КАФЕ ПАУЗА

Tag: пиксели

  • Прави портрети користејќи копчиња од тастатури

    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури

    Австралискиот артист Гај Витби или познат под псевдонимот WorkByKnight (WBK) ги изработува овие фантастични портрети користејќи електронски отпад или подобро кажано тој создава слики од познати пејачи, глумци, политичари и слично со помош на копчиња од тастатури, калкулатори, телефони и машини за куцање.rnrn

    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Дејвид Бекам
    rnrnУпотребувајќи ја својата вештина секое копче на неговата слика претставува еден пиксел. Резултатот од неговата работа е навистина фантастичен, а во неговата галерија можат да се најдат околу 1.000 слики. Доколку имате проблем да препознаете некое од лицата на неговите изработки, оддалечете се од екранот или погледнете со подзамижани очи.rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Мерлин Монро
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Боно Вокс
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Салвадор Дали
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Стив Џобс
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Марк Цукерберг
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Нелсон Мандела
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Боб Марли

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

    Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

    Расипани пиксели често се појавуваат и на сосема нови екрани. Штом еднаш забележите макар еден расипан пиксел на вашиот монитор, тој ќе биде постојан извор на иритација секогаш кога ќе го користите. Доколку имате гаранција, проверете дали таа важи за бројот на расипани пиксели со кои вие се соочувате, но и не мора да трчате веднаш во продажниот салон бидејќи тие може или да ве вратат назад или да ви го задржат лаптопот или мониторот со недели. Расипан пиксел може да се поправи прилично едноставно и во домашни услови, а за ова не треба да бидете експерти.

    rn

    Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

    rnrn

    Што е пиксел?

    rnНаједноставно кажано, тоа е една точка од сликата, која може поединечно да се контролира. Сите точки ја формираат целата слика. Екранот се состои од мрежа од стотици пиксели, кои се подвижни, за која цел ги менуваат боите. Секој пиксел се состои од 3 под-пиксели, црвен, зелен и син. Секој од нив пак, е напојуван од транзистор кој ја контролира активната состојба на пикселот.rnrnРасипан пиксел е оној кој не ја прикажува очекуваната боја на екранот. Тоа значи дека тој се има или заглавено на некоја боја, моментално се има исклучено или пак сосема исклучено, што веќе претставува мртов пиксел.rnrnВсушност течниот кристал во под-пикселот понекогаш не се распоредува еднакво и тоа е причина пикселот воопшто да не се вклучи. Ако сите три под-пиксели се зафатени со проблемот, тогаш се случува состојба на моментално исклучување. Во друг случај, транзисторот може да е расипан и тогаш пикселот е нон стоп вклучен (гори) или исклучен (црн) и тогаш се работи за мртов пиксел. Ако видите пиксел во друга боја или бел, шансите да го поправите се големи, но и за црн пиксел има уште малку надеж.rn

    Како да ги откриете расипаните пиксели?

    rnИма неколку онлајн алатки кои ќе ви помогнат во тоа…rn

    LCD2

    rnВклучете го тестот за сите 5 бои (зелена, сина, црвена, бела и црна) едно по друго и видете дали ќе се јават некакви проблеми.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rnrnВо последната верзија од оваа алатка можете да направите „масажа на пиксели“ што може да поправи заглавен пиксел со честа стимулација. Па, ако забележите некоја неправилна точка или цел регион на вашиот LCD екран, вклучете ја опцијата „Fix My Screen“ и оставете го софтверот да работи околу еден час.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rn

    IsMyLcdOK

    rnIsMyLcdOK пак е портабл-апликација за Виндоус со која можете да правите различни тестови за проверка на пикселите, а корисниците на Мекинтош, може да го пробаат Pixel Fix.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rn

    Online Monitor Test

    rnСо оваа алатка можете да тестирате расипани пиксели, но и квалитетот на вашиот монитор воопшто. Можете да ја користите онлајн верзијата или пак да ја инсталирате на компјутерот.rnrnЗа да тестирате, изберете ја опцијата HTML window. На цел екран ќе се префрлите со F11.rn

    Како да поправите расипан пиксел?

    rnРасипан пиксел единствено може да се поправи со често стимулирање и со надеж дека притоа ќе успеете да го вратите во живот. Постојат два начини, едниот е софтверски, другиот е мануелен.rn

    UDPixel

    rnДоколку немате цел час за да се обидете да го поправите расипаниот пиксел со  опцијата „Fix My Screen“ на LCD2, можете да го користите UDPixel за локално да работи на расипаниот пиксел со помош на опцијата undead pixel“.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rn

    JScreenFix

    rnИ ова е една онлајн апликација која користи Јава-аплет за да ги поправи заглавените пиксели.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rnrnСепак, најуспешно се покажува методот на рачно одглавување.rn

    Рачна поправка

    rnАко ниедна од овие алатки не ви го реши проблемот, сепак има уште малку надеж. Ова е една брза техника, но убави поопширни упатства можете да најдете и на wikiHow и на instructables.rn

      rn011

    • Исклучете го мониторот
    • rn011

    • Земете влажна крпа за да не го изгребете екранот.
    • rn011

    • Притиснете со крпата (веројатно ќе ви треба и некој остар предмет под крпата) врз местото на екранот каде го пронајдовте заглавениот пиксел. Внимателно, немојте да притискате отприлика, па да зафаќате со притисок и околни пиксели бидејќи вака може и нив да ги расипете.
    • rn011

    • Додека притискате, вклучете го компјутерот и екранот.
    • rn011

    • Престанете со нанесување притисок. Заглавениот пиксел би требало да се одглави.
    • rn

    rnАко и оваа метода не помогне, веројатно ќе мора да се вратите кај вашиот продавач.rnrnАко сте имале некое непријатно искуство или пак успешно сте решиле проблем на некој од овие начини или на друг, пишете ни коментар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пикселизирани ликови вметнати во реални фотографии

    Пикселизирани ликови вметнати во реални фотографии

    Погледнете ги овие 8-битни компјутерски ликови како си нашле одлично место во неколку реални фотографии.Пикселни ликови вметнати во реални фотографииПикселни ликови вметнати во реални фотографииПикселни ликови вметнати во реални фотографииПикселни ликови вметнати во реални фотографииПикселни ликови вметнати во реални фотографииПикселни ликови вметнати во реални фотографииПикселни ликови вметнати во реални фотографииПикселни ликови вметнати во реални фотографииПикселни ликови вметнати во реални фотографииПикселни ликови вметнати во реални фотографии

  • Будимпешта во 70 гига пиксели

    Будимпешта во 70 гига пиксели

    Кршејќи го хоризонтот и сите правила, 360 World спонзорирани од Epson, Sony и Microsoft, направија да може да патуваме до саканата дестинација преку монитор со само еден клик. Убавините на Будимпешта и целиот овој убав град кој се наоѓа во срцето на Унгарија, може да видите како изгледа дење и ноќе.rnrnБудимпешта во 70 гига пикселиrnrnПанорамското фотографирање траело два дена, а се користеле два 25-мегапикселни Sony A900s фотоапарати и 400мм Minolta леќи.rnrnПогледенте го градот и сите негови познати знаменитости на дневна светлина, а потоа видете ја и магијата на градот Будимпешта ноќе.