КАФЕ ПАУЗА

Tag: морбидно

  • Морбидни факти за единствената сигурна работа на светот – смртта

    Морбидни факти за единствената сигурна работа на светот – смртта

    Во животот може да се избегнат многу нешта, но една работа е сигурна – сите сме родени за еден ден да умреме. Колку и да звучи ова морбидно, стравот од смртта се победува преку соочување со фактите. Ова се некои од поинтересните и помалку познатите.rnrnmorbidni-fakti-za-edinstvenata-sigurna-rabota-na-svetot-smrtta-kafepauza.mkrnrn1. Левучарите во просек умираат за 3 години порано од десничарите.rnrn2. Нечитливиот ракопис на докторите е причина за 7.000 починати лица годишно.rnrn3. Закопувањето живи луѓе датира од пред 350.000 години.rnrn4. Некој извршува самоубиство на секои 40 секунди.rnrn5. Ајкулите убиваат само по 12 луѓе годишно.rnrn6. Околу 100 милијарди луѓе имаат умрено во историјата на човештвото.rnrn7. Серискиот убиец Леонарда Чанчили е позната по тоа што ги претворала своите жртви во чајни колачи и потоа им ги сервирала на гостите.rnrn8. Околу 153.000 луѓе умираат на твојот роденден.rnrn9. Монт Еверетс има околу 200 мртви тела кои се означени на патот кон врвот.rnrn10. Поголема е веројатноста да умреш од грмотевица, лизнувајќи се или давејќи се во када, отколку од тероризам.rnrn11. За грчкиот филозоф Хризип се вели дека умрел од смеа.rnrn12. Во градот Њујорк има повеќе самоубиства отколку убиства.rnrn13. Во рок од три дена после смртта, ензимите кои го овозможувале варењето на храната во организмот почнуваат да го јадат него.rnrn14. 35 милиони од вашите клетки умираат секоја минута.rnrn15. На секои 90 секунди умира по една жена во текот на бременоста или при породувањето.rnrn16. Пепелта од мртвото тело на креаторот на пакувањето на чипсот Принглс била сместена во една таква кутија.rnrn17. Кога човек умира, последното нешто што го губи е слухот.rnrn18. Распнувањето е сè уште дозволена форма на казнување во Судан.

  • Јапонско село во кое не живеат само луѓе

    Јапонско село во кое не живеат само луѓе

    Јапонскиот град Химеџи е најпознат по својот дворец, но тоа не е единственото нешто заради што е посебен. Имено, во едно од околните села, Окухарима, нема многу живи жители, но има околу 100 плашила.rnrn2-japonsko-selo-vo-koe-ne-zhiveat-samo-lugje-kafepauza.mkrnrnСекоја необичност може да се претвори во добра реклама. За тоа доказ е селото Окухарима во јапонскиот град Химеџи во кое живеат повеќе од 100 плашила. Бизарните кукли во човечка големина седат насекаде низ селото во неговата идилична околина создавајќи чувство на страв и ужас. Полињата во околината на необичното село се полни со кукли, како и тремовите на напуштените куќи. Изгледа морбидно преку ден, но можете само да замислите како би изгледала една ноќна прошетка во Окухарима.rnrn7-japonsko-selo-vo-koe-ne-zhiveat-samo-lugje-kafepauza.mk 14-japonsko-selo-vo-koe-ne-zhiveat-samo-lugje-kafepauza.mkrnrnКреатор на овие страшила е 61-годишниот Мастао Окауе кој своето бизарно хоби го започнал во 2010 година. Идејата на уметникот била да привлече туристи откако многу млади кои биле родени во Окухарима се отселиле во потрага по работа.rnrn

    rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најморбидните случаи со месечари

    Најморбидните случаи со месечари

    Месечарењето е многу сериозна работа, а токму тоа го докажуваат следниве четири неверојатно морбидни случаи.rn

    Жена паднала на пруги

    rnВо октомври, 2013 година, на железничката станица Davis Square во Бостон, некоја жена заспала на клупа. Кога се разбудила, била на пругите. Очигледно, месечарејќи, станала од клупата и се фрлила на пругите. За среќа, била спасена од страна на околните пешаци и поминала само со минорни повреди, бидејќи во тој момент не поминувале возови.rnrnНајморбидните случаи со месечари rn

    Кошмари со истрели од пиштол

    rnНа 30 јули, 2013 година еден маж од Њу Хемпшир, САД, се разбудил од кошмар со истрели од пиштол. Кога погледнал надолу, видел дека држи пиштол во раката и дека има рана од куршум пукнат во неговото колено. Во некој дел од ноќта, тој го зграпчил пиштолот и се пукнал самиот себе.rnrnНајморбидните случаи со месечари rn

    Сексомнија

    rnЕдна среќно мажена жена, честопати месечарела на јавни места и заведувала мажи за секс. Една вечер, нејзиниот маж се разбудил и видел тотален странец во неговиот брачен кревет, како спие до неговата сопруга. Откако се обратиле на помош кај брачен психијатар, терапевтот решил да направи истражувања во сон, за да ја дознае вистината. Звучи неверојатно, но резултатите откриле дека жената патела од сексомнија, состојба во која лицето се впушта во сексуални активности, додека спие.rnrnНајморбидните случаи со месечари rn

    Здивување

    rnВо 1987 година Кен Паркс извозел до куќата на неговите свекор и свекрва, додека спиел. Го задушил неговиот свекор, а потоа ја избодел неговата свекрва до смрт. После убиствата, додека се возел назад накај дома, се разбудил и видел дека е прекриен со крв, па отишол в полиција. Бил на судење и бил прогласен за невин.rnrnНајморбидните случаи со месечари rnrnВо последниве години, се регистрирани над 68 убиства при месечарење ширум светот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Српски филм (A Serbian Film)

    Српски филм (A Serbian Film)

    Филм за снаф-филмовите – ги знаете оние филмови нарачани од „болни богатници“ кои се преполни со секс и со насилство и каде што секогаш има жртви кои реално умираат (не онака филмски). Сликите кои ќе ги видите нема да можете да ги извадите од глава ако не со денови, барем со часови.rnrnСрпски филм (A Serbian Film)Режија: Срѓан СпасојевиќrnrnСценарио: Александар Радивојевиќ, Срѓан СпасојевиќrnrnУлоги: Срѓан Тодоровиќ, Сергеј Трифуновиќ, Јелена ГавриловиќrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: српскиrnrnПремиера: 2010rnrnЖанр: хорор, порнографија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rn__________________________________________________________________________________________rnКога пред неколку месеци прочитав дека „Српски филм“ го повлекле од Лондонскиот фестивал на хорор-филм затоа што организаторите премногу го „исекле“, си реков „овие Англичаниве навистина имаат мек стомак“. И повеќето филмофили во Македонија би го помислиле тоа – ние сме „хард кор“ гледачи и можеме да истрпиме речиси сè. Е па не е баш така. За морбидните сцени во Српски филм, мислам дека апсолутно никој не е подготвен. Сепак, ако тргнам да го „бичувам“ филмот и сè што е прикажано, сигурно само ќе ве поттикнам да го гледате (и јас би си рекла – е ова мора да го видам), а од друга страна, не можам при здрава свест и разум да кажам пофални зборови. Така што, ќе ви ги сервирам само информациите, а потоа сè друго паѓа на ваша одговорност.rn____________________________________________________________________________________________rn

    rnПриказна: Милош е пензиониран порноглумец кој „на времето“ бил ѕвезда во бизнисот, а денеска е посветен на синот и на сопругата. Сепак, парите собрани од порно-деновите пополека се трошат, па мора да смисли нешто. Тогаш доаѓа Вукмир, кој му нуди нов проект. Во игра се големи пари, Милош го потпишува договорот, но не знае апсолутно ништо за тоа што треба да снима. Е, тука почнува морбидната игра. Преполн со секс и насилство, во Српски филм апсолутно ништо не е свето, па дури ни децата, всушност, особено не децата. Филмот е напад на сите сетила – лесно е да ги затворите очите на моменти, но разорливиот звук на бебешкиот плач останува во главата. Да, генерално мислам дека цензурата е непотребна, но ете моите недемократски ставови ќе ги ставам во функција кога станува збор за Српски филм – понекогаш некој треба да нè заштити од нашата љубопитност, барем знам дека некогаш некој треба да ме заштити од мојата.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кинематографија: Единствената причина зошто на овој филм му дадов пет поени – „златна средина“, е начинот на кој е снимен и за глумата. Совршено. Иако ментално ве силуваат, па во текот не ни размислувате на овие аспекти, кога ќе помине сè, јасно е дека причината зошто филмот остава таков впечаток се и актерите и кадрите. Српски филм е мрачен како што треба, а приказната не е комплетно линеарна, туку се раскажува и преку „флешовите“ на Милош откако дрогите „излегле“ од телото. Срѓан Тодоровиќ и Сергеј Трифуновиќ се маестрални – луди, бесни, црни…Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кога и како да го гледате? Не гледајте го. Ги знаете оние задолжителни препораки на филмовите, а „забрането за лица под 18“ е најверојатно најсилната. За Српски филм листата со забрането треба да биде подолга од овој текст. Па така, полнолетството не е единствен критериум, туку треба да имате и посилно срце, да не сте гадливи, да имате јак „ментален имунитет“. Но, ако ја земеме предвид човековата слободна волја (некој сигурно и ќе го пушти), тогаш олеснете си колку што е можно повеќе – задолжително гледајте го во друштво. Иако тешко дека овој филм ќе заигра во некое македонско кино, но и без тоа не би ви го препорачала во таа атмосфера. Дома ја имате слободата да го исклучите кога ќе посакате, а сигурно во кино впечатокот е посилен (непотребно) – темница, сала, големо платно.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)

  • Морничави скулптури бркаат луѓе од плажа

    Морничави скулптури бркаат луѓе од плажа

    За повеќето луѓе плажата е место за одмор и релаксација, каде тие можат да заборават на грижите и секојдневниот живот и да пронајдат спокој, гледајќи во прекрасното море и тркалајќи се во топлиот песок. Токму затоа, изненадува фактот дека на некои плажи ширум светот, уметниците решиле да ги презентираат најморничавите скулптури што ги видело човековото око.

    Раката на хармонијата Хомигот, Кореа
    Раката на хармонијата Хомигот, Кореа
    rnrn Овие невообичаени уметнички творби, со сигурност трауматизираат стотици туристи, особено кога на спасувачите ќе им заврши работното време. Заклучете сами дали е ова лош или добар туризам.rnrn
    Собата во која постојано врне Барселона, Шпанија
    Собата во која постојано врне Барселона, Шпанија
    rnrn
    Двојка, Њубигин покрај морето, Англија
    Двојка, Њубигин покрај морето, Англија
    rnrn
    Друго место Ливерпул, Англија
    Друго место Ливерпул, Англија
    rnrn