КАФЕ ПАУЗА

Tag: предупредување

  • Астролозите предупредуваат: Обидете се да ги избегнувате овие работи сè до 12 јануари 2023 година!

    Астролозите предупредуваат: Обидете се да ги избегнувате овие работи сè до 12 јануари 2023 година!

    Астролозите ни откриваат дека од 30 октомври до 12 јануари 2023 година ќе се одвива ретроградната фаза на Марс во Близнаци. Како ќе влијае неговата енергија врз нашите животи? Како ќе функционираме? Каде ќе ја насочиме нашата енергија? Кои ќе бидат нашите следни чекори?rnrnАстролозите предупредуваат: Обидете се да ги избегнувате овие работи сè до 12 јануари 2023 година!rnrnВо периодот што следува добро е малку да се забави, да се преиспита, промени или поправи она што не функционира. Затоа, не влегувајте во конфликти и расправии кои не водат никаде. Доколку плановите и желбите не се остварат бидете трпеливи и почекајте работите да дојдат на свое место.rnrnСо ретроградниот Марс во знак со кој владее Меркур, можеме да очекуваме некои нејаснотии, тешкотии или доцнења во комуникацијата и движењето. Можно е зборовите да предизвикаат голем гнев.rnrnПроблеми со интернетот, социјалните мрежи, тешкотиите со сопственото возило или проблеми во односите со соседите и блиските роднини е нешто што ќе нè следи во наредните месеци.rn

    Што да се прави во наредните месеци?

    rn

      rn 011

    • Обидете се да поминувате помалку време пред телефон и телевизија. Слободното време искористете го за прошетка и рекреација.
    • rn 011

    • Грижете се за вашите клучеви и лични документи.
    • rn 011

    • Бидете повнимателни во сообраќајот и движењето.
    • rn 011

    • Проверете ја исправноста на личното возило.
    • rn 011

    • Заштитете го вашиот компјутер од вируси. Не купувајте нов мобилен телефон, автомобил или компјутер.
    • rn 011

    • Анализирајте ги вашите мисли и обидете се да ги запишете на хартија. Можно е да го видите проблемот од нов агол.
    • rn 011

    • Размислете за тоа дали нечии зборови и постапки се усогласуваат бидејќи празните ветувања можат да разочараат.
    • rn 011

    • Обидете се да бидете поупорни во намерата да го завршите она што сте го започнале.
    • rn 011

    • Забавете, размислете, подобро планирајте, не носете одлуки ако не сте подготвени за тоа…
    • rn 011

    • Учете, читајте и одморете се кога ќе се чувствувате исцрпени.
    • rn 011

    • Размислете пред да кажете нешто за да повредите некого.
    • rn 011

    • Внимавајте на рацете, рамената и дишните патишта.
    • rn

    rnКолку и да ви се чини понекогаш дека сте во непријатна положба или дека работите се одвиваат бавно или воопшто не се одвиваат, можеби доаѓа нешто уште подобро од она што сте го замислиле. Затоа, не губете ја вербата дека работите кога-тогаш ќе се подобрат.rnrnОткако прочитавте за овие астролошки предупредувања, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци оваа зима.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • На кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?

    На кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?

    Кучето е верен пријател на човекот и никогаш нема да ве напушти, но освен тоа, истражувањата покажуваат дека постои уште една важна придобивка од чувањето куче.rnrnНа кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?rnrnАнализирајќи ги податоците од околу 4.000 случаи на хипогликемија и хипергликемија кај лица со дијабетес, научниците од Универзитетот во Бристол откриле дека кај 83 % од случаите, епизодите на хипогликемија биле дијагностицирани од нивните специјално обучени кучиња.rn

    Раса

    rnРезултатите од нивното истражување биле објавени во списанието „PLOS one“. Во случај на дијабетес, постојат два вида кучиња помошници: оние кои ја забележуваат промената на шеќерот во крвта пред личноста да го забележи тоа (кучиња што предупредуваат за дијабетес) и оние кои реагираат во ситуација кога симптомите кај пациентот се веќе видливи и носат лекови, глукоза или мобилен телефон предупредувајќи ги најблиските (кучиња што реагираат на дијабетес).rnrnПрограмите за обука на кучиња помошници започнале да спроведуваат во многу земји вклучувајќи ги Велика Британија и Белгија. Кучињата помошници за дијабетичари мора да бидат индивидуално обучени за секој корисник. Процесот одзема многу време и вклучува луѓе кои имаат дијабетес, а кучињата треба да помирисуваат примероци од плунка во одредени фази на гликемијата за да бидат правилно обучени.rnrnПримероците што треба да се соберат треба да бидат и позитивни и негативни, што значи дека треба да има примероци кога пациентите се во хипогликемија или во хипергликемија, но и кога тие имаат нормална гликемија. На тој начин, кучињата учат да не реагираат на негативните наоди, т.е. кога некое лице има нормален шеќер во крвта. Како најдобри кучиња помошници се покажале припадниците на расите лабрадор ретривер и златен ретривер.rnrnПрочитајте ги овие 23 интересни факти за кучињата што е добро да се знаат.

  • 3 предупредувачки знаци дека веднаш треба да се ослободите од негативната енергија

    3 предупредувачки знаци дека веднаш треба да се ослободите од негативната енергија

    Понекогаш доаѓаме до некоја одредена точка во животот кога мораме да си признаеме дека сме насобрале премногу негативност. Сосема во ред е да го признаете ова, а тоа воопшто не е знак на слабост. На некои луѓе им е навистина тешко да се ослободат од негативноста, која на крај ги преплавува и станува нивен секојдневен начин на живот.rnrn3 предупредувачки знаци дека веднаш треба да се ослободите од негативната енергијаrnrnНе дозволувајте ѝ на негативноста да ве победи. Постојат неколку знаци кои предупредуваат дека можеби е време да размислите за вашиот живот и да се ослободите од непотребните негативни работи.rn

    1. Постојано сакате да бидете сами

    rnДоколку постојано сакате да бидете сами, далеку од сите луѓе, тоа е очигледен знак дека морате да се ослободите од негативноста во вашиот живот. За да се ослободите од овој проблем, најпрво мора да сфатите кога се случува, а потоа да престанете. Кога ќе сфатите дека сакате да бидете сами, запрашајте се која е причината за тоа. Потоа обидете се да се ослободите од неа.rn

    2. Постојано се чувствувате лошо и депресивно

    rnДоколку постојано чувствувате тага и очај или сметате дека никогаш нема да ви биде подобро, време е за ослободување од негативноста. Одвојте време за себе и почнете со ментално исцелување. Практикувајте медитација, вежбајте, хранете здраво и направете некоја промена што е добра за вас и што ќе ви помогне да се справите со тешкиот период.rn

    3. Разговорот со други ве исцрпува

    rnДоколку ви е тешко да разговарате со личност којашто ја знаете и се чувствувате навистина исцрпено по разговорот, тоа е уште еден знак дека ви е потребно ослободување од негативноста. Решението на овој проблем е да бидете повеќе од активен слушател. Кога ќе го посветите целото ваше внимание на личноста која зборува, нема да се фокусирате на негативноста и навистина ќе слушнете што сака да ви каже соговорникот. Најверојатно, тогаш и навистина ќе ви годи да разговарате со некого.rnrnКога сте опкружени со негативна енергија, важно е да ги запомните овие нешта.

  • 11 предупредувачки знаци од универзумот

    11 предупредувачки знаци од универзумот

    Мислењето на многумина е дека сме целосно сами на овој свет каде што на крај сета тежина завршува на нашите рамена. Веруваме дека мораме да ја носиме тежината на светот без поддршка или водење, бидејќи тоа значи да се биде човек. Според ова мислење мора да се натпреваруваме, бориме и да собираме работи бидејќи нема ништо доволно добро.rnrn11 предупредувачки знаци од универзумотrnrnДруго мислење е дека всушност не сме сами. И додека егото можеби нè разделува сите, всушност сите ние сме духовно поврзани. И не само што сме едно, туку имаме пристап до водич секогаш кога ни е потребна помош.rn

    Како универзумот комуницира со вас?

    rnМногу луѓе се изненадени откако ќе откријат дека универзумот е навистина присутен во нашите животи. Не мора да бидете религиозни или слично за да разберете дека универзумот комуницира со вас. Всушност, понекогаш е подобро воопшто да немате идеја или верување за тоа како универзумот би требало дa комуницира со вас. Најчесто тоа се случува низ соништа, чудни случајности, повторливи броеви и зборови и слично. Универзумот исто така ќе ви каже и кога правите нешто погрешно.rn

    Како да знаете дали сте на вистинскиот пат?

    rnУниверзумот ќе ви даде знак, а кога ќе го добиете не мора да се плашите. Сè додека обрнувате внимание на знаците ќе знаете што треба да направите. Понекогаш овие знаци се суптилни, а некогаш се вистински повик за будење. Па, погледнете кои се најчестите.rn

    1. Неочекувани одолговлекувања

    rnМожеби сте заглавиле во сообраќаен метеж, сте го испуштиле автобусот, немало место во авионот или се појавил мал настан што ги уништил сите ваши планови.rn

    2. Чудно чувство во стомакот

    rnМожеби чувствувате некое чудно гадење. Ова негативно чувство можеби нема да исчезне без разлика какви се вашите мисли и планови.rn

    3. Постојано губите работи

    rnИли нешто ви е украдено или не можете да го најдете. Моменталниот шок од губењето нешто ве буди.rn

    4. Постојано се расправате

    rnМожеби постојано се појавуваат расправии и недоразбирања. Овие конфликти можат да бидат со саканите или со целосни странци.rn

    5. Не спиете добро

    rnНе можете да престанете да размислувате, а ова не ви дозволува да заспиете. Можеби има само една мисла што ве држи будни, а можеби станува збор за цело сценарио кое го прегледувате одново и одново.rn

    6. Постојано се разболувате

    rnИзгледа дека болестите постојано ве спречуваат да направите нешто. Може да се појават хронични главоболки, настинки или која било болест што ве забавува.rn

    7. Несмасни сте

    rnМожеби постојано се удирате во нешто, се сопнувате, ви паѓаат работи од рацете. Воглавно, понесмасни сте од вообичаено.rn

    8. Постојано чувствувате закана или анксиозност

    rnИзгледа дека каде и да одите ве демне некоја опасност или чувствувате анксиозност. Постојано очекувате да се случи нешто лошо.rn

    9. Гледате „лоши знаци“

    rnЛошите знаци се лични и субјективни, па поради тоа постојано се менуваат. Па наместо да ги гледате како негативни, гледајте ги како субјективни знаци кои вашиот ум ги одбрал во тој момент. На пример можеби го гледате јатото црни врани како лош знак, или расипаниот семафор како лошо донесена одлука. Бидете свесни за тоа како вашиот ум ги толкува овие знаци.rn

    10. Ви се случуваат несреќи

    rnЧесто несреќите се голем знак дека е потребно да направите промена. Може да станува збор за физички и ментални/емоционални несреќи. На пример можете случајно да кажете нешто што ќе го навреди вашиот шеф и ќе настанат проблеми на работното место. Од друга страна можеби ќе имате сообраќајна несреќа, па ќе останете во кревет неколку денови или недели.rn

    11. Постојано се појавуваат пречки и предизвици

    rnПоради некоја причина, ништо не ви оди по план без разлика колку се трудите. Постојано наидувате на пречки кои ве спречуваат да го направите потребното. Целиот труд едноставно не се исплати.rn

    Што да направите кога ќе добиете предупредувачки знаци?

    rnИмајте на ум дека често се случува да не се наспиете или да заглавите во сообраќаен метеж. Само затоа што сте ја удриле ногата не значи дека сте на погрешниот пат. Но, ако искусувате многу од овие знаци наеднаш, обрнете внимание. Размислете што правите и што планирате што може да ви наштети.rnrnВо зависност од тоа колку сте свесни, предупредувачките знаци можат да бидат суптилни или целосни барикади. Колку сте „позаспани“, толку поочигледни ќе бидат знаците. Можете да направите неколку работи што ќе ви помогнат.rn

      rn 011

    • За да добиете потврда дека сте на погрешен пат, поврзете се со вашата интуиција и поставете си го прашањето: Дали сум на вистинскиот пат? Обрнете внимание на чувствата и сензациите во вашето тело. Ако почувствувате тежина, можеби треба да промените нешто.
    • rn 011

    • Вдишете длабоко и заблагодарете му се на универзумот. Ако сакате, можете да кажете и молитва.
    • rn 011

    • Поминете време сами. Размислете што треба да се промени. Можете да користите и дневник за да ги запишeте вашите мисли и чувства.
    • rn 011

    • Обидете се најдете нешто комично во вашата ситуација. Хуморот е одличен начин да ја подобрите вашата енергија и да го отворите срцето.
    • rn 011

    • Медитирајте за да го исчистите умот.
    • rn 011

    • Ако не знаете што треба да промените, обрнете внимание на контекстот. На пример, дали сте размислувале, правеле или планирале нешто кога се појавиле знаците?
    • rn

    rnДознајте и кои се знаците дека сте го откриле вашиот духовен пат.

  • Последното предупредување на Стивен Хокинг за човештвото

    Последното предупредување на Стивен Хокинг за човештвото

    Стивен Хокинг почина во средата на 14-ти март. Иако тој не е повеќе на овој свет, не треба да го заборавиме знаењето што ни го пренел. И покрај тоа што Хокинг страдал од болест позната како АЛС (болест што го остави парализиран од неговите 20-ти години па сѐ до крајот на животот), тој постигнал огромен успех. Во неговата последна објава на Редит напишана во 2016 и во неколкуте интервјуа пред неговата смрт, Хокинг се обиде да нѐ предупреди за нешто што дефинитивно не треба да биде игнорирано. Вака гласи неговата објава на Reddit:rnrnПоследното предупредување на Стивен Хокинг за човештвотоrn

    „Ако машините произведуваат сѐ што ни треба, резултатот ќе зависи од начинот на кој се дистрибуираат работите. Сите ќе можат да живеат луксузен живот, ако се подели богатството произведено од машините, или, пак, повеќето луѓе ќе станат екстремно сиромашни, доколку сопствениците на машините бидат против дистрибуција на богатството. Досега, се чини дека одиме накај втората можност, бидејќи технологијата поттикнува зголемена нерамноправност.“

    rnВо последните неколку години, Хокинг силно верувал дека следните 200 години на Земјата ќе бидат од огромно значење за опстанокот на човештвото. Тој има изјавено дека многу е важно да ја населуваме вселената како што популацијата ќе расте, но и дека не треба да се уништиме себеси пред да ја откриеме или создадеме технологијата што ќе ни биде потребна за да стигнеме до вселената. Тој го открива неговото мислење во едно интервју направено пред неколку години:rn

    „Ако можеме да одбегнеме катастрофа во наредните 2 века, нашиот вид ќе биде безбеден и ќе можеме да се населиме во вселената. Нашиот генетски код сѐ уште ги носи себичните и агресивни инстинкти кои ни овозможувале да преживееме во минатото. Ќе биде многу тешко да се одбегне катастрофа во следниве стотици години, а не, пак, во следните илјадници или милиони. Нашата единствена шанса за преживување е да не се потпираме единствено на планетата Земја, туку да се прошириме во вселената. Имаме направено значителен напредок во последните 100 години. Но, ако сакаме да ги доживееме следните стотици години, вселената е нашата иднина.“

    rnГенерално, неговото предупредување гласи: „Напуштете ја Земјата или соочете се со изумирањето на човечкиот род“. Хокинг никогаш не престанал да го споменува населувањето на вселената. Во 2016 година, тој кажал дека „Човечката колонизација на другите планета не е веќе научна фантастика, туку може да стане научен факт.“ Тој цврсто верувал дека планетата што ја нарекуваме дом не е единствениот дом во којшто луѓето треба да се затвора. Хокинг повеќепати има изјавено дека мора да издржиме и да не се уништиме меѓусебно пред да стигнеме таму каде што одиме.rnrnОва е неговото последно предупредување за човештвото. Кога еден од најголемите светски умови толку често спомнува вакво нешто, би требало сериозно да ја сфатиме пораката. Хокинг беше голем генијалец и светот нема да биде ист без него. Неговите теории и истражувања имаат отклучено многу врати за нас и ќе продолжат да го прават истото и понатаму. Дали мислите дека ќе можеме да го направиме тоа што Хокинг смета дека треба да биде направено?rnrnВо негова чест, прочитајте ги и следниве неверојатни цитати од Стивен Хокинг по кои засекогаш ќе го помниме.

  • 5 предупредувачки знаци на кои треба да внимавате на почетокот на врската

    5 предупредувачки знаци на кои треба да внимавате на почетокот на врската

    Конечно сретнавте некои кој ги исполнува сите ваши услови. Тој е паметен, интересен и привлечен и веќе се надевате дека ќе почнете нешто сериозно. Но, поради некоја причина се прашувате дали сепак можете да ѝ верувате на таа личност. Доколку имате и најмал сомнеж, обрнете внимание на предупредувачките знаци кои се појавуваат на почетокот на врската. Иако можеби е тешко да „прочитате“ некој кој го познавате малку време, подобро е да размислите што ќе правите понатаму ако забележите некој од овие знаци.rn

    1. Контролирање и критикување

    rn(1)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnГолема е веројатноста да сте биле во врска или да сте биле пријатели со некој што сака да биде главен. Овие луѓе постојано ве советуваат што и како да правите. Иако понекогаш е заморно, тоа однесување обично е безопасно. Но, постојат и луѓе кои мислат дека треба да донесуваат одлуки место вас, или пак постојано ве критикуваат за сè. Ако на почетокот на врската партнерот прави да се чувствувате неудобно, можеби станува збор за личност која сака да ве контролира.rn

    2. Невнимателност и расеаност

    rn(2)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnИма луѓе кои го сакаат адреналинот и не им е страв да пробуваат нови и луди работи. Но ако вашиот партнер постојано го прави тоа, можеби има поголеми проблеми. Можеби ова не е доволна причина да ставите крај, но ако кога сте со него често се наоѓате во ситуации кои прават да се чувствувате небезбедно или под притисок, можеби неговата намера не е најдобра.rn

    3. Себичност

    rn(3)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnНа почетокот можеби е тешко да ја забележите себичноста бидејќи и двајцата ќе се обидувате да се импресионирате. Себичните луѓе имаат некој страв дека ако не внимаваат на себе ќе завршат со помалку од она што го заслужуваат. Стравот дека ќе немаат доволно внимание, љубов, пари и слично ги тера да реагираат импулсивно и да ги манипулираат ситуациите за тие секогаш да добијат нешто. Ако вашиот партнер постојано заборава да земе пари кога излегувате, или пак не сака да планира со вас и да ви враќа на пораките, можеби си имате работа со себична личност.rn

    4. Проблеми со посветување

    rn(4)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnНе секој кој е во врска сака да се посвети на својот партнер. Ова е во ред доколку партнерот уште на почетокот ви каже дека не е заинтересиран за нешто сериозно. Но, ако ви каже дека е заинтересиран, или пак почнал да ве запознава со пријателите и семејството, но постојано избегнува да каже дека сте официјално заедно, големи се шансите да си игра со вас. Луѓето кои се плашат од сериозна врска обично имаат други проблеми кои мораат да ги средат пред да му се посветат на партнерот.rn

    5. Неискреност

    rn5)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnНикој не треба да ја толерира неискреноста, особено на почетокот на врската. Ако вашиот партнер ве лаже додека работите сè уште се едноставни, тој ќе продолжи со тоа и понатаму во врската. Бидејќи сè уште немате стекнато доверба еден во друг, во е ред е малку да истражите и да се заштитите. Ако тој нема што да крие нема да му биде проблем да ви одговори на прашањата, но внимавајте да не звучите премногу љубоморно.rnrnИако не би требало прерано да ја осудувате личноста со која се гледате, бидете внимателни. Не брзајте и дозволете им на работите сами да се одвиваат. Со тек на време ќе дознаете со каква личност си имате работа и ќе можете правилно да одлучите дали вреди да се продолжи врската.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата врска нема да трае долго.

  • 7 предупредувачки знаци дека си имате работа со злобна личност

    7 предупредувачки знаци дека си имате работа со злобна личност

    Светот е прекрасно место, исполнето со прекрасни луѓе, барем за оние кои се обидуваат да биде така. За жал, многу често на добрите дела им се враќа со лоши и тоа од луѓе кои не успеале да го пронајдат својот пат. Овие луѓе многу често изгледаат добро, но нивните постапки обично се водени од злобни намери. Ова се луѓето кои се заробени во свој свет и кои мислат само за себе и за своите потреби.rnrn7-predupreduvachki-znaci-deka-si-imate-rabota-so-zlobna-lichnost-kafepauza.mkrn

    Што е злобата?

    rnАко погледнете кон поголемата слика, не постои добро или лошо во универзумот. Сè што постои е дел од совршената космичка рамнотежа. Но, во многу помал размер, ако го погледнеме човештвото, ќе забележиме дека тоа има и некои лоши делови.rnОвие лоши делови се луѓе со трауми, луѓе кои го изгубиле контактот со својата душа или луѓе кои се опседнати со нивната цел без разлика на последиците. Овие личности се така развиени што изгледаат навистина злобно од нашата човечка перспектива. Тие не ја забележуваат добрината кај другите бидејќи нивниот ум е полн со уништување или користење на другите во нивна корист.rnrnЗлобните луѓе не го разбираат концептот единство и сметаат дека секогаш се тие самите против светот. Тие дури мразат да ги гледаат другите среќни. Злобата во нив ги натерала да им нанесуваат болка на другите и да се хранат од својата негативност.rnОвие луѓе можеби се веќе присутни во нашиот живот. Затоа е важно да можете да ги забележите и да ја спречите нивната намера. Овие знаци ќе ви помогнат да ги отстраните овие луѓе од вашиот живот пред да биде предоцна.rn

    1. Знаат да ја искриват вистината

    rnКога овие луѓе ќе дознаат нешто за вас, тие знаат да ја „искриват“ таа информација и да направат да изгледате лошо. Токму ова и им е намерата. Тие прават работите да изгледаат поинаку за да ги натераат другите да се сомневаат во вас и да не ви веруваат.rn

    2. Ќе ви даваат грешни информации

    rnТие не сакаат да ја знаете вистината. Многу често ќе ве тераат да го мислите спротивното. Лесно знаат да ги преувеличат работите и уживаат кога тоа ќе влијае на вас.rn

    3. Постојано лажат

    rnБидејќи никогаш не се искрени кон себе и кон другите, овие луѓе ќе ги смислат лагите кои најмногу ќе ве повредат. Ќе измислуваат работи за да ги надополнат „дупките“ во нивните приказни, а со тоа ја влошуваат секоја ситуација. Обично тие се изворот на сите озборувања, но секогаш изгледаат невино кога работите ќе тргнат на лошо.rn

    4. Не преземаат одговорност за своите грешки

    rnТие никогаш не бараат прошка и никогаш нема да признаат дека направиле грешка. Ако настане проблем поради нив, тие секогаш ќе се обидат да обвинат некој друг. Преземањето одговорност е како губење за нив. А тие не сакаат да бидат губитници.rn

    5. Не чувствуваат вина

    rnИако се свесни за болката која ви ја нанеле, тие нема да се чувствуваат лошо за тоа. Сè додека добиваат нешто од некоја ситуација, не им е грижа за другите. Ако единствениот начин да стигнат до нешто е да го уништат вашиот живот, тие ќе го направат тоа без двоумење.rn

    6. Намерно кријат работи

    rnЛуѓето со злобни намери не сакаат другите да бидат среќни. Како резултат на ова, тие од вас ќе ги кријат работите кои би ве направиле среќни. Со вас ќе споделуваат само информации кои ќе ве разочараат. Многу често изостават важни работи од некоја ситуација сè со цел вам да ви биде полошо.rn

    7. Не ја прифаќаат реалноста

    rnОвие луѓе не сакаат да ја гледаат реалноста онаква каква што е. За нив се важни само работите кои ги задоволуваат. Сè што сакаат да гледаат е лошото кое ви се случува вам и на другите. Поради ова, тие ќе ја „искриват“ реалноста по секоја цена. Многу добро ги смислуваат своите злобни планови кои најчесто се успешни.rn

    Ослободете се од злобните луѓе на паметен начин

    rnВо вашиот живот не треба да има место за овие луѓе. Без разлика што правите, тие секогаш ќе ги засенат вашите добри намери. Ова се нарцисите и психопатите кои ви се претставуваат како ангели. Ако не сакате да полудите и ако сакате да се заштитите, соберете храброст и тргнете се од овие луѓе. Вие не ги заслужувате нивните лаги, а уште помалку да бидете искористувани од нив. Вие сте многу подобри отколку што мислат тие. Па, донесете ја правилната одлука и отстранете ги од вашиот живот без никакво објаснување.

  • 10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насока

    10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насока

    Многумина веруваат дека некои работи се случуваат без особена причина, но ако почнеме да си ја слушаме интуицијата, ќе сфатиме дека сѐ што ни се случува е наше сопствено дело. Можеби не сме свесни дека ние сме креаторите на секој момент од животот, но за среќа, универзумот ни праќа многу знаци за да ни даде до знаење дали сме на вистинскиот или погрешниот пат.rnrn10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насокаrnrnНајчесто, знаците на предупредување се случуваат во форма на несакани околности и настани. Овие знаци се показатели дека вашата енергија заглавила во вибрации со ниска фреквенција. Вашите мисли, чувства и постапки се негативни и тоа ги предизвикува несаканите околности.rnrnОд друга страна, пак, кога вашите мисли, чувства и постапки се движат со вибрации на висока фреквенција, почнуваат да се случуваат позитивни работи. Ќе ги правите работите во вистинско време и постојано ќе ве следи среќата. Токму затоа, многу е важно да ги зацврстите вашите вибрации со тоа што свесно ќе го одберете позитивниот начин на размислување.rnrnИако сите ние можеме да функционираме со вибрации на висока фреквенција, тешко е да се одржи истото ниво цело време. Тоа е така затоа што нашите души се заглавени на Земјата во физичка димензија којашто е многу погуста и побавна од високите, деликатни димензии. Површината на планетата и телата се состојат од вибрации со многу пониска енергија за разлика од онаа на нашите души.rnrnКако резултат на тоа, одвреме-навреме налетуваме на несакани околности, но тоа е сосема во ред. Сѐ додека внимателно ги слушате знаците на предупредување што ви ги праќа универзумот, веднаш ќе можете да се вратите на вистинскиот пат. Во продолжение прочитајте на кои знаци треба да внимавате…rnrn10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насокаrnrn1. Удирање на прстите на стапалатаrnrn2. Заглавување во сообраќаен метежrnrn3. Остри погледи или зајадливи коментариrnrn4. Некаква повредаrnrn5. Неочекувани трошоци или сметкиrnrn6. Непријатни чувства во стомакотrnrn7. Караници со блискитеrnrn8. Разболување и главоболкиrnrn9. Губење или кршење на работите што ги поседуватеrnrn10. Непријатни миризби, звуци или вкусовиrnrnСите овие знаци покажуваат дека мора да се фокусирате и да ја прилагодите вашата фреквенција. Ако сретнете некој од овие знаци на предупредување, веднаш сопрете! Не продолжувајте да работите на одредената задача, не го продолжувајте разговор или не се опседнувајте со мислите што ги имате, зашто тоа нема да ве одведе таму каде што сакате да бидете.rnrnНаместо тоа, вдишете длабоко, тргнете се од ситуацијата, па дури и одвојте една минута за медитација доколку можете. Кога ќе ги забележите овие знаци, реагирајте веднаш и самиот фокус на себеси ќе го сопре негативниот момент. Исто така, немојте да се опседнувате со знакот на предупредување.rnrnАко зборувате, размислувате за него и си го повторувате во умот, со сигурност ќе ја снижите фреквенцијата на вашите вибрации. Сфатете го тоа како знак СТОП и продолжете понатаму. Погрижете се за вашите вибрации и посветете им внимание само на мислите, чувствата и постапките што се согласуваат со природната фреквенција на вашата душа.rnrnПрочитајте ги и овие 15 начини на кои универзумот ви праќа пораки.

  • 7 знаци на предупредување дека си имате работа со злобен човек

    7 знаци на предупредување дека си имате работа со злобен човек

    Иако секогаш се обидуваме да ја гледаме светлата страна на работите, вистината е дека секојдневно се случуваат многу лоши работи во светот. Честопати нѐ повредуваат и разочаруваат луѓето коишто би требало да се грижат за нас. Станува збор за оние што се навидум љубезни, но ве озборуваат позади грб. Таквите луѓе се подготвени да направат сѐ за да ве уништат, без никаква особена причина. Следниве 7 знаци ќе ви помогнат да откриете дали некој човек е злобен или не…rnrn7 знаци на предупредување дека си имате работа со злобен човекrn

    1. Ги извртуваат фактите

    rnСекогаш ги кажуваат работите на малку изместен начин. Ако им дадете некаква информација, тие ќе ја извртат во нешто сосема спротивно.rn

    2. Ги доведуваат луѓето до заблуда

    rnТие ќе ве убедат да го мислите спротивното од она што навистина се случува. Лошите ситуации ги прават уште полоши. Нема да можете да победите во битката со зол човек.rn

    3. Многу лажат

    rnСѐ што прават е лага, бидејќи злобните луѓе се компулсивни лажговци. Ако не можат да ги добијат фактите што им требаат, ќе измислат нешто. Овие луѓе постојано шират ужасни и невистинити гласини.rn

    4. Одбиваат да преземат одговорност за нивните постапки

    rnТие никогаш не преземаат одговорност за нивните постапки. Секогаш предизвикуваат проблеми, а не сакаат да се извинат. Никогаш нема да ги исправат нивните грешки.rn

    5. Немаат грижа на совест поради работите што ги прават

    rnНе им е гајле дали ќе ве повредат или не, бидејќи тие ќе сторат сѐ за да го добијат она што го сакаат. Нема да се двоумат дали да ви го уништат животот, ако тоа им помогне да си ги остварат желбите.rn

    6. Изоставаат важни информации

    rnЗлобните луѓе честопати изоставаат информации за да направат да се чувствувате лошо. На пример, ако се случило нешто лошо, но веднаш потоа се случило нешто убаво, тие ќе ви ја кажат само лошата вест. Тие се способни да сокријат многу важни информации од вас.rn

    7. Ја негираат реалноста

    rnТие го гледаат само тоа што им одговара, бидејќи нивната реалност се разликува од онаа на останатите. Никогаш не ги прифаќаат работите онакви какви што се.rnrnНема место во вашиот живот за злобни луѓе. Заслужувате некој кој нема да ве искористува, кој ќе ви ја кажува целата вистина и нема да крие важни информации од вас. Не прифаќајте ништо помалку од тоа!rnrnВо продолжение дознајте кои се 5-те особини што ги крие лошото срце.

  • Предупредувањето на свети Николај Охридски и Жички кое ќе ви го промени погледот кон работите

    Предупредувањето на свети Николај Охридски и Жички кое ќе ви го промени погледот кон работите

    Епископот Николај (Велимировиќ) Охридски и Жички бил познат теолог и говорник чии мисли и мудрости го менувале животот на народот и го збогатувале неговото знаење. Кога бил млад тој се разболел од дизентерија и се заколнал дека ќе го посвети животот на Бога, доколку преживее. Преживеал и се замонашил под името Николај.rnrnПредупредувањето на свети Николај Охридски и Жички кое ќе ви го промени погледот кон работитеrnrnТој уште во младоста ги читал делата на големите писатели и филозофи како што се Достоевски, Толстој, Пушкин, Виктор Иго, Шекспир, Волтер, Ниче, Маркс и многу други, така што не е воопшто чудно тоа што неговиот речник и мудрост биле на завидливо ниво. Тој бил генијалец, меѓутоа кога дошол во Охрид доживеал огромна промена. Епископот Николај од интелектуалец се претворил во духовник и светител. Токму во Охрид ги напишал и неговите најубави дела. Тој целосно се посветил на Бог и почнал да ја презира славата, човечките пофалби и премногу накитените зборови. Во Охрид неговата духовност го достигнала највисокото ниво.rnrnПрочитајте го неговото предупредување кое целосно ќе ви го промени погледот кон светот:rn

    „Никогаш не брзајте да проговорите за три работи:rnrnЗа Бог – сѐ додека не ја утврдите вашата верба во него,rnrnЗа туѓиот грев – сѐ додека не се сетите на вашиот,rnrnИ за утрешниот ден – сѐ додека не започне.“

    rnСо други зборови, епископот Николај советува дека никогаш не треба да се зборува предвреме за нештата, ниту, пак, да се спомнуваат работи во кои не сме сигурни. Овој совет треба да го применуваме секој ден од нашиот живот, за да бидеме поисполнети и да станеме луѓе во вистинска смисла на зборот.