КАФЕ ПАУЗА

Tag: микроорганизми

  • Научниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие живот

    Научниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие живот

    „Каде што има вода, има и живот“, вели една поговорка. „Не сосема“, велат француските научници во новата студија.rnrnНаучниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие животrnrnПод какви услови не може да се развие органски живот на Земјата? За да го откријат тоа, научниците се упатиле кон еден од најекстремните делови на планетата – топлите извори Далол во етиопската пуста котлина Данакил.rnrnТоплите извори се сметаат за најжешките населени делови на светот, но не се уникатни само заради топлината. Целата област е исполнета со мали езера и со извори на исклучително кисела и солена вода, кои заедно со околното тло создаваат прекрасна палета бои – зелена, жолта, портокалова и кафеава.rnrnНаучниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие животrnrnИако на прв поглед може да изгледа интригантно и убаво, целата област е многу неодржлива, а воздухот е токсичен поради вулканот кој лежи под егзотичниот релјеф.rnrnПоради екстремните услови, областа отсекогаш ги фасцинирала научниците, а една експедиција во 2016 година била таму за да види дали може да се развие живот.rn

    „Тоа е неверојатно, но непријателско место. Воздухот исполнет со хлор ги запали нашите дишни патишта. Ако овде постојат некои микроорганизми, тоа мора се екстрофилни микроби што би биле од голем интерес за астробиолозите“, рекол Фелипе Гомез, водачот на експедицијата од шпанскиот центар за астробиологија.

    rnНаучниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие животrnrnТимот во заклучокот на студијата изјавил дека тие ги пронашле првите докази за живот во топлите и кисели извори, а тоа се микроорганизми со големина од околу еден нанометар.rnrnНо, новата студија спроведена од француски научници го оспорува откритието за присуство на археи (прабактерии).rn

    „Ги отфрламе неодамнешните тврдења за живот во полиекстремните извори Далол“, истакнал микробиологот Белил. „Дали има живот во овие базени? Ние велиме не и го тврдиме тоа врз основа резултатите добиени со комбинирани молекуларни и микроскопски техники“, изјавил францускиот тим.

    rnНаучниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие животrnrnИ покрај откривањето на присуство на археите, француските научници истакнуваат дека тие не се домородни микроорганизми.rn

    „Поголем дел од откриените микроорганизми се веќе добро познати и потекнуваат од нашата теренска или лабораториска опрема, додека остатокот од трагите на бактериски генетски секвенции се од далеку и доаѓаат од многубројните туристички посети“, објаснуваат во студијата.

    rnКако што е наведено во заклучокот, резултатите покажуваат дека активен, природен микробиолошки живот не може да се најде кај овие извори и езера.rn

    „Идентификувавме две главни физио-хемиски бариери што спречуваат појава на живот во ваквите води на Земјата“, велат научниците.

    rnЕдната бариера е магнезиумот кој е многу доминантен во растворите во езерата, што предизвикува распаѓање на клетките, а другата е токсичното ниво на комбинацијата од хиперацид и хиперсалин.rnrnПогледнете го и овој природен резерват среде океан: Овој остров е вистински мал рај на Земјата!

  • Половина од нашето тело воопшто не е човечко

    Половина од нашето тело воопшто не е човечко

    Од целото наше тело, само 43% е изградено од човечки клетки, а остатокот е вода, микроорганизми и други живи едноклеточни организми. Ова сознание може да донесе многу промени во медицинскиот пристап на лечење.rnrnПоловина од нашето тело воопшто не е човечкоrnrnГрупа биолози, по долги истражувања, заклучиле дека без разлика колку се бањаме и одржуваме хигиена, на површината на нашата кожа постојат микроорганизми без кои не можеме да функционираме. Во оваа симбиоза, благодарение на која сме живи и која помага организмот правилно да работи, човечките клетки зафаќаат 43% од вкупниот број. Иако оваа информација може да биде доста збунувачка, професори од Институтот Макс Планк објаснуваат зошто оваа појава е сосема нормална.rnrnУште од најрана возраст, на часовите по запознавање на природата, учиме дека две третини од нашето тело се составени од вода. Во нашето тело, исто така, постојат градбени клетки кои ги носат нашите гени, но во исто време сме и дом на голем број микроорганизми, вируси, бактерии, па дури и габи.rnrnПоловина од нашето тело воопшто не е човечкоrnrnПрофесор при Универзитетот во Сан Диего, Калифорнија, изјавил дека луѓето се повеќе микроби, отколку луѓе. Ако претходно се сметаше дека соодносот меѓу човечки клетки и микроорганизми е 10:1, сега, благодарение на новите сознанија, може да се каже дека овој број е изедначен.rnrnДури и на ниво на клетките, постојат живи материи (микробиоми) кои ги поврзуваат синџирите на нашата ДНК во целина. Истото се случува и во бактериите кои ги имаме во и на себе, а кои се клучни за правилно да функционираме. Така, може да се заклучи дека нашето тело е група од клетки, микроорганизми и материи, благодарение на кои можеме да бидеме она што сме од биолошки аспект – луѓе.

  • 99% од микроорганизмите во нашето тело се мистерија за научниците

    99% од микроорганизмите во нашето тело се мистерија за научниците

    Многу често се фокусираме на едно нешто, па целосно го игнорираме очигледното. Истото се случува и со научните истражувања кои се фокусираат на еден фактор, па не ја гледаат големата слика.rnrn99-od-mikroorganizmite-vo-nasheto-telo-se-misterija-za-nauchnicite-kafepauza.mkrnrnОва е објаснувањето за едно неодамнешно истражување на универзитетот Стенфорд, во кое се открило дека 99% од микроорганизмите кои се во нашето тело не можат да бидат идентификувани.rnrnПознато е дека многу микроорганизми, како бактерии и вируси живеат во човечкото тело. Секој од нас има видено барем една фотографија од овие суштества која многу често ја забораваме. Но кога ќе дознаете дека тие суштества живеат во нас, а науката знае многу малку за нив сигурно ќе се загрижите.rnrnНашите тела содржат многу повеќе микроорганизми отколку што се мислело. А она што е интересно е што повеќето од нив не се видени претходно. Стивен Квејк, професор по биоинженерство и применета физика изјавил:rn

    „Откривме работи кои ни се познати, работи кои се различни, но и работи кои се целосно нови за нас.“

    rnНаучниците дошле до ова откритие кога споредувале фрагменти од ДНК од човечка крв со базата на податоци која ги содржи живите форми. Тие биле шокирани кога откриле дека 99% од нашата ДНК во крвта не припаѓала на ниту една позната животна форма.rnrnПрвично истражувачите сакале да најдат начин да го предвидат успехот на трансплантацијата на органи. Тие помислиле дека за да го предвидат потенцијалното одбивање на органот треба да направат истражување за ДНК во крвната плазма. Во истражувањето ја анализирале крвта на 188 пациенти, за да видат дали комбинацијата на ДНК-та на пациентот и донаторот ќе биде во ред. Овој метод се покажал како добар, па научниците го објавиле своето откритие во 2015 година.rnrnНо, тие откриле и уште нешто. Од целата нечовечка ДНК која ја собрал тимот, 99% од неа не можела да се споредат со ништо во нивната генетска база на податоци.rnrnКвејк изјавил дека истражувањата многу често ја испуштаат големата слика. На пример, истражувачите ги разгледуваат микроорганизмите на само еден дел од телото, како стомакот или кожата. Но со примероци од крвта може да се разгледаат повеќе аспекти. Токму овие испитувања на крвта го направиле ова откритие возможно и ни покажале колку малку знаеме за нашето тело.

  • Флуоресцентни океански бранови

    Флуоресцентни океански бранови

    Калифорниските плажи блеснаа во сино флуоресцентно светло. Верувајте, не се работи за никаков трик, туку за уште еден природен феномен, кој според биолозите, најверојатно се должи на големата црвена плима и на цутот на алгите. Станува збор за микроорганизми, кои емитираат светлина како одговор на стресот, кој пак, им го предизвикува секое придвижување на водата.rnrnШто значи, при нејзиното бранување во текот на ноќта, како резултат на морските струи, бродовите, чамците или ноќните пливачи и сурфери, микроорганизмите светнуваат во фосфорно сина боја. Биолозите уверуваат дека тие се безопасни и не можат да му наштетат на човекот и на подводниот свет.rnrnФлуоресцентни океански бранови
    rn

    „Организмите кои ја формираат црвената плима се всушност ситни едноклеточни растенија, фитопланктони. Како и останатите терестријални организми и тие трагаат по светлина и хранливи материи. Преку ноќ, продуцираат сина светлина, но дење, цутот на алгите предизвикува црвеникав ефект врз водата, затоа и се нарекува црвена плима и осека. Многу е веројатно дека ù претходи некој вид инјекција од хранливи материи во горниот слој на океанот. Веруваме дека се работи за комплицирана комбинација на физика, биологија и хемија, но во моментот не располагаме со доволно докази за да кажеме кој механизам конкретно е одговорен за ваквиот феномен“, вели д-р Питер Френкс од Институтот за океанографија.

    rnФлуоресцентни океански брановиrnrnБројот на овие микроорганизми се зголемува во текот на ноќта, така што, кога брановите удираат во брегот, тие се населуваат и во песокот. При вечерните прошетки по плажите, зад секоја стапка се јавува флуоресцентен блесок.rnrnПокрај фасцинантната глетка, оваа природна појава е проследена и со релативно лоша смрдеа на гнило. Но, ако успеете да ја игнорирате, овој феномен, вашето ноќно пливање, сурфање или веслање со чамец, ќе го направи незаборавно. rnrnФлуоресцентни океански брановиrnrnПреку следните видеа, погледнете како локалните жители и туристите уживааат во овој природен феномен. Ако некогаш ја посетите Калифорнија, можеби и вие ќе ја имате истата среќа. Во меѓувреме, во овие преубави глетки уживајте пред вашите монитори.rn

    rn

    rnrnОваа несекојдневна појава за првпат е регистрирана во 1901 година, на плажите околу Сан Диего, Калифорнија. Црвената плима е непредвидлива, исто како и временските услови, коментираат експертите. Ако наеднаш задува силен ветер, таа може да се повлече за ден или два, бидејќи микроорганизмите се чувствителни на турбуленции, а често се мета и на бактериите кои живеат во водата.rnrnЦрвената плима, која се јавува во останатите делови од светот, е опасна по здравјето на човекот и кобна за подводниот свет. Таа го намалува нивото на кислород во водата и продуцира отрови.rnrnВаква слична појава имавме можност да видиме и во езерото Гипсланд во Австралија.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Волшебен природно осветлен блескаво-син брег

    Волшебен природно осветлен блескаво-син брег

    Сите ние сме виделе сини животинки во морските длабочини, но ништо слично на ова. Астрофотографот Фил Харт успеал да го фати овој волшебно-блескав, но природен феномен и притоа да направи прекрасни фотографии. Блескаво-сината светлина, т.н. биолуминесцентен ефект е дефанзивна реакција на микроорганизмите во езерото Гипсланд во Австралија. Нивниот светлосен ефект е сличен на оној кој го предизвикуваат сините медузи во водите на брегот на Британска Колумбија.Волшебен биолуминисцентен брегОвие мали суштества се наречени Noctiluca scintillans, а попознати се како „морски блесок“. Тие емитуваат светлосина светлина со цел да ги предупредат локалните алги за нарушувањето на мирот. Во суштина, секое движење на водата ќе резултира со ваков одговор. Без разлика дали мали дечиња си играат во водата или пак водата природно се бранува, овие микроорганизми ќе емитуваат светлина во околината. Овие непаразитски суштества можат да се најдат на повеќе локации низ светот, но сликите на Харт се единствени и исклучително живописни.rn.rn

    „Биолуминесценцијата предизвика огромно внимание. Фотографиите се направени за време на летен камп, кога заедно со моите пријатели си поминувавме одлично во вечерите, играјќи и експериментирајќи со фотографски идеи. Но, штом излезе месечината по неколку дена, светлината сè потешко се забележуваше. Копнееме по денот кога ќе можеме пак да ја видиме светлината на истиот начин, но за тоа може да помине доста време,“ – изјавува Харт.

    rnПриказната на Харт за тоа како овие микроорганизми завршиле во Австралија е фасцинантна. Несомнено, треба да му заблагодариме за овие прекрасни фотографии.Волшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.