КАФЕ ПАУЗА

Tag: киднапирање

  • Викенд книга: „Алекс“ – Пјер Леметр

    Викенд книга: „Алекс“ – Пјер Леметр

    Киднапираната жртва преминува во брутален убиец па повторно преминува во жртва? Звучи како трилер кој ќе го прочитате во еден здив.

    rnrn

    Наша оценка: 8

    rnrn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnrnVikend-kniga-Aleks-Pjer-Lemetr-www.kafepauza.mkrnrnСветот е нефер место за жените. И кога почнувам рецензија со ваква реченица можам однапред да предвидам намалена читаност за онолку колку што изнесува процентот на машки читатели, но овој пат ќе ризикувам, затоа што вреди. Плус, реченицата е точна сама по себе. Но како е поврзана со „Алекс“? Кога имаш дома цела една полица исполнета со трилери во кои главната хероина е напатена жена (киднапирана, малтретирана, силувана, тепана) која и покрај бруталностите успева да се издигне, а писателот ви нуди завршеток кој можеби е утешителен до некој степен, не можете да не се запрашате дали всушност книгите кои би требало да ја величат силата на една жена не се всушност уште еден начин на стереотипизирање? Дилемата ме оттргна од овој жанр некое време, затоа што, не – не сакам уште една книга за неправдите кон жената и како жената мора да најде начин да се справи со тоа, доволно го има сето ова во реалноста.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnЕ сега, со оглед на тоа што „Алекс“ започнува со киднапирање на една триесетгодишна жена која потоа е брутално измачувана и заробена во кафез неколку метри над земја, може да се каже дека го прекршив погоре напишаното, но со добра причина. Алекс не е обична девојка. Ветување кое ме држеше до крај, додека се трудев да ги сварам сите ужасни сцени и да се надевам дека ова не е само уште една садо-мазо книга каде што жртвата на крај ќе биде оплакувана а потоа заборавена. И ветувањето беше исполнето, затоа што Алекс навистина не е обична девојка, иако со сè што се случува во светот не можам да тврдам дека е редок случај, за жал.rnrnДодека детективот Камиљ и неговите партнери се трудат да дознаат која е девојката која што била киднапирана на сред улица, насилно претепана и пикната во бело комбе додека за целиот настан има само еден несигурен сведок и ниту еден друг доказ, Алекс преживува вистински кошмар. Сцените на нејзиното измачување се како дел од тешко сварлив хорор, но уште пострашен е фактот дека одговорот на прашањето „Зошто јас?“ е веројатно најужасниот што може да биде… „Затоа што сакам да гледам како умираш, ороспијо.“ Без дополнителни објаснувања.rnrnДодека читателот се приврзува со Алекс и се надева дека детективите конечно ќе најдат некаков доказ кој ќе им помогне да откријат каде се наоѓа пред да биде предоцна, Пјер Леметр го вади неговиот најголем адут. Алекс не е невина девојка. Леметр итро си игра со чувствата на читателот кон неговата главна „хероина“ и токму потребата да дефинирате дали ја сакате или мразите, или нешто помеѓу, ќе ве натера да ги вртите страниците до крај. Детективите сега не се во потрага на само киднапирана жена туку се чини дека истата таа жена е опасен убиец кој ги претепува своите жртви и ги полева со сулфурна киселина. Можете да го замислите нивниот ужас кога конечно го откриваат местото каде што е киднапирана, но наоѓаат празен кафез. Жртвите на киднапираната „жртва“ се навидум неповрзани меѓусебно, случајно избрани несреќници чиј живот завршил на трагичен начин. Девојката мора да е луда, си мислите, сè додека не ја откриете линијата која ги поврзува сите ликови во една ужасна приказна.rnrnГолем број критичари се осврнуваат на овој пресврт кога дискутираат за трилерот кој е добитник на престижната награда Dagger за интернационален трилер, во моментот во кој многумина очекуваат да заврши приказната, тој ја започнува најголемата бркотница. И тогаш сфаќате дека нема да ја оставите книгата до самиот крај.rnrnКнигата е навистина брутална, но најголемите страдања се резервирани за самиот крај, кога следува објаснувањето за нејзините постапки и мотивите зад бруталните убиства. И тогаш ќе сфатите зошто ја започнав рецензијата така како што ја започнав. До некој степен, Леметр ме изневери затоа што колку и да е различна неговата книга повторно се вклопува во оној стереотипен жанр. Очигледно е талентиран за пишување трилери, за задржување на вниманието на читателот и дефинитивно ми се допаѓа неговиот стил, но како и останатите потфрла пред позицијата на жената во ова заканувачко општество.rnrnИ покрај приказната и мотивите зад убиствата кои ги расветлува на крај, сите ќе се согласат дека жената, нежна, ранлива и незаштитена е повторно искористена овој пат како совршен лик за еден добро структуриран трилер. Леметр само не почестува со чувството на одмазда, кое откако ќе земеме сè предвид, брзо исчезнува.rnrnЗошто вреди да се прочита? Затоа што е феноменален трилер со совршени пресврти и е идеален за сите оние кои обожаваат книги кои брзо се читаат и се интересни до крај. Дополнително, приказната ќе ве следи долго време откако ќе ја свртите и последната страница и веројатно ќе ви ја разгори желбата за правда. А уште поважно, некои ликови во книгата си го добиваат токму она што си го заслужиле, што е сепак многу повеќе од она што можеме да го очекуваме во реалноста.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 12 октомври 2014.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Ви недостига ли малку адреналин во вашето здодевно секојдневие? Доколку џебот ви е длабок и сакате да ја уништите монотонијата, имате ексклузивна можност да ѝ платите на француската компанија „Ultime Realite“ да ве киднапира, чисто онака за разонода. Кој го гледал филмот „The Game” (1997) со Мајкл Даглас, веднаш ќе се сети за што станува збор.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrn30-годишниот Жорж Зиксус од Франција ја основаше оваа компанија уште пред 3 години, која зa 1.300 американски долари нуди основен пакет: сосема неочекувано ве киднапираат непознати луѓе, ве сместуваат во багажник, а потоа неколку часа ве држат на непозната локација.rnrnОние со подлабок џеб, кои сакаат да се почувствуваат како во вистински крими- филм од Холивуд, можат да си нарачаат и поекстремно искуство, кое предвидува подолго сценарио со пострашно искуство, вклучуваjќи бркотници со хеликоптери и бродови.rnrnКлиентите можат сами да си одберат сценарио, а при нарачката потпишуваат договор дека киднапирањето може да се случи кога било. „Киднаперите“ ќе ве следат неколку дена и кога најмалку ќе претпоставувате, во погоден момент за нив, ќе ве начекаат на улица или на друго место и ќе ве киднапираат.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrnНа сајтот на компанијата пишува: „Ќе поминете низ вистинска сензација од насилство, терор и страв, кои се јавуваат во реалното киднапирање. Тоа е психолошки шок кој нема лесно да го заборавите.“rnrnИскуството го споредуваат со некои други екстремни спортови како што се скокање со банџи и слободно паѓање од авион со падобран.rn
    rn

    Никој во текот на киднапирањето не е повреден, бидејќи тоа не е дел од планот. Ние заеднички размислуваме за физичките и психолошките ограничувања. Она што јас го нудам е тотално контролирано искуство, кое овозможува да ја проширите вашата лична визија. Сѐ е возможно. Јас го идентификувам она што мојот клиент го сака и потоа се трудам истото да го претворам во акција. Се разбира, доколку клиентот во одреден момент почувствува дека ги надминал границите на неговата издржливост, може да ја прекине играта, служејќи се со претходно договорената лозинка. Може да се каже дека целта на оваа компанија е да се допре до најголемиот страв на клиентот, она што се прикрадува од крајот од неговиот ум, она за коешто никогаш не се осудил да зборува гласно.“ – вели Рожер

    rnКомпанијата нуди и други специфични услуги како што се: да бидете преводници во потера по бегалец, да бидете следени од ловци на награди, да присуствувате на сопствениот погреб, да поминете една ноќ во мртовечница или да си го испробате талентот за некои „сиви“ бизниси, како на пример шверц на дрога.rnrnОваа компанија нуди пакет од искуства, кои звучат освежувачки. Нешто што секојдневните луѓе можеби нема никогаш да го искусат. Но, нивната работа не е толку воодушевувачка за сведоците или луѓето кои поминуваат во близина во текот на „киднапирањето“ и немаат поим дека станува збор за лажен настан. Сервисот не е стриктно илегален, но портпарол од француската полиција изјавил дека компанијата ќе мора да ги предупредува локалните надлежни органи, за да нема вознемирувачки повици од сведоците.rn
    rn

    Според француската полиција и кривичниот закон, не постои причина да го забраниме сервисот, бидејќи жртвата го одобрува настанот, што значи дека не се случува криминал. Но да, работите можат да се искомплицираат доколку некој пријави киднапирање и полицијата се вмеша.“ – објаснува портпаролот

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најпознати пирати во историјата

    10-те најпознати пирати во историјата

    Знаете ли како најозлогласените пирати во историјата, се впуштиле во разбојништво по морињата и океаните? Дел од нив, биле од богати и угледни семејства…10-те најпознати пирати во историјата1. Ен Бони е меѓу најпознатите жени-пирати. Родена е во ирската провинција Корк и е вонбрачно дете на адвокат и слугинка. Ен уште како малечка се разликувала од другите деца, нејзиниот живот бил необичен и турбулентен. Во еден момент, татко ù одлучил да ја напуштат Ирска и да се преселат во Северна Америка, каде Ен се запознала со нејзиниот иден сопруг, сиромашниот морнар и пират, Џејмс Бони. Ен го напушта богатиот живот, се мажи за Џејмс и заедно заминуваат на Бахамите. Но, нивниот брак завршува, кога опасната и убава Ен го сретнува познатиот пират, Калико Џек и одлучува да избега со него…rnrnПознато е дека се борела облечена како машко и одлично управувала со пиштол. Во една од борбите, сите пирати на бродот на Калико биле фатени и осудени на смрт. Смртната казна на Ен била неколку пати одложувана, заради нејзината бременост. Се претпоставува дека таа воопшто и не била спроведена, дека нејзиниот моќен татко излобирал да ја ослободат и да ù креираат нов идентитет.10-те најпознати пирати во историјата2. Црната брада е најголемата пиратска легенда во историјата, иако неговите подвизи се едни од најкратките и траеле околу 15 месеци. Не се знае ништо за неговото потекло, се претпоставува само дека е од Бристол. Бил гусар во британска служба за време на војната за шпанското кралство. Кога таа завршила, тој останал без работа, и како и многу други во тоа време, преминал во пиратството.rnrnСе приклучил на екипажот на не толку познатиот Бенџамин Хорниголд. Многу брзо се стекнал со пиратско искуство и кон крајот на 1717 година, тој веќе имал сопствен брод, кој се викал „Одмаздата на кралицата Ана“. Бродот бил вооружен со 40 топови и не можела да го победи ниту една воена флота. Со многубројните разбојништва, Црната брада за помалку од една година станал легенда.rnrnТој е симбол за крвожедно чудовиште, кое ги тероризира морињата, сее смрт и има безброј ограбени бродови. Црната брада никогаш не бил фатен и осуден.10-те најпознати пирати во историјата3. Стид Бонет е познат како пират-џентлмен. Откако се распаднал неговиот брак, Бонет одлучил да го напушти удобниот живот на Барбадос и да започне со пиратството. И покрај тоа што немал никакво искуство како морнар, тој купил брод, го нарекол „Одмазда“ и тргнал во поход.rnrnНа пат до Хондурас, на отворено море се сретнал со Црната брада. Со оглед на неколку пати поголемиот екипаж кој го поседувал Црната брада, на Бонет не му преостанало ништо друго, освен да се предаде. По извесно време моќниот пират решил да го ослободи и да му го врати бродот. Но, неговите луѓе го прогласиле за неспособен капетан, го напуштиле и останале со Црната брада.rnrnПодоцна Бонет бил фатен и осуден на смртна казна, но властите одлучиле да го помилуваат. Ова за Бонет не било доволно да се откаже од пиратството, го сменил идентитетот, го преименувал бродот и продолжил со ваквиот начин на живот. И по вторпат бил фатен и заедно со 30-члениот екипаж осуден на бесилка. Овој пат, немало кој да го помилува.10-те најпознати пирати во историјата4. Чанг По Цај бил син на рибар од Хонг Конг. Тој на 15-годишна возраст бил киднапиран од пирати и посвоен од киднаперите, кои подоцна и ги наследил. Тој живеел како пират за време на династијата Чинг. Се претпоставува дека поседувал 600 бродови и имал преку 50.000 следбеници. Во 1810 година, Чанг По го напуштил овој живот и ù се приклучил на императорската флота Чинг, каде како капетан го поминал остатокот од својот живот. За него се шпекулира дека има големо скриено богатство, кое се наоѓа во пештерата именувана по него, лоцирана на островот Cheung Chau.10-те најпознати пирати во историјата5. Едвард Ингланд – Неговото вистинско име е Едвард Сигар. Тој бил пират од 1717 до 1720 година. Ограбувал бродови во Индискиот океан, во близина на африканскиот брег. Да живее како пират бил принуден од страна на капетанот Кристофер Винтер, кој го киднапирал и го направил дел од својот екипаж. Едвард подоцна ја презел командата врз украдениот брод „Ројал Џејмс“, кој го преименувал во „Бисер“. Но, неговиот четврт господар го исфрлил од бродот, заедно со уште двајца членови на екипажот. Умрел молејќи за храна, кон крајот на 1720 година.10-те најпознати пирати во историјата6. Вилијам Кид се претпоставува дека е роден во Шкотска, во 1645 година. Најпрво започнал како ловец на пирати. Му било предложено да стане легален гусар, кој ќе работи во име на државата. Но, Кид тоа го злоупотребил, почнал да напаѓа буквално сè, без да ги почитува правилата.rnrnНа бродот се подготвувал бунт против неговото насилно однесување, но Кид дознал за ваквите намери на екипажот и го убил предводникот на бунтот, Вилијам Мур. Со тоа ги исплашил останатите на бродот и ги спречил да му се спротивстават.rnrnИако, законите во 17 век, им давале голема слобода на морнарските капетани да употребуваат насилство врз екипажот, со цел тој да биде послушен, сепак, не дозволувале убиство. Кид тоа добро го знаел, но намерно го кршел законот. Напаѓал и бродови на моќна трговска организација, која подоцна, од англискиот парламент побарала Кид да биде прогласен за пират. Властите не можеле да ù се спротивстават на компанијата и го реализирале нејзиното барање.10-те најпознати пирати во историјата7. Томас Тју e познат како пиратот од Роуд Ајленд. Најверојатно е роден во Англија, а подоцна заедно со неговите родители, емигрирал во колониите во Роуд Ајленд. Во 1692 година, Тју се преселува на Бермудите. На крај завршува на островот Мадагаскар, во Индискиот Океан, односно на популарното седиште на пиратите во тоа време.rnrnИ тој бил англиски гусар, кој подоцна станал пират. Имал само две пиратски патувања. На првото, заробил брод во Црвеното Море, на патот од Индија кон Отоманската империја. Бродот носел злато и сребро во вредност од 100.000 фунти. Тју починал на второто патување, во битка во која се обидел да го преземе бродот „Могул“ на султанот Фатех Мухамед.10-те најпознати пирати во историјата8. Ховел Дејвис бил капетан на четирите брода, „Кадоган“, „Бук“, „Св. Џејмс“ и „Ровер“. Тој е добро познат во историјата, иако неговата пиратска кариера траела само 11 месеци. Велшкиот капетан, меѓу другото, останал запаметен и по земањето на популарниот пират Бартоломеј Робертс, да му служи како навигатор.rnrnДејвис станал пират кога бродот со робови „Кадоган“, во кој бил помошник капетан, бил заробен од страна на познатиот Едвард Ингланд. Одлучил да му се приклучи на Ингланд, кој подоцна му ја предал командата врз „Кадоган“.rnrnЗа разлика од другите пирати, тој не користел сила, туку се служел со измама и трикови. Еден од неговите најголеми подвизи е киднапирањето на командант на кралско-африканска компанија, за кој успеал да земе висок откуп. Го измамил дека е легитимен гусар, го поканил на вечера и го заробил.rnrnДејвис починал на 19 јуни 1719 година. Бил застрелан, кога се обидел да киднапира гувернер на португалски остров.10-те најпознати пирати во историјата9. Бартоломеј РобертсНеговото вистинско им е Џон Робертс и е меѓу најуспешните пирати во златното доба на пиратството. Се проценува дека заробил 470 бродови. Велшкиот пират ги тероризирал морињата меѓу Америка и Западна Африка, од 1719 до 1722 година.rnrnПознато е дека започнал да плови од 13-годишна возраст, а станал пират на околу 40 години. Бил нападнат од страна на двата пиратски брода, „Ројал Ровер“ и „Ројал Џејмс“, предводени од Ховел Дејвис. Тогаш Дејвис ги открил неговите способности како навигатор и го зел во својот екипаж. Подоцна, по смртта на Дејвис, Бартоломеј станал капетан на бродот „Ројал Ровер“. Починал во една од битките, во февруари, 1722 година.10-те најпознати пирати во историјата10. Чарлс Вејн е англиски гусар, кој станал пират во 1716 година. Тој е познат по тоа што запленувал само англиски и француски бродови. Својата база ја поставил на Бахамите.  Покрај со непријателите, Вејн бил суров и со својот екипаж. Ги мамел и им го земал делот од пленот.rnrnВо февруари, 1718 година, бил фатен од страна на Винсент Пирс, командант на „ХМС-Феникс“, но бил помилуван и ослободен, по што повторно му се вратил на пиратството. Успеал да избега од очите на кралската флота, која го надгледувала после помилувањето, но кога се вратил на бродот, екипажот едногласно одлучил тој повеќе да не биде командант.rnrnИ покрај сè, Вејн не се откажал од овој начин на живот, успеал одново да се искачи на врвот на пиратсвото, со напади и преземања на многу големи бродови. После долга и агресивна пиратска кариера, тој бил повторно фатен и егзекутиран во 1721 година, во Јамајка.10-те најпознати пирати во историјата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елитни убијци (Killer Elite)

    Елитни убијци (Killer Elite)

    Лесно е да извршиш убиство, тешко е потоа да живееш со него…rnrnЕлитни убијци (Killer Elite)Режија: Гери МеккендриrnrnУлоги: Џејсон Стејтам, Роберт де Ниро, Клајв Овенrn rnrnВреметраење: 116 минутиrn rnrnЈазик: англискиrn rnrnПремиера: 23 септември 2011 годинаrn rnrnЖанр: акција, трилерrn rnrnНаша оценка: 6/10rn rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————- Овој акционен трилер ќе ве однесе на една двочасовна авантура, која ќе треба да ја следите со внимание. Станува збор за приказна базирана на вистински случувања, опишани во новелата од 1991 година „The Feather Men“ од Сер Ранулф Финес. Имено, она што нè привлече да го гледаме е тимот составен од извонредни глумци, па иако ова е деби на големото платно за режисерот Гери Меккендри, сепак решивме да му дадеме шанса. Извртена приказна во која на моменти негативците стануваат жртви. Одлично адреналинско полнење за овој викенд...rn————————————————————————————————————————————————rn

    rnКратка содржина: Дени (Џејсон Стејтам) е професионален и доста квалификуван убиец, кој решава да стави крај на неговата кариера и да замине во пензија по една мисија во Мексико, каде што убива човек пред очите на неговото синче. Заминува во далечната Австралија и започнува ново поглавје од неговиот живот. Една година подоцна, тој е приморан да се врати на своето минато.Елитни убијци (Killer Elite)Елитни убијци (Killer Elite) Еден шеик од Оман го киднапира неговиот ментор Хантер (Роберт де Ниро), знаејќи дека тоа е единствениот начин да го привлече неговото внимание. Станува збор за мисија вредна 6 милиони долари и ослободување на Хантер, во која Дени мора да го одмазди шеикот за убиствата на неговите три синови. Најтешкиот услов што мора да го исполни е убијците да го признаат делото на камера, а потоа да бидат убиени на начин кој ќе изгледа како несреќа за никој да не се посомнева.Елитни убијци (Killer Elite)Елитни убијци (Killer Elite)Елитни убијци (Killer Elite) Приказната станува комплицирана, бидејќи синовите на шеикот се убиени од страна на британска тајна служба. Од другата страна, Спајк (Клајв Овен) е водач на здружение чија мисија е да ги заштити агентите кои ги имаат извршено тие убиства. Два спротивставени тимови со различна мисија за исти луѓе…Елитни убијци (Killer Elite)Кога и како да го гледате: Станува збор за помашки филм, но тоа не значи дека не треба да го гледаат и девојките. Одлично филмче за гледање со друштво, па доколку не планирате да шетате некаде по студеново време, соберете се и уживајте во една акциона петочна вечер.Елитни убијци (Killer Elite)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Исчезнувањето на Алис Крид (Тhe disappearance of Alice Creed)

    Исчезнувањето на Алис Крид (Тhe disappearance of Alice Creed)

    Приказна за лагата, стравот, борбата и неизвесностаrnrnИсчезнувањето на Алис КридГлавни ликови: Мартин Компстон, Еди Марсан, Гема АртертонrnrnРежисер: Џеј БлејксонrnrnЖанр: криминалистика, трилер, драмаrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 април 2010rnrnМузика: Марк КенхамrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn_________________________________________________________________________________________rnЖивотот е непредвидлив. Додека се надевате дека ќе ви биде среќен и исполнет, може да ви се случат неочекувани ситуации кои ќе ви го променат засекогаш. Тоа ѝ се случува на прекрасната Алис Крид: еден ден ја живее својата младост, а следниот е заробена во 4 ѕида, надевајќи се дека ќе успее да си го спаси својот живот. __________________________________________________________________________________rnrn

    rn

    Приказна: Двајца маскирани мажи грабнуваат една убава девојка од улица. Ја носат во напуштена куќа во која има јака звучна изолација, ја врзуваат за кревет и ѝ ја затнуваат устата. Девојката се вика Алис Крид, ќерка на милионер. Киднаперите имаат смислено прецизен и страшно генијален план, кој веруваат дека ќе им се оствари, но паметната Алис не се предава без борба.rnИсчезнувањето на Алис КридНема да ви откриеме зошто токму Алис е нивната жртва и какви им се индивидуалните намери на киднаперите, бидејќи колку помалку знаете, толку повеќе ќе се возбудувате од изненадувањата кои ги носи секоја наредна сцена. Во вознемирувачкиот хаос од спротивставени интереси, лицемерие, алчност и желба за опстанок, сфаќате дека дури и најдобриот план може  да тргне наопаку, ако погрешите во изборот на вашата жртва.rnИсчезнувањето на Алис Крид Кинематографија: Импресивна е првата сцена од филмот, кога киднаперите ги прават подготовките за грабнувањето на девојката, со обрнување внимание на секој детаљ. Ќе помислите дека уште на самиот почеток можете да го предвидите крајот, но се лажете – овој филм е сé само не предвидлив. „Исчезнувањето на Алис Крид“ е филм полн со многу драматични сплетки и неочекувани ситуации. Светлото и ефектите со камерата пренесуваат чувство на клаустрофобија, мрачност и неспокој.rnИсчезнувањето на Алис КридНа моменти релаксирачка и мелодична, улогата на музиката во филмот е да го интензивира чувството на тензија и страв од неизвесното. Мал недостаток во сценариото е што нема повеќе информации за животот на Алис Крид пред киднапирањето.

    rnКога и како да го гледате: Препорачуваме да го гледате сами навечер, за да можете најубаво да ги почувствувате неизвесноста, стравот и напнатоста. Пожелно е да го гледате со високо-квалитетна слика.rnИсчезнувањето на Алис Крид Слични филмови: „Одземена“ (Taken), „Лавиринт“ (Labyrinth), „Кошмар пред Божиќ“ (Nightmare Before Christmas)