КАФЕ ПАУЗА

Tag: прелив

  • Рецепт за палачинки со ладен прелив од кафе и вкус на бадем

    Рецепт за палачинки со ладен прелив од кафе и вкус на бадем

    Амарето ди Сароно е познат ликер со вкус на бадем, подготвен од кернели од кајсија. Италијанците сакаат да го пијат во комбинација со бисквити, да го додаваат во тирамису, како и кремови на база на чоколадо.rnrnЛегендата за ликерот датира од 16 век кога Бернардино Луини, познат сликар и голем обожавател на Леонардо да Винчи, насликал фреска со мотив на Дева Марија во Сароно.rnrnКако модел додека ја создавал фреската била една девојка во која потоа Бернардино се вљубил. Како доказ за искрена љубов, таа му подарила ликер што го направила од плодовите од сопствената градина, а остатокот е историја.rnrnЕдна лажица од овој ликер дава одлична арома на кремасто кафе, а можете да го користите како инспирација за подготовка на колачи, пити, но и палачинки.rnrnПогледнете како да направите палачинки со вкусен и ладен прелив од кафе и вкус на бадем.rnrnРецепт за палачинки со ладен прелив од кафе и вкус на бадемrn

    Потребни состојки за прелив за 15 палачинки:

    rn

      rn 011

    • 5 жолчки
    • rn 011

    • 5 лажици шеќер
    • rn 011

    • 2 ќесички ванилин шеќер
    • rn 011

    • 1 лажичка цимет
    • rn 011

    • 9 лажички брашно
    • rn 011

    • 1 литар млеко
    • rn 011

    • 200 г путер
    • rn 011

    • 200 г чоколадо за готвење
    • rn 011

    • 3 лажици инстант кафе
    • rn 011

    • 1 лажица ликер Амарето ди Сароно (ако не можете да го најдете, тогаш може каков и да било ликер од бадем)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Изматете ги жолчките и двата вида шеќер. Треба да добиете пенеста смеса. Додадете го брашното и 5 лажици млеко и промешајте.
    2. rn 011

    3. Загрејте го остатокот од млекото, додадете цимет и варете додека не зоврие.
    4. rn 011

    5. Отстранете го од огнот и додадете ја мешавината од жолчка. Бидете внимателни да не се зготви.
    6. rn 011

    7. Потоа на тивок оган, мешајте постојано, додека не се згусне. Отстранете и изладете ја смесата.
    8. rn 011

    9. Кога ќе се излади, додадете го изматениот путер.
    10. rn 011

    11. Измешајте ги растопеното чоколадо и кафето што сте ги стопиле во ликерот и додајте ги во смесата. Палачинките премачкајте ги со изладениот прелив и уживајте.
    12. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за баклава со вишни.

  • Направете вкусен прелив од карамела за помалку од 90 секунди

    Направете вкусен прелив од карамела за помалку од 90 секунди

    Класичниот прелив од карамела се подготвува со пржење на шеќерот во тенџере, но овој процес може да биде многу долг, па дури и опасен. Ако некогаш се имате изгорено од карамела, сигурно знаете за што зборуваме.rnrnМожете да уживате во вкусот на карамелата на друг начин. Пробајте го овој едноставен рецепт во микробранова печка во која преливот од карамела ќе го подготвите за помалку од 2 минути.rnrnНаправете вкусен прелив од карамела за помалку од 90 секундиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лажица путер
    • rn 011

    • 2 лажици кафен шеќер
    • rn 011

    • 1 лажица хопла
    • rn 011

    • прстофат сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Ставете го путерот во чаша и стопете го во микробранова печка за 30 секунди.
    2. rn 011

    3. Во растопениот путер ставете го кафениот шеќер, хоплата и солта. Измешајте добро и вратете го назад во микробрановата печка за уште 30 секунди.
    4. rn 011

    5. Извадете го и повторно измешајте внимателно. Вратете го во микробрановата печка, но сега за 15 секунди.
    6. rn 011

    7. Прелијте го вашиот десерт и уживајте!
    8. rn

    rnПробајте го и овој домашен сируп кој ги претвора кафето, млекото и коктелите во сензација.

  • Сенаменски прелив од јогурт: Потребни ви се само 3 состојки, а готов е за 2 минути

    Сенаменски прелив од јогурт: Потребни ви се само 3 состојки, а готов е за 2 минути

    Подобрете го вкусот на која било салата, месо или зеленчук со овој вкусен прелив од јогурт.rnrnСенаменски прелив од јогурт: Потребни ви се само 3 состојки, а готов е за 2 минутиrnrnКога пребарувате рецепти за различни преливи, често откривате дека ви требаат најмалку 10 состојки од кои повеќето ги немате. За преливот од јогурт што ви го претставуваме денес, потребни ви се само 3 состојки и 2 минути од вашето време.rnrnКремаст, вкусен, сенаменски и прилагодлив затоа што секогаш можете да додадете му додадете и други состојки на основниот рецепт.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 285 г грчки јогурт
    • rn 011

    • сок од 1 лимон
    • rn 011

    • прстофат сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Сите состојки ставете ги во мала чинија и измешајте ги со вилушка.
    • rn 011

    • Ставете од преливот врз салата, месо или ориз и уживајте во вкусот!
    • rn

    rnМоже да користите оцет наместо лимон или да додајте малку сечкан лук.rnrnПреливот можете да го разретчите со млеко, а за уште побогат вкус додајте маслиново масло и свежи зачини како коријандер, магдонос, нане, оригано, или босилек.rnrnМожеби сакате да го дознаете и рецептот за тсатсики салата: Оригинален рецепт што ќе ви го додаде вкусот на Грција во секој оброк.

  • Пилешко со прелив и лук – совршен оброк за многу кратко време

    Пилешко со прелив и лук – совршен оброк за многу кратко време

    Иако готвењето преставува уживање за вас, понекогаш се случува да останете без идеја што да зготвите за ручек. Поради тоа, за вас денес е тука овој рецепт за ручек со фантастичен вкус.rnrnПилешко со прелив и лук - совршен оброк за многу кратко времеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 600 грама бело пилешко месо
    • rn 011

    • 3 чешниња лук
    • rn 011

    • 2 лажици брашно + 1 лажица
    • rn 011

    • 2 лажици презла
    • rn 011

    • масло
    • rn 011

    • сол и бибер
    • rn 011

    • ливчиња магдонос
    • rn 011

    • 200 грама кисела павлака
    • rn 011

    • малку млеко
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Исечете го месото на шницли, додајте сол и бибер, а на парче фолија ставете ги брашното и презлата, па избрбешкајте ги парчињата месо.rnrn2. Пржете ги на тивок оган околу 15 минути.rnrn3. Извадете ги парчињата месо, а во садот каде што го пржевте месото, во маслото што останало додајте 1 лажица брашно, павлака, рамномерно додајте го исецканиот лук, сол, бибер и магдонос.rnrn4. По потреба додајте малку млеко.rnrn5. Откако ќе биде готов, прелијте го месото со преливот.rnrnПрочитајте го и овој предлог за десерт во чаша – меден мус.

  • Прелив од јагоди за сладолед и други слатки задоволства

    Прелив од јагоди за сладолед и други слатки задоволства

    Дали како деца сакавте да јадете сладолед во корнет со чоколаден прелив кој во истата секунда додека ви го ставаат се стврднува и се претвора во тенко крцкаво чоколадо? Иако веќе таквите сладоледи не се толку популарни како порано, мора да признаеме дека понекогаш ни недостигаат, особено преливот што ги прави овие ледени задоволства толку посебни.rnrnПрелив од јагоди за сладолед и други слатки задоволстваrnrnДенес ќе ви презентираме рецепт за сличен прелив кој ја има истата „магија“ за инстант зацврстување кога ќе дојде во контакт со ледениот сладолед, но со вкус на јагода. За него ќе ви бидат потребни само три состојки и малку време.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1/4 шолја сушени замрзнати јагоди
    • rn 011

    • 200 г бело чоколадо
    • rn 011

    • 3 лажички кокосово масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер, смелете ги јагодите додека не добиете правеста смеса.rnrnБелото чоколадо ставете го на пареа за да се стопи, а потоа додадете ги јагодите и кокосово масло. Измешајте ги состојките. Почекајте неколку минути пред да послужите.rnrnСо преливот можете да декорирате сладоледи и други десерти по желба.rnrnПријатно јадење и уживајте!rn

    Автор: Антонина Велјановска

  • Нутела ролнички со цимет

    Нутела ролнички со цимет

    Вкусен десерт во кој сите ќе уживаат

    rnНутела ролнички со циметrn

    Потребни состојки за тестото:

    rn

      rn011

    • 250 мл млеко
    • rn011

    • 60 г путер
    • rn011

    • 500 г брашно
    • rn011

    • 50 г шеќер
    • rn011

    • ½ лажиче сол
    • rn011

    • 2 лажички квасец во прав
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn

    rn

    Потребни состојки за филот:

    rn

      rn011

    • 100 г Нутелаrn
    • 2 лажици циметrn

    rn

    Потребни состојки за белиот прелив:

    rn

      rn011

    • 110 г путер
    • rn011

    • 115 г крем-сирење, омекнато
    • rn011

    • 150 г шеќер во прав
    • rn011

    • 1-2 лажици млеко (по потреба)
    • rn

    rn

    Потребни состојки за чоколадниот прелив:

    rn

      rn011

    • 50 г Нутела
    • rn

    rnНутела ролнички со циметrn

    Начин на подготовка:

    rnЗа тестото најпрво помешајте ги путерот и млекото во еден сад и ставете ги во микробранова. Топете ги на куси интервали, притоа мешајќи ги пред да ги пуштите пак. Правете го ова додека путерот целосно не се растопи и соедини со млекото. Доколку премногу се загреат, оставете ги малку да се оладат, бидејќи е важно смесата да биде топла, но не и премногу жешка.rnrnСите состојки потребни за тестото ставете ги во еден сад и почнете да ги месите рачно или со миксер за тесто. Откако ќе направите тесто, покријте го садот со крпа и оставете го 10-тина минути да нарасне.rnrnНутела ролнички со циметrnrnКога тестото ќе биде спремно, на работната маса фрлете брашно и со сукало направете квадрат од тестото. Потоа намачкајте ја Нутелата и распоредете го циметот еднакво по целата површина.rnrnНутела ролнички со циметrnrnОд тестото направете ролна и со помош на нож или конец за заби исечете ја ролната на парчиња. Ролничките распоредете ги на плех за печење, покријте ги со крпа и оставете ги во топла соба, да отстојат барем 25 минути.rnrnНутела ролнички со циметrnrnВо тоа време рерната пуштете ја на 180 степени Целзиусови. Кога ролничките ќе нараснат, печете ги 15-20 минути, додека не добијат златна боја. Потоа, извадете ги и оставете ги малку да се оладат.rnrnНутела ролнички со циметrnrnВо меѓувреме или додека се печат ролничките, можете да ги спремите преливите. За белиот прелив, ставете ги путерот и крем-сирењето во сад и со помош на миксер соединете ги. Потоа додадете го шеќерот во прав и повторно матете со миксерот. Доколку преливот е премногу густ, додадете го млекото.rnrnНутелата стопете ја во микробранова печка, ставете ја во шприц и чоколадниот прелив е готов.rnrnКога ролничките ќе се оладат, декорирајте со двата преливи одозгора и послужете.rnrnНутела ролнички со цимет Нутела ролнички со цимет
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколаден десерт со путер од кикиритки

    Чоколаден десерт со путер од кикиритки

    Имате при рака путер од кикиритки? Ви се јаде нешто благо ама немате време да правите цела торта? Земете ја вашата голема шолја за кафе. Еве како брзо да подготвите вистинска божествена тортичка во шолја за да го задоволите вашиот апетит за благо.rnЧоколаден десерт со путер од кикириткиПотребни состојки:rn

      rn011

    • 2 лажици путер
    • rn011

    • 2 лажици путер од кикиритки
    • rn011

    • 1-2 кафени лажици ванилин шеќер
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • 2 лажици брашно
    • rn011

    • 3 лажици какао во прав
    • rn011

    • Малку сол
    • rn011

    • Малку прашок за печиво
    • rn011

    • 3 лажици ситни парчиња чоколадо
    • rn

    rnЧоколаден десерт со путер од кикириткиПотребни состојки за преливот со путер од кикиритки:rn

      rn011

    • 1 лажица крем сирење или кајмак
    • rn011

    • 1 лажица путер од кикиритки
    • rn011

    • 1-2 кафени лажички ванилин шеќер
    • rn011

    • 2 лажици шлаг-крем
    • rn011

    • 1 лажица шеќер во прав
    • rn011

    • Топена карамела (за декорација)
    • rn

    rn Начин на подготовка: Во сад растопете го путерот, потоа додајте го путерот од кикиритки и добро измешајте. Во голема шолја за кафе измешајте ги заедно ванилата, јајцето и шеќерот. Добро мешајте додека смесата не стане хомогена.rnrnПотоа во друг сад измешајте го брашното, какаото, солта и прашокот за печиво. Добро измешајте ги и додајте ги во шолјата. Во шолјата исто така додајте ја смесата со путерот. За крај во шолјата наросете ги парчињата чоколадо. Ставете ја во микробранова печка на минута или две.Чоколаден десерт со путер од кикириткиЗа да го подготвите преливот со путер од кикиритки, во еден сад измешајте ги заедно крем сирењето, путерот од кикиритки и ванилиниот шеќер. Додајте го шлагот и наросете од шеќерот во прав. Внимавајте да не ја мешате премногу оваа смеса.rnrnКога ќе ја извадите шолјата од микробранова печка, во шолјата ставете ја смесата со путер од кикиритки и налејте со топла карамела.rnrnДобар апетит!Чоколаден десерт со путер од кикиритки
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусни колачиња со кафе и чоколадо

    Вкусни колачиња со кафе и чоколадо

    Подготвивте вкусен десерт денес? Доколку ви треба идеја, овие колачиња со кафе и чоколадо мора да ги пробате. Тие се одличен начин да ја задоволите вашата потреба за кофеин и чоколадо истовремено.Вкусни колачиња со кафе и чоколадоПотребни состојки (за колачињата):rn

      rn011

    • 100 г гранулиран шеќер
    • rn011

    • 100 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 115 г путер или маргарин (мек, чуван на собна температура)
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 150 г брашно
    • rn011

    • 1 супена лажица инстант кафе (неподготвено)
    • rn011

    • 1 кафена лажица сода бикарбона
    • rn011

    • ¼ кафена лажичка сол
    • rn011

    • 60 г сечкани ореви
    • rn011

    • 3 полуслатки чоколади сечкани на парчиња
    • rn

    rnЗа преливот од кафе:rn

      rn011

    • ½ кафена лажичка инстант кафе (неподготвено)
    • rn011

    • 1 супена лажица вода
    • rn011

    • 65 г шеќер во прав
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180˚C. Во голем сад додадете го шеќерот во гранули, кафеавиот шеќер, путерот и јајцето. Изматете добро со миксер на средна брзина или мешајте со лажица додека смесата не стане кремаста. Потоа додадете брашно, кафе, сода бикарбона и сол. Добро измешајте, па додадете ги и сечканите ореви и ситните парчиња чоколадо.rnrnСмесата ставете ја во шприц за готвење со поширок отвор и на хартија за готвење шприцајте по малку од смесата, само внимавајте да бидат оддалечени околу 4 центиметри за да не се спојат колачињата во текот на печењето.rnrnПечете 12-15 минути, додека не станат бронзени. Почекајте 4 минути, па преместете ги во сад погоден за ладење. Оставете целосно да се изладат околу 30 минути.rnrnЗа да го направите преливот, измешајте го кафето со водата, потоа додадете го и шеќерот, па мешајте за да добиете кремаста смеса. За крај декорирајте ги колачињата со помош на преливот од кафе.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Три вкусни сосови кои одлично одат со скара

    Три вкусни сосови кои одлично одат со скара

    Секое јадење направено на скара добива сосема нов, пикантен вкус кога ќе се послужи со некој вкусен прелив. Ви ги препорачуваме овие три одлични сосови кои можете да ги послужите следниот пат кога дома ќе правите скара.rnrnТри вкусни сосови кои одлично одат со скараrn

    Прелив од домати

    rnНа тивок оган ставете да се крчкаат 8 лажици доматно пире, 4 лажици вински оцет, 4 лажици балсамико оцет, 100 грама шеќер и една исечкана лута пиперка. Зачинете по вкус и оставете го сосот 20 минути на оган. Убаво оладете го пред да го послужите.rnrnТри вкусни сосови кои одлично одат со скараrn

    Прелив од јогурт

    rnИсчистете 4 чешниња лук и испасирајте ги заедно со 500 милилитри густ јогурт. Во смесата додадете 2 лажици слатка павлака и ставете сол и бибер по вкус. Потоа во едно тавче со многу малку масло, пропржете 2 лажици сусам и додадете го во сосот. Пред сервирање, сосот нека отстои во ладилник.rnrnТри вкусни сосови кои одлично одат со скараrn

    Прелив од лук

    rnИсчистете 6 чешниња лук, а три од нив убаво испасирајте ги со 200 грама маскарпоне. Во смесата додадете и 2 лажици кисела павлака и сол и бибер по вкус. Останатите три чешниња лук пропржете ги во една лажица масло и потоа додадете ги во сосот. Оладете го пред да го послужите.rnrnТри вкусни сосови кои одлично одат со скараrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Торта со Бејлис

    Торта со Бејлис

    Прекрасен десерт со богат и незаборавен вкус

    rnТорта со „Бејлис“rn

    Состојки за пандишпан:

    rn

      rn011

    • 5 јајца
    • rn011

    • 10 лажици шеќер
    • rn011

    • 10 лажици вода
    • rn011

    • 160 г брашно
    • rn011

    • 120 г мелени ореви
    • rn011

    • 2 лажици какао
    • rn011

    • 1 прашок за печиво
    • rn

    rn

    Состојки за фил:

    rn

      rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 4 лажици шеќер
    • rn011

    • 4 лажици густин
    • rn011

    • 400 мл млеко
    • rn011

    • 3 лажици ликер „Бејлис“
    • rn011

    • 200 г путер
    • rn011

    • 100 г шеќер во прав
    • rn

    rn

    Состојки за прелив:

    rn

      rn011

    • 300 мл млеко
    • rn011

    • 50 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 100 мл ликер „Бејлис“
    • rn011

    • шлаг за украсување
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. За подготовка на пандишпанот, најпрво со миксер убаво изматете ги шеќерот и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса додадете ги и останатите состојки и рачно измешајте ги. Сипете ја смесата во кружен калап и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени. Кога ќе се испече исечете го на три еднакви кругови.rnrn2. За подготовка на филот изматете ги двете јајца, шеќерот, густинот и ликерот. Млекото ставете го да зоврие, а потоа во него додадете ја смесата од другите состојки. Мешајте на оган додека не ја добиете потребната густина. Путерот и шеќерот во прав изматете ги со миксер и откако другата смеса ќе се олади, додадете ги и нив во неа. Убаво измешајте.rnrn3. За подготовка на преливот сите состојки ставете ги во тенџере на оган и оставете ги убаво да се соединат.rnrn4. Ставете еден дел од пандишпанот на послужавник, посипете го со преливот, намачкајте го со подебел слој од филот и поклопете го со друг дел од пандишпанот. Повторете го истото и со последниот круг од пандишпанот. По избор декорирајте со шлаг.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.