КАФЕ ПАУЗА

Tag: попуст

  • Мудро трошење: 6 нешта што секогаш добиваат попуст во текот на август

    Мудро трошење: 6 нешта што секогаш добиваат попуст во текот на август

    Ако се навратите наназад на јуни, сигурно ќе се сетите како сте гледале прекрасни летни нешта (костими за капење, еспадрили, шешири) што едноставно сте морале да ги поседувате. Но денес имаме добри вести за сите оние што успеале да се воздржат – со доаѓањето на месец август, сите овие производи добиваат попусти и ќе можете за пониска цена да уживате во нив.rn

    1. Опрема за во двор

    rn(1) mudro-troshenje-6-neshta-shto-sekogash-dobivaat-popust-vo-tekot-na-avgust-www.kafepauza.mkrnrnСè уште имате добри 4 до 6 недели да уживате во прекрасното летно време. Но имаме и уште подобри вести за вас: Продавачите се спремни да направат простор за есенската опрема, па затоа сигурни сме дека ќе најдете одлична инвестиција за надворешен мебел и до 50% попуст.rn

    2. Лаптопи

    rn(2) mudro-troshenje-6-neshta-shto-sekogash-dobivaat-popust-vo-tekot-na-avgust-www.kafepauza.mkrnrnАко ви е потребен нов лаптоп и веќе некое време штедите за истиот, тогаш дефинитивно треба да почнете да ги разгледувате понудите низ продавниците. Најчесто за време на август, по повод приближувањето на новата школска година, лаптопите добиваат намалување до 25% со цел да бидат подостапни за студентите.rn

    3. Косилки за трева

    rn(3) mudro-troshenje-6-neshta-shto-sekogash-dobivaat-popust-vo-tekot-na-avgust-www.kafepauza.mkrnrnСо оглед на тоа што се приближува есента, а брзо потоа и зимата со својот леден снег, продавачите знаат дека нема уште долго за оваа година да ви треба косилка за трева, па затоа и ги спуштаат цените од 15% до 20% за оние што сакаат да заштедат на долг рок.rn

    4. Костими за капење, шешири, еспадрили…

    rn(4) mudro-troshenje-6-neshta-shto-sekogash-dobivaat-popust-vo-tekot-na-avgust-www.kafepauza.mkrnrnАко сè уште сте во потрага по летна гардероба или едноставно барате класици што би можеле да ги носите и следната година, сега е вистинското време да прошетате низ бутиците. Сите овие летни модели добиваат огромни попусти, некаде и до 60% со цел да се направи простор за новата есенска колекција.rn

    5. Ранци

    rn(5) mudro-troshenje-6-neshta-shto-sekogash-dobivaat-popust-vo-tekot-na-avgust-www.kafepauza.mkrnrnДецата имаат потреба од нови ранци како што се приближува новата школска година, па ако и вам ви треба еден (како на пример, за патување), тогаш август е совршениот месец за да го купите. Едноставно следете ги брендовите на социјалните мрежи и брзо ќе најдете понуда што нема да можете да ја пропуштите.rn

    6. Домати

    rn(6) mudro-troshenje-6-neshta-shto-sekogash-dobivaat-popust-vo-tekot-na-avgust-www.kafepauza.mkrnrnАвгуст е најдобрата сезона за домати, што значи дека можете да купите многу повеќе за помалку пари. Посетете го вашиот најблизок маркет или поминете од пазар и наполнете ги кесите со ова вкусно и здраво овошје.rnrnПрочитајте ги и овие 15 драми низ кои секоја жена поминува кога оди на шопинг за време на големите попусти.

  • 6 причини зошто септември е најдобриот месец за да заминете на одмор

    6 причини зошто септември е најдобриот месец за да заминете на одмор

    За многумина, септември го означува крајот на сезоната за патување, но за некои, тој нуди одлична можност да се спакуваат и да заминат на одмор. Доколку и вие сѐ уште не сте го искористиле вашиот годишен одмор и планирате тоа да го сторите овој месец, погледнете што го прави септември најдобриот месец за патување.rnrnrn

    1. Поголема заштеда

    rnБидејќи е сезона за одење во училиште, многумина не го избираат септември како месец за патување. Токму поради тоа, цените на трошоците за превоз и сместување може значително да опаднат. Дополнително е тоа што во овој месец неретко можете да сретнете и одредени попусти. Доколку и вие сте од оние коишто завршиле со училишните и факултетски обврски, септември е одличен месец да ја пронајдете вашата дестинација за одмор.rn

    2. Избегнување гужви

    rnОва е дополнителен поттик за патување во септември, особено за оние коишто сакаат да ги избегнат гужвите и сообраќајниот метеж. На некои луѓе ова им пречи и им ја исцрпува енергијата, но овој месец е период којшто нуди посмирени посети на омилените дестинации.rn

    3. Пониски цени за сместување

    rnЛуксузните дестинации честопати ги рекламираат своите најголеми попусти на крајот на летото и за време на раната есен. Во септември можете да пронајдете големи попусти дури и на местата каде што отсекогаш сте посакувале да одите. Искористете го овој период и пружете си себеси и на вашите најмили одмор од соништата.rnrnrn

    4. Времето е пријатно

    rnИако септември веќе ја најавува есента, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, септември го нуди сето тоа.rn

    5. Имате можност за вонсезонски активности

    rnДодека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нуди токму септември. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.rn

    6. Поголеми попусти на потребните работи

    rnДоколку отпатувате во септември, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.

  • 6 добри работи кои доаѓаат со пролетта

    6 добри работи кои доаѓаат со пролетта

    Зимата конечно капитулираше и топлото време веќе полека почнува да се чувствува во воздухот. Постојат толку многу убави работи на кои луѓето се радуваат кога пролетта ќе пристигне, како што се долгите денови, будењето на природата, свежиот воздух со мешаниот мирис на различни цвеќиња… Но, има и неколку ситници кои пролетта ги носи со себе и ги чинат оние мали задоволства во животот за кои едноставно нема потреба да се разговара.rnrn6 добри работи кои доаѓаат со пролеттаrn

    1. Сандали

    rnНема ништо поудобно од сандали. Сега, конечно можеме да кажеме дека дојде време да ги тргнеме чизмите и да ги подготвиме сите сандали, балетанки и летни чевли кои ги поседуваме. На потег е временската прогноза.rn

    2. Кратки пантолони

    rnБермуди, шорцеви и сѐ останато освен дебелите пантолони во кои го поминавме поголемиот дел од зимата. Време е да го преуредиме плакарот и да ги наредиме сите парчиња облека изработени од полесни материјали во најразлични бои.rn

    3. Цвеќиња

    rnОва е можеби најдобриот дел од пролетта, освен ако не сте алергични на полен. Дојде периодот кога цутат дрвјата и цвеќињата и во кој уште веднаш треба да купиме или да направиме еден букет цвеќе и со него да го украсиме домот. Всушност, тоа треба да го правиме секоја недела и да уживаме во опојните цветни мириси додека можеме.rn

    4. Зимски попусти

    rnЗнаеме дека зимата е зад нас и дека ни е доста од дебелите виндјакни, капути и високи чизми, но ова е идеалното време за да се купи некое зимско парче кое ви е потребно и кое ќе најде голема примена за наредната зима.rn

    5. Аспарагус

    rnПојдете до најблискиот пазар или продавница за овошје и зеленчук и купете ја оваа исклучително здрава намирница. Освен што е вкусна, таа го намалува холестеролот и високиот притисок, ја спречува појавата на кардиоваскуларните болести, помага при уморот, астмата и алергиите и има уште ред други здравствени придобивки.rn

    6. Возење со велосипед

    rnИсчистете го велосипедот, проверете дали е во ред и подгответе го за возење. Уживајте во природата и пејзажите кои ве опкружуваат со една од најдобрите рекреации кои можете да ги искусите во пролетта.

  • Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење

    Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење

    Оваа огромна скулптура на змеј е иновативна креација целосно направена од 10.000 кинески стапчиња за јадење. Змејот е направен за да го промовира отворањето на ресторанот„Aziatage Café“ во Екатеринбург, Русија минатата година. За да го привлечат вниманието на минувачите, маркетинг агенцијата Voskhod ги ангажирала момците од агенцијата StreetArt кои помогнале во осмислувањето на оваа интересна кампања.Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадењеСекој случаен минувач кој сакал да учествува во креирањето на големиот змеј, добивал по еден пар стапчиња за јадење. Едното го сместувал во однапред направени дупчиња на таблата, притоа замислувајќи си желба, додека второто стапче служело како потврда за 10% попуст за првиот оброк во ресторанот. Големиот змеј се наоѓал веднаш до главниот влез на ресторанот, а во видеото подолу ќе можете да го погледнете целиот процес на создавање на змејот.Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадењеrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 златни правила за полесно штедење

    13 златни правила за полесно штедење

    Ви изгледа дека не можете да излезете на крај со вашите месечни приходи и сакате да заштедите, но не ви успева? Ова се 13 правила кои ќе ви помогнат да заштедите без да скратувате од вашите најголеми задоволства.rnrn13 златни правила за како полесно да заштедитеrn

    1. Појадувајте и испијте го утринското кафе дома

    rnСтанете малку порано со цел да имате време да појадувате дома. Не само што појадокот со сигурност ќе биде поздрав од оној кој би го купиле по пат и би го изеле во брзање, туку и ќе заштедите. Во домот пригответе го и првото утринско кафе и сипете кафе во термос за да имате резерви кои ќе ви помогнат да го „истуркате“ денот. Навидум изгледа како да заштедувате малку и речиси безначајно, но кога ќе пресметате колку пари давате на кафе и појадок купени надвор од домот секое утро, ќе сфатите дека сепак е некоја заштеда.rn

    2. Со велосипед до работното место

    rnДоколку времето е топло и пријатно, заштедете на гориво или автобуски карти и возете се со вашиот велосипед. Заштедувате, а воедно правите добро за вашето здравје и за вашата физичка кондиција.rn

    3. Спакувајте ручек од дома

    rnПред да одите на работа или на факултет, спакувајте си ручек од дома. Доколку секој ден купувате ручек надвор, вашите месечни трошоци се многу поголеми.rn

    4. Внимавајте што правите со слободното време

    rnДали имате навика за време на пауза од работа или во текот на вашето слободно попладне да прошетате по бутици? Најчесто купуваме нешто што воопшто и не ни е потребно само бидејќи ни паднало во очи кога сме поминувале пред излог. Наместо слободното време да го потрошите на шетање по бутици или разгледување онлајн-каталози, читнете добра книга или прошетајте во природа.rnrn13 златни правила за како полесно да заштедитеrnrn

    5. Каков договор имате со мобилниот оператор?

    rnОдберете го соодветниот пакет со цел да заштедите. Обрнете внимание за што најмногу го користите мобилниот телефон: за пристап до интернет, за телефонски повици или за СМС-пораки? Нема потреба да плаќате големи суми кога добар дел од погодностите кои ги добивате воопшто и не ви се потребни.rn

    6. Тестирајте пред употреба

    rnТестирајте го производот пред да го купите. Консултирајте се со пријател или со познаник кој веќе користи таков вид производ, и внимавајте да имате соодветна гаранција особено доколку купувате производи од бела техника. За козметичките производи, пред да ги купите задолжително испробајте го тестерот.rn

    7. Обрнете внимание на квалитетот, а не на квантитетот

    rnСигурно сте ја чуле изреката „Не сум толку богат за да купувам евтини работи“. Наместо претрупување на вашиот плакар со непотребни партали кои сте ги купиле само бидејќи биле евтини и кои веројатно нема да ги облечете повеќе од двапати, купувајте поретко, но поефективно. Одберете практични и квалитетни парчиња облека и обувки. Пример, обувки кои може да ги носите во разни пригоди или маичка со која може да направите многу комбинации.rn

    8. Отстапете место за приоритетите

    rnДали сте сигурни кои ви се приоритетите на вашата шопинг листа? Да, ќе преживеете овој месец без нов пар фармерки, можеби она на што би требало да потрошите пари е поправка на некој апарат од домаќинството.rnrn13 златни правила за како полесно да заштедитеrnrn

    9. Не купувајте импулсивно

    rnДали сте импулсивен купувач? Време е да се откажете од таа навика бидејќи со сигурност придонесува за многу поголеми трошоци. Понесени од анксиозноста во моментот, нема да размислите добро и ќе купите нешто што не ви треба или нешто што не ви е по ќеф. Дали навистина ви треба нов фустан? Каде ќе го носите? Дали е доволно квалитетен? Има ли разумна цена? Може ли да си го дозволите во моментов? Доколку не, вратете го назад каде сте го нашле.rn

    10. Со себе носете што помалку готовина

    rnДодека стојат на сметка, парите се побезбедни. Кога ги имате во џеб полесно ќе се „ослободите“ од нив. Имајте навика да не чувате многу кеш во паричникот.rn

    11. Купувајте од втора рака

    rnСекако, ова не важи за секаков вид производи, како на пример за козметика. Но електричен апарат, автомобил или стари книги, зошто да не? Ќе заштедите, а користа која ќе ја имате од производот ќе биде речиси еднаква. Само пред да купите што било, осигурајте се дека е во добра и исправна состојба.rn

    12. Употребувајте купони или картички за попуст

    rn„Паметното“ купување значи искористување на поволните акции по маркетите и секако користење картички за попуст кои ќе ви помогнат да заштедите. Искористете ги распродажбите и специјалните понуди.rn

    13. Обнова на старите нешта од плакарот

    rnМожеби имате фармерки или здолниште кои не ги носите веќе долго време. Дали постои начин да ги вратите во употреба? Можеби би ги скратиле или додале некаков детаљ? Размислете двапати пред да фрлите одредени парчиња облека и пред да излезете во шопинг по нови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Златни правила за купување облека на попуст

    Златни правила за купување облека на попуст

    Пополека ни стигнува летото, а со тоа доаѓаат и летните попусти на облеката по продавниците. Пред да почнете со обиколка на вашите омилени продавници за да ја освежите вашата летна гардероба, барем со неколку нови парчиња, на ум треба да ги имате следиве неколку совети за да уживате повеќе во шопингот.Златни правила за купување облека на попустrn

    Одредете буџет однапред

    rnМногу е важно ова да го имате на ум постојано, од причина што, кога облеката е на намалена цена можете да се занесете и да потрошите повеќе отколку што сте сакале. Кредитните картички оставете ги дома, а со себе понесете само готовина и тоа онолку колку што имате намера да потрошите.rn
    rn

    Направете список

    rnМожеби звучи смешно бидејќи не одите во набавка на намирници, но сепак е добро да имате насоки кон кои треба да се придржувате. Кога имате прилика да појдете на шопинг, многу е лесно да се вратите дома со многу повеќе кеси отколку што се очекувале, вадејќи се на аргументот дека е купено на намалување.rnrnПа така, доколку ви треба нов костим за капење, летен фустан за посебни прилики или панталони кои можете да ги комбинирате со повеќе парчиња што веќе ги имате, немојте да правите отстапувања и да купите нешто што не ќе можете да го искмбинирате со ништо, а сте го купиле затоа што било евтино. Исто така не купувајте парчиња облека што веќе ги имате дома, под изговор дека „од повеќе глава не боли“. Држете се до подготвениот список.rn
    rn

    На себе носете удобна облека и наоружајте се со многу трпение

    rnСите оние кои имаат искуство со купување облека на намаление знаат дека тоа може да потрае и дека е долготраен процес. Од продавница во продавница, од кабина за пресоблекување во кабина. Сепак, барате нешто што идеално ќе ви одговара. Затоа најдобро е на себе да носите облека која лесно се соблекува и облекува, за да бидете поекспедитивни. Исто така, доколку не ви е денот и сте лошо расположени, одложете го шопингот за друг ден.rn
    rn

    Задолжително пробувајте ја облеката пред да ја купите

    rnБез оглед на тоа што знаете дека големината што сте ја одбрале е соодветна за вас, многу е важно да го пробате секое парче кое ќе го земете. Можеби моделот воопшто нема да прилега на вашето тело. Парчињата кои изгледаат добро на закачалка или на кукла не значи дека ќе ви стојат добро и вам. Затоа подобро е тоа да го забележите во соблекувалната, отколку дома.rn
    rn

    Добро прегледајте ја облеката пред да ја платите

    rnВо сезона на намалување на облеката особено треба да обрнете внимание на оние парчиња што сакате да ги купите. Многу често може да се случи поради честото пробување и разгледување, тие да се оштетени или извалкани. Токму затоа, доколку после пробувањето на парчето решите истото да го купите, добро прегледајте го од сите страни да не има некакви недостатоци.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини вашето хоби да го претворите во бизнис

    5 начини вашето хоби да го претворите во бизнис

    Сите ние имаме некоја пасија во животот. Нешто што нè исполнува максимално и нè оттргнува од секојдневните случувања. За некои тоа е целосното посветување на работата, а за други – некое хоби кое на животот му дава поинаква димензија и смисла за постоењето. Прочитајте 5 начини како хобито може да ви стане работа со полно работно време:4 начини како вашето хоби да го претворите во бизнисrn

    Понудете бесплатни примероци или големи попусти

    rnАко во слободно време се занимавате со продавање облека, накит, готвена храна или какви било услуги, добро е да ги понудите или тестирате на пријателите. Поканете ги дома и запознајте ги со тоа што го правите, покажете им ги производите и дадете им нешто гратис или со голем попуст. Потоа, прашајте ги што мислат за производот или дадената услуга, како би можеле да ги понудат на нивните блиски и пријатели.rn.rn

    Учете од големите фирми

    rn4 начини како вашето хоби да го претворите во бизнисВнимателно проучете ја стратегијата на големите компании. Видете што прават за да го продадат нивниот производ. Во најдобар случај, прашајте дали некој од вработените таму би сакал да вложи малку труд и енергија за да ве научи на некои трикови и начини за подобра продажба.rn.rn

    Користете интернет

    rn4 начини како вашето хоби да го претворите во бизнисОткако ќе научите некои основни трикови и начини за подобра продажба, почнете да употребувате социјални мрежи за да го раширите вашето хоби на што е можно поголем број луѓе. LinkedIn е одлична за почеток. Ова може да го правите вие самите, но подобро е да повикате некои блиски пријатели да бидат дел од вашиот иден бизнис. Колку поголема посетеност на социјалната мрежа, толку повеќе потенцијални купувачи и поголем успех.rn.rn

    Рекламата е важна!

    rnОва е малку понапредно ниво и многу важен чекор за хобито да стане бизнис. Креирајте веб-сајт за вашиот производ, дизајнирајте лого, смислете некое добро име за фирма и почнете да се афирмирате низ светот. Твитер, фејсбук и јутјуб исто така можат многу да ви помогнат во тоа.rn.rn

    Време е за бизнис

    rnАко вашето хоби го исполнува вашиот живот и, што е уште поважно, може да ви обезбеди парични средства за период од 3 до 6 месеци со повремени трошоци, слободно прогласете го хобито за работа со полно работно време. Со среќа!