КАФЕ ПАУЗА

Tag: откачени

  • Имајте супер ден со откачената музичка плејлиста на Пеперминт!

    Имајте супер ден со откачената музичка плејлиста на Пеперминт!

    Тие ни ја раскажаа приказната за девојката со точакот, за Сара, Бранка, па дури и за другарка ни од маало, ама ако! Тие нам ни се допаѓаат што и да отпеат и отсвират, а нема сомнеж дека денот ќе ви биде супер доколку го започнете со некој од нивните хитови. Секако дека станува збор за рок групата Пеперминт! Секогаш позитивни, добро расположени и откачени, членовите на оваа група не престануваат да изненадуваат со нивните неверојатно искрени текстови и заразни ритами кои откако еднаш ќе ви влезат во глава, нема излегување.rnrnИмајте супер ден со откачената музичка плејлиста на Пеперминт!rnrnБендот го сочинуваат Горан Пајак Трифуновски како главен вокал и гитара, Дарко Велески на бас гитара, Златко Доневски-Бозо на тапани и Ана Трифуновска како придружен вокал. Нивната неизмерна креативност се отсликува како преку нивната забавна музика и текстови, така и преку нивните едноставни, но необични музички видеа кои веднаш пренесуваат позитивна енергија. Пеперминт можат да се пофалат со бројни настапи на разни настани и свирки и со акустичен концерт на MTV. Досега имаат издадено два албума „Некако така“ и „Ама ако“, а нивниот уникатен музички стил стана препознатлив по синглот „Девојката со точакот“.rnrnrnrnСо оглед на тоа што тие создаваат музика пред сѐ од љубов, а не од некакви си други амбиции, не е никакво изненадување тоа што се подготвени на секакви жртви во име на добрата свирка. Па така, басистот Дарко настапувал на концерт во Прилеп иако имал температура од 40 Целзиусови степени. Успеал да издржи до самиот крај, но сепак завршил во болница. Е тоа се вика љубов!rnrnИмајте супер ден со откачената музичка плејлиста на Пеперминт!rnrnИ покрај нивната неоспорлива пожртвуваност, епитетот што најдобро го опишува стилот на овој бенд е „откачен“. Тие дефинитивно се издвојуваат од сите останати музичари на македонската музичка сцена. Можете ли да си замислите како изгледаат пробите и дружбите на членовите од оваа група? Сигурно претпоставувате дека се исполнети со многу „зезање“ и интересни случки. И во право сте! Ова го потврдуваат и самите музичари кои велат дека се шегуваат и смеат 24/7. Тоа што го гледате во спотовите на Пеперминт, истото се случува и во нивниот секојдневен живот.rnrnИмајте супер ден со откачената музичка плејлиста на Пеперминт!rnrnВо продолжение дознајте повеќе за музичкиот вкус на групата Пеперминт од нивната плејлиста на песни кои според нив имаат најоткачен текст, музика или спот…rn

    1. Graham Coxon – „Freakin Out“

    rnrn

    2. The Tiger Lillies – „Living Hell“

    rnrn

    3. The Supremes – „You Keep Me Hangin’ On“

    rnrn

    4. Allah Las – „Tell Me (What’s On Your Mind)“

    rnrn

    5. Altavilla – „Magic Wand“

    rnrn

    6. Pond – „Moth Wings“

    rnrnrnА за да имате и вие забавен и интересен ден, чујте ја нивната најнова песна „Супер ден“ која веднаш ќе ви го подобри расположението…rnrn

  • 11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

    11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

    Оние што обожаваат да читаат книги знаат што значи со часови да се изгубите во светот на книгата, да се поврзете со нејзините ликови и да заборавите на стресот предизвикан од секојдневниот живот. Но, исто така, вистинските љубители на книги честопати стекнуваат некои чудни навики поврзани со читањето. Како на пример, таа дека никогаш не може да имате премногу книги, па тие полека почнуваат да го зафаќаат целиот простор во вашата соба или стан, но вам не ви пречи и секогаш сте расположени да тркнете до блиската библиотека или книжара.rnrn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnОд измислувањето изговори за да прочитате повеќе книги до вашето додевање за најновата книга што сте ја прочитале на секој кој ви обрнал внимание, нема сомнеж дека читателите имаат навистина откачени навики. Ако сте вистински љубител на книгите, сигурно ќе се пронајдете во следниве 11 чудни работи…rn

    1. Сте го искривиле вратот за да видите што чита човекот до вас

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnВо автобус, во паркот, на плажа… Сите сме се истегнале малку повеќе отколку што треба за да видиме што чита човекот до нас.rn

    2. Сте потрошиле повеќе пари отколку што сте имале на книги

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnНе знаете како, ама вашиот буџет значително се намалува секогаш кога ќе здогледате книжара. Секогаш.rn

    3. Сте ги откажале сите планови за да читате книга

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnСлободно можете да признаете. Сите сме го направиле тоа.rn

    4. Ликовите од книгите ментално сте ги сместувале во куќите на Хогвартс

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnСтанува збор за најобична навика. Ништо страшно.rn

    5. Сте ги мирисале книгите

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnОсобено ако станува збор за нови книги!rn

    6. Не сте можеле да одлучите која книга да ја понесете на одмор

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnОдморите служат за релаксација, а тоа значи многу слободно време за читање! Но, најмногу време губите на тоа да одлучите кои книги да ги земете и колку. Што ако веднаш ги прочитате сите книги, или што ако не ви се допадне некоја? На грижите им нема крај!rn

    7. Го сфаќате лично фактот што некој не сака да чита

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnКако е тоа воопшто возможно?!rn

    8. Сте почнале да читате книга пред да си легнете

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnИако многу добро ви се познати последиците и знаете дека нема шанси да заспиете.rn

    9. Сте го ѕирнале крајот на книгата

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnИ сте виделе нешто што целосно ви го уништило впечатокот. Божем не знаевте дека ќе се случи ова…rn

    10. Сте се чувствувале мамурни откако сте завршиле неверојатна книга

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnПо секоја неверојатна книга што ќе ја прочитате се чувствувате празно бидејќи се прашувате што ќе правите потоа.rn

    11. Сте се жалеле дека чантата ви е премногу тешка иако сте знаеле точно зошто е тоа така

    rn11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книгиrnrnСекогаш носите повеќе книги во чантата. За секој случај. Од каде да знаете кога ќе ви затреба некоја?!

  • 9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

    9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

    Играчките не се само за деца. Затоа овие девет прекрасни и откачени играчки можат да се контролираат со смартфон, една од вашите омилени играчки.rn

    1. Оли

    rnОли е мала играчка која прави сè што ќе посакате преку вашиот смартфон или таблет. Може да се врти, превртува и да прави слични други нешта со брзина до 22 км/ч. Може да се контролира и на оддалеченост од 30 метри.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

    2. Смарт авион

    rnСмарт авионот е бавен авион кој може да го летате внатре и надвор, а го управувате преку посебна апликација која ви овозможува преку екранот на смартфонот да влезете во пилотска кабина. Не мора да сте искусен пилот, затоа што има помош за летање, исто како и кај видео игрите.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

    3. Тенкбот

    rnТенкботот може да го пуштите сам да ги совладува пречките на својот пат, а може и да го контролирате преку смартфонот. Многу лесно се движи. Можете самите да си играте со него или да се натпреварувате и тркате со други сопственици на оваа играчка.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

    4. Безжичен шпионски тенк

    rnОва е малку опасна играчка. Може да ја пратите каде сакате, а таа директно ќе ви пренесува преку видео врска за она што се случува таму. Шпионскиот тенк може да отпатува 60 метри далеку од вас. Одлично снима и во ноќни услови, а освен тоа што ќе слушате сè што тој „слуша“, ќе можете преку него и да се обратите на оние кои ги шпионирате преку неговите звучници.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

    5. Ромо

    rnРомо е робот кој ги учи децата, па и возрасните, за роботика и програмирање. Тој знае да детектира лица, да „брка“ нешто кое се движи и да служи како платформа за видео повици. Можете да му дадете да изврши некоја мисија со помош на вашиот смартфон.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

    6. МОТО ТЦ Рели

    rnСмартфонот сега можете да го користите како далечински управувач за количка со која ќе се тркате со некој друг. Количките на далечинско управување не се ништо ново, но денешната технологија овозможува преку екранот да седнете на возачкото седиште и да се тркате со некој друг, а апликацијата да „додава“ оштетувања на вашиот автомобил секогаш кога ќе се судрите со нешто.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

    7. Петкјуб

    rnПеткјуб се поврзува со смартфонот и од тој момент можете да го оставите вашето домашно милениче само дома и преку него да му зборувате, да го гледате и да си играте со него ако најдете начин за тоа.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

    8. Хартиен авион

    rnПауерап е компанија која го произведува овој пакет со којшто вашиот хартиен авион ќе го претворите во вистинска машина која може долго да остане во воздух. Така ќе си го остварите детскиот сон со помош на еден смартфон.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

    9. Бубачка

    rnОваа бубачка не е многу забавна сама по себе, но доколку сакате да ги преплашите пријателите тогаш ќе заврши работа. Може да се управува до далечина од 6 метри.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најкул и најоткачените професори на светот

    Најкул и најоткачените професори на светот

    Колку и да ни било здодевно додека сме дремеле на часовите во училиште, некогаш сите сме имале барем еден професор кој нè инспирирал, активно нè вклучувал во изучувањето на предметот и нè одржувал заинтересирани за слушање и учење. Затоа, овој пост им го посветуваме на сите одлични професори, оние кои знаат да комуницираат со учениците и студентите и кои знаат да го направат учењето забавно. Покрај вакви професори, секој би посакал да се врати назад на училиште.rnrn0-najkul-i-najotkachenite-profesori-na-svetot-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 17 откачени супер бабички

    17 откачени супер бабички

    Има повозрасни луѓе кои во одреден период од животот престануваат да се грижат за тоа што мислат другите и почнуваат да се забавуваат. Овие седумнаесет откачени супер бабички се дел од таа група.rnrn

    17 откачени супер бабички
    Се чини дека не ѝ е лошо
    rnrn
    17 откачени супер бабички
    Баба Близеријан
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Среќни, тажни, откачени и сомнителни предмети

    Среќни, тажни, откачени и сомнителни предмети

    Мислевте дека само живите суштества можат да прават гримаси и да изразат некакви емоции? Овие две видеа докажуваат дека и предметите имаат „свое јас“. 🙂Среќни, тажни, откачени и сомнителни предметиrn

    rnrn


    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул животни какви што не сте виделе

    Кул животни какви што не сте виделе

    Овие фотографии се доказ дека и животните знаат некогаш да откачат. Аматерските фотографии се направени ширум светот, а тука ќе видите кул кучиња кои возат автомобили и мотори, мечка што игра, мајмуни што се глупираат и што ли уште не.rnrnКул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделе Кул животни какви што не сте виделеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најоткачените реклами за кондоми

    Најоткачените реклами за кондоми

    Не е неопходна реклама која ќе ве убедува да купите кондом, но затоа различните брендови на пазарот вложуваат многу креативност за да ги изберете токму нивните производи. Најоткачените реклами за кондомиПогледнете ги некои од најкреативните и најоткачените реклами од нив.rn

    rn

    rn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври

    10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври

    Погледнете ги наредниве неколку необични фестивали кои се слават за време на месецот октомври во различни краеви од светот.rn
    rn

    Трката со патки Тубинген

    rn10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомвриЗапочнувајќи од 1999 година, па сè до денес преку 7.000 жолти гумени патки се пуштаат по реката Некер која поминува низ историскиот град Штутгарт во Германија. Натпреварот започнува напладне на 6 октомври и секој кој поседува гумена патка може да учествува. Учесниците ги пишуваат своите имиња и броеви на патките и потоа ги пуштаат во водата. За време на трката, нивните сопственици се движат покрај реката навивајќи. Можеби ви звучи смешно, но овој натпревар се сфаќа многу сериозно. Всушност и премногу сериозно, бидејќи наградата за победникот изнесува 10.000 евра.rn
    rn

    Октоберфест

    rn10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомвриОктоберфест е прослава за Баварското пиво од најдобрите пиварници во Минхен. Секоја година се конзумираат околу 6 милиони литри пиво заедно со околу 300.000 свински колбаси и 600.000 пилиња на скара. За време на фестивалот се служи пиво само од најдобрите 6 пиварници во 14 големи шатори, кое го служат познатите „пивски“ девојки. Покрај пивото на овој фестивал можете да забележите и традиционална германска забава во вид на фолк костуми, традиционална музика, бендови кои маршираат, луна парк и паради…rn
    rn

    Панаѓурот со камили Пушкар

    rn(3) 10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомвриГодишниот Панаѓур Пушкар кој трае 5 дена се одржува во градот Пушкар, Раџастан, Индија. На овој настан се собираат илјадници луѓе кои сакаат да купуваат или продаваат голем број камили секоја година. За време на панаѓурот, камилите се декорирани со разнобојни парчиња облека и хартија и меѓу другото можат да се забележат и трки, како и паради на убавина со камилите.rn
    rn

    Денот на вештерките (Halloween)

    rn10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомвриСе смета дека денот на вештерките настанал преку келтскиот фестивал Самаин, каде што луѓето би палеле огнови и би носеле костуми за да ги избркаат духовите кои скитале. Со тек на време, денот на вештерките еволуирал во модерен и општествен настан кој се слави на 31 октомври и се карактеризира со детски активности како „трик или почестување“ (trick-or-treating) и обликување на тикви. Децата одат од дом во дом, облечени како вештерки или вампири поставувајќи го прашањето „трик или почестување?“ Доколку сопствениците одберат трик, децата имаат за задача да направат некаков трик, односно да испеат песна или да кажат интересна приказна за духови за да ги заработат своите слатки. Но, ако сопствениците одберат почестување, децата веднаш ја добиваат наградата.rn
    rn

    Дивали, фестивалот на светлата

    rn10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомвриОвој фестивал е еден од најпознатите Хинду фестивали. Името „Дивали“ буквално преведено означува „ред од лампи.“ За време на овој настан, се запалуваат мали лампи за да се слави триумфот на доброто врз злото. Сите светла горат во текот на вечерта за домот да биде исчистен и доведен во ред за Лакшми, божицата на богатството да се чувствува добредојдена. Фестивалот се слави преку огномет, светла, цвеќиња, делење слатки… И трае нешто повеќе од 5 дена.rn
    rn

    Фестивалот Дусера

    rn10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомвриДусера, попознат како „Vijayadashami“ е еден од најважните фестивали кои се слави во различни форми низ Индија, Непал и Бангладеш. Името Дусера означува „отстранувач на лоша судбина“ и се однесува на убивањето на кралот на демоните Равана од страна на Лордот Рама. Овој настан се слави на десетиот ден од есенскиот Хинду лунарен месец Ашвин. Првите девет дена се слави Маха Наватри каде што се играат многу претстави и драми базирани според Рамајана, а потоа тие кулминираат во Дусера.rn
    rn

    Фестивалот на огнени топки Нага

    rn

    rnПозади овој настан постои голема мистерија, а се одржува секоја година во Тајланд. Локално е познат како „bung fai paya nak“ феномен кој може да се забележи во реката Меконг каде што стотици илјадници огнени топки излетуваат од водата високо во воздухот. Тие се црвени и имаат различни големини, започнувајќи со димензии на зрно песок па сè димензии на топка за кошарка. Огнените топки набрзина се издигнуваат неколку стотина метри во воздухот пред целосно да исчезнат. Популарноста на овој феномен започнала околу 1990-тата година, но дури во 2000-тата преку промоција на авторитетите во Тајланд, фестивалот достигнал интернационална слава. Традиционално се верува дека топките настануваат од здивот на Нага, митска змија која ја прогонува реката. И покрај тоа што сè уште не постои научно објаснување, некои веруваат дека топките всушност се џебови од метан кој се собира во реката и потоа спонтано се запалува.rn
    rn

    Фестивалот Окучи Матсури

    rn10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомвриКако еден од најчудните фестивали во Јапонија, фестивалот Окучи во Нагасаки датира од 17 век, кога голем број Кинези живееле во градот и кога и холандските и кинеските трговци редовно ги засидрувале своите бродови тука. Многу години, во Јапонија им било забрането на странците да ги посетуваат другите пристаништа и оние малку холандски и кинески бродови на кои им било дозволено да застанат во Нагасаки биле единствената допирна точка на државата со нејапонскиот свет. Преку фестивалот Окучи се оддава признание на овие трговци каде што се играат традиционални холандски танцови и кинескиот танц на змејот.rn
    rn

    Средно-есенскиот фестивал или фестивалот на месечината

    rn10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомври10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомвриОвој фестивал е познат по многу различни имиња како фестивалот на месечината, кинескиот фестивал со ламби, мункејк фестивал… Тој е популарен лунарен фестивал за време на жетвата кој се слави од кинески и виетнамски луѓе. Настанот се одржува на 15-от ден од осмиот месец според кинескиот календар, кога месечината е најсветла. Овој фестивал се состои од семејни собири, нешто слично како Денот на благодарноста во Америка. Кинезите веруваат дека на тој ден, кога месечината е најокругла и најсветла таа сигнализира време на исполнетост и богатство.rn
    rn

    Вегетаријанскиот фестивал Пукет

    rn10 „откачени“ фестивали кои се слават во октомвриОвој фестивал е разнобоен и малку грозен настан кој се случува за време на 9 дена во октомври, каде што се слави кинеското општествено верување дека апстиненцијата од месото за време на деветиот лунарен месец од кинескиот календар ќе им помогне да добијат добро здравје и мирен ум. И покрај тоа што почетоците на овој фестивал не се многу јасни, се верува дека тој бил донесен во Пукет, Тајланд од кинеска оперска група која се разболела од маларија додека настапувале на островот. Тие одлучиле да започнат строга вегетаријанска диета и да се молат на Деветте императорски богови за да го осигураат прочистувањето на нивниот ум и тело. За изненадување на сите, оперската група целосно се излечила. По нивното откритие, луѓето започнале со фестивалот кој се одржува во чест на боговите, како и за изразување на среќата за преживување на таа фатална болест во тоа време (во 19-ти век).rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични и откачени закони ширум светот #2

    Необични и откачени закони ширум светот #2

    По првата тура откачени закони, следува и второ урнебесно продолжение.rnrn1. Во Турција сите мажени жени кои сакаат да се вработат, мора претходно да добијат дозвола од нивните сопрузи. Жените мораат да живеат онаму кај што сакаат нивните мажи. При развод, жените го губат целиот заеднички имот кој е стекнат во текот на бракот.rnrn2. Во Италија секој маж кој носи здолниште може да биде уапсен.rnrn1-Neobichni-i-otkacheni-zakoni-shirum-svetot-2-kafepauza copyrnrn3. Во Јужна Африка потребна е посебна лиценца за да купите телевизор.rnrn4. Во Австралија, само на електричари кои имаат законска дозвола, им е дозволено да менуваат сијалици.rnrn2-Neobichni-i-otkacheni-zakoni-shirum-svetot-2-kafepauzarnrn5. Додека возите автомобил во Данска, мора да има некој кој ќе оди пред него со знаме за да ги предупреди запрежните коли водени од коњи, дека моторно возило доаѓа на патот.rnrn6. Секоја канцеларија во Германија мора да има прозор со поглед кон небото, макар и мал.rnrn3-Neobichni-i-otkacheni-zakoni-shirum-svetotrnrn7. Во Тајланд е нелегално да излезете од вашиот дом, доколку не носите долна облека. Исто така, додека возите автомобил мора да носите маица.rnrn8. Во Швајцарија е забрането да пуштате вода од казанчето во тоалетот после 22 часот.rnrn4-Neobichni-i-otkacheni-zakoni-shirum-svetot-2-kafepauzarnrn9. Во Сингапур оралниот секс е забранет со закон, освен ако се практикува како дел од предиграта.rnrn10. Во Камбоџа, пиштоли на вода не смеат да се користат за време на новогодишната прослава.rnrnНеобични и откачени закони ширум светот #2rnrn11. Во Мексико велосипедистите не смеат да ги подигаат стапалата од педалите, бидејќи тоа може да доведе до губење на рамнотежата.rnrn12. Во Австралија на децата не им е дозволено да купуваат цигари, но смеат да ги пушат.rnrnеобични и откачени закони ширум светот #2rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.