КАФЕ ПАУЗА

Tag: Нобелова награда

  • 5 работи што не сте ги знаеле за Марија Кири

    5 работи што не сте ги знаеле за Марија Кири

    На сите нам ни е добро познат фактот дека Марија Кири (1867-1934) живеела во период кога повеќето жени немале пристап до науката и образованието. Сепак, тоа не ја спречило да биде првата жена која ќе ја добие Нобеловата награда и првата и единствена личност што ќе ја добие наградата за две науки.rnrn5 работи што не сте ги знаеле за Марија КириrnrnФранцуска физичарка со полско потекло, се стекнала со светска слава благодарение на нејзините истражувања во областа на радиоактивноста. Таа била чудо од дете и покажувала извонредни вештини уште на четиригодишна возраст кога научила да чита на руски и француски. Студирала хемија, математика и физика на Универзитетот „Сорбона“ каде открила два радиоактивни елемента: радиум и полониум. Овде го запознала и нејзиниот сопруг и партнер Пјер Кири. Во продолжение прочитајте повеќе занимливости за една од најпознатите научнички на сите времиња.rn

    Марија Кири работела во скромна лабораторија

    rnКога помислувате на научници, најверојатно првото нешто што ви паѓа на ум е добро опремена лабораторија. За жал, лабораторијата на Кири била далеку од тоа. Голем дел од нивните истражувања биле спроведени во мала, тесна барака.rn

    Марија Кири била херој од Првата светска војна

    rnКири помогнала да се спасат илјадници војници преку поставувањето бројни мобилни радиолошки единици кои биле користени на првите борбени линии од страна на армиските лекари. Оваа технологија им овозможила на лекарите полесно да прават рендгенски снимки на ранетите војници и да ги вршат неопходните операции.rn

    Нобеловата награда била традиција во семејството

    rnСемејството Кири се стекнало со пет Нобелови награди. Мари поседувала две, а сопругот Пјер една награда. Во 1935 година, ќерката Ирен Жолио – Кири по стапките на нејзините родители, заедно со сопругот Фредерик Жолио ја добиле Нобеловата награда како признание за нивното откритие во поглед на нови радиоактивни изотопи. Втората ќерка на Марија и Пјер Кири, Ева, се омажила за Хенри Ричардсон Лабуис, добитник на Нобеловата награда за мир како и претседател на УНИЦЕФ.rn

    Алберт Ајнштајн бил голем фан на Марија Кири

    rnОткако Пјер Кири го загубил својот живот во трагична сообраќајна несреќа, Мари морала да се соочи со тежок период на предрасуди и сексизам. Ајнштајн решил да ја охрабри во нејзината работа, па затоа ѝ пратил писмо во знак на поддршка. Во една прилика, таткото на модерната физика изјавил:rn

    „Марија Кири е единствената од сите славни личности која не дозволила славата да ја подмити“.

    rn

    Научна љубовна приказна

    rnМари го запознала Пјер откако дипломирала на Универзитетот Сорбона, а нивната заедничка љубов кон науката придонела да станат не само партнери во животот туку и во истражувањата. Пјер инсистирал неговата сопруга да биде подеднакво признаена кога ѝ била доделена Нобеловата награда за нивните научни откритија.rnrnОткако ги прочитавте овие интересни факти за животот на Марија Кири, можеби ќе сакате да дознаете кои 5 жени го одбележале 19-тиот век.rnrnИзвор: discovermagazine.com

  • 16-годишно девојче е номинирано за Нобелова награда за мир

    16-годишно девојче е номинирано за Нобелова награда за мир

    16-годишната Грета Тунберг го основа движењето Youth Strike for Climate (Младите штрајкуваат за климата) и привлече навистина многу внимание. Всушност, таа е номинирана за Нобелова награда за мир како што нејзиното глобално делување продолжува да се проширува. Доколку победи, Грета ќе биде најмладиот добитник на наградата.rnrn16-годишно девојче е номинирано за Нобелова награда за мирrnrnГрета била навистина зафатена – од соло протести, до организирани студентски штрајкови на глобално ниво. Оваа недела се очекуваат штрајкови во 1.659 градови и 105 држави.rnrnУчилишните штрајкови биле инспирирани од движењето „Петоци за иднината“ што го започнала Грета со помош на хаштагот #FridaysForFuture. Досега имало редовни паради ширум светот, вклучувајќи ги државите како Германија, Белгија, Велика Британија, Франција, Австралија и Јапонија.rn

    „Ја предложивме Грета Тунберг бидејќи ако не направиме ништо за да ја спречиме климатската промена, тоа може да биде причина за војни, конфликти и бегалци. Грета Тунберг започна масовно движење кое го гледам како огромен придонес за мирот“, изјавил норвешкиот социјалист Фреди Андре Овсетегард.

    rn

    „Почестена сум и многу благодарна за оваа номинација. Утре ќе штрaјкуваме на училиштата за нашата иднина. И ќе продолжиме со ова колку што е потребно“, напишала Грета на нејзиниот Твитер профил.

    rnТаа веќе ги има предизвикано лидерите на самитот за климатски промени на Обединетите Нации:rn

    „Промената доаѓа, без разлика дали им се допаѓа тоа или не.“

    rnИако Грета е млада, не е прв пат олку млада личност да биде номинирана или да добие Нобелова награда. Во 2014-та година, наградата ѝ припадна на 17-годишната Малала, која во 2012-та година преживеа обид за убиство од страна на Талибанците.rn

    „Навистина е инспиративно да се видат млади луѓе, водени од брилијантни млади жени, како бараат итно решение за климатските промени. Тие се целосно во право кога велат дека денешните постапки ќе ја одредат нашата иднина. Мојата порака до младите граѓани е јасна – наша одговорност како возрасни и политички лидери е да учиме од вас и да ви ја дадеме иднината што ја сакате’, изјавила Ан Идалго, градоначалничката на Париз.

    rnШтрајковите се поддржани и од поранешниот поглавар на Англиската црква Роуан Вилијамс, како и од Куми Наиду, лидерот на невладината организација Amnesty International.rn

    „На децата често им се вели дека тие се идните лидери. Но ако чекаат до утре, можеби нема да има иднина која треба да ја водат. Младите луѓе ги засрамуваат лидерите со нивната страст и посветеност кои ги покажуваат во оваа важна битка.“

    rnСпоред официјалниот веб-сајт, има 301 кандидат за Нобелова награда за мир за оваа година. 223 од номинираните се личности, а 78 се организации.rnrnДознајте нешто повеќе за луѓето кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле.

  • 25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

    25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

    Нобеловата награда за мир е најконтроверзна од сите 5 категории – физика, хемија, литература, мир и медицина. Исто така, оваа е и најзначајната од сите. Им се доделува на личности кои го направиле најдоброто за нивната нација, како и за масовно промовирање на мирот помеѓу сите нации. Уште откога Алфред Нобел го одбрал мирот за категорија во неговите награди, таа е соочена со многу контроверзии. Секоја година има бројни дебати за тоа кој требало, а кој не требало да ја добие. Па, погледнете ги 25-те луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но не ја добиле.rnrn25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добилеrn

    1. Вацлав Хавел

    rnКако чешки драматург, есеист, поет и политичар, Вацлав беше последниот претседател на Чехословачка и првиот претседател на Чешката Република. Во овој период тој беше познат по неговата работа за човечки права низ Источна Европа и е именуван како еден од највлијателните личности на 20-тиот век.rn

    2. Сари Нусејбе

    rnНаместо да ги поддржува нападите на Израел како некои од неговите сограѓани, овој професор по филозофија од Палестина решил да им помогне на неговите луѓе кои се наоѓале сред крвопролевањето. Неговите поддржувачи веруваат дека неговата пасивна битка, која наликувала на онаа на Ганди, е причината што треба да ја добие наградата.rn

    3. Еленор Рузвелт

    rnЕленор е многу повеќе од поранешната прва дама на САД – таа била политички активна исто колку и нејзиниот сопруг. Всушност, таа ја водела првата мисија на САД кон Обединетите Нации и ѝ овозможила на САД да сфати колку се значајни ОН.rn

    4. Папата Јован Павле II

    rnЈован Павле II се смета за еден од највлијателните лидери на 20-тиот век. Тој помогнал да се стави крај на комунистичкиот режим во неговата родна Полска, и со текот на времето во цела Европа.rn

    5. Дороти Деј

    rnКако една од најзначајните личности за време на Големата депресија, Дороти Деј го организирала Движењето на католичките работници. Нејзината мисија била да им помогне на семејствата одново да ги изградат нивните животи и да промовира мир со заедничко живеење и еднакво распределено богатство. Нејзините движења се распространиле и во Канада и во Европа и се активни до денес.rnrn25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добилеrn

    6. Кен Саро-Вива

    rnПознат како Ганди од Нигерија, Кен Саро-Вива бил дел од луѓето Огони, малцинство од Нигерија, и отсекогаш бил искрен за неговата омраза кон власта во неговата држава. Поради експлоатацијата на луѓето од страна на власта, тој формирал организација која ќе ги заштити правата на малцинството и организирал ненасилни демонстрации.rn

    7. Фазле Хасан Абед

    rnФазле имал голема улога во градењето на Бангладеш по Индо-Пакистанските војни. По војната Бангладеш станала автономна држава, но била речиси уништена. За да ѝ помогне на својата нација, тој формирал организација чија цел била одново да ја изгради инфраструктурата на Бангладеш и да им помогне на луѓето да ги изградат нивните домови. Со текот на времето организацијата стана една од најголемите од овој вид во светот.rn

    8. Корасон Акино

    rnПозната како првиот женски претседател во Азија, Корасон воспоставила голем број демократски и хуманитарни реформи во Филипините. Почетокот на нејзиното владеење го означило крајот на диктатурата во Филипините. Таа се смета за една од највлијателните жени во историјата на светот.rn

    9. Ирена Сендлер

    rnИрена била медицинска сестра и социјален работник од Полска која служела во полското подземје во текот на Втората светска војна. Таа пренела над 2.500 еврејски деца надвор од Варшава и им обезбедила лажни документи со што ги спасила од холокаустот.rn

    10. Махатма Ганди

    rnИако повеќето луѓе знаат за Ганди и веројатно помислувате на него кога станува збор за награди за мир, тој никогаш не ја добил Нобеловата наградата. Тоа не значи дека неговото влијание останало незабележано.rnrn25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добилеrn

    11. Доктор Фенг Шан Хо

    rnПоранешниот генерал на Кинеската амбасада во Виена бил познат како кинескиот Шиндлер. Во 1940-тите, кинескиот амбасадор од Берлин му наредил на Хо да не им дава визи на евреите. Но тој не ја следел оваа наредба и издал 2.000 визи во текот на 6 месеци, со тоа спасувајќи илјадници евреи.rn

    12. Стивен Бико

    rnПо апсењето на Нелсон Мандела во 1964-та година, Стивен Бико го презел водството и застанал на чело на јужноафриканското движење против апартхејдот. Тој сакал единство помеѓу сите нации и проповедал против насилството. Го посветил неговиот живот на мирните протести, но бил убиен од полицијата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 6 интересни факти за Нобеловата награда што можеби ги немате слушнато

    6 интересни факти за Нобеловата награда што можеби ги немате слушнато

    Нобеловата награда се доделува еднаш годишно е и една од највредните награди во светот. Основана е во 1895-та година од страна на шведскиот научник Алфред Нобел и прв пат била доделена во 1901-ва година. Наградата се доделува изминативе 117 години, а секоја година има над 200 номинирани. Погледнете некои интересни факти што можеби не сте ги знаеле за оваа престижна награда.rnrn6 интересни факти за Нобеловата награда што можеби ги немате слушнатоrn

    1. Како се добива Нобелова награда?

    rnКолку и да сакате, не можете самите да се номинирате за наградата – некој друг мора да го направи тоа за вас. А ако сте номинирани, најверојатно нема ни да знаете освен ако не победите. Имињата на номинираните кандидати се чуваат во тајност 50 години со цел да се спречи лобирање во име на кандидатите.rn

    2. Наградата за економија всушност не е Нобелова

    rnВо тестаментот на Алфред е утврдено доделување на наградата во пет категории – физика, хемија, медицина, мир и книжевност. Но, во 1969-та година била доделена и шеста награда. Поради 300-тата година од постоењето, Централната банка во Шведска почнала да финансира и нова награда, односно за достигнувања и истражувања во областа на економијата.rn

    3. Махатма Ганди никогаш не добил Нобелова награда

    rnПочнувајќи од 1937-ма година, Ганди бил номиниран 5 пати за наградата. Последната номинација пристигнала само неколку недели пред неговиот атентат во 1948-ма година. Во тој момент жирито никогаш не доделило постхумна награда иако било дозволено во одредени околности. Но, комисијата утврдила дека Ганди зад себе не оставил никаков наследник или организација што ќе ја прифати наградата. Наместо тоа решиле воопшто да не доделуваат награда за мир изјавувајќи дека не постои жив кандидат достоен за наградата.rn

    4. За семејството Кири Нобеловата награда станала традиција

    rnМарија Кири станала првата жена која ја добила Нобеловата награда, заедно со нејзиниот сопруг Пјер. Осум години подоцна добила уште една награда, овој пат самостојно, во областа на хемијата. Ирена Кири, ќерката на Марија и Пјер, добила Нобелова награда којашто ја поделила со нејзиниот сопруг. Тоа се 5 награди за само две генерации. Во 1965-та година и зетот на Марија и Пјер, Хенри Лебоуси, бил извршен директор на УНИЦЕФ кога организацијата добила Нобелова награда за мир.rn

    5. Првата жена на Ајнштајн добила пари од неговата Нобелова награда

    rnБракот на Ајнштајн и неговата прва сопруга Милева уште од почетокот бил нестабилен. Милева која била надежен научник ги напуштила студиите по венчавката во 1903-та година и набрзо целосно се посветила на нивните синови. Во 1914-та година Ајнштајн го напуштил неговото семејство и се преселил во Берлин додека Милева и децата останале во Швајцарија. Две години претходно тој започнал врска со неговата роднина Елза и наскоро побарал развод од Милева. Ајнштајн, кој не се сомневал во неговите способности, изјавил дека парите од која било Нобелова награда ќе им ги даде на синовите, а Милева ќе има право да располага со нив. Па, кога Ајнштајн ја добил наградата за физика во 1922-ра година, сите пари ѝ биле дадени на Милева.rn

    6. Неколку луѓе ја одбиле наградата

    rnРетко е, но се случувало и ова. Францускиот филозоф и писател Жан Пол Сартр ја добил наградата за книжевност во 1964-та година, но ја одбил. Во 1973-та година комунистичкиот виетнамски водич Ле Дук То добил награда за мир, но ја одбил изјавувајќи дека вистинскиот мир уште не е постигнат. Кога рускиот романописец Борис Пастернак добил награда за книжевност во 1958-ма година, тој со радост и задоволство ја прифатил. Но, Советскиот сојуз успешно го спречил објавувањето на неговите дела и го присилиле да ја одбие наградата.rnrnДознајте нешто повеќе за тоа како се освојува Нобелова награда.

  • Наследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемија

    Наследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемија

    Двете жени што оваа недела добија Нобелова награда за физика и хемија ги следат стапките на неверојатната Марија Кири, првата жена која ги освоила двете награди и единствената личност што е наградена во две различни категории.rnrnНаследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемијаrnrnМарија Склодовска била родена во Полска во 1876-та година. Кога се преселила во Париз како студентка, се соочила со живот во сиромаштија, ксенофобија и непријателство. Но, во моментот на нејзината смрт била вистинска ѕвезда која ја оплакувало и славело целото општество. Таа и нејзиниот сопруг Пјер Кири ја развиле теоријата за радиоактивноста (термин кој Марија самата го смислила) и откриле два нови елемента – полониум и радиум.rnrnВо 1903-та година Марија ја добила Нобеловата награда за физика, а за малку немало да добие ни номинација. Нејзиниот сопруг во последен момент напишал писмо до Шведската кралска академија со молба да ја додадат на листата на кандидати.rnrnБрачниот пар е одговорен и за преносниот рендген кој можел да се користи на военото поле во Првата светска војна, а веднаш потоа го спровеле и првото истражување за изотопи кои ги убиваат туморите.rnrnВо 1911-та година Марија Кири станала првата жена што добила Нобелова награда за хемија и првата личност со две Нобелови награди.rnrnПотребни биле 24 години за наградата за хемија да дојде во рацете на друга жена – нејзината ќерка Ирена. Марија починала на 66 години од леукемија која настанала како резултат на постојаната изложеност на радиоактивни елементи и рендгенски зраци. Истата судбина ја дочекала и Ирена која умрела на 58 години.rnrnПо нив, во 80 години само 5 жени добиле Нобелова награда за хемија и физика, од кои две беа наградени дури оваа недела.rnrn

    Наследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемија
    Дона Стрикленд
    rnrnВо вторникот Канаѓанката Дона Стрикленд е прогласена како добитничка на Нобелова награда за физика, а 24 часа подоцна американската биохемичарка Френсис Арнолд ја добила наградата за хемија.rnrn
    Наследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемија
    Френсис Арнолд
    rnrnАда Јонат, последната добитничка на наградата за хемија пред Арнолд изјавила дека на студиите ја инспирирала токму приказната на Марија Кири.rn

    „Жените сочинуваат половина од светската популација. Мислам дека населението губи половина од можностите со тоа што не ги охрабрува жените да работат во областа на науката. Тие можат да направат неверојатни работи ако се посветат на тоа“, изјавила Јонат.

    rnДали знаете што е потребно за да освоите Нобелова награда?

  • 20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

    20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

    Како што се наближува крајот на 2014, мораме да ги пофалиме сите важни женски подвизи во текот на годината. Од Малала Јусафзаи, до познатите музички ѕвезди, ова се жените кои ја заслужуваат секоја пофалба за нивните феминистички подвизи. Еве за што сè феминистите можат да наздрават на крајот на оваа 2014.rn

    1. Малала Јусафзаи ја добива Нобеловата награда за мир


    rn

    „Верувам дека оружјето нема моќ, затоа што оружјето може само да убие. Но, пенкалото може да даде живот.“

    rn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrnЗа Малала се расчу во 2012 година и од тогаш таа инспирира многумина ширум светот давајќи им до знаење дека постојат толку многу работи кои еден човек може да ги направи во текот на својот живот. На само 11-годишна возраст, Малала тајно ги испраќала своите дневници до Би-би-си, кажувајќи им за насилството и неправдите кои секојдневно се случуваат во нејзината земја. Таа продолжила да пишува и да оди на училиште, иако се плашела од Талибанците. Малала била застрелана во глава во училишниот автобус кога се враќала од училиште. За среќа таа преживеала и била префрлена во Англија на лекување. По тој инцидент формирана е Фондацијата Малала, раководена од самата Малала, која се залага за образованието на девојките.rnrnНа 16 години Малала одржа драматичен говор во ОН, објави свој мемоар, и се здоби со многу награди и признанија, како Меѓународната детска награда за мир. На само 17-годишна возраст, Малала е добитник на Нобелова награда и икона за заштита на правата на луѓето. Воедно, Малала докажа дека, како што Бан-Ки-Мун кажа, екстремистите едноставно најмногу се плашат од девојка со книга.rn

    2. Феминистичкиот настап на Бијонсе на VMA

    rnБијонсе и оваа година покажа кој е на врвот на светската музичка индустрија. На самиот крај од 2013 објави визуелен албум без апсолутно никаква претходна најава, настапи на Греми наградите на почетокот на 2014 со неверојатната изведба на „Drunk in love“, поголемиот дел од годината го помина на заедничката турнеја со нејзиниот сопруг, „On the run“, и без да земе здив продолжи да го освојува светот.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrnВрв на сите нејзини достигнувања беше настапот на овогодишните МТВ видео музички награди, каде во 16-минутен настап склопи 14 песни од најновиот албум. Настапот достигна точка на вриење кога силуетата на Бијонсе стоеше пред огромниот екран каде пишуваше „ФЕМИНИСТ“, додека се слушаше делот од самата песна каде е вклопен говорот на познатата нигериска авторка Чимаманда Нгози Адичи, која ја кажува својата дефиниција за феминизам. На крајот од настапот, нејзиниот сопруг Џеј Зи заедно со Блу Ајви, ѝ ја врачи наградата Мајкл Џексон, најавувајќи ја својата сопруга како најголемиот забавувач во музичката индустрија. Исто така Бијонсе оваа година застана на врвот меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Тајм.rnrnБијонсе отворено се залага за феминизмот и еднаквоста на жената, истовремено давајќи им пример на сите млади девојки и жени за тоа како една жена може да има успешна кариера, но и да биде мајка и сопруга истовремено.rn

    3. Моне Дејвис победи во сериите од малата лига во бејзбол

    rnМоне Дејвис ги руши стереотипите од типот „фрлаш како девојче“, бидејќи таа фрла како многу талентирано девојче. 13-годишната Моне Дејвис се вбројува меѓу највлијателните тинејџери во светот. Таа е првата девојка која победила на овие турнири, и е една од 18-те девојки кои учествувале воопшто (иако вкупно се имаат натпреварувано 9.000 играчи). Спортскиот магазин „Sports Illustrated“, каде се најде на насловна страница, ја прогласи за дете-спортист на годината, а веднаш до нејзината слика стоеше напишано „Запомнете го нејзиното име“.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

    4. Марјам Мирзихани стана единствената жена со највисоката награда во полето на математиката

    rnМарјам Мирзихани е математичарка со иранско потекло која работи во САД. Од 1 септември 2008 таа работи како професор по математика на Универзитетот Стенфорд. Од оваа година Мирзихани стана првата жена наградена со Филдсовиот медал, најпрестижната награда во полето на математиката. При прифаќањето на наградата Мирзихани изјави: „Би била среќна ако ова ги инспирира младите жени научници и математичари“.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

    5. Жените отворено зборуваа за абортусот

    rnИако абортусот од одамна е контроверзна тема, оваа година повеќе од кога било жените јавно можеа да кажат „имам абортирано“. Иако релативно голем е бројот на жени кои некогаш абортирале, многу мал дел од нив зборувале за тоа јавно. Тоа повлече мислење дека абортусот не е толку честа појава и им дозволи на многу власти да донесат закони против него со што им се одзема правото на жените да имаат безбеден абортус. Политичарката од Тексас, Венди Дејвис, отворено ја раскажа својата приказна кога морала да ја прекине долго посакуваната бременост поради здравствени проблеми. Со свое признание во јавноста излезе и кандидатката за гувернер од Невада, Луси Флоренс, која прекинала бременост на 16-годишна возраст бидејќи не била спремна да биде мајка.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrnСе објавија и книги а се основаа и организации кои имаа за цел да ги охрабрат жените отворено да зборуваат за своите искуства и да не се почувствуваат осудено. Меѓу причините зошто жените се одлучиле на абортус, наведени се насилни партнери, тоа што веќе имале деца или се соочиле со проблеми во бременоста, а многу зборуваа за проблемите кои ги имале бидејќи не им бил дозволен абортус.rnrn

  • Успешни женски автори чии дела вреди да се прочитаат

    Успешни женски автори чии дела вреди да се прочитаат

    Жените стануваат сѐ поприсутни и попризнаени во литературата, а доказ за тоа се и бројните награди кои ги добиваат. Доколку размислувате што да читате, земете ги предвид следните добитнички на награди за литература и нивните книжевни дела.rn

    Маргарет Атвуд

    rn(0) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mkrnrnЕдна од најплодните писателки што добила бројни награди за литература, меѓу кои и Букеровата, која ја доби за делото „Слепиот убиец“. Покрај тоа, ја препорачуваме и „Приказната за куќната помошничка“.rn

    Селма Лагерлеф

    rn(1) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mkrnrnСелма Лагерлеф е првата дама што ја добила Нобеловата награда за литература. Пишува на шведски, но нејзините дела се преведени на многу јазици. Доколку имате деца, ви препорачуваме да им ја прочитате необичната книги „Прекрасните авантури на Нилс“, за момчето што лета со дивите гуски. За популарноста на книгата сведочат и бројните филмски адаптации.rn

    Тони Морисон

    rn(2) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mkrnrnАфро-американската авторка Тони Морисон покрај пишувањето, сега на 82-годишна возраст се занимава и со уредништво и професорска дејност. Таа е добитник на Нобеловата и Пулицеровата награда и на Претседателскиот медал на слободата, што се смета за највисока граѓанска награда. Најпознати дела се „Љубена“, „Најсиното око“ и „Песната на Соломон“.rn

    Алис Мунро

    rn(3) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mkrnrnДоколку уживате во читање кратки раскази, тогаш Мунро е вистинскиот избор за вас. Таа ја освои Нобеловата награда минатата година. Навистина е тешко да се одвои конкретно дело, но може да почнете со „Бегство“, што е разнолика и неверојатна збирка раскази.rn

    Ајрис Мардок

    rn(4) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mkrnrnАјрис Мардок ја освои Букеровата награда за романот „Морето морето“, што говори за моќта на љубовта и болката. Исто така, ја препорачуваме и „Црниот принц“, наслов кој алудира на Хамлет и дело со прекрасна раскажувачка структура, кое се фокусира на еротската опсесија.rn

    Нели Сахс

    rn(5) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mkrnrnНели Сахс исто така е добитничка на Нобеловата награда за литература. Германска еврејка, поетеса и драмски писател, која стана гласноговорник на маките на Евреите за време на Втората светска војна. Неколку години од животот ги минала во ментална институција и интензивно пишувала лирска поезија, под влијание на германскиот романтизам. Има објавено неколку збирки поезија, а некои од поемите можете да ги најдете и на интернет, како „Израел“ и „Ние сирачињата“.rn

    Дорис Лесинг

    rn(6) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mkrnrnДобитничка на Нобеловата и многу други престижни награди за литература. Творештвото може да се подели на три главни теми и периоди : комунизам, психологија и научна фантастика. Најпознати дела ѝ се: „Златната тетратка“, „Деца на насилството“ и „Добриот терорист“.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Специфични податоци кои ќе ве изненадат

    Специфични податоци кои ќе ве изненадат

      rn011

    • На својата смртна постела Алберт Ајнштајн ги кажал своите последни зборови, но медицинската сестра која била до него, не разбирала германски јазик.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Нобеловата награда настанала како резултат на последната желба на Алфред Нобел, кој не сакал по неговата смрт да биде запаметен како пропагатор на насилство – тој го измислил динамитот.
    • rn

    rn

    Специфични податоци кои ќе ве изненадат

    rnrn

      rn011

    • Кафето е вториот најпродаван артикл во интернационалната трговија во светот. Првиот најпродаван производ е бензинот.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • На секое 20-то бебе, само едно е родено на денот кој го предвидел докторот.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • На 15 април 1912, бродот Титаник потонал при неговата прва пловидба кога над 1 500 луѓе се удавиле. 14 години пред фаталната несреќа бил објавен романот „Бродоломот на Титан“ од писателот Морган Робертсон, во којшто изгледало како тој да ја предвидел несреќата. Во книгата е опишан брод со слична големина како Титаник, кој удира во санта мраз на своето прво патување во магловита априлска вечер. Фиктивниот брод на Робертсон во романот бил наречен Титан.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Додека учел на универзитетот Хавард, поранешниот американски сенатор Едвард Кенеди, бил суспендиран поради мамење на тест по шпански јазик.
    • rn011

    • За мажите од Античка Грција било прилично вообичаено и нормално да вежбаат голи во јавност.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Урината во минатото била користена за перење алишта.
    • rn011

    • Исланд е најстарата развиена демократија во светот.
    • rn011

    • На годишно ниво, повеќе пари се трошат на алкохол и цигари, отколку на животно осигурување.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • 14 милиони луѓе биле убиени во Првата светска војна, а 20 милиони умреле од епидемичен грип во текот на наредната година по завршувањето на војната.
    • rn011

    • Магичниот збор „абракадабра“ првенствено бил наменет за лекување на алергија од поленов прав.
    • rn

    rn

    Специфични податоци кои ќе ве изненадат

    rnrn

      rn011

    • Луѓето кои живеат во Сибир, млекото обично го купуваат на стапче во замрзната состојба.
    • rn011

    • Двата најдобри резултати постигнати на стандарден тест за интелигенција припаѓаат на две жени.
    • rn011

    • Лебот пресечен на резанки го патентирал златарот Ото Роведер, во 1928 година. Тој работел на тоа цели 16 години, започнувајќи од 1912 година.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Во текот на галопирачката инфлација во 20-тите години на минатиот век, 4 000 000 000 000 000 000 германски марки вределе колку 1 американски долар.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Џорџ Вашингтон одгледувал марихуана во неговиот двор.
    • rn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.