Пред некои работи и понатаму ќе ги затворате очите, односно, ќе се обидете културно да ги заобиколите, но ќе ви сметаат. Факт е дека со своите амбиции сте на машки терен, во машки свет и тоа воопшто не е фер. Во продолжение следуваат неправдите со кои секојдневно се соочуваат амбициозните жени.rnrn
rnrnПостои премолчена можност дека за истата работа ќе бидете помалку платени од некој маж. Можеби не можете ниту да замислите дека ова се однесува на вас, но добро платените занимања кон кои се стремите, имаат политика за молчење околу заработката, па така, никогаш не можете да бидете сигурни.rnrnСекогаш постојат закани дека ќе морате да изберете помеѓу семејството и кариерата и не ви е јасно зошто тој притисок не се однесува и на мажите. Доколку забремените, а тоа не било во долгорочниот план на вашиот работодавец, ќе се соочите со оваа неправда на најдобриот начин. Вие сте амбициозна жена, не заборавајте. Можеби ќе дадете отказ, ќе го родите бебето и успешно ќе започнете сопствен бизнис, во кои вие самите сте свој работодавец. Неправдите понекогаш може да го извлечат најдоброто од нас.rnrnАко пак ја изберете кариерата наместо создавањето на семејно гнездо и ќе решите дека за вас не е живот на мајка, сопруга или жена која е растегната помеѓу работата и семејството, бидејќи целата ваша сила, енергија и способност се потребни да ги вложите во афирмација, ќе трпите осуда (можеби неизговорена) од страна на вашата мајка и останатите жени кои сметаат дека некогаш ќе зажалите поради таа одлука. И што е најлошо, и самите ќе стравувате дека можеби тие имаат право. Навистина е неправедно кога како амбициозна жена која донесува тешки одлуки, немате поддршка од другите жени. Но, за вас е многу подобро веднаш да бидете свесни за тоа и да не очекувате сожалување од оние кои не биле радикални, така одлучни и храбри како вас.rnrn
rnrnОд жените во бизнисот се очекува да бидат ладни кучки, ајкули, професионалци за покер – со лик, делотворни и застрашувачки. Бидејќи, ако ве надвладеат емоциите, веднаш ќе бидете означени како лабилни, непрофесионални или уште побрутално, дека сте фрустрирани и незадоволени. Во машкиот свет, единствена прифатлива емоција е гневот – тие го подигаат гласот, удираат со тупаница, се однесуваат одмаздољубиво и крвожедно, но ако на вас ви затрепери гласот и ви се стркала некоја солза, тогаш веќе ве дрма прерана кулминација од стрес, бидејќи според некои луѓе, не е жена за таа работа. Морате да научите како да наметнете застрашувачка харизматична сила од сопствената автентичност, така што сите да ви се тргаат од патот и да се прашуваат меѓусебно како сте расположени денеска, бидејќи нема да знаат дали ќе плачете, ќе ги прегрнувате, или ќе ги пратите во пеколот. Не ви е дозволено да бидете сензитивно женско суштество, освен ако не се занимавате со некоја супер креативна работа во која емоциите се предност и доблест.rnrnДали ќе го игнорирате сексизмот и ќе ја гледате само вашата работа или борбата против сексизмот ќе ја гледате како дел од вашата работа? И во едниот и во другиот случај, не ви бега голема горчина, борба за предрасуди, глупости и пакост, но тоа и онака би ви следувало, во секоја работа, во секој обид да уживате во себе низ својот повик. Жената на патот за афирмација е изложена на секакви (машки) понуди за да го скрати тој пат и понекогаш се чувствува доста нерасположено, бидејќи мисли дека секој маж може да го загорчи нејзиниот живот.rnrnПостојано ќе бидете свесни дека не го живеете вашиот живот онака како што сте одлучиле и дека не водите само своја борба, туку дека во машкиот свет го претставувате целиот женски род и дека сте должина да ја одбраните честа и да стекнете почит за сите жени, додека истовремено во женскиот свет претставувате модел кој поставува стандарди и примери на кои жените се огледуваат. Не е фер, но вашиот живот и онака никогаш не е само ваш, дури и кога ви изгледа дека е баш така.rnrn
Tag: неправда
-

Неправди со кои се соочуваат амбициозните жени
-

Проблематично детство, болно раскинување: Ослободете се од непотребниот емотивен багаж!
Колекцијата на сликички од основно училиште, љубовните писма од првото момче, зајчето кое од многубројните преселувања го загубило едното око, искинатиот џемпер во кој толку добро се чувствувате… Што би бил животот без овие наши мали богатства? Но исто така, вистина е и дека покрај интересните колекции од сè и сешто, со текот на годините собираме и уште нешто – сите трауми, неправди, лоши искуства и стравови. А, доколку се чувствувате дека овој непријатен „багаж“ ве влече надолу или наназад, време е да се „распакувате“ и сето она што е непотребно да го оставите зад себе!rnrn
rnБагаж бр. 1: Проблематично детство
rnШто прво ви паѓа напамет кога ќе се сетите на вашето детство? Игралиште, кукли, изгребани колена, ластик? Или пак се чувствувате загрозено, уплашено и ранливо?rn
„Како дете многу повеќе бев заинтересирана за животните и билките отколку за моите врсници. Останатите деца ме малтретираа, бидејќи мислеа дека сум поразлична од нив. Денес, како возрасна, мислам дека можам да се справам со агресивните луѓе, но во некој дел од мојот мозок остана страв дека луѓето ќе дознаат дека во детството сум била слаба и ранлива“, вели Марина, активист во организацијата за заштита на животните.
rnРаните искуства, кои вклучуваат отфрлање од околината и каков било вид на насилство, може да имаат моќно психолошко влијание, а на многу луѓе траумите продолжуваат да ги прогонуваат и во нивните зрели години. Доколку сте заглавени во стапицата наречена „јас не го можам тоа“, мора да се потсетите себеси дека сте возрасни и доволно силни да ги совладате лошите искуства од минатото. Па, каде е решението на овој проблем? Тоа може да биде едноставно баш како потсмев, и тоа на себе. rnrnЕдна неодамна објавена американска студија покажала дека луѓето кои умеат да се насмеат на своја сметка, тогаш кога ќе се најдат во некоја непријатна ситуација, подоцна немаат никакво чувство на непријатност, за разлика од оние кои не го умеат тоа. Докажано е и тоа дека чувството на срам може да се поништи доколку отворено го споделите со другите. Затоа откријте им ги на своите родители, најдобрите пријатели или партнерот сите ваши чувства поврзани со несигурноста поттикната од детството. Ништо не го убива и уништува сомнежот во себе колку кога некој друг ќе го направи тоа за вас. Доколку пак, сте доживеале нешто посериозно, како психичко и физичко злоупотребување, не го закопувајте тоа. Неопходно е да побарате професионална помош пред проблемот да завладее со вашиот живот.rn
„Секој во себе крие мудрост и никој не е попаметен од вас самите кога е вашиот живот во прашање. Дозволете си себеси да ги затворите очите, да допрете до своето внатрешно јас, да го поставите прашањето кое ве мачи и ќе го пронајдете бараниот одговор“, вели Деби Форд.
rn
rnБагаж бр. 2: Се чувствувате недопадливо и грдо
rnКога последен пат сте виделе некој модел или девојка од насловните страни и сте посакале да изгледате како неа? Утрово додека гледавте FashionTV? Стоење пред огледалото, жалење за својот стомак и бутови, постојано мерење и премерување… Изгледа дека опседнатоста со тежината денес стана главна опсесија, што се чини дека не правиме ништо друго освен водење сметка колку скалата на вагата се подместила нанапред или наназад.rnrnНо, дали сè уште не сфативте дека не мора да бидете девојката која наоколу шета во тесни фармерки (за кои, патем, се надева дека еден ден добро ќе ѝ прилегаат) и да им завидува на оние девојки чија задница е половина од нејзината. Сетете се дека скоро никој не може да се пофали со совршени пропорции, но на некои жени поголемиот задник или неколку килограми повеќе не им стојат на патот за да се чувствуваат и да се однесуваат диво.rn
Багаж бр. 3: Фобијата позната како „Никој не ме сака“
rnГи грицкате ноктите, бидејќи мислите дека вашиот шеф не ве сака само поради тоа што изгледате како вашата колешка? Мислите дека насмевката на вашиот комшија е само фацијален грч? Добро дојдовте во клубот! Потценувањето себеси е главен метод за самоизмачување во кое ние жените сме вистински мајстори. Стравот дека никој не нè сака е еден од нашите најголеми „диверзанти“.rn
„Не сакаме кој било да дознае дека се чувствуваме недостојни за нечија љубов, ниту дека сме доволно добри, па така го поминуваме целиот наш живот обидувајќи се да го потиснеме ова верување“, објаснуваат психолозите.
rnОва деструктивно приоѓање кон себе и сопствените вредности нема да ве одведе никаде, а може да создадете блокада, која ќе ги спречи сите позитивни работи и мислење да допрат до вашиот живот. Затоа, кога ќе почувствувате дека вашето размислување оди во правец на сомневање, дека вашата личност е вредна колку онаа на грофот Дракула, одлучно отфрлете ги овие мисли. Пронајдете мирно катче и направете листа на сите фантастични работи кои сте ги направиле во животот – наградите, пофалбите, напредокот во кариерата и сите оние позитивни работи кои не би се случиле доколку ве немало вас. Дајте си поттик со тоа што ќе ги забележите сите добри работи во вашиот живот или пак водете дневник за своите убави случувања и искуства. rnrnДоколку не можете да се сетите на ништо, прашајте некој од вашите најблиски што сакаат најмногу кај вас и никако немојте да ги прекинувате со вашите антиреклами. После бројните пофалби, сигурно ќе се запрашате каков би бил светот ако ве немало вас во него. Која е најдобрата работа што можете да ја направите за себеси? Авторот Гери Зукав дава еден краток одговор: „Сфатете дека го заслужувате вашиот живот и живејте го согласно со тоа.“rnrn
rnБагаж бр. 4: Не се обидувате нешто да промените
rnДали некогаш сте се запрашале зошто новогодишните одлуки скоро никогаш не се реализираат? Доколку се водите со реченицата: „Јас сум најмрзливата личност на светот и никогаш не успевам да го реализирам она што сум го зацртала“, тогаш направете пауза и „премотајте ја лентата“. Што и да е во прашање, не можете веднаш да се прогласувате за „неуспешни“ доколку не сте се обиделе да ја реализирате идејата/планот/одлуката. rnrnПред сè, поставете си го прашањето дали тие цели се навистина ваши? Бидејќи, ако работите по планот кој некој друг го зацртал за вашиот живот, секако, дека ќе немате еднаков ентузијазам и волја какви што би имале кога би биле во прашање вашите желби. Дали вас навистина ве мачи тоа што сте сингл или повеќе ве мачи тоа што другите мислат дека кончено би требало да пронајдете некого? Лесно е да паднете под влијание на оние луѓе кои се обидуваат да ве убедат дека во обичните појави се крие некоја опасност. Затоа, ако уживате во тоа што сте сингл, така останете сè додека не посакате (вие, а не некој друг) да најдете соодветен партнер. Чекор два: Не размислувајте „на коцка“. rnrnШто прават поголемиот број девојки кога ќе се соочат со некој проблем? Ја повикуваат својата најдобра другарка, секако. Но, забавете го својот рефлекс за бирање на нејзиниот број – барањето на совет од само една личност со која се дружите, претставува само едно гледиште за прашањето што ве мачи. Наместо тоа, кога ќе се соочите со некоја навистина деликатна тема и дилема, обидете се да побарате совет од некој на кој никогаш не би помислиле. Обратете се на пример, на вашиот брат за да ви даде од машка точка на гледиште, совет за љубовните маки или консултирајте се со жената со која заедно одите на фитнес, а знаете дека води сериозен бизнис, како да ги унапредите своите работни вештини. Понатаму, мислете на проблемите дека се како сложувалка, а не како препреки на патот и претставете си ги себеси како позитивен предизвик кој ќе ви покаже колку сте упорни, спремни и способни да го поминете.rn
Багаж бр. 5: Ги намалувате сопствените амбиции
rnИзраснавте со идејата дека еден ден ќе станете светски познат сликар, а сте завршиле работејќи како графички дизајнер. Како се случило тоа? Секако дека нереалните цели може да нè обесхрабрат кога не сме во состојба да ги реализираме. Но, да се биде реален често може да нè ограничи. Реалните цели водат до едно – реални резултати. А, умереност не е нешто што би сакале да го препишеме на сопственото име, зар не? Главното прашање гласи – дали избираме да бидеме нешто помалку од она што навистина би можеле да бидеме? rnrnУспехот подразбира тешка работа, но доколку се стремите – само напред. Тоа што сте можеби единствени во вашето опкружување и семејство што не сака да работи од 9 до 17 часот, не мора задолжително да биде лоша работа. Држете се до она што навистина го сакате. Покрај тоа, секогаш можете да започнете одново, доколку претходното не успеало. И она што е најважно, а што треба да го запомнете – животната среќа и забава многу повеќе ќе ја пронајдете во „текот на патувањето“ отколку на „крајната дестинација“!rnrn
rnБагаж бр. 6: Го доживувате животот како натпревар
rnБез разлика што правите, секогаш ќе има некој попаметен, поубав, посекси или поуспешен од вас. Ослободете се од љубомората. Отидете во кафуле, фатени рака по рака со вашата згодна другарка, наместо да гледате да бидете што подалеку од неа, за да не се забележи дека нејзините гради се поголеми од вашите. Патем, зарем има нешто поубаво за машко око, од тоа кога пред себе ќе здогледа не една, туку две згодни девојки? rnrnА, девојките кои постигнале некој успех на кој им завидувате се обично и оние кои останувале и работеле прекувремено, го жртвувале својот приватен живот поради работата и вложувале двоен труд за да го постигнат она што го постигнале. Доколку ова не ве теши, анализирајте што имате вие, а тие не. Повеќе пријатели, прекрасно момче и слободни викенди? Размислете за ова, скокнете од среќа и удрете си шамар самите себеси секојпат кога ќе посакате да се најдете во туѓа кожа.
-

Се венчале откако неправедно поминале по 15 години во затвор
Необичен пар пред кусо време се венчаше во Њујорк. Имено, откако и обајцата биле затвореници по 15 години, едниот во САД, другиот во Ирска, решиле остатокот од животот да го поминат заедно.
Интересното е тоа што и Соња Џејкобс и Питер Прингл се наоѓале пред смртна казна за извршени убиства, но биле ослободени откако бил повторен судскиот процес и се докажало дека биле неправедно осудени.rnrnТие се запознале во Ирска на конференција одржана од „Амнести Интернешнал“, каде што Соња била еден од говорниците. Тука тие си ги размениле своите неверојатни приказни. Таа била уапсена откако од автомобил било пукано врз двајца полицајци, во кој наводно се наоѓала и таа. Од друга страна, Питер исто така бил оптужен за убиство на полицаец за време на вооружен грабеж во Ирска.rnrnБидејќи и двајцата поминале низ ист пекол, Соња и Питер решиле останатиот дел од животот да го поминат заедно, а на нивната венчавка присуствувала и глумицата Брук Шилдс.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Во подобар свет (In A Better World)
Филм за неправдите и за насилството кои не пресретнуваат без разлика дали сме деца или возрасни луѓе и кој е вистинскиот однос кон нивrnrn
Режија: Сузан БиерrnrnУлоги: Микаел Персбранд, Трина Дурхолм, Маркус РигардrnrnВреметраење: 119 минутиrnrnЈазик: дански, шведски, англискиrnrnПремиера: 29 август 2010rnrnЖанр: драма, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————-rnМожеби е бајато дури сега да се пишува за филм кој веќе добил Оскар за најдобар странски филм, но ми се чини дека е и премногу себично да се премолчи одлично кинематографско парче, дури и ако сум го изгледала предоцна. Без разлика што генерално европската кинематографија повеќе се труди да биде уметничка отколку комерцијална, под претпоставка дека не може да се натпреварува со ѕверот наречен Холивуд, понекогаш излегува филм кој во себе ги носи и двата сегмента… но, и многу повеќе од тоа.rnrn„Во подобар свет“ е една мудро обсмислена целина во која се прави анализа на нашиот однос кон неправдата и притоа го допира гледачот на многу човечко и лично ниво. Без разлика што можеби нема секој да се „види“ во презентираната приказна, ќе се препознае во чувството на беспомошност и гнев. Овој филм на крајот на краиштата и не ни мудрува како правилно да се однесуваме кон тие чувства, иако попатно можеби ќе добиете чувство дека го прави тоа. rnrnСепак, на крајот, како сума сумарум на сè што е кажано, е дека сите сме човечки суштвества со свои мани и грешки, но тоа не смее и не треба да не оправда во сите постапки, туку да не натера да бидеме малку подобри од тоа што реално сме.rn————————————————————————————————————————————————rnrn
Приказна: Главни двигатели на дејствието се две мали момчиња, Кристијан и Елијас. Кристијан заедно со татко му се вселува во мало место во Данска откако неговата мајка умира од рак. Таму се запознава со Елијас, кој пак е константно малтретиран на училиште. Така почнуваат пријателство, кое пополека од фрустрација и бес се развива до неочекувани размери. Покрај нив приказната се „шири“ и на нивните родители. Таткото на Кристијан, и покрај своите болки и обвинувања околу смртта на сопругата, се мачи и да допре до дистанцираниот син. Додека таткото на Елијас, Антон е доктор кој практично е поделен на две места, работата во бегалски камп во Африка и семејството и домот во Данска. Од друга страна, пак, Антон и неговата сопруга се разделени и минуваат низ сопствени дилеми и прашања во врска со понатамошниот заеднички живот.
Низа различни прашања како загуба на родител или пак, дилемата на доктроската етика да лекуваш некој кој знаеш дека безмислосно убил илјданици луѓе, во овој филм се третираат од еден аспект, неправдата и човечкиот однос кон тие проблеми. Дека понекогаш е нормално, и покрај целиот труд, сепак, да се скршиш и да се претвориш во нешто што не го сакаш, но најважно е да станеш свесен за тоа и да ја продолжиш борбата за подобро јас понатаму.rn
Иако актерски, во „Во подобар свет“ нема утки, најголемо изненадување се децата, Вилијам Нилсен (Кристијан) и Маркус Ригард (Елијас), кои и покрај годините, како комплетно да се свесни за тежината на проектот и самите актерски прашања и дилеми кои треба да ги решаваат при градењето на својата улога. Кристијан е е пасивно агресивно дете кое е тивко луто на светот, освен во некои кратки ситуации кога гневот почнува да извира од него како во бура. Елијас е момче кое пред сè, поради мирната семејна атмосфера потајно, мирно и нежно се носи низ работите.
Кинематографија: Кадрите се поделени помеѓу студената Данска и тропската Африка. Сепак, и двете се прикажани веродостојно, онака како што ги замислуваме. Во Данска е ветровито, се возат велосипеди и морето е некако студено и мрачно. Додека Африка е сончева и правлива, а луѓето се убиваат додека да трепнеш со окото и без на никого да му гајле. Затоа таму човечкиот живот не вреди ниту денар.
Кога и како да го гледате: Дефинитивно во возрасно друштво без деца во непосредната близина. Подобро е да бидете повеќе луѓе, особено ако сакате да дискутирате и да анализирате, и себеси и другите. 
rnrn
—————————————————————————————————————————————————————-rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Правда за сите (Law Abiding Citizen)
Филм за болката, љубовта кон семејството и одмаздатаrnrn rnrn
Главни ликови: Џерард Батлер, Џејми Фокс, Колм Мини, Брус Мекгил, Лесли Биб, Мајкл Ирби…rnrnРежисер: Феликс Гери ГрејrnrnЖанр: трилер, драма, акцијаrnrnВреметраење: 108 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 октомври 2009rnrnМузика: Боб Дилан, Чино Морено, Ченг Чи, Марк Фарнер…rnrnВеб-сајт: www.lawabidingcitizenfilm.comrnrnНаша оценка: 8/10rnrnrnrnrn___________________________________________________________________________________________ Приказна која покажува што може да направи болката за трагично изгубеното семејство, кога љубовта и омразата се сплотуваат, а неправдата само ги поткрепува. Оригинална приказна, одиграна од актери кои ви овозможуваат максимално да се соживеете со дејството и да погледнете еден одличен филм.rn___________________________________________________________________________________________rnrnrnrnПриказна: Филмот започнува во домот на Клајд Шелтон, каде што двајца разбојници му ги убиваат жената и малата ќеркичка пред неговите очи. Сепак, судот донесува одлука едниот разбојник да ја одлежи казната, а другиот, кој е всушност убиецот на семејството, во договор со обвинителството е пуштен на слобода, заради недостаток од докази.rn.rn„Не важно што знаеш. Важно е што можеш да докажеш во судот.“
rnСепак, 10 години подоцна Клајд Шелтон, сам, со однапред испланирани потези, решава да го сруши целиот корумпиран судски систем и да ја задоволи правдата. Интересното е тоа што, главниот лик истовремено е и позитивецот и негативецот, па ваше е да одлучите како ќе гледате на приказната.rn.rn
„Тешкиот дел не е да ја донесеш одлуката. Тешкиот дел е да живееш со неа.“
rnФилмот доби негативна критика само за завршетокот, кој што можеби малку би ви бил предвидлив или би ве разочарал, но сепак во целост филмот со сигурност ќе ви се допадне.
Кинематографија: Филмот навистина го доловува ефектот на болката на актерот, искажана преку нездравата и морбидната одмазда врз негативците. Режисерот навистина успеал многу добро да ги замисли сцените, а и да ги спроведе во пракса. Сето тоа е збогатено со одлична музика и добро одбрани локации за снимање, за максимално подигнување на адреналинот.
Кога и како да го гледате: Овој филм го заслужува вашето внимание, па затоа е препорачливо да го гледате со помирно друштво или пак можете и сами. Обезбедете си освежителен пијалак и дозволете си да погледнете еден несекојдневен филм за време на викендот.
Слични филмови: „15 минути“ (15 Minutes), „Фрактура“ (Fracture), „Автопат“ (Freeway)