КАФЕ ПАУЗА

Tag: луксуз

  • Се ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!

    Се ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!

    Швајцарската компанија Oppidum го претстави својот најнов градежен проект наречен L’Heritage кој се состои од градење бункери и е наменет за сите оние кои сакаат да живеат луксузно дури и во случај на апокалипса. Се работи за бункери за богати поединци чие богатство надминува 100 милиони долари.rnrnСе ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!rnrnБункерите се дизајнирани од страна на францускиот архитект Marc Prigent и се протегаат на површина од 1.000 квадратни метри чии простории се прилагодени на секојдневниот живот и деловните активности. Имаат речиси сè – од спални соби, бањи, кујна до конференциска сала.rnrnСе ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!rnrnСе ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!rnrnСе ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!rnrnL’Heritage може да се прилагоди на индивидуалните потреби и, доколку е потребно, може да се постават и внатрешна градина, спа простор со базен, галерија за приватна уметничка колекција и гаража за десет луксузни возила.rnrnСекако, безбедноста е на прво место. Така, бункерот располага со комплексен безбедносен систем кој ве штити од потенцијалните провалници. Има и безбедносна врата со биометриски читач која истовремено ги скенира ирисот, дланката и отпечатоците од прстите така што само вие и вашето семејство можете да влезете во бункерот.rnrnБункерот се карактеризира и со два система за филтрирање на воздухот како и индустриски генератори кои им овозможуваат на сите системи во бункерот да работат без никаков проблем.rnrnОткако прочитавте за овој луксузен бункер, можеби ќе сакате да прочитате и за напуштените бункери од Втората светска војна.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Важни лекции за животот од познат психолог: Луксуз не е да имате многу пари, туку да се будите со насмевка

    Важни лекции за животот од познат психолог: Луксуз не е да имате многу пари, туку да се будите со насмевка

    Откако ќе ја прочитате оваа порака, ќе го гледате животот со други очи.rnrnВажни лекции за животот од познат психолог: Луксуз не е да имате многу пари, туку да се будите со насмевкаrn

    „Во животот, секој наметнува некои правила врз основа на кои наводно треба да живееме. Вистината е далеку од тоа, животот е онаков каков што ние самите ќе го осмислиме. Единствениот диригент во вашиот живот сте вие и никој друг“, ја започнува приказната психологот Мери Хејл.

    rnПовеќето од нас ги усвојуваат овие правила, цврсто се придржуваат кон нив и на крајот жалат за работите што ги пропуштиле и во коишто не уживале, а можеле, само да биле малку похрабри.rnrnЗа луксуз се смета сè она што е материјално, поради што целиот живот го поминуваме во потрага по пари, губејќи од предвид една голема вистина – најголемиот луксуз во животот не се скапиот стан и добриот автомобил, туку можноста да ги живееме нашите животи според сопствени правила и на начин кој ни одговара.rnrnЛуксузот не е ниту шминка, ниту ресторани, ниту високи потпетици. Вистинскиот луксуз е да живеете онака како што сакате. Во удобни чизми и боја на кармин што ви се допаѓа или воопшто без шминка. Да го јадете она што го сакате, да се дружите со некого со кого ви е убаво, да бидете заедно од љубов, а не поради чувство на должност.rn

    „Научете да ги отфрлате непотребните работи, оние што се застарени и истрошени, но чувајте го она што го сакате. Петгодишната ќерка на мојот пријател целиот живот носи лажичка кога оди на гости. Таа може да си го дозволи луксузот да јаде со лажицата што ја сака. Нејзината мајка се срами од ова и се обидува секогаш да се оправда. И јас почнав на излети да носам свои садови затоа што не сакам да јадам од пластика. И не ми е грижа што мислат другите за тоа.“

    rnЛуксуз е кога ќе научиме да не се нервираме за работите што не можат да се променат. Поразот е дел од животот и треба да се прифати. Оној што ќе научи да го живее животот на тој начин, може да се каже дека живее во луксуз.rnrnВо животот се случува сè, тој тече, се случуваат лоши работи, но и убави нешта и сите треба да бидат прифатени.rnrnПокрај тоа, луксузот значи да имате избор да одлучите кога и каде ќе одите. Никој друг нема право да ги креира вашиот живот и вашите избори, освен вие.rnrnЛуксузен живот значи да живеете според свои правила, да одите кон вашите цели, да не барате изговори, да не заобиколувате и да не се правдате за вашите избори, за вашите соништа и за вашите интереси.rnrnПрочитајте ги овие 7 лекции што ќе ве научат да живеете поубаво, да сакате повеќе и да се грижите помалку.

  • Ова е најскапата вила во САД, еве и зошто

    Ова е најскапата вила во САД, еве и зошто

    Дали сте виделе како изгледа најскапиот дом во САД? Добрата вест е што сега можете да бидете негов сопственик. Се смета дека оваа вила има најскап имот според цената по која се продава – 225 милиони долари. Се продава од страна на филантропот Гери Виник.rnrnОва е најскапата вила во САД, еве и зоштоrnrnНаречена Каса Енкантада, што во превод значи неверојатна куќа, оваа вила зафаќа простор од 4.000 квадратни метри, и има 60 соби кои имаат поглед кон градот, океанот или градината.rnrnРезиденцијата е изградена во триесеттите години од претходниот век. Оттогаш вилата била реновирана неколку пати и сега е позната како најлуксузен имот во САД.rnrnЛуксузната вила има и куќичка покрај базен со приватно кино и бар, осветлен тениски терен, кошаркарски терен, целосно опремена куќа за гости, неколку стаклени градини и езера.rnrnОва е најскапата вила во САД, еве и зоштоrnrnВо вистински кралски стил, влезниот ходник ги поздравува посетителите и ги води до луксузните приемни сали, трпезарии и дневни салони.rnrnПретходно, рекордот за најскапа вила во САД беше вила во стил на француски замок, со сопствен хеликоптер и колекција автомобили.rnrnСледно, погледнете го овој неверојатен дом скриен во пештера.

  • Како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?

    Како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?

    Хотелот „Атлантис“ се наоѓа на вештачкиот архипелаг Палм Џумеира во Дубаи. Откако е отворен во 2008 година, хотелот претставува синоним за луксуз. Но, наскоро ќе биде готов и „Атлантис 2“, кој се очекува да биде многу подобар од оригиналниот.rnrnКако ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?rnrn„Атлантис 2“ треба да биде изграден до крајот на 2020 година. Дубаи ќе плати 1,4 милијарди долари за изградба на хотелот, а него го гради групацијата „Керзнер“, која стои и зад првиот „Атлантис“.rnrnКомплексот, кој започнал да се гради во 2014 година, ќе има две кули. Во едната кула ќе биде сместен луксузен хотел, додека во другата ќе има апартмани кои ќе бидат на продажба. Она што е најинтересно во врска со новиот хотел е тоа што тој ќе има „спа-мост“ со базен кој ќе ги спојува двете главни кули на хотелот. Меѓу останатото, гостите ќе уживаат и во приватни базени и за нив ќе готват познати готвачи.rnrnКулата во која ќе биде сместен хотелот ќе има 795 соби и апартмани на 43 ката, како и приватни клубови, ресторани и барови.rnrnВо резиденцијалниот дел ќе има 231 апартмани со две до пет соби. Најниската цена за еден апартман е два милиони долари. Сите резиденции ќе имаат градина со балкон и базен, а станарите ќе имаат и своја приватна плажа.rnrnКако ќе изгледа сето ова? Погледнете во видеото.rnrnhttps://youtu.be/Cap5zmeW7_MrnrnТреба да се почека за да се види овој хотел, но дознајте како да добиете луксузна соба во хотел без доплата?

  • Одличен трик: Како да добиете луксузна соба во хотел без доплата?

    Одличен трик: Како да добиете луксузна соба во хотел без доплата?

    Често се пишува за можностите да ги подобрите условите на патување во авионските летови, за начините на префрлување во повисока класа, но што е со можноста да се добие подобра хотелска соба по цена на стандардната?rnrnrnrnИако бесплатниот шампањ и поголемиот простор за уживање се одлични, вашата хотелска соба треба да биде место каде што треба да се одморите и да се наспиете. Па, како да се префрлите од стандардната соба, која веќе сте ја платиле, во некоја подобра? Како од малиот брачен кревет да добиете кралска големина со прекрасен поглед?rnrnСпоред експертите за патување и голем број сајтови кои се бават со резервации, трикот не е во тоа да се преправате дека сте на меден месец или пак, да флертувате со личноста што работи на рецепција, туку едноставно подоцна да пристигнете во хотелот. Постои голема шанса дека кога ова ќе се случи, сите стандардни соби веќе да се пополнети, па вам да мора да ве сместат во некои од достапните, но поскапи соби.rnrnИстото го истакнуваат и инсајдерите од хотелската индустрија и наведуваат дека ако пристигнете подоцна, големи се шансите да нема веќе слободни стандардни соби. Исто така, хотелите сами пуштаат поголем број на соби отколку што имаат, затоа што очекуваат некои од гостите воопшто да не се појават.rnrnПа, следен пат кога ќе одите на патување, испробајте го ова и во пракса. Имајте на ум само дека хотелот треба да биде во сезона и на малку попопуларно место за да се зголемат шансите собите да бидат пополнети.rnrnДознајте и кое е значењето на овие 11 необични трикови во хотелската индустрија коишто ги збунуваат гостите.

  • Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

    Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

    Естетиката на Дивиот Запад обично не вклучува замоци од кои можете да гледате бизони како шетаат наоколу. Сепак, во овој случај, на ранчот во Колорадо со цена од 78 милиони долари, нема да се пожалите. Со 439 хектари приватно земјиште, овој имот претставува нова визија за животот на ранч, со сосема ново ниво на модерен луксуз.rnrnДали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?rnrnКога ќе пристигнете на вилата која е 3.200 метри квадрати, ќе се воодушевите од металниот мост пред да ве маѓепса камената фасада, што мора да признаете дека е нешто сосемa различно од дрвените изгледи кои генерално ги имаат имотите кои се во стилот на ранч. Кога ќе влезете внатре, драматичниот влез и луксузниот лустер, топло ќе ве поздрават.rnrnДали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?rnrnДали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?rnrnЕнтериерот е елегантен и современ, со мермерни и камени завршетоци во целиот простор. Направени се само неколку рустични допири, како дрвени греди, винтиџ детали и слични работи, кои ја држат оваа градба вкоренета со нејзиното потекло. Имотот вклучува 8 спални и 16 тоалети, сопствено домашно кино, базен, спа и фитнес студио. Сепак, овој дом може да претставува големо одморалиште, бидејќи може да прими до 40 гости во главната вила и во неколкуте гостински куќи. Дивиот Запад е претставен во неколку гостински сместувања, во случај некој да посака да го доживее целосно Дивиот Запад.rnrnДали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?rnrnДали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?rnrnДодека сте тука, на располагање ви е националниот парк „Бела Река“, како и неверојатниот отворен простор кој можете да го истражувате. Со погледот кон планината која е покриена со снег, овде никако не може да ви стане досадно. Исто така, има и фудбалски, кошаркарски и бејзбол терен, како и затворен тениски терен и езеро.rnrnДали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?rnrnДали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?rnrnСепак, доколку сакате да го доживеете својот Џон Вејн момент, можете да уживате во салонот „Сребрен Долар“, градба која датира од каубојското време.rnrnПогледнете ја и прекрасната архитектура на куќата Висенс која ја направил Антони Гауди.

  • Кои се најлуксузните вкусови во светот и дали би платиле за да ги пробате?

    Кои се најлуксузните вкусови во светот и дали би платиле за да ги пробате?

    Оваа листа секогаш е подложена на промени бидејќи цената на овие продукти варира од сезона во сезона. Сепак и покрај тоа, овие 10 видови храна се најскапите нешта што можете да ги вкусите. Редоследот е делумно според цената и според луксузноста на продуктите.rn

    1. Кавијар од белушки кит

    rn(1)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mkrnrnОвој кавијар може да достигне цена и до 4.300 евра за килограм. Кавијарот е всушност јајца од риба, а овој бренд доаѓа од белушкиот кит кој живее во Каспиското море. На китот му се потребни 20 години за да ја достигне максималната големина, и може да тежи и до 2 тона. Неговите јајца имаат од виолетова до црна боја, а најсветлите се најскапи. Кавијарот обично се служи на мало парче леб и не му се додаваат никакви зачини за подобрување на вкусот.rn

    2. Шафран

    rn(2)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mkrnrnШафранот е најскапиот зачин на светот и неговата цена може да достигне до 1.800 евра за половина килограм. Шафранот е цвет чии цветови мора рачно да се одвојуваат. Потребни се илјадници цветови за да се добие околу 30 грама шафран. Најчесто се користи за боење и за подобрување на вкусот на храната.rn

    3. Бели тартуфи

    rn(3)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mkrnrnТартуфите се најскапите печурки. Тие имаат арома која потсетува на пржени ореви која многу луѓе ја обожуваат. Белите тартуфи се најскапи од оваа група печурки. Најчесто ги сервираат на многу тенко исечени парчиња и се како украс на главното јадење. Често се ставаат во масло и се продаваат како масло од тартуфи.rn

    4. Говедско месо Коби

    rn(4)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mkrnrnОва месо се добива од посебен вид говеда кои се одгледуваат во Јапонија. Процесот на одгледување следи стара традиција и е голема тајна. Говедата ги хранат со пиво и житарици, па месото е навистина меко. Неговата цена може да достигне и до 260 евра за половина килограм. Исто така овие животни секојдневно ги масираат со цел да се подобри текстурата на месото.rn

    5. Птичјо гнездо

    rn(5)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mkrnrnГнездата за кои станува збор се на еден вид птици кои ја користат својата плунка за нивната изградба. Нивната плунка има хемикалија која го стврднува воздухот. Гнездата се деликатес во Кина и се еден од најскапите животински продукти. Најчесто се прави супа од нив, но може да се прават и слатки работи. Кога ќе се измеша со вода, тврдото гнездо добива текстура како на желе.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Фотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светот

    Фотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светот

    Дубаи е еден од седумте членови на Обединетите Арапски Емирати. Животот таму се врти само околу луксуз и ексцентричност. За само 30 години, старото рибарско село се претвори во најбогатиот и најневеројатниот град во светот. Постојат многу интересни приказни поврзани со грандиозната архитектура и лудиот начин на живот. Погледнете ги следниве фотографии кои ќе ви покажат зошто зборовите „Дубаи“ и „луксуз“ слободно можеме да ги сметаме за синоними…rn

    Вака ќе изгледа Дубаи од птичја перспектива во блиска иднина

    rnФотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светотrn

    Необичниот изглед се должи на специјалната технологија што ја користи градот за да создаде вештачки острови

    rnФотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светотrn

    Крајниот резултат изгледа вака

    rnФотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светотrnrnФотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светотrn

    Но, морето е само една од многуте туристички атракции – Дубаи ви нуди можност да живеете и меѓу облаците

    rnФотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светотrnrnФотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светотrnrnФотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светотrn

    Сте виделе ли поневеројатно место за живеење од ова?

    rnФотографии кои докажуваат дека Дубаи е најлудиот град во светотrnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rnrn

  • Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзола

    Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзола

    На автомобилското шоу во Пекинг 2016, Волво го откриле својот неверојатен концепт за внатрешен дизајн кој доаѓа како дел од моделот С90.rnrn(1) Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзолаrn

    „Со овој ентериер ние сакавме да создадеме парче уметност, скулптура. Создадовме многу оригинални концепти и им дадовме живот“, вели Робин Пејџ, потпретседателот за внатрешен дизајн во компанијата Волво.

    rnГлавните карактеристики вклучуваат 2 индивидуални задни седишта, одвоени од поголема централна конзола која ги содржи контролите за греење, ладење, како и функциите за масажа. Дополнително, постојат и маси кои се собираат за секој од патниците на задните седишта, заедно со 2 држачи за чаши кои можат да греат или ладат. Постои и фрижидер на центарот од конзолата, помеѓу двете седишта, која доаѓа со 2 кристални чаши.rnrn(2) Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзолаrnrnПредното патничко седиште е отстрането и на негово место се наоѓа затоплен дел за одмор на нозете, заедно со мал простор за складирање и монитор кој може да се собере. Ова му овозможува на патникот способност да работи во движење или пак, да гледа филмови за време на долгите патувања. Погледнете…rnrn(3) Волво С90: Неверојатен концепт ни покажува луксузна внатрешна конзолаrnrn

  • Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?

    Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?

    Дури и да го избегнал ледениот брег пред 104 години, Титаник сѐ уште би се помнел како најлуксузниот брод на сите времиња. За неговата изградба и уредување во 1912-тата година биле потребни 7,5 милиони долари што е еквивалент на 180 милиони долари денес. Додека акомодацијата и сместувањето од втора и трета класа на Титаник биле далеку подобри од сместувањето на другите бродови, сепак главната награда ги добива привилегиите од првата класа. Во тој контекст, што би можеле да добиете со купувањето на најскапиот билет на Титаник?rnrn

    Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?
    Главните скалила
    rnrnЗа да го пронајдете одговорот, потребно е да го разгледате случајот на 58-годишната Шарлот Дрејк Кардеза од Филаделфија. Иако не била на листата на најбогатите патници како што биле милионерите Џејкоб Астор IV или Бенџамин Гугенхајм, Кардеза била патрон за уметностите, сопственичка на поголем број јахти и ловџија на крупен дивеч. Семејното богатство дошло од нејзиниот татко, богат сопственик на продавница за производство на текстил. Се смета дека Кардеза го купила најскапиот билет на бродот по цена од 2.560 долари во 1912-тата година, или 61.000 долари денес.rnrnТаа се качила на бродот заедно со нејзиниот 36-годишен син, Томас, нејзината слугинка и неговиот камариер и сите заедно понеле 14 сандаци, 4 куфери и 3 помали сандаци. Тие биле сместени во трисобен апартман со 2 спални соби и една дневна соба како и 2 дополнителни соби за облеката и бања. Нивните слуги биле сместени во придружните кабини во близина. Овој апартман бил еден од најлуксузните на бродот и единствениот друг апартман како нивниот бил резервиран за финансиерот Џ.П. Морган кој бил сопственик на компанијата која го поседувала Титаник и кој се откажал од патувањето во последниот момент.rnrn
    Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?
    Една од спалните соби за патниците од прва класа
    rnrnНе само што ги избегнувале пониските класи, семејството Кардеза немало време ниту да се социјализира со останатите плутократи и буржоазија. Тие имале 15-метарска приватна палуба каде што можеле да уживаат над отворено небо на раат. За време на оброците, тие избирале каде ќе јадат, а можеле да се одлучат и за приватниот а-ла-карт ресторан кој се доплаќал дополнително. Од оние менија кои успеале да се „спасат“ од несреќата, се забележало дека сите присутни богаташи јаделе по 10 порции кои вклучувале морска храна, пилешко, јагнешко, телешко и слични видови меса.rnrnПо вечерата, Томас можел да се повлече во една соба за пушење која била наменета само за мажи, а Шарлота во првокласната соба за рекреација декорирана како Версајскиот дворец, каде се играле карти и се разговарало. Исто така, можеле да го посетат базенот со солена вода, турската бања, теренот за сквош или салата за вежбање која била опремена со најмодерните машини за вежбање од тој период, како електричниот коњ и електричната камила.rnrn
    Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?
    Дневна соба за дамите
    rnrnНезависно дали нивното богатство имало некаков удел во спасувањето на луѓето на денот на несреќата, на семејството Кардеза и нивните слуги им било обезбедено место во малиот број спасувачки чамци, за разлика од преостанатите 1.500 луѓе кои или биле заглавени или пливале во студените води и добиле хипотермија. Месеци по несреќата, Шарлота ги тужела сопствениците на Титаник за изгубените фустани, накит, крзно и други предмети кои биле опишани на 16 страници што е сведоштво и тестамент не само за нејзината моќ и богатство туку служи и како едно неверојатно сеќавање.rnrnНа листата биле запишани и изгубени 5.500 долари или 132.000 долари во денешна вредност. Но, тоа е само ситно во споредба со нејзиното целосно богатство кое го понела со себе што изнесувало 177.000 долари или 4.2 милиони долари во денешна вредност. За разлика од многуте други посиромашни патници и членови на екипажот, семејството Кардеза не било ниту повредено, ниту значително осиромашено од катастрофата. Тие продолжиле да живеат во стилот на кој биле претходно навикнати сѐ до нивната смрт, 1939-тата за Шарлота и 1952-та за нејзиниот син, Томас.