КАФЕ ПАУЗА

Tag: опуштање

  • 6 совети за опуштање на преоптоварениот ум!

    6 совети за опуштање на преоптоварениот ум!

    Постојано се чувствувате под стрес поради секојдневните обврски? Прекумерната работа и роковите ве исцрпуваат, но сепак не знаете како да воспоставите рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот?rnrn6 совети за опуштање на преоптоварениот ум!rnrnВо продолжение прочитајте за ефектите од прекумерната работа врз мозокот и вашето ментално здравје:rn

    1. Намалена продуктивност и креативност

    rnПостојаното работење без паузирање доведува до физичка и психичка исцрпеност што на крајот резултира со намалена енергија и намалена способност за фокусирање. Ова може да го отежне и ефективното извршување на задачите и да ја намали вашата севкупна продуктивност.rn

    2. Зголемена анксиозност и стрес

    rnПрекумерната работа може да го исцрпи вашиот мозок, предизвикувајќи стрес и грижи. И колку повеќе продолжувате да го правите ова, толку повеќе вашата анксиозност расте со текот на времето.rn

    3. Ослабен имунолошки систем

    rnОва е еден од главните симптоми на прекумерна работа. Хроничниот стрес и прекумерната работа може да го нарушат вашиот имунолошки систем и да влијаат на неговата способност да се бори против разноразните болести. Кога сте под стрес, вашето тело ослободува хормони како кортизол и адреналин, кои можат да го потиснат имунолошкиот систем. Ова може да ве направи поподложни на инфекции и болести.rn

    4. Депресија и исцрпеност

    rnКога работите долги часови и не водите грижа за себе, за кратко време можете да почувствувате исцрпеност и истоштеност. Ова може да доведе до чувство на безнадежност, безвредност, тага, физичка и емоционална исцрпеност, депресија.rn

    5. Намалена способност за концентрирање и донесување одлуки

    rnИнтензивната работа може да го попречи нивото на концентрација, што доведува до одредени симптоми на преоптоварување на мозокот како деменција и тешкотии во донесувањето одлуки.rn

    6 работи што можете да ги направите за да го опуштите преоптоварениот ум

    rn

    1. Погрижете се да вежбате секој ден, дури и да е половина час.

    rnВежбањето може да биде многу ефикасен начин за опуштање ако чувствувате дека вашиот ум е преоптоварен. Освен тоа, истражувањата покажале дека вежбањето може значително да го намали стресот.rn

    2. Вежбајте медитација секој ден.

    rnМедитацијата е проверена формула за справување со знаците на прекумерна работа, како што се стресот и анксиозноста. Станува збор за едноставен, но ефикасен начин да го смирите вашиот преоптоварен ум. Не само тоа, таа ќе ви помогне и да се справите со предизвиците со поголема јасност и одлучност. Можете да вежбате медитација 10-15 минути дневно пред спиење за да ја намалите несоницата и заморот. Треба само да се опуштите, да седите исправено, да ги затворите очите и да вдишете длабоко.rn

    3. Паузирајте и вдишете длабоко секогаш кога ќе се чувствувате под стрес.

    rnДлабокото дишење е еден од најефикасните начини за смирување на нервниот систем и умот под стрес. Според научниците, длабокото дишење ви помага да ги опуштите умот и телото и да ги намалите стресот и анксиозноста. Исто така, тоа може да помогне и во управувањето со негативните емоции и мисли.rn

    4. Запишете ги вашите мисли на хартија.

    rnЧестопати не ги споделуваме нашите мисли со некого затоа што се плашиме да не бидеме осудувани. Затоа, запишувањето на мислите во дневник или на парче хартија е многу добар и ефикасен начин да ги исфрлите вашите емоции и чувства.rn

    5. Разговарајте со некого.

    rnАко имате пријатели или блиски луѓе на кои можете да се потпрете, секогаш можете да им се обратите. Разговорот со нив може да ви помогне да стекнете поинаква перспектива; а тоа, пак, да ги ублажи стресот, анксиозноста и преостанатиот емоционален багаж.rn

    6. Спијте 7-9 часа секоја вечер за да се чувствувате полни со енергија и одморени.

    rnЕден од значајните негативни ефекти од прекумерната работа е заморот. Колку и да се трудите, не можете да спиете доволно во таква ситуација. Знаеме дека не е лесно да се одржува здрав распоред за спиење во овој свет со брзо темпо, особено кога се соочувате со постојан стрес и анксиозност. Како и да е, треба да спиете 7-8 часа секоја вечер за да го опуштите мозокот. Вашиот мозок останува активен кога спиете, но преку спиењето се отстрануваат токсините што се наталожуваат во мозокот додека работите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за смирување на преоптоварениот ум, можеби ќе сакате да прочитате и како да останете позитивни доколку сте опкружени со луѓе кои ви предизвикуваат стрес.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Едноставна техника која ќе ви помогне да се опуштите за само 1 минута!

    Едноставна техника која ќе ви помогне да се опуштите за само 1 минута!

    Некои луѓе многу добро ги препознаваат своите емоции и наоѓаат начин навремено да се справат со нив. Други, пак, имаат тешкотии да ја надминат нервозата. Дали сте можеби еден од оние луѓе на кои им е тешко да се справат со непријатните чувства? Можеби се повлекувате во себе или се прејадувате? Можеби претпочитате да се втурнете во дигиталниот свет и безумно да губите часови на социјалните мрежи?rnrnЕдноставна техника која ќе ви помогне да се опуштите за само 1 минута!rnrnНо, со таквите постапки вие едноставно ги игнорирате вашите проблеми. Ако не ги ослободите вашите негативни чувства, тие остануваат во вас и на крајот може да се манифестираат како болест – и психичка и физичка.rnrnЗначи, најважното нешто во овој случај е да пронајдете начин да се ослободите од стресот што е можно побрзо, за да немате долгорочни последици поради негрижата за вашата благосостојба. Оваа техника може да ви помогне во тоа.rnrnТоа е метод што некои го нарекуваат „кундалини“ медитација и се состои во „размрдување“ на сите ваши негативни чувства од телото!rnrnОваа техника е забележана и во природата. Дали некогаш сте виделе животно да го растресува телото по нападот од друго животно или поради стресна ситуација? Како со тој гест животните да сакаат да се ослободат од непријатните чувства и да продолжат со вообичаените активности. Еве во што се состои оваа техника:rn

      rn 011

    • Поставете тајмер за една минута.
    • rn 011

    • Бидете во стоечка положба, опуштете ги рамената и затворете ги очите.
    • rn 011

    • Почнете да го тресете телото. Не се ограничувајте и не размислувајте како изгледате. Само опуштете се и протресете го телото.
    • rn 011

    • Направете го ова една минута, а потоа останете во истата положба уште неколку минути со затворени очи и размислете како се чувствувате во моментов. Дали сте поопуштени отколку порано?
    • rn

    rnСтанува збор за ефективна техника за релаксација, па затоа ве советуваме да ја користите секогаш кога ќе се чувствувате очајно или под стрес.rnrnОткако прочитавте за оваа техника за опуштање, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги препознаете и како да се справите со паничните напади.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Брзи техники за релаксација и опуштање

    Брзи техники за релаксација и опуштање

    Сигурно постојат денови кога сте под стрес поради многуте обврски, било на работа било дома. Затоа од голема важност е да научите да се опуштите и да се ослободите од стресот и чувството на вознемиреност преку овие едноставни и ефективни техники за релаксација. Прочитајте во продолжение за кои техники станува збор.rnrnБрзи техники за релаксација и опуштањеrn

    Медитирајте

    rnИстражувањата покажале дека секојдневната медитација може значително да ги намали стресот и анксиозноста. Редовното практикување на медитација пак, може да го минимизира ризикот од кардиоваскуларни болести. Доволно е да одвоите 10 минути, да ги затворите очите и да го насочите вниманието кон вашиот здив.rn

    Дишете длабоко

    rnСпоред многумина терапевти, дишењето е најефективната техника за брзо намалување на гневот и анксиозноста. Згора на тоа, оваа техника можете да ја практикувате во кое било време. Сè што ви треба е да се одморите 5 минути и да се фокусирате на здивот. Тука спаѓа и техниката за наизменично дишење каде што првин дишете само преку левата, а потоа само преку десната ноздра. Оваа техника помага да се воспостави рамнотежа помеѓу десната и левата хемисфера на мозокот и има моментални смирувачки ефекти.rn

    Слушајте музика

    rnЕден од начините за брзо опуштање е слушањето музика. Според експертите, музиката има смирувачки ефект врз умот и телото. Едно истражување во 2015 година покажало дека слушањето музика минимум 20 минути може значително да го намали нивото на стрес. Покрај тоа, омилената музика може да го намали чувството на вознемиреност како и брзината на срцевите отчукувања.rn

    Обидете се со хидротерапија

    rnХидротерапијата е метод на лекување кој им бил познат на Римјаните и се состои во искористување на поволното дејство на водата (водена пареа, ладна или топла вода). Доволно е да го измиете лицето со ладна вода за да ја повратите енергијата или пак да ставите коцки мраз на зглобовите бидејќи главните артерии минуваат токму низ нив.rn

    Излезете на прошетка

    rnИзлезете накратко од вашата канцеларија или домот за да вдишете свеж воздух. Ќе увидите дека по 10 минути, умот ќе ви се разбистри од мислите и ќе бидете поподготвени за задачите што претстојат.rn

    Одвојте време за себе

    rnВремето кое ќе го поминете сами со себе ќе ви помогне да ги средите мислите и емоциите. На тој начин ќе се смирите и нема да донесете избрзани одлуки.rnrnОткако ги прочитавте нашите техники за брзо опуштање, можеби ќе сакате да прочитате и кои едноставни медитации ќе го смират вашиот ум за 60 секунди.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Едноставни вежби за брзо опуштање и ослободување од стрес

    Едноставни вежби за брзо опуштање и ослободување од стрес

    Пандемијата на коронавирус сè уште трае, а згора на тоа постојано чувствуваме притисок од сите страни и имаме еден куп обврски. Среде сето ова „лудило“ забораваме на сопственото здравје и благосостојба. Сепак, постојат начини како да се справиме со стресот и анксиозноста во даден момент. Прочитајте во продолжение за што се работи.rnrnЕдноставни вежби за брзо опуштање и ослободување од стресrn

    Проанализирајте ги вашите чувства

    rnСите кога ќе се разбудиме наутро првото нешто што правиме е да го испланираме денот. Ги проверуваме мејловите, пораките на телефон, распоредот. Наместо тоа, обидете се првин да се анализирате себеси. Почнете да водите дневник во кој детално ќе ги запишувате вашите чувства. Со текот на времето ќе се чувствувате посмирено и ќе имате повеќе концентрација за извршување на работните обврски.rn

    Моќта на допирот

    rnДопирот има смирувачка и лековита моќ. Спојте ги рацете и ставете ги на градите како при молитва. Држете ги рацете неколку секунди во оваа положба и размислувајте за тоа кои сте вие, што сте постигнале досега и кои се вашите следни цели.rn

    Пет минути среќа

    rnСоздадете си катче во домот што ќе биде вашето бегство од реалноста, без разлика дали се работи за удобна фотелја, кревет или тераса. Оставете го телефонот настрана и сварете си го омилениот чај. Додека го пиете, обидете се накратко да заборавите на сите проблеми што ве мачат и фокусирајте се на сегашноста.rn

    Променете го местото на седење

    rnПо долгото, напорно работење во канцеларија, седнете на подот. Кога чувствувате дека ја губите контролата, контактот со цврста површина како што е подот или земјата ќе ве смири и стабилизира.rn

    Фантазирајте

    rnЧовечкиот мозок не може да биде 100% фокусиран повеќе од 90 минути. Затоа, почесто правете кратки паузи во текот на работното време. На сите ни треба момент кога едноставно ќе го пуштиме умот да талка.rnrnОткако прочитавте кои вежби можат да ви помогнат за брзо да се опуштите, можеби ќе сакате да ги откриете и вежбите за опуштање кога имате 1, 2 или 3 слободни минути.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs

  • 4 совети како да го отстраните токсичниот стрес од телото

    4 совети како да го отстраните токсичниот стрес од телото

    Најверојатно сте имале долг ден и вашето тело и вашиот ум се исцрпени и чувствувате дека немате енергија. Овие неколку уникатни идеи за самопомош ќе ви помогнат да го зголемите вниманието и да се опуштите.rnrn4 совети како да го отстраните токсичниот стрес од телотоrnrn1. Легнете на креветот, потпрете се на удобни перници и покријте се со ќебе. Исклучете ги светлата и ставете слушалки за да можете да слушате музика за медитирање.rnrn2. Направете бања со етерично масло од лаванда за да се смирите и оставете го телефонот во друга просторија, но претходно исклучете го звукот.rnrn3. Направете табла со фотографии од места од соништата и од други лични желби што ќе ве инспирираат. Некои од фотографиите може да вклучуваат идеи за претстојните патувања. Оваа активност е одлична кога се чувствувате изгубено или без инспирација и сакате да најдете ново хоби и нови интереси.rnrn4. Одете во библиотека и позајмете неколку книги. Или купете ги книгите што ги сакате. Направете си чаша од вашиот омилен пијалак, сместете се на каучот, покријте се со ќебе и читајте барем еден час.rnrnПогледнете ги и овие 5 едноставни навики за зголемување на продуктивноста и намалување на стресот.

  • Вежби за опуштање кога имате 1, 2 или 3 слободни минути

    Вежби за опуштање кога имате 1, 2 или 3 слободни минути

    Во текот на денот, треба да правите вежби за опуштање за да спречите насобирање на стресот. Овие вежби ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и од стравот во секојдневните ситуации. Мини-релаксацијата е средство за ослободување од стресот, а овие техники можат да го ублажат вашиот страв во стоматолошката ординација, да го спречат стресот пред важен состанок, да ве смират кога сте заглавени во сообраќајот или да ви помогнат да се смирите кога ќе се соочите со луѓе или ситуации што ве иритираат.rnrnВежби за опуштање кога имате 1, 2 или 3 слободни минутиrn

    1. Кога имате 1 минута

    rnСтавете ја раката директно под папокот за да го почувствувате кревањето и спуштањето на стомакот додека дишете. Вдишете. Паузата за одбројување е до три. Издишете. Повторно избројте до три. Продолжете да дишете длабоко една минута, со паузи по три вдишувања и издишувања. Или додека седите удобно, може да вдишете длабоко и тивко да си повторите „јас сум“ додека вдишувате и „во мир“ додека издишувате. Повторете полека два или три пати. Потоа почувствувајте како целото тело се опушта во задниот дел на столот.rn

    2. Кога имате 2 минути

    rnПолека бројте од 10 до 0. Со секој број, дишете целосно, вдишувајќи и издишувајќи. На пример, земете длабок здив и изговорете „десет“. Издишете полека. На следниот здив, кажете „девет“ и така натаму. Ако чувствувате вртоглавица, одбројувајте побавно за да направите подолга пауза помеѓу вдишувањата. Кога ќе стигнете до нула, треба да се чувствувате порелаксирано. Ако не се чувствувате, повторете ја вежбата од почеток.rn

    3. Кога имате 3 минути

    rnДодека седите, одморете се од сè што правите и проверете дали постои напнатост во вашето тело. Опуштете ги мускулите на лицето и отворете ја вилицата малку. Нека ви паднат рамената. Рацете нека ви паднат настрана. Оставете ги рацете да се олабават за да има празнина помеѓу прстите. Прекрстете ги нозете или глуждовите. Почувствувајте како бутовите ви потонуваат во столот, овозможувајќи им на нозете да се одделат удобно. Почувствувајте како потколениците стануваат потешки, а стапалата вкоренети до подот. Потоа, вдишувајте и издишувајте полека.rnrnПогледнете ги овие 5 едноставни навики за зголемување на продуктивноста и намалување на стресот.

  • Есенска плејлиста за викенд опуштање

    Есенска плејлиста за викенд опуштање

    Љубителите на музиката имаат плејлисти за секое годишно време и за секое расположение. Денес решивме да споделиме една есенска плејлиста со која ќе се опуштите, ќе се чуствувате топло и пријатно и ќе уживате во престојниот викенд!rn

    1. Bob Dylan – Caribbean Wind

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=VQIpNPyOPW4rn

    2. The Byrds – Hickory Wind

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=4D8-5w1gQHArn

    3. Paul McCatney – Man We Was Lonely

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=vZvilG408bgrn

    4. Boygenius – Souvenir

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=qv88w6hBolorn

    5. Emmylou Harris – Easy From Now On

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ebcJ2WycQ4orn

    6. Neil Young – From Hank to Hendrix

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=SQtiVaelsoYrn

    7. Paul Simon – Duncan

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=u3_UddjEGMArn

    8. Carly Simon – Coming Around Again/Itsy Bitsy Spider

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=DR1HNHLsSAQrn

    9. Fleet Foxes – Ragged Wood

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=VExmgC0z9U0rn

    10. Love – Always see your face

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=a19QBz7HEWYrnrnСлушнете ги и овие песни кои сигурно ќе ве расположат дополнително.

  • 13 есенски филмови што ќе ве натераат да останете дома

    13 есенски филмови што ќе ве натераат да останете дома

    Ако постои идеален период за уживање во филмските маратони, тогаш тоа e дефинитивно есента. Овој период е совршен за уживање дома, за опуштање, за полнење на батериите и за добра книга или добар филм. Без разлика дали станува збор за романтични комедии, за семејни филмови или драми, ова се филмови што секогаш можете да ги гледате со кој било и едноставно да уживате, без премногу врева, заплети и тешки приказни.rn

    1. „Мирисот на жената“ („Scent of a Woman“)

    rnhttps://youtu.be/F2zTd_YwTvorn

    2. „Огнот на свети Елмо“ („St. Elmo’s Fire“)

    rnhttps://youtu.be/Y46Sw1BUHPsrn

    3. „Добриот Вил Хантинг“ („Good Will Hunting“)

    rnhttps://youtu.be/ReIJ1lbL-Q8rn

    4. „Октомвриско небо“ („October Sky“)

    rnhttps://youtu.be/zxJQgYPXjN4rn

    5. „Практична магија“ („Practical Magic“)

    rnhttps://youtu.be/R7uixLkpjPsrn

    6. „Дракула на Брем Стокер“ („Bram Stoker’s Dracula“)

    rnhttps://youtu.be/CjgwUB1CXekrn

    7. „Кога Хари ја запозна Сали“ („When Harry Met Sally“)

    rnhttps://youtu.be/-E10AcydCukrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Вежба за елиминирање на стресот и опуштање

    Вежба за елиминирање на стресот и опуштање

    „За намалување на стресот се доволни десетина минути во кои нема да правите ништо. Но, исто така може да отидете на кафе со пријателката, или на бокс за да ја исфрлите негативната енергија“, вели психологот Љубица Уводиќ Враниќ.

    rnВежба за елиминирање на стресот и опуштањеrnrnСтресот е состојба во која организмот реагира на надворешните и внатрешни надразнувања, и притоа ја пренасочува енергијата кон соочување со опасни ситуации. Иако краткотрајниот стрес е неизбежен во секојдневниот живот, долготрајниот го зголемува ризикот од депресија, агресија, дијабетес итн.rnrnСпоред психологот Уводиќ Враниќ, додека сме под стрес, сите нови потенцијално непријатни ситуации може да се претворат во дополнителна вознемиреност. Притоа, често не е потребно да се случи нешто лошо. Затоа е многу важно да мислиме на превенцијата и да најдеме начин секој ден да се опуштиме.rnrnНачинот на кој се работи на стресот зависи од типот на личноста. На некои им одговара да ја исфрлат негативната енергија на фудбал, бокс или кошарка, додека на некои повеќе им одговараат медитации, односно јога, читање книги и слично.rnrnПонекогаш сме во ситуација да имаме премногу обврски и немаме време или волја за такви активности. Сепак доволно е да се издвои време колку што можеме да уживаме во омиленото хоби или едноставно, да не правиме ништо.rnrnВо тоа време не треба да се јавувате на телефон, да слушате вести или да бидете достапни за најблиските. Тоа може да биде прошетка или слушање музика.rnrnПсихологот Уводиќ Враниќ препорачува едноставни техники кои може да ви помогнат. Една од нив е визуализацијата. Вежбата започнете ја седејќи, најдобро додека сте сами во просторијата.rn

      rn 011

    • Затворете ги очите и вдишете броејќи во себе: 1, 2, 3, 4, така што на 1, 2 задржете го здивот. Издишете броејќи 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8.
    • rn 011

    • Повторете го вдишувањето и издишувањето со броењето 16 пати. Рацете може да ги ставите на стомакот, да чувствувате како мрда. Секое издишување треба да трае двапати подолго од вдишувањето.
    • rn 011

    • Замислете ситуација за која сте загрижени и за која мора да се подготвите.
    • rn 011

    • Обидете се да останете мирни и бидете сигурни во себе.
    • rn 011

    • Визуализацијата може да ја повторите повеќе пати, а потоа сите реални случувања веќе нема да ви бидат извор на стрес.
    • rn 011

    • Вежбата може да ја правите секојпат кога пред вас стои некоја нова ситуација за која сте загрижени. Така ќе ги намалите и тремата и стравот од непознатото.
    • rn

    rn

    Ситни работи кои ќе ви ја ублажат напнатоста и ќе ви внесат радост во животот

    rn

      rn 011

    • Разговор и кафе со пријателите, по можност проследено со многу смеа.
    • rn 011

    • Повеќе сон, односно подобра организација на денот, како би заспале порано.
    • rn 011

    • Десетина минути на ден одвоени за опуштање (на пример, за молитва или медитација).
    • rn 011

    • Слушање музика или танцување.
    • rn 011

    • Гледање смешни филмови или програма за животни, готвење (она што го сакате).
    • rn 011

    • Прошетка во природа или низ градот, но без брзање.
    • rn 011

    • Читање интересни книги.
    • rn 011

    • Пишување дневник или писмо на некого, во кое објаснувате како се чувствувате (не мора да го праќате).
    • rn 011

    • Сликање или цртање.
    • rn 011

    • Барајте можност да запознаете нови луѓе, тоа ќе ви донесе нови искуства.
    • rn 011

    • Бидете отворени кон луѓето.
    • rn 011

    • Изразувајте ги чувствата, разговарајте за нив со партнерот или најблиските.
    • rn 011

    • Бидете околу позитивни луѓе, односно избегнувајте ги оние кои постојано се жалат за нешто или се постојано лути.
    • rn 011

    • Потрудете се да се храните здраво и стекнете здрави навики.
    • rn 011

    • Секој ден набројте 5 убави работи кои ви се случиле тој ден.
    • rn

    rnДоколку не знаете дали добро или лошо се справувате со стресот, решете го овој брз психолошки тест и дознајте.

  • Науката открива: Песната која опушта повеќе и од масажа, прошетка или шолја чај!

    Науката открива: Песната која опушта повеќе и од масажа, прошетка или шолја чај!

    Во студијата која била предизвик за уметниците Јани и Енja, збир од англиски музичари во жестока уметничка конкуренција ја утврдиле најрелаксирачката песна. Песната со траење од 8 минути со наслов „Weightless“, од британската група Marconi Union предизвикува забавување на отчукувањата на срцето, го смалува крвниот притисок, го снижува нивото на хормонот на стрес – кортизол и помага при успивање. Токму затоа и не се препорачува за слушање додека се управува со возило.rnrnrnrnОваа песна не е снимена случајно туку преку соработка со терапевти кои имаат искуство со „звучна терапија“ и создале добитна формула за хармонија, ритам и мелодија што ја постигнале со гитара, клавир, електронски примероци и звуци од природата. Експериментално им била пуштена на 40 жени да ја слушаат во просторија кои биле споени со секакви сензори и им биле дадени сложувалки што требало да ги состават додека слушале различни песни.rnrnНаучниците изјавиле дека оваа песна повеќе опушта и од масажа, прошетка или шолја чај. Песната е 11% повеќе релаксирачка од останатите песни што биле во конкуренција.rnrnЛиз Купер, основачот на англиската академија за терапија со звук, работела со бендот Marconi Union при создавањето на песната. Таа ја опишала како идеална за опуштање на крајот од работниот ден. Вие имате можност да уживате во неа за време на викенд, но и во секое време кога ви е потребно опуштање. Да не должиме повеќе, уживајте во прекрасната релаксирачка мелодија!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=UfcAVejslrUrnrnСлушнете ја и оваа музика која ќе ве одведе на магични места.