Хотелот Joule во центарот на Далас, во американската држава Тексас стана туристичка атракција меѓу странците, како и локалните жители. Причината се крие во необичната положба на застаклениот базен, кој се наоѓа на 10-ти кат од зградата.rnrn
rnrnТој штрчи приближно 2,5 метри од останатиот дел од зградата и изгледа како да виси над прометна улица. Похрабрите кои ќе допливаат до крајот на базенот, ќе погледнат надолу и се чувствуваат како да лебдат над врелиот асфалт.rnrnСтанува збор за вистинска мала сина оаза во средината на бетонската џунгла во Далас. Затоа, не е изненадувачки што е една од омилените туристички атракции меѓу гостите на хотелот, како и жителите на Далас во текот на летните месеци кои имаат можност да уживаат во базенот по цена од 50 долари.rnrnJoule е луксузен хотел со 161 соба кој го добил името по мерната единица за енергија (џул). Дизајнерот Адам Д. Тихани го декорирал на модерен начин ентериерот на зградата која била изградена околу 1920-та година. Хотелот е полн со интересни уметнички дела, вклучувајќи неколку дела од Енди Ворхол.rnrnПокрај необичниот базен, вниманието на посетителите го привлекува и необичното уметничко дело сместено пред зградата – огромно око, скулптура на Тони Тасет која е висока девет метри.rnrn
rnrnОткако прочитавте за базенот кој „виси“ над улицата, можеби ќе сакате да ги погледнете и овие 10 прекрасни базени кои сигурно ќе сакате да ги имате во вашиот двор.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: хотел
-

Се наоѓа на 10-ти кат: Базен кој „виси“ над улицата
-

Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?
Хотелот W сместен во Вербие (село на Швајцарските Алпи) се смета за најдобар хотел за скијачи не само во национални туку и во светски рамки. Седум пати по ред е прогласен за најдобар ски-хотел во светот од World Ski Awards – глобална иницијатива за доделување признанија во скијачкиот туризам.rnrn
rnrnХотелот се наоѓа во швајцарскиот кантон Вале на надморска височина од 1.531 метри, а има директен пристап до ски-лифтовите кои ви нудат повеќе од 400 километри терен за скијање и планинарење. Кога, пак, снегот ќе го покрие Вербие, можете да скијате директно до хотелот.rnrn
rnrnОткако ќе уживате во снежните падини, опуштете се во една од 123-те соби и апартмани во хотелот, кои се опремени со простран кревет и камин. Секоја соба има големи прозорци со неверојатен поглед кон прекрасните снежни планини.rnrn
rnrnМожете да јадете во бистрото W Kitchen во хотелот и во барот Eat-Hola, и да пиете топол коктел во W Living Room. Хотелот располага и со т.н. алпска оаза од 1.300 квадратни метри која вклучува девет соби со третмани за убавина, два базени и теретана опремена со најсовремена опрема.rnrnОткако прочитавте за најдобриот хотел за скијање во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за скијачкиот центар кој се гради во пустина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Сте слушнале ли за првиот подземен хотел во светот? Погледнете каде се наоѓа.
Денес Кинезите стојат рамо до рамо со светските сили и секојдневно покажуваат извонредни технолошки достигнувања. Еден таков потфат и тоа во областа на туризмот е изградбата на хотелот The intercontinental Shanghai Wonderland, пуштен во употреба во ноември 2018, во Шангај.rnrn
rnrnОна што го привлече вниманието на цел свет во врска со хотелот е неговата локација. Имено, хотелот е изграден во напуштен каменолом. Од 18 ката, дури 16 се наоѓаат во подземје, а два ката се под нивото на водата во вештачкото езеро кое се наоѓа на истата локација. Целиот комплекс наликува на огромен водопад од зеленило и стакло кој се спушта по карпата на каменоломот во бездна длабока речиси стотини метри.rnrn
rnrnСе работи за истите архитекти чии имиња стојат зад најлуксузните хотели во светот, на пример Бурџ Ал Араб во Дубаи. Зеленилото пак, е дел од еколошкиот дизајн. Самиот хотел произведува електрична енергија, сопствено греење и осветлување преку користење геотермална и сончева енергија.rnrn
rnrnХотелот со пет ѕвезди располага со 337 соби и конференциска сала која може да прими околу 1.000 луѓе, како и ресторан и кафуле на врвот. Иако хотелот е сместен среде каменолом, сепак собите имаат балкон и прекрасен поглед кон водопади. За многумина, овој хотел е дестинација сама по себе благодарение на неговиот луксуз и убавина. На крајот на краиштата, би помислиле ли дека некогаш би имале можност за луксузен престој под земја?rnrn
rnrnОткако прочитавте за првиот подземен хотел во светот, ви предлагаме да прочитате и како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Хотел со поглед кон италијанското село Позитано каде што ќе сакате да го пиете првото утринско кафе
Позитано е село кое се наоѓа зад италијанскиот брег Амалфи и е посебно по тоа што се наоѓа на карпа. Неговата импресивна архитектура го прави една од омилените дестинации во светот, но и локација која е апсолутен синоним за еден полуксузен туризам. Во Позитано, гастрономската сцена е исто толку импресивна како и изгледот на самото село, а не недостасуваат ниту продавници на најпознатите дизајнери, барови на плажа и хотели. Едно од овие места е Le Sirenuse – луксузен хотел со поглед кон Позитано, па можеме само да замислиме колку е магично да се пие утринско кафе со таков поглед.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnПогледнете и кои се најубавите градини што можете да ги видите во Европа.
-

Мексикански хотел нуди сместување во буриња со текила
Љубителите на текила не само што ќе го пијат омилениот пијалок од самиот извор, туку и ќе поминуваат време во бурињата. Станува збор за хотелот Хотел де Барикас, што значи „хотел со буриња“. Сместен е во дестилерија која произведува 15 000 литри текила секој ден.rnrn
rnrnУникатниот хотел се наоѓа во околината на градот Текила, од каде потекнува споменатиот пијалок. Хотелот има 30 големи буриња претворени во соби, а има и четири стандардни Silver King соби. Од хотелот велат дека на ова место текилата може да се „дише, вкусува и чувствува“.rnrnИако бурињата не изгледаат посебно однадвор, внатрешноста сепак е луксузна. Секој од нив содржи ТВ и клима уред, плакари, мини бар, па дури и џакузи во една од собите. Цените се движат од 160 евра па нагоре.rnrnВо близина на хотелот има импресивна дестилерија, каде гостите можат да уживаат во дегустација на текила. Исто така постои и подземен ресторан сместен на 4,5 метри под земја и сервира традиционални мексикански јадења со различни коктели со многу текила.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за овој музеј во кој ќе уживаат сите љубители на чоколадо. -

Хотел со 0 ѕвезди во кој собите немаат прозорци, врати и покрив
Хотелот „Нул Стерн“ е дело на уметниците Франк и Патрик Риклин. Нивната главна цел е да ги запознаат луѓето со природните убавини на швајцарските Алпи, но на еден сосема поинаков начин. Во директен превод, „Нул Стерн“ значи хотел со 0 ѕвезди каде собите немаат прозорци, врати и покрив.rnrnОвој хотел бил отворен во 2016 година имал неколку соби како што се апартманите „Швенди“, „Тркал“ и „Бурст“ лоцирани на околу 1200 метри надморска височина во кантонот Св. Гален. Собите претставувале изградени постаменти со двоен кревет и ноќни шкафчиња сместени во средината на планинската пустина.rnrn
rnrnВо нивна непосредна близина имало колиба со тоале́т за гостите, како и за батлерот кој ги исполнувал барањата на гостите. За оваа авантура гостите плаќале многу, а имало и огромен список на чекање.rnrnМоментално, овој хотел не работи, но за летово се подготвуваат соби без покриви и ѕидови на повеќе локации во Швајцарија.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби ќе ве интересира и кои бесплатни работи можете да ги земете од хотелите во коишто престојувате. -

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во коишто престојувате
Мали шишиња со шампон, крем и сапун – секогаш е убаво да зачувате спомени од интересното патување така што ќе земете неколку корисни работи од хотелот во кој сте престојувале. Има многу интересни и корисни работи што е дозволено да ги земете од хотелската соба, но сепак, не треба да претерувате. Во продолжение ќе откриете што е им е дозволено на гостите да земат од хотелот.rn
1. Сапун, шампон, балсам
rn
rnrnПредмети како мали шишиња шампон, балсам, гел за туширање и сапун се класика, па нема ништо лошо ако ги земете. Нивната големина е совршена за патување и тие може да се носат без никакви ограничувања во вашиот рачен багаж за време на летот. Исто така, дезодорансите може да се додадат во овој комплет и тие може да се земат бесплатно.rn2. Лосиони и кремови
rn
rnrnВо хотелот може да има мали шишиња лосион за тело или крем за раце. Слободно можете да ги земете со вас, да ги чувате во вашата чанта и да ги користите кога кожата ви е сува.rn3. Средство за плакнење на устата, паста и четки за заби
rn
rnrnДури и ако носите свои производи за орална хигиена, можете да ги земете и тие што се во хотелската соба. Четкичките за заби што ги даваат обично имаат големина соодветна за патувања, така што е убаво да ги имате кога патувате. Можеби ќе ги искористите на следното патување или ќе ги чувате во вашата чанта и ќе ги искористите во некоја ситуација кога ќе треба да го освежите здивот.rn4. Бричеви и кремови за бричење
rn
rnrnДури и ако поседувате електричен брич, тоа не значи дека не можете да го искористите сетот за еднократна употреба што персоналот на хотелот го оставил за вас. Ако заборавите да го наполните вашиот електричен брич, тогаш сетот од хотелот ќе ви биде од помош.rn5. Комплет за шиење
rn
rnrnКомплетите за шиење што ги има во хотелите може да ве спасат во многу ситуации. Комплетите обично се во големина совршена за носење во вашиот багаж. Ако не сте сигурни, секогаш можете да го прашате персоналот на хотелот дали ви е дозволено да го земете, а најчесто ним не им пречи тоа.rn6. Комплет за чистење чевли
rn
rnrnОва е уште еден многу корисен сет за повеќето патници. Ако немате ваков сет, можете да побарате на рецепцијата. Повеќето хотели на своите гости им даваат сунѓер за чевли, марамче, па дури и цел комплет што може да го задржат.rn7. Лажица за чевли
rn
rnrnВо некои хотели, дури и лажицата за чевли е вклучена во сметката. Преносливата евтина лажица за чевли можете слободно да ја земете од хотелот. Исто така, во некои хотели може да се замени бесплатно, во случај да ја скршите претходната. Ако нема лажица за чевли во вашата соба, секогаш можете да го прашате рецепционерот дали може да ви даде една.rn8. Чешли и четки за коса
rn
rnrnВо некои хотели оставаат четки и чешли за коса за еднократна употреба во секоја соба. Откако ќе заминете, ако се користени, персоналот ги фрла. Па, можете да да ги чувате овие бесплатни предмети што ќе ви се најдат за идните патувања.rn9. Пенкала, моливи и папки
rn
rnrnНа сопствениците на хотелите нема да им пречи ако го земете канцеларискиот материјал и папките што се во собата затоа што на нив го има лого на хотелот и тие може да послужат како добра реклама. За вас, овие производи се бесплатни и практични што значи дека сите ќе бидат среќни на крајот.rn10. Кафе, чај и шеќер
rn
rnrnРечиси во секоја хотелска соба има ќесички чај и кафе што можете да ги земете бесплатно, а подоцна можете да уживате во нив дома, сеќавајќи се на вашата убава хотелска услуга.rn11. Шолји
rn
rnrnПриборот за јадење што е во хотелската соба не можете да го земете со вас. Но, ако навистина сакате, можете да прашате на рецепција дали можете да ја задржите шолјата. Најчесто тоа не им пречи, а откако ќе ви биде одобрено од персоналот, ќе знаете дека не сте украле ништо.rn12. Флаширана вода
rn
rnrnТреба да бидете сигурни дека флашираната вода не е дел од минибарот. Прво прашајте го персоналот на хотелот за тоа, па ако не е, тоа значи дека можете да ја земете бесплатно.rn13. Бањарки
rn
rnrnВо поевтините хотели, бањарките не смеат да се земат за дома. Ако се обидете да ги земете, тоа ќе ви биде наплатено. Но, во некои поскапи хотели, бањарките се вклучени во цената на вашата соба. Некои од хотелите може да ги вметнат вашите иницијали или логото на хотелот на нив. Тоа значи дека тие се ваши и можете слободно да ги земете со себе.rn14. Влечки
rn
rnrnВлечките што се наоѓаат во хотелската соба обично се за еднократна употреба. Ако ги оставите користените влечки во вашата соба, персоналот ќе ги фрли откако ќе си заминете. Значи, нема никаква штета ако ги земете со себе. Сепак, ова се однесува само на поевтините влечки за еднократна употреба. Во поскапите хотели, понекогаш користат скапи влечки што ги чистат и ги дезинфицираат откако ќе заминат гостите и нив не смеете да ги земете.rn15. Чадори
rn
rnrnВо некои хотели, можете да добиете чадор на рецепција. Сепак, тоа не значи дека е бесплатен и дека можете да го земете за дома, но можете да разговарате со рецепционерот и да ги прашате дали можете да го земете чадорот. Понекогаш тоа не им пречи затоа што чадорите го имаат логото на хотелот на нив и може да послужат како добра реклама.rnrnПрочитајте кои 7 правила треба да ги следите кога ја напуштате хотелската соба. -

Сон под море: Погледнете го овој луксузен подводен хотел на Малдивите
Малдивите сами по себе се дестинација од соништата. На островот каде што трае вечно лето, со прекрасни плажи и тиркизно море, никој не останува рамнодушен. Тука се наоѓа и првиот подводен хотел во светот кој неодамна се отвори на островот Рангали. Наречен Мурака, што во превод значи корал, овој хотел има два ката од кој долниот е сместен на 50 метри под површината на Индискиот Океан. Тука се наоѓа тоалетот и спалната соба, а со оглед на тоа дека сè е стаклено, вие ќе заспиете опкружени со риби и други морски животни, под брановите.rnrn
rnrnГорниот кат се наоѓа над морето и со долниот кат е поврзан преку лифт. Тука можат да се најдат уште две спални соби, кујна и тоалет, а со оглед на тоа дека и тука сè е стаклено, вие можете да уживате во неверојатниот поглед кон океанот од секоја страна. Напред има и палуба со базен и простор за сончање, а на располагање има и приватна теретана, готвач и батлер.rnrn
rnrnВредноста на ова архитектонско чудо е 15 милиони долари, а за едно ноќевање морате да издвоите 50 илјади долари. Меѓутоа хотелот нуди многу повеќе од преспивање. Гостите, покрај тоа што се сместени во голем стаклен аквариум, имаат и целосна приватност. Имено на островот има и приватен хидроавион, како и редовна линија глисери.rnrn

-

Како ќе изгледа најсеверниот хотел во светот?
Во април ќе биде отворен хотел на најсеверната точка на светот. За да престојувате во него треба да издвоите барем 100.000 евра.rnrn
rnrnДоколку сакате да го гледате природниот феномен аурора бореалис додека лежите на кревет во хотелска соба, вашата желба наскоро може да биде исполнета. Такво доживување ќе нуди еден привремен хотел кој ќе биде сместен на Северниот пол. Единствениот услов е да имате барем 100.000 евра на вашата сметка.rnrn
rnrnПривремениот хотел „North Pole Igloos“ ќе биде отворен на најсеверната точка на светот во април, 2020 година. Хотелот ќе нуди 10 стаклени „соби“ од кои гостите ќе имаат поглед на ѕвездите и на поларната светлина која може да се види во овој дел од светот.rnrnПонудата од 100.000 евра вклучува две ноќевања на островот Свалбард, летот до и од Северниот пол, како и лет со хеликоптер до хотелот и едно ноќевање на полот.rnrn
rnrnСеверниот пол е недостапен во текот на поголемиот дел од годината, но во април може да се стигне до него со хеликоптер. Во јуни и јули до него се стигнува со брод. Секоја година, околу 1.000 луѓе доаѓаат на Северниот пол.rnrnПривремениот хотел нема да биде фиксен, туку ќе се преместува на најсигурните места соодветно на временските услови. Собите на хотелот ќе бидат достапни за користење во текот на април, додека во останатиот дел од годината ќе бидат преместени на островот Свалбард, кој се наоѓа помеѓу Норвешка и Северниот пол.rnrnСледно, погледнете како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот? -

Како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?
Хотелот „Атлантис“ се наоѓа на вештачкиот архипелаг Палм Џумеира во Дубаи. Откако е отворен во 2008 година, хотелот претставува синоним за луксуз. Но, наскоро ќе биде готов и „Атлантис 2“, кој се очекува да биде многу подобар од оригиналниот.rnrn
rnrn„Атлантис 2“ треба да биде изграден до крајот на 2020 година. Дубаи ќе плати 1,4 милијарди долари за изградба на хотелот, а него го гради групацијата „Керзнер“, која стои и зад првиот „Атлантис“.rnrnКомплексот, кој започнал да се гради во 2014 година, ќе има две кули. Во едната кула ќе биде сместен луксузен хотел, додека во другата ќе има апартмани кои ќе бидат на продажба. Она што е најинтересно во врска со новиот хотел е тоа што тој ќе има „спа-мост“ со базен кој ќе ги спојува двете главни кули на хотелот. Меѓу останатото, гостите ќе уживаат и во приватни базени и за нив ќе готват познати готвачи.rnrnКулата во која ќе биде сместен хотелот ќе има 795 соби и апартмани на 43 ката, како и приватни клубови, ресторани и барови.rnrnВо резиденцијалниот дел ќе има 231 апартмани со две до пет соби. Најниската цена за еден апартман е два милиони долари. Сите резиденции ќе имаат градина со балкон и базен, а станарите ќе имаат и своја приватна плажа.rnrnКако ќе изгледа сето ова? Погледнете во видеото.rnrnhttps://youtu.be/Cap5zmeW7_MrnrnТреба да се почека за да се види овој хотел, но дознајте како да добиете луксузна соба во хотел без доплата?