негативната е тоа што поради тремата може да го заборавите текстот, да се збуните и да изгледате неподготвени иако поседувате големи способности.rnrnОва се 5 начини кои ќе ви помогнат да го надминете ваквиот страв.rn

    1. Подгответе се добро

    rnБез разлика дали станува збор за устен испит или презентација пред важни клиенти, клучно е да бидете добро подготвени. Кога сте вложиле труд во вашиот говор ќе имате повеќе самодоверба бидејќи многу добро знаете за што зборувате. Актерите го учат сценариото напамет, политичарите добро се подготвуваат пред секој јавен говор. Никој нема вродена способност магично да се тренира пред јавните настапи.rnrnНајважно е вашиот говор или проект да го сработите добро, уредно да го организирате со вовед, главен дел и заклучок, а секој параграф да се состои од по неколку важни точки кои ќе ве водат. Ваквата организација пожелно е да ја запишете на ливче. Може и воопшто да не погледнете во белешките, но со самото тоа што ги имате пред себе ќе бидете посигурни во себе. Дури и да се збуните, без паника, погледнете која точка е следна и продолжете понатаму. Нема зошто да се плашите, вие знаете што зборувате. Вие сте се подготвиле за ова.rn

    2. Вежбајте

    rnВежбајте го вашиот говор пред огледало. Обрнете внимание на вашите гестови и на начинот на кој се движите. Пожелно е да вежбате и пред вашето семејство или пријателите за пообјективно да ве насочат кон она што ви е послаба страна.rnrn5 начини како да го надминете стравот од јавен настапrn

    3. Визуелизирајте

    rnОдвојте 10-15 минути и сместете се на удобно место каде никој нема да ве вознемирува. Затворете ги очите и дишете длабоко. Замислете го вашиот настап, сцената, публиката. Фокусирајте се на позитивниот исход. Како ќе се чувствувате кога ќе завршите со говорот?rnrnПовторувајте си себеси дека сте успешни личности и потсетете се дека сте надминале и многу поголеми стравови и предизвици во животот. Можеби звучи како самите да си го перете мозокот, но всушност не се лажете само треба да се потсетите на она што е вистина. Би се изненадиле колкав е бројот на луѓето кои го применуваат овој метод.rn

    4. Соочете се со вашите стравови и бидете самоуверени

    rnОбично нашите стравови од јавен настап се сведуваат на две нешта: страв од реакцијата на публиката и страв да не се посрамотиме.rnrnСите ние сме луѓе, нормално е да чувствуваме некоја несигурност, но храбро исправете се пред таквото чувство. Што е најлошото што може да ви се случи? Ако го заборавите текстот ги имате своите белешки, поврзете ги нештата, важно е да не престанете со зборување. Ако се доведете во непријатна ситуација, земете воздух, напијте се вода, направете некоја мала шега или интеракција со публиката. Не е воопшто страшно, им се случило на многумина. Работите се онолку сериозни и опасни колку што ние самите ќе дозволиме да бидат.rnrn5 начини како да го надминете стравот од јавен настапrn

    5. Последни подготовки

    rnНа ваквите настани секогаш со себе понесете шише вода. Стравот и тремата ќе предизвикаат вашата уста да се суши. Земете и чоколада или енергетски бар. Шеќерот ќе ве подигне и ќе ви даде енергија. Облечете се лесно и одберете облека која нема да открива доколку почнете да се потите. Важно е да бидете сигурни во себе и во тоа како изгледате. Доколку во текот на вашата презентација постојано мислите како изгледа вашата облека, се фокусирате на сосема погрешна работа и ќе си го одвлечете вниманието од она што навистина е важно.rnrnНе е возможно да воспоставите целосна контрола врз вашите мисли и емоции, но со сигурност може да најдете начини да си помогнете себеси.rn
    rn

    „Чекорете низ стравот со верба. Никогаш не дозволувајте стравот од неуспех да стане причина за неуспех.“ – Том Ландри, фудбалер и тренер

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични софтвери за бизнис-презентации како алтернативи на PowerPoint

    Одлични софтвери за бизнис-презентации како алтернативи на PowerPoint

    Кога ќе помислите на презентациите во PowerPoint сигурно првото нешто што ви паѓа на памет се бескрајните серии на слајдови и огромната потреба да задремете. И покрај тоа што Microsoft PowerPoint според повеќето корисници е можеби најдобрата програма за стандардни презентации, сепак тој понекогаш знае да биде многу монотон. Па, доколку сакате да внесете свежина во вашата работа, погледнете ги наредниве неколку софтвери за бизнис презентации.Одлични софтвери за бизнис-презентации како алтернативи на PowerPointrnrn

    1. Prezi

    rnPrezi е нешто сосема спротивно од PowerPoint. Наместо стандардните слајд-по-слајд презентации, станува збор за повизуелна и поинтерактивна умствена мапа, каде што сте во директна интеракција со различните елементи на виртуелното платно. Претворете ги вашите едноставни презентации во динамично искуство кое вашите колеги никогаш нема да го заборават.rnrnPrezi е онлајн-алатка и токму поради тоа е достапна секаде каде што има интернет конекција, но можете да работите и офлајн. Има различни нивоа на приватност во однос на тоа кој може да ја види вашата анимирана презентација. Бидејќи Prezi не е линеарен, при обработката на презентацијата можете многу лесно да прескокнувате од еден на друг дел. Откако ќе завршите, вашата работа можете да ја објавите на prezi.com или пак да ја вградите на вашиот веб-сајт.rn

    rn

    2. GoAnimate

    rnВо многу случаи, информативната и анимирана видео презентација е најдобриот начин за пренесување на вашата порака. И покрај тоа што овој софтвер не е ограничен само за бизнис-презентации, тој сепак има алатки со кои ви овозможува да создадете анимација која ќе се издвојува од останатите.rnrnGoAnimate е одлична платформа за презентација на вашите идеи со огромен избор на готови теми, додатоци и карактери кои се совршени за професионални бизнис-презентации. Наместо да редите фотографии во слајдови, можете да направите професионално видео за само неколку минути. Откако ќе завршите, симнете го видеото на вашиот компјутер и споделете го преку Јутјуб.rn

    rn

    3. Google Drive

    rnРечиси секој од вас има акаунт на Гугл, а со тоа и пристап до Google Drive. И покрај тоа што оваа алтернатива на PowerPoint не е толку моќна, сепак до неа можете да пристапите бесплатно.rnrnПрезентациите можат лесно да се обработуваат со текст, фотографии, видеа, слајдови и многу други нешта. Работата се одвива „во облак“, па токму поради тоа можете многу лесно да ги споделите вашите документи со соработниците и да продолжите заеднички да работите на нив. Исто така имате можност и да ја симнете вашата презентација како PowerPoint-фајл, како и да ја споделите преку линк.rn

    rn

    4. Sliderocket

    rnSliderocket е премиум алтернатива на PowerPoint која ви нуди огромен број можности. Можете да пренесете веќе готова PowerPoint-презентација или пак, да започнете од почеток. Овој софтвер ви овозможува вметнување на фотографии, дијаграми, видеа, транзиции, специјални ефекти и многу други нешта кои можат да бидат запомнети за повторна употреба. Исто така можете да направите и онлајн-слајдови кои ќе автоматски ќе се освежуваат со нови податоци во живо, од изворите кои претходно сте им ги задале.rnrnДополнителните можности вклучуваат контрола на приватноста – кој ќе има пристап до вашиот документ, кој смее да прави измени и споделувања на вашите слајдови, како и метрички податоци за тоа кој ги гледа вашите презентации, од каде ги гледаат, кој со кого ги споделил и колку долго се задржуваат посетителите на вашите презентации. Презентациите изработени во Sliderocket се HTML5 компатибилни.rn

    rn

    5. Zoho Show

    rnОвој софтвер за презентации е базиран на облак кој ви овозможува внесување на многу видови фајлови (.ppt, .pptx, .pps, .ppsx, .odp, .sxi), при што има можност за задржување на оригиналниот изглед на документот. Како алтернатива на PowerPoint, овој софтвер има чист и едноставен интерфејс кој е лесен за навигација.rnrnСекој кој креира бизнис-презентации ќе ги цени можностите за дизајнирање на графикони и дијаграми кои се со динамични форми. Подобрете ги вашите презентации со фотографии и видеа кои можат да бидат додадени директно од интернет, од Пикаса или Фликр. Исто така можете да додадете различни ефекти при обработката на фотографии. Да бидат нештата уште поинтересни, постои огромна галерија на анимации и ефекти за транзиција помеѓу слајдови.rnrnПоддржана е синхронизацијата во вистинско време со останатите корисници. Имате можност да одредите кој може да ги менува или гледа вашите презентации. Вашите готови презентации можете да ги споделите преку линк, да ги објавите на zoho.com или пак, да ги вградите на вашиот веб-сајт.rn

    rn

    6. Slidesnack

    rnОвој софтвер е релативно нов и има базични можности за креирање слајдови и презентации со глас. Започнувате така што го претворате вашиот документ во PDF верзија, а потоа дизајнирате слајдшоу од веќе постоечките темплејти. Исто така можете да снимите коментари за гласовниот дел од презентацијата кои подоцна може да бидат симнати како видеа и да се споделат преку Јутјуб, Вимео или други интернет-сервиси за видеа. Вашите презентации можат да бидат додадени на вашиот блог или веб-сајт за да може цел свет да ги види.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вашиот работен ден прикажан преку кучиња

    Вашиот работен ден прикажан преку кучиња

    Работниот ден знае да биде многу напорен, дури и за овие кучиња. :)rnrn7.00 часот: Станавте порано за да имате лежерен појадок. Си помислувате: ова ќе биде убав ден!rnrn(1) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn9.00 часот: Пристигате на работа и утринското кафе веќе го изгубило своето дејство.rnrn(2) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn9.15 часот: Ги полните батериите со уште малку кофеин.rnrn(3) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrnВо 9.30 часот: Веќе не знаете како се чувствувате.rnrn(4) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn9.45 часот: Подготвени сте да се справите со секоја работна задача што ве чека.rnrn(5) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn11.00 часот: Не ви се верува колку брзо времето лета, вие навистина сте во форма!rnrn(6) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn11.45 часот: Ве повикуваат на состанок, ТОКМУ кога го достигнувате маскимумот од вашата ефикасност.rnrn(7) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrnПладне: На сите им се допадна вашата презентација, но вие едноставно сакате само да ручате.rnrn(8) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn13.00 часот: Време е за ручек. Јупиии…rnrn(9) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn14.00 часот: Се вративте од ручек и подготвени сте за уште повеќе работа!rnrn(10) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn14.15 часот: Храната почнува да ви се вари…rnrn(11) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn14.30 часот: Ве фаќа опасна дремка и ви годи излежувањето.rnrn(12) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn14.45 часот: Се одржувате будни со слатки видеа со животни.rnrn(13) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn15.00 часот: Тепате време додека ве повикаат на следниот состанок.rnrn(14) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn15.30 часот: На состанокот се смешкате за да изгледате свежо и заинтересирано.rnrn(15) Вашиот работен ден прикажан преку кучиња.mkrnrn16.00 часот: Се чувствувате некако инспирирани и сфаќате дека треба сериозно да се фатите за работа.rnrn(16) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn17.30 часот: Сфаќате колку е часот!rnrn(17) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrnВо 17.45 часот…rnrn(18) Вашиот работен ден прикажан преку кучињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до успешна презентација на факултет?

    Како до успешна презентација на факултет?

    За некои студенти, презентациите се одличен начин да добијат плус поени, но други со задоволство би ги прескокнале. Иако не постојат строги правила за совршена презентација, бидејќи големо влијание имаат многу фактори и околности, постојат неколку чекори кои ќе ви донесат поголем успех.Како до успешна презентација на факултетЗа сите студенти кои се соочуваат со одредени потешкотии во текот на изложувањето на својата презентација, еве неколку совети:rn
    rn

    1. Започнете со шега

    rnСтудентските презентации најчесто не се многу формални, па имајте слобода да кажете шега, но не претерувајте, не раскажувајте вицеви. Во вашиот вовед, спонтано вметнете шега за да ги насмеете колегите и да докажете дека сте целосно опуштени и природни.rn
    rn

    2. Испланирајте го дадениот временски лимит

    rnБез разлика дали ќе биде презентација од 15 минути или половина час, вие мора да го испланирате времето. Вежбајте дома, дури е пожелно да се снимате за самите да видите како изгледате и како звучите или правете го тоа пред огледало. Прилагодете ја вашата презентација според временскиот лимит. Би било навистина непријатно да завршите 5 минути пред време и да не знаете што да правите со преостанатото време, или пак, да не успеете да го презентирате својот проект во даденото време.rn
    rn

    3. Обрнете внимание на изгледот на вашата презентација

    rnНајверојатно за изработка на вашата презентација ќе се послужите со софтверска програма, како Power Point или Prezi, но внимавајте како ќе изгледа. Не употребувајте силни бои кои ги „замараат“ очите и не претерувајте со постојано менување фонтови, бои и наслови кои „летаат“ низ документот. Едноставното е секогаш подобра опција. Но нека не биде ни здодевно. Вметнете слики кои ќе го привлечат вниманието, без многу текст. Сепак, главната цел не ви е да го читате она што сте го подготвиле, туку да го презентирате. Презентацијата треба да ги содржи главните наслови, поднаслови и некои побитни податоци, најчесто оние изразени во бројки.rn
    rn

    4. Вклучете ја публиката

    rnСекогаш обрнувајте внимание на оние кои ве слушаат и проверувајте дали тие ви обрнуваат внимание вам. Вашиот поглед насочете го кон публиката, нека не изгледа како да си зборувате самите на себе, а за другите не ви е грижа. Зборувајте природно и вклучувајте ја публиката со фрази како: „Тоа ни се има случено на сите, нели?“ или „Кога последен пат сте помислиле…“.rn
    rn

    5. Јасна структура на презентацијата

    rnИмајте си одреден концепт по кој ќе се раководите, вашата презентација треба да има јасна структура. Сакајќи да објасните повеќе работи одеднаш и да дадете примери, лесно може да се оддалечите од главната поента на презентацијата, затоа држете се до вашата тема.rn
    rn

    6. Поделете материјали на публиката

    rnСигурно во текот на вашата презентација ќе користите разна компјутерска опрема, но секогаш е добро да им поделите печатени материјали на оние кои ве слушаат, како листи со податоци, табели, хендаути, копии и сл. Материјалите секако дека не треба да ја содржат целата ваша презентација туку одредени податоци кои се важни. Така публиката ќе се чувствува инволвирано во вашата презентација, а и вие ќе докажете дека сте внимавале до најситниот детаљ. Доколку публиката е многубројна, поделете одреден број материјали кои ќе „кружат“ низ просторијата, а слушателите ќе имаат пристап до нив.rn
    rn

    7. Внимателен избор на облека

    rnНе одете до крајности, нема потреба од преголема формалност, но дури и да станува збор за најобична презентација, секогаш внимавајте на облеката. Вашиот изглед зборува многу за вас и секако, многу влијае на впечатокот кој ќе го оставите. Одберете ги вашите омилени парчиња облека и изгледајте уредно и средено, но пред сè примерно.rn
    rn

    9. Самодоверба

    rnГестикулирајте, зборувајте гласно, јасно и сигурно. Тоа ќе направи да звучите како вистински експерт. Дури и да не сте потполно сигурни за одреден податок, кажете го со самодоверба.rn
    rn

    8. Импровизирајте

    rnСигурно дека презентацијата ќе ја имате добро извежбано, но секому може да му се „блокира“ мозокот за момент. Не паничете туку импровизирајте. Секогаш имајте резервна варијанта, а не мора секој збор да ви е однапред испланиран. Доколку за момент нешто ви тргне наопаку, дајте си време зборувајќи за претходната точка или за нешто поврзано со вашата тема.rn
    rn

    10. Изгледајте сериозно, но не исплашено

    rnМожеби е во ред да започнете со шега и да не бидете „здрвени“ и стационирани на едно место, но сепак трудете се да изгледате сериозно за да не оставите впечаток дека целата таа работа за вас е една голема зафрканција.rn
    rn

    11. Дозволете да ви поставуваат прашања

    rnСекогаш дозволете им на оние од публиката да ви постават прашања, но можеби би било подобро да го одбегнувате тоа во текот на презентацијата, бидејќи можат да ве збунат, да ве оддалечат од темата и да ви одземат многу време. На крајот од презентацијата, обратете им се со зборовите: „Дали некој би сакал да праша нешто во врска со мојата презентација“ или нешто слично.rn
    rn

    12. Добар заклучок

    rnСекако дека оној главен дел од презентацијата е клучен, но заклучокот игра голема улога. Тоа е крајниот впечаток кој ќе го оставите. Трудете се во неколку реченици, во кратки црти да го сумирате она што сте го кажале, издвојувајќи ги најважните елементи и кажувајќи го вашето мислење.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елегантната затворена тест патека на Ауди

    Елегантната затворена тест патека на Ауди

    Наскоро ќе се одржи познатото автомобилско шоу во Франкфурт, на кое Ауди ќе го презентира својот бренд во привремена зграда, дизајнирана од германската фирма „Schmidhuber+Partner“.Елегантната затворена тест патека на АудиИзложбата во централната хала ќе ги води посетителите низ презентација на најновите модели на Ауди, која ќе биде проследена со технолошки парк со интерактивни експонати и екрани, преку кои компанијата ќе покажува како ги следи најновите технологии.Елегантната затворена тест патека на АудиЗградата ќе биде долга 100 метри, широка 70 и висока 12 метри. Во неа ќе има и тест патека од 400 метри, каде што посетителите ќе ја имаат можноста да ги искусат сегашните и идните возила во живо. Во исто време ќе можат да се управуваат 9 возила. Шоуто во Франкфурт ќе се одвива од 15 до 25 септември, а Ауди рингот ќе остане таму до 20 октомври.Елегантната затворена тест патека на АудиЕлегантната затворена тест патека на АудиЕлегантната затворена тест патека на Аудиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фокусирајте ја вашата публика со Sketch It

    Фокусирајте ја вашата публика со Sketch It

    Денес можеме многу да си ја олесниме работата, ако ги користиме софтверските алатки кои ги имаме на располагање. Замислете си како имате онлајн презентација, им ги покажувате вашите идеи на колегите или подготвувате туторијал кој ќе се базира на слики. Нели би ви се нашло виртуелно моливче со кое ќе можете да цртате по екранот? Ние налетавме на алатка која го овозможува тоа, ни се најде, па ви ја предлагаме и вам. Се вика „Sketch It“.rnrnФокусирајте ја вашата публика со Sketch itrnrnОва мало и бесплатно парче софтвер ќе ги направи вашите презентации поинтересни за публиката и ќе го задржи нивното внимание фокусирано на она што им го покажувате. Целата работа се сведува на неколку контроли од тастатурата и влечење со моливчето преку екранот. Sketch It е различен од другите софтвери од овој тип, бидејќи овозможува цртање преку прозорците од различните апликации кои се моментално отворени, односно не ја ограничува акцијата само во рамките на еден прозор.rnrnФокусирајте ја вашата публика со Sketch itrnrnУште една одлична опција е што ви дозволува да го копирате или пренесете цртањето на друг монитор, па доколку се наоѓате пред поголема публика, присутните ќе се чудат како вашето глувче остава траги во боја врз екранот. Бојата секако можете да ја менувате, како и острината на моливчето. Останатото е на вашата креативност и способност за слободно движење на раката, онака како што тоа го замислувате во вашата глава.rnrnФокусирајте ја вашата публика со Sketch itАлатката работи во позадина и додека работите нема да ви пречи нејзиниот прозорец. Доколку сакате да смените некоја опција, само повикајте го менито со магичните „зборови“: Ctrl + Shift + Z.

  • Видео: Како се прави печатарската боја?

    Видео: Како се прави печатарската боја?

    Главниот изработувач на печатарски бои и претседател на The Printing Ink Company, Питер Велфеар, ни покажува како се изработува бојата што се користи во печатарската индустрија, од мешање на основните состојки, нејзината фина обработка и страста која е неизбежен дел од процесот.Видео: Како се прави печатарската боја?Видеото е приказ на сè она што ги интересира дизајнерите и печатарите во врска со процесот, предзвиците и уживањето во текот на создавањето на печатарските бои.rnrn