КАФЕ ПАУЗА

Tag: потсвест

  • Тест: Месечината што ќе ја изберете ќе ги открие вашите скриени мисли

    Тест: Месечината што ќе ја изберете ќе ги открие вашите скриени мисли

    Месечината преку нејзината моќна и мистериозна сила влијае врз нашите животи на некаков необјаснив начин. Изберете една од овие слики и откријте дали таа може да ви открие нешто повеќе за вашата потсвест, а со тоа да ви помогне да се спознаете себеси.rnrnТест: Месечината што ќе ја изберете ќе ги открие вашите скриени мислиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Месечина бр. 1″ active=”false”]Вие сте постојано фокусирани кон остварување на вашите цели. Имате доволно самодоверба, а тоа се должи на вашиот оптимизам во животот. Не го жалите трудот што ќе го вложите за да напредувате во кариерата. Премногу сте самокритични, а тоа понекогаш може негативно да се одрази. Бидете пољубезни кон себе и не плашете се да правите грешки. Колку повеќе сте реални, толку поголеми се шансите за успех.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Месечина бр. 2″ active=”false”]Имате развиено чувство за естетика, а истовремено сте нежни и емотивни. Сепак, претераната сензуалност може да ве спречи да го достигнете вашиот целосен потенцијал. Дали поминувате долго време во игра, честопати се прејадувате или претерано им се препуштате на задоволствата? Сето ова може да ви ја исцрпи енергијата и продуктивноста. Обидете се да бидете поумерени и да вложите енергија во работите на долгорочен план, а не само во оние кои ви даваат моментално задоволство.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Месечина бр. 3″ active=”false”]Сè што правите, правите со страст и знаете да ја свртите секоја ситуација во своја корист. Вие сте сигурен и стабилен работник, пријател и партнер. Вашата енергија придонесува за воспоставување не само на сопствената, туку и на благосостојбата на саканите: сакате да се осигурите дека секој има сè што му е потребно. Вашето чувство на лојалност понекогаш може да се одрази негативно со тоа што ќе ве натера да бидете недоверливи кон непознатото. Наш совет е да се обидете да го победите стравот од преземање ризици.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Месечина бр. 4″ active=”false”]Вашата чувствителност ве прави љубезни и дарежливи. Вашата највпечатлива карактеристика што луѓето ја користат за да ве опишат е несебичноста. Она што го игнорирате е дека и вие имате свои желби и потреби. Можете толку многу да се фокусирате на другите што доведува до целосно занемарување на сопствените потреби. Одвојте време за себеси и откријте кои се вашите способности, кои се вашите вредности. На тој начин ќе уживате во поголема благосостојба.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Месечина бр. 5″ active=”false”]Со оглед на тоа дека сте љубопитни по природа, вашиот ум постојано талка и се прашува. Тоа придонесува за фактот дека имате широки познавања од многу области. Иако сте најчесто пријателски расположени, сепак повеќе претпочитате да бидете сами или со вашите најблиски. Сметате дека оние кои не ве познаваат доволно се плашат од вас или едноставно не ве разбираат. Ги игнорирате негативните последици на стресот. Не заборавајте дека за среќен живот потребно е умот, срцето и душата да бидат во позитивна хармонија еден со друг.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Месечина бр. 6″ active=”false”]Едноставните нешта во животот се оние кои ве прават среќни. Прошетката во парк или гледањето телевизија со пријателот се нешта кои прават да се чувствувате исполнето. Сакате да бидете опкружени со хармонија, спокојство и мир, но поминувате премногу време во анализирањето на прашања од типот „што ако“ кои се однесуваат на работите што би сакале да ги направите надвор од вашето непосредно опкружување. Наместо овие прашања, размислувајте за тоа што би можеле да направите во сегашниот момент што ќе придонесе за целосно искористување на вашиот потенцијал.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, ви предлагаме да направите и тест со мандала кој ќе ви открие изненадувачки детаљ за вашата личност.rnrnИзвор: apost.com

  • Тест: Изберете карта и нурнете длабоко во вашата потсвест

    Тест: Изберете карта и нурнете длабоко во вашата потсвест

    Отсекогаш сте сакале да дознаете што се крие во вашата потсвест? Доволно е да ја изберете картата која најмногу ви го привлекува вниманието. Пред да започнете со тестот, опуштете се неколку минути, земете длабок здив, а потоа изберете една карта.rnrnТест: Изберете карта и нурнете длабоко во вашата потсвестrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]Вие сте вистински авантурист по природа! Храброста, смелоста и љубопитноста се вашите одлики. Имате силен карактер и сте горда личност. Не сте личност која лесно може да биде условувана од другите, ниту пак лесно потпаѓате на туѓите влијанија и пофалби. Покрај ова, за вас е својствена и лојалноста: другите знаат дека можат да ви веруваат и дека нема да ги разочарате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]Ве краси благородна но истовремено скромна и искрена душа. Не сте од оние кои долго ја држат лутината во себе и сакате да живеете мирно и хармонично. Свесни сте за фактот дека гневот и непријателството само го отежнуваат животот. Сепак, не заборавајте дека иако великодушноста и простувањето на туѓите гревови се за пофалба, не смеете да дозволите да бидете искористени. На тој начин ризикувате да ја трошите сопствената енергија на луѓето кои не ја заслужуваат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]За вас е својствена исклучително чувствителна и нежна природа. Приврзани сте за своето потекло, семејните корени и традицијата. Сакате да бидете опкружени со едноставни и убави нешта. Одвреме-навреме чувствувате меланхолија како резултат на неможноста да го ослободите внатрешниот глас. Затоа важно е да научите како да ги споделувате чувствата со другите. Тоа ќе ви помогне да постигнете поголема рамнотежа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 4″ active=”false”]Се одликувате со прониклив ум, а животот го живеете максимално. Можете да бидете исклучително среќни или исклучително тажни, во зависност од ситуацијата што сте ја доживеале. Моментите на осаменост ви делуваат благопријатно бидејќи ви дозволуваат за миг да се повлечете од хаосот на секојдневието и на тој начин да се спознаете себеси и да откриете што е тоа што вистински ви е потребно во животот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, ви препорачуваме да направите и друг преку кој  ќе откриете што е тоа што ве спречува да преземете акција во животот.rnrnИзвор: namstest.net

  • Тест: Изберете една од овие планини и откријте што се крие во вашата потсвест

    Тест: Изберете една од овие планини и откријте што се крие во вашата потсвест

    Планините можат да симболизираат многу нешта во животот, почнувајќи од пречки за надминување па сè до предизвици и победи. Во овој тест на личноста изберете една од овие планини и дознајте што се крие во вашата потсвест. Не губете време анализирајќи ги сликите, туку брзо изберете ја онаа планина што најмногу ќе ви остави впечаток.rnrnТест: Изберете една од овие планини и откријте што се крие во вашата потсвест rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Планина бр.1″ active=”false”]Вие сте самостојна личност. Сакате сами да си го градите патот низ животот и експериментирате со бесконечните можности кои се јавуваат како резултат на вашиот оптимизам. Го обожавате вашиот личен простор и не сакате судири со другите и затоа често ги одбегнувате. Не сакате кога некој ве брза, особено при носењето одлуки. Трпеливи сте кон другите благодарение на вашето внатрешно спокојство и луѓето го препознаваат тоа па затоа сакаат да бидат во ваша близина.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Планина бр. 2″ active=”false”]По природа сте мирна и прибрана личност и ви се допаѓа идејата дека ви претстои мирен пат. Прагматични сте и не сакате да губите време така што ќе вложите повеќе напор во нешто отколку што навистина е потребно. Не сте особено амбициозни и честопати знаете да го изберете полесниот пат како излез од ситуациите. Доследна личност сте, а вашето присуство ги смирува луѓето околу вас.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Планина бр. 3″ active=”false”]Благодарение на вашата екстровертност вие сте постојано опкружени со луѓе. Тие ве сакаат поради вашата смисла за хумор и добрина. Ви се допаѓа да живеете во моментот, да бидете свесни за сегашноста наместо везден да размислувате за иднината. Љубопитни сте по природа и постојано сакате да учите и да стекнувате нови знаења и искуства. Вие сте од оние кои го следат своето срце при носењето одлуки.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Планина бр. 4″ active=”false”]Вие сте авантурист по природа и секогаш подготвени за нов предизвик. Возбудата и авантурите се оние од кои црпите енергија. Сакате да ги одбегнувате правилата и нивните ограничувања. Копнеете по слобода и спонтан тек на нештата, без однапред да си го планирате животот. Се обидувате максимално да го живеете животот со секој изминат ден. Нема нешто што може да ве спречи доколку сте наумиле да го направите тоа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Планина бр. 5″ active=”false”]Тивка личност сте по природа и претпочитате да го поминувате времето во задлабочено размислување. Не сакате гужви или прегласни места. Уживате во сопственото друштво и често сте сами. Осаменоста ви влијае позитивно и ви помага да се спознаете подобро себеси. Уживате во животот и станувате едно со него. Пред да одлучите нешто, ги оценувате вашите идни потези. Им се посветувате целосно на луѓето што ви значат, а врските со нив се вашата најголема радост и приоритет.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Планина бр. 6″ active=”false”]Вие сте доволно смели да го изодите патот кој малкумина го одбрале. На тој начин сметате дека ќе ја пронајдете смислата на вашиот живот. Ја претпочитате самотијата наместо постојано да бидете опкружени со луѓе. Вие го сфаќате светот на начин кој повеќето би го сметале за неконвенционален, а тоа се одразува врз вашиот стил на живот. Вашата личност се карактеризира со креативност и иновативност.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал, забавен тест на личноста, ви препорачуваме да направите и друг тест со златни јајца кои имаат порака за вас.rnrnИзвор: understandingcompassion.com

  • Тест: Патот што ќе го изберете ќе ви открие што се крие зад вашата личност

    Тест: Патот што ќе го изберете ќе ви открие што се крие зад вашата личност

    Изберете една од овие три слики и откријте информации за вашата потсвест. Карактерот на секој од нас се состои од повеќе аспекти кои можеби не ни се видливи секогаш. Токму овој тест ќе ви помогне да откриете дел од скриените страни на вашиот карактер.rnrnТест: Патот што ќе го изберете ќе ви открие што се крие зад вашата личностrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Вие сте навистина силна и рационална личност. Секогаш сте решени да ги постигнете целите што претходно сте ги поставиле. Иако честопати изгледате ладно и рамнодушно кон она што се случува надвор, сепак сте чувствителни, но многу малку луѓе можат да го сфатат тоа. Наш совет е да поминувате повеќе време со пријателите и вашите најблиски.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Вие сте романтична личност по природа и никогаш не престанувате да верувате во вашите соништа. Луѓето кои се околу вас ве сакаат и почитуваат поради добрината со која зрачите. Честопати имате тенденција да го идеализирате светот, а тоа понекогаш може да ве растажи, но секогаш наоѓате начин да се насмеете и да бидете среќни. Наш совет е да продолжите да гледате оптимистички кон светот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Истовремено сте рационална и емотивна личност по природа. Една од вашите најголеми предности е тоа што во која било ситуација постапувате со екстремна мудрост, а тоа ви овозможува да анализирате и следите сè што се случува околу вас. Перфекционист сте, а тоа по себе подразбира успех во кариерата. Наш совет е сепак да не го занемарите семејството и пријателите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест за да откриете што ве очекува во 2022 година.rnrnИзвор: namastest.net

  • Откријте што има да ви каже „најбудалестото“ човече на сликата

    Откријте што има да ви каже „најбудалестото“ човече на сликата

    Изборите што ги правиме во животот се тие што нè дефинираат иако се работи за навидум сосема обична ситуација. Изненадувачки е фактот дека потсвеста во огромна мера може да ни влијае во секојдневниот живот. Фрлете брз поглед врз сликата и изберете ја „најбудалестата“ личност без да ја анализирате и откријте нешто повеќе за вашиот карактер.rnrnОткријте што има да ви каже „најбудалестото“ човече на сликатаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Човече бр. 1 ” active=”false”]Вие сте лидер па според тоа и екстроверт. Луѓето околу вас знаат дека можат да се потпрат на вас, иако понекогаш знаете да бидете тврдоглави. Честопати премногу избрзувате во носењето одлуки. Обидете се да ги анализирате вашите одлуки пред да ги спроведете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Човече бр. 2″ active=”false”] „Три пати мери, еднаш сечи“. Оваа стара поговорка се однесува токму на вашиот карактер. Вие сте мудри и емоционално стабилни. Сепак, понекогаш се обидувате да ја префрлите одговорноста на другите. Љубезни сте кон сите, а луѓето околу вас се свесни за тоа па се во искушение да ве искористат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Човече бр. 3″ active=”false”]Сакате да сонувате за големи нешта. Но, понекогаш успевате некако да ги претворите во реалност колку и да изгледаат невозможни. Луѓето честопати не можат да го разберат вашиот начин на размислување бидејќи сметаат дека е претеран.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Човече бр. 4″ active=”false”]Вие сте принципиелна личност која знае понекогаш да биде и тврдоглава. Имате мислење за сè и секогаш сакате да му се спротивставувате на поредокот на нештата. Бидете внимателни да не си наштетите себеси додека се обидувате да им докажете на другите дека сте во право.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да  направите и јапонски тест на личноста преку кој ќе ги откриете тајните на вашата потсвест.rnrnИзвор: brightside.me

  • Јапонски тест на личноста открива голема вистина: Сконцентрирајте се, запишете ги одговорите и откријте ги тајните на вашата потсвест

    Јапонски тест на личноста открива голема вистина: Сконцентрирајте се, запишете ги одговорите и откријте ги тајните на вашата потсвест

    Овој јапонскиот тест ги открива длабоките тајни на вашата потсвест и ќе откриете нешто што не сте знаеле за вашата личност. Размислувајте според упатствата и вклучете ја имагинацијата, одговорете спонтано, напишете го првото нешто што ви паѓа на памет и на крај прочитајте што открива секој ваш избор. Потсвесниот ум е чудесна работа, но недоволно истражена. Психолошките тестови како овој ќе ви помогнат да научите повеќе за себе.rnrnЈапонски тест на личноста открива голема вистина: Сконцентрирајте се, запишете ги одговорите и откријте ги тајните на вашата потсвестrnrnЗамислете дека шетате во шума со личност по ваш избор. Со која личност шетате?rnrnПо некое време, сретнувате животно. Кое животно е тоа? Каква врска имате со него?rnrnПродолжувате да шетате низ шумата, влегувате сè подлабоко во неа. Пристигнувате на чистинка и тука има напуштен лавиринт. Колку е голем лавиринтот? Колку се високи неговите ѕидови?rnrnОдлучувате да влезете во лавиринтот, но личноста што е со вас ве советува да не влегувате. Сепак, вие влегувате сами. Во центарот на лавиринтот ќе најдете чаша. Од кој материјал е направена? Што ќе направите со неа?rnrnМинувате низ лавиринтот и стигнувате до излезот. Која од овие изјави најдобро го опишува вашето доживување додека шетавте по лавиринтот?rnrn1. Ова беше навистина лесно. Брзо најдов излез.rnrn2. Ми требаше малку време додека да поминам низ него, но не беше страшно.rnrn3. Се изгубив и на моменти помислував дека никогаш нема да излезам.rnrn4. Личноста со која бев во шумата ме најде и ми го покажа патот. Во спротивно, сè уште ќе бев таму.rn

    Дали ги запишавте сите ваши одговори? Во продолжение прочитајте што означуваат тие

    rnЛичноста со која шетавте низ шумата е најважната личност во вашиот живот.rnrnГолемината на животното што го сретнавте ја претставува вашата перцепција за големината на проблемите со кои се соочувате во животот, а начинот на кој се однесувавте со животното открива како се однесувате кон животните проблеми. Дали бевте пасивни или одлучивте да се борите со животното?rn

    Вашиот избор открива многу за тајните на потсвеста

    rnПатеките во лавиринтот го претставуваат патот што ќе го изберете за себе во животот. Додека сте тинејџери, најлесно е да се чувствувате изгубено и збунето – сето тоа се тие слепи улици и погрешни вртења. Вашето искуство со лавиринтот зборува за начинот на кој се сеќавате на годините што ве доведоа до зрелоста.rnrnВисината на ѕидовите на лавиринтот зборува за висината на вашата амбиција да ги решите предизвиците со кои се соочувате. Нискиот ѕид сведочи за вашата отворена личност. Кај вас луѓето се добредојдени во текот на целиот ден. Високите камени ѕидови откриваат дека сте затворена личност. Сакате да бидете сами и не сакате ненајавени гости.rnrnИздржливоста на материјалот од кој е направена чашата е вашата перцепција за издржливоста на врската со личноста со којашто бевте во шумата. Ако чашата е пластична, вашата врска е краткотрајна. Ако чашата е метална, вашата врска е постојана и можете да се потпрете на таа личност. Стаклената чаша зборува за кршливоста на вашата врска.rnrnТоа што го сторивте со чашата го претставува вашиот став кон личноста со која бевте на прошетка. Ако ја оставивте, ќе се чувствувавте оддалечено од таа личност. Ако ја понесовте со себе, ќе сакате да бидете блиски со таа личност.rn

    Вашиот избор како стигнавте до излезот од лавиринтот:

    rn1. „Ова беше навистина лесно. Брзо најдов излез.“rnrnИако многу луѓе ги гледаат своите тинејџерски години како период на стрес и збунетост, тој период за вас бил забавен. Не сте биле оптоварени со притисокот на врсниците. Тоа било одлична забава за вас. Сепак, ова може да значи дека вистинскиот животен тест е пред вас.rnrn2. „Ми требаше малку време додека да поминам низ него, но не беше страшно.“rnrnУчилишните денови не ви биле лесни. Како и повеќето млади, веројатно поминавте многу ноќи грижејќи се за љубовта, за пријателството и за иднината. Тоа искуство ви помогнало да станете личноста што сте денес, а лекциите што сте ги научиле ви помагаат во тешките времиња.rnrn3. „Се изгубив и на моменти помислував дека никогаш нема да излезам.“rnrnИако сите имаат тежок период во текот на созревањето, вие ги доведовте вашите проблеми до крајности. Постојано сте се двоумеле за проблемите и ве измачувале сомнежи. Тоа веројатно придонело за сериозноста и за длабочината на вашиот карактер. Сега е време да се опуштите и да уживате во животот. Вие го заслужувате тоа.rnrn4. „Личноста со која бев во шумата ме најде и ми го покажа патот. Во спротивно, сè уште ќе бев таму.“rnrnПричината за задоволството во вашиот сегашен живот лежи во пријателите што сте ги стекнале и во врските што сте ги формирале во младоста. Бевте загрижени, но секогаш имавте кому да се обратите кога ви беше тешко. Бидете благодарни за среќата што ја имавте досега. Сега, вие сте на ред да ја возвратите услугата и да им помогнеме на другите кои на кои им е потребна помош.rnrnНаправете го и овој визуелен тест на личноста и откријте каков е вашиот начин на комуницирање.

  • Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

    Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

    Можеби сте забележале дека вашата потсвест доловува кои сте всушност како личност и не може да биде измамена или компромитирана. Вашите очи ја гледаат целосната слика, но вашиот ум му дава приоритет на она што е во согласност со вашите чувства и она што ве измачува во моментот.rnrnПсихолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!rnrnПа, што прво забележувате на сликата?rn

    1. Леопарди

    rnПсихолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!rnrnАко најпрво ги забележавте леопардите најголемата причина за стрес во моментов ви претставува вашата романтична врска. Чувствувате дека ја губите конекцијата со вашиот партнер и понекогаш не сте сигурни каде води тоа. Присетете се како се чувствувате кога ја започнавте врската и можеби сè што треба да направите е да разговарате за тоа што ве измачува. Комуникацијата честопати е клуч за решавање на личните проблеми.rn

    2. Лавови

    rnПсихолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!rnrnАко прво ги видовте лавовите вие се мачите да се справите со сите одговорности што ги имате веќе подолг период. Навикнати сте да се грижите за сè и за секого, па почнавте да се заборавате себеси. Вашето семејство и пријателите мислат дека сте неверојатно издржливи и дека можете да поднесете сешто, но вие чувствувате дека сте на работ и секоја малечка работа може да биде последната капка што ќе ја прелие чашата. Знаете, нема ништо лошо понекогаш да бидете себични и можеби е време да се разгалите себеси и да ги наполните батериите.rn

    3. Зебри

    rnПсихолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!rnrnАко првите животни што ги видовте беа зебрите, вашата најголема грижа е вашето лично здравје или здравјето на некој во вашето семејство. Малата грижа за здравјето е добра бидејќи ве охрабрува да имате поздрав животен стил. Но, ако таа се претвори во анксиозност може да биде сериозен проблем. Нема поента да се грижите за нешто што не можете да го контролирате или промените, одржувајте го животот на здраво ниво и уживајте.rn

    4. Жирафи

    rnПсихолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!rnrnАко жирафите беа првите животни што ги видовте, вие сте загрижени за вашата работа и се чувствувате многу несигурни финансиски. За жал, овие денови многу луѓе се соочуваат со долготрајни притисоци на работа и силна конкуренција за работното место. Од друга страна, технологијата се развива толку брзо што постојано мора да учиме нешто ново за да бидеме во тек. Доколку чувствувате дека вашата работа почнува да се менува и налага некои нови вештини во кои не сте многу сигурни, бидете искрени со себе, откријте што ви недостасува и работете на тоа.rn

    5. Сина птица

    rnПсихолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!rnrnАко сината птица беше првото нешто што го забележавте вие се чувствувате малку изгубено и осамено. Во модерното општество главно се поврзуваме преку пораки, мејлови и споделени фотографии. Тоа е супер, но многу луѓе се толку навикнати на виртуелната комуникација што не се чувствуваат пријатно да разговараат со луѓето во живо. И кога се чувствуваат изолирано и осамено, не знаат како да ја прекинат оваа навика.rn

    6. Птици

    rnrnrnАко прво ги видовте двете птици вие се чувствувате малку осамено. Сакате да разговарате со некој за вашите чувства, но не ви е пријатно затоа што мислите дека тие се безначајни. Не ги затворајте чувствата и верувајте им на пријателите и семејството – ако ве измачуваат значи дека се доволно значајни. Вие отсекогаш сте биле независна личност и со годините сте научиле како да го зачувате образот. Поради тоа вашите пријатели нема да воочат дека ви се потребни во моментов. Имајте на ум дека споделувањето на чувствата не е еднакво на слабост.rnrnШто видовте најпрво? Пишете ни во коментари и испратете го тестов на вашите пријатели за и тие да се забавуваат.rnrnНаправете го и овој едноставен психолошки тест: дали се сакате себеси?

  • Одберете лотос и прочитајте го советот што ви е потребен во сегашната ситуација

    Одберете лотос и прочитајте го советот што ви е потребен во сегашната ситуација

    Кога станува збор за откривањето на нештата што треба да ги направите, понекогаш вашата потсвест знае за што станува збор. Од сликата одберете го лотосот што најмногу ве привлекува. Еден ќе се истакне од другите и ќе ви го даде советот што ви е потребен во сегашната ситуација.rnrnОдберете лотос и прочитајте го советот што ви е потребен во сегашната ситуацијаrn

    Лотос 1

    rnДоколку ве привлекува овој лотос, тогаш ситуацијата со којашто сте соочени е многу потешка отколку што мислите. Важно е да останете што е можно посмирени. Сега не е време да ги покажете вашите вистински емоции. Колку подолго го задржите мирот, толку подобро.rnrnНе заборавајте дека понекогаш е подобро да отпуштите нешто што ви причинува болка, наместо да му давате моќ. Колку тешко ѝ да ви изгледа, вие сте силни и можете да поднесете што било.rn

    Лотос 2

    rnМорате да размислите. Делувањето без размислување ќе ви донесе само проблеми во наредните неколку недели. Некои луѓе ќе се обидат да ве повредат, па обидете се да се фокусирате на вас, а не на другите.rnrnРазмислете за вашата финансиска состојба и работете на подобрување на потребните области. Морате да пронајдете стабилност. Иако можеби мислите дека сега не ви оди добро, вашата ситуација е подобра од онаа на најблиските.rn

    Лотос 3

    rnВашето срце пати поради нешто што не можете да го промените, но ова не е причина да се претворате во жртва. Работете на проблематичните области во животот и излезете од вашата школка. Со текот на времето ќе се чувствувате подобро, а она што ви се случува сега во животот нема да трае вечно.rnrnНа крај ќе имате моќ да се навратите на овој период и да сфатите дека сте еден од најдобрите борци. Од голема корист ви е отстранувањето на токсичните луѓе од животот.rn

    Лотос 4

    rnВо последно време, вашиот живот е во неред. Се чувствувате тажно и неспособно да се движите напред. Немојте да се криете, нема потреба од страв од туѓото мислење.rnrnКога се чувствувате вака, направете го спротивното од она што би го направиле вообичаено. Наместо да ѝ се предадете на меланхолијата, создадете нови сеќавања и градете значајни врски. Минувајте време со луѓето кои ги сакате најмногу.rn

    Лотос 5

    rnЗасега животот ви оди навистина добро, иако можеби не ви се допаѓа каде се наоѓате. Како што минуваат деновите, би требало да им покажете благодарност на луѓето околу вас. Што повеќе време минувате со саканите, толку подобро за вас.rnrnЗабавувањето ќе ви помогне да се опуштите и да го ослободите вашиот ум. Во последно време сте позафатени од вообичаено, а тоа се забележува.rn

    Лотос 6

    rnВашите емоционални рани се подлабоки отколку што мислите, а ова е нешто што морате да го надвладеете. Проблемите кои се одвиваат во вашиот ум ве мачат и морате да работите на нив. Можеби би ви помогнал совет од нов извор.rnrnСега не се чувствувате добро во својата кожа, но престанете да се плашите и зачекорете во непознатото. Дајте си прилика да напредувате. Нештата со кои се соочувате нема да ве уништат ако не им дозволите.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЗа да дознаете што треба да промените во вашиот живот, кликнете на картата што најмногу ви го привлекува вниманието.rnrnrnrn[/message_box]

  • 6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

    6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

    Без разлика дали станува збор за посакување пари, љубов, здравје или можност за прошетка низ целиот свет, важно е да станеме свесни и будни, дека само ние управуваме со нашиот живот, и никој друг. Можеби немаме моќ врз природните непогоди кои се дело на мајката природа, но дефинитивно имаме моќ да се промениме себеси, во насока којашто позитивно ќе влијае врз сите полиња од нашиот живот.rnrn6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој животrnrnИмајте на ум дека дури и во трусните подрачја како што е на пример Јапонија, и покрај тоа што ужасни земјотреси ја тресат земјата многу често, тамошниот народ е посветен на градење стабилни, отпорни облакодери и инстантно санирање на сите штети после земјотресите, како ништо да не се случило. Тогаш, што останува за секојдневните проблеми со коишто се соочува обичниот човек? Тоа значи дека кога се сака, сè се може, а вие сте тие коишто го управуваат воланот на вашиот живот.rnrnЗа да имате, да речеме, пари во животот, потребно е да имате ЕДНА дефинирана ЖЕЛБА и таа да биде толку конечна, што ниеден човек, карма, судбина и слично, нема да ве обесхрабри до тој степен, вие да решите да се откажете. Ако имате неверојатно силна амбиција, водејќи се по мотото „Направи го или исчезни“, вие ќе успеете не само да живеете пристоен живот, туку ќе можете да станете астронаут, научник, музичка ѕвезда или што и да е тоа за коешто сонувате.rnrnМетодот со чија помош желбата за богатство ќе биде претворена во финансиски еквивалент, се состои од 6 одредени, практични и јасни чекори:rn

    Прв чекор

    rnВо вашиот ум, фиксирајте точен износ на пари коишто сакате да ги заработувате. Секако, тоа не значи дека е доволно само да си речете: „Јас би сакал/а многу пари“, бидејќи е тотално непрецизна и неефикасна автосугестија. Бидете прецизни во износот, бидејќи постои психолошка причина зад оваа јасно дефинирана сума. Пример: „Сакам да заработувам 1.000 евра месечно.“rnrn6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој животrn

    Втор чекор

    rnОдредете која цена сте подготвени да ја платите, за да ги стекнете тие пари што ги посакавте во првиот чекор. Освестете се дека не постои такво нешто како паѓање пари од небо, каде што вие ќе добиете нешто, без да дадете нешто од себе.rn

    Трет чекор

    rnОпределете точен календарски датум, на кој вие планирате да ги имате во рака парите коишто ги посакавте. Овој чекор е подеднакво важен, и покрај тоа што можеби ви звучи нереално да задавате цел со определен датум, којшто треба самите да го измислите, а не знаете дали воопшто би нашле работа или проект којшто ќе носи толку пари, до тогаш. Идејата не е да сфатите зошто е ова важно, туку да му верувате на процесот. Напишете некој датум, толку е едноставно. Пример: 5 март, 2019 година.rn

    Четврти чекор

    rnНаправете прецизен план, којшто ќе ја поддржи вашата желба и веднаш штом ќе го завршите, почнете паралелно да работите на неговото спроведување во акција, без разлика дали сметате дека психички сте подготвени за тие акции или не.rn

    Петти чекор

    rnОвој чекор е во суштина резиме на сите претходни четири чекори, со цел темелно да ви биде јасен нивниот редослед и процес. Прво, запишете на хартија јасна, прецизна реченица којашто ќе го вклучува точниот износ на пари, којшто сакате да го имате. Второ, определете краен датум за реализирање на таа сума. Трето, определете што сте подготвени да дадете или да вложите од себе, како на пример труд, намалено време за други активности, откажување од одредени задоволства и слично, за да ги стекнете тие пари. Четврто, прецизно дефинирајте го планот благодарение на кој ќе ги стекнете тие пари.rnrn6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој животrn

    Шести чекор

    rnЧитајте го напишаното на глас, два пати дневно, еднаш пред да си легнете да спиете и уште еднаш наутро, веднаш откако ќе се разбудите. Како што ќе читате, ЧУВТВУВАЈТЕ, ВЕРУВАЈТЕ и ЗАМИСЛУВАЈТЕ се себеси, како веќе ги поседувате замислените пари.rnrnЗа овие автосугестии да извршат огромно влијание врз вашата потсвест, потребно е внимателно да ги следите првите 5 чекори, а особено е важно на крајот да ги следите инструкциите спомнати во 6-от чекор.rnrnПсихологијата којашто стои зад оваа вежба, е фактот дека доколку навистина жестоко ПОСАКУВАТЕ да имате пари и вашата желба стане практично опсесија, бидете сигурни дека вие нема да имате никаков проблем да го имате посакуваниот износ во вашите раце. Целта што сакате да ја остварите со неа, е да посакувате да имате пари и да бидете толку решителни во идејата дека ќе ги имате, што ќе се УБЕДИТЕ себеси дека ќе ги стекнете.rnrnЧекори се многу едноставни и не бараат некаква ужасна пожртвуваност од вас, ниту бараат да бидете смешни или патетични за да ги реализирате. Напротив, можеби најпаметно да е не зборувате за овој ваш план со никој друг, бидејќи големи се шансите дека ќе бидете исмеани што верувате во такви „имагинарни глупости“. Па, за да не ве обесхрабрат да пробате, подобро е да ја спроведувате методата тивко и за себе.rnrnЗа овој метод, не ви е потребно да имате високо образование или работно искуство. Она што е потребно, е да имате ИМАГИНАЦИЈА, којашто ќе ви овозможи да видите и да разберете дека богатството не треба да биде оставено на ШАНСА, ДОБРА СУДБИНА или СРЕЌА. Она што вие треба да го дадете од себе, е да имате сон, надеж, желба, копнеж, визуализација и план за да може таа сума да заврши во вашите раце, на реален и чесен начин, независен од некаква си „среќа“ или добивка на лото. Реално, кои се шансите да се случи тоа?rnrn6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој животrnrnГолем е бројот на добитници на лото, кои толку се возбудиле што преку ноќ станале богати, што ги изгубиле сите пари до денар, неразмислувајќи за последиците од прекумерното трошење, ниту направиле план за потенцијални инвестиции кои би можеле цел живот да им носат пари. Парите се ливче хартија, коешто доаѓа и си оди. Моќта и изборот дали ќе ги имате или не, лежи во вас. Секој од нас, порано или подоцна добива шанси во животот, кои треба да ги ФИЛТРИРА во хаосот, да ги ПРЕПОЗНАЕ и да ги ИСКОРИСТИ во своја полза.rnrnОвие генијални чекори се извлечени од светскиот бестселер на Наполеон Хил, „Мисли и збогати се“ (Think and Grow Rich), издаден во 1937 година, а се надополнети и образложени од страна на авторката на статијава. Оваа книга не е новела чијашто цел е да ги забавува читателите, туку е ремек-дело за Законот на филозофијата за успех, коешто е пишувано вкупно 25 години. За тој период авторот интервјуирал и го „хакнал“ патот до успехот на 500 мегауспешни луѓе низ историјата, како што се Хенри Форд, Вудро Вилсон, Томас Едисон и многу други, коишто започнале од нула, а успеале само и само благодарение на нивните МИСЛИ, ИДЕИ И ОРГАНИЗИРАНИ ПЛАНОВИ.rnrnСо „среќа“ и вам, но нема да ви треба многу. 🙂rnrnМоже да ве интересира и овој Фенг Шуи трик: „Кутија со богатство“ која ќе ви помогне да ги привлечете посакуваните работи во вашиот живот.

  • Одберете око и откријте таен детаљ за вашата потсвест

    Одберете око и откријте таен детаљ за вашата потсвест

    Познато е дека очите се прозорци на душата. И буквално и фигуративно, ова е вистина. Она што го гледате во нечии очи и она што го барате во нив открива многу и за тоа каква личност сте вие. Погледнете ја сликата и одберете го окото што веднаш ќе ве привлече – тоа е одбрано од вашата потсвест. Потоа прочитајте што има да ви каже.rnrnОдберете око и откријте таен детал за вашата потсвестrn

    1. Духовен глад

    rnЧувствувате глад, но не за физичка храна. Вам ви е потребна духовна нега. Оваа желба за поврзување со универзумот ве тера да најдете нови искуства и нови авантури. Како што се движите низ животот, мора да научите да му простите на вашето минато. Следете ја оваа страст и ќе се почувствувате живо.rn

    2. Веќе сте биле овде

    rnМногуте ваши инкарнации навистина ве подготвиле. Вашиот живот бил тежок, но си имал и свои прекрасни моменти. Споделете го вашето знаење каде и да одите и ќе заблескате и во вашиот, и во животите на другите.rn

    3. Исцелител

    rnВашата аура навистина блеска. Колку повеќе го прифаќате ова, толку повеќе ќе се зголемуваат можностите за интензивирање на вашата природна вибрација. Оваа внатрешна светлина може да ги лекува другите, па искористете ја. Искористете ја вашата моќ за исцелување и споделувајте ја светлината каде и да одите.rn

    4. Филозоф

    rnСо способност длабоко да навлезе во секоја тема, вашиот ум е постојано бомбардиран со нови идеи и проекти. Често се чувствувате изгубено, но всушност се движите по вистинскиот пат. Овде не постојат грешки, само животни лекции. Верувајте си и ќе продолжите да се движите напред на вашето духовно патување.rn

    5. Магионичар

    rnВие сте енигма завиена во мистерија. Криете многу информации од луѓето и често изгледате попривлечни поради ова. Можеби не го правите ова намерно, но тоа е веќе ваш заштитен знак. Немате потреба да бидете кој било освен самите себе и не дозволувајте им на другите да ви кажат поинаку.rn

    6. Стара душа

    rnВие сте биле овде многу пати претходно и повеќе не ги барате истите нешта како другите луѓе. Во оваа инкарнација не сте сигурни за вашата цел и поради ова можно е да ви недостига самодоверба. Време е да го најдете вашиот пат и вашата светлина. Работете напорно и можеби ќе го најдете она што го барате.rn

    7. Ноќна птица

    rnТемнината е вашиот дом. Вие сте роден илузионист и го откривате само она што знаете дека другите сакаат да го слушнат. Немојте да се менувате, го правите токму она што треба да го правите.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЗа да откриете што треба да направите уште денес, кликнете на златната мандала којашто прва ви го привлече вниманието.rnrnrnrn[/message_box]