КАФЕ ПАУЗА

Tag: лозинка

  • Дали вашата лозинка треба да содржи празни места?

    Дали вашата лозинка треба да содржи празни места?

    Хакирањето е резултат на постапка при која хакерите се обидуваат да ја погодат вашата лозинка врз основа на информациите што ги извлекле од пораките, од профилите на корисниците и од другите јавно достапни информации. Тие најчесто се успешни во ова, главно поради човечка грешка што може многу лесно да се спречи.rnrnДали вашата лозинка треба да содржи празни места?rnrnХакерите се сè повешти во следењето и во разменувањето на украдените лозинки поради што превенцијата е поважна од кога и да било порано. Еве неколку совети како да им ја отежните работата.rnrnЛозинката што се состои од само еден збор не е доволна. Треба да смислите израз составен од неколку зборови и карактери вклучувајќи и празни места. Колку подолго и посложено, толку подобро. Вашата лозинка треба да се состои од најмалку четири збора, а одлично би било ако содржи пет.rnrnФејсбук, Гугл и другите поголеми Интернет-сервиси без проблем ги прифаќаат празните места во лозинката.rnrnПодобро е да користите изрази отколку зборови затоа што така им е потешко на хакерите да ги погодат. Исто така, и вам ќе ви биде полесно да запомните еден израз отколку серија случајни букви, броеви и знаци.rnrnНо, дури и ако користите изрази, важно е редовно да ги менувате и да не ги користите истите лозинки на различни профили и сметки.rnrnПогледнете како да ги заштитите и блутут уредите затоа што можат да бидат хакирани и од голема далечина.

  • Заштитете се: Кои лозинки во 2016-та година биле најлесни за пробивање?

    Заштитете се: Кои лозинки во 2016-та година биле најлесни за пробивање?

    Што се однесува до технологијата, претходната година се забележани многу хакирања, како на приватни профили, така и на големи компании и државни администрации. Сепак, иако не можете лесно да ги запрете врвните хакери, потребно е да направите сѐ што е во ваша моќ за да им ја отежните работата.rnrnЗаштитете се: Овие лозинки се најмногу хакирани во 2016-та годинаrnrnКомпанијата „Keepr“ која е специјализирана за сајбер-заштита, објавила студија која покажува кои се највообичаените лозинки на корисниците и кои најлесно може да бидат пробиени, без помош од некои напредни програми. Нивниот тим анализирал над 10 милиони лозинки од различни профили на социјалните мрежи, веб-сајтовите и електронските пошти, така што со сигурност може да се заклучи дека нивните резултати се веродостојни. Имено, вообичаената лозинка „123456“ е виновна за дури 17% од сите пробиени приватни профили ширум светот.rn

    Која апликација е моментално најсигурна за заштита?

    rnСпоред најновите истражувања, апликацијата која може да ви овозможи максимална заштита за време на комуникацијата преку вашиот мобилен телефон е Biocoded, бидејќи експертите од оваа компанија успеале да направат најголема можна заштита за вашите податоци. Таа поседува двоен заштитен протокол кој ви овозможува целосна безбедност,  а исто така е проверена и одобрена од страна на независни безбедносни агенции. Додека ја користите оваа апликација, вашите пораки и повици се енкриптирани, а најинтересната опција што ја овозможува е криптираната „групна комуникација“ и временски ограничените пораки кои сами се уништуваат. Сите податоци кои ги праќате или ги разменувате во рамките на оваа апликација, целосно се заштитени и никој не може да им пристапи, дури и доколку ви го украдат телефонот.rnrnЕдвард Сноуден ја препорачува Signal како апликација која нуди најголем степен на сигурност на податоците. Меѓутоа, со појавата на апликацијата Biocoded, таа добила реална конкуренција, а можеби и ја изгубила водечката позиција, затоа што Biocoded нуди подобра заштита, што потврдува и фактот дека безбедносните сили на некои земји ја користат за интерна комуникација. На тој начин секој корисник на апликацијата има најголема можна заштита на податоците на својот телефон и во комуникацијата преку Интернет. Signal е достапна за сите мобилни уреди (Android, iOS, Windows).rnrnЗаштитете се: Овие лозинки се најмногу хакирани во 2016-та годинаrnrnОва се 25-те највообичаени лозинки кои најлесно може да бидат пробиени. Проверете дали и вашата се наоѓа меѓу нив и ако е на оваа листа, веднаш сменете ја за да се заштитите.rnrn1. 123456rnrn2. 123456789rnrn3. qwertyrnrn4. 12345678rnrn5. 111111rnrn6. 1234567890rnrn7. 1234567rnrn8. passwordrnrn9. 123123rnrn10. 987654321rnrn11. qwertyuioprnrn12. mynoobrnrn13. 123321rnrn14. 666666rnrn15. 18atcskd2wrnrn16. 7777777rnrn17. 1q2w3e4rrnrn18. 654321rnrn19. 555555rnrn20. 3rjs1la7qernrn21.googlernrn22. 1q2w3e4r5trnrn23. 123qwernrn24. zxcvbnmrnrn25. 1q2w3ernrnСакате да станете гуру за лозинки? Прочитајте како да имате максимална заштита на вашите профили!

  • Непознат човек му пристапил на мало девојче: Нејзиниот одговор ѝ го спасил животот

    Непознат човек му пристапил на мало девојче: Нејзиниот одговор ѝ го спасил животот

    Непознат човек му пристапил на едно 8-годишно девојче додека таа си играла на игралиште. Тој ја повикал да дојде со него, објаснувајќи ѝ дека на нејзината мајка ѝ се случило нешто лошо и дека таа го пратила по неа. Девојчето во тој момент побарало од него лозинка. Човекот се двоумел и не успеал да се снајде, па токму затоа и девојчето веднаш побегнало.rnrnНепознат човек му пристапил на мало девојче: Нејзиниот одговор ѝ го спасил живототrnrnНејзината брза реакција најверојатно ѝ го спасил животот. Таа заедно со својата мајка смислиле лозинка која се користела доколку мајката има потреба да испрати непознат човек по неа. Станува збор за одличен трик кој секој родител треба да го прифати со цел да ги заштити своите најмали и да ги научи да размислуваат посериозно за својата лична безбедност.

  • Станете гуру за лозинки: Како да имате максимална заштита на вашите профили?

    Станете гуру за лозинки: Како да имате максимална заштита на вашите профили?

    Колку е побезбедна лозинката, толку се помали шансите некој да ви ги пробие разните кориснички сметки на интернет. Таа е последниот ѕид кој натрапникот треба да го помине за да влезе онаму каде што не му е местото, а во тоа ќе го спречите доколку ги следите овие совети за создавање на безбедни лозинки.rnrnКако да создадете безбедна лозинка?rn

    1. Смислувајте „силни“ лозинки

    rnПовеќето сајтови ќе ви кажат дали лозинката ви е доволно добра уште во моментот кога ќе ја одбирате. Генерално, за силна лозинка се смета онаа која содржи големи и мали букви, броеви и други знаци. На пример, вашето име и презиме или телефонскиот број не се доволно силна лозинка, но акроним од првите букви на вашата омилена песна веќе е друга приказна.rn

    2. Не користете неуниктани лозинки

    rnМногу профили биле хакнати затоа што корисниците го олесниле тоа избирајќи некоја од најлошите лозинки на светот. За некои луѓе безбедносен ѕид претставува „password”, за други телефонскиот број или своето име додавајќи „123“. Ваквите лозинки пречесто се користат и не мора некој да е искусен хакер за да ја открие и да се послужи со вашиот профил.rn

    3. Погледнете ја листата на 20-те најлоши лозинки

    rnЛозинката Password е навистина лесно да се запамети, но ова не е најважната работа при креирањето на лозинките. Најважна е сигурноста. Според „CM Security“ лозинка од 8 карактери го зголемува времето на пробивање на 8 години, наспроти 41 ден колку што е потребно за пробивање на лозинка со 4 знаци.rn

    4. Тестирајте ја вашата лозинка

    rnСо помош на оваа алатка можете да проверите дали вашата лозинка е доволно силна. Силна е кога ќе се обојат сите 6 ѕвездички.rn

    5. Менувајте ги лозинките

    rnОдвреме-навреме сменете ги лозинките кои ги користите. Тоа е една дополнителна мерка за безбедност. Исто така користете различни лозинки за различни кориснички сметки.rn

    6. Користете LastPass

    rnLastPass е екстензија за прелистувачи за која треба да запаметите само една лозинка, а потоа таа ги памети сите други ваши лозинки за вас. Притоа, прави и други безбедносни проверки и ви кажува кои лозинки треба да бидат посилни, кои сајтови биле хакирани и дали ви треба промена на лозинката. Тоа ви овозможува да користите различни лозинки за различни кориснички сметки и да не се мачите да ги памтите сите.rn

    7. Како да создадете добра безбедна лозинка која лесно ќе ја паметите?

    rnНајдобри се лозинките кои се составени од големи и мали букви, броеви и симболи. Кога овој принцип ќе го примените на вашите омилени работи, спомени, филмови, песни итн. силната лозинка е неизбежна. Така, на пример, ако ја сакате сината боја и сте фан на „Господар на прстените“, вашата лозинка може да ја склопите така што ќе кажете дека сакате сина боја, потоа ќе ставите некој симбол, па акронимот од името на филмот кој ќе почнува со голема буква. Тоа би изгледало вака:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn

    sakam sina boja & Lord of the Rings → ssb&LotR

    rn[/message_box]rn

    rnТака изгледа вашата силна лозинка која тешко се пробива.rn

    8. Смислете една добра лозинка и потоа само правете варијации од неа

    rnДоколку не сакате да користите менаџер за чување лозинки, можете да примените друга тактика за креирање и помнење на различните лозинки за различните кориснички профили. Најпрвин смислете нешто уникатно и потоа само прилагодувајте го секогаш на истиот начин. На пр.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn

    radio1#facebook; radio1#twitter; radio1#youtube

    rn[/message_box]rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еве како промената на лозинката може да ви го промени животот

    Еве како промената на лозинката може да ви го промени животот

    Во момент на најголемата животна пресвртница, збунетост и изгубеност, Маурисио Естреја се сетил на советот од својот поранешен шеф – избрал нова лозинка за да си го промени животот. И успеал…rnrneve-kako-promenata-na-lozinkata-mozhe-da-vi-go-promeni-zhivotot-kafepauza.mkrnrnМаурисио еден ден дошол на работа нервозен, нервен и испотен. Доцнел, имал само 20 минути до состанокот. Во главата му се повторувала само една мисла: „Како можеше тоа да ми го направи?“ Се наоѓал во болен процес на развод. Во тој момент на компјутерот добил порака дека лозинката му истекла. Имал малку време до состанокот, а пред себе ја имал таа пречка – непотребно губење време. Секако, за на работа морал да користи лозинка со минимум 8 знаци, од кои една голема буква, бројка и специјален знак и не смеела да се повторува со ниедна претходна.rnrnТогаш тој се сетил на советот од својот поранешен шеф: Користи лозинки за да си го промениш животот. Бил болно свесен за целта што треба да ја постигне, бидејќи се чувствувал емотивно изгубен. Тогаш му светнало – новиот пасворд ќе му биде: Forgive@h3r (Опрости ѝ).rnrnОваа лозинка тој морал да ја впишува по неколку пати на ден, секој ден кога ќе му се заклучел компјутерот, цел еден месец. Овој едноставен чин му го променил начинот на кој дотогаш размислувал за својата поранешна сопруга, за својот брак и депресијата во која сѐ повеќе тонел. Расположението драстично му се подобрило, а веќе на крајот на втората недела почувствувал дека лозинката станува помалку ефективна. Му се чинело дека навистина ѝ опростувал секојпат кога ќе пишел Forgive@h3r.rnrnПосле тоа сфатил дека лозинката, односно мантрата која ја повторувал секој ден може да влијае на неговиот живот, да го промени она што отсекогаш сакал да го промени, а не бил доволно силен, да излечи болка, да постигне нови цели.rnrnПосле месец дена користење на лозинката Forgive@h3r, ја променил во Quit@smoking4ever (Престани да пушиш засекогаш). Престанал да пуши речиси преку ноќ.rnrnОва се уште неколку негови пасворди од кои дел успешно му го промениле животот:rn

      rn011

    • Save4trip@thailand (Штеди за патување на Тајланд) – Отишол таму после 3 месеци.
    • rn011

    • Eat2times@day (Јади 2 пати на ден) – Во ова не успеал, сѐ уште има проблем со килограмите.
    • rn011

    • Sleep@before12 (Легнувај да спиеш пред полноќ) – Успеал.
    • rn011

    • Ask@her4date (Покани ја на состанок) – Успеал и повторно се заљубил.
    • rn011

    • No@drinking2months (Немој да пиеш 2 месеци) – Успеал и се чувствува многу подобро.
    • rn011

    • Get@c4t! (Набави мачка) – Успеал, има прекрасна мачка.
    • rn011

    • Facetime2mom@sunday (Разговарај со мама преку Фејстајм во недела) – Успеал, разговараат секоја недела.
    • rn011

    • Save4@ring (Штеди за прстен) – Ова е неговата последна лозинка за која бил сигурен дека ќе му го промени животот. На 21 јуни, таа рекла „да“.
    • rn

    rnМаурисио сфатил дека пасвордот навистина може да му го промени животот ако тоа го „одигра“ како што треба. Сега нестрпливо чека секој месец за да направи промена во лозинката со цел да си постави нов предизвик пред себе. Овој метод го користи веќе 2 години. Се работи за мали навики, кои можат да имаат големо влијание врз неговиот живот. Затоа одлучил да го сподели со светот.

  • Љубомора – сигурен убиец на секоја врска!

    Љубомора – сигурен убиец на секоја врска!

    Автор: Катерина НеделкоскаrnrnrnДенес почнав да размислувам за љубомората. Дали е добро да ја има и ако да, во која количина?! Ако ме прашувате мене, малку љубомора е корисна за секоја врска. Кога викам малку, значи ептен малку, еве на пример она мутаво чувство што се јавува од време на време, поради опасноста дека може да ја изгубите личноста што ја сакате. И тоа е тоа. Без драми, без напади во јавност, а богами ни приватни напади, зашто од таква беља никој аир не видел.rnrnЉубомора - сигурен убиец на секоја врска!rnrnИсто како што јас не сакам дечко ми да ми драматизира и да паѓа во несвест секој пат кога некој ќе се поздрави со мене додека сме излезени, било да е дискотека, кафуле, па и на сред плоштад да е, небитно, и јас не сум склона на такви испади. Што порано си сфатиме дека тој некој си имал живот пред нас, живот што вклучува девојки, забави, секс, сè по ред, толку полесно ќе си продолжиме со врската. Па јас не сум светица, нели?! 🙂 Сум имала и јас живот пред него, а ќе имам и после него.rnrnНикако не можам да ги разберам оние партнери кои забегале до тој степен што си ги знаат пасвордите на Фејс, мејл, Твитер, пинови и заштитни кодови на телефоните, строго филтрирање на фејсбук-пријатели, девојката да нема бивши во пријатели или па не дај боже некои дечки што не ги знае лично, да не случајно ѝ остави некој од нив лајк или па коментар, скраја да е! Неговиот профил исто така никако да нема бивши девојки, девојки на пријатели, девојки што не ги познава лично, строго најтесен круг на пријатели и роднини. Што ќе му се школски пријателки, демек некогаш пак ќе ги види?! И мобилниот телефон. Кај нејзе 20-30 броеви од најблиските, и слики строго нивни заеднички, со други луѓе, никако! Исто и кај него. На пиво со другарите еднаш неделно, или уште подобро, еднаш на две недели, што ќе му е толку пиво, уште па да се здебели на крај. 😀 Кафе/коктели со пријателките онолку пати колку што него му е дозволено да излезе на пиво со другарите. Дискотеки и кафани не доаѓаат предвид за сингл излегувања, таму само заедно. Ако едниов малце повеќе испие, обавезно да не прават муабет во следните две недели, па тоа е сериозна грешка!rnrnИ да ви кажам што беше последното нешто што го слушнав за една врска на една девојка што не ми е блиска пријателка, но ете почувствувала потреба да ми се довери. Си ги знаат пиновите на кредитните картички, односно да бидам поконкретна, тој го знае пинот на нејзината кредитна картичка, па ѝ ја позајмува од време на време, да провери дали претерала со шопинг, или па да си купи нешто за него, ако не му стигнат неговите пари. Кааааде бе со тој муабет?! Мене татко ми не ми го знае пинот на картичката, а не па некој контрол-фрик кој по некоја случајност се погодил да ми биде дечко! Што е многу, многу е!rnrnЗа моја среќа, јас овој љубоморниов ген или го имам во минимални неприметливи количини, или па воопшто го немам. А и уште една среќа моја, се гледам со дечко што исто така или го има во минимални неприметливи количини или воопшто го нема. Lucky me! :DrnrnМене ми е смешна целата таа претстава со мобилните телефони, мојот телефон е моја приватна работа, исто како што неговиот телефон е негова приватна работа, и да ви кажам најискрено, воопшто не ме интересира ништо околу тоа. Исто и Фејсбук. Малку ми е налудничаво сето тоа контролирање на кој што каде пишал, единствено што може да се постигне е да си всадам некој сомнеж, и ете ми после главоболки за некоја што најверојатно или му е братучетка или школска или бивша, сеедно, не ме интересира. А од друга страна па не кријам ништо, мојот телефон секогаш стои на маса и воопшто не би ми било проблем ако некогаш не можам во моментот да кренам слушалка, а тој е поблиску да се јави.rnrnВо мојов случај голема улога игра инаетот и забраните. Делуваат целосно контрапродуктивно, што повеќе забрани и правила добивам, толку ми е поинтересно да ги кршам. Сум била во врски во кои пробувале да ми наметнат некои правила и забрани, и истите завршиле со раскинување откако претходно сум ги направила сите бељи колку да докажам дека не следам ничии правила! Ама затоа вака кога ми е дозволено да имам свој живот и да правам што сакам, секако во граници на нормалата, баш и не ми е интересно да се глупирам. Ја давам истата слобода што ја добивам, и да ви кажам најискрено, тоа е најдобрата комбинација.

  • Како да изберете безбедна лозинка?

    Како да изберете безбедна лозинка?

    Во денешно време, лозинка ни е потребна речиси за сè за што секојдневно го користиме Интернетот – праќаме и примаме имејл пораки, ја проверуваме состојбата на сметката во банка, користиме програми за чет и видео разговори како што се МСН и Скајп, а да не ја споменуваме масовната комуникација во светски рамки преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.rnrnБидејќи сите полека, но сигурно стануваме сè позависни од Интернет и тој стана составен дел од нашиот начин на живот, многу е важно да знаеме дали лозинките кои ги одбираме се безбедни. Следуваат неколку совети за правилен избор на вашите лозинки при регистрација.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    1. Што повеќе карактери – толку подобро

    rnНикогаш не креирајте лозинка со помалку од 6 карактери, бидејќи таквата може лесно да биде „пробиена“ од страна на хакери со користење brute-force софтвери. Мајкрософт препорачува да се создаваат лозинки од минимум 14 карактери, доколку е тоа возможно.rn

    2. Не користете постоечки зборови

    rnЗборовите кои постојат во речникот на кој било јазик во светот, напишани од лево кон десно или од десно кон лево, не треба да се користат како лозинки, бидејќи лесно можат да бидат „уловени“од страна на сајбер-криминалците.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    3. Создадете едноставна формула

    rnСоздадете лозинка базирана на некоја едноставна реченица, која ќе можете да ја запаметите. На пример, ако реченицата ви гласи: „Сакам да научам како да креирам безбедна лозинка со овие совети“, вашата лозинка нека биде составена од првите букви на секој збор, (на латиница) а потоа по случаен пат изберете кои букви да ви бидат големи, а кои мали за да ја направите покомплицирана за декодирање: SdnKDKblsOS.rn

    4. Со бројки е побезбедно

    rnСледно што треба да направите за да биде вашата лозинка уште побезбедна, е да додадете бројки во средина, но избегнувајте да го внесувате бројот на вашите години, датумот на раѓање или бројот на адресата на живеење: SdnKD74KblsOS. Потоа, додадете симбол и/или интерпункциски знак, на почетокот и на крајот на лозинката: %SdnKD74KblsOS?rn

    5. Не користете една лозинка за сè

    rnНемојте истата лозинка која ја креиравте да ја користите за пристапување на вашиот Фејсбук профил, за проверување на сметката во банка на Интернет, за Скајп и во сите ваши онлајн регистрации. Ако вашата лозинка еднаш ја пробијат, ќе станете чувствителни на сите видови сајбер-опасности.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    6. Меморирање на лозинки

    rnАко имате многу лозинки за меморирање, несомнено ќе имате тешкотија да ги запаметите сите. Најсигурно ви е да пробате да ги запаметите, но ако не можете, тогаш запишете ги на лист, кој ќе го чувате на безбедно место, каде никој нема да ви го види (никако немојте да го залепите на бирото каде што ви стои компјутерот). Ако и таа варијанта не ви е баш практична, тогаш почнете да користите пасворд менаџер, на пример KeyPass, кој безбедно ќе ги чува сите ваши лозинки на едно место, а вие ќе треба да запаметите само една лозинка, за да пристапите до него.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    7. Заштитете ја вашата лозинка

    rnПоради безбедносни причини, избегнувајте да ја користите вашата лозинка на јавни компјутери и никако немојте да ја споделувате преку имејл порака, дури и ако истата е побарана да ја испратите од страна на компанија во која имате доверба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.