КАФЕ ПАУЗА

Tag: оптимист

  • Што треба да знаете ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист?

    Што треба да знаете ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист?

    За вас чашата со вино е секогаш до половина полна, а партнерот е мрачен песимист кој верува дека дегустацијата на вино ѝ штети на животната средина. Но, и покрај вашите разлики, вие се заљубувате еден во друг. Меѓутоа, што ќе се случи кога вашиот оптимизам ќе се соочи со крајот на светот?rnrnШто треба да знаете ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист?rnrnСосема е возможно оптимист и песимист да имаат убава романса, сè додека и двајцата се подготвени да бидат барем малку флексибилни.rn

    1. Ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист

    rnКако оптимист, уживате да ја гледате светлата страна на животот. Кога доживувате неуспех, вие едноставно не дозволувате тоа да ве обесхрабри. Тоа значи дека во врската вие сте личноста што секогаш има решение за проблемите што може да ве спречат да ги реализирате вашите планови.rnrnКога се запознавте со партнерот, неговата насмевка направи веднаш да се заљубите во него. Но, сега не се чувствувате способни да ја одржувате вашата светлина затоа што тој постојано се фокусира на мракот и на несреќата. Па, што можете да направите?rnrnПрво и најважно, размислете што може да биде причината за песимистичката ориентираност на партнерот. Дали тој се бори со депресија или постои некој друг здравствен проблем? Дали неговото детство негативно влијаело врз неговиот живот? Дали неговата емпатија го тера да се грижи за секоја ситница?rnrnОткако ќе откриете која е причината за таквата негативност, ќе можете полесно да го разберете партнерот, а тој ќе го цени тоа што вие се трудите да разберете како се чувствува тој.rn

    2. Ако вие сте песимист, а партнерот е оптимист

    rnИ песимистите имаат свој поглед на животот, иако нивниот е малку потемен.rnrnНаместо да направите лимонада од лимоните што ви ги нуди животот, вие обично размислувате за најлошото сценарио. Ако вашиот партнер ви каже дека неговиот автомобил не работи, вие мислите дека тоа е изговор и дека партнерот нашол подобра личност.rnrnНо, ако ако бидете во врска со личност што постојано има позитивен став кон животот, тоа може да биде премногу за вас. На крајот на краиштата, вие не сте песимист, вие сте реалист, нели?rnrnНаместо да негодувате зошто вашиот партнер е секогаш расположен, размислете која е причината за тоа. Дали партнерот навистина е личност што ги игнорира сите проблемите и постојано шири оптимизам или целата негова позитивност е само маска?rnrnАко вашиот партнер има позитивен поглед, но ги прифаќа и туѓите перспективи, тогаш и вие треба да го направите истото.rnrnНо, ако вашиот партнер го користи својот оптимизам за да ги сокрие своите проблеми, треба да седнете и отворено да поразговарате со него. Кажете му на партнерот дека вие секогаш ќе бидете покрај него, дека го поддржувате и дека сакате да му помогнете да ги реши своите проблеми.rnrnЉубовта помеѓу оптимист и песимист може да успее, сè додека двајцата се подготвени да ги прифатат партнерите токму такви какви што се.rnrnПрочитајте кои се 5-те митови за врските и за бракот што ги учите од околината.

  • Дознајте дали сте оптимист или песимист: Оваа поема ќе го открие вашиот вистински поглед кон светот

    Дознајте дали сте оптимист или песимист: Оваа поема ќе го открие вашиот вистински поглед кон светот

    Постојат два погледа кон светот: Позитивен и негативен. Само од нас зависи кој ќе го одбереме. Честопати се вели дека постојат луѓе според кои чашата е полупразна и луѓе кои ја гледаат истата како половина полна. Сѐ зависи од индивидуалната перцепција. Следнава поема ќе морате да ја прочитате два пати. Напишана е во бел стих и откако ќе ја прочитате одгоре надолу, прочитајте ја и оддолу нагоре. Онаа верзија од поемата која ќе ви делува пореалистична и вистинита ќе ја открие вашата вистинска природа. Поемата е напишана од страна на Џонатан Рид и гласи вака:rnrnДознајте дали сте оптимист или песимист: Оваа поема ќе го открие вашиот вистински поглед кон светотrn

    Изгубената генерација/Постои надеж

    rn

    Јас сум дел од изгубена генерација

    rn

    И одбивам да верувам дека

    rn

    Можам да го променам светот.

    rn

    Разбирам дека ова можеби ќе ве шокира, но

    rn

    „Среќата доаѓа однатре“ – о, да!

    rn

    Лага е тоа најобична.

    rn

    „Парите ќе те направат среќен“

    rn

    Па, така по 30 години, ќе му кажам на детето дека

    rn

    Тоа не е најважното нешто во мојот живот.

    rn

    Мојот работодавец ќе знае дека

    rn

    Моите приоритети се јасни бидејќи

    rn

    Работењето

    rn

    Е поважно од

    rn

    Семејството

    rn

    Слушајте што ви велам:

    rn

    Уште од минатото

    rn

    Семејствата се држат заедно

    rn

    Но сега

    rn

    Општеството се менува и нема да биде како порано

    rn

    Експертите велат дека

    rn

    По 30 години од сега, ќе ја прославувам десетгодишнината од мојот развод.

    rn

    Не верувам дека

    rn

    Ќе живеам во земја што сам сум ја створил.

    rn

    Во иднина,

    rn

    Уништувањето на околината ќе стане норма.

    rn

    Нема да може да се каже дека

    rn

    Јас и моите сограѓани се грижиме за Земјата.

    rn

    Ќе биде очигледно дека

    rn

    Мојата генерација е изгубена.

    rn

    Глупаво е да се верува дека

    rn

    Постои надеж.

    rn

    А сега прочитајте ја целата поема во обратен редослед за да добиете сосема нов поглед кон работите.

  • Како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија?

    Како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија?

    Дали сте ја имале таа среќа да се запознаете со некој кој шири позитивна енергија каде и да оди? Таквите луѓе се ретки, единствени и неверојатни.rnrnЗа разлика од нив, во денешно време сѐ почесто ги среќаваме оние кои со самото свое присуство ја вшмукуваат цела енергија на луѓето во чие присуство се наоѓаат. Со секој направен гест, со секој изговорен збор, тие ја вдишуваат позитивната енергија на луѓето околу нив, оставајќи ги индиферентни или целосно истоштени. Сте запознале ли ваква личност? Веројатно да. А еве и како успешно да се справите со неа.rnrn(1)-kako-da-se-zashtitite-od-lugje-koi-zrachat-so-negativna-energija-kafepauza.mkrn

    1. Обидете се да ја подигнете нивната енергија

    rnИскористете го фактот дека не сите кои припаѓаат во оваа група луѓе се свесни дека ја цицаат енергијата на другите. Според зборовите на д-р Џудит Орлоф во нејзиниот бестселер „Емоционална слобода: Ослободете се себеси од негативните емоции и трансформирајте го својот живот“, додека некои од нив се арогантни и неверојатно непријатни, други се пријателски расположени и шармантни. Оние кои припаѓаат на втората група се оние кои несвесно ја наметнуваат својата негативна енергија, па токму затоа и може да влијаете на нив. Некој убав збор, малку асистенција кон заземање попозитивен став и ќе успеете не само да ги расположите нив, туку и да ја задржите својата позитивност.rn

    2. Кажувајте позитивни нешта

    rnПесимизмот кој владее околу вас може многу лесно да ве обземе и вам. Сепак, негативната енергија се шири многу побрзо од позитивната. Но како и секогаш, постојат нешта кои што можат да компензираат за неа. Една од тие работи е да го вртите муабетот на позитивни теми така што ќе си дадете себеси простор константно да се потсетувате на убави работи. Тие ќе компензираат за негативноста наоколу, па вие ќе продолжите да се чувствувате убаво.rn

    3. Дистанцирајте се од личноста

    rnНекогаш едноставно нема друго решение освен да се оддалечите себеси од личноста којашто шири песимизам. Колку и да се обидувате да влијаете позитивно и/или да останете позитивни, некои луѓе едноставно нема да ве пуштат внатре. Тие ќе продолжат да ве истоштуваат и замараат сѐ додека не ја впијат цела ваша енергија оставајќи ве вас во никаква состојба. Тогаш не ви останува ништо друго освен да се тргнете себеси од нив. И притоа не треба да чувствувате никаква вина. Она кое не влијае добро на вас, не ви е потребно.rn

    4. Насмевнувајте им се

    rnНасмевката е најдобриот начин да го раширите својот оптимизам. Смејте се, споделувајте позитивна енергија, ширете убаво расположение. Бидете свои и ведри и не дозволувајте никому да ви го одземе тоа. Дозволете ѝ на вашата позитивна енергија да ги допре оние околу вас така што ќе ја споделите среќата која ја чувствувате. Вие ќе се чувствувате подобро, тие ќе се чувствуваат подобро и кој знае, можеби нечиј живот ќе се промени на подобро.

  • Психолошки тест: Дали сте оптимист или песимист?

    Психолошки тест: Дали сте оптимист или песимист?

    Дали вашата чаша е половина полна или половина празна? Дали секое утро очекувате сонце или дожд? Дали верувате во најдобриот исход или секогаш го очекувате најлошото? Решете го овој текст и дознајте дали сте оптимист или песимист.rnrnПсихолошки тест: Дали сте оптимист или песимист?rnrnПрочитајте ги внимателно следниве прашања, искрено одговорете со „да“ или „не“ и потоа соберете ги бодовите од вашите одговори…rnrn1. Дали сакате да патувате?rnrn2. Дали сакате да научите да работите нешто ново, нешто што досега никогаш не сте го правеле?rnrn3. Дали патите од несоница?rnrn4. Дали сакате да ги каните пријателите на гости или да одите вие да ги посетите?rnrn5. Имате ли развиена интуиција, односно дали можете да претчувствувате неволја која следува?rnrn6. Ве обземаат ли често мисли дека многу луѓе од вашата генерација постигнале многу повеќе во животот од вас?rnrn7. Се занимавате ли со спортување?rnrn8. Сметате ли дека судбината била неправедна кон вас?rnrn9. Ве загрижува ли можноста за глобална катастрофа?rnrn10. Сметате ли дека размислувањето предизвикува повеќе проблеми отколку што решава?rnrn11. Се сомневате ли во изборот на вашата професија?rnrn12. Дали вашиот дом е осигурен?rnrn13. Дали би се преселиле во друг град доколку таму ви понудат интересна и добро платена работа?rnrn14. Дали сте задоволни со својот изглед?rnrn15. Дали често се чувствувате лошо?rnrn16. Можете ли лесно да се вклопите во нов тим на работа.rnrn17. Дали луѓето околу вас сметаат дека сте активна личност?rnrn18. Верувате ли дека постои пријателство без корист?rnrn19. Верувате ли во добри знакови: среќни броеви, денови и слично?rnrn20. Сметате ли дека секој сам ја гради својата среќа?rnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бодување:” active=”false”]rnrn1. Да – 1; Не – 0rnrn2. Да – 1; Не – 0rnrn3. Да – 0; Не – 1rnrn4. Да – 1; Не – 0rnrn5. Да – 0; Не – 1rnrn6. Да – 0; Не – 1rnrn7. Да – 1; Не – 0rnrn8. Да – 0; Не – 1rnrn9. Да – 0; Не – 1rnrn10. Да – 0; Не – 1rnrn11. Да – 1; Не – 0rnrn12. Да – 0; Не – 1rnrn13. Да – 1; Не – 0rnrn14. Да – 1; Не – 0rnrn15. Да – 1; Не – 0rnrn16. Да – 1; Не – 0rnrn17. Да – 1; Не – 0rnrn18. Да – 1; Не – 0rnrn19. Да – 1; Не – 0rnrn20. Да – 1; Не – 0rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rn

    Резултати:

    rn

    Сериозен песимист (0-4)

    rnИзгледа дека животот воопшто не внимавал на вас, па токму затоа и ништо не очекувате од иднината. Проблемите за вас се природна работа, а радоста е нешто што одвреме-навреме ви се случува. Токму затоа постојано ве мачи чувство на вина и намалена вредност за себе. Иако е добро да се преземе одговорноста за она што ни се случува во животот, вие едноставно претерувате во себеобвинувањето. Време е да ја промените вашата перспектива!rn

    Песимист (5-9)

    rnВие по природа сте весела личност, но во животните борби сте изгубиле дел од оптимизмот. Се плашите од неуспех и токму затоа сте се повлекле во себе. Мислите дека сè што е добро кратко трае и дека вие не можете никако да влијаете врз тоа. Време е да излезете од вашата удобна зона!rn

    Реалист (10-14)

    rnВие сте реалист кој знае да се цени и себеси и другите. Знаете како да си ги поставите задачите и како успешно да ги решите. Активни сте во вашиот живот. Емотивната стабилност се гради со години и токму затоа не е чудно што зрелоста носи стабилност и во овој поглед. Некој секогаш ќе биде поубав, попаметен и помлад од вас, но никогаш нема да биде ВИЕ. Немојте да се менувате за да ги натерате другите да ве сакаат. Бидете оние кои навистина сте и вистинските луѓе веднаш ќе ве засакаат!rn

    Оптимист (15-18)

    rnВас ретко кога ве обзема депресија бидејќи постојано се трудите да ја гледате светлата страна на нештата. Многумина не сфаќаат на што е заснован вашиот оптимизам. Вие лошите нешта ги препишувате на моментални причинители, односно верувате дека нештата брзо ќе се подобрат. Вие станувате брзо откако ќе паднете, а токму тоа укажува дека сте на правиот пат!rn

    Вечен оптимист (19-20)

    rnВашиот оптимизам е бескраен. За вас изгледа не постојат непријатности. Браво!

  • 14 знаци кои укажуваат дека сте оптимистички песимист

    14 знаци кои укажуваат дека сте оптимистички песимист

    Луѓето најчесто се делат на оптимисти и песимисти. Но, доколку вие не се пронаоѓате во оваа категоризација и понекогаш мислите дека сте и двете, тогаш прочитајте ги следниве знаци кои укажуваат дека можеби сте оптимистички песимист.rnrn14 знаци кои укажуваат дека сте оптимистички песимистrnrn1. Фразата „Надевај се на најдоброто, подготви се за најлошото“, е вашето животно мото.rnrn2. Секогаш кога „најлошото“ ќе се случи, вие викате кон најдлабоките делови на јадрото на Земјата, „Знаев дека нема да помогнеш! Ништо добро никогаш не ми се случува!“rnrn3. Секогаш кога „најдоброто“ ќе се случи, вие го насочувате погледот кон небото и велите, „Ти благодарам Универзуму, знаев дека нема да ме разочараш! Денес е прекрасен ден!“rnrn4. Ако оптимистите се споредувани со сончево време, а песимистите со пороен дожд, вие сте како делумно облачно време со 50% можност за дожд.rnrn5. Пријателите кои бараат совет од вас, најчесто си заминуваат збунети. „Таа порака сигурно не значи ништо и вие сигурно губите премногу време пречитувајќи ја, но од друга страна, тој/таа може и да биде заљубен/а во вас? Најверојатно не. Но, секогаш треба да се има надеж, нели? Но, не премногу надеж.“rnrn6. Кога наутро се будите, вашите денови се „виновни сè додека не се прогласат за невини“. Вие секогаш претпоставувате дека денот ќе ви биде лош, но сте отворени за идејата дека може да грешите.rnrn7. Секогаш кога некоја славна личност ќе изгуби контрола над својот живот, вие не сте изненадени бидејќи сте знаеле дека тоа ќе следува, но секогаш сте се надевале дека ќе успее да ги сврти работите во добрата насока.rnrn8. Вие мразите да пробувате нови нешта, како скок со падобран, бидејќи сте сигурни дека сè ќе тргне наопаку, но и покрај тоа вашиот упорен пријател ќе успее да ве убеди да пробате.rnrn9. Доколку сте писатели, секогаш кога пишувате, вие постојано си велите дека никој нема да го сака вашето дело бидејќи е глупост, но подлабоко во вашите мисли вие веќе ја прифаќате вашата Пулицерова награда.rnrn10. Секогаш кога ја гледате ТВ серијата „New Girl“, вие истовремено се поврзувате и со Ник и со Џес и тоа е многу збунувачко за вас.rnrn11. Вие сте секогаш подготвени да им давате втора шанса на луѓето, но доколку повторно ве изиграат, тогаш се збогувате со нив засекогаш.rnrn12. Вие се жалите за сите видови лошо време, но навистина уживате кога ќе излезете надвор и ќе правите Снешко или ќе танцувате на дождот.rnrn13. Вие сте сигурни дека сè е лошо и дека сигурно многу лоши работи ќе ви се случат, но сте убедени дека успешно ќе успеете да ги надминете сите препреки на вашиот пат.rnrn14. Секогаш кога одите во маркет и не сте сигурни дали ви е потребно млеко, вие сепак за секој случај купувате. Ако сте немале, сега ќе имате. Ако сте имале, никому ништо.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајната формула за успех

    Тајната формула за успех

    Која е тајната формула за успех? Ја има некој некаде запишано или можеби како напивка ја има ставено во шишенце? Па да ни биде загарантирано, замисли си желба, испиј ја течноста од ова шишенце и автоматски ќе стигнеш до посакуваната цел. Колку убаво, нели?!rnrnЗамислете секој да можеше да си ја оствари својата желба, ќе беше вистински хаос, секој без ни малку труд ќе го добиваше она што ќе го посака. Воопшто немаше да се цени она што е добро, упорноста и амбициите ќе исчезнеа како карактеристики на еден човек… И што ќе беше после со светот? Секој човек не е роден со исти можности, но тоа што не сте родени како идни кралеви, не значи дека немате можност да станете некој и нешто.Тајната формула за успехКако што јас си ги сфаќам работите, предност е доколку мораш сам да се избориш за место и позиција, сам да си дојдеш до твојот успех, за еден ден да речеш „Го постигнав ова зошто вредам!“ Животот каде сè ти е дадено на послужавник не е живот! Кога не си во можност да почувствуваш тага, неуспех, пораз, солзи и разочарување, како ќе знаеш вистински да ги цениш успесите и насмевките? Луѓето кои се презадоволни на многу полиња во животот, едноставно се за жалење. Да не знаеш да го цениш она што го имаш, е исто како да не знаеш да уживаш во истото.rnrnСите луѓе се раѓаат и умираат. Но ретки се оние кои вистински знаат да живеат. Не се мери среќата со тоа каде си бил, туку колку квалитетно си го поминал твоето време. Нема тајна формула за успех и за среќен живот, но кога подобро ќе размислам, и да има не ја сакам. Нашите падови и успеси нè прават луѓе.rnrnЛуѓето често знаат да ја обвинат судбината, дури и оние кои не знаат што точно значи зборот „судбина“. Не може така да ти било пишано, единствената логична опција е дека не си се потрудил доволно. Дури и да верувам во судбина, верувам дека ме носи до одреден пат, а што ќе направам понатаму зависи од мене. Ова е наш живот, наши избори, наши одлуки. Некој ќе одбере да мрчи, да ја обвинува судбината и константно да доживува неуспех или лажен успех, друг ќе одбере да знае како да се носи со поразите и да ги претвора во успеси.rnrnПостојат работи врз кои не можеме да влијаеме, несреќи кои се случуваат без да можеме да направиме нешто, услови во кои живееме а не сме ги избрале ние самите. Затоа да влијаеме дупло повеќе онаму каде што можеме. Работите во светот се поврзани, сè е поврзано, сè доаѓа со заслуга и со причина. Колку порано го сфатиме тоа, толку полесно ќе ни биде. Само треба да знаеме да се стрпиме додека нештата се свртат во наша полза. Никогаш не сум ги обвинувала луѓето кои не успеале, но никогаш не ќе можам да ги разберам оние кои не се потрудиле доволно.rnrnНекој ќе помисли дека темите на кои размислувам се плитки и површни, дека сум безнадежен оптимист и дека на моиве години ја немам искусено горчливата страна на животот… Многумина и ми го рекле ова и сè што можам да направам е остро да се спротивставам! Мојот живот за некого може навидум да изгледа совршен бидејќи имам магистрирано за тоа како да ја преувеличувам среќата и да ставам акцент на доброто. Зошто врз целата бела површина ние се концентрираме на една црна точка? Па не сакам веќе да читам текстови каде млади луѓе запаѓаат во тешки депресии, подобро напиши „Сè е за никаде!“ и заштеди си зборови. Убаво ми е кога ќе прочитам нешто што ме тера да станам, да излезам на сонце, да вдишам свеж воздух, нешто што ме мотивира за повеќе, за понапред… Сакам моите врсници да ја почувствуваат моќта која ја имаат, сакам сите ние да научиме да се концентрираме на доброто и убавото, да се трудиме секое наше дело да биде видено, секој момент од животот да се важи!rnrnТајната формула за успех е да престанеме да трагаме по неа и да почнеме да дејствуваме кон остварување на нашите цели.rnrnОна што денеска е моја цел, е да имам навистина убав ден, а од утре целиме на повисоко…rnrnНаздравје кафе, и се надевам дека си го испивте на раат,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба да запомните во тешките мигови?

    Што треба да запомните во тешките мигови?

    Кога животот ни станува стресен, честопати ги забораваме нештата кои треба да ги запомниме, а ги паметиме нештата кои треба да ги заборавиме. Ова се 35 потсетници кои ќе ви помогнат да се мотивирате, во миговите кога тоа ви е најпотребно.rnrnШто треба да запомните во тешките мигови?rnrn1. Не знаете колку сте силни, сè до оној момент кога единствениот избор кој го имате е да бидете силни.rnrn2. Понекогаш добрите нешта се уништуваат, за да можат подобри нешта да ви зачукаат на врата.rnrn3. Не можете да промените нешто со коешто одбивате да се соочите.rnrn4. Никој не е совршен и ничиј живот не е едноставен. Никогаш не знаете низ што сè поминуваат луѓето околу вас. Секој си има свои проблеми. Затоа, не потценувајте се ниту себеси ниту некој друг. Секој се бори на свој уникатен начин.rnrn5. Плачењето не е знак дека сте слаби. Уште од вашето раѓање, плачењето претставува знак дека сте живи и носите потенцијал во себе.rnrn6. Без разлика колку грешки сте направиле или колку бавно правите некаков прогрес, вие сте сепак многу понапред во однос на оние кои не се ни обиделе да направат нешто.rnrn7. Животот не се состои во чекање бурата да помине, туку се состои во учење како да танцувате додека врне.rnrn8. Нерасположението значи непотребно трошење на вашата шанса да бидете неизмерно среќни. Живнете!rnrn9. Ако успеете да насмевнете една личност, можете да го промените светот. Можеби не целиот свет, но светот во кој живее таа личност. Почнете со поситни чекори и почнете од денес.rnrn10. Понекогаш во животот морате да се дистанцирате од нешто, за да можете бистро да ја видите реалноста.rnrn11. Никогаш не дозволувајте успехот да ве удри во глава. Никогаш не дозволувајте неуспехот да ве спушти премногу ниско.rnrn12. Понекогаш морате да се изборите во тешките денови, за да ги заработите најдобрите денови од вашиот живот.rnrn13. Животот се состои од 10% од она што се случува и 90% од начинот на кој вие реагирате на тоа што се случува.rnrn14. Можете да научите одлични лекции од вашите грешки, доколку не сте презафатени негирајќи дека сте ги направиле.rnrn15. Престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Тоа што тие го мислат не е воопшто важно. Важно е само како вие се чувствувате во врска со себеси.rnrn16. Кога ќе престанете да ги бркате лошите работи, ќе им дадете шанса на добрите нешта да ве уловат.rnrn17. Кога другите луѓе ве третираат лошо, продолжете да си бидете свои. Никогаш не дозволувајте горчината на некој друг, да ве промени како личност.rnrn18. Морате да прифатите дека некои работи никогаш нема да бидат ваши и да научите да ги цените оние кои се единствено ваши.rnrn19. Понекогаш наједноставниот начин да се справите со некој проблем, е да се чувствувате како да сте единствената личност на светот која е незадоволна, пати, се мачи да излезе од дупка и едвај излегува на крај. Но, тоа чувство е лажно. Доколку малку почекате, некој ќе ве пронајде и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. На секој од нас ни е потребна помош понекогаш. Потребна ни е личност која ќе ни помогне да ја чуеме музиката во нашиот внатрешен свет. Некој кој ќе не потсети дека нема секогаш да биде вака и дека постојано ќе имаме некој кој мисли на нас.rnrn20. Не плашете се да излезете од вашата „комфорна зона“. Некои од најдобрите животни искуства и можности, се појавуваат само доколку сте спремни да изгубите.rnrn21. Понекогаш ненамерно дозволуваме малите проблеми да ескалираат и да започнат да доминираат во нашиот живот. Ако продавачот ви наплатил 30 денари повеќе, тоа може да ве изнервира, но не дозволувајте да ви го уништи денот. Во животот, постојано ќе постојат мали нешта кои ќе нè иритираат. Тајната се состои во тоа да се трудите да им го дадете најминијатурното внимание, кое што навистина го заслужуваат.rnrn22. Кога кревате раце од нешто, не мора да значи дека сте слабаци. Понекогаш може да значи дека сте доволно силни и доволно паметни за да завршите со тоа поглавје од вашиот живот.rnrn23. Запрашајте се себеси кои луѓе во вашиот живот ве расположуваат, а кои ве влечат надолу со нивниот негативизам. Не заборавајте дека опкружувајќи се себеси со позитивни луѓе полни со љубов, вие сте веќе на половина пат кон среќниот и успешен живот.rnrn24. Немојте да поминувате премногу време оптоварувајќи се со минатото и грижејќи се за иднината. Животот е она што се случува сега. Живејте го моментот.rnrn25. За да можете да бидете креативни, морате да престанете да се плашите дека ќе погрешите.rnrn26. Понекогаш, недобивањето на она по кое сте копнееле долго време, е најдоброто нешто кое можело да ви се случи.rnrn27. За да бидете одлични, не значи дека треба да бидете доминантни врз другите луѓе. Тоа значи дека треба да бидете способни да доминирате со вашиот сопствен потенцијал.rnrn28. Ако имате страст да правите нешто во животот, продолжете со тоа, без разлика што другите луѓе мислат. Таа е постапката за остварување на вашите најголеми соништа.rnrn29. Ако некоја личност сака да биде дел од вашиот живот, таа ќе вложи видлив напор за да го стори тоа. Не трудете се да резервирате во вашето срце, место за оние кои не се трудат да останат во него.rnrn30. Немојте да се каете за вашите интимни врски кои не завршиле добро бидејќи тие ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот партнер за вас и повеќе да го цените поради она што е и поради она кое го прави за вас.rnrn31. Животот не им се насмевнува на оние кои се перфекционисти, туку на оние кои се борат да ги направат работите како што треба, а за да ги направите работите како што треба, потребно е да бидете несовршени во 99% од времето.rnrn32. Сосема е во ред да се чувствувате гневно понекогаш. Во ниеден случај не е во ред да бидете злобни со некого.rnrn33. Чувствувањето добро и чувствувањето лошо, се секогаш променливи категории.rnrn34. Не молете се кога врне, ако не се молите кога ве грее сонце.rnrn35. Парите се обновлив ресурс. Ако сте изгубиле некои пари, не очајувајте. Секогаш можете да направите повеќе. Но, доколку потрошите драгоцен временски период стресувајќи се околу секој денар или поради губење на некоја битна шанса, никогаш нема да можете да го вратите тоа време назад. Времето е многу поважно од парите. Времето е темелот на животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.