КАФЕ ПАУЗА

Tag: Колумбија

  • Катедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!

    Катедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!

    Колумбиската катедрала на солта или Catedral de Sal, е неверојатно архитектонско ремек-дело и место кое не треба да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Колумбија.rnrnКатедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!rnrnОваа необична катедрала се наоѓа на 200 метри под земја во темни пештери и тунели. Тунелите биле изградени кога на ова место рударите ископувале сол, а оттука и ова архитектонско чудо го добило своето име.rnrnПрвично, рударите изградиле мало светилиште каде што ќе можат да се молат за безбедност и просперитет бидејќи ископувањето сол било опасно, а сегашната катедрала била изградена во 1995 година бидејќи првобитната била прогласена за небезбедна.rnrnНа влезот во тунелот се наоѓа статуата на Вирген де Гуаса (Богородица од Гуаса) која се смета за заштитничка на рударите. Ќе ја препознаете по малиот рудар кој стои пред нејзините нозе.rnrnТунелот е темен и е проследен со специфичен мирис, а кратка прошетка води до „станиците на крстот“ кои се состојат од 14 мали капели. „Станиците на крстот“ ги означува чекорите на Исус Христос кон неговото распнување.rnrnНа крајот од Станиците на Крстот, доаѓате до три кораби кои го прикажуваат раѓањето, животот и смртта на Исус. Секој кораб има прекрасни рачно изработени скулптури кои упатуваат на куполата на базиликата каде се наоѓа огромен крст осветлен со виолетови светла.rnrnИако е римокатоличка црква, оваа катедрала нема епископ и не е призната од црквата. Сепак, овде се одржува миса секоја недела, а понекогаш се користи како црква за свадби.rnrnОткако прочитавте за катедралата на солта во Колумбија, можеби ќе сакате да прочитате и дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Шарен и цветен град во Колумбија кој е создаден за најубавите фотографии

    Шарен и цветен град во Колумбија кој е создаден за најубавите фотографии

    Овој е едно од најшарените места во светот и е еден од најубавите колонијални градови во тој дел од светот, пожелно место за одмор, но и за живеење. Така го опишуваат оние што го видоа шармантниот град Картахена во Колумбија.rnrnШарен и цветен град во Колумбија кој е создаден за најубавите фотографииrnrnОвој град одигра важна улога во одбраната на земјата, но исто така и во развојот на целата област во колонијалното време. Во текот на 18 век, тој бил и политички и економски центар на земјата (за жал, трговија со робови), а трагите од тоа богатство се видливи денес во раскошните палати и андалузиските градини. УНЕСКО го стави на списокот на американското светско наследство, истакнувајќи го неговиот значаен, дури и најголем систем на утврдувања во Новиот свет.rnrnСпоред многумина, најубавиот дел е Стариот град опкружен со sидови кои некогаш го бранеле градот од бури и пиратски напади од морето. Во рамките на yидовите се наоѓаат некои од најшарените кафулиња, ресторани, продавници и хотели, така што овој дел од градот е полн со туристи. И покрај ова, тој не го изгуби својот шарм. Улиците на Картахена ќе ве одведат до куќата во која живееше можеби најпознатиот колумбиски писател, Габриел Гарсија Маркес. Многумина веруваат дека неговиот роман „Љубов во време на колера“ е сместен во град инспириран од Картагена, па веднаш до влезот во куќата има мурал со ликот на писателот и неговиот цитат: „Ниту едно место на светот не е тажно како празен кревет“.rnrnШарен и цветен град во Колумбија кој е создаден за најубавите фотографииrnrnМеѓу најпознатите атракции на градот се колонијалната, разнобојна архитектура, масивната тврдина Сан Фелипе де Барахас, главната порта што води кон градот и спомениците на Индијанецот Каталина и одметнатиот роб Бенкос Биох. Зградите на овој град се совршена позадина за свадбени фотографии, па затоа не е изненадувачки што постои голема лудост за резервации, од цркви до ресторани, или барем хотели за меден месец.rnrnВо потоплите денови се исплати да се оди на плажата Бланка, една од најубавите плажи во Колумбија. Се наоѓа на блискиот остров Бар, до кој се стигнува со брод од пристаништето Картахена. Долга плажа со скоро бел песок и кристално чисто тиркизно море ќе ве натера да одвоите барем еден ден патување за чисто хедонистичко уживање. Ако навистина сакате барем малку прошетка и активен одмор, упатете се на Островите Росарио, кои се еден од 46-те национални паркови на Колумбија.rnrnШарен и цветен град во Колумбија кој е создаден за најубавите фотографииrnrnПред неколку години, недалеку од крајбрежјето на градот, беше пронајден потонат шпански брод кој лежеше на дното на морето дури 300 години. На него е пронајдено злато вредно милиони долари, но наместо да биде причина за радост, брзо започнала кавга меѓу Колумбијците и Американците за тоа на кого му припаѓа златото.rnrnНедалеку од градот има интересна природна атракција: вулкан од кал. Висок е околу 15 метри, а по скалите можете да се искачите до врвот. Покрај прекрасниот поглед, тој обезбедува лековита кал што се користи за нега и релаксација на кожата.rnrnАко се сомневате или стравувате за безбедноста во Колумбија, насмеаните, срдечни и гостопримливи Колумбијци во Картахена ќе ви ја покажат другата страна на земјата: пријатна и шарена, која нема да сакате да ја напуштите.rnrnШарен и цветен град во Колумбија кој е создаден за најубавите фотографии Шарен и цветен град во Колумбија кој е создаден за најубавите фотографии Шарен и цветен град во Колумбија кој е создаден за најубавите фотографииrnrnПрочитајте и за ова шармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајките.

  • Колумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долари

    Колумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долари

    Во главниот град на Колумбија, Богота, дневно се исфрлаат 700 тони пластичен отпад, а само 100 тони од нив се рециклираат. Ова звучи навистина застрашувачки за нашата планета, но благодарение на архитектот Оскар Мендез, овој проблем конечно започнал да се решава на подобар начин. Неговата компанија „Conceptos Plásticos“ се занимава со обработка на пластичен и гумен отпад, претворајќи го во градежен материјал за куќи за сите оние коишто имаат потреба од нов дом.rnrnКолумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долариrnrnОскар и неговите колеги Хенри Кaњон и Изабел Кристина, започнале да се занимаваат со оваа работа со цел да го намалат негативното еколошко влијание на пластиката, преку нејзина реупотреба во градежништвото. Откако ги обединиле силите заедно со Фернандо Јанос, а подоцна и со Хезус Мендес, започнала со работа оваа иновативна компанија и од ден на ден таa станува сè поуспешна.rnrnКомпанијата со својот изум има за цел да реши два проблеми во државата: прво, да се ослободи од планините од пластичен отпад во депониите и второ, да обезбедат решение за домување во градовите ширум Латинска Америка, каде што е огромен порастот на популацијата. Реално, тешко е да се каже кои од овие два проблеми носат полоши последици кон животната средина.rnrnСпоред едно соопштение на непрофитната организација „TECHO“, неверојатни 80% од популацијата во Латинска Америка сега живее во градовите. Од друга страна, според извештај од 2016-та година објавен од швајцарската фондација „Светски економски форум“, во 2014 биле произведени околу 309 милиони тони пластика. Како и да е, ниеден од овие проблеми не е присутен исклучиво само во Колумбија. Како што самиот Оскар вели: „Пластиката е проблем насекаде низ светот, а на луѓето секогаш ќе им биде потребен кров над глава.“rnrnКолумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долариrnrnПа, како во суштина тие го претвораат отпадот во градежен материјал? Најпрвин, тие работат со оние луѓе коишто ќе имаат придобивки за домување. Посетуваат училишта и разни општествени заедници и ги охрабруваат луѓето да колекционираат пластично ѓубре и стари гуми. Собраните продукти потоа темелно се чистат, се растопуваат и се ставаат во калапи, за да се создадат парчиња со дизајн којшто овозможува спојување на гредите, циглите и столбовите како Лего коцки.rnrnУште поинтересен е фактот, дека компанијата им држи и обуки на луѓето во општините самите да ги изградат овие структури, притоа им даваат сопствеништво на нивните домови и стекнуваат нови вештини. Пластичните домови на Оскар, може да се склопат за неверојатно брзо време. Така на пример, куќа од 40 м2, сочинета од две спални соби, бања, дневна соба, трпезарија и кујна, може да ја изградат 4 лица, за само 5 дена. Воедно, трошоците се многу помали во споредба со традиционалното градежништво – куќа со просечна големина како споменатата, кошта неверојатни 280 долари.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=dxclu7Nff4srnrnИсто како и Лего коцките, на ваквите цигли кои влегуваат една во друга, не им е потребно лепило за да бидат конструкциите цврсти и силни, па поради тоа се одлична опција за мобилни засолништа. Доколку се прашувавте, дали пластичниот микс еден ден биолошки ќе се разгради, одговорот е ДА, но дефинитивно не во наредните 100 години и повеќе. Пластичната конструкција е отпорна на пожари и земјотреси и потребно ѝ е минимално одржување.rnrnВо 2016 година, компанијата на Оскар била дел од финалето на „The Venture“, натпревар за иновативни компании коишто прават позитивни промени во светот, којшто се одржува во Њујорк. Од 1 милион долари коишто биле одобрени за финансирање на финалистите, на „Conceptos Plásticos“ ѝ биле дадени 300.000 долари. Оваа победа, била од огромно значење за тимот, бидејќи се докажало дека нивниот проект има неверојатен потенцијал, во којшто тие отсекогаш верувале.rn

    „Нашата надеж е да создадеме движење во коешто ќе бидат инволвирани сè повеќе и повеќе луѓе. Сакаме да создадеме и нови продукти коишто ќе имаат подобра примена од илјадниците тони пластика којашто се фрла во депониите. Наскоро, во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби, па навистина мораме да направиме нешто големо во врска со овој проблем. Ние сакаме да продолжиме да ги мултиплицираме нашите капацитети на производство, за да направиме големо општествено, еколошко и економско влијание, овозможувајќи евтино домување за луѓето во руралните средини. Воедно, нашата мисија е да го автоматизираме процесот на производство и да го прошириме нашиот модел во земјите во Латинска Америка, каде што дефицитарноста од куќи е поголема од 40%, а пластичниот отпад претставува огромен проблем“, објаснува Оскар.

    rnПрочитајте го и овој 21 факт за загадувањето со пластика и 10 нешта што вие можете да ги смените.

  • Погледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на Земјата

    Погледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на Земјата

    Кога фотографот Чарли Кордеро прв пат слушнал за Санта Круз Дел Ислоте, мал густо населен остров во Колумбија, бил вчудовиден. Отсекогаш го фасцинирале луѓе кои успеваат да преживеат во тешки околности, а овој остров веднаш се истакнал.rnrnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnНа островот има ограничен пристап до вода, храна и струја, но овде сепак живеат 46 семејства во 97 куќи, на површина од 10.033 метри квадратни.rnrnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на Земјатаrn

    „Сè што знаевме за ова место е дека е далечен и малку познат остров кој жителите не сакаат да го напуштат. Голем број луѓе живеат на толку мал простор. Веднаш знаев дека е место кое заслужува да биде познато.“

    rnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnНеговите први фотографии од овој проект биле објавени минатиот август во New York Times и ги прикажуваат збиените живеалишта на жителите.rnrnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на Земјатаrn

    „Пред 150 години, овој остров бил мал и ненаселен со помалку од хектар земја кој пловел сред Карипското Море. Рибарите од Картагена и Толу го користеле местото за одмор и заштита од бури.“

    rnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnОстровот е лоциран на место со многу корали, па станал атрактивен за луѓето кои почнале овде да градат домови. Семејствата граделе куќи една до друга како што се венчавале и имале деца.rnrnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnПрвите жители собирале материјали за изградба од земјата и морето.rn

    „Школки, кокоси, дрва, песок, па дури и ѓубре биле користени за изградбата.“

    rnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Иновативни шишиња Кока-кола направени од мраз

    Иновативни шишиња Кока-кола направени од мраз

    Уште едно изненадување на Кока-кола за оваа летна сезона. Овој пат компанијата лансираше еко-пријателски шишиња направени од мраз. Обвиткани се со стандардната етикета чија цел е да ги заштити вашите раце, но и шишето од нечистотија и пребрзо топење.(1) Иновативни шишиња Кока-кола направени од мразОвие освежувачки шишиња од мраз се дизајнирани од страна на „Ogilvy & Mather“, а промовирани се на плажа во Картагена, Колумбија. Позитивна страна на овој Кока-кола производ е и тоа што нема потреба од негово рециклирање. 😉(2) Иновативни шишиња Кока-кола направени од мраз(3) Иновативни шишиња Кока-кола направени од мраз (4) Иновативни шишиња Кока-кола направени од мраз (5) Иновативни шишиња Кока-кола направени од мраз (6) Иновативни шишиња Кока-кола направени од мраз (7) Иновативни шишиња Кока-кола направени од мразrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кристална река која се прелева во пет бои

    Кристална река која се прелева во пет бои

    Caño Cristales (Кристалната река) е Колумбиска река, лоцирана на планината Серанија де ла Макарена, во близина на областа Мета. Таа честопати е нарекувана и „Реката со пет бои“, „Течното виножито“, „Реката која дотече од рајот“, па дури и „Најубавата река на светот“, бидејќи алгите кои се наоѓаат на нејзиното дно, создаваат црвена, жолта, зелена, сина и црна боја, кои ѝ даваат еден уникатен и совршен изглед.rnrnКристална река која се прелева во пет боиrnrnПрелевањето на овие пет бои во Кристалната река, се случува само во текот на еден краток период од годината, меѓу дождливата и сувата сезона.rnrnКристална река која се прелева во пет боиrnrnТогаш нивото на водата во реката е нормално, а таквите временски услови им овозможуваат на уникатните видови растенија т.н. Macarenia clavigera кои се распослани на дното на реката, да добијат брилијантна црвена боја.rnrnКристална река која се прелева во пет боиrnrnОвие алги, во комбинација со жолто-зелениот песок и сината вода, создаваат стотици нијанси на бои, поради кои реката изгледа како едно волшебно чудо на природата.rnrnКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиrnrnЗначи, ова се случува само во текот на кусиот период помеѓу двете климатски сезони кои ги има во Колумбија. За време на дождливата сезона, водата во реката се движи со голема брзина, затемнувајќи го дното и оневозможувајќи му на Сонцето да продре до растението Macarenia clavigera, кое му е потребно за да ја промени својата боја во црвена. Во текот на сувата сезона, пак. нема доволно вода во реката, за да го поддржи растот на природното богатство на дното.rnrnКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиrnrnСепак, во текот на тие неколку недели во септември и ноември, реката се претвора во вистинско ликвидно виножито.rnrnКристална река која се прелева во пет боиrnrnПрекрасната малечка река во Колумбија, не надминува повеќе од 100 км во должина и 20 м во широчина.rnrnКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиrnrnОва место изобилува со богата флора и фауна, која туристите имаат прилика да ја разгледаат и притоа да останат вчудовидени. Во овој Колумбиски национален парк, има неверојатни 420 видови птици, 43 видови влекачи, 10 видови водоземци и 8 видови примати.rnrnКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиrnrnОва место беше затворено за туристи неколку години, поради герилските активности кои се случуваа во регионот, како и поради грижите за евентуалните последици од метежот предизвикан од неконтролираната посета на туристите.rnrnКристална река која се прелева во пет боиrnrnНационалниот парк беше повторно отворен во 2009 година.rnrnКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиrnrnCaño Cristales е лоцирана во зафрлено, изолирано место, до кое е тешко изводливо да се пристигне преку патот. Авантуристичките туристи сега можат да стигнат со авион во градот Ла Макарена, кој се наоѓа во близина. Оттаму има краток пат до националниот парк Серанија де ла Макарена, каде што се наоѓа Кристалната река.rnrnКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиrnrnГолем број колумбиски туристички агенции организираат патување до Ла Макарена, кое вклучува обиколка на туристите околу реката со водич, пеш или јавајќи на коњ (или магаре). На посетителите не им е дозволено да преспијат, ниту да готват во овој национален парк.rnrnКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиrnrnРеката Cano Cristales, за која се вели дека е најубавата на светот, е дефинитивно мелем за човечкото око. Таа многу се разликува од секоја друга река во светот, што доволно е само еднаш да ја посетите за да ви остави силен впечаток кој вечно ќе го чувствувате во вашата душа. На ова спектакуларно уметничко дело на природата, особен „шмек“ му даваат и карпите по кои течат прекрасните водопади.rnrnКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиrnrnКристалната река, која претставува едно биолошко наследство за мештаните во Ла Макарена, привлекува огромен број туристи од целата Земја.rnrnКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.