КАФЕ ПАУЗА

Српски филм (A Serbian Film)

Српски филм (A Serbian Film)

Written by

in

,

Филм за снаф-филмовите – ги знаете оние филмови нарачани од „болни богатници“ кои се преполни со секс и со насилство и каде што секогаш има жртви кои реално умираат (не онака филмски). Сликите кои ќе ги видите нема да можете да ги извадите од глава ако не со денови, барем со часови.rnrnСрпски филм (A Serbian Film)Режија: Срѓан СпасојевиќrnrnСценарио: Александар Радивојевиќ, Срѓан СпасојевиќrnrnУлоги: Срѓан Тодоровиќ, Сергеј Трифуновиќ, Јелена ГавриловиќrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: српскиrnrnПремиера: 2010rnrnЖанр: хорор, порнографија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rn__________________________________________________________________________________________rnКога пред неколку месеци прочитав дека „Српски филм“ го повлекле од Лондонскиот фестивал на хорор-филм затоа што организаторите премногу го „исекле“, си реков „овие Англичаниве навистина имаат мек стомак“. И повеќето филмофили во Македонија би го помислиле тоа – ние сме „хард кор“ гледачи и можеме да истрпиме речиси сè. Е па не е баш така. За морбидните сцени во Српски филм, мислам дека апсолутно никој не е подготвен. Сепак, ако тргнам да го „бичувам“ филмот и сè што е прикажано, сигурно само ќе ве поттикнам да го гледате (и јас би си рекла – е ова мора да го видам), а од друга страна, не можам при здрава свест и разум да кажам пофални зборови. Така што, ќе ви ги сервирам само информациите, а потоа сè друго паѓа на ваша одговорност.rn____________________________________________________________________________________________rn

rnПриказна: Милош е пензиониран порноглумец кој „на времето“ бил ѕвезда во бизнисот, а денеска е посветен на синот и на сопругата. Сепак, парите собрани од порно-деновите пополека се трошат, па мора да смисли нешто. Тогаш доаѓа Вукмир, кој му нуди нов проект. Во игра се големи пари, Милош го потпишува договорот, но не знае апсолутно ништо за тоа што треба да снима. Е, тука почнува морбидната игра. Преполн со секс и насилство, во Српски филм апсолутно ништо не е свето, па дури ни децата, всушност, особено не децата. Филмот е напад на сите сетила – лесно е да ги затворите очите на моменти, но разорливиот звук на бебешкиот плач останува во главата. Да, генерално мислам дека цензурата е непотребна, но ете моите недемократски ставови ќе ги ставам во функција кога станува збор за Српски филм – понекогаш некој треба да нè заштити од нашата љубопитност, барем знам дека некогаш некој треба да ме заштити од мојата.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кинематографија: Единствената причина зошто на овој филм му дадов пет поени – „златна средина“, е начинот на кој е снимен и за глумата. Совршено. Иако ментално ве силуваат, па во текот не ни размислувате на овие аспекти, кога ќе помине сè, јасно е дека причината зошто филмот остава таков впечаток се и актерите и кадрите. Српски филм е мрачен како што треба, а приказната не е комплетно линеарна, туку се раскажува и преку „флешовите“ на Милош откако дрогите „излегле“ од телото. Срѓан Тодоровиќ и Сергеј Трифуновиќ се маестрални – луди, бесни, црни…Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кога и како да го гледате? Не гледајте го. Ги знаете оние задолжителни препораки на филмовите, а „забрането за лица под 18“ е најверојатно најсилната. За Српски филм листата со забрането треба да биде подолга од овој текст. Па така, полнолетството не е единствен критериум, туку треба да имате и посилно срце, да не сте гадливи, да имате јак „ментален имунитет“. Но, ако ја земеме предвид човековата слободна волја (некој сигурно и ќе го пушти), тогаш олеснете си колку што е можно повеќе – задолжително гледајте го во друштво. Иако тешко дека овој филм ќе заигра во некое македонско кино, но и без тоа не би ви го препорачала во таа атмосфера. Дома ја имате слободата да го исклучите кога ќе посакате, а сигурно во кино впечатокот е посилен (непотребно) – темница, сала, големо платно.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)